Јас најавив дека ќе биде концептот широк на консултации, се консултирав со многу луѓе, правни експерти, коалиционите партнерти тет а тет разговаравме со многу опшстествени активнисти, со луѓето од Извршниот Комитет на партијата и Централниот комитет, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.

Тој посочи дека катализирале едно прашање, каде сите тие донеле заклучок дека е во ингеренција на Собранието, бидејќи законот за ратификација е во Собранието и тие сметаат дека потребно е таму да се фокусираат.

„Суштината овдека која е? Суштината е дека тие се исплашија од успешен референдум, тоа го покажувааа и анкетите, дека референдумот ќе биде успешен. Тие се исплашија да опозицијата во Македонија консолидира 910,000 илјади гласа, тоа е суштината и со тоа тие целосно ќе беа делегитимирани“, посочи Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека тие пред да се одлучат на референдум, го мереле јавното мислење и правеле анкети.

„Ние не отидовме во овој процес затоа што така ни текнало. Опозицијата има единствен начин и единствена алатка на овој начин да се спротивстави на политиките на власта бидејќи ние немаме 61 пратеник, а на друг начин современата демократија не познава, насилство, насилије не познава за остварување демоктратски права и цели“, дециден е Мицкоски.

Тој посочи дека единствен начин е да користат правни алати, а правната алатка е референдумот.

„Собравме доволен број потписи, формиравме граѓанска иницијатива, создадовме прашање кое е во согласност на ингеренциите на Парламентот. Очекувавме од Парламентот демократски капацитет и малку да бидат возрасни, сериозно да се однесуваат, а не да се однесуваат како налутенно дете на кое му го земале фудбалот или топката. Они така се однесуваа насилнички, одлучи Талат Џафери да се стави над сите закони, го зароби правниот поредок и направи преседан“, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.