Ратко Младиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/ratko-mladikj/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 07:57:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ратко Младиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/ratko-mladikj/ 32 32 Ратко Младиќ е на смртна постела, се бара да се прати во Србија на лечење https://republika.mk/vesti/balkan/ratko-mladik-e-na-smrtna-postela-se-bara-da-se-prati-vo-srbija-na-lechene/ Fri, 10 May 2024 08:33:24 +0000 https://republika.mk/?p=776611

Адвокатите на Ратко Младиќ, кој издржува затворска казна во Хаг, од здравствени причини бараат итно ослободување.неговата здравствена состојба е лоша и потенцијално опасна по живот, а неговите адвокати бараат Младиќ да биде пуштен на лекување во Србија, пренесува Ројтерс.

Неговиот син Дарко побара тој итно да биде донесен во Србија на лечење.

Како што е веќе познато, Ратко Младиќ боледува од когнитивно оштетување и оваа година најмалку два пати беше хоспитализиран

Според неговите адвокати, Младиќ може да добие специјален третман во Србија поради неговата болест, а преместувањето исто така би ги отстранило јазичните бариери кои предизвикуваат тешкотии во комуникацијата.

Засега не се знае кога по ова барање ќе одлучуваат судиите на ММКС кои се занимаваат со случајот на Младиќ.

Да потсетиме, тим лекари од Република Српска во февруари ја извршија првата медицинска евалуација на генералот Ратко Младиќ, со цел да се добие прецизен увид за неговата здравствена состојба.

Ѓајиќ истакна дека причината за посетата е чисто медицинска, без политичка конотација, спротивно на толкувањата на некои медиуми.

The post Ратко Младиќ е на смртна постела, се бара да се прати во Србија на лечење appeared first on Република.

]]>

Адвокатите на Ратко Младиќ, кој издржува затворска казна во Хаг, од здравствени причини бараат итно ослободување.неговата здравствена состојба е лоша и потенцијално опасна по живот, а неговите адвокати бараат Младиќ да биде пуштен на лекување во Србија, пренесува Ројтерс.

Неговиот син Дарко побара тој итно да биде донесен во Србија на лечење.

Како што е веќе познато, Ратко Младиќ боледува од когнитивно оштетување и оваа година најмалку два пати беше хоспитализиран Според неговите адвокати, Младиќ може да добие специјален третман во Србија поради неговата болест, а преместувањето исто така би ги отстранило јазичните бариери кои предизвикуваат тешкотии во комуникацијата. Засега не се знае кога по ова барање ќе одлучуваат судиите на ММКС кои се занимаваат со случајот на Младиќ. Да потсетиме, тим лекари од Република Српска во февруари ја извршија првата медицинска евалуација на генералот Ратко Младиќ, со цел да се добие прецизен увид за неговата здравствена состојба. Ѓајиќ истакна дека причината за посетата е чисто медицинска, без политичка конотација, спротивно на толкувањата на некои медиуми.

The post Ратко Младиќ е на смртна постела, се бара да се прати во Србија на лечење appeared first on Република.

]]>
Лекари од Република Српска пуштени во Хаг да го прегледаат генерал Ратко Младиќ https://republika.mk/vesti/balkan/lekari-od-republika-srpska-pushteni-vo-hag-da-go-pregledaat-general-ratko-mladik/ Tue, 20 Feb 2024 20:42:42 +0000 https://republika.mk/?p=746295

Тим лекари од Универзитетскиот клинички центар на Република Српска пристигна во Хаг, каде што в среда треба да го прегледаат генералот Ратко Младиќ.

Лекарскиот тим од Република Српска треба да ја утврди здравствената состојба на генерал Младиќ и да предложи соодветна терапија.

Во тимот од Клиничкиот центар се Милан Стојаковиќ, Никола Шобот и Синиша Миљковиќ.

За семејството на Младиќ, како што велат, ова ќе биде многу значајно, меѓу другото, бидејќи лекарите ќе комуницираат со него на мајчин јазик, пренесуваат медиумите во Република Српска.

The post Лекари од Република Српска пуштени во Хаг да го прегледаат генерал Ратко Младиќ appeared first on Република.

]]>

Тим лекари од Универзитетскиот клинички центар на Република Српска пристигна во Хаг, каде што в среда треба да го прегледаат генералот Ратко Младиќ. Лекарскиот тим од Република Српска треба да ја утврди здравствената состојба на генерал Младиќ и да предложи соодветна терапија. Во тимот од Клиничкиот центар се Милан Стојаковиќ, Никола Шобот и Синиша Миљковиќ. За семејството на Младиќ, како што велат, ова ќе биде многу значајно, меѓу другото, бидејќи лекарите ќе комуницираат со него на мајчин јазик, пренесуваат медиумите во Република Српска.

