референдум за Бугарија Archives - Република https://republika.mk/tema/referendum-za-bugarija/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Nov 2022 13:13:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png референдум за Бугарија Archives - Република https://republika.mk/tema/referendum-za-bugarija/ 32 32 Апасиев: Иниситираме на првичното референдумско прашање, но подготвивме и алтернативно https://republika.mk/vesti/makedonija/apasiev-inisitirame-na-prvichnoto-referendumsko-prashanje-no-podgotvivme-i-alternativno/ Fri, 11 Nov 2022 13:13:04 +0000 https://republika.mk/?p=572762

Пратеникот и претседател на „Левица“ Димитар Апасиев денеска на прес-конференција во Собранието соопшти дека на барањето од претседателот на Парламентот Талат Џафери поднел писмен поднесок за деловничко усогласување на првично поднесената предлог иницијатива за распишување задолжителен дополнителен референдум, во врска со францускиот предлог.

Тој со забелешка дека месец дена по поднесувањето на иницијативата, односно после 35 дена, поточно на 28 октомври, го добил конечно известувањето од спикерот, иако, вели, во редовна процедура тоа би требало да трае пет дена, и оти се повикал на несоодветни деловнички одредби.

Во известувањето од Џафери има неколку бисери. Првата смешка на која спикерот се повикува е тоа што цитира сосема погрешни членови од Деловникот. Ме третира како пратеник и ми се обраќа по членовите 135 и 136 како предлагач на закон, што во случајов не е така, затоа што јас сум во својство на физичко лице овластен предлагач како подносител на граѓански иницијативи. Во таков случај релевантни се сосема други членови од Деловникот, а тоа се членовите 191 и 192. 

Следната смешка на која искрено се цепев од смеење, вели Апасиев, е тоа што Џафери праќа на корекција дел за кој во иницијативата не е спомнат, а по кој ја отфрлил иницијативата за референдум поднесена од Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО- ДПМНЕ. И последната смешка е тоа што го цитира речиси целиот Закон за референдум со тоа што Заборава да го цитира најбитниот член, а тоа е членот 24 којшто нас како граѓани ни дава право да предизвикуваме одлуки кои се донесени од страна на Собранието. Во Законот за други прашања за кои одлучувало Собранието Џафери вели дека тие други прашања не можат да бидат заклучоци. И тоа како можат да бидат заклучоци затоа што токму под терминот други прашања влегуваат и заклучоците, појаснува Апасиев.

Апасиев додава дека Џафери толкува дека заклучок е став на Собранието, што, како што оценува, е уште една правна грешка од неговите правни консултанци, бидејќи став на Собранието согласно Деловникот се изразува со декларација, а не со заклучок. Како збирен управен акт тој не е надлежен самиот да го донесува ваквиот заклучок, односно согласно законот тој мора да прибави претходно мислење од две матични работни тела. Тоа е Законодавно–правната комисија и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, а тоа тој не го прави, односно, не е надлежен затоа што заклучокот го носи пленумот, а не спикерот.

Во иницијативата што ви ја поделив се повикувам на еден процесен институт на објективна акумулација односно инсистирам да се задржи првичната формулација на прашањето, но како евентуална втора факултативна алтернатива прашањето ново коешто го прецизираме „дали сте за преговори со ЕУ со прифаќање на изгласаните собраниски ставови содржани во заклучоците“. Тоа ќе биде начелно содржината што денес го поднесовме и останува како ќе изреагира претседателот, вели Апасиев.

Запрашан што доколку Џафери ја отфрли иницијативата, лидерот на Левица рече дека ќе го почека одговорот, а потоа посочи дека имаaт на располагање правни и политички механизми.

Правните механизми е да поведеме управен спор во зависност од тоа дали ќе молчи, а ако молчи ќе поведеме управен спор за молчење на администрација. Ако ни ја отфрли ќе поведеме управен спор за да го оспориме тој акт со којшто ќе ни ја отфрли евентуално. Исто така, размислуваме за нова кривична пријава. Нашиот правен тим размислува за заштита пред Уставен суд. Во случајов како загрозување на правото на политичко дејствување и претставака до Антидискриминаторска комисија, бидејќи во други случаи иницијативи се пуштени да стигнат до пленум, а во случајов цениме дека тоа е политичка дискриминација. Имено, тенденциозно не се пушта нашата иницијатива да стигне ниту до пленумот, што е негова уставна обврска, потенцира Апасиев.

Тој истакна дека секогаш им стојат на располагање и политичките механзими за блокада.

Бидејќи ние сме само двајца, не сме 45, 46, ќе презицираме, односно ќе утврдиме кои закони евентуално би ги блокирале и кога би започнало за што соодветно би известиле. Ние имавме таков случај каде што со Борислав успеавме сами да блокираме околу 17 закони. Не сакаме искрено да дојде до тоа, но ако сме приморани, како опција секогаш е во игра, потенцира Апасиев.

Левица на 7 октомври до Собранието поднесе иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?”. Партијата собра 750 потписи кои со останатите материјали ги предаде во собраниската архива.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, пак, на 12 октомври соопшти дека барањето за одржување референдум поднесено од Левица не е подготвено во согласност со Собранискиот деловник, а прашањето е несоодветно поставено. Воедно побара во предвидениот рок од 15 дена предлагачот да го усогласи барањето со одредбите од Деловникот на Собранието.

Џафери на 13 септември ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, образложувајќи дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон

The post Апасиев: Иниситираме на првичното референдумско прашање, но подготвивме и алтернативно appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и претседател на „Левица“ Димитар Апасиев денеска на прес-конференција во Собранието соопшти дека на барањето од претседателот на Парламентот Талат Џафери поднел писмен поднесок за деловничко усогласување на првично поднесената предлог иницијатива за распишување задолжителен дополнителен референдум, во врска со францускиот предлог. Тој со забелешка дека месец дена по поднесувањето на иницијативата, односно после 35 дена, поточно на 28 октомври, го добил конечно известувањето од спикерот, иако, вели, во редовна процедура тоа би требало да трае пет дена, и оти се повикал на несоодветни деловнички одредби.
Во известувањето од Џафери има неколку бисери. Првата смешка на која спикерот се повикува е тоа што цитира сосема погрешни членови од Деловникот. Ме третира како пратеник и ми се обраќа по членовите 135 и 136 како предлагач на закон, што во случајов не е така, затоа што јас сум во својство на физичко лице овластен предлагач како подносител на граѓански иницијативи. Во таков случај релевантни се сосема други членови од Деловникот, а тоа се членовите 191 и 192.  Следната смешка на која искрено се цепев од смеење, вели Апасиев, е тоа што Џафери праќа на корекција дел за кој во иницијативата не е спомнат, а по кој ја отфрлил иницијативата за референдум поднесена од Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО- ДПМНЕ. И последната смешка е тоа што го цитира речиси целиот Закон за референдум со тоа што Заборава да го цитира најбитниот член, а тоа е членот 24 којшто нас како граѓани ни дава право да предизвикуваме одлуки кои се донесени од страна на Собранието. Во Законот за други прашања за кои одлучувало Собранието Џафери вели дека тие други прашања не можат да бидат заклучоци. И тоа како можат да бидат заклучоци затоа што токму под терминот други прашања влегуваат и заклучоците, појаснува Апасиев.
Апасиев додава дека Џафери толкува дека заклучок е став на Собранието, што, како што оценува, е уште една правна грешка од неговите правни консултанци, бидејќи став на Собранието согласно Деловникот се изразува со декларација, а не со заклучок. Како збирен управен акт тој не е надлежен самиот да го донесува ваквиот заклучок, односно согласно законот тој мора да прибави претходно мислење од две матични работни тела. Тоа е Законодавно–правната комисија и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, а тоа тој не го прави, односно, не е надлежен затоа што заклучокот го носи пленумот, а не спикерот.
Во иницијативата што ви ја поделив се повикувам на еден процесен институт на објективна акумулација односно инсистирам да се задржи првичната формулација на прашањето, но како евентуална втора факултативна алтернатива прашањето ново коешто го прецизираме „дали сте за преговори со ЕУ со прифаќање на изгласаните собраниски ставови содржани во заклучоците“. Тоа ќе биде начелно содржината што денес го поднесовме и останува како ќе изреагира претседателот, вели Апасиев.
Запрашан што доколку Џафери ја отфрли иницијативата, лидерот на Левица рече дека ќе го почека одговорот, а потоа посочи дека имаaт на располагање правни и политички механизми.
Правните механизми е да поведеме управен спор во зависност од тоа дали ќе молчи, а ако молчи ќе поведеме управен спор за молчење на администрација. Ако ни ја отфрли ќе поведеме управен спор за да го оспориме тој акт со којшто ќе ни ја отфрли евентуално. Исто така, размислуваме за нова кривична пријава. Нашиот правен тим размислува за заштита пред Уставен суд. Во случајов како загрозување на правото на политичко дејствување и претставака до Антидискриминаторска комисија, бидејќи во други случаи иницијативи се пуштени да стигнат до пленум, а во случајов цениме дека тоа е политичка дискриминација. Имено, тенденциозно не се пушта нашата иницијатива да стигне ниту до пленумот, што е негова уставна обврска, потенцира Апасиев.
Тој истакна дека секогаш им стојат на располагање и политичките механзими за блокада.
Бидејќи ние сме само двајца, не сме 45, 46, ќе презицираме, односно ќе утврдиме кои закони евентуално би ги блокирале и кога би започнало за што соодветно би известиле. Ние имавме таков случај каде што со Борислав успеавме сами да блокираме околу 17 закони. Не сакаме искрено да дојде до тоа, но ако сме приморани, како опција секогаш е во игра, потенцира Апасиев.
Левица на 7 октомври до Собранието поднесе иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?”. Партијата собра 750 потписи кои со останатите материјали ги предаде во собраниската архива. Претседателот на Собранието Талат Џафери, пак, на 12 октомври соопшти дека барањето за одржување референдум поднесено од Левица не е подготвено во согласност со Собранискиот деловник, а прашањето е несоодветно поставено. Воедно побара во предвидениот рок од 15 дена предлагачот да го усогласи барањето со одредбите од Деловникот на Собранието. Џафери на 13 септември ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, образложувајќи дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон

