рангирање Archives - Република https://republika.mk/tema/rangiranje/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jun 2024 11:01:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рангирање Archives - Република https://republika.mk/tema/rangiranje/ 32 32 Две места пред Грција: Македонија на 38-то место на списокот на најмирни земји во светот https://republika.mk/vesti/makedonija/dve-mesta-pred-grtsija-makedonija-na-38-to-mesto-na-spisokot-na-najmirni-zemji-vo-svetot/ Sun, 16 Jun 2024 13:02:08 +0000 https://republika.mk/?p=788098

На листата на најмирни земји во светот за оваа година, Македонија е рангирана на 38 место, објави Глобалниот индекс на мирот (Global Peace Index).

Рангирањето се базира на 23 различни фактори.

За споредба, Бугарија е на 26. место, Црна Гора на 35. место, Грција е на 40. место, додека Албанија е на 42. место.

Србија е на 54. место, Косово е на 56. место на листата, додека Босна и Херцеговина е на 61. место.

На 163. место е Јемен, а една земја пред Јемен е Судан. Украина е рангирана на 159. место.

Исланд е на првото место 16-та година по ред. Словенија е меѓу 10-те најмирни земји.

The post Две места пред Грција: Македонија на 38-то место на списокот на најмирни земји во светот appeared first on Република.

]]>

На листата на најмирни земји во светот за оваа година, Македонија е рангирана на 38 место, објави Глобалниот индекс на мирот (Global Peace Index). Рангирањето се базира на 23 различни фактори. За споредба, Бугарија е на 26. место, Црна Гора на 35. место, Грција е на 40. место, додека Албанија е на 42. место. Србија е на 54. место, Косово е на 56. место на листата, додека Босна и Херцеговина е на 61. место. На 163. место е Јемен, а една земја пред Јемен е Судан. Украина е рангирана на 159. место. Исланд е на првото место 16-та година по ред. Словенија е меѓу 10-те најмирни земји.

The post Две места пред Грција: Македонија на 38-то место на списокот на најмирни земји во светот appeared first on Република.

]]>
Македонија бележи благо опаѓање во глобалното рангирање за буџетска отчетност https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-belezhi-blago-opagane-vo-globalnoto-rangirane-za-budhetska-otchetnost/ Wed, 29 May 2024 11:35:34 +0000 https://republika.mk/?p=782778

Македонија бележи благо опаѓање во рангирањето за буџетска транспарентност, според Анкетата за отворени буџети на Меѓународното буџетско партнерство за 2023 година од 36 поени во 2021 година на 35 поени за 2023 година.

Истражувањето, како што стои во соопштението на ЦЕА, е единствена споредбена, независна и редовна проценка во светот за транспарентноста, надзорот и учеството на јавноста во националните буџети. Во овој круг на истражување, оценките за глобална транспарентност беа 45 од 100 можни поени, учеството на јавноста беше 15 од 100 можни поени, законодавниот надзор беше 45 од 100 можни поени и ревизорскиот надзор беше 62 од 100 можни поени.

Треба да се изработи и објави фискалната стратегија навреме и да биде достапна за пратениците во Собранието пред да биде поднесен предлог-буџетот од Владата, рече Марјан Николов, претседател на ЦЕА, која го спроведе истражувањето за Македонија.

Дополнително, се додава, Владата и Министерството за финансии не покажаа дисциплина и решителност при изготвување и објавување навреме на Граѓанскиот буџет.

Се посочува дека последно, но не и најмалку важно, Министерството за финансии продолжува да не прави соодветен Полугодишен извештај.

Полошиот резултат на Македонија е во позадина на скромни подобрувања на глобално ниво и е втор најлош во регионот само после Босна и Херцеговина. Глобалниот просек на буџетска транспарентност се зголеми за еден поен, а учеството на јавноста се зголеми за два поени. Сепак, и покрај овие скромни придобивки, забележан е загрижувачки пад на јавната достапност на граѓанските буџети – пропуштена можност од страна на владите да користат клучна алатка за да ги направат нивните буџети подостапни за секојдневните луѓе. За прв пат од 2017 година, помалку влади ги ставаат на располагање на јавноста своите извештаи за извршување на буџетот во текот на годината. „Продолжуваме да гледаме скромни придобивки во истражувањето - рече Дејвид Робинс, раководител на Истражувањето за отворени буџети.

Анкетата за отворени буџети опфаќа 125 земји во кои живеат 7,5 милијарди луѓе и ја проценува отвореноста и отчетноста на буџетите кои изнесуваа повеќе од 33,5 трилиони американски долари во фискалната 2022 година. Транспарентноста и помага на јавноста да ги разбере буџетските приоритети на владата; механизмите за учество на јавноста им овозможуваат да придонесат кон овие приоритети; и формален надзор на буџетот од законодавниот дом ги води и ги проверува буџетските избори додека ревизорските институции ја оценуваат законитоста, ефикасноста и ефективноста на јавната потрошувачка.

The post Македонија бележи благо опаѓање во глобалното рангирање за буџетска отчетност appeared first on Република.

