реки Archives - Република https://republika.mk/tema/reki/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Jan 2024 12:33:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реки Archives - Република https://republika.mk/tema/reki/ 32 32 Се излеаја големите реки во Велика британија, поплавени 1.000 домови https://republika.mk/vesti/svet/se-izleaja-golemite-reki-vo-velika-britanija-poplaveni-1-000-domovi/ Fri, 05 Jan 2024 12:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=730036

Големите реки ширум Британија се излеаја од коритата денеска по обилните дождови, поради што Владата да издаде повеќе од 300 предупредувања за поплави, патничките оператори објавија сериозни нарушувања, а околу 1.000 домови досега се оштетени.

По серијата бури долготрајни врнежи од дожд од вчера паѓаа на заситеното тло и брзо предизвикаа веќе надојдените реки да се излеат од коритата низ Англија и Велс.

Невремето во последните денови предизвика поплави и во други делови на Европа. Реката Трент во централна Англија се излеа од коритата, загрозувајќи го населението. Лондонската противпожарна служба синоќа соопшти дека морала да придружува околу 50 луѓе на безбедно, откако канал се излеа во источниот дел на главниот град.

Во изјава за Би-Би-Си, Керолин Даглас, директор за управување со поплави во Агенцијата за животна средина рече дека досега се поплавени околу 1.000 домови. Во прекин се и дел од железничките линии на југот од земјата. Патиштата беа затворени и во најтешко погодените области.

За денеска се предвидуваат пообилни врнежи од дожд, иако не со ист интензитет како во текот на ноќта, а потоа се очекува и посуво време. рп/

 

The post Се излеаја големите реки во Велика британија, поплавени 1.000 домови appeared first on Република.

]]>

Големите реки ширум Британија се излеаја од коритата денеска по обилните дождови, поради што Владата да издаде повеќе од 300 предупредувања за поплави, патничките оператори објавија сериозни нарушувања, а околу 1.000 домови досега се оштетени. По серијата бури долготрајни врнежи од дожд од вчера паѓаа на заситеното тло и брзо предизвикаа веќе надојдените реки да се излеат од коритата низ Англија и Велс. Невремето во последните денови предизвика поплави и во други делови на Европа. Реката Трент во централна Англија се излеа од коритата, загрозувајќи го населението. Лондонската противпожарна служба синоќа соопшти дека морала да придружува околу 50 луѓе на безбедно, откако канал се излеа во источниот дел на главниот град. Во изјава за Би-Би-Си, Керолин Даглас, директор за управување со поплави во Агенцијата за животна средина рече дека досега се поплавени околу 1.000 домови. Во прекин се и дел од железничките линии на југот од земјата. Патиштата беа затворени и во најтешко погодените области. За денеска се предвидуваат пообилни врнежи од дожд, иако не со ист интензитет како во текот на ноќта, а потоа се очекува и посуво време. рп/  

The post Се излеаја големите реки во Велика британија, поплавени 1.000 домови appeared first on Република.

]]>
Големо невреме во Кавадарци, улиците се претворија во реки https://republika.mk/vesti/makedonija/golemo-nevreme-vo-kavadartsi-ulitsite-se-pretvorija-vo-reki/ Sun, 04 Jun 2023 07:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=647555

Вчера попладне во Кавадарци и околината имаше големо време, со пороен дожд и грмежи.

За кусо време, улиците на градот се претворија во поројни реки кои носат камења, дрва и секаков отпад. На повеќе улици и локални патни правци имаше одрони кои го отежнуваа сообраќајот, а општинските служби се ангажирани на чистењето.

На социјалните мрежи се појавија снимки кои ги покажуваат последиците од силното невреме:

The post Големо невреме во Кавадарци, улиците се претворија во реки appeared first on Република.

]]>

Вчера попладне во Кавадарци и околината имаше големо време, со пороен дожд и грмежи. За кусо време, улиците на градот се претворија во поројни реки кои носат камења, дрва и секаков отпад. На повеќе улици и локални патни правци имаше одрони кои го отежнуваа сообраќајот, а општинските служби се ангажирани на чистењето. На социјалните мрежи се појавија снимки кои ги покажуваат последиците од силното невреме:

The post Големо невреме во Кавадарци, улиците се претворија во реки appeared first on Република.

]]>
Зголемени водостоите на реките https://republika.mk/zivot/servisi/zgolemeni-vodostoite-na-rekite/ Mon, 07 Nov 2022 10:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=570844

Водостоите на речиси сите реки во земјава се зголемени во споредба со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Најголемо, седумкратно зголемување на нивото има реката Треска кај Македонски Брод, а речиси двојно е зголемен и водостојот на Вардар на мерните места кај Јегуновце и кај вливот на Лепенец во Скопје. Исто со вчерашното е нивото на Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Струмица кај Сушево. Единствено понизок водостој од вчерашниот е забележан кај реката Брегалница на мерното место кај Штип.

Нивоата, пак, на трите природни езера се исти со вчерашните.

The post Зголемени водостоите на реките appeared first on Република.

]]>

Водостоите на речиси сите реки во земјава се зголемени во споредба со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најголемо, седумкратно зголемување на нивото има реката Треска кај Македонски Брод, а речиси двојно е зголемен и водостојот на Вардар на мерните места кај Јегуновце и кај вливот на Лепенец во Скопје. Исто со вчерашното е нивото на Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Струмица кај Сушево. Единствено понизок водостој од вчерашниот е забележан кај реката Брегалница на мерното место кај Штип. Нивоата, пак, на трите природни езера се исти со вчерашните.

The post Зголемени водостоите на реките appeared first on Република.

]]>
УХМР предупредува на излевања на помалите реки https://republika.mk/zivot/servisi/uhmr-predupreduva-na-izlevanja-na-pomalite-reki/ Fri, 08 Jul 2022 12:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=525941

Поради очекуваната можност на повеќе места да има краткотрајни и интензивни врнежи од дожд, можни се појави на локални излевања на помалите реки и суводолици. Исто така, доколку интензивните врнежи бидат во градските урбани срредини, можна е појава на течење и акумулирање на вода низ градските улици поради неможност за одведување на водата преку атмосферската канализација во толку краток временски интервал. Големите реки засега се безбедни во поглед на нивно излевање, иако е можно зголемување на нивниот водостој. Предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолици во текот на денешниот ден.

Денес попладне под влијание на влажен бран, почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд проследени со грмежи кои ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). И во текот на ноќта како и во текот на утрешниот ден на места врнежите ќе бидат пообилни (10 до 20 л/м2), локално проследени со грмежи и со услови за појава на град.

Во Скопје од попладневните часови, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме.

 

The post УХМР предупредува на излевања на помалите реки appeared first on Република.

]]>

Поради очекуваната можност на повеќе места да има краткотрајни и интензивни врнежи од дожд, можни се појави на локални излевања на помалите реки и суводолици. Исто така, доколку интензивните врнежи бидат во градските урбани срредини, можна е појава на течење и акумулирање на вода низ градските улици поради неможност за одведување на водата преку атмосферската канализација во толку краток временски интервал. Големите реки засега се безбедни во поглед на нивно излевање, иако е можно зголемување на нивниот водостој. Предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолици во текот на денешниот ден. Денес попладне под влијание на влажен бран, почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд проследени со грмежи кои ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). И во текот на ноќта како и во текот на утрешниот ден на места врнежите ќе бидат пообилни (10 до 20 л/м2), локално проследени со грмежи и со услови за појава на град. Во Скопје од попладневните часови, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме.  

The post УХМР предупредува на излевања на помалите реки appeared first on Република.

]]>