The post Апасиев: Иниситираме на првичното референдумско прашање, но подготвивме и алтернативно appeared first on Република.

]]>
Гир: Референдумот и уставните измени се ваша одлука https://republika.mk/vesti/makedonija/gir-referendumot-i-ustavnite-izmeni-se-vasha-odluka/ Wed, 19 Oct 2022 20:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=563318

Иницијативите за референдум и прашањето за промена на Уставот се суверена одлука на земјата, вели евроамбасадорот Дејвид Гир, но порачува фокусот да биде ставен на реформите.

– Прашањето за менување на Уставот или за референдум е суверена одлука, не сакам да кажувам што треба да биде направено или не, тоа не е моја работа, но фокусот треба да биде ставен на реформите. Подобро е да се фокусирате на реформите, на нивното усвојување и обезбедување на нивна имплементација отколку да се посветите на други иницијативи кои би можеле да значат чекор назад – рече Гир во вечерашното гостување во централниот дневник на Сител.

Според Гир, добрососедските односи се клучен елемент во пристапниот процес и тоа, како што вели, се однесува на сите земји, а дискусиите за историјата се прашања кои билатерално треба да се решат меѓу две земји.

Во однос на обедувањето на власта и опозицијата за носењето на измени на Законот за формирање на граѓански здруженија, Гир со став дека сето тоа мора да биде усогласено со меѓународните стандарди.

– Вообичаено не коментирам предлози за промени во законите и јавно тоа не е моја работа. Она што е важно, е што и да се направи, тоа мора да биде усогласено со меѓународните стандарди – порача Гир.

The post Гир: Референдумот и уставните измени се ваша одлука appeared first on Република.

]]>

Иницијативите за референдум и прашањето за промена на Уставот се суверена одлука на земјата, вели евроамбасадорот Дејвид Гир, но порачува фокусот да биде ставен на реформите.
– Прашањето за менување на Уставот или за референдум е суверена одлука, не сакам да кажувам што треба да биде направено или не, тоа не е моја работа, но фокусот треба да биде ставен на реформите. Подобро е да се фокусирате на реформите, на нивното усвојување и обезбедување на нивна имплементација отколку да се посветите на други иницијативи кои би можеле да значат чекор назад – рече Гир во вечерашното гостување во централниот дневник на Сител.
Според Гир, добрососедските односи се клучен елемент во пристапниот процес и тоа, како што вели, се однесува на сите земји, а дискусиите за историјата се прашања кои билатерално треба да се решат меѓу две земји. Во однос на обедувањето на власта и опозицијата за носењето на измени на Законот за формирање на граѓански здруженија, Гир со став дека сето тоа мора да биде усогласено со меѓународните стандарди.
– Вообичаено не коментирам предлози за промени во законите и јавно тоа не е моја работа. Она што е важно, е што и да се направи, тоа мора да биде усогласено со меѓународните стандарди – порача Гир.

The post Гир: Референдумот и уставните измени се ваша одлука appeared first on Република.

]]>
Левица: Џафери губи време, ќе го корегираме и вратиме предлогот за референдум https://republika.mk/vesti/makedonija/levica-dzaferi-gubi-vreme-kje-go-koregirame-i-vratime-predlogot-za-referendum/ Thu, 13 Oct 2022 11:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=560615

Левица ќе ја корегира веќе поднесената иницијатива за референдум, но доколку и таа корегирана верзија биде одбиена, тогаш се закани дека ќе спроведе целосна блокада на Собранието. Лидерот на партијата, Димитар Апасиев тврди дека враќањето на поднесената иницијатива е губење време, бидејќи, како што рече, неговата партија повторно ќе ја поднесе корегираната верзија, чие евентуално отфрлање ќе предизвика парализа на целиот Парламент.

Како ќе го изведе тоа , не е јасно со оглед на фактот дека има само два пратеника во Парламентот и без поддршка на ВМРО-ДПМНЕ тоа звучи неможно. Од Левица се надеваат дека ќе добијат таква поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и најавуваат дека ќе ги искористат сите начини да го парализираат Парламентот, нешто што беше забележано и критикувано во последниот извештај на Европската комисија.

Левица на 7 октомври до Собранието поднесе иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?“. Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа преку соопштение го објави својот став дека барањето за одржување референдум поднесено од политичката партија Левица не е подготвено во согласност со собранискиот Деловник, а прашањето е несоодветно поставено, и побара во предвидениот рок од 15 дена предлагачот да го усогласи барањето со одредбите од Деловникот на Собранието.

The post Левица: Џафери губи време, ќе го корегираме и вратиме предлогот за референдум appeared first on Република.

]]>

Левица ќе ја корегира веќе поднесената иницијатива за референдум, но доколку и таа корегирана верзија биде одбиена, тогаш се закани дека ќе спроведе целосна блокада на Собранието. Лидерот на партијата, Димитар Апасиев тврди дека враќањето на поднесената иницијатива е губење време, бидејќи, како што рече, неговата партија повторно ќе ја поднесе корегираната верзија, чие евентуално отфрлање ќе предизвика парализа на целиот Парламент. Како ќе го изведе тоа , не е јасно со оглед на фактот дека има само два пратеника во Парламентот и без поддршка на ВМРО-ДПМНЕ тоа звучи неможно. Од Левица се надеваат дека ќе добијат таква поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и најавуваат дека ќе ги искористат сите начини да го парализираат Парламентот, нешто што беше забележано и критикувано во последниот извештај на Европската комисија. Левица на 7 октомври до Собранието поднесе иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?“. Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа преку соопштение го објави својот став дека барањето за одржување референдум поднесено од политичката партија Левица не е подготвено во согласност со собранискиот Деловник, а прашањето е несоодветно поставено, и побара во предвидениот рок од 15 дена предлагачот да го усогласи барањето со одредбите од Деловникот на Собранието.

The post Левица: Џафери губи време, ќе го корегираме и вратиме предлогот за референдум appeared first on Република.

