раст Archives - Република https://republika.mk/tema/rast/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 08:09:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png раст Archives - Република https://republika.mk/tema/rast/ 32 32 Светска Банка: Македонија годинава со најнизок раст во регионот, од само 1,8% https://republika.mk/vesti/ekonomija/svetska-banka-makedonija-godinava-so-najnizok-rast-vo-regionot-od-samo-1-8/ Fri, 18 Oct 2024 08:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=828326

Македонија според извештајот на Светска банка (СБ) годинава ќе биде со најмал економски раст од земјите на Западен Балкан.
Според СБ, Македонија ќе ја заврши годинава со раст од само 1,8 наместо проектираните 2,5% напролет.
Светската банка очекува економскиот раст за следната година да биде на ниво од 2,7 отсто, со услови да се реализираат капиталните инвестиции на државата, да продолжи потрошувачката на домаќинствата, но и доколку се подобри извозот на државата.

Оваа меѓународна финансиска институција предвидува дека инфлацијата во следната година ќе биде на ниво од три отсто, во долгорочен просек 2 отсто. Сепак економистите предупредуваат дека земјава ќе се соочи со огромни ризици, спопред нив тоа се – ниската продуктивност, неефикасното распоредување на капиталот и слабата надворешна побарувачка, надополнети со ограничен фискален простор и зголемени фискални ризици во услови на високи каматни стапки кои претставуваат опасност за економскиот раст.

Во однос на јавниот долг, банкарите само ја потврдија загрижувачката состојба – тој веќе достигна 62% од БДПто, а тое според нив е одраз на лошата ефикасност на трошењето на јавните пари и слабата фискална дисциплина. Од Светска банка велат дека фискалниот дефицит и јавниот долг остануваат зголемени на среден рок поради повисоките задолжителни трошења и зголемување на фискалните ризици поврзани со заостанатите долгови, пензиите и финансиските трошоци пред локалните избори.

Заедничкиот економски раст во земјите од Западен Балкан, пак, се очекува да достигне 3,7%, но регионот мора да усвои структурни реформи вклучувајќи ги и тие во Планост за раст на ЕУ.

Раст на БДП 2024

Македонија 1,8%

Босна и Херцеговина 2,8%

Албанија 3,3%

Црна Гора 3,4%

Косово 3,8%

Србија 3,8%

 

 

The post Светска Банка: Македонија годинава со најнизок раст во регионот, од само 1,8% appeared first on Република.

]]>

Македонија според извештајот на Светска банка (СБ) годинава ќе биде со најмал економски раст од земјите на Западен Балкан. Според СБ, Македонија ќе ја заврши годинава со раст од само 1,8 наместо проектираните 2,5% напролет. Светската банка очекува економскиот раст за следната година да биде на ниво од 2,7 отсто, со услови да се реализираат капиталните инвестиции на државата, да продолжи потрошувачката на домаќинствата, но и доколку се подобри извозот на државата. Оваа меѓународна финансиска институција предвидува дека инфлацијата во следната година ќе биде на ниво од три отсто, во долгорочен просек 2 отсто. Сепак економистите предупредуваат дека земјава ќе се соочи со огромни ризици, спопред нив тоа се – ниската продуктивност, неефикасното распоредување на капиталот и слабата надворешна побарувачка, надополнети со ограничен фискален простор и зголемени фискални ризици во услови на високи каматни стапки кои претставуваат опасност за економскиот раст. Во однос на јавниот долг, банкарите само ја потврдија загрижувачката состојба – тој веќе достигна 62% од БДПто, а тое според нив е одраз на лошата ефикасност на трошењето на јавните пари и слабата фискална дисциплина. Од Светска банка велат дека фискалниот дефицит и јавниот долг остануваат зголемени на среден рок поради повисоките задолжителни трошења и зголемување на фискалните ризици поврзани со заостанатите долгови, пензиите и финансиските трошоци пред локалните избори. Заедничкиот економски раст во земјите од Западен Балкан, пак, се очекува да достигне 3,7%, но регионот мора да усвои структурни реформи вклучувајќи ги и тие во Планост за раст на ЕУ. Раст на БДП 2024 Македонија 1,8% Босна и Херцеговина 2,8% Албанија 3,3% Црна Гора 3,4% Косово 3,8% Србија 3,8%    

The post Светска Банка: Македонија годинава со најнизок раст во регионот, од само 1,8% appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Предвидени се пари за раст на платите во јавната администрација за наредната година https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-predvideni-se-pari-za-rast-na-platite-vo-javnata-administratsija-za-narednata-godina/ Tue, 24 Sep 2024 10:05:57 +0000 https://republika.mk/?p=819239

Раст да платите во јавната администрација се предвидени за идната година, во тек е подготовка на работна верзија која наредниот ќе треба да ги помине сите процедури, најави премиерот Христијан Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

Повисоки плати ќе има и во образованието и во други институции, долговите се враќаат, изјави претседедаелот на Владата, одговарајќи на новинарски прашања.

Ќе има, предвидено е и тоа во рамките на буџетот имаме една работна верзија којашто ја досредуваме во периодот којшто следи, оваа недела би требало да ја доуредиме и почетокот на следната. И очекувам веќе следната недела да се најде на владина седница ова предлог верзија на буџетот за следната година, па потоа нормално како што е редот и процедурите да се најде пред пратениците во македонското собрание. Така што предвидени се раст на платите и во рамките на образованието и во други институции во зависност од можностите. Очекувам консолидирањето на заврши до крајот на годината, веќе голем дел од долговите полека, но сигурно се враќаат, полека, сметката на Владата излегува од онаа негативно салдо коешто го наследивме - изјави Мицкоски.

Тој потсети дека сметката на Владата на 24 јуни годинава била околу минус дванаесет милијарди денари, минус 200 милиони евра и сега како што посочи се приближува кон позитивна нула и очекува веќе од октомври да биде плус, бидејќи дел од долговите се враќаат и како што нагласи, заборавените обврски се исполнуваат.

Можам да ви кажам еве денеска, пред да дојдам тука имав состанок со директорот на поранешна ЕЛЕМ, денешна ЕСМ, таму некаде долгувањата се околу пет милијарди, некако ова петка им станувала заштитен знак, пет милијарди долгови за пензионерите, пет милијарди фондот за здравство, пет милијарди ЕСМ итн., итн. Долгови се таложеле, пари се калапеле во приватни џебови. Отприлика,таа е реалноста што ја наследивме. Но, нема кукање, нема жалење, затоа ја добивме довербата од граѓаните жестоко да работиме и да излеземе од ова мочуриште коешто го наследивме и конечно да влеземе во процес на развој и на проекти - рече премиерот.

The post Мицкоски: Предвидени се пари за раст на платите во јавната администрација за наредната година appeared first on Република.

]]>

Раст да платите во јавната администрација се предвидени за идната година, во тек е подготовка на работна верзија која наредниот ќе треба да ги помине сите процедури, најави премиерот Христијан Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“. Повисоки плати ќе има и во образованието и во други институции, долговите се враќаат, изјави претседедаелот на Владата, одговарајќи на новинарски прашања.
Ќе има, предвидено е и тоа во рамките на буџетот имаме една работна верзија којашто ја досредуваме во периодот којшто следи, оваа недела би требало да ја доуредиме и почетокот на следната. И очекувам веќе следната недела да се најде на владина седница ова предлог верзија на буџетот за следната година, па потоа нормално како што е редот и процедурите да се најде пред пратениците во македонското собрание. Така што предвидени се раст на платите и во рамките на образованието и во други институции во зависност од можностите. Очекувам консолидирањето на заврши до крајот на годината, веќе голем дел од долговите полека, но сигурно се враќаат, полека, сметката на Владата излегува од онаа негативно салдо коешто го наследивме - изјави Мицкоски.
Тој потсети дека сметката на Владата на 24 јуни годинава била околу минус дванаесет милијарди денари, минус 200 милиони евра и сега како што посочи се приближува кон позитивна нула и очекува веќе од октомври да биде плус, бидејќи дел од долговите се враќаат и како што нагласи, заборавените обврски се исполнуваат.
Можам да ви кажам еве денеска, пред да дојдам тука имав состанок со директорот на поранешна ЕЛЕМ, денешна ЕСМ, таму некаде долгувањата се околу пет милијарди, некако ова петка им станувала заштитен знак, пет милијарди долгови за пензионерите, пет милијарди фондот за здравство, пет милијарди ЕСМ итн., итн. Долгови се таложеле, пари се калапеле во приватни џебови. Отприлика,таа е реалноста што ја наследивме. Но, нема кукање, нема жалење, затоа ја добивме довербата од граѓаните жестоко да работиме и да излеземе од ова мочуриште коешто го наследивме и конечно да влеземе во процес на развој и на проекти - рече премиерот.

The post Мицкоски: Предвидени се пари за раст на платите во јавната администрација за наредната година appeared first on Република.

]]>
ММФ ја задржа прогнозата за светскиот економски раст од 3,2 отсто годинава и 3,3 отсто во 2025 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/mmf-ja-zadrzha-prognozata-za-svetskiot-ekonomski-rast-od-3-2-otsto-godinava-i-3-3-otsto-vo-2025-godina/ Wed, 17 Jul 2024 09:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=797629

Светската економија ќе има раст од 3,2 отсто во 2024 година и за 3,3 отсто во 2025 година, се вели објавената јулската светска економска перспектива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Прогнозата е непроменета во однос на претходниот извештај од април.

Економската активност покажа отпорност на почетокот на годината, поддржана од силната приватна потрошувачка во клучните економии, рече Жан-Марк Натал, заменик-шеф на Одделот за светски економски студии во Одделот за истражување на ММФ.

Тој предупреди дека глобалниот пад на инфлацијата во светот забавува поради постојаната инфлација во услужниот сектор, се наведува на веб-страницата на ММФ.

Приоритет за креаторите на политиката е да ја вратат стабилноста на цените и да се справат со наследството од неодамнешните кризи. Централните банки треба да бидат претпазливи во поглед на прераното ублажувањето на монетарната политика и да останат отворени за дополнително заострување доколку е потребно, додаде Натал.

Според прогнозата на ММФ, американската економија ќе има раст од 2,6 отсто годинава и 1,9 отсто во 2025 година, додека економскиот раст на еврозоната ќе изнесува 0,9 отсто годинава и 1,5 отсто следната година.

Кинеската економија ќе има раст за пет проценти годинава и ќе забави до 4,5 проценти следната година, според Меѓународниот монетарен фонд.

The post ММФ ја задржа прогнозата за светскиот економски раст од 3,2 отсто годинава и 3,3 отсто во 2025 година appeared first on Република.

