разговор Archives - Република https://republika.mk/tema/razgovor/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 10:09:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png разговор Archives - Република https://republika.mk/tema/razgovor/ 32 32 Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ на библиотеката „Браќа Миладиновци“ почнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска https://republika.mk/vesti/kultura/tretiot-tsiklus-od-kampanata-chitame-sovremeni-makedonski-avtori-na-bibliotekata-braka-miladinovtsi-pochnuva-so-s-ushte-mozham-neshto-da-storam-od-frosina-parmakovska/ Mon, 02 Sep 2024 10:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=812227

По успешните две сезони, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува третиот циклус од големата кампања „Читаме современи македонски автори“. До мај следната година ќе бидат претставени осум македонски автори и исто толку дела. Кампањата ја задржува препознатливата структура: секој месец започнува со Книга на месецот, првата седмица е Разговорот со авторот, а последната Клубот на читатели.

Претходните два циклуса од кампањата ни се поттик и мотивација дека треба да продолжиме со истото темпо. Нашите библиотекари бележат зголемен интерес за македонските автори во сите наши објекти. Читателите ги бараат предложените книги, но и наслови што не се дел од кампањата. На разговорите имаме бројна публика, па и луѓе што претходно не доаѓале во библиотека. Добиваме голема поддршка од сите издавачи, од медиумите, од културната јавност. Добиваме одлични реакции од авторите дека се онаму каде што треба да бидат – на полиците и меѓу македонските читатели, вели Снежана Стојчевска директор на ГБСК.

Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ започнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска, книга за месец септември.

Разговорот со Фросина Пармаковска е закажан за в среда (4 септември) во 19 часот. Модератор ќе биде книжевниот критичар Александра Јуруковска, а фрагменти од романот ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Ова е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој се доминантни психологизацијата на главниот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна, посочува издавачот Или-Или.

Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, а магистрирала на Институт за македонска литература. Во 2013 г. го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“ (Култура). Нејзиниот втор роман, „Вишнова хроника“ (2014, Или-Или) влезе во финале за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“. „Одбројување“ е нејзин трет роман, за кој ја доби наградата Роман на годината за 2017 година. Во 2018, ја доби наградата „Најсупешен автор“ што ја доделува МАИ. Во септември 2020 година излезе нејзиниот четврт роман „На враќање“ во издание на Или-Или. „Сè уште можам нешто да сторам“ е роман објавен во 2023 и е добитник на „Рациново признание“ за најдобра прозна книга за 2023 година. Член е на ДПМ од февруари 2018 година.

Кампањата „Читаме современи македонски автори“ започна во септември 2022 година како силна поддршка за современата македонска книжевност, за квалитетните дела, за издавачите и за македонскиот јазик. Досега беа претставени 16 автори и исто толку книги со жанровска разноликост: романи, раскази, репортажи, поезија. Кампањата е потсетување дека токму домашните читатели се тие што треба да ги читаат домашните автори. „Читаме современи македонски автори“ има препознатлив визуелен идентитет, инегриран пристап на социјалните медиуми, а од страна на Македонската асоцијација на издавачи беше наградена со признанието Промотор на читачката култура.

 

The post Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ на библиотеката „Браќа Миладиновци“ почнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска appeared first on Република.

]]>

По успешните две сезони, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува третиот циклус од големата кампања „Читаме современи македонски автори“. До мај следната година ќе бидат претставени осум македонски автори и исто толку дела. Кампањата ја задржува препознатливата структура: секој месец започнува со Книга на месецот, првата седмица е Разговорот со авторот, а последната Клубот на читатели.
Претходните два циклуса од кампањата ни се поттик и мотивација дека треба да продолжиме со истото темпо. Нашите библиотекари бележат зголемен интерес за македонските автори во сите наши објекти. Читателите ги бараат предложените книги, но и наслови што не се дел од кампањата. На разговорите имаме бројна публика, па и луѓе што претходно не доаѓале во библиотека. Добиваме голема поддршка од сите издавачи, од медиумите, од културната јавност. Добиваме одлични реакции од авторите дека се онаму каде што треба да бидат – на полиците и меѓу македонските читатели, вели Снежана Стојчевска директор на ГБСК.
Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ започнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска, книга за месец септември. Разговорот со Фросина Пармаковска е закажан за в среда (4 септември) во 19 часот. Модератор ќе биде книжевниот критичар Александра Јуруковска, а фрагменти од романот ќе чита актерот Андреј Серафимовски.
Ова е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој се доминантни психологизацијата на главниот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна, посочува издавачот Или-Или.
Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, а магистрирала на Институт за македонска литература. Во 2013 г. го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“ (Култура). Нејзиниот втор роман, „Вишнова хроника“ (2014, Или-Или) влезе во финале за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“. „Одбројување“ е нејзин трет роман, за кој ја доби наградата Роман на годината за 2017 година. Во 2018, ја доби наградата „Најсупешен автор“ што ја доделува МАИ. Во септември 2020 година излезе нејзиниот четврт роман „На враќање“ во издание на Или-Или. „Сè уште можам нешто да сторам“ е роман објавен во 2023 и е добитник на „Рациново признание“ за најдобра прозна книга за 2023 година. Член е на ДПМ од февруари 2018 година. Кампањата „Читаме современи македонски автори“ започна во септември 2022 година како силна поддршка за современата македонска книжевност, за квалитетните дела, за издавачите и за македонскиот јазик. Досега беа претставени 16 автори и исто толку книги со жанровска разноликост: романи, раскази, репортажи, поезија. Кампањата е потсетување дека токму домашните читатели се тие што треба да ги читаат домашните автори. „Читаме современи македонски автори“ има препознатлив визуелен идентитет, инегриран пристап на социјалните медиуми, а од страна на Македонската асоцијација на издавачи беше наградена со признанието Промотор на читачката култура.  

The post Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ на библиотеката „Браќа Миладиновци“ почнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска appeared first on Република.

]]>
Претставување и разговор со писателот Сунил Ман во „Буква“ https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavuvane-i-razgovor-so-pisatelot-sunil-man-vo-bukva/ Wed, 24 Jul 2024 11:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=799831

На 25 јули (четврток), со почеток во 20:00, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот Сунил Ман. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски.

Сунил Ман (1972) е швајцарски писател кој пишува на германски јазик. Потекнува од семејство на доселеници од Индија. Студирал психологија и германски јазик. Почнува да објавува во 2001 година. Главно пишува криминалистички романи и раскази. Досега има објавено шест романи за возрасни, три романи за деца и четири збирки раскази. Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои наградата „Агата Кристи“ на фондацијата „С. Фишер“ и „Циришката награда за криминалистички роман“.