]]>
Левица ја достави иницијативата за референдум https://republika.mk/vesti/makedonija/levica-ja-dostavi-inicijativata-za-referendum/ Fri, 07 Oct 2022 18:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=558554

Со 750 собрани потписи Левица и официјално ја поднесе иницијативата за референдум со  прашање Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со приваќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 . Лидерот на партијата Димитар Апасиев денеска посочи дека процедурата институционално била комплицирана но вели се надева дека ќе се исплати бидејќи формално правно прашањето е јасно -  поставено на начин на кој не очекува собвранискиот спикер Џафери да го оцени како не уредно .

Откако собранискиот спикер ќе ја прими иницијативата, според  Деловникот, ја препраќа до Законодавно-правната комисија и до Комисијата за политички систем. Во рок од два дена, овие две работни тела треба да оценат дали иницијативата е уредна. Ако иницијативата е уредна, собранискиот спикер во рок од 3 дена ќе треба да го извести подносителот за да почне со собирањето на 150 илјади граѓански потписи. Ако документот, според комисиите, не е уреден, тогаш Џафери е должен иницијативата да ја стави на дневен ред на првата наредна седница и тогаш да се произнесе пленумот со заклучок.

Доколку иницијативата го помине собранискиот филтер, законските одредби предвидуваат дека во рок од три месеци ќе треба да се соберат 150 000 граѓански потписи во подрачните единици на Министерството за правда.

Апасиев при поднесувањето на иницијативата до ДИК изјави оти се надева дека до крајот на оваа година ќе бидат собрани тие 150 000 потписи кои се потребни согласно законот.

The post Левица ја достави иницијативата за референдум appeared first on Република.

]]>

Со 750 собрани потписи Левица и официјално ја поднесе иницијативата за референдум со  прашање Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со приваќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 . Лидерот на партијата Димитар Апасиев денеска посочи дека процедурата институционално била комплицирана но вели се надева дека ќе се исплати бидејќи формално правно прашањето е јасно -  поставено на начин на кој не очекува собвранискиот спикер Џафери да го оцени како не уредно . Откако собранискиот спикер ќе ја прими иницијативата, според  Деловникот, ја препраќа до Законодавно-правната комисија и до Комисијата за политички систем. Во рок од два дена, овие две работни тела треба да оценат дали иницијативата е уредна. Ако иницијативата е уредна, собранискиот спикер во рок од 3 дена ќе треба да го извести подносителот за да почне со собирањето на 150 илјади граѓански потписи. Ако документот, според комисиите, не е уреден, тогаш Џафери е должен иницијативата да ја стави на дневен ред на првата наредна седница и тогаш да се произнесе пленумот со заклучок. Доколку иницијативата го помине собранискиот филтер, законските одредби предвидуваат дека во рок од три месеци ќе треба да се соберат 150 000 граѓански потписи во подрачните единици на Министерството за правда. Апасиев при поднесувањето на иницијативата до ДИК изјави оти се надева дека до крајот на оваа година ќе бидат собрани тие 150 000 потписи кои се потребни согласно законот.

The post Левица ја достави иницијативата за референдум appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Прв ќе излезам на референдум, но прашањето на Левица е збунувачко https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-prv-kje-izlezam-na-referendum-no-prashanjeto-na-levica-e-zbunuvachko/ Fri, 07 Oct 2022 16:17:52 +0000 https://republika.mk/?p=558505

Прв ќе излезам на гласање на евентуален референдум и тоа изутрината во 7 часот на гласачките места доколку прашањето гласи: „Дали сте за тоа Македонија да стане членка на Европската Унија? – рече претседателот на Република Македонија во вчерашното интервју за „Слободен печат“.

Во разговорот со новинарот Зоран Иванов, Пендаровски зборуваше за домашните политички збиднувања, за надворешната политика, проблемите во правосудството, за партизираноста на институциите како и за глобалните безбедносни случувања.

Прашањето кое Левица сака да го употреби во референдумското изјаснување е збунувачко и нејасно за граѓаните. Истото го повторувам периодов кога станува збор за референдум и кога ваква слична иницијатива поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. Против сум вакви прашања кои сега Левица ги пласира во кои содржат збунувачка содржина – вели претседателот Пендаровски.

Целото интервју ТУКА

The post Пендаровски: Прв ќе излезам на референдум, но прашањето на Левица е збунувачко appeared first on Република.

]]>

Прв ќе излезам на гласање на евентуален референдум и тоа изутрината во 7 часот на гласачките места доколку прашањето гласи: „Дали сте за тоа Македонија да стане членка на Европската Унија? – рече претседателот на Република Македонија во вчерашното интервју за „Слободен печат“. Во разговорот со новинарот Зоран Иванов, Пендаровски зборуваше за домашните политички збиднувања, за надворешната политика, проблемите во правосудството, за партизираноста на институциите како и за глобалните безбедносни случувања.
Прашањето кое Левица сака да го употреби во референдумското изјаснување е збунувачко и нејасно за граѓаните. Истото го повторувам периодов кога станува збор за референдум и кога ваква слична иницијатива поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. Против сум вакви прашања кои сега Левица ги пласира во кои содржат збунувачка содржина – вели претседателот Пендаровски.

Целото интервју ТУКА

The post Пендаровски: Прв ќе излезам на референдум, но прашањето на Левица е збунувачко appeared first on Република.

]]>
Левица ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК https://republika.mk/vesti/makedonija/levica-ja-podnese-inicijativata-za-referendum-do-dik/ Wed, 28 Sep 2022 10:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=555157

Лидерот на Левица Димитар Апасиев денеска ја поднесе Иницијативата за референдум до Државната изборна комисија.

-Денес Левица поднесе предлог за поднесување граѓанска иницијатива за референдум. Народот треба да го има зборот кога станува збор за прашања од национален интерес, изјави Апасиев.

Левица најави целосна блокада на Собранието, доколку собранискиот спикер Талат Џафери ја одбие и оваа Иницијатива. Од партијата велат дека имаат договор со ВМРО-ДПМНЕ и, како што најави пратеникот од редовите на Левица Борислав Крмов, „заедно ќе доведеме до целосна парализа на Законодавниот дом“.

Иницијативата на Левица за референдум ќе ја поддржи и ВМРО-ДПМНЕ, порача претходно и лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски.

Најмалку сто потписи се потребни за да може Иницијативата да се достави и во Парламентот.

Претходно, иницијативата за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија што ВМРО-ДПМНЕ ја достави до Собранието на 9 септември беше отфрлена од страна на Џафери со образложение дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. мс/нд/

The post Левица ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Левица Димитар Апасиев денеска ја поднесе Иницијативата за референдум до Државната изборна комисија.
-Денес Левица поднесе предлог за поднесување граѓанска иницијатива за референдум. Народот треба да го има зборот кога станува збор за прашања од национален интерес, изјави Апасиев.
Левица најави целосна блокада на Собранието, доколку собранискиот спикер Талат Џафери ја одбие и оваа Иницијатива. Од партијата велат дека имаат договор со ВМРО-ДПМНЕ и, како што најави пратеникот од редовите на Левица Борислав Крмов, „заедно ќе доведеме до целосна парализа на Законодавниот дом“. Иницијативата на Левица за референдум ќе ја поддржи и ВМРО-ДПМНЕ, порача претходно и лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски. Најмалку сто потписи се потребни за да може Иницијативата да се достави и во Парламентот. Претходно, иницијативата за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија што ВМРО-ДПМНЕ ја достави до Собранието на 9 септември беше отфрлена од страна на Џафери со образложение дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. мс/нд/

The post Левица ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК appeared first on Република.

]]>
Објавено референдумското прашање кое ќе биде доставено до Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/objaveno-referendumskoto-prashanje-koe-kje-bide-dostaveno-do-sobranieto/ Thu, 22 Sep 2022 17:21:26 +0000 https://republika.mk/?p=553267

Лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев вечерва ја обелодени иницијативата за референдумското прашање кое што партијата ќе ја достави до Собранието.