]]>

Светската економија ќе има раст од 3,2 отсто во 2024 година и за 3,3 отсто во 2025 година, се вели објавената јулската светска економска перспектива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Прогнозата е непроменета во однос на претходниот извештај од април. Економската активност покажа отпорност на почетокот на годината, поддржана од силната приватна потрошувачка во клучните економии, рече Жан-Марк Натал, заменик-шеф на Одделот за светски економски студии во Одделот за истражување на ММФ. Тој предупреди дека глобалниот пад на инфлацијата во светот забавува поради постојаната инфлација во услужниот сектор, се наведува на веб-страницата на ММФ. Приоритет за креаторите на политиката е да ја вратат стабилноста на цените и да се справат со наследството од неодамнешните кризи. Централните банки треба да бидат претпазливи во поглед на прераното ублажувањето на монетарната политика и да останат отворени за дополнително заострување доколку е потребно, додаде Натал. Според прогнозата на ММФ, американската економија ќе има раст од 2,6 отсто годинава и 1,9 отсто во 2025 година, додека економскиот раст на еврозоната ќе изнесува 0,9 отсто годинава и 1,5 отсто следната година. Кинеската економија ќе има раст за пет проценти годинава и ќе забави до 4,5 проценти следната година, според Меѓународниот монетарен фонд.

The post ММФ ја задржа прогнозата за светскиот економски раст од 3,2 отсто годинава и 3,3 отсто во 2025 година appeared first on Република.

]]>
Минимално: БДП во првиот квартал со раст од 1,2 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/minimalno-bdp-vo-prviot-kvartal-so-rast-od-1-2-otsto/ Mon, 03 Jun 2024 11:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=784371

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година забележа раст од 1.2%, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 19.6%; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7.5%; Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6.9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 4.8 %, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 72.0%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 6.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 0.5%.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2024 година бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства (во машините и опремата и во транспортната опрема) и кај промената на залихите.

The post Минимално: БДП во првиот квартал со раст од 1,2 отсто appeared first on Република.

]]>

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година забележа раст од 1.2%, соопшти Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 19.6%; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7.5%; Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6.9%. Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 4.8 %, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 72.0%. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 6.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 0.5%. Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2024 година бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства (во машините и опремата и во транспортната опрема) и кај промената на залихите.

The post Минимално: БДП во првиот квартал со раст од 1,2 отсто appeared first on Република.

]]>
Раст на европските берзи на почетокот на седмицата https://republika.mk/vesti/svet/rast-na-evropskite-berzi-na-pochetokot-na-sedmitsata/ Mon, 03 Jun 2024 08:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=784307

На европските берзи најважните индекси зајакнаа во понеделник додека инвеститорите ја чекаат одлуката на Европската централна банка (ECB) за каматните стапки кон крајот на седмицата.

Паневропскиот индекс Stoxx 600 во првиот дневен пресек од тргувањето порасна за 0,64 отсто, при што сите секторски индекси, особено технологијата, забележаа раст од 1,6 отсто, а туризмот за 1,5 отсто. Истовремено, франкфуртски DAX зајакна за 0,8 отсто, на 18.646 поени, лондонски Ftse за 0,54 отсто, на 8.319 поени, а париски CAC за 0,7 отсто, на 8.048 поени.

Европската централна банка (ECB) се состанува во четврток, а инвеститорите очекуваат таа да ги намали трошоците за задолжување првпат од 2019 година за четвртина процентен поен. Ова ќе биде првпат во историјата ECB да започне циклус на намалување на каматните стапки пред американската централна банка Федералните резерви (Federal Reserve – Fed).

Сепак, инвеститорите внимателно ќе ги слушаат изјавите на европските монетарни функционери за да видат како тие гледаат на забрзувањето на инфлацијата првпат од почетокот на годината, од 2,4 отсто во април на 2,6 отсто во мај, односно како тоа ќе да се одрази во натамошното темпо на намалување на каматните стапки во еврозоната.

Аналитичарите предвидуваат дека централната банка на Велика Британија (Bank of England – BoE) внимателно ќе ги следи потезите на ECB, позиционирајќи се брзо да го следи примерот во започнувањето на циклус на намалувања на каматните стапки. BoE ќе се состане за две седмици за да разговара за каматните стапки.

Инвеститорите, исто така, внимателно ќе следат низа економски податоци кои треба да се објават, вклучително и податоци за индустриското производство за мај во Шпанија, Франција и Германија за нови насоки.

На токиската берза индексот Nikkei во понеделникот порасна за 1,13 отсто, на 38.923 поени.

The post Раст на европските берзи на почетокот на седмицата appeared first on Република.

]]>

На европските берзи најважните индекси зајакнаа во понеделник додека инвеститорите ја чекаат одлуката на Европската централна банка (ECB) за каматните стапки кон крајот на седмицата. Паневропскиот индекс Stoxx 600 во првиот дневен пресек од тргувањето порасна за 0,64 отсто, при што сите секторски индекси, особено технологијата, забележаа раст од 1,6 отсто, а туризмот за 1,5 отсто. Истовремено, франкфуртски DAX зајакна за 0,8 отсто, на 18.646 поени, лондонски Ftse за 0,54 отсто, на 8.319 поени, а париски CAC за 0,7 отсто, на 8.048 поени. Европската централна банка (ECB) се состанува во четврток, а инвеститорите очекуваат таа да ги намали трошоците за задолжување првпат од 2019 година за четвртина процентен поен. Ова ќе биде првпат во историјата ECB да започне циклус на намалување на каматните стапки пред американската централна банка Федералните резерви (Federal Reserve – Fed). Сепак, инвеститорите внимателно ќе ги слушаат изјавите на европските монетарни функционери за да видат како тие гледаат на забрзувањето на инфлацијата првпат од почетокот на годината, од 2,4 отсто во април на 2,6 отсто во мај, односно како тоа ќе да се одрази во натамошното темпо на намалување на каматните стапки во еврозоната. Аналитичарите предвидуваат дека централната банка на Велика Британија (Bank of England – BoE) внимателно ќе ги следи потезите на ECB, позиционирајќи се брзо да го следи примерот во започнувањето на циклус на намалувања на каматните стапки. BoE ќе се состане за две седмици за да разговара за каматните стапки. Инвеститорите, исто така, внимателно ќе следат низа економски податоци кои треба да се објават, вклучително и податоци за индустриското производство за мај во Шпанија, Франција и Германија за нови насоки. На токиската берза индексот Nikkei во понеделникот порасна за 1,13 отсто, на 38.923 поени.

The post Раст на европските берзи на почетокот на седмицата appeared first on Република.

]]>
Економска катастрофа: Раст од само 1%, а јавниот долг надмина 62% од БДП! https://republika.mk/vesti/ekonomija/ekonomska-katastrofa-rast-od-samo-1-a-javniot-dolg-nadmina-62-od-bdp/ Tue, 12 Mar 2024 11:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=753991

Државниот завод за статистика ги објави податоците за бруто домашниот производ за 2023 година и резултатите се катастрофални, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДС/ДУИ во 2023 година:

-Оствари само 1% економски раст, а планираа од 2,9%. Три пати понизок. Црна Гора (6,6%), Албанија (3,5%), Хрватска (2,8%) и Србија (2,5%) забележаа значајно повисоки стапки на економски раст.

-Остварија пад од 17% на бруто-инвестициите, а планираа раст од 5%.

-Остварија огромен буџетски дефицит од 4,9% од БДП, а планираа 4,6% од БДП. Длабоко го прекршија фискалното правило за буџетски дефицит од 3% од БДП кое стои во Закон и тоа втора година по ред.

-Јавниот долг со новите податоци на БДП изнесува 62,1% од БДП на крајот од 2023 година, и ја надмина психолошката и прифатлива граница од 60%.

Македонија е во стагфлација, а оваа власт не фрли во должничко ропство.

Оставаат опасна економска катастрофа.

Оставаат и 1,8 милијарди евра обврски за плаќање на камати во наредните 5 години, или 360 милиони евра годишно, пари со кои можеа да се изградат патишта, училишта, градинки, да се зголемат плати, пензии. Оставаат јавен долг за 8,5 милијарди евра (за 3,8 милијарди го зголемија). А, просечниот економски раст за нивно владеење од 2017-2023 година е само 1,6%. За што се потрошија парите на граѓаните и бизнисите? Допрва ќе има одговори и одговорности, велат пд ВМРО ДПМНЕ.

The post Економска катастрофа: Раст од само 1%, а јавниот долг надмина 62% од БДП! appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за статистика ги објави податоците за бруто домашниот производ за 2023 година и резултатите се катастрофални, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Владата на СДС/ДУИ во 2023 година: -Оствари само 1% економски раст, а планираа од 2,9%. Три пати понизок. Црна Гора (6,6%), Албанија (3,5%), Хрватска (2,8%) и Србија (2,5%) забележаа значајно повисоки стапки на економски раст. -Остварија пад од 17% на бруто-инвестициите, а планираа раст од 5%. -Остварија огромен буџетски дефицит од 4,9% од БДП, а планираа 4,6% од БДП. Длабоко го прекршија фискалното правило за буџетски дефицит од 3% од БДП кое стои во Закон и тоа втора година по ред. -Јавниот долг со новите податоци на БДП изнесува 62,1% од БДП на крајот од 2023 година, и ја надмина психолошката и прифатлива граница од 60%. Македонија е во стагфлација, а оваа власт не фрли во должничко ропство. Оставаат опасна економска катастрофа. Оставаат и 1,8 милијарди евра обврски за плаќање на камати во наредните 5 години, или 360 милиони евра годишно, пари со кои можеа да се изградат патишта, училишта, градинки, да се зголемат плати, пензии. Оставаат јавен долг за 8,5 милијарди евра (за 3,8 милијарди го зголемија). А, просечниот економски раст за нивно владеење од 2017-2023 година е само 1,6%. За што се потрошија парите на граѓаните и бизнисите? Допрва ќе има одговори и одговорности, велат пд ВМРО ДПМНЕ.

The post Економска катастрофа: Раст од само 1%, а јавниот долг надмина 62% од БДП! appeared first on Република.

]]>
Растот на руската економија го „изненади“ ММФ https://republika.mk/vesti/svet/rastot-na-ruskata-ekonomija-go-iznenadi-mmf/ Fri, 23 Feb 2024 13:38:12 +0000 https://republika.mk/?p=747452

Растот на руската економија го „изненади“ Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со оглед на санкциите воведени кон Москва поради војната во Украина. Во јануари ММФ прогнозира дека руската економија ќе порасне 2,6 отсто оваа година поради големите воени и лични трошоци поддржани од зголемувањето на платите.

Во октомври минатата година тие очекуваа раст од 1,1 отсто во 2024 година, што сега го предвидуваат во 2025 година, изјави вчера директорката за комуникации на ММФ, Џули Козак, во Вашингтон.

Значајните социјални трансфери ѝ помагаат и на потрошувачката, додаде Козак, предупредувајќи на знаци на прегревање на економијата, како што е зголемената инфлација.

Во среднорочна перспектива растот треба да забави, со оглед на исклучувањето на Русија од меѓународниот финансиски систем, ограничениот пристап до технологијата и губењето дел од висококвалификуваната работна сила, наведува. Сите овие фактори значително ќе влијаат на растот и перспективите на економијата на среден рок, заклучи претставникот на ММФ.

The post Растот на руската економија го „изненади“ ММФ appeared first on Република.

