регрутирање Archives - Република https://republika.mk/tema/regrutiranje/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Mar 2024 21:47:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png регрутирање Archives - Република https://republika.mk/tema/regrutiranje/ 32 32 Данска ќе регрутира жени во армијата за да ги надополни вооружените сили https://republika.mk/vesti/svet/danska-ke-regrutira-zheni-vo-armijata-za-da-gi-nadopolni-vooruzhenite-sili/ Tue, 19 Mar 2024 15:48:25 +0000 https://republika.mk/?p=755276

Данска објави дека се прават планови за првпат да спроведува систематско регрутирање на жени во армијата и да го зголеми стандардниот воен стаж, објави „Би-Би-Си“.

Со одлуката се предвидуваат и планови да се зголеми буџетот за одбрана за речиси 6 милијарди долари во следните пет години, со цел земјата да ги исполни целите на НАТО.

Не се вооружуваме затоа што сакаме војна. Се вооружуваме затоа што сакаме да го избегнеме тоа“, вели премиерот, Метер Фредериксен.

Најавувајќи ги планираните реформи, Фредериксен порача дека владата се стреми да постигне „целосна родова еднаквост“.

Во меѓувреме, министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен изјави дека „зголеменото регрутирање, вклучително и целосна родова еднаквост, мора да придонесе за решавање на одбранбените предизвици, националната мобилизација и надополнување на вооружените сили“.

Жените во оваа скандинавска земја веќе можат доброволно да се пријават за воена служба.

The post Данска ќе регрутира жени во армијата за да ги надополни вооружените сили appeared first on Република.

]]>

Данска објави дека се прават планови за првпат да спроведува систематско регрутирање на жени во армијата и да го зголеми стандардниот воен стаж, објави „Би-Би-Си“. Со одлуката се предвидуваат и планови да се зголеми буџетот за одбрана за речиси 6 милијарди долари во следните пет години, со цел земјата да ги исполни целите на НАТО.
Не се вооружуваме затоа што сакаме војна. Се вооружуваме затоа што сакаме да го избегнеме тоа“, вели премиерот, Метер Фредериксен.
Најавувајќи ги планираните реформи, Фредериксен порача дека владата се стреми да постигне „целосна родова еднаквост“. Во меѓувреме, министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен изјави дека „зголеменото регрутирање, вклучително и целосна родова еднаквост, мора да придонесе за решавање на одбранбените предизвици, националната мобилизација и надополнување на вооружените сили“. Жените во оваа скандинавска земја веќе можат доброволно да се пријават за воена служба.

The post Данска ќе регрутира жени во армијата за да ги надополни вооружените сили appeared first on Република.

]]>
Пригожин: „Вагнер“ засега не регрутира нови борци, но веројатно ќе го стори тоа во иднина https://republika.mk/vesti/svet/prigozhin-vagner-zasega-ne-regrutira-novi-bortsi-no-verojatno-ke-go-stori-toa-vo-idnina/ Mon, 31 Jul 2023 08:06:43 +0000 https://republika.mk/?p=667147

Евгениј Пригожин, шефот на руската платеничка група „Вагнер“, во најновата гласовна порака објавена денеска наведува дека неговата воена организација во моментов не регрутира нови борци, но веројатно тоа ќе го направи во иднина.

Иднината на „Вагнер“ и Пригожин е нејасна откако на крајот на јуни се случи краткотрајниот бунт против рускиот воен естаблишмент, а официјален Кремљ подоцна прифати тој и некои од неговите борци, кои учествуваа во некои од најжестоките битки во Украина, да се префрлат во Белорусија, наведуваат британските медиуми.

И покрај бунтот, по само пет дена Пригожин беше поканет на средба со Владимир Путин, а минатата недела беше фотографиран во Санкт Петербург, каде што рускиот претседател беше домаќин на африканските лидери за време на Самитот Русија-Африка.

Денеска ги дефинираме нашите следни задачи, чија рамка станува се појасна. Без сомнение, тоа се задачи што ќе се извршуваат во името на големата Русија, порача Пригожин во гласовната порака објавена на „Греј зона“ на каналот Телеграм, што е поврзан со организацијата „Вагнер“.

The post Пригожин: „Вагнер“ засега не регрутира нови борци, но веројатно ќе го стори тоа во иднина appeared first on Република.