-Синоќа на проширениот президиум на партијата го дефиниравме прашањето. За разлика од ДПМНЕ, ние ќе ги напаѓаме на Влада, за да не му даваме муниција на Талат Џафери да глуми уставен судија. Прашањето ќе биде „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, слично како за Преспанскиот дговор, со прифаќање на собраниските заклучоци со тој и тој архивски број од 16-ти јули 2022 година“. Со ова практично е невозможно да се одбие иницијативата и затоа одиме со оваа варијанта. Наративот е продолжување на духот на протестите против бугаризацијата, рече Апасиев во емисијата „Само интервју“.

Тој очекува граѓаните да излезат и да гласаат против.

-Ние ќе бараме задолжителен референдум согласно 24. Ние не го напаѓаме Договорот со Бугарија и не директно францускиот предлог, бидејќи во тој случај Џафери ќе рече тоа не е во надлежност на Собранието и ќе биде во право, додаде Апасиев.

The post Објавено референдумското прашање кое ќе биде доставено до Собранието appeared first on Република.

Мицкоски: Ќе ја уриваме оваа влада сѐ до предвремени парламентарни избори https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-kje-ja-urivame-ovaa-vlada-s-do-predvremeni-parlamentarni-izbori/ Wed, 21 Sep 2022 14:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=552944

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање што ќе прави партијата после пропаднатата иницијатива за одржување референдум против Договорот за Бугарија, рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја урива оваа Влада сѐ до организирање предвремени парламентарни избори.

За тоа дали опозициската партија ќе ја поддржи иницијативата на Левица, рече дека „играта на поднесување иницијативи можеме да ја играме до бескрај”, но дека е направен преседан со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за што претседателот на Собранието еден ден ќе одговара.

Но видовте ние поднесовме иницијатива која е согласно законот и Уставот. Еден човек во Парламентот се става над сите закони и над Уставот и креира преседан. Тој преседан многу скоро од денеска ќе стане пракса, а за да не стане пракса треба тој што го креирал тој преседан да одговара. И ќе одговара еден ден, бидејќи тој нема да биде вечно на тоа место, неговата партија нема да мести судии и обвинители, ќе биде многу скоро во опозиција и за неговите постапки тој човек ќе одговара – рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Ќе ја уриваме оваа влада сѐ до предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање што ќе прави партијата после пропаднатата иницијатива за одржување референдум против Договорот за Бугарија, рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја урива оваа Влада сѐ до организирање предвремени парламентарни избори. За тоа дали опозициската партија ќе ја поддржи иницијативата на Левица, рече дека „играта на поднесување иницијативи можеме да ја играме до бескрај”, но дека е направен преседан со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за што претседателот на Собранието еден ден ќе одговара.
Но видовте ние поднесовме иницијатива која е согласно законот и Уставот. Еден човек во Парламентот се става над сите закони и над Уставот и креира преседан. Тој преседан многу скоро од денеска ќе стане пракса, а за да не стане пракса треба тој што го креирал тој преседан да одговара. И ќе одговара еден ден, бидејќи тој нема да биде вечно на тоа место, неговата партија нема да мести судии и обвинители, ќе биде многу скоро во опозиција и за неговите постапки тој човек ќе одговара – рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Ќе ја уриваме оваа влада сѐ до предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>
ЕУ: Ja зедовме во предвид одлуката на Џафери, но надлежните домашни институции треба да одлучат за толкувањето и спроведувањето на националните процедури https://republika.mk/vesti/makedonija/eu-nema-nishto-protiv-odlukata-na-dzaferi-za-otfrlanje-na-referendumot/ Fri, 16 Sep 2022 12:43:17 +0000 https://republika.mk/?p=551473

Ја зедовме во предвид  оваа одлука. Останува на надлежните домашни институции во Cеверна Македонија да одлучуваат за толкувањето и спроведувањето на националните процедури.

Oва е одговорот на Европската унија на прашањето на „Република“ за коментар дали го оправдуваат кршењето на уставот од претседателот на Собранието Џафери кој не дозволи референдум за договорот за добрососедство со Бугарија.

„Република“  праша и дали во ЕУ е дозволено претседател на парламентот да има улога на судија.

На тоа добивме одговор:

 Важно е сите политички сили, вклучително и опозицијата, да се фокусираат на конкретни чекори во преговарачкиот процес што ќе ги доближат граѓаните на Cеверна Македонија до ЕУ иднината на нивната земја-вели портпаролката на ЕК Ана Писонеро.

The post ЕУ: Ja зедовме во предвид одлуката на Џафери, но надлежните домашни институции треба да одлучат за толкувањето и спроведувањето на националните процедури appeared first on Република.

]]>

Ја зедовме во предвид  оваа одлука. Останува на надлежните домашни институции во Cеверна Македонија да одлучуваат за толкувањето и спроведувањето на националните процедури.
Oва е одговорот на Европската унија на прашањето на „Република“ за коментар дали го оправдуваат кршењето на уставот од претседателот на Собранието Џафери кој не дозволи референдум за договорот за добрососедство со Бугарија. „Република“  праша и дали во ЕУ е дозволено претседател на парламентот да има улога на судија. На тоа добивме одговор:
 Важно е сите политички сили, вклучително и опозицијата, да се фокусираат на конкретни чекори во преговарачкиот процес што ќе ги доближат граѓаните на Cеверна Македонија до ЕУ иднината на нивната земја-вели портпаролката на ЕК Ана Писонеро.
 
The post ЕУ: Ja зедовме во предвид одлуката на Џафери, но надлежните домашни институции треба да одлучат за толкувањето и спроведувањето на националните процедури appeared first on Република.

]]>
Дали власта се исплаши од успешен реферндум? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vlasta-se-isplashi-od-uspeshen-referndum/ Fri, 16 Sep 2022 05:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=551220

Власта се исплаши од успешен референдум. Анкетите покажуваа дека референдумот ќе беше успешен. Тие се исплашија дека опозицијата ќе консолидира 910 илјади гласови и со тоа тие целосно ќе беа делегитимирани, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.

Мицкоски потенцираше дека пред да се одлучат на референдум, тие го мереле јавното мислење и правеле анкети.

-Јас најавив дека ќе биде концептот широк на консултации, се консултирав со многу луѓе, правни експерти, коалиционите партнерти тет а тет разговаравме со многу опшстествени активнисти, со луѓето од Извршниот Комитет на партијата и Централниот Комитет, рече Мицкоски.

Тој смета дека опозицијата може единствено на овој начин да се спротистави на политиките на власта. Како што рече, единствен начин е да користат правни алати, а правната алатка е референдумот.

Според Мицкоски, собрани се доволен број потписи, формирана е граѓанска иницијатива и создале прашање кое е во согласност на ингеренциите на Парламентот.

Од Парламентот, посочи, очекувале демократски капацитет.-Собравме доволен број потписи, формиравме граѓанска иницијатива, создадовме прашање кое е во согласност на ингеренциите на Парламентот. Очекувавме од Парламентот демократски капацитет и малку да бидат возрасни, сериозно да се однесуваат а не да се однесуваат како налутенно дете на кое му го земале фудбалот или топката. Они така се однесуваа насилнички, одлучи Талат Џафери да се стави над сите закони, го зароби правниот поредок и направи преседан, изјави Мицкоски.

The post Дали власта се исплаши од успешен реферндум? appeared first on Република.

]]>

Власта се исплаши од успешен референдум. Анкетите покажуваа дека референдумот ќе беше успешен. Тие се исплашија дека опозицијата ќе консолидира 910 илјади гласови и со тоа тие целосно ќе беа делегитимирани, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21. Мицкоски потенцираше дека пред да се одлучат на референдум, тие го мереле јавното мислење и правеле анкети.
-Јас најавив дека ќе биде концептот широк на консултации, се консултирав со многу луѓе, правни експерти, коалиционите партнерти тет а тет разговаравме со многу опшстествени активнисти, со луѓето од Извршниот Комитет на партијата и Централниот Комитет, рече Мицкоски.
Тој смета дека опозицијата може единствено на овој начин да се спротистави на политиките на власта. Како што рече, единствен начин е да користат правни алати, а правната алатка е референдумот. Според Мицкоски, собрани се доволен број потписи, формирана е граѓанска иницијатива и создале прашање кое е во согласност на ингеренциите на Парламентот.
Од Парламентот, посочи, очекувале демократски капацитет.-Собравме доволен број потписи, формиравме граѓанска иницијатива, создадовме прашање кое е во согласност на ингеренциите на Парламентот. Очекувавме од Парламентот демократски капацитет и малку да бидат возрасни, сериозно да се однесуваат а не да се однесуваат како налутенно дете на кое му го земале фудбалот или топката. Они така се однесуваа насилнички, одлучи Талат Џафери да се стави над сите закони, го зароби правниот поредок и направи преседан, изјави Мицкоски.