Сунил Ман е член на Здружението на швајцарски писатели на криминалистичка литература, Германско-швајцарскиот ПЕН центар и здружението „Про литерис“.

Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Сунил Ман во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

The post Претставување и разговор со писателот Сунил Ман во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

На 25 јули (четврток), со почеток во 20:00, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот Сунил Ман. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски. Сунил Ман (1972) е швајцарски писател кој пишува на германски јазик. Потекнува од семејство на доселеници од Индија. Студирал психологија и германски јазик. Почнува да објавува во 2001 година. Главно пишува криминалистички романи и раскази. Досега има објавено шест романи за возрасни, три романи за деца и четири збирки раскази. Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои наградата „Агата Кристи“ на фондацијата „С. Фишер“ и „Циришката награда за криминалистички роман“. Сунил Ман е член на Здружението на швајцарски писатели на криминалистичка литература, Германско-швајцарскиот ПЕН центар и здружението „Про литерис“. Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Сунил Ман во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

The post Претставување и разговор со писателот Сунил Ман во „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Разговор со поетесата Д.А. Лори во Градската библиотека https://republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-poetesata-d-a-lori-vo-gradskata-biblioteka/ Wed, 08 May 2024 07:04:34 +0000 https://republika.mk/?p=775217

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи разговор со поетесата Долорес Атанасова-Лори, чија стихозбирка „Сега ТИ стануваш ЈАС“ е книга на месецот.

Разговорот е закажан за во четврток (9 мај) во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“, ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

„Сега ТИ стануваш ЈАС“ (издание на „Чудна шума“) е последната, осма книга од вториот циклус на големата кампања „Читаме современи македонски автори“ која ги промовира македонските писатели и македонскиот јазик.

Погледни го човекот во себе и погледни го човекот во другиот, и ќе видиш се’ што сме направиле и се' што би можеле да направиме, не сме ние толку различни еден од друг, повеќе сме исти на различен начин. Во нас живее се' од секого, нешто од тоа е будно, нешто заспано, ние сме она што одбираме да го разбудиме во нас - стои во белешката од авторката Долорес Атанасова-Лори.

Д.А.Лори својата прва збирка поезија „Будење во трето лице еднина“ ја издава во 2014 година. Во 2016, од печат излегува „Со ветрот под рака“, во 2019, излегува нејзината трета книга, „Небо во кафез“. Добитник е на наградата ֦Тодор Чаловски֞ за 2019 година, по што излегува четврта книга ֦Ќе фатит бран”. Нејзини песни се објавувани во поетската збирка 100.000 поети за промена и е-книгата Поетискон, како и на страната на Словокулт, онлајн магазин за уметност и литература, и Fixpoetry, германска платформа за литература на интернет. Нејзината поезија е објавена во монографијата на Астални проекции, како и во најстарото македонско списание за литература, култура и уметност, „Современост“. Таа е добитник на интернационалната награда на Антево Слово, која за првпат беше доделена во 2017 во склоп на италијанската поетска манифестација Ангело ла Векија. Во 2020 за книгата поезија „Небо во кафез“, беше во првите пет номинирани за наградата Браќа Миладиновци“ на Струшки вечери на поезијата. Нејзините стихови се превдени на германски, англиски, српски, хрватски, италијански и шпански. Во 2023 година излезе нејзината петта поетска збирка „Сега ти стануваш јас“ во издание на Чудна шума.

Со „Сега ТИ стануваш ЈАС“ ГБСК го заокружува вториот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ во кој имаше и жанровска разноликост: раскази, репортажи, романи и поезија. Кампањата започна во септември 2022 година како дел од стратегијата за достојно место на делата на современите македонски писатели на нашите полици и најважно, меѓу читателите. По две години и 16 претставени автори и книги можеме да кажеме дека нештата се менуваат, дека значајно е зголемен интересот за македонските писатели, па и за оние што не се дел од кампањата.

Токму оваа кампања на ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје ѝ го донесе признанието Промотор на читачката култура што го доделува Македонска асоцијација на издавачи (МАИ).

Третиот циклус од „Читаме современи македонски автори“, со нови осум автори, ќе започне во септември оваа година и ќе трае до мај 2025 година.

The post Разговор со поетесата Д.А. Лори во Градската библиотека appeared first on Република.

]]>

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи разговор со поетесата Долорес Атанасова-Лори, чија стихозбирка „Сега ТИ стануваш ЈАС“ е книга на месецот. Разговорот е закажан за во четврток (9 мај) во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“, ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски. „Сега ТИ стануваш ЈАС“ (издание на „Чудна шума“) е последната, осма книга од вториот циклус на големата кампања „Читаме современи македонски автори“ која ги промовира македонските писатели и македонскиот јазик.
Погледни го човекот во себе и погледни го човекот во другиот, и ќе видиш се’ што сме направиле и се' што би можеле да направиме, не сме ние толку различни еден од друг, повеќе сме исти на различен начин. Во нас живее се' од секого, нешто од тоа е будно, нешто заспано, ние сме она што одбираме да го разбудиме во нас - стои во белешката од авторката Долорес Атанасова-Лори.
Д.А.Лори својата прва збирка поезија „Будење во трето лице еднина“ ја издава во 2014 година. Во 2016, од печат излегува „Со ветрот под рака“, во 2019, излегува нејзината трета книга, „Небо во кафез“. Добитник е на наградата ֦Тодор Чаловски֞ за 2019 година, по што излегува четврта книга ֦Ќе фатит бран”. Нејзини песни се објавувани во поетската збирка 100.000 поети за промена и е-книгата Поетискон, како и на страната на Словокулт, онлајн магазин за уметност и литература, и Fixpoetry, германска платформа за литература на интернет. Нејзината поезија е објавена во монографијата на Астални проекции, како и во најстарото македонско списание за литература, култура и уметност, „Современост“. Таа е добитник на интернационалната награда на Антево Слово, која за првпат беше доделена во 2017 во склоп на италијанската поетска манифестација Ангело ла Векија. Во 2020 за книгата поезија „Небо во кафез“, беше во првите пет номинирани за наградата Браќа Миладиновци“ на Струшки вечери на поезијата. Нејзините стихови се превдени на германски, англиски, српски, хрватски, италијански и шпански. Во 2023 година излезе нејзината петта поетска збирка „Сега ти стануваш јас“ во издание на Чудна шума. Со „Сега ТИ стануваш ЈАС“ ГБСК го заокружува вториот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ во кој имаше и жанровска разноликост: раскази, репортажи, романи и поезија. Кампањата започна во септември 2022 година како дел од стратегијата за достојно место на делата на современите македонски писатели на нашите полици и најважно, меѓу читателите. По две години и 16 претставени автори и книги можеме да кажеме дека нештата се менуваат, дека значајно е зголемен интересот за македонските писатели, па и за оние што не се дел од кампањата. Токму оваа кампања на ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје ѝ го донесе признанието Промотор на читачката култура што го доделува Македонска асоцијација на издавачи (МАИ). Третиот циклус од „Читаме современи македонски автори“, со нови осум автори, ќе започне во септември оваа година и ќе трае до мај 2025 година.