The post Лекари од Република Српска пуштени во Хаг да го прегледаат генерал Ратко Младиќ appeared first on Република.

]]>
Состојбата му е лоша: Ратко Младиќ им верува само на лекарите од Република Српска https://republika.mk/vesti/balkan/sosjbata-mu-e-losha-ratko-mladik-im-veruva-samo-na-lekarite-od-republika-srpska/ Thu, 15 Feb 2024 21:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=744419

Тим лекари од Универзитетскиот клинички центар на Република Српска неодамна добија дозвола да го прегледаат генералот Ратко Младиќ, кој таму издржува доживотна казна затвор

Здравствената состојба  веќе некое време се влошувала, а во јануари му бил вграден пејсмејкер.Генералот Младиќ конкретно побара тој да биде прегледан од лекари од Република Српска, чиј мајчин јазик е српскиот.

Дарко Младиќ, синот на генералот Младиќ, истакна дека присуството на српските лекари е клучно поради бројните приговори за работата на холандските лекари, како и поради немањето соодветна документација за здравствената состојба на неговиот татко.

– Имавме многу замерки за работата на холандските лекари и важно е нашите лекари да одат таму, бидејќи не ја добиваме документацијата на адекватен начин. Татко ми веќе долго време е прилично слаб. Има сериозни здравствени проблеми, не му е лесно. Не се жали бидејќи таков е генерално по карактерот, но јасно е дека му е тешко. Најважно е лекарите да видат каква е реалната состојба и да видат дали може да се дадат предлози и што треба да се промени во пристапот и методологијата. Очекувам да бидат целосно професионални во работата – вели Дарко Младиќ

The post Состојбата му е лоша: Ратко Младиќ им верува само на лекарите од Република Српска appeared first on Република.

]]>

Тим лекари од Универзитетскиот клинички центар на Република Српска неодамна добија дозвола да го прегледаат генералот Ратко Младиќ, кој таму издржува доживотна казна затвор Здравствената состојба  веќе некое време се влошувала, а во јануари му бил вграден пејсмејкер.Генералот Младиќ конкретно побара тој да биде прегледан од лекари од Република Српска, чиј мајчин јазик е српскиот. Дарко Младиќ, синот на генералот Младиќ, истакна дека присуството на српските лекари е клучно поради бројните приговори за работата на холандските лекари, како и поради немањето соодветна документација за здравствената состојба на неговиот татко.
– Имавме многу замерки за работата на холандските лекари и важно е нашите лекари да одат таму, бидејќи не ја добиваме документацијата на адекватен начин. Татко ми веќе долго време е прилично слаб. Има сериозни здравствени проблеми, не му е лесно. Не се жали бидејќи таков е генерално по карактерот, но јасно е дека му е тешко. Најважно е лекарите да видат каква е реалната состојба и да видат дали може да се дадат предлози и што треба да се промени во пристапот и методологијата. Очекувам да бидат целосно професионални во работата – вели Дарко Младиќ

The post Состојбата му е лоша: Ратко Младиќ им верува само на лекарите од Република Српска appeared first on Република.

]]>
Едната кренала три прста, другата го споделила Ратко Младиќ: ОЈО отвори случај против две студентки од БиХ https://republika.mk/vesti/balkan/ednata-krenala-tri-prsta-drugata-go-spodelila-ratko-mladik-ojo-otvori-sluchaj-protiv-dve-studentki-od-bih/ Thu, 13 Jul 2023 11:50:04 +0000 https://republika.mk/?p=660901

Обвинителството на Босна и Херцеговина отвори случај против две студентки на Факултетот за криминологија, криминологија и безбедносни студии во Сараево, под обвинение дека на денот на одбележувањето на 28-годишнината од геноцидот во Сребреница величеле осудени воени злосторници и ширеле меѓуетничка омраза.

Оформивме случај и го известивме Обвинителството на Босна и Херцеговина. Дежурниот обвинител се изјасни и ја оквалификуваше пријавата како кривично дело предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост од член 145а од Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, изјави портпаролката на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ.

Студентките биле пријавени во Министерството откако една од нив во маица со ликот на четничкиот војвода Митар Максимовиќ на Инстаграм подигнала три прста, додека другата објавила фотографија од воениот командант на Армијата на РС, Ратко Младиќ, на која е напишан текстот „Осуден на бесмртност. Ти беше и ќе останеш наш херој“.

Наводно, на дадената содржина реагирале некои нивни колеги од факултетот.