The post Дали власта се исплаши од успешен реферндум? appeared first on Република.

]]>
Очекувавме да се однесуваат како возрасни, да покажат демократски капацитет, но власта се исплаши https://republika.mk/vesti/makedonija/ochekuvavme-da-se-odnesuvaat-kako-vozrasni-da-pokazat-demokratski-kapacitet-no-vlasta-se-isplashi/ Thu, 15 Sep 2022 20:50:25 +0000 https://republika.mk/?p=551197

Јас најавив дека ќе биде концептот широк на консултации, се консултирав со многу луѓе, правни експерти, коалиционите партнерти тет а тет разговаравме со многу опшстествени активнисти, со луѓето од Извршниот Комитет на партијата и Централниот комитет, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.

Тој посочи дека катализирале едно прашање, каде сите тие донеле заклучок дека е во ингеренција на Собранието, бидејќи законот за ратификација е во Собранието и тие сметаат дека потребно е таму да се фокусираат.

„Суштината овдека која е? Суштината е дека тие се исплашија од успешен референдум, тоа го покажувааа и анкетите, дека референдумот ќе биде успешен. Тие се исплашија да опозицијата во Македонија консолидира 910,000 илјади гласа, тоа е суштината и со тоа тие целосно ќе беа делегитимирани“, посочи Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека тие пред да се одлучат на референдум, го мереле јавното мислење и правеле анкети.

„Ние не отидовме во овој процес затоа што така ни текнало. Опозицијата има единствен начин и единствена алатка на овој начин да се спротивстави на политиките на власта бидејќи ние немаме 61 пратеник, а на друг начин современата демократија не познава, насилство, насилије не познава за остварување демоктратски права и цели“, дециден е Мицкоски.

Тој посочи дека единствен начин е да користат правни алати, а правната алатка е референдумот.

„Собравме доволен број потписи, формиравме граѓанска иницијатива, создадовме прашање кое е во согласност на ингеренциите на Парламентот. Очекувавме од Парламентот демократски капацитет и малку да бидат возрасни, сериозно да се однесуваат, а не да се однесуваат како налутенно дете на кое му го земале фудбалот или топката. Они така се однесуваа насилнички, одлучи Талат Џафери да се стави над сите закони, го зароби правниот поредок и направи преседан“, изјави Мицкоски.

The post Очекувавме да се однесуваат како возрасни, да покажат демократски капацитет, но власта се исплаши appeared first on Република.

]]>

Јас најавив дека ќе биде концептот широк на консултации, се консултирав со многу луѓе, правни експерти, коалиционите партнерти тет а тет разговаравме со многу опшстествени активнисти, со луѓето од Извршниот Комитет на партијата и Централниот комитет, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21. Тој посочи дека катализирале едно прашање, каде сите тие донеле заклучок дека е во ингеренција на Собранието, бидејќи законот за ратификација е во Собранието и тие сметаат дека потребно е таму да се фокусираат. „Суштината овдека која е? Суштината е дека тие се исплашија од успешен референдум, тоа го покажувааа и анкетите, дека референдумот ќе биде успешен. Тие се исплашија да опозицијата во Македонија консолидира 910,000 илјади гласа, тоа е суштината и со тоа тие целосно ќе беа делегитимирани“, посочи Мицкоски. Мицкоски потенцираше дека тие пред да се одлучат на референдум, го мереле јавното мислење и правеле анкети.
„Ние не отидовме во овој процес затоа што така ни текнало. Опозицијата има единствен начин и единствена алатка на овој начин да се спротивстави на политиките на власта бидејќи ние немаме 61 пратеник, а на друг начин современата демократија не познава, насилство, насилије не познава за остварување демоктратски права и цели“, дециден е Мицкоски.
Тој посочи дека единствен начин е да користат правни алати, а правната алатка е референдумот.
„Собравме доволен број потписи, формиравме граѓанска иницијатива, создадовме прашање кое е во согласност на ингеренциите на Парламентот. Очекувавме од Парламентот демократски капацитет и малку да бидат возрасни, сериозно да се однесуваат, а не да се однесуваат како налутенно дете на кое му го земале фудбалот или топката. Они така се однесуваа насилнички, одлучи Талат Џафери да се стави над сите закони, го зароби правниот поредок и направи преседан“, изјави Мицкоски.

The post Очекувавме да се однесуваат како возрасни, да покажат демократски капацитет, но власта се исплаши appeared first on Република.

]]>
И Левица ќе поднесе иницијатива за референдум https://republika.mk/vesti/makedonija/i-levica-kje-podnese-inicijativa-za-referendum/ Thu, 15 Sep 2022 19:32:11 +0000 https://republika.mk/?p=551185

Левица ќе достави нова иницијатива за референдум против Договорот со Бугарија. Од партијата велат дека во текот на наредната недела ќе се знае како ќе биде формулирано референдумското прашање.

Левица ќе поднесе нова иницијатива за референдум за Договорот против Бугарија – соопшти пратеникот Борислав Крмов на прес- конференција во Собранието.

Највисоките органи на партијата вчера дискутирале за оваа тема, но не прецизирале како ќе гласи референдумското прашање.

Крмов рече дека ако собранискиот претседател Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива, заедно со ВМРО-ДПМНЕ најавуваат целосна блокада на Собранието.

Не може да станува збор за неуставност за Договор што може да се укине од Влада со обичен писмен допис, а тоа го предвидува член 13 од Договорот за добрососедство на Бугарија. Ако Џафери се обиде да ја одбие и оваа иницијатива, Левица ќе премине на тотална блокада на Собранието. Имаме договор со ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе доведеме до целосна парализа на Законодавниот дом. Тоа значи блокирање на сите Комисии и на сите пленарни седници, односно ќе се преземат сите опции додека не застане Законодавниот дом и ова самоволие не се прекине – изјави Крмов.

Инаку, лидерот на Левица, Димитар Апасиев вчера повика на целосна блокада на Собранието поради односот на Џафери кој ја отфрли иницијативата за референдум и кажа дека тоа било спротивно на Уставот. Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека спикерот се однесува како уставен судија.

The post И Левица ќе поднесе иницијатива за референдум appeared first on Република.

]]>

Левица ќе достави нова иницијатива за референдум против Договорот со Бугарија. Од партијата велат дека во текот на наредната недела ќе се знае како ќе биде формулирано референдумското прашање.
Левица ќе поднесе нова иницијатива за референдум за Договорот против Бугарија – соопшти пратеникот Борислав Крмов на прес- конференција во Собранието.
Највисоките органи на партијата вчера дискутирале за оваа тема, но не прецизирале како ќе гласи референдумското прашање. Крмов рече дека ако собранискиот претседател Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива, заедно со ВМРО-ДПМНЕ најавуваат целосна блокада на Собранието.
Не може да станува збор за неуставност за Договор што може да се укине од Влада со обичен писмен допис, а тоа го предвидува член 13 од Договорот за добрососедство на Бугарија. Ако Џафери се обиде да ја одбие и оваа иницијатива, Левица ќе премине на тотална блокада на Собранието. Имаме договор со ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе доведеме до целосна парализа на Законодавниот дом. Тоа значи блокирање на сите Комисии и на сите пленарни седници, односно ќе се преземат сите опции додека не застане Законодавниот дом и ова самоволие не се прекине – изјави Крмов.
Инаку, лидерот на Левица, Димитар Апасиев вчера повика на целосна блокада на Собранието поради односот на Џафери кој ја отфрли иницијативата за референдум и кажа дека тоа било спротивно на Уставот. Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека спикерот се однесува како уставен судија.