The post Разговор со поетесата Д.А. Лори во Градската библиотека appeared first on Република.

]]>
Разговор со Живко Грозданоски во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-zhivko-grozdanoski-vo-gradskata-biblioteka-braka-miladinovtsi-vo-skopje/ Tue, 02 Apr 2024 07:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=761138

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ го најавува разговорот со Живко Грозданоски, авторот на книгата на месецот „Писмо за Глорија“. Разговорот и книгата на месецот се дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“ што Библиотеката ја спроведува веќе втора година како поддршка на домашната издавачка продукција и силна промоција на македонскиот јазик. Настанот ќе се одржи в среда, 3 април во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“.

„Писмо за Глорија“ (издание на Или-Или) е слоевито дело, кое меѓу другото говори и пишувањето како еден вид терапија.

Овој роман е еклатантен пример за тоа како (авто)фикцијата може да биде книга за себеосознавање, себесоочување и самопомош преку клучот и лавиринтите што тој ни го отвора низ бескрајните предели на убавата литература – вели Фросина Пармаковска во освртот кон романот.

Живко Грозданоски напишал автофикција, се свртел кон еден „одметнички жанр“, како што описно го нарекуваат. Жанр кој во себе ги обединува автобиографијата и фикцијата, и кој се открива како изневера на традиционалното автобиографско писмо – подвлекува Ацо Гогов.

Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018). Преведува и препејува од и на италијански јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (ЗПРМ). Периодов е посветен на организација и изведба на работилница по креативно пишување автофикциски расказ „по природниот тек на нештата“.

Разговорот со Живко Грозданоски ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Во рамките на кампањата „Читаме современи македонски автори“ крајот на месецот секогаш се заокружува со Клубот на читатели посветен токму на книгата на месецот.

 

 

 

The post Разговор со Живко Грозданоски во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ го најавува разговорот со Живко Грозданоски, авторот на книгата на месецот „Писмо за Глорија“. Разговорот и книгата на месецот се дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“ што Библиотеката ја спроведува веќе втора година како поддршка на домашната издавачка продукција и силна промоција на македонскиот јазик. Настанот ќе се одржи в среда, 3 април во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“. „Писмо за Глорија“ (издание на Или-Или) е слоевито дело, кое меѓу другото говори и пишувањето како еден вид терапија.
Овој роман е еклатантен пример за тоа како (авто)фикцијата може да биде книга за себеосознавање, себесоочување и самопомош преку клучот и лавиринтите што тој ни го отвора низ бескрајните предели на убавата литература – вели Фросина Пармаковска во освртот кон романот.
Живко Грозданоски напишал автофикција, се свртел кон еден „одметнички жанр“, како што описно го нарекуваат. Жанр кој во себе ги обединува автобиографијата и фикцијата, и кој се открива како изневера на традиционалното автобиографско писмо – подвлекува Ацо Гогов. Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018). Преведува и препејува од и на италијански јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (ЗПРМ). Периодов е посветен на организација и изведба на работилница по креативно пишување автофикциски расказ „по природниот тек на нештата“. Разговорот со Живко Грозданоски ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Во рамките на кампањата „Читаме современи македонски автори“ крајот на месецот секогаш се заокружува со Клубот на читатели посветен токму на книгата на месецот.      

The post Разговор со Живко Грозданоски во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Разговор со авторката Лилјана Пандева во Градската библиотека во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-avtorkata-liljana-pandeva-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje/ Fri, 01 Mar 2024 11:50:36 +0000 https://republika.mk/?p=750019

В понеделник (4 март) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи разговор со авторката Лилјана Пандева, чија збирка раскази „Луѓенца“ е книга на месецот во Библиотеката. Настанот ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“ со почеток во 19 часот.

Разговорот со Пандева ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Збирката „Луѓенца“ (ПНВ Публикации, 2022) содржи седумнаесет мајсторски раскажани раскази за колку обични, толку и необични луѓе, што можеби секојдневно ги среќаваме на улица.
-Станува збор за приказни што импонираат како со тематската актуелност, меѓусебната суптилна поврзаност меѓу приказните, така и со раскошната палета на наративни стратегии - ќе запише за „Луѓенца“ Владимир Мартиновски.

Лилјана Пандева е родена во 1964 година во Ново Село, Струмица. Таа е дипломиран професор по македонска и јужнословенски книжевности и македонски јазик. Доктор е на филолошки науки. Автор е на повеќе дела, меѓу кои: „Новогодишни едночинки“, драмолети за деца во стих, поетската збирка „Љубов од А до Ш и обратно“, на збирките раскази „Возовите на Луцерн“, „Канцелариски колумни“, „Класифицирано“, „Заорани“, „Луѓенца“, „Хранителки“, на романите „Од агендата на Калина Калин“, „Дневници на една љубов“, „Два Божика“, „Доилката“, добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ, на поемата „Капетаните“ за која ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема, добитник е на Наградата 13 Ноември на Град Скопје за 2021 година, во областа култура за придонес во македонската современа книжевност и како лектор по македонски јазик, како и на повеќе награди за краток расказ. Автор е и на поголем број научни трудови од областа на македонистиката и книжевната критика. Нејзините дела се преведени на повеќе странски јазици.

Книгата на месецот, Разговорот со авторот и Клубот на читатели се дел од големата кампања на „Читаме современи македонски автори“ што Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ја спроведува втора година по ред, како силна поддршка за домашните автори, издавачи, но и на македонскиот јазик.