]]>

Растот на руската економија го „изненади“ Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со оглед на санкциите воведени кон Москва поради војната во Украина. Во јануари ММФ прогнозира дека руската економија ќе порасне 2,6 отсто оваа година поради големите воени и лични трошоци поддржани од зголемувањето на платите. Во октомври минатата година тие очекуваа раст од 1,1 отсто во 2024 година, што сега го предвидуваат во 2025 година, изјави вчера директорката за комуникации на ММФ, Џули Козак, во Вашингтон. Значајните социјални трансфери ѝ помагаат и на потрошувачката, додаде Козак, предупредувајќи на знаци на прегревање на економијата, како што е зголемената инфлација. Во среднорочна перспектива растот треба да забави, со оглед на исклучувањето на Русија од меѓународниот финансиски систем, ограничениот пристап до технологијата и губењето дел од висококвалификуваната работна сила, наведува. Сите овие фактори значително ќе влијаат на растот и перспективите на економијата на среден рок, заклучи претставникот на ММФ.

The post Растот на руската економија го „изненади“ ММФ appeared first on Република.

]]>
И Косово не претрка: Македонска економија годинава со раст од 2,5 проценти, прогнозира Светска банка https://republika.mk/vesti/makedonija/i-kosovo-ne-pretrka-makedonska-ekonomija-godinava-so-rast-od-2-5-protsenti-prognozira-svetska-banka/ Wed, 10 Jan 2024 07:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=731344

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи.

Во регионот на Западен Балкан, највисок раст годинава ќе има Косово 3,9 (4,0% во 2025), Албанија 3,2 (3,2% во 2025), Црна Гора 3,2 (3,1% во 2025), Србија 3,0 (3,8% во 2025), БиХ 2,8 (3,4% во 2025), Хрватска 2,7 (3,0% во 2025) и Бугарија 2,4 проценти (3,3% во 2025).

Светска банка во извештајот оценува дека во 2023 година економиите во Западен Балкан беа засегнати од намалената надворешна побарувачка, последиците од војната во Украина, зголемената инфлација и од цените на енергенсите и храната. Дополнително влијание, како што се наведува, има и одложувањето на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ.

Според Светска банка, глобалниот економски раст во 2024 година ќе продолжи да се забавува и ќе биде 2,4 отсто, што е помалку од 2,6 проценти во 2023, 3,0 отсто во 2022 и 6,2 во 2021 година.

Се очекува Еврозоната годинава да постигне раст од 0,7 отсто, што е скромно подобрување во однос на минатогодишните 0,4 отсто.

Американската економија, пак, во 2024 година ќе го забави растот од 2,5 на 1,6 отсто, а кинеската од 5,2 на 4,5 отсто.

Во прогнозата се наведува и дека глобалната стапка на инфлација ќе падне од ланските 5,3 отсто на 3,7 отсто во 2024 и на 3,4 отсто во 2025 година.

The post И Косово не претрка: Македонска економија годинава со раст од 2,5 проценти, прогнозира Светска банка appeared first on Република.

]]>

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи. Во регионот на Западен Балкан, највисок раст годинава ќе има Косово 3,9 (4,0% во 2025), Албанија 3,2 (3,2% во 2025), Црна Гора 3,2 (3,1% во 2025), Србија 3,0 (3,8% во 2025), БиХ 2,8 (3,4% во 2025), Хрватска 2,7 (3,0% во 2025) и Бугарија 2,4 проценти (3,3% во 2025). Светска банка во извештајот оценува дека во 2023 година економиите во Западен Балкан беа засегнати од намалената надворешна побарувачка, последиците од војната во Украина, зголемената инфлација и од цените на енергенсите и храната. Дополнително влијание, како што се наведува, има и одложувањето на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ. Според Светска банка, глобалниот економски раст во 2024 година ќе продолжи да се забавува и ќе биде 2,4 отсто, што е помалку од 2,6 проценти во 2023, 3,0 отсто во 2022 и 6,2 во 2021 година. Се очекува Еврозоната годинава да постигне раст од 0,7 отсто, што е скромно подобрување во однос на минатогодишните 0,4 отсто. Американската економија, пак, во 2024 година ќе го забави растот од 2,5 на 1,6 отсто, а кинеската од 5,2 на 4,5 отсто. Во прогнозата се наведува и дека глобалната стапка на инфлација ќе падне од ланските 5,3 отсто на 3,7 отсто во 2024 и на 3,4 отсто во 2025 година.

The post И Косово не претрка: Македонска економија годинава со раст од 2,5 проценти, прогнозира Светска банка appeared first on Република.

]]>
Брисел ги намали прогнозите за раст на еврозоната за 2023 и 2024 година https://republika.mk/vesti/svet/brisel-gi-namali-prognozite-za-rast-na-evrozonata-za-2023-i-2024-godina/ Wed, 15 Nov 2023 12:08:46 +0000 https://republika.mk/?p=701820

Европската комисија ги намали прогнозите за растот во еврозоната за оваа и следната година на 0,6 отсто и 1,2 отсто, соодветно, укажувајќи на високата инфлација и заострувањето на монетарната политика кои имаа „посилно влијание од предвиденото“.

Прогнозата за раст за оваа година е намалена на 0,6 отсто од 0,8 отсто за 20-те земји кои го користат еврото како валута, а за следната година на 1,2 отсто од 1,3 отсто, објави денеска Европската комисија во својот есенски економски извештај - ревидирани се бројките од претходната прогноза од септември.

Иако растот на цените е најнизок во последните две години, растот на потрошувачките цени останува проблематичен, констатира Комисијата.

Брисел очекува дека следната година цените ќе паднат помалку од очекуваното и ќе бидат 3,2 отсто во однос на досегашните прогнози од 2,9 отсто, а прогнозата за раст на цените за 2023 година останува непроменета на 5,6 отсто.

The post Брисел ги намали прогнозите за раст на еврозоната за 2023 и 2024 година appeared first on Република.

]]>

Европската комисија ги намали прогнозите за растот во еврозоната за оваа и следната година на 0,6 отсто и 1,2 отсто, соодветно, укажувајќи на високата инфлација и заострувањето на монетарната политика кои имаа „посилно влијание од предвиденото“. Прогнозата за раст за оваа година е намалена на 0,6 отсто од 0,8 отсто за 20-те земји кои го користат еврото како валута, а за следната година на 1,2 отсто од 1,3 отсто, објави денеска Европската комисија во својот есенски економски извештај - ревидирани се бројките од претходната прогноза од септември. Иако растот на цените е најнизок во последните две години, растот на потрошувачките цени останува проблематичен, констатира Комисијата. Брисел очекува дека следната година цените ќе паднат помалку од очекуваното и ќе бидат 3,2 отсто во однос на досегашните прогнози од 2,9 отсто, а прогнозата за раст на цените за 2023 година останува непроменета на 5,6 отсто.

The post Брисел ги намали прогнозите за раст на еврозоната за 2023 и 2024 година appeared first on Република.

]]>
Бесими: Не е предвиден раст на платите на функционерите во буџетот за идната година https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-ne-e-predviden-rast-na-platite-na-funktsionerite-vo-budhetot-za-idnata-godina/ Tue, 14 Nov 2023 15:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=701511

Во буџетот за 2024 година не е предвидено зголемување на платите на функционерите, истакна денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, а во изборниот процес ќе нема ниту нови вработувања во јавниот сектор.

Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција на која беше промовиран буџетот за идната година, тој нагласи дека не е предвидено раст на платите на функционерите во март наредната година според проекциите на овој буџет.

Во однос на проектираните средства за јавната администрација, тој посочи дека наредната е изборна година и согласно Законот за спречување корупција, за време на кампања, односно откако се објавуваат избори неможе да почне ниту една нова постапка за вработување, а се прекинуваат и веќе почнатите.

Ќе има еден период кога нема да има вработувања во текот на наредната година. Ние оваа година во однос на 2022 имаме намалено 1.500 вработени во јавниот сектор и тоа 1.000 на централно и 500 во регионални институции во државата. Тоа се одразува и беше план лани во буџетот го кажавме при фискалната консолидација дека ќе се пополнат испразнетите места. Имаме над 80 отсто од тоа дека ќе се пополнат. Таму каде што имаше потреба се пополнува целосно и тоа резултат на таа политика што минатата година беше презентирана и во текот на потребите што ги имаше во одредени институции се користеа трансфери од една во друга институција – појасни Бесими.

The post Бесими: Не е предвиден раст на платите на функционерите во буџетот за идната година appeared first on Република.

]]>

Во буџетот за 2024 година не е предвидено зголемување на платите на функционерите, истакна денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, а во изборниот процес ќе нема ниту нови вработувања во јавниот сектор. Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција на која беше промовиран буџетот за идната година, тој нагласи дека не е предвидено раст на платите на функционерите во март наредната година според проекциите на овој буџет. Во однос на проектираните средства за јавната администрација, тој посочи дека наредната е изборна година и согласно Законот за спречување корупција, за време на кампања, односно откако се објавуваат избори неможе да почне ниту една нова постапка за вработување, а се прекинуваат и веќе почнатите.
Ќе има еден период кога нема да има вработувања во текот на наредната година. Ние оваа година во однос на 2022 имаме намалено 1.500 вработени во јавниот сектор и тоа 1.000 на централно и 500 во регионални институции во државата. Тоа се одразува и беше план лани во буџетот го кажавме при фискалната консолидација дека ќе се пополнат испразнетите места. Имаме над 80 отсто од тоа дека ќе се пополнат. Таму каде што имаше потреба се пополнува целосно и тоа резултат на таа политика што минатата година беше презентирана и во текот на потребите што ги имаше во одредени институции се користеа трансфери од една во друга институција – појасни Бесими.

The post Бесими: Не е предвиден раст на платите на функционерите во буџетот за идната година appeared first on Република.

]]>
Само Бугарија е полоша од нас: Македонската економија годинава со раст од 1,8 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/samo-bugarija-e-polosha-od-nas-makedonskata-ekonomija-godinava-so-rast-od-1-8-protsenti/ Thu, 05 Oct 2023 12:44:39 +0000 https://republika.mk/?p=688226

Економскиот раст на Македонија годинава ќе биде 1,8 отсто, во 2024 ќе изнесува 2,5, а во 2025 година ќе се зголеми на 2,9 проценти. Инфлацијата, пак, во 2023 ќе се задржи на ниво од 9,1 процент, за во наредната година да се намали на три, а во 2025 на два отсто, прогнозира Светска банка во најновиот извештај за економските показатели на земјите од Европа и Централна Азија.

СБ оценува дека среднорочните економски изгледи на земјава се позитивни, но остануваат ризиците.

Растот во 2023 година се очекува скромно да се зголеми до 1,8 отсто, како одраз на забавувањето на надворешната побарувачка и постојаната криза на трошоците на живот, делумно неутрализирани од влијанието на изградбата на автопат. Растот се очекува умерено да се забрза на среден рок поради порастот на јавните инвестиции, закрепнатата потрошувачка и извоз. Се предвидува дека годишната инфлација ќе остане на ниво од 9,1 отсто во 2023 година, но долгорочно да се намалува до 2 отсто во 2025 година, се наведува во извештајот за земјава.