The post И Левица ќе поднесе иницијатива за референдум appeared first on Република.

]]>
Џафери: Зошто да поднесам оставка, кој вика дека сум ја прекршил процедурата?! https://republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-zoshto-da-podnesam-ostavka-koj-vika-deka-sum-ja-prekrshil-procedurata/ Thu, 15 Sep 2022 19:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=551177

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва уште повтори дека не ја прекршил процедурата околу отфрлањето на иницијативата за референдум за поништување на Договорот со Бугарија поднесена од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто да си поднесам оставка? Кој вика дека сум ја прекршил процедурата? Кои се тие што повикуваат за моја оставка? Со кој мандат? Ги почитувам тие експерти што викаат дека сум прекршил процедура, но ниту еден од нив не се соочил со спроведување на прописи. Едно е теоретско разгледување и хипотеза, а друго е практичната примена на носителот на функциите. Јас не толкувам, туку спроведувам за она што сум се изјаснил во моментот на мојот избор и во тој момент, како што е процедурата, сум дал заклетва и сум се обврзал да го почитувам Уставот и законите. Уставот е над сите правни акти, рече Џафери.

Тој нагласува дека сам не толкува ништо, туку само спроведува.

Затоа испратив известување дека нештата што дошле до мене, првично се спротивни на Уставот. Сите прописи се подредени на Уставот. Јас имам 20 години искуство во учесто во работата во Собранието. Никаде не пишува во членот што треба да се прави, туку дека јас треба да спроведам Устав и правилник, потенцира Џафери во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

The post Џафери: Зошто да поднесам оставка, кој вика дека сум ја прекршил процедурата?! appeared first on Република.

Мицкоски: Референдумот е излезот од штетниот договор со Бугарија кој води кон асимилација, власта бега од изјаснување на народот https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-referendumot-e-izlezot-od-shtetniot-dogovor-so-bugarija-koj-vodi-kon-asimilacija-vlasta-bega-od-izjasnuvanje-na-narodot/ Thu, 15 Sep 2022 13:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=551093

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за неделникот „Фокус“ се осврнува на неколку актуелни политички прашања во Македонија.

За иницијативата за референдум за договорот со Бугарија, Мицкоски истакнува дека тоа е единствениот начин на кој опозицијата може да дејствува.

Во современата парламентарна демократија може да спречите нешто само доколку го повикате народот да се произнесе и да даде свој став. Токму од тие причини се одлучивме за задолжителен референдум, а не како што беше манипулативниот за Преспанскиот договор, кога имаше прашање со двојно значење. Референдумот и прашањето се многу прецизни и се однесуваат на изворот на сите проблеми, а тоа е билатералниот договор со Бугарија - истакнува Мицкоски.

Тој посочува дека Талат Џафери, при донесувањето на одлуката за отфрлање на иницијативата за референдум, противправно си дал улога на уставен судија кој го толкува Уставот.

Толкувањето на Устав е работа единствено на Уставниот суд. Прават правни гимнастики за да го избегнат народот. Тоа што бегаат од соочување со народот кажува дека знаат дека ќе има излезност у знаат дека народот е против договорот кој е извор на асимилацијата што СДСМ и Димитар Ковачевски ја спроведуваат. ВМРО-ДПМНЕ има референдумско прашање со кое не се менува содржината на договорот, туку го спори законот со кој се прогласува за важечки. Бегаат од референдум, но нема да избегаат од следниот изборен пораз, после кој следи одгопворност пред законите и Уставот - вели Мицкоски за „Фокус“.

Мицкоски се осврнува и на предлогот за референдумско прашање кое го даде Пендаровски а кое се однесуваше на условите за членството во ЕУ, па потоа се повлече.

Нашиот потег беше со цел да го извадиме Пендаровски на површина. Ако ние влезевме во замка, тогаш можеше многу лесно Џафери да ја одбие иницијативата, зошто ќе речеше дека ова не е во ингеренции на Собранието, туку во ингеренции на владата. А сега не е во право што ја оспори иницијативата, направи насилство зошто договорот со бугарија е ратификуван од Собранието. Нашата намера е народот да може да се произнесе дали е за напуштање или за останување во тој договор. Каква и да биде излезноста на еден таков референдум, без разлика дали власта ќе го бојкотира или не, ние под овие околности немаме намера да ги гласаме уставните измени. Овие околности не даваат одговор на нашиот пат кон ЕУ, зошто потоа ќе следат нови и нови околности - вели Мицкоски.

Според него, крајната цел на Бугарија е да докажат дека македонскиот народ има бугарски корени, а историјата и културата имаат бугарска нота.

Уставните измени нас ни го отвораат патот кон проблемите. Тогаш на една маса ќе преговараме за европски стандарди, транспорт, здравство, образование, владеење на право, а на друга маса за Самоил, Климент, Наум, преродбениците, илинденците. Без разлика што на едната маса ќе ги постигнеме критериумите, ако на другата маса не прифатиме дека во Втората светска Војна Бугарите не биле окупатори, туку администратори, бадијала што на првата маса сме се договориле- вели Мицкоски. Првите документи откако почнавме да преговараме, како што тврдат, е за средниот век и за Самоиловата држава, за Кирил и Методиј, Климент и Наум. Е па, ако не преговараме за историја, тогаш првиот документ нека биде некој грант од ЕУ од милијарда ипол евра за изградба на коридорот 8 и 10 - истакнува Мицкоски.

Тој заклучува дека излезот од ваквата ситуација е заедно сите на референдум да се изјаснат, да излеземе од Договорот и повторно да седнеме на маса да преговараме нов договор во кој нема да има такви замки.

The post Мицкоски: Референдумот е излезот од штетниот договор со Бугарија кој води кон асимилација, власта бега од изјаснување на народот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за неделникот „Фокус“ се осврнува на неколку актуелни политички прашања во Македонија. За иницијативата за референдум за договорот со Бугарија, Мицкоски истакнува дека тоа е единствениот начин на кој опозицијата може да дејствува.

Тупанчески: Иницијативата за референдум има многу правни аномалии https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-inicijativata-za-referendum-ima-mnogu-pravni-anomalii/ Thu, 15 Sep 2022 13:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=551092

Иницијативата за распишување референдум има прилично правни аномалии, недостатоци што ја прават недоволно добра од правен аспект за постигнување на една замислена цел, потенцијална, каква и да е, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески.

Пред иницијативата да биде поднесена, вели, министерот, требало да се земат предвид одредбите од Уставот, законот за референдум и собранискиот Деловник.

Во Член 118 од Уставот експлицитно е уредена материјата во однос на меѓународните односи и во тој контекст на меѓународните договори. Тие, како што стои во овој член, претставуваат составен дел од внатрешниот правен поредок на државата и не можат да бидат менувани со закон, рече Тупаневски во изјава пред промоцијата на Националната стратегија за превенција и правда за децата (2022-2026) и Акциски план (2022-2023).

Според него, особено важна е и регулативата во Законот за референдум.

-Член 24 имплицира дека станува збор оти референдум би можел да биде распишан пред потпишување, односно ратификација на меѓународен договор. Се разбира дека овој закон има уште една одредба која се чини дека би можела да биде релевантна, а тоа е членот 28, кој се однесува на Бадентеровото мнозинство и какви имликации има таа одлука при распишувањето на референдумот. Тука постои уште деловникот на Собранието на Република Македонија и тоа се актите кои се релевантни при донесување одлука за распишување референдум, рече министерот за правда.

Тој потсети дека единствени надлежни во државата и во меѓународното право за склучување и потпишување меѓународни договори се претседателот на државата и Владата на земјата што го потпишува.

-Да не заборавиме дека меѓународното право, по многу работи се разликува од националното право, во однос на комплементарноста. Ќе мора задолжително да се почитуваат обврските кои се преземени од Меѓународниот договор, а за начинот на кој може да биде раскинат сигурно е дека за тоа не е надлежно Собранието на Република Македонија. Дефинитивно кога се зборува за процес на дератификација, тој никаде не е регулиран со национален пропис, вели Тупанчевски.

Според министерот за правда нема посебна регулатива во однос на тоа како може да се раскинуваат меѓународни договори.