The post Разговор со авторката Лилјана Пандева во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>

В понеделник (4 март) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи разговор со авторката Лилјана Пандева, чија збирка раскази „Луѓенца“ е книга на месецот во Библиотеката. Настанот ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“ со почеток во 19 часот. Разговорот со Пандева ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Збирката „Луѓенца“ (ПНВ Публикации, 2022) содржи седумнаесет мајсторски раскажани раскази за колку обични, толку и необични луѓе, што можеби секојдневно ги среќаваме на улица. -Станува збор за приказни што импонираат како со тематската актуелност, меѓусебната суптилна поврзаност меѓу приказните, така и со раскошната палета на наративни стратегии - ќе запише за „Луѓенца“ Владимир Мартиновски. Лилјана Пандева е родена во 1964 година во Ново Село, Струмица. Таа е дипломиран професор по македонска и јужнословенски книжевности и македонски јазик. Доктор е на филолошки науки. Автор е на повеќе дела, меѓу кои: „Новогодишни едночинки“, драмолети за деца во стих, поетската збирка „Љубов од А до Ш и обратно“, на збирките раскази „Возовите на Луцерн“, „Канцелариски колумни“, „Класифицирано“, „Заорани“, „Луѓенца“, „Хранителки“, на романите „Од агендата на Калина Калин“, „Дневници на една љубов“, „Два Божика“, „Доилката“, добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ, на поемата „Капетаните“ за која ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема, добитник е на Наградата 13 Ноември на Град Скопје за 2021 година, во областа култура за придонес во македонската современа книжевност и како лектор по македонски јазик, како и на повеќе награди за краток расказ. Автор е и на поголем број научни трудови од областа на македонистиката и книжевната критика. Нејзините дела се преведени на повеќе странски јазици. Книгата на месецот, Разговорот со авторот и Клубот на читатели се дел од големата кампања на „Читаме современи македонски автори“ што Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ја спроведува втора година по ред, како силна поддршка за домашните автори, издавачи, но и на македонскиот јазик.

The post Разговор со авторката Лилјана Пандева во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>
Закажи термин за ЕМБГ: Разговор со Лидија Димковска, авторка на романот „Единствен матичен број“ https://republika.mk/vesti/kultura/zakazhi-termin-za-embg-razgovor-so-lidija-dimkovska-avtorka-na-romanot-edinstven-matichen-broj/ Mon, 19 Feb 2024 18:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=745851

Во четврток, во книжарницата на ТРИ во ГТЦ, со почеток од 19 часот, ќе имате неповторлива можност да разговарате со авторката на „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, и да си го препознаете својот идентитет.

На оваа необична средба ќе успеете да откриете што стои зад бројките на единствениот матичен број, кои сме и што сме независно од него, и како да навлеземе подлабоко во себеси. Разговорот ќе го води Виолета Танчева-Златева, а добредојдено е и вашето учество, велат организаторите.

The post Закажи термин за ЕМБГ: Разговор со Лидија Димковска, авторка на романот „Единствен матичен број“ appeared first on Република.

]]>

Во четврток, во книжарницата на ТРИ во ГТЦ, со почеток од 19 часот, ќе имате неповторлива можност да разговарате со авторката на „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, и да си го препознаете својот идентитет.

На оваа необична средба ќе успеете да откриете што стои зад бројките на единствениот матичен број, кои сме и што сме независно од него, и како да навлеземе подлабоко во себеси. Разговорот ќе го води Виолета Танчева-Златева, а добредојдено е и вашето учество, велат организаторите.

The post Закажи термин за ЕМБГ: Разговор со Лидија Димковска, авторка на романот „Единствен матичен број“ appeared first on Република.

]]>
Разговор со Владимир Илиевски за романот „Суво мастило“ во „Браќа Миладиновци“ https://republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-vladimir-ilievski-za-romanot-suvo-mastilo-vo-braka-miladinovtsi/ Tue, 06 Feb 2024 08:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=740815

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се разговор со Владимир Илиевски за неговиот роман „Суво мастило“, издание на „Македоника литера“. Модератор ќе биде книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Разговорот се одржува во рамките на кампањата „Читаме современи македонски автори“. Клубот на читатели посветен на ова дело е закажан за 29 февруари.

„Суво мастило“ е роман во кој авторот вешто ја користи историјата како моќна, објективна и вистинита книжевна подлога, а истовремено гради субјективен книжевен однос и перцепција кон таа вистинитост.

Опфаќајќи голем временски период таа приказна се плете и расплетува на цврст реалистички принцип, но со голема внимателност на авторот кон фактите и темелноста на историската оправданост. Овој исклучително талентиран прозаист развива прекрасна приказна за еден од најинвентивните личности на раниот дваесетти век, Едуард Пенкала, човекот чие презиме постојано го споменуваме кога ќе изговориме „пенкало“, за човекот кој покрај „пенкалото“ и „сувото мастило“ со кое пишува тоа, во својата листа имал уште осумдесет други пронајдоци без чија функција дури и денешниот, сѐ повеќе виртуелен, 21 век не би можел да функционира – пишува критичарот Сашо Огненовски.

Владимир Илиевски (1970, Скопје) е прозаист, поет и книжевен теоретичар. Дипломира и магистрира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ги има објавено книгите: Гледач на линија (поезија, 1997), Избор и случајности (поезија, 2000), Мојата лична амортизација (поезија, 2002), Цитатноста во лириката (книжевно-научна студија, 2007), Нема исти утра (поезија, 2008), Ноќна еротска програма (поезија, 2011), Лични податоци (поезија, 2014), Брзината не убива (поезија, 2016) и Пената на црниот бран (раскази, 2018). Дел од творештвото му е преведено на бугарски, хрватски, српски, руски, украински, полски, литвански, италијански и англиски јазик.

„Суво мастило“ е издание на и беше финалист за Роман на годината во 2020 година.

 

The post Разговор со Владимир Илиевски за романот „Суво мастило“ во „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се разговор со Владимир Илиевски за неговиот роман „Суво мастило“, издание на „Македоника литера“. Модератор ќе биде книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Разговорот се одржува во рамките на кампањата „Читаме современи македонски автори“. Клубот на читатели посветен на ова дело е закажан за 29 февруари. „Суво мастило“ е роман во кој авторот вешто ја користи историјата како моќна, објективна и вистинита книжевна подлога, а истовремено гради субјективен книжевен однос и перцепција кон таа вистинитост.
Опфаќајќи голем временски период таа приказна се плете и расплетува на цврст реалистички принцип, но со голема внимателност на авторот кон фактите и темелноста на историската оправданост. Овој исклучително талентиран прозаист развива прекрасна приказна за еден од најинвентивните личности на раниот дваесетти век, Едуард Пенкала, човекот чие презиме постојано го споменуваме кога ќе изговориме „пенкало“, за човекот кој покрај „пенкалото“ и „сувото мастило“ со кое пишува тоа, во својата листа имал уште осумдесет други пронајдоци без чија функција дури и денешниот, сѐ повеќе виртуелен, 21 век не би можел да функционира – пишува критичарот Сашо Огненовски.
Владимир Илиевски (1970, Скопје) е прозаист, поет и книжевен теоретичар. Дипломира и магистрира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ги има објавено книгите: Гледач на линија (поезија, 1997), Избор и случајности (поезија, 2000), Мојата лична амортизација (поезија, 2002), Цитатноста во лириката (книжевно-научна студија, 2007), Нема исти утра (поезија, 2008), Ноќна еротска програма (поезија, 2011), Лични податоци (поезија, 2014), Брзината не убива (поезија, 2016) и Пената на црниот бран (раскази, 2018). Дел од творештвото му е преведено на бугарски, хрватски, српски, руски, украински, полски, литвански, италијански и англиски јазик. „Суво мастило“ е издание на и беше финалист за Роман на годината во 2020 година.  