СБ забележува дека остануваат и натаму основните ризици кои во голема мера ќе зависат од економската состојба во земјите кои се најголеми трговски партнери и продолжувањето на процесот на пристапување во ЕУ, што може да ги забрза критичните реформи.

Сепак, зголемената политичка неизвесност и продолжениот парламентарен ќор-сокак поради недостаток на консензус за уставни измени, како и претстојните избори може да ја одложат имплеметацијата на реформите. Конечно, политичките проблеми носат ризик и за фискалната одржливост и инфлацијата, што ќе бара дополнително монетарно затегнување, кое, пак, може дополнително да ги ограничи опциите за финансирање и да ја забави економската активност, оценува СБ.

Банката прогнозира дека целиот регион на Западен Балкан годинава ќе забележи раст од 2,5 проценти, за разлика од лани кога изнесуваше 3,2 отсто.

Највисок економски раст во 2023 година ќе има Црна Гора од 4,8 проценти, потоа Албанија 3,6 проценти, Косово 3,2 проценти, Хрватска 2,7 проценти, Босна и Херцеговина 2,2 проценти, Србија, 2 проценти и Бугарија 1,4 проценти.

The post Само Бугарија е полоша од нас: Македонската економија годинава со раст од 1,8 проценти appeared first on Република.

]]>

Економскиот раст на Македонија годинава ќе биде 1,8 отсто, во 2024 ќе изнесува 2,5, а во 2025 година ќе се зголеми на 2,9 проценти. Инфлацијата, пак, во 2023 ќе се задржи на ниво од 9,1 процент, за во наредната година да се намали на три, а во 2025 на два отсто, прогнозира Светска банка во најновиот извештај за економските показатели на земјите од Европа и Централна Азија. СБ оценува дека среднорочните економски изгледи на земјава се позитивни, но остануваат ризиците. Растот во 2023 година се очекува скромно да се зголеми до 1,8 отсто, како одраз на забавувањето на надворешната побарувачка и постојаната криза на трошоците на живот, делумно неутрализирани од влијанието на изградбата на автопат. Растот се очекува умерено да се забрза на среден рок поради порастот на јавните инвестиции, закрепнатата потрошувачка и извоз. Се предвидува дека годишната инфлација ќе остане на ниво од 9,1 отсто во 2023 година, но долгорочно да се намалува до 2 отсто во 2025 година, се наведува во извештајот за земјава. СБ забележува дека остануваат и натаму основните ризици кои во голема мера ќе зависат од економската состојба во земјите кои се најголеми трговски партнери и продолжувањето на процесот на пристапување во ЕУ, што може да ги забрза критичните реформи. Сепак, зголемената политичка неизвесност и продолжениот парламентарен ќор-сокак поради недостаток на консензус за уставни измени, како и претстојните избори може да ја одложат имплеметацијата на реформите. Конечно, политичките проблеми носат ризик и за фискалната одржливост и инфлацијата, што ќе бара дополнително монетарно затегнување, кое, пак, може дополнително да ги ограничи опциите за финансирање и да ја забави економската активност, оценува СБ. Банката прогнозира дека целиот регион на Западен Балкан годинава ќе забележи раст од 2,5 проценти, за разлика од лани кога изнесуваше 3,2 отсто. Највисок економски раст во 2023 година ќе има Црна Гора од 4,8 проценти, потоа Албанија 3,6 проценти, Косово 3,2 проценти, Хрватска 2,7 проценти, Босна и Херцеговина 2,2 проценти, Србија, 2 проценти и Бугарија 1,4 проценти.

The post Само Бугарија е полоша од нас: Македонската економија годинава со раст од 1,8 проценти appeared first on Република.

]]>
ЕБОР: Македонската економија годинава со скромен раст од 2 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/ebor-makedonskata-ekonomija-godinava-so-skromen-rast-od-2-otsto/ Wed, 27 Sep 2023 10:15:00 +0000 https://republika.mk/?p=685594

Македонија годинава ќе забележи раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 2 отсто, а во 2024 од 3 проценти, прогнозира Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за состојбата на економиите во регионот што го покрива.

Растот на БДП веројатно ќе остане скромен во 2023 година од околу 2 отсто, пред да се зголеми на 3 отсто во 2024 година, поради очекуваното глобално економско закрепнување. И покрај натамошното зголемување на минималните плати од април 2023 година, зголемувањето на пензиите и ограничувањата на цените на некои основни производи, побарувачката на домаќинствата ќе остане пригушена во 2023 година, бидејќи високите нивоа на инфлација ги намалуваат реалните приходи. Економското забавување на главните трговски партнери ќе се одрази на извозот, додека зголемената неизвесност и заострените услови за финансирање може да влијаат на довербата на инвеститорите, се наведува во извештајот на ЕБОР за земјава.

ЕБОР очекува економскиот раст во регионот на Западен Балкан да забави до 2 отсто во 2023 година, а наредната да достигне до 3,4 проценти.

Од земјите во регионот, најголем економски раст годинава ќе имаат Црна Гора и Косово од 3,5 проценти, Албанија и Хрватска 2,5 проценти, Грција 2,4 проценти, Србија 1,8 проценти, Бугарија 1,6 проценти, а најмал Босна и Херцеговина од 1,5 проценти.

The post ЕБОР: Македонската економија годинава со скромен раст од 2 отсто appeared first on Република.

]]>

Македонија годинава ќе забележи раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 2 отсто, а во 2024 од 3 проценти, прогнозира Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за состојбата на економиите во регионот што го покрива. Растот на БДП веројатно ќе остане скромен во 2023 година од околу 2 отсто, пред да се зголеми на 3 отсто во 2024 година, поради очекуваното глобално економско закрепнување. И покрај натамошното зголемување на минималните плати од април 2023 година, зголемувањето на пензиите и ограничувањата на цените на некои основни производи, побарувачката на домаќинствата ќе остане пригушена во 2023 година, бидејќи високите нивоа на инфлација ги намалуваат реалните приходи. Економското забавување на главните трговски партнери ќе се одрази на извозот, додека зголемената неизвесност и заострените услови за финансирање може да влијаат на довербата на инвеститорите, се наведува во извештајот на ЕБОР за земјава. ЕБОР очекува економскиот раст во регионот на Западен Балкан да забави до 2 отсто во 2023 година, а наредната да достигне до 3,4 проценти. Од земјите во регионот, најголем економски раст годинава ќе имаат Црна Гора и Косово од 3,5 проценти, Албанија и Хрватска 2,5 проценти, Грција 2,4 проценти, Србија 1,8 проценти, Бугарија 1,6 проценти, а најмал Босна и Херцеговина од 1,5 проценти.

The post ЕБОР: Македонската економија годинава со скромен раст од 2 отсто appeared first on Република.

]]>
Раст на трошоците за работна сила и на платите во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/rast-na-troshotsite-za-rabotna-sila-i-na-platite-vo-eu/ Tue, 19 Sep 2023 07:26:09 +0000 https://republika.mk/?p=683029

Трошоците за работна сила по час во вториот квартал годинава во Еврозоната бележат раст од 4,5 отсто, а на ниво на цела ЕУ од пет проценти, соопшти Европската статистичка агенција – Евростат. Во исто време, платите по работен час во Еврозоната се зголемиле за 4,6 проценти во споредба со вториот лански квартал, а во цела ЕУ за 5,1 отсто.

Растот на трошоците за работна сила по час во Еврозоната во секторот „услуги“ на годишно ниво изнесувал 4,8 проценти, во „јавниот сектор“ 4,4, во „градежништвото“ 4,2, а во секторот „индустрија“ од 3,9 отсто. На ниво на цела ЕУ, пак, годишниот раст на трошоците за работна сила по час во секторот „услуги“ бил 5,2 отсто, во „градежништвото“ 4,8, а во „јавниот сектор“ и во „индустријата“ од по 4,7 проценти.

Најголем годишен раст на платите по работен час во периодот април-јуни 2023 година имало во Унгарија од 17,3 отсто, пред Словенија и Хрватска со по 14,5, Романија 14,4 и Бугарија од 14,2 проценти. Раст од над 10 проценти е регистриран и во Полска од 13,3, во Естонија од 13,1, Литванија 12,4 и Летонија од 12,3 отсто.

Од друга страна, најмал раст на платите по работен час има на Малта од 2,1 отсто, пред Италија од 2,4, Данска од 2,7, Португалија од 3,3, Шведска од 3,5, Германија од 3,8 и Франција од 4,4 проценти.

The post Раст на трошоците за работна сила и на платите во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Трошоците за работна сила по час во вториот квартал годинава во Еврозоната бележат раст од 4,5 отсто, а на ниво на цела ЕУ од пет проценти, соопшти Европската статистичка агенција – Евростат. Во исто време, платите по работен час во Еврозоната се зголемиле за 4,6 проценти во споредба со вториот лански квартал, а во цела ЕУ за 5,1 отсто. Растот на трошоците за работна сила по час во Еврозоната во секторот „услуги“ на годишно ниво изнесувал 4,8 проценти, во „јавниот сектор“ 4,4, во „градежништвото“ 4,2, а во секторот „индустрија“ од 3,9 отсто. На ниво на цела ЕУ, пак, годишниот раст на трошоците за работна сила по час во секторот „услуги“ бил 5,2 отсто, во „градежништвото“ 4,8, а во „јавниот сектор“ и во „индустријата“ од по 4,7 проценти. Најголем годишен раст на платите по работен час во периодот април-јуни 2023 година имало во Унгарија од 17,3 отсто, пред Словенија и Хрватска со по 14,5, Романија 14,4 и Бугарија од 14,2 проценти. Раст од над 10 проценти е регистриран и во Полска од 13,3, во Естонија од 13,1, Литванија 12,4 и Летонија од 12,3 отсто. Од друга страна, најмал раст на платите по работен час има на Малта од 2,1 отсто, пред Италија од 2,4, Данска од 2,7, Португалија од 3,3, Шведска од 3,5, Германија од 3,8 и Франција од 4,4 проценти.

The post Раст на трошоците за работна сила и на платите во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Економскиот раст на Еврозоната ќе биде помал од претходно прогнозираниот https://republika.mk/vesti/svet/ekonomskiot-rast-na-evrozonata-ke-bide-pomal-od-prethodno-prognoziraniot/ Sun, 30 Jul 2023 07:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=666814

По стагнацијата на почетокот на годината, растот во Еврозоната до крајот на 2023-та најверојатно ќе остане ограничен, поради што прогнозата за годишниот економскиот раст, што ќе биде објавена во септември, веројатно ќе биде помалку оптимистичка отколку јунските предвидувања, порача еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.

Во јуни Европската комисија предвиде раст на економијата во Еврозоната во 2023 година од 1,1 отсто, но според најавата на Џентилони, новите прогнози што треба да бидат објавени на 11 септември, веројатно ќе укажуваат на помал очекуван раст.