]]>

Евгениј Пригожин, шефот на руската платеничка група „Вагнер“, во најновата гласовна порака објавена денеска наведува дека неговата воена организација во моментов не регрутира нови борци, но веројатно тоа ќе го направи во иднина. Иднината на „Вагнер“ и Пригожин е нејасна откако на крајот на јуни се случи краткотрајниот бунт против рускиот воен естаблишмент, а официјален Кремљ подоцна прифати тој и некои од неговите борци, кои учествуваа во некои од најжестоките битки во Украина, да се префрлат во Белорусија, наведуваат британските медиуми. И покрај бунтот, по само пет дена Пригожин беше поканет на средба со Владимир Путин, а минатата недела беше фотографиран во Санкт Петербург, каде што рускиот претседател беше домаќин на африканските лидери за време на Самитот Русија-Африка. Денеска ги дефинираме нашите следни задачи, чија рамка станува се појасна. Без сомнение, тоа се задачи што ќе се извршуваат во името на големата Русија, порача Пригожин во гласовната порака објавена на „Греј зона“ на каналот Телеграм, што е поврзан со организацијата „Вагнер“.

The post Пригожин: „Вагнер“ засега не регрутира нови борци, но веројатно ќе го стори тоа во иднина appeared first on Република.

]]>
„Вагнер“ ја прекинува регрутацијата за еден месец https://republika.mk/vesti/svet/vagner-ja-prekinuva-regrutatsijata-za-eden-mesets/ Mon, 03 Jul 2023 11:45:18 +0000 https://republika.mk/?p=657705

Руската паравоена група „Вагнер“ на Телеграм објави дека ги „замрзнува“ нови регрутации до следниот месец.

„Вагнер“ истакнува дека регрутацијата се одложува сè додека не се дислоцираат борците во Белорусија, каде е во егзил лидерот Евгениј Пригожин, по неуспешниот пуч во Русија.

Согласно досегашното неучество на борците на групата „Вагнер“ во специјалната воена операција и поради преместувањето во Белорусија, во моментов ја прекинуваме регрутацијата за еден месец, се наведува во соопштението.

Сè уште е непознато дали Пригожин е во Белорусија, или како што објавија некои медиуми, на тајна локација во Русија за тајни преговори со руски функционер

The post „Вагнер“ ја прекинува регрутацијата за еден месец appeared first on Република.

]]>

Руската паравоена група „Вагнер“ на Телеграм објави дека ги „замрзнува“ нови регрутации до следниот месец. „Вагнер“ истакнува дека регрутацијата се одложува сè додека не се дислоцираат борците во Белорусија, каде е во егзил лидерот Евгениј Пригожин, по неуспешниот пуч во Русија. Согласно досегашното неучество на борците на групата „Вагнер“ во специјалната воена операција и поради преместувањето во Белорусија, во моментов ја прекинуваме регрутацијата за еден месец, се наведува во соопштението. Сè уште е непознато дали Пригожин е во Белорусија, или како што објавија некои медиуми, на тајна локација во Русија за тајни преговори со руски функционер

The post „Вагнер“ ја прекинува регрутацијата за еден месец appeared first on Република.

]]>
Русија планира да регрутира уште 400.000 војници кои ќе се борат во Украина https://republika.mk/vesti/svet/rusija-planira-da-regrutira-ushte-400-000-vojnitsi-koi-ke-se-borat-vo-ukraina/ Thu, 30 Mar 2023 08:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=625352

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата поврзана со војната во Украина.

Руските медиуми, се вели во извештајот, сугерираат дека властите подготвуваат голема кампања за регрутирање чија цел е да регрутира дополнителни 400.000 војници.

Русија, се наведува, планира да регрутира доброволци или професионалци во таа кампања наместо да воведе задолжителна мобилизација.

Постои реална веројатност, тврдат британските разузнавачи, дека во пракса таа разлика ќе биде нејасна и регионалните власти ќе се обидат да го заменат нивниот стандарден број на регрути со принудување на мажите да се приклучат на армијата.

Руските власти, според британските разузнавачи, најверојатно се одлучиле за т.н „волонтерски модел“ со цел да се заменат загубите на работна сила и да се минимизира противењето на војната на домашен фронт.

Многу е неверојатно дека предвидената кампања ќе успее да привлече 400.000 вистински волонтери, според извештајот.