-Но да го кажам моето лично правно размислување – во самите меѓународните договори кои се ратификувани, постои начин како може да се раскинат. Меѓународните договори на некој начин се сепаратно право и ја регулираат и материјата на кој начин може да бидат еднострано откажани или како да се повлече од обврските кои произлегуваат од него, истакна министерот Тупанчевски.

Во средата претседателот на Собранието Талат Џафери ја одби иницијативата за распишување референдум поднесена од ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека е неуставана, односно оти член 118 од Уставот предвидува оти Меѓународни договори не можат да бидат менувани со закон.

ВМРО-ДПМНЕ на 9 септември ја достави иницијативата до Собранието за одржување референдум за поништување на Договорот со Бугарија.

Претходно, на 5 септември Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ го усвои референдумското прашање „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“.

The post Тупанчески: Иницијативата за референдум има многу правни аномалии appeared first on Република.

]]>

Иницијативата за распишување референдум има прилично правни аномалии, недостатоци што ја прават недоволно добра од правен аспект за постигнување на една замислена цел, потенцијална, каква и да е, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески. Пред иницијативата да биде поднесена, вели, министерот, требало да се земат предвид одредбите од Уставот, законот за референдум и собранискиот Деловник.
Во Член 118 од Уставот експлицитно е уредена материјата во однос на меѓународните односи и во тој контекст на меѓународните договори. Тие, како што стои во овој член, претставуваат составен дел од внатрешниот правен поредок на државата и не можат да бидат менувани со закон, рече Тупаневски во изјава пред промоцијата на Националната стратегија за превенција и правда за децата (2022-2026) и Акциски план (2022-2023).
Според него, особено важна е и регулативата во Законот за референдум.
-Член 24 имплицира дека станува збор оти референдум би можел да биде распишан пред потпишување, односно ратификација на меѓународен договор. Се разбира дека овој закон има уште една одредба која се чини дека би можела да биде релевантна, а тоа е членот 28, кој се однесува на Бадентеровото мнозинство и какви имликации има таа одлука при распишувањето на референдумот. Тука постои уште деловникот на Собранието на Република Македонија и тоа се актите кои се релевантни при донесување одлука за распишување референдум, рече министерот за правда.
Тој потсети дека единствени надлежни во државата и во меѓународното право за склучување и потпишување меѓународни договори се претседателот на државата и Владата на земјата што го потпишува.
-Да не заборавиме дека меѓународното право, по многу работи се разликува од националното право, во однос на комплементарноста. Ќе мора задолжително да се почитуваат обврските кои се преземени од Меѓународниот договор, а за начинот на кој може да биде раскинат сигурно е дека за тоа не е надлежно Собранието на Република Македонија. Дефинитивно кога се зборува за процес на дератификација, тој никаде не е регулиран со национален пропис, вели Тупанчевски.
Според министерот за правда нема посебна регулатива во однос на тоа како може да се раскинуваат меѓународни договори.
-Но да го кажам моето лично правно размислување – во самите меѓународните договори кои се ратификувани, постои начин како може да се раскинат. Меѓународните договори на некој начин се сепаратно право и ја регулираат и материјата на кој начин може да бидат еднострано откажани или како да се повлече од обврските кои произлегуваат од него, истакна министерот Тупанчевски.
Во средата претседателот на Собранието Талат Џафери ја одби иницијативата за распишување референдум поднесена од ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека е неуставана, односно оти член 118 од Уставот предвидува оти Меѓународни договори не можат да бидат менувани со закон. ВМРО-ДПМНЕ на 9 септември ја достави иницијативата до Собранието за одржување референдум за поништување на Договорот со Бугарија. Претходно, на 5 септември Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ го усвои референдумското прашање „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“.

The post Тупанчески: Иницијативата за референдум има многу правни аномалии appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Taлат ја одби иницијативата за референдум зошто најмалку еден милион гласачи ќе го отфрлеа договорот со Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-talat-ja-odbi-inicijativata-za-referendum-zoshto-najmalku-eden-milion-glasachi-kje-go-otfrlea-dogovorot-so-bugarija/ Thu, 15 Sep 2022 06:46:04 +0000 https://republika.mk/?p=550900

Taлат ја одби иницијативата за референдум зошто најмалку еден милион гласачи ќе го отфрлеа договорот со Бугарија, велат во паартиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта предводена од антимакедонската СДС со одлуката да се отфрли иницијативата за Референдум покажа дека се плаши од соочување со народот и нема апсолутно никаков демократски капацитет. Тие го измолија Талат Џафери да изигрува Уставен судија и да прекршува закони само и само да му ја спаси привремено кариерата на Ковачевски.

Нивната одлука е резултат на паника и страв. Тие само покажаа дека имаат уплав од народот. Свесни се дека огромно мнозинство на граѓани се спремни да излезат на референдумот и да гласаат за отфрлање на договорот со Бугарија. Народот гледа дека овој договор кој го потпиша антимакедонската СДС е извор на асимилаторската и негаторска политика кон Македонија. Овој Договор е штетен и задира во македонскиот идентитет, култура и историја.

СДС сега бранејќи ја одлуката на Талат уште повеќе се препелкаат во лаги и манипулации. Но сите манипулации паѓаат во вода пред фактите. Прво, Иницијативата за референдум е согласно Уставот и согласно членот 24 од Законот за референдум и се однесува на прашање од надлежност на Собранието, односно за поништување на Законот за ратификација на договорот со Бугарија.

Второ, референдумот не се однесува на промена на меѓународен договор, туку негово дефакто поништување преку поништување на Законот за ратификација. Впрочем самиот Договор со Бугарија во член 13 предвидува дека тој може да биде раскинат.

Ако мислат во СДС дека Талат Џафери му фрлил гума за спасување на давеникот Ковачевски, многу се лажат. Ковачевски веќе покажа дека не ги слуша граѓаните и затоа ќе тоне се подлабоко и подлабоко. Секој човек може да види колку антимакедонската СДС се плаши и бега од соочување. Оваа ненародна власт изгуби секаков легитимитет. Може да се кријат, ама нема да избегаат од народната казна, се вели во соопштението на паријата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Taлат ја одби иницијативата за референдум зошто најмалку еден милион гласачи ќе го отфрлеа договорот со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Taлат ја одби иницијативата за референдум зошто најмалку еден милион гласачи ќе го отфрлеа договорот со Бугарија, велат во паартиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Власта предводена од антимакедонската СДС со одлуката да се отфрли иницијативата за Референдум покажа дека се плаши од соочување со народот и нема апсолутно никаков демократски капацитет. Тие го измолија Талат Џафери да изигрува Уставен судија и да прекршува закони само и само да му ја спаси привремено кариерата на Ковачевски. Нивната одлука е резултат на паника и страв. Тие само покажаа дека имаат уплав од народот. Свесни се дека огромно мнозинство на граѓани се спремни да излезат на референдумот и да гласаат за отфрлање на договорот со Бугарија. Народот гледа дека овој договор кој го потпиша антимакедонската СДС е извор на асимилаторската и негаторска политика кон Македонија. Овој Договор е штетен и задира во македонскиот идентитет, култура и историја. СДС сега бранејќи ја одлуката на Талат уште повеќе се препелкаат во лаги и манипулации. Но сите манипулации паѓаат во вода пред фактите. Прво, Иницијативата за референдум е согласно Уставот и согласно членот 24 од Законот за референдум и се однесува на прашање од надлежност на Собранието, односно за поништување на Законот за ратификација на договорот со Бугарија. Второ, референдумот не се однесува на промена на меѓународен договор, туку негово дефакто поништување преку поништување на Законот за ратификација. Впрочем самиот Договор со Бугарија во член 13 предвидува дека тој може да биде раскинат. Ако мислат во СДС дека Талат Џафери му фрлил гума за спасување на давеникот Ковачевски, многу се лажат. Ковачевски веќе покажа дека не ги слуша граѓаните и затоа ќе тоне се подлабоко и подлабоко. Секој човек може да види колку антимакедонската СДС се плаши и бега од соочување. Оваа ненародна власт изгуби секаков легитимитет. Може да се кријат, ама нема да избегаат од народната казна, се вели во соопштението на паријата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Taлат ја одби иницијативата за референдум зошто најмалку еден милион гласачи ќе го отфрлеа договорот со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Стојановска: Прават правни гимнастики за да избегнат народ! https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanovska-pravat-pravni-gimnastiki-za-da-izbegnat-narod/ Tue, 13 Sep 2022 19:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=550509

Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција по одлуката на претседателот на Собранието Талат Џафери да ја отфрли иницијативата за референдум, посочи дека тој во минатото имал многу улоги, но сега јавно си ја додал и улогата на уставен судија.