Ваквиот намален оптимизам за економскиот раст се должи на зголемените трошоци за задолжување, падот на довербата на бизнисот и потрошувачите и големата инфлација, која и покрај намалувањето и натаму има висока стапка.

Според аналитичарите, сето ова укажува дека граѓаните на ЕУ и претстојнава зима ќе се соочат со големи трошоци за живот, чиј раст започна со ковид пандемијата, а потоа продолжи и со руската инвазија врз Украина.

Банките во еврозоната можат да очекуваат поголеми загуби доколку климатските ризици не се ублажат, а најголеми ќе бидат во земјите со чести природни катастрофи.

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ја зголеми основната камата на 3,75 отсто, што е највисока стапка од воведувањето на еврото во 1999 година, во обид да ја намали високата инфлација. Ваквата висока стапка се одрази и на каматите на банките, што претставува дополнителен трошок за граѓаните кои имаат кредити, но во исто време го пригушува и растот.

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард посочи дека е можно ова да биде последно зголемување на каматната стапка годинавата поради опасноста од рецесија, но дека не може да се каже ништо со сигурност пред следната средба на раководителите на централните банки во септември.

Целта на растот на каматните стапи е да се стимулираат бизнисите и домаќинствата да штедат повеќе и да трошат помалку, што по правило го забавува економскиот раст. Високите камати постигнаа резултати во битката со инфлацијата која во јуни се намали на 5,5 проценти, што е речиси двојно помала стапка во споредба со онаа во октомври 2022 година, кога достигна рекордното ниво.

Високите камати резултираа и со намалување на обемот на кредити подигнати од страна на деловините субјекти, чија вредност во вториот квартал годинава достигна историски најниско ниво, како и со пад на побарувачката на заеми од страна на домаќинствата.

Во последниот квартал од 2022 година економијата на еврозоната забележа пад, а само благодарение на добрите статистички резултати на Ирска таквиот тренд беше ублажен во првото овогодишно тромесечие. Резултатите за економскиот раст во вториот квартал треба да бидат објавени утре и според аналитичарите, најверојатно нема да остават простор за преголемо задоволство.

Референдум за усвојување на еврото би претставувал гласање за излез на Бугарија од ЕУ, смета поранешниот бугарски заменик министер за финансии, Љубомир Дацов.

Клучниот показател за економското расположение во еврозоната, индексот на доверба на деловните субјекти и потрошувачите, во јули се намали за 0,8 индексни поени на 94,5. Падот најмногу се должи на намалувањето на индексот на доверба во Франција за 2,3 индексни поени и во Германија за 2,1 поени.

Меѓународниот монетарен фонд неделава ја ревидираше својата прогноза за годишниот глобалниот раст во надолна линија, додека за еврозоната предвиде раст од 0,9 проценти. Од друга страна, Институтот за светска економија од Кил предвиде дека Германија, најмоќната економија во ЕУ и еврозоната, годинава ќе ја заврши во блага рецесија, со пад на производството од 0,3 отсто. Ваквата состојба на германската економија несомнено ќе има негативни ефекти врз побарувачката во Европа.

Сепак, и покрај двете последователни стапки на негативен квартален економски раст, што технички ја воведе Евозоната во рецесија, таа сепак беше помала од стравувањата, главно благодарение на пакетите за фискални стимулации и помошта од фондовите на ЕУ кои ги одржуваа високите нивоа на побарувачка и вработеност.

Економистот во „Голдман Сакс“, Филипо Тадеи оцени дека и покрај надолните ревизии на прогнозите за економскиот раст за 2023-та, Еврозоната сепак ќе ја заврши годината со „низок раст, но не и во рецесија“.

The post Економскиот раст на Еврозоната ќе биде помал од претходно прогнозираниот appeared first on Република.

]]>

По стагнацијата на почетокот на годината, растот во Еврозоната до крајот на 2023-та најверојатно ќе остане ограничен, поради што прогнозата за годишниот економскиот раст, што ќе биде објавена во септември, веројатно ќе биде помалку оптимистичка отколку јунските предвидувања, порача еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.
Во јуни Европската комисија предвиде раст на економијата во Еврозоната во 2023 година од 1,1 отсто, но според најавата на Џентилони, новите прогнози што треба да бидат објавени на 11 септември, веројатно ќе укажуваат на помал очекуван раст. Ваквиот намален оптимизам за економскиот раст се должи на зголемените трошоци за задолжување, падот на довербата на бизнисот и потрошувачите и големата инфлација, која и покрај намалувањето и натаму има висока стапка. Според аналитичарите, сето ова укажува дека граѓаните на ЕУ и претстојнава зима ќе се соочат со големи трошоци за живот, чиј раст започна со ковид пандемијата, а потоа продолжи и со руската инвазија врз Украина. Банките во еврозоната можат да очекуваат поголеми загуби доколку климатските ризици не се ублажат, а најголеми ќе бидат во земјите со чести природни катастрофи. Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ја зголеми основната камата на 3,75 отсто, што е највисока стапка од воведувањето на еврото во 1999 година, во обид да ја намали високата инфлација. Ваквата висока стапка се одрази и на каматите на банките, што претставува дополнителен трошок за граѓаните кои имаат кредити, но во исто време го пригушува и растот. Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард посочи дека е можно ова да биде последно зголемување на каматната стапка годинавата поради опасноста од рецесија, но дека не може да се каже ништо со сигурност пред следната средба на раководителите на централните банки во септември. Целта на растот на каматните стапи е да се стимулираат бизнисите и домаќинствата да штедат повеќе и да трошат помалку, што по правило го забавува економскиот раст. Високите камати постигнаа резултати во битката со инфлацијата која во јуни се намали на 5,5 проценти, што е речиси двојно помала стапка во споредба со онаа во октомври 2022 година, кога достигна рекордното ниво. Високите камати резултираа и со намалување на обемот на кредити подигнати од страна на деловините субјекти, чија вредност во вториот квартал годинава достигна историски најниско ниво, како и со пад на побарувачката на заеми од страна на домаќинствата. Во последниот квартал од 2022 година економијата на еврозоната забележа пад, а само благодарение на добрите статистички резултати на Ирска таквиот тренд беше ублажен во првото овогодишно тромесечие. Резултатите за економскиот раст во вториот квартал треба да бидат објавени утре и според аналитичарите, најверојатно нема да остават простор за преголемо задоволство. Референдум за усвојување на еврото би претставувал гласање за излез на Бугарија од ЕУ, смета поранешниот бугарски заменик министер за финансии, Љубомир Дацов. Клучниот показател за економското расположение во еврозоната, индексот на доверба на деловните субјекти и потрошувачите, во јули се намали за 0,8 индексни поени на 94,5. Падот најмногу се должи на намалувањето на индексот на доверба во Франција за 2,3 индексни поени и во Германија за 2,1 поени. Меѓународниот монетарен фонд неделава ја ревидираше својата прогноза за годишниот глобалниот раст во надолна линија, додека за еврозоната предвиде раст од 0,9 проценти. Од друга страна, Институтот за светска економија од Кил предвиде дека Германија, најмоќната економија во ЕУ и еврозоната, годинава ќе ја заврши во блага рецесија, со пад на производството од 0,3 отсто. Ваквата состојба на германската економија несомнено ќе има негативни ефекти врз побарувачката во Европа. Сепак, и покрај двете последователни стапки на негативен квартален економски раст, што технички ја воведе Евозоната во рецесија, таа сепак беше помала од стравувањата, главно благодарение на пакетите за фискални стимулации и помошта од фондовите на ЕУ кои ги одржуваа високите нивоа на побарувачка и вработеност. Економистот во „Голдман Сакс“, Филипо Тадеи оцени дека и покрај надолните ревизии на прогнозите за економскиот раст за 2023-та, Еврозоната сепак ќе ја заврши годината со „низок раст, но не и во рецесија“.

The post Економскиот раст на Еврозоната ќе биде помал од претходно прогнозираниот appeared first on Република.

]]>
Влада: Просечната нето плата во државата 36. 465 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlada-prosechnata-neto-plata-vo-drzhavata-36-465-denari/ Fri, 21 Jul 2023 11:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=663927

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36 465 денари и таа е повисока за 16,1 отсто во однос на истиот месец минатата година. Зголемувањето е за 5 058 денари.

Согласно Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (25.5 %), Стручни, научни и технички дејности (21.4 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (5.3 %), Стручни, научни и технички дејности (5.0 %) и Транспорт и складирање (4.3 %).

Владините мерки даваат позитивни резултати и просечната нето плата во земјава континуирано расте и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза. Наша цел е подобар стандард на граѓаните и подобро платени работни места. Платите на граѓаните и во иднина ќе растат, бидејќи сите владини политики се насочени кон подобрување на животниот стандард.

The post Влада: Просечната нето плата во државата 36. 465 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36 465 денари и таа е повисока за 16,1 отсто во однос на истиот месец минатата година. Зголемувањето е за 5 058 денари.

Согласно Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (25.5 %), Стручни, научни и технички дејности (21.4 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (5.3 %), Стручни, научни и технички дејности (5.0 %) и Транспорт и складирање (4.3 %). Владините мерки даваат позитивни резултати и просечната нето плата во земјава континуирано расте и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза. Наша цел е подобар стандард на граѓаните и подобро платени работни места. Платите на граѓаните и во иднина ќе растат, бидејќи сите владини политики се насочени кон подобрување на животниот стандард.

The post Влада: Просечната нето плата во државата 36. 465 денари appeared first on Република.

]]>
НБМ за 2023 година проектира економски раст од 2,1 отсто, а просечна инфлација од 8 до 9 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/nbm-za-2023-godina-proektira-ekonomski-rast-od-2-1-otsto-a-prosechna-inflatsija-od-8-do-9-otsto/ Tue, 16 May 2023 10:35:17 +0000 https://republika.mk/?p=641303

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај, во чии рамки се вклучени и пролетните макроекономски проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции во јавноста на конференцијата за печатот.

Според последните проекции, макроекономската слика не е значително променета во споредба со претходните оцени. И понатаму се очекува стабилизирање на растот и умерено забрзување на среден рок, како и постепено забавување на инфлацијата, при оцени за исцрпување на надворешните шокови и позатегнати финансиски услови. Во надворешниот сектор, притисоците врз дефицитот во тековната сметка се помали, поради пониските цени на примарните производи во моментов, но и очекувањата на меѓународните финансиски институции за нивно натамошно намалување за следниот период. Девизните резерви и на краток и на среден рок се во сигурната зона. Ризиците околу проекциите и понатаму постојат, а главно се поврзани со надворешното окружување.