Поради објава на мрежите, приведен е Бошњак од Сребреница, осомничен за загрозување на безбедноста.

Полициската управа Зворник соопшти дека полицијата во Сребреница вчера го уапсила Мирсад Омеровиќ поради сомнение дека сторил кривично дело загрозување на безбедноста. Од Полициската управа е наведено дека Омеровиќ на една социјална мрежа „објавил закана на национална и верска основа“.

The post Едната кренала три прста, другата го споделила Ратко Младиќ: ОЈО отвори случај против две студентки од БиХ appeared first on Република.

]]>

Обвинителството на Босна и Херцеговина отвори случај против две студентки на Факултетот за криминологија, криминологија и безбедносни студии во Сараево, под обвинение дека на денот на одбележувањето на 28-годишнината од геноцидот во Сребреница величеле осудени воени злосторници и ширеле меѓуетничка омраза.
Оформивме случај и го известивме Обвинителството на Босна и Херцеговина. Дежурниот обвинител се изјасни и ја оквалификуваше пријавата како кривично дело предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост од член 145а од Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, изјави портпаролката на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ.
Студентките биле пријавени во Министерството откако една од нив во маица со ликот на четничкиот војвода Митар Максимовиќ на Инстаграм подигнала три прста, додека другата објавила фотографија од воениот командант на Армијата на РС, Ратко Младиќ, на која е напишан текстот „Осуден на бесмртност. Ти беше и ќе останеш наш херој“. Наводно, на дадената содржина реагирале некои нивни колеги од факултетот. Поради објава на мрежите, приведен е Бошњак од Сребреница, осомничен за загрозување на безбедноста. Полициската управа Зворник соопшти дека полицијата во Сребреница вчера го уапсила Мирсад Омеровиќ поради сомнение дека сторил кривично дело загрозување на безбедноста. Од Полициската управа е наведено дека Омеровиќ на една социјална мрежа „објавил закана на национална и верска основа“.

The post Едната кренала три прста, другата го споделила Ратко Младиќ: ОЈО отвори случај против две студентки од БиХ appeared first on Република.

]]>
Карла Дел Понте тврдела дека Ратко Младиќ се крие во Македонија: Павле Трајанов ѝ објаснил оти имаат информација каде е, но дека не е кај нас https://republika.mk/vesti/makedonija/karla-del-ponte-tvrdela-deka-ratko-mladik-se-krie-vo-makedonija-trajanov-objasnil-oti-imaat-informatsija-kade-e-no-deka-ne-e-kaj-nas/ Mon, 12 Jun 2023 12:35:46 +0000 https://republika.mk/?p=650496

Павле Трајанов во интервјуто на „Република“, кое во целост ќе биде објавено утре проговори за искуството што го имал како поранешен министер за внатрешни работи со Карла Дел Понте која долги години беше главна обвинителка на Хашкиот трибинал.

Дел Понте во својата книга „Обвинителка во лов“ ја опишува средбата што ја имала со Трајанов во Скопје во 1999 година. Дел Понте тврдела дека има информации оти во Македонија се крие Ратко Младиќ. Трајанов во интервјуто. објаснува дека тоа не било точно, иако имале точни сознанија каде е Младиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=udbQ_K5unxA

Колку што се сеќавам беа заедно со Весли Кларк.Таа се интересираше но тоа не беше апсолутно точно. За Ратко Младиќ имавме точна информации каде е но оти не е во Македонија.Јас презентирав дека Младиќ ја напуштил, дека во неговиот стан седи припадник на државната безбедност и оти апсолутно не се точни информациите дека ние го обезбедување и го чуваме.Тоа беше сосема погрешна информација.За жал тие имаа погрешни или провокативни информации да се сврти вниманието од другите настани.Македонија тогаш беше главен сојузник на НАТО-објаснува Трајанов во интервјуто за „Република“.

The post Карла Дел Понте тврдела дека Ратко Младиќ се крие во Македонија: Павле Трајанов ѝ објаснил оти имаат информација каде е, но дека не е кај нас appeared first on Република.