„Толкување на Устав е работа единствено на Уставниот суд. Прво прават правни гимнастики за да избегнат народ и неговиот став за договорот. Второ бегаат од соочување со народ затоа што се свесни за две работи. Првата – знаат дека ќе има излезност и втората знаат дека народот е против договорот кој е извор на асимилацијата која СДС и Ковачевски ја спроведуваат. Трето – Талат наместо чувар на уставот стана шампион во кршење на Уставот. Нема друг случај во светот каде претседател на Собрание толкува Устав затоа што тоа е единствено во надлежност на Уставниот суд“, вели Стојановска.

Таа вели дека Референдумот за поништување на законот за ратификација на договорот со Бугарија е во согласност со членот 24 од Законот за референдум и не е во спротивност на Уставот.

The post Стојановска: Прават правни гимнастики за да избегнат народ! appeared first on Република.

Џафери ја отфрли иницијативата за референдум за Договорот со Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-ja-otfrli-inicijativata-za-referendum-za-dogovorot-so-bugarija/ Tue, 13 Sep 2022 16:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=550473

Претседателот на собранието, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништувањее на договорот со Бугарија.

Во одговорот до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Џафери пишува дека иницијативата за референдум не е во согласност со Уставот во кој е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.

ВМРО ДПМНЕ достави иницијатива пред четири дена, но Џафери беше надвор од земјата.

Партијата најави дека, ако има забелешки во текстот, подготвена е да ги отстрани. Иницијативата е поднесена до претседателот на собранието, без да се именува за која институција станува збор.

ВМРО-ДПМНЕ предлага референдумско изјаснување со прашањето дали сте за престанок на важењето на договорот за пријателство со Бугарија.

The post Џафери ја отфрли иницијативата за референдум за Договорот со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на собранието, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништувањее на договорот со Бугарија. Во одговорот до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Џафери пишува дека иницијативата за референдум не е во согласност со Уставот во кој е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон. ВМРО ДПМНЕ достави иницијатива пред четири дена, но Џафери беше надвор од земјата. Партијата најави дека, ако има забелешки во текстот, подготвена е да ги отстрани. Иницијативата е поднесена до претседателот на собранието, без да се именува за која институција станува збор. ВМРО-ДПМНЕ предлага референдумско изјаснување со прашањето дали сте за престанок на важењето на договорот за пријателство со Бугарија.

The post Џафери ја отфрли иницијативата за референдум за Договорот со Бугарија appeared first on Република.

]]>
ЕУ не гледа со наклонетост на иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/eu-ne-gleda-so-naklonetost-na-inicijativata-za-referendum-na-vmro-dpmne/ Tue, 13 Sep 2022 13:15:25 +0000 https://republika.mk/?p=550435

Секоја иницијатива што би можела да биде назадување и со тоа да го попречи патот на земјата во ЕУ-интеграциите, навистина би требало да се избегнува, вели евроамбасадорот Дејвид Гир за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум против договорот со Бугарија.

-Се сеќавам дека кога за прашањето за уставни измени се разговараше првпат, а тоа беше минатата година, тогаш немаше противење низ политичкиот спектар, беше доста тивко за ова конкретно прашање, вели Гир во интервју за 360 степени.

Според него, Европската Унија не гледа со наклонетост на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распишување референдум против Договорот со Бугарија. Тој потсетува дека „добрососедските односи се суштински дел од пристапниот процес и ЕУ неколкупати кажа дека Договорот за добрососедство со Бугарија, како и Преспанскиот договор, треба да се имплементираат во добар дух од сите“.

Во котекст на скрининг-процесот, амбасадорот на ЕУ зборува за потребата од запазување на моментот со јулското отворање на преговорите, за обединување на сите домашни сили и фокусирање на заедничката цел – зачленување во ЕУ што е можно поскоро.

The post ЕУ не гледа со наклонетост на иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Секоја иницијатива што би можела да биде назадување и со тоа да го попречи патот на земјата во ЕУ-интеграциите, навистина би требало да се избегнува, вели евроамбасадорот Дејвид Гир за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум против договорот со Бугарија.
-Се сеќавам дека кога за прашањето за уставни измени се разговараше првпат, а тоа беше минатата година, тогаш немаше противење низ политичкиот спектар, беше доста тивко за ова конкретно прашање, вели Гир во интервју за 360 степени.
Според него, Европската Унија не гледа со наклонетост на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распишување референдум против Договорот со Бугарија. Тој потсетува дека „добрососедските односи се суштински дел од пристапниот процес и ЕУ неколкупати кажа дека Договорот за добрососедство со Бугарија, како и Преспанскиот договор, треба да се имплементираат во добар дух од сите“. Во котекст на скрининг-процесот, амбасадорот на ЕУ зборува за потребата од запазување на моментот со јулското отворање на преговорите, за обединување на сите домашни сили и фокусирање на заедничката цел – зачленување во ЕУ што е можно поскоро.

The post ЕУ не гледа со наклонетост на иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Џафери ја прими иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се очекува да се изјасни дали е уредна https://republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-ja-prifati-inicijativata-za-referendum-na-vmro-dpmne-deneska-se-ochekuva-da-se-izjasni-dali-e-uredna/ Tue, 13 Sep 2022 12:40:46 +0000 https://republika.mk/?p=550417

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, им се врати на работните обврски откако беше заминат на службено патување во странство, па денеска од него се очекува да соопшти дали иницијативата за референдум поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ е уредна.

Очекувањата се собранискиот спикер денеска, најдоцна до полноќ, да ја разгледа и да се произнесе за иницијативата за одржување референдум за поништување на Договорот со Бугарија, иако, засега, собраниските служби информираат дека немаат никаква информација од Џафери во врска со иницијативата.

– Почитувани, сѐ уште немаме информација од страна на претседателот во врска со иницијативата. Штом ќе добијам информација, веднаш ве известувам – велат од Кабинетот на Талат Џафери.

Согласно член 192 став 2, ако претседателот на Собранието утврди дека иницијативата е неуредна, прашањето во врска со иницијативата се става на дневен ред на првата наредна пленарна седница.

Во јавноста веќе се појавија информации дека можеби Џафери нема да ја прифати иницијативата, а и опозициската ВМРО-ДПМНЕ јасно го посочи прстот кон владејачките партии за кои вели дека ќе ја кочат работата.

The post Џафери ја прими иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се очекува да се изјасни дали е уредна appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, им се врати на работните обврски откако беше заминат на службено патување во странство, па денеска од него се очекува да соопшти дали иницијативата за референдум поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ е уредна. Очекувањата се собранискиот спикер денеска, најдоцна до полноќ, да ја разгледа и да се произнесе за иницијативата за одржување референдум за поништување на Договорот со Бугарија, иако, засега, собраниските служби информираат дека немаат никаква информација од Џафери во врска со иницијативата.
– Почитувани, сѐ уште немаме информација од страна на претседателот во врска со иницијативата. Штом ќе добијам информација, веднаш ве известувам – велат од Кабинетот на Талат Џафери.
Согласно член 192 став 2, ако претседателот на Собранието утврди дека иницијативата е неуредна, прашањето во врска со иницијативата се става на дневен ред на првата наредна пленарна седница. Во јавноста веќе се појавија информации дека можеби Џафери нема да ја прифати иницијативата, а и опозициската ВМРО-ДПМНЕ јасно го посочи прстот кон владејачките партии за кои вели дека ќе ја кочат работата.

The post Џафери ја прими иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се очекува да се изјасни дали е уредна appeared first on Република.

]]>