Во однос на економскиот раст, при незначителни промени во претпоставките за домашното и надворешното окружување и земајќи ги предвид најновите достапни информации околу најавените инфраструктурни проекти, проектираниот економски раст за 2023 година изнесува 2,1%, што е помалку во однос на основното сценарио, но во средината на интервалот од двете сценарија од октомвриската проекција. За 2024 и 2025 година, проекциите за БДП се непроменети, односно се очекува забрзување на растот при што тој би изнесувал 3,6% и 4%, соодветно, во согласност со закрепнувањето на глобалната економска активност, а особено активноста на нашите најзначајни трговски партнери. Во поглед на структурата на растот во периодот 2023 ‒ 2024 година, се очекува дека растот и во тековните проекции ќе произлегува од домашната побарувачка, а нето-извозот ќе има мал негативен придонес.

Во поглед на идната патека на цените во домашната економија, најновите проекции упатуваат на непроменети очекувања за движењето на инфлацијата, односно ги потврдуваат октомвриските согледувања за нејзино забавување и сведување на едноцифрено ниво, во интервалот од 8 до 9% во 2023 година. Енергетската компонента во значителна мера би придонесла за забавување на инфлацијата во 2023 година, што се должи на претпоставките за намалување на цените на енергентите, а се очекува постепено ублажување на ценовните притисоци и кај храната. На среден рок се очекува дека стапката на инфлација и натаму ќе забавува и ќе се сведе под 3%, близу до историскиот просек. Ризиците за проекцијата на инфлацијата на среден рок и натаму се поврзани со неизвесноста во поглед на идните движења на светските цени на енергијата и храната и интензитетот на пренос врз домашната инфлација. Исто така, растот на платите, а особено соодносот со растот на продуктивноста треба внимателно да се следат.

Посилната надолна корекција на очекувањата за берзанските цени на енергијата и храната ги изменија проекциите, поточно сега се очекува значително понизок дефицит на тековната сметка во 2023 година, во споредба со октомвриската проекција, односно стеснување на дефицитот на 3,6% од БДП во 2023 година. Во следниот период се очекува стабилизација на цените, што заедно со очекувањата за подобра глобална економија и закрепнувањето на најзначајните трговски партнери би придонесле за понатамошно стеснување на дефицитот кај тековните трансакции на 3,2% од БДП во 2024 година и 2,7% од БДП во 2025 година. Финансиските нето-приливи во периодот 2023 ‒ 2025 година во целост би го финансирале дефицитот на тековната сметка и ќе овозможат дополнителен раст на девизните резерви. Најголемиот дел од финансирањето би се остварил преку странските директни инвестиции, како и долгорочното задолжување на државата. Во целиот период на проекцијата се очекува дека девизните резерви ќе се задржат на ниво соодветно на меѓународните стандарди за одржување на стабилноста на девизниот курс.

Последните оцени за кредитната активност на банкарскиот сектор посочуваат на поумерен раст во однос на октомвриските проекции. На крајот на 2023 година кредитниот раст би забавил сведувајќи се на 5,7% на годишна основа, при што одреден придонес за ваквите движења имаат и донесените монетарни и макропрудентни мерки. Со постепеното забрзување на економскиот раст и стабилизирањето на очекувањата, се предвидува забрзување на растот и на кредитната активност во наредниот период, при што кредитниот раст за периодот 2024 ‒ 2025 година би изнесувал 6,6% во просек. Гледано од аспект на изворите на финансирање, се очекува дека кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, којшто би изнесувал 6,9% во 2023 година и 7,7% во периодот од 2024 до 2025 година, во просек.

Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и за стабилизирање на инфлацијата на среден рок.

The post НБМ за 2023 година проектира економски раст од 2,1 отсто, а просечна инфлација од 8 до 9 отсто appeared first on Република.

]]>

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај, во чии рамки се вклучени и пролетните макроекономски проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции во јавноста на конференцијата за печатот. Според последните проекции, макроекономската слика не е значително променета во споредба со претходните оцени. И понатаму се очекува стабилизирање на растот и умерено забрзување на среден рок, како и постепено забавување на инфлацијата, при оцени за исцрпување на надворешните шокови и позатегнати финансиски услови. Во надворешниот сектор, притисоците врз дефицитот во тековната сметка се помали, поради пониските цени на примарните производи во моментов, но и очекувањата на меѓународните финансиски институции за нивно натамошно намалување за следниот период. Девизните резерви и на краток и на среден рок се во сигурната зона. Ризиците околу проекциите и понатаму постојат, а главно се поврзани со надворешното окружување. Во однос на економскиот раст, при незначителни промени во претпоставките за домашното и надворешното окружување и земајќи ги предвид најновите достапни информации околу најавените инфраструктурни проекти, проектираниот економски раст за 2023 година изнесува 2,1%, што е помалку во однос на основното сценарио, но во средината на интервалот од двете сценарија од октомвриската проекција. За 2024 и 2025 година, проекциите за БДП се непроменети, односно се очекува забрзување на растот при што тој би изнесувал 3,6% и 4%, соодветно, во согласност со закрепнувањето на глобалната економска активност, а особено активноста на нашите најзначајни трговски партнери. Во поглед на структурата на растот во периодот 2023 ‒ 2024 година, се очекува дека растот и во тековните проекции ќе произлегува од домашната побарувачка, а нето-извозот ќе има мал негативен придонес. Во поглед на идната патека на цените во домашната економија, најновите проекции упатуваат на непроменети очекувања за движењето на инфлацијата, односно ги потврдуваат октомвриските согледувања за нејзино забавување и сведување на едноцифрено ниво, во интервалот од 8 до 9% во 2023 година. Енергетската компонента во значителна мера би придонесла за забавување на инфлацијата во 2023 година, што се должи на претпоставките за намалување на цените на енергентите, а се очекува постепено ублажување на ценовните притисоци и кај храната. На среден рок се очекува дека стапката на инфлација и натаму ќе забавува и ќе се сведе под 3%, близу до историскиот просек. Ризиците за проекцијата на инфлацијата на среден рок и натаму се поврзани со неизвесноста во поглед на идните движења на светските цени на енергијата и храната и интензитетот на пренос врз домашната инфлација. Исто така, растот на платите, а особено соодносот со растот на продуктивноста треба внимателно да се следат. Посилната надолна корекција на очекувањата за берзанските цени на енергијата и храната ги изменија проекциите, поточно сега се очекува значително понизок дефицит на тековната сметка во 2023 година, во споредба со октомвриската проекција, односно стеснување на дефицитот на 3,6% од БДП во 2023 година. Во следниот период се очекува стабилизација на цените, што заедно со очекувањата за подобра глобална економија и закрепнувањето на најзначајните трговски партнери би придонесле за понатамошно стеснување на дефицитот кај тековните трансакции на 3,2% од БДП во 2024 година и 2,7% од БДП во 2025 година. Финансиските нето-приливи во периодот 2023 ‒ 2025 година во целост би го финансирале дефицитот на тековната сметка и ќе овозможат дополнителен раст на девизните резерви. Најголемиот дел од финансирањето би се остварил преку странските директни инвестиции, како и долгорочното задолжување на државата. Во целиот период на проекцијата се очекува дека девизните резерви ќе се задржат на ниво соодветно на меѓународните стандарди за одржување на стабилноста на девизниот курс. Последните оцени за кредитната активност на банкарскиот сектор посочуваат на поумерен раст во однос на октомвриските проекции. На крајот на 2023 година кредитниот раст би забавил сведувајќи се на 5,7% на годишна основа, при што одреден придонес за ваквите движења имаат и донесените монетарни и макропрудентни мерки. Со постепеното забрзување на економскиот раст и стабилизирањето на очекувањата, се предвидува забрзување на растот и на кредитната активност во наредниот период, при што кредитниот раст за периодот 2024 ‒ 2025 година би изнесувал 6,6% во просек. Гледано од аспект на изворите на финансирање, се очекува дека кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, којшто би изнесувал 6,9% во 2023 година и 7,7% во периодот од 2024 до 2025 година, во просек. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и за стабилизирање на инфлацијата на среден рок.

The post НБМ за 2023 година проектира економски раст од 2,1 отсто, а просечна инфлација од 8 до 9 отсто appeared first on Република.

]]>
ММФ признава дека руската економија е поотпорна на санкциите од очекуваното https://republika.mk/vesti/svet/mmf-priznava-deka-ruskata-ekonomija-e-pootporna-na-sanktsiite-od-ochekuvanoto/ Mon, 01 May 2023 15:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=635628

Меѓународниот монетарен фонд (MMF) во својот извештај овој месец објави дека економијата на Руската Федерација подобро се справила со притисоците од санкциите отколку што се очекувало.

Како што се испостави, руската економија е многу поотпорна на санкции отколку што очекуваа многу експерти. По остриот пад во вториот квартал од минатата година, економијата сериозно закрепна во третиот и четвртиот квартал, намалувајќи го падот на производството во текот на 2022 година на 2,1 отсто, наведува ММФ.

Оттаму велат анализираат дека „неочекувано силните резултати“ на крајот на минатата година се поврзуваат со стабилниот извоз на нафта и растот на цената на нафтата.

Сепак, во текот на оваа година ММФ очекува нагло намалување на даночните приходи поради падот на цените на нафтата и гасот, додека БДП се очекува да порасне за 0,7 отсто.

Помошникот на претседателот на Русија, Максим Орешкин, неодамн изјави дека земјата очекува растот на БДП да биде меѓу еден и два отсто.

Економијата на Руската Федерација почна да бележи позитивен тренд во јули минатата година. Платите се очекува да пораснат на крајот на април и на крајот на годината, а државата како стратешка цел го постави формирањето на нов економски модел кој ќе и овозможи на Русија да стане независна, изјави Орешкин.

The post ММФ признава дека руската економија е поотпорна на санкциите од очекуваното appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот монетарен фонд (MMF) во својот извештај овој месец објави дека економијата на Руската Федерација подобро се справила со притисоците од санкциите отколку што се очекувало.
Како што се испостави, руската економија е многу поотпорна на санкции отколку што очекуваа многу експерти. По остриот пад во вториот квартал од минатата година, економијата сериозно закрепна во третиот и четвртиот квартал, намалувајќи го падот на производството во текот на 2022 година на 2,1 отсто, наведува ММФ.
Оттаму велат анализираат дека „неочекувано силните резултати“ на крајот на минатата година се поврзуваат со стабилниот извоз на нафта и растот на цената на нафтата. Сепак, во текот на оваа година ММФ очекува нагло намалување на даночните приходи поради падот на цените на нафтата и гасот, додека БДП се очекува да порасне за 0,7 отсто. Помошникот на претседателот на Русија, Максим Орешкин, неодамн изјави дека земјата очекува растот на БДП да биде меѓу еден и два отсто.
Економијата на Руската Федерација почна да бележи позитивен тренд во јули минатата година. Платите се очекува да пораснат на крајот на април и на крајот на годината, а државата како стратешка цел го постави формирањето на нов економски модел кој ќе и овозможи на Русија да стане независна, изјави Орешкин.

The post ММФ признава дека руската економија е поотпорна на санкциите од очекуваното appeared first on Република.