The post Разговор со Владимир Илиевски за романот „Суво мастило“ во „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>
Разговор со поетот Андреј Ал-Асади во библиотеката „Браќа Миладиновци“ https://republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-poetot-andrej-al-asadi-vo-bibliotekata-braka-miladinovtsi-2/ Thu, 14 Dec 2023 14:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=722956

Денеска, 14 декември во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ ќе се одржи разговор со поетот Андреј Ал-Асади, чија стихозбирка „Секој секому огледало“ е книга на месецот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Андреј Ал-Асади е едно од најавтентичните поетски имиња од најмладата генерација. Со неговата стихозбирка „Секој секому огледало“(издание на ПНВ Публикации) Библиотеката жанровски ја проширува кампањата „Читаме современи македонски автори“, доближувајќи им на читателите и поети од актуелната книжевна продукција.

Станува збор за прочистена и зрела книга, со рафиниран израз и „особен“ поетски јазик. Сите песни се длабоко промислени, експресивни, со амбиција да ги продлабочат и прошират видиците на поетскиот свет. Во нив се препознава вистински мајстор, кој поетските синтагми ги спојува во најубавите и најасоцијативните слики во современата македонска лирика – подвлекува поетот Славе Ѓорго Димоски.

Андреј Ал-Асади (1996, Лондон) дипломирал на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” (2013, Антолог), како и „Под дервишовото сиќе“ (2018, ПНВ Публикации), „Небесна геометрија“ (2019, ПНВ Публикации) и „Секој секому огледало“ (2021, ПНВ Публикации) со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат СВП. Автор е и на збирките раскази „Друго минато“, за која во 2018 г. ја доби наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите“ од „Темплум“, и „Утрото на бессоните“ (2021, Бегемот). Учествувал на повеќе поетски читања и фестивали, негови песни се преведени на повеќе јазици и застапен е во неколку антологии. Член е на платформата „Версополис“ и на организацискиот одбор на Скопскиот поетски фестивал.

Модератор на разговорот е Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Настанот е дел од богатата програма на Град Скопје – европска престолнина на културата за 2028 година.

 

The post Разговор со поетот Андреј Ал-Асади во библиотеката „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Денеска, 14 декември во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ ќе се одржи разговор со поетот Андреј Ал-Асади, чија стихозбирка „Секој секому огледало“ е книга на месецот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Андреј Ал-Асади е едно од најавтентичните поетски имиња од најмладата генерација. Со неговата стихозбирка „Секој секому огледало“(издание на ПНВ Публикации) Библиотеката жанровски ја проширува кампањата „Читаме современи македонски автори“, доближувајќи им на читателите и поети од актуелната книжевна продукција.
Станува збор за прочистена и зрела книга, со рафиниран израз и „особен“ поетски јазик. Сите песни се длабоко промислени, експресивни, со амбиција да ги продлабочат и прошират видиците на поетскиот свет. Во нив се препознава вистински мајстор, кој поетските синтагми ги спојува во најубавите и најасоцијативните слики во современата македонска лирика – подвлекува поетот Славе Ѓорго Димоски.
Андреј Ал-Асади (1996, Лондон) дипломирал на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” (2013, Антолог), како и „Под дервишовото сиќе“ (2018, ПНВ Публикации), „Небесна геометрија“ (2019, ПНВ Публикации) и „Секој секому огледало“ (2021, ПНВ Публикации) со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат СВП. Автор е и на збирките раскази „Друго минато“, за која во 2018 г. ја доби наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите“ од „Темплум“, и „Утрото на бессоните“ (2021, Бегемот). Учествувал на повеќе поетски читања и фестивали, негови песни се преведени на повеќе јазици и застапен е во неколку антологии. Член е на платформата „Версополис“ и на организацискиот одбор на Скопскиот поетски фестивал. Модератор на разговорот е Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Настанот е дел од богатата програма на Град Скопје – европска престолнина на културата за 2028 година.  

The post Разговор со поетот Андреј Ал-Асади во библиотеката „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>
Промоција и разговор со словенечкиот писател Драго Јанчар https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-i-razgovor-so-slovenechkiot-pisatel-drago-janchar/ Mon, 18 Sep 2023 08:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=682795

Светски познатиот словенечки писател, Драго Јанчар, кој гостува во Скопје на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, вечерва во 18 часот ќе се сретне со своите читатели во книжарницата „Литература.мк“ на улица Македонија. Ќе бидат промовирани романите „Таа ноќ ја видов“ и „И љубовта“, кои се објавени на македонски јазик, во издание на „Арс ламина – публикации“.

Преводот на двата романа од словенечки јазик е на Дарко Спасов, а објавувањето е финансиски поддржано од Фондацијата „Трубар“ при Друштвото на словенечки писатели во Љубљана и од Јавната агенција за книга на Република Словенија. Разговорот со Драго Јанчар ќе го водат уредничката во издавачката куќа „Арс ламина“, Бисера Бендевска и преведувачот Дарко Спасов.

„Таа ноќ ја видов“ е првпат објавен на словенечки јазик во 2010 година. Романот опфаќа неколку години од животот и мистериозното исчезнување на Вероника Зарник, млада и убава буржујка од Љубљана, која е вшмукана од силниот вртеж на бурниот историски период. Нејзината приказна е раскажана низ призмата на пет лика, кои истовремено говорат и за себе и за турбулентните времиња во Словенија пред и за време на Втората светска војна. Тоа било време кога дури и во навидум сигурното и идилично прибежиште на дворецот на Зарник било неможно да се избегне незапирливиот налет на насилството. Романот е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, наградата „Кресник“ за најдобар роман на годината, а во 2020 е прогласен за најдобар роман, награден со истоимената награда во периодот од 2010 до 2019 („Кресник на деценијата“).

И романот „И љубовта“, објавен во оригинал во 2017, исто така е носител на наградата „Кресник“. Насловот на романот е зајмен од песна на Лорд Бајрон и претставува восхитувачка приказна за волјата и за издржливоста на човековиот дух наспроти историските совпаѓања и трагедијата. По окупацијата на Југославија од германските сили во 1941 година, словенечкиот град Марибор, град со многубројно германско малцинство низ историјата во кој се зборува и на германски јазик, е анектиран кон Третиот Рајх. Во градот преименуван како Марбург на Драва, довчерашните соседи и пријатели стануваат крвници, а низ околните ридови се организира движење на отпорот.