]]>

Павле Трајанов во интервјуто на „Република“, кое во целост ќе биде објавено утре проговори за искуството што го имал како поранешен министер за внатрешни работи со Карла Дел Понте која долги години беше главна обвинителка на Хашкиот трибинал. Дел Понте во својата книга „Обвинителка во лов“ ја опишува средбата што ја имала со Трајанов во Скопје во 1999 година. Дел Понте тврдела дека има информации оти во Македонија се крие Ратко Младиќ. Трајанов во интервјуто. објаснува дека тоа не било точно, иако имале точни сознанија каде е Младиќ. https://www.youtube.com/watch?v=udbQ_K5unxA
Колку што се сеќавам беа заедно со Весли Кларк.Таа се интересираше но тоа не беше апсолутно точно. За Ратко Младиќ имавме точна информации каде е но оти не е во Македонија.Јас презентирав дека Младиќ ја напуштил, дека во неговиот стан седи припадник на државната безбедност и оти апсолутно не се точни информациите дека ние го обезбедување и го чуваме.Тоа беше сосема погрешна информација.За жал тие имаа погрешни или провокативни информации да се сврти вниманието од другите настани.Македонија тогаш беше главен сојузник на НАТО-објаснува Трајанов во интервјуто за „Република“.

The post Карла Дел Понте тврдела дека Ратко Младиќ се крие во Македонија: Павле Трајанов ѝ објаснил оти имаат информација каде е, но дека не е кај нас appeared first on Република.

]]>
Ратко Младиќ во лоша здравствена состојба, хоспитализиран е во Хаг https://republika.mk/vesti/balkan/ratko-mladikj-vo-losha-zdravstvena-sostojba-hospitaliziran-e-vo-hag/ Sun, 11 Sep 2022 16:03:49 +0000 https://republika.mk/?p=549784

Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој отслужува доживотна казна затвор во Хаг за воени злосторства, е хоспитализиран и е во „лоша здравствена состојба“, изјави неговиот син Дарко Младиќ за АФП.

Дарко Младиќ во кус телефонски разговор за Франс прес во Белград ја потврди информацијата за локалните медиуми. Тој им кажал дека поранешниот генерал е хоспитализиран поради неговата кревка здравствена состојба. Прво беше во цивилната болница во Хаг, а од четвртокот е во затворската здравствена установа на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (MTPI) со седиште во Хаг.

Неговото здравје е лошо. Во Србија е подготвен тим од лекари кои би можеле да одат да го видат, но сè уште не знаеме дали ќе им биде дозволено. Ќе побараме дозвола овие лекари да го прегледаат“, изјави Младиќ за АФП.

На прашањето на АФП да ја коментира информацијата, службите на МТПИ одговориле дека „не можат да коментираат за здравствената состојба на уапсениот бидејќи се работи за доверливи информации“.

The post Ратко Младиќ во лоша здравствена состојба, хоспитализиран е во Хаг appeared first on Република.

]]>

Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој отслужува доживотна казна затвор во Хаг за воени злосторства, е хоспитализиран и е во „лоша здравствена состојба“, изјави неговиот син Дарко Младиќ за АФП. Дарко Младиќ во кус телефонски разговор за Франс прес во Белград ја потврди информацијата за локалните медиуми. Тој им кажал дека поранешниот генерал е хоспитализиран поради неговата кревка здравствена состојба. Прво беше во цивилната болница во Хаг, а од четвртокот е во затворската здравствена установа на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (MTPI) со седиште во Хаг.
Неговото здравје е лошо. Во Србија е подготвен тим од лекари кои би можеле да одат да го видат, но сè уште не знаеме дали ќе им биде дозволено. Ќе побараме дозвола овие лекари да го прегледаат“, изјави Младиќ за АФП.
На прашањето на АФП да ја коментира информацијата, службите на МТПИ одговориле дека „не можат да коментираат за здравствената состојба на уапсениот бидејќи се работи за доверливи информации“.

The post Ратко Младиќ во лоша здравствена состојба, хоспитализиран е во Хаг appeared first on Република.

]]>
Случајност или не: Дарија Дугина е убиена на ист начин како ќерката на Ратко Младиќ https://republika.mk/vesti/balkan/sluchajnost-ili-ne-darija-dugina-e-ubiena-na-ist-nachin-kako-kjerkata-na-ratko-mladikj/ Mon, 29 Aug 2022 17:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=545388

Дарија Дугина (30), ќерката на влијателниот руски филозоф Александар Дугин, кого го нарекуваат мозокот на Путин, загина во експлозија на автомобил во близина на Москва Таа била во автомобилот на нејзиниот татко, кој денеска го возел друг автомобил, а се сомнева дека цел бил или самиот Дугин или дури и двајцата.

Овој случај многумина потсети на мистериозната смрт на Ана Младиќ, ќерка на воениот командант на Република Српска, Ратко Младиќ. Синот на Младиќ, Дарко во интервју за српски Телеграф изјави дека неговата сестра не се самоубила, како што стои во официјалната верзија, туку дека била убиена за генералот да не го освои Горажде.

The post Случајност или не: Дарија Дугина е убиена на ист начин како ќерката на Ратко Младиќ appeared first on Република.