]]>
И според Светска банка, Македонија со Ковачевски и Груби на дното по странски инвестиции во регионот https://republika.mk/vesti/ekonomija/i-spored-svetska-banka-makedonija-so-kovachevski-i-grubi-na-dnoto-po-stranski-investitsii-vo-regionot/ Tue, 25 Apr 2023 11:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=633890

Според Редовниот полугодишен економски извештај за Западен Балкан (ЗБ) којшто денеска беше објавен од Светска банка, Македонија покажува катастрофални резултати во економијата споредено со сите земји од регионот.

Така, веќе втора година по ред Македонија има најниска стапка на економски раст од сите земји од ЗБ, којашто во 2022 година изнесува 2,1%, додека просекот на ЗБ е 3,2%, а воедно забележа и највисока стапка на просечна инфлација од 14,2% во 2022 година, додека просекот на инфлацијата во ЗБ беше 11,8%. Уште повеќе се обесхрабрувачки прогнозите според кои во 2023 година за Македонија се очекува подпросечен раст од 2,4% наспроти оној на регионот од 2,6% и надпросечна инфлација од 9,1%, наспроти очекуваната за регионот од 7%.

Со Косово и Албанија, Македонија има најниски приходи како процент од БДП (од 32,5% од БДП во 2022 година), што при задржани високи расходи од 36,9% од БДП генерираат втор највисок дефицит од 4,5% од БДП во 2022 година по Црна Гора (просек на ЗБ за е 3% од БДП).Дополнително, Македонија во 2021 година имаше највисок дефицит и во 2020 година втор највисок дефицит од земјите на ЗБ. Недисциплинираното трошење на оваа Влада по Ковид-19 година се преслика во силно зголемување на јавниот долг, што при силен раст на номиналниот БДП значеше задржување на соодносот на јавниот долг во БДП, наспроти позначајно намалување на овој сооднос кај сите земји од регионот. Ова не сврсти во земјите со надпросечно ниво на јавен долг од 59,6% во БДП (просекот на ЗБ е 51%од БДП)“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-И резултатите на полето на странските директни инвестиции (СДИ) се катастрофални споредено со земјите од Западен Балкан. Заедно со БиХ, Македонија е на дното на табелата по СДИ во последните три години. Во 2022 година, нето СДИ во Македонија изнесуваат 5,2% од БДП, додека во Црна Гора се 13,5% од БДП, во Србија се 7,1% од БДП, Албанија 6,7% од БДП и Косово 6,6% од БДП, велат од партијата.

The post И според Светска банка, Македонија со Ковачевски и Груби на дното по странски инвестиции во регионот appeared first on Република.

]]>

Според Редовниот полугодишен економски извештај за Западен Балкан (ЗБ) којшто денеска беше објавен од Светска банка, Македонија покажува катастрофални резултати во економијата споредено со сите земји од регионот. Така, веќе втора година по ред Македонија има најниска стапка на економски раст од сите земји од ЗБ, којашто во 2022 година изнесува 2,1%, додека просекот на ЗБ е 3,2%, а воедно забележа и највисока стапка на просечна инфлација од 14,2% во 2022 година, додека просекот на инфлацијата во ЗБ беше 11,8%. Уште повеќе се обесхрабрувачки прогнозите според кои во 2023 година за Македонија се очекува подпросечен раст од 2,4% наспроти оној на регионот од 2,6% и надпросечна инфлација од 9,1%, наспроти очекуваната за регионот од 7%. Со Косово и Албанија, Македонија има најниски приходи како процент од БДП (од 32,5% од БДП во 2022 година), што при задржани високи расходи од 36,9% од БДП генерираат втор највисок дефицит од 4,5% од БДП во 2022 година по Црна Гора (просек на ЗБ за е 3% од БДП).Дополнително, Македонија во 2021 година имаше највисок дефицит и во 2020 година втор највисок дефицит од земјите на ЗБ. Недисциплинираното трошење на оваа Влада по Ковид-19 година се преслика во силно зголемување на јавниот долг, што при силен раст на номиналниот БДП значеше задржување на соодносот на јавниот долг во БДП, наспроти позначајно намалување на овој сооднос кај сите земји од регионот. Ова не сврсти во земјите со надпросечно ниво на јавен долг од 59,6% во БДП (просекот на ЗБ е 51%од БДП)“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -И резултатите на полето на странските директни инвестиции (СДИ) се катастрофални споредено со земјите од Западен Балкан. Заедно со БиХ, Македонија е на дното на табелата по СДИ во последните три години. Во 2022 година, нето СДИ во Македонија изнесуваат 5,2% од БДП, додека во Црна Гора се 13,5% од БДП, во Србија се 7,1% од БДП, Албанија 6,7% од БДП и Косово 6,6% од БДП, велат од партијата.

The post И според Светска банка, Македонија со Ковачевски и Груби на дното по странски инвестиции во регионот appeared first on Република.

]]>
Економијата на Македонија ќе има благ пораст од 2,1 отсто во 2022 до 2,4 отсто во 2023, проектира Светската банка https://republika.mk/vesti/ekonomija/ekonomijata-na-makedonija-ke-ima-blag-porast-od-2-1-otsto-vo-2022-do-2-4-otsto-vo-2023-proektira-svetskata-banka/ Tue, 25 Apr 2023 11:40:53 +0000 https://republika.mk/?p=633901

Економиите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија го надминаа нивото пред пандемијата и покрај негативното влијание од инвазијата на Русија врз Украина, повисоките цени на енергијата и на храната, неповолните временски услови, затегнатите финансиските услови и засилената несигурност, се вели во најновиот Редовен економски извештај за Западен Балкан, објавен денеска.

Се предвидува дека економијата на Македонија да има благ пораст од 2,1% во 2022 година на 2,4% во 2023 година, беше истакнато на денешната прес-конференција во Скопје на која беше презентиран Извештајот.

И покрај брзото закрепнување по пандемијата, тековната криза предизвикана од трошоците за живот – особено од високите цени на храната и енергијата – го потисна растот во земјата и ја турна инфлацијата на највисоко ниво во последните две децении во регионот, ставајќи притисок врз јавните финансии во услови на пораст на трошоците за задолжување. Бидејќи цените на стоките, како што предвидува Банката, во следните две години се очекува да се намалат, стапката на инфлација се проектира да се намали на 9,1 проценти во 2023 година и на 3 проценти во 2024 година.

На среден рок, се предвидува умерено забрзување на економскиот раст. Имајќи го предвид ограничениот фискален простор, поддршката на Владата за заштита на економијата од високите цени на енергијата треба да биде подобро насочена за да се поттикне енергетската ефикасност и зелената транзиција.

Надолните ризици за проекцијата се намалени како резултат на делумното олабавување на финансиските услови, но фискалната консолидација и понатаму останува приоритет. Структурните реформи за поттикнување на среднорочниот одржлив и инклузивен раст треба да останат во фокусот во пресрет на изборите во 2024 година.

Проекциите за земјите од Западниот Балкан и натаму упатуваат на умерен раст на БДП во 2023 година во регионот, кој се очекува да достигне 2,6 проценти, главно поттикнат од приватната потрошувачка и извозот, а во некои земји и од јавните инвестиции, се вели во извештајот.

Регионот сега се соочува со предизвици за обнова на одбранбените механизми за да се подготви за шокови кои може да се појават во иднина и за преземање реформи на страна на понудата за да се постават темелите за поодржлив и позелен раст.

Според директорка при Светска банка за Западен Балкан Шиаочин Ју Западен Балкан покажа исклучителна отпорност и покрај големите економски препреки,

За да продолжат со справување со кризата поттикната од повеќе економски шокови, земјите може да се насочат кон реформи со кои се поттикнува продуктивноста на среден рок, како што се забрзување на регионалната интеграција, зголемување на нивото на конкуренција на пазарот, привлекување на поквалитетни инвестиции и справување со препреките што го ограничуваат учеството на работната сила на пазарот на трудот, особено на жените, посочува таа.

Како и кај нас и во сите други земји од Западен Балкан, во 2022 година, инфлацијата се искачи на највисоко ниво во последните две децении, а ценовните притисоци останаа високи и на почетокот од 2023 година. Под влијание на зголемувањето на цените на храната и на енергијата, сега инфлацијата покажува знаци на забавување, додека надворешните двигатели ослабнуваат поради забавениот светски раст. Меѓутоа, инфлаторните притисоци продолжуваат и бараат понатамошни мерки од страна на монетарната политика.

Според извештајот, повисоките цени особено тешко ги погодија домаќинствата со ниски приходи, а тоа, заедно со послабиот економски раст резултираше со многу побавно темпо на намалувањето на сиромаштијата, и покрај одредените придобивки од програмите на владите за ублажување на енергетската криза. Можните ограничувања во претстојниот период ги опфаќаат пониската надворешна побарувачка, која би можела да има негативно влијание врз приходите од извозот и да ги ограничи дознаките, како и намалениот фискален простор, кој и понатаму ја ограничува поддршката што може да им се даде на домаќинствата.

Најсиромашните домаќинства трошат многу поголем дел од своите приходи на енергија и на храна, две ставки по потрошувачката кошничка со најголемо зголемување на цените - вели Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист во Светска банка и главна авторка на извештајот.

Спорд неа, тоа значи дека зголемувањето на реалните трошоци на живот со кои се соочуваат сиромашните во Западен Балкан е многу повисоко од она на што укажува просечната инфлација. Важно е, додава Маџаревиќ – Шујстер, да се земе предвид разликата кај стапките на инфлација кај различните видови домаќинства, за да се обмислат ефективни политики за заштита на најранливите и да се поттикне економскиот раст.

Во извештајот се посочува и дека и покрај растот на вработеноста, во втората половина од 2022 година, темпото на отворање нови работни места ја загуби силата во сите земји од Западен Балкан. Вработеноста најмногу се намали во земјоделството и во јавната администрација, а индустријата и услугите, исто така, забележаа забавување. Во септември 2022 година, стапката на вработеност достигна историски највисоко ниво од 47 проценти, по што почна да опаѓа.

На среден рок, проекциите за Западен Балкан и понатаму се позитивни, иако се потребни реформи за забрзување кон зелената транзиција и справување со структурните предизвици. Тековната енергетска криза ја нагласи потребата за забрзување на зелената транзиција низ Европа, вклучувајќи го и Западниот Балкан.

Една област за инвестирање со потенцијал за значителни економски резултати за Западен Балкан е енергетската ефикасност, се додава во извештајот. Дури и умерено подобрување на енергетската ефикасност на фирмите би довело до значително намалување на емисиите на стакленички гасови поврзани со енергијата, до подобрување на профитабилноста на фирмите, до големи социјални придобивки и до заштита од идни ценовни шокови од електричната енергија и гасот.

The post Економијата на Македонија ќе има благ пораст од 2,1 отсто во 2022 до 2,4 отсто во 2023, проектира Светската банка appeared first on Република.