Драго Јанчар (1948 г.) е еден од најпознатите современи словенечки писатели, гласен политички критичар и граѓански активист. Неговите дела добиваат престижни награди, како: наградата „Прешерн“, наградата „Кресник“, наградата „Хердер“, Европската награда за литература. Неговиот драмски текст „Големиот брилијантен валцер“ е поставен во Македонскиот народен театар во Скопје (1986) и во Народниот театар во Прилеп (1990). Од 1995 година е член на Словенечката академија на науките и уметностите.

The post Промоција и разговор со словенечкиот писател Драго Јанчар appeared first on Република.

]]>

Светски познатиот словенечки писател, Драго Јанчар, кој гостува во Скопје на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, вечерва во 18 часот ќе се сретне со своите читатели во книжарницата „Литература.мк“ на улица Македонија. Ќе бидат промовирани романите „Таа ноќ ја видов“ и „И љубовта“, кои се објавени на македонски јазик, во издание на „Арс ламина – публикации“. Преводот на двата романа од словенечки јазик е на Дарко Спасов, а објавувањето е финансиски поддржано од Фондацијата „Трубар“ при Друштвото на словенечки писатели во Љубљана и од Јавната агенција за книга на Република Словенија. Разговорот со Драго Јанчар ќе го водат уредничката во издавачката куќа „Арс ламина“, Бисера Бендевска и преведувачот Дарко Спасов. „Таа ноќ ја видов“ е првпат објавен на словенечки јазик во 2010 година. Романот опфаќа неколку години од животот и мистериозното исчезнување на Вероника Зарник, млада и убава буржујка од Љубљана, која е вшмукана од силниот вртеж на бурниот историски период. Нејзината приказна е раскажана низ призмата на пет лика, кои истовремено говорат и за себе и за турбулентните времиња во Словенија пред и за време на Втората светска војна. Тоа било време кога дури и во навидум сигурното и идилично прибежиште на дворецот на Зарник било неможно да се избегне незапирливиот налет на насилството. Романот е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, наградата „Кресник“ за најдобар роман на годината, а во 2020 е прогласен за најдобар роман, награден со истоимената награда во периодот од 2010 до 2019 („Кресник на деценијата“). И романот „И љубовта“, објавен во оригинал во 2017, исто така е носител на наградата „Кресник“. Насловот на романот е зајмен од песна на Лорд Бајрон и претставува восхитувачка приказна за волјата и за издржливоста на човековиот дух наспроти историските совпаѓања и трагедијата. По окупацијата на Југославија од германските сили во 1941 година, словенечкиот град Марибор, град со многубројно германско малцинство низ историјата во кој се зборува и на германски јазик, е анектиран кон Третиот Рајх. Во градот преименуван како Марбург на Драва, довчерашните соседи и пријатели стануваат крвници, а низ околните ридови се организира движење на отпорот. Драго Јанчар (1948 г.) е еден од најпознатите современи словенечки писатели, гласен политички критичар и граѓански активист. Неговите дела добиваат престижни награди, како: наградата „Прешерн“, наградата „Кресник“, наградата „Хердер“, Европската награда за литература. Неговиот драмски текст „Големиот брилијантен валцер“ е поставен во Македонскиот народен театар во Скопје (1986) и во Народниот театар во Прилеп (1990). Од 1995 година е член на Словенечката академија на науките и уметностите.

The post Промоција и разговор со словенечкиот писател Драго Јанчар appeared first on Република.

]]>
Четири чекори за полеснa комунициja со партнерот за сексот и како да си го подобрите сексуалниот живот https://republika.mk/intima/chetiri-chekori-za-polesna-komunitsija-so-partnerot-za-seksot-i-da-si-go-podobrite-seksualniot-zhivot/ Sat, 22 Apr 2023 19:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=633090

Партнерите во една врска можат да зборуваат за речиси се, но кога ќе тема е сексот често се појавува непријатност.

Сепак, за да имате здрава врска, треба да научите отворено да зборувате со партнерот, а следниве совети ќе ви помогнат да го надминете проблемот и да си го подобрите сексуалниот живот.

1. Потсетете се на убавите мигови

Кога решаваме проблеми, честопати се фокусираме на она што не е добро и бараме решение. Обидете се да го свртите фокусот. Сетете се на сите заеднички, страсни моменти. Сетете се на што е можно повеќе детали за тоа што било добро и во коешто сте уживале.

Запрашајте се што ви се допаднало во тој момент, во што бил особено добар вашиот партнер. Ако се сетите на нешто лошо, запишете го на лист и ставете го настрана. Пресудно е да не го доживувате овој разговор како критика.

Следниот чекор е да замислите каков би можел да биде сексот. Препуштете ѝ се на вашата фантазија и избегнувајте да се соочувате со потенцијалните проблеми, така што ќе бидете опуштени и креативни.

Влезете во што е можно повеќе детали. Конечно, размислете како да го добиете тоа што го сакате.

2. Идентификувајте ги своите блокади

Обидете се да се сетите кој прв ви зборувал за секс и како. Каков став имала оваа личност за тоа? Размислете за заклучоците што сте ги донеле како млади. Ако сте жена, какви пораки добивте од мајка ви?

Ова е важно затоа што жените честопати се чувствуваат добро во сопствените тела доколку така се чувствувале и нивните мајки.

Ако сте маж, дали и какви митови за сексот сте слушнале од вашиот татко?

Конечно, зборувајте за сексот во рамките на културата во која живеете, од медиумите и сериите, до книгите и порнографијата.

Какво влијание има културата врз вашиот сексуален живот денес и дали може да објасни некои од вашите несигурности?

3. Што значи сексот за вас?

Луѓето му придаваат различни значења на сексот. За некои тоа е начин на релаксирање и ослободување стресот. За некои тоа е израз на љубов и приврзаност кон партнерот. За некои луѓе, сексот е центарот на нивниот живот, додека за другите тоа е нешто како убав бонус.

Нема точен одговор.

За секоја личност одговорот се менува, во зависност од некои фактори во животот. Проблемот е што повеќето парови сметаат дека нивниот партнер го доживува сексот на ист начин како нив.

За подобро да ги разберете меѓусебните ставови и очекувања од сексот, одговорете на следниве прашања заедно. Само кога ќе одговорите на сите прашања ќе можете да ги споредите одговорите:

Кога размислувате за љубовта, кои три зборови прво ви паѓаат на ум?

Кога размислувате за секс, кои три зборови прво ви паѓаат на ум?

Просечно, во еден месец, колку често сакате да имате секс?

Просечно, во еден месец, колку често мислите дека вашиот партнер сака да има секс?

4. Разговарајте за она што навистина го сакате

Сега сте подготвени да ја направите промената. Последниот чекор е да бидете специфични за тоа што навистина го сакате во сексот.

Честопати зборуваме општо и поаради тоа може да бидеме погрешно разбрани, како да не сме кажале ништо.