Но, обновата на руските воени капацитети и борбената моќ во Украина ќе бара повеќе од работна сила, се вели во извештајот.

На Русија и треба повеќе муниција и опрема отколку што моментално располага, заклучуваат разузнавачките експерти.

The post Русија планира да регрутира уште 400.000 војници кои ќе се борат во Украина appeared first on Република.

]]>

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата поврзана со војната во Украина. Руските медиуми, се вели во извештајот, сугерираат дека властите подготвуваат голема кампања за регрутирање чија цел е да регрутира дополнителни 400.000 војници. Русија, се наведува, планира да регрутира доброволци или професионалци во таа кампања наместо да воведе задолжителна мобилизација. Постои реална веројатност, тврдат британските разузнавачи, дека во пракса таа разлика ќе биде нејасна и регионалните власти ќе се обидат да го заменат нивниот стандарден број на регрути со принудување на мажите да се приклучат на армијата. Руските власти, според британските разузнавачи, најверојатно се одлучиле за т.н „волонтерски модел“ со цел да се заменат загубите на работна сила и да се минимизира противењето на војната на домашен фронт. Многу е неверојатно дека предвидената кампања ќе успее да привлече 400.000 вистински волонтери, според извештајот. Но, обновата на руските воени капацитети и борбената моќ во Украина ќе бара повеќе од работна сила, се вели во извештајот. На Русија и треба повеќе муниција и опрема отколку што моментално располага, заклучуваат разузнавачките експерти.

The post Русија планира да регрутира уште 400.000 војници кои ќе се борат во Украина appeared first on Република.

]]>
Руската армија почна да регрутира затвореници за војната во Украина https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-armija-pochna-da-regrutira-zatvorenici-za-vojnata-vo-ukraina/ Wed, 12 Oct 2022 09:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=560054

По регрутирањето затвореници за руските платенички сили, сега и регуларната руска армија регрутира осуденици за војната во Украина, тврдат активистите за граѓански права и медиумите.

Од крајот на септември Министерството за одбрана почна да регрутира осуденици, објави независниот портал „Важније истории“ (Важни приказни).

Порталот, кој е критичен кон Кремљ, известуваше за посетите на претставници на руската армија во казнените колонии во регионот Рјазан во близина на Москва и во Ставропол,Северен Кавказ.

Според „Важни истории“, генерали на руската армија им ветуваат на затворениците дека ќе бидат ослободени по операцијата.

Поранешните затвореници, наводно, ќе бидат дел од специјалната единица наречена „Бура“.

Активистите за граѓански права од организацијата „Гулагу.нет“ претходно објави за обиди за регрутирање во регионот Нижни Новгород.

Платеничката група Вагнер, финансирана од доверливиот човек на претседателот Владимир Путин, Евгениј Пригожин, од летото регрутира затвореници.

Додека руското Министерство за одбрана тврди дека регрутира затвореници кои претходно служеле во безбедносните служби и кои можеби имаат борбено искуство.

The post Руската армија почна да регрутира затвореници за војната во Украина appeared first on Република.

]]>

По регрутирањето затвореници за руските платенички сили, сега и регуларната руска армија регрутира осуденици за војната во Украина, тврдат активистите за граѓански права и медиумите. Од крајот на септември Министерството за одбрана почна да регрутира осуденици, објави независниот портал „Важније истории“ (Важни приказни). Порталот, кој е критичен кон Кремљ, известуваше за посетите на претставници на руската армија во казнените колонии во регионот Рјазан во близина на Москва и во Ставропол,Северен Кавказ. Според „Важни истории“, генерали на руската армија им ветуваат на затворениците дека ќе бидат ослободени по операцијата. Поранешните затвореници, наводно, ќе бидат дел од специјалната единица наречена „Бура“. Активистите за граѓански права од организацијата „Гулагу.нет“ претходно објави за обиди за регрутирање во регионот Нижни Новгород. Платеничката група Вагнер, финансирана од доверливиот човек на претседателот Владимир Путин, Евгениј Пригожин, од летото регрутира затвореници. Додека руското Министерство за одбрана тврди дека регрутира затвореници кои претходно служеле во безбедносните служби и кои можеби имаат борбено искуство.

The post Руската армија почна да регрутира затвореници за војната во Украина appeared first on Република.

]]>