]]>

Економиите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија го надминаа нивото пред пандемијата и покрај негативното влијание од инвазијата на Русија врз Украина, повисоките цени на енергијата и на храната, неповолните временски услови, затегнатите финансиските услови и засилената несигурност, се вели во најновиот Редовен економски извештај за Западен Балкан, објавен денеска. Се предвидува дека економијата на Македонија да има благ пораст од 2,1% во 2022 година на 2,4% во 2023 година, беше истакнато на денешната прес-конференција во Скопје на која беше презентиран Извештајот. И покрај брзото закрепнување по пандемијата, тековната криза предизвикана од трошоците за живот – особено од високите цени на храната и енергијата – го потисна растот во земјата и ја турна инфлацијата на највисоко ниво во последните две децении во регионот, ставајќи притисок врз јавните финансии во услови на пораст на трошоците за задолжување. Бидејќи цените на стоките, како што предвидува Банката, во следните две години се очекува да се намалат, стапката на инфлација се проектира да се намали на 9,1 проценти во 2023 година и на 3 проценти во 2024 година. На среден рок, се предвидува умерено забрзување на економскиот раст. Имајќи го предвид ограничениот фискален простор, поддршката на Владата за заштита на економијата од високите цени на енергијата треба да биде подобро насочена за да се поттикне енергетската ефикасност и зелената транзиција. Надолните ризици за проекцијата се намалени како резултат на делумното олабавување на финансиските услови, но фискалната консолидација и понатаму останува приоритет. Структурните реформи за поттикнување на среднорочниот одржлив и инклузивен раст треба да останат во фокусот во пресрет на изборите во 2024 година. Проекциите за земјите од Западниот Балкан и натаму упатуваат на умерен раст на БДП во 2023 година во регионот, кој се очекува да достигне 2,6 проценти, главно поттикнат од приватната потрошувачка и извозот, а во некои земји и од јавните инвестиции, се вели во извештајот. Регионот сега се соочува со предизвици за обнова на одбранбените механизми за да се подготви за шокови кои може да се појават во иднина и за преземање реформи на страна на понудата за да се постават темелите за поодржлив и позелен раст. Според директорка при Светска банка за Западен Балкан Шиаочин Ју Западен Балкан покажа исклучителна отпорност и покрај големите економски препреки, За да продолжат со справување со кризата поттикната од повеќе економски шокови, земјите може да се насочат кон реформи со кои се поттикнува продуктивноста на среден рок, како што се забрзување на регионалната интеграција, зголемување на нивото на конкуренција на пазарот, привлекување на поквалитетни инвестиции и справување со препреките што го ограничуваат учеството на работната сила на пазарот на трудот, особено на жените, посочува таа. Како и кај нас и во сите други земји од Западен Балкан, во 2022 година, инфлацијата се искачи на највисоко ниво во последните две децении, а ценовните притисоци останаа високи и на почетокот од 2023 година. Под влијание на зголемувањето на цените на храната и на енергијата, сега инфлацијата покажува знаци на забавување, додека надворешните двигатели ослабнуваат поради забавениот светски раст. Меѓутоа, инфлаторните притисоци продолжуваат и бараат понатамошни мерки од страна на монетарната политика. Според извештајот, повисоките цени особено тешко ги погодија домаќинствата со ниски приходи, а тоа, заедно со послабиот економски раст резултираше со многу побавно темпо на намалувањето на сиромаштијата, и покрај одредените придобивки од програмите на владите за ублажување на енергетската криза. Можните ограничувања во претстојниот период ги опфаќаат пониската надворешна побарувачка, која би можела да има негативно влијание врз приходите од извозот и да ги ограничи дознаките, како и намалениот фискален простор, кој и понатаму ја ограничува поддршката што може да им се даде на домаќинствата.
Најсиромашните домаќинства трошат многу поголем дел од своите приходи на енергија и на храна, две ставки по потрошувачката кошничка со најголемо зголемување на цените - вели Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист во Светска банка и главна авторка на извештајот.
Спорд неа, тоа значи дека зголемувањето на реалните трошоци на живот со кои се соочуваат сиромашните во Западен Балкан е многу повисоко од она на што укажува просечната инфлација. Важно е, додава Маџаревиќ – Шујстер, да се земе предвид разликата кај стапките на инфлација кај различните видови домаќинства, за да се обмислат ефективни политики за заштита на најранливите и да се поттикне економскиот раст. Во извештајот се посочува и дека и покрај растот на вработеноста, во втората половина од 2022 година, темпото на отворање нови работни места ја загуби силата во сите земји од Западен Балкан. Вработеноста најмногу се намали во земјоделството и во јавната администрација, а индустријата и услугите, исто така, забележаа забавување. Во септември 2022 година, стапката на вработеност достигна историски највисоко ниво од 47 проценти, по што почна да опаѓа. На среден рок, проекциите за Западен Балкан и понатаму се позитивни, иако се потребни реформи за забрзување кон зелената транзиција и справување со структурните предизвици. Тековната енергетска криза ја нагласи потребата за забрзување на зелената транзиција низ Европа, вклучувајќи го и Западниот Балкан. Една област за инвестирање со потенцијал за значителни економски резултати за Западен Балкан е енергетската ефикасност, се додава во извештајот. Дури и умерено подобрување на енергетската ефикасност на фирмите би довело до значително намалување на емисиите на стакленички гасови поврзани со енергијата, до подобрување на профитабилноста на фирмите, до големи социјални придобивки и до заштита од идни ценовни шокови од електричната енергија и гасот.

The post Економијата на Македонија ќе има благ пораст од 2,1 отсто во 2022 до 2,4 отсто во 2023, проектира Светската банка appeared first on Република.

]]>
ММФ: Глобалната економија се движи кон најбавен раст од 1990-та https://republika.mk/vesti/svet/mmf-globalnata-ekonomija-se-dvizhi-kon-najbaven-rast-od-1990-ta/ Fri, 07 Apr 2023 09:50:35 +0000 https://republika.mk/?p=628252

Глобалната економија се движи кон својот најслаб период на раст од 1990-та година, бидејќи повисоките каматни стапки поставени од водечките светски централни банки ги зголемуваат трошоците за задолжување за домаќинствата и бизнисите, предупреди шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева.

Во исто време, таа смета дека зголемувањето на каматните стапки треба да продолжи како начин за справување со инфлацијата.

Во говорот пред пролетните состаноци на ММФ во Вашингтон следната недела, Георгиева рече дека глобалниот раст ќе остане околу 3 отсто во следните пет години – најниска среднорочна прогноза за раст од 1990-та година.

Наглото забавување на глобалната економија минатата година по последователните потреси од пандемијата со Ковид-19 и руската инвазија на Украина ќе продолжи и во 2023-та година, со ризикот од забавување да остане во следните пет години - рече шефот на ММФ.

Ова го отежнува намалувањето на сиромаштијата, заздравувањето на економските лузни од кризата со Ковид-19 и обезбедувањето нови и подобри можности за сите - додаде Георгиева.

Пред ММФ да ги објави своите ревидирани економски прогнози следната недела, Георгиева рече дека глобалниот раст во 2022-ра година е речиси преполовен од првичното закрепнување од пандемијата Ковид-19 во 2021-ва година, паѓајќи од 6,1 отсто на 3,4 отсто. Со висока инфлација, зголемени трошоци за задолжување и зголемени геополитички тензии, глобалниот раст е на пат да падне под 3 отсто во 2023-та година и да остане слаб во годините што доаѓаат, рече шефот на ММФ.

До 90 отсто од напредните економии ќе забележат бавен раст во оваа година, предупреди таа, при што активностите во САД и во еврозоната ќе бидат погодени од повисоки каматни стапки.

Споредувајќи ги геополитичките и економските предизвици со „качување по ридови“, Георгиева рече дека „досега сме докажале дека сме издржливи алпинисти, но патот напред, а особено патот назад кон стабилен раст, е тежок и маглив, а јажињата што држат ние заедно, тие можеби се послаби сега отколку што беа пред само неколку години“.

И покрај влијанието на повисоките каматни стапки на централната банка врз економската активност ширум светот, Георгиева рече дека сè уште е потребен пристап „да се задржи курсот во борбата против инфлацијата“.

Шефот на ММФ додаде дека превирањата во глобалната банкарска индустрија во изминатиот месец покажаа дека сè уште има опасности да се надминат.

Сепак, таа ги повика централните банкари да продолжат со повисоки каматни стапки како потег за справување со инфлацијата, истовремено обезбедувајќи посебна поддршка за банките кои се борат.

The post ММФ: Глобалната економија се движи кон најбавен раст од 1990-та appeared first on Република.

]]>

Глобалната економија се движи кон својот најслаб период на раст од 1990-та година, бидејќи повисоките каматни стапки поставени од водечките светски централни банки ги зголемуваат трошоците за задолжување за домаќинствата и бизнисите, предупреди шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева. Во исто време, таа смета дека зголемувањето на каматните стапки треба да продолжи како начин за справување со инфлацијата. Во говорот пред пролетните состаноци на ММФ во Вашингтон следната недела, Георгиева рече дека глобалниот раст ќе остане околу 3 отсто во следните пет години – најниска среднорочна прогноза за раст од 1990-та година.
Наглото забавување на глобалната економија минатата година по последователните потреси од пандемијата со Ковид-19 и руската инвазија на Украина ќе продолжи и во 2023-та година, со ризикот од забавување да остане во следните пет години - рече шефот на ММФ.
Ова го отежнува намалувањето на сиромаштијата, заздравувањето на економските лузни од кризата со Ковид-19 и обезбедувањето нови и подобри можности за сите - додаде Георгиева. Пред ММФ да ги објави своите ревидирани економски прогнози следната недела, Георгиева рече дека глобалниот раст во 2022-ра година е речиси преполовен од првичното закрепнување од пандемијата Ковид-19 во 2021-ва година, паѓајќи од 6,1 отсто на 3,4 отсто. Со висока инфлација, зголемени трошоци за задолжување и зголемени геополитички тензии, глобалниот раст е на пат да падне под 3 отсто во 2023-та година и да остане слаб во годините што доаѓаат, рече шефот на ММФ. До 90 отсто од напредните економии ќе забележат бавен раст во оваа година, предупреди таа, при што активностите во САД и во еврозоната ќе бидат погодени од повисоки каматни стапки. Споредувајќи ги геополитичките и економските предизвици со „качување по ридови“, Георгиева рече дека „досега сме докажале дека сме издржливи алпинисти, но патот напред, а особено патот назад кон стабилен раст, е тежок и маглив, а јажињата што држат ние заедно, тие можеби се послаби сега отколку што беа пред само неколку години“. И покрај влијанието на повисоките каматни стапки на централната банка врз економската активност ширум светот, Георгиева рече дека сè уште е потребен пристап „да се задржи курсот во борбата против инфлацијата“. Шефот на ММФ додаде дека превирањата во глобалната банкарска индустрија во изминатиот месец покажаа дека сè уште има опасности да се надминат. Сепак, таа ги повика централните банкари да продолжат со повисоки каматни стапки како потег за справување со инфлацијата, истовремено обезбедувајќи посебна поддршка за банките кои се борат.

The post ММФ: Глобалната економија се движи кон најбавен раст од 1990-та appeared first on Република.

]]>