Наместо само да кажете дека сакате подолга предигра, кажете поконкретно колку долго, каде и како.

Исто така, наместо да кажете дека сакате партнерот да се труди повеќе, кажете конкретно дека, на пример, сакате да носи заводлива долна облека.

Секој чекор ќе ви помогне да го промените начинот на кој зборувате за сексот. Зборувањето за сексот не е лесно, но во повеќето случаи партнерите доаѓаат со повеќе сличности отколку разлики.

The post Четири чекори за полеснa комунициja со партнерот за сексот и како да си го подобрите сексуалниот живот appeared first on Република.

]]>

Партнерите во една врска можат да зборуваат за речиси се, но кога ќе тема е сексот често се појавува непријатност. Сепак, за да имате здрава врска, треба да научите отворено да зборувате со партнерот, а следниве совети ќе ви помогнат да го надминете проблемот и да си го подобрите сексуалниот живот.

1. Потсетете се на убавите мигови

Кога решаваме проблеми, честопати се фокусираме на она што не е добро и бараме решение. Обидете се да го свртите фокусот. Сетете се на сите заеднички, страсни моменти. Сетете се на што е можно повеќе детали за тоа што било добро и во коешто сте уживале. Запрашајте се што ви се допаднало во тој момент, во што бил особено добар вашиот партнер. Ако се сетите на нешто лошо, запишете го на лист и ставете го настрана. Пресудно е да не го доживувате овој разговор како критика. Следниот чекор е да замислите каков би можел да биде сексот. Препуштете ѝ се на вашата фантазија и избегнувајте да се соочувате со потенцијалните проблеми, така што ќе бидете опуштени и креативни. Влезете во што е можно повеќе детали. Конечно, размислете како да го добиете тоа што го сакате.

2. Идентификувајте ги своите блокади

Обидете се да се сетите кој прв ви зборувал за секс и како. Каков став имала оваа личност за тоа? Размислете за заклучоците што сте ги донеле како млади. Ако сте жена, какви пораки добивте од мајка ви? Ова е важно затоа што жените честопати се чувствуваат добро во сопствените тела доколку така се чувствувале и нивните мајки. Ако сте маж, дали и какви митови за сексот сте слушнале од вашиот татко? Конечно, зборувајте за сексот во рамките на културата во која живеете, од медиумите и сериите, до книгите и порнографијата. Какво влијание има културата врз вашиот сексуален живот денес и дали може да објасни некои од вашите несигурности?

3. Што значи сексот за вас?

Луѓето му придаваат различни значења на сексот. За некои тоа е начин на релаксирање и ослободување стресот. За некои тоа е израз на љубов и приврзаност кон партнерот. За некои луѓе, сексот е центарот на нивниот живот, додека за другите тоа е нешто како убав бонус. Нема точен одговор. За секоја личност одговорот се менува, во зависност од некои фактори во животот. Проблемот е што повеќето парови сметаат дека нивниот партнер го доживува сексот на ист начин како нив. За подобро да ги разберете меѓусебните ставови и очекувања од сексот, одговорете на следниве прашања заедно. Само кога ќе одговорите на сите прашања ќе можете да ги споредите одговорите: Кога размислувате за љубовта, кои три зборови прво ви паѓаат на ум? Кога размислувате за секс, кои три зборови прво ви паѓаат на ум? Просечно, во еден месец, колку често сакате да имате секс? Просечно, во еден месец, колку често мислите дека вашиот партнер сака да има секс?

4. Разговарајте за она што навистина го сакате

Сега сте подготвени да ја направите промената. Последниот чекор е да бидете специфични за тоа што навистина го сакате во сексот. Честопати зборуваме општо и поаради тоа може да бидеме погрешно разбрани, како да не сме кажале ништо. Наместо само да кажете дека сакате подолга предигра, кажете поконкретно колку долго, каде и како. Исто така, наместо да кажете дека сакате партнерот да се труди повеќе, кажете конкретно дека, на пример, сакате да носи заводлива долна облека. Секој чекор ќе ви помогне да го промените начинот на кој зборувате за сексот. Зборувањето за сексот не е лесно, но во повеќето случаи партнерите доаѓаат со повеќе сличности отколку разлики.

The post Четири чекори за полеснa комунициja со партнерот за сексот и како да си го подобрите сексуалниот живот appeared first on Република.

]]>
Промоција на публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ и разговор со авторот Ѕвездан Георгиевски https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-publikatsijata-kulturnoto-dejstvuvane-na-grad-skopje-i-opshtina-tsentar-i-razgovor-so-avtorot-zvezdan-georgievski/ Fri, 03 Feb 2023 08:42:26 +0000 https://republika.mk/?p=603424

Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, 3 февруари (петок), со почеток во 10. 30 часот, во КСП Центар Јадро, организира промоција на публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ во авторство на новинарот и уредник Ѕвездан Георгиевски.

Разговорот за културната понуда и можностите за културно дејствување овозможени од страна на Град Скопје и Општина ќе го водат авторот, Ѕвездан Георгиевски, и уредникот на публикацијата, Никола Гелевски.

Публикацијата ги анализира културните политики на Градот Скопје и Општина Центар, земајќи ги како типични примери на двата различни, ама најчесто применувани принципа на финансирањето на вонинституционалната култура од јавни, односно буџетски пари во нашата држава за 2021 и 2022 година.

The post Промоција на публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ и разговор со авторот Ѕвездан Георгиевски appeared first on Република.

]]>

Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, 3 февруари (петок), со почеток во 10. 30 часот, во КСП Центар Јадро, организира промоција на публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ во авторство на новинарот и уредник Ѕвездан Георгиевски. Разговорот за културната понуда и можностите за културно дејствување овозможени од страна на Град Скопје и Општина ќе го водат авторот, Ѕвездан Георгиевски, и уредникот на публикацијата, Никола Гелевски. Публикацијата ги анализира културните политики на Градот Скопје и Општина Центар, земајќи ги како типични примери на двата различни, ама најчесто применувани принципа на финансирањето на вонинституционалната култура од јавни, односно буџетски пари во нашата држава за 2021 и 2022 година.

The post Промоција на публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ и разговор со авторот Ѕвездан Георгиевски appeared first on Република.

]]>
Телефонски разговор Путин – Шолц https://republika.mk/vesti/svet/telefonski-razgovor-putin-sholc/ Fri, 13 May 2022 11:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=501892

Кремљ денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц „ги презентирал логиката и основните задачи на руската операција во Украина“.

Владимир Путин детално ги наведе логиката и главните задачи на специјалната воена операција за заштита на народните републики во Донбас, а зборуваше и за мерките преземени за обезбедување на безбедноста на цивилното население, се наведува во соопштението на Кремљ.

Путин, според Кремљ, го информирал Шолц и за учеството на претставници на ОН и на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во евакуацијата на цивили од челичарницата Азовстал во Мариупол.

The post Телефонски разговор Путин – Шолц appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц „ги презентирал логиката и основните задачи на руската операција во Украина“. Владимир Путин детално ги наведе логиката и главните задачи на специјалната воена операција за заштита на народните републики во Донбас, а зборуваше и за мерките преземени за обезбедување на безбедноста на цивилното население, се наведува во соопштението на Кремљ. Путин, според Кремљ, го информирал Шолц и за учеството на претставници на ОН и на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во евакуацијата на цивили од челичарницата Азовстал во Мариупол.

The post Телефонски разговор Путин – Шолц appeared first on Република.

]]>
Двочасовен телефонски разговор Путин – Макрон https://republika.mk/vesti/svet/dvochasoven-telefonski-razgovor-putin-makron/ Tue, 03 May 2022 15:06:03 +0000 https://republika.mk/?p=496981

Во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, претседателот на Русиоја, Владимир Путин, порачал дека Западот треба да престане да испраќа оружје во Украина.

Според соопштението од Кремљ, зборувајќи за војната, Путин рекол дека „Западот би можел да ги запре овие страотни случувања со соодветно влијание врз властите во Киев, како и со прекинување на испораката на оружје за Украина“.

Путин ги обвинил украинските сили за воени злосторства кои Европската Унија ги „игнорира“.

Рускиот претседател додал дека „и покрај некохерентноста и неподготвеноста на Киев за сериозна работа во преговорите, руската страна е секогаш отворена за дијалог“ со цел да се најде решение за конфликтот.

Одговарајќи на загриженоста на Франција за безбедноста на снабдувањето со храна во светот, Путин порача дека „ситуацијата во врска со тоа е комплицирана главно од западните санкции против Русија - се вели во соопштението.

Односите меѓу Франција и Русија се многу затегнати поради руската воена операција во Украина, која почна на 24 февруари. И покрај кризата, Макрон разговарал со Путин неколку пати пред и по почетокот на руската инвазија во неуспешен обид да се најде решение, коментираат француските медиуми.

Овој последен разговор траел околу два часа.

The post Двочасовен телефонски разговор Путин – Макрон appeared first on Република.

]]>

Во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, претседателот на Русиоја, Владимир Путин, порачал дека Западот треба да престане да испраќа оружје во Украина. Според соопштението од Кремљ, зборувајќи за војната, Путин рекол дека „Западот би можел да ги запре овие страотни случувања со соодветно влијание врз властите во Киев, како и со прекинување на испораката на оружје за Украина“. Путин ги обвинил украинските сили за воени злосторства кои Европската Унија ги „игнорира“. Рускиот претседател додал дека „и покрај некохерентноста и неподготвеноста на Киев за сериозна работа во преговорите, руската страна е секогаш отворена за дијалог“ со цел да се најде решение за конфликтот.
Одговарајќи на загриженоста на Франција за безбедноста на снабдувањето со храна во светот, Путин порача дека „ситуацијата во врска со тоа е комплицирана главно од западните санкции против Русија - се вели во соопштението.
Односите меѓу Франција и Русија се многу затегнати поради руската воена операција во Украина, која почна на 24 февруари. И покрај кризата, Макрон разговарал со Путин неколку пати пред и по почетокот на руската инвазија во неуспешен обид да се најде решение, коментираат француските медиуми. Овој последен разговор траел околу два часа.

The post Двочасовен телефонски разговор Путин – Макрон appeared first on Република.

]]>
Макрон и Шолц повикале на итен прекин на огнот, Путин побарал да извршат притисок на Украина https://republika.mk/vesti/svet/makron-i-sholc-povikale-na-iten-prekin-na-ognot-putin-pobaral-da-izvrshat-pritisok-na-ukraina/ Sat, 12 Mar 2022 17:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=471825

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги обвинил украинските сили за грубо кршење на хуманитарното право, повикувајќи ги францускиот колега Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц да извршат притисок на Киев.

Путин, во телефонски разговор со Макрон и Шолц, навел бројни примери на грубо кршење на нормите на меѓународното хуманитарно право од страна на украинската војска, наведено е во соопштението на Кремљ.

Меѓу нив се "вонсудските пресметувања со неистомисленици, земање на заложници и користење на цивилно население како жив штит, распоредување на тешко вооружување во станбени квартови, покрај болници, училишта, градинки", наведено е во соопштението.

Тој исто така ги обвинил украинските националистички баталјони дека систематски ги попречуваат операциите за спасување на жителите и ги заплашуваат цивилите при обидите за евакуација.

Владимир Путин ги повикал Емануел Макрон и Олаф Шолц да влијаат на киевските власти да стават точка на овие злосторнички акции“, додал Кремљ.

Макрон и Шолц повикале на итен прекин на огнот во Украина.

Канцеларијата на Шолц соопштила дека 75-минутниот разговор бил дел од тековните меѓународни напори да се стави крај на војната во Украина.

Во соопштението се наведува дека лидерите на Германија и Франција го повикале Путин да започне процес за пронаоѓање на дипломатско решение за судирот.

Други детали од разговорот не се соопштени.

The post Макрон и Шолц повикале на итен прекин на огнот, Путин побарал да извршат притисок на Украина appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги обвинил украинските сили за грубо кршење на хуманитарното право, повикувајќи ги францускиот колега Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц да извршат притисок на Киев.
Путин, во телефонски разговор со Макрон и Шолц, навел бројни примери на грубо кршење на нормите на меѓународното хуманитарно право од страна на украинската војска, наведено е во соопштението на Кремљ.
Меѓу нив се "вонсудските пресметувања со неистомисленици, земање на заложници и користење на цивилно население како жив штит, распоредување на тешко вооружување во станбени квартови, покрај болници, училишта, градинки", наведено е во соопштението.
Тој исто така ги обвинил украинските националистички баталјони дека систематски ги попречуваат операциите за спасување на жителите и ги заплашуваат цивилите при обидите за евакуација.
Владимир Путин ги повикал Емануел Макрон и Олаф Шолц да влијаат на киевските власти да стават точка на овие злосторнички акции“, додал Кремљ.
Макрон и Шолц повикале на итен прекин на огнот во Украина. Канцеларијата на Шолц соопштила дека 75-минутниот разговор бил дел од тековните меѓународни напори да се стави крај на војната во Украина. Во соопштението се наведува дека лидерите на Германија и Франција го повикале Путин да започне процес за пронаоѓање на дипломатско решение за судирот. Други детали од разговорот не се соопштени.

The post Макрон и Шолц повикале на итен прекин на огнот, Путин побарал да извршат притисок на Украина appeared first on Република.

]]>