]]>

Македонија бележи благо опаѓање во рангирањето за буџетска транспарентност, според Анкетата за отворени буџети на Меѓународното буџетско партнерство за 2023 година од 36 поени во 2021 година на 35 поени за 2023 година. Истражувањето, како што стои во соопштението на ЦЕА, е единствена споредбена, независна и редовна проценка во светот за транспарентноста, надзорот и учеството на јавноста во националните буџети. Во овој круг на истражување, оценките за глобална транспарентност беа 45 од 100 можни поени, учеството на јавноста беше 15 од 100 можни поени, законодавниот надзор беше 45 од 100 можни поени и ревизорскиот надзор беше 62 од 100 можни поени. Треба да се изработи и објави фискалната стратегија навреме и да биде достапна за пратениците во Собранието пред да биде поднесен предлог-буџетот од Владата, рече Марјан Николов, претседател на ЦЕА, која го спроведе истражувањето за Македонија. Дополнително, се додава, Владата и Министерството за финансии не покажаа дисциплина и решителност при изготвување и објавување навреме на Граѓанскиот буџет. Се посочува дека последно, но не и најмалку важно, Министерството за финансии продолжува да не прави соодветен Полугодишен извештај.
Полошиот резултат на Македонија е во позадина на скромни подобрувања на глобално ниво и е втор најлош во регионот само после Босна и Херцеговина. Глобалниот просек на буџетска транспарентност се зголеми за еден поен, а учеството на јавноста се зголеми за два поени. Сепак, и покрај овие скромни придобивки, забележан е загрижувачки пад на јавната достапност на граѓанските буџети – пропуштена можност од страна на владите да користат клучна алатка за да ги направат нивните буџети подостапни за секојдневните луѓе. За прв пат од 2017 година, помалку влади ги ставаат на располагање на јавноста своите извештаи за извршување на буџетот во текот на годината. „Продолжуваме да гледаме скромни придобивки во истражувањето - рече Дејвид Робинс, раководител на Истражувањето за отворени буџети.
Анкетата за отворени буџети опфаќа 125 земји во кои живеат 7,5 милијарди луѓе и ја проценува отвореноста и отчетноста на буџетите кои изнесуваа повеќе од 33,5 трилиони американски долари во фискалната 2022 година. Транспарентноста и помага на јавноста да ги разбере буџетските приоритети на владата; механизмите за учество на јавноста им овозможуваат да придонесат кон овие приоритети; и формален надзор на буџетот од законодавниот дом ги води и ги проверува буџетските избори додека ревизорските институции ја оценуваат законитоста, ефикасноста и ефективноста на јавната потрошувачка.

The post Македонија бележи благо опаѓање во глобалното рангирање за буџетска отчетност appeared first on Република.

]]>
Само се потврди она што си го знаеме: Македонците се најнесреќни во регионот https://republika.mk/vesti/makedonija/samo-se-potvrdi-ona-shto-si-go-znaeme-makedontsite-se-najnesrekni-vo-regionot/ Mon, 20 Mar 2023 09:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=621457

Шеста година по ред Финска е прогласена за земја со најсреќна популација, според Светскиот извештај за среќа кој е објавен денеска.
Извештајот, кој се занимава и со ефектите од кризата предизвикана од коронавирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп.
Според извештајот, по среќните Финци следуваат Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.
Македонија е на 87 место, а од соседните земји Косово е на 34, Србија е на 45, Грција на 58, Бугарија на 77 и Албанија на 83 место. Црна Гора е 67-ма во Светскиот извештај за среќа, а Босна и Херцеговина е 71-ва.

На дното на рангирањето се претежно африканските земји, а Авганистан и Либан разурнати од војна се двете најнесреќни земји во светот, во истражувањето во кое беа опфатени вкупно 137 земји.
Научниците рекоа дека проценката на среќата на луѓето остана „извонредно отпорна“ и покрај пандемијата „Ковид-19“, со глобални просеци во 2020 до 2022 година исто толку високи како оние во годините пред пандемијата од 2017 до 2019 година.

The post Само се потврди она што си го знаеме: Македонците се најнесреќни во регионот appeared first on Република.

]]>

Шеста година по ред Финска е прогласена за земја со најсреќна популација, според Светскиот извештај за среќа кој е објавен денеска. Извештајот, кој се занимава и со ефектите од кризата предизвикана од коронавирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп. Според извештајот, по среќните Финци следуваат Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд. Македонија е на 87 место, а од соседните земји Косово е на 34, Србија е на 45, Грција на 58, Бугарија на 77 и Албанија на 83 место. Црна Гора е 67-ма во Светскиот извештај за среќа, а Босна и Херцеговина е 71-ва. На дното на рангирањето се претежно африканските земји, а Авганистан и Либан разурнати од војна се двете најнесреќни земји во светот, во истражувањето во кое беа опфатени вкупно 137 земји. Научниците рекоа дека проценката на среќата на луѓето остана „извонредно отпорна“ и покрај пандемијата „Ковид-19“, со глобални просеци во 2020 до 2022 година исто толку високи како оние во годините пред пандемијата од 2017 до 2019 година.

The post Само се потврди она што си го знаеме: Македонците се најнесреќни во регионот appeared first on Република.

]]>
Беше меѓу најдобрите универзитети во светот, УКИМ сега рангиран на дното https://republika.mk/vesti/makedonija/beshe-megju-najdobrite-univerziteti-vo-svetot-ukim-sega-rangiran-na-dnoto/ Sun, 01 May 2022 19:34:56 +0000 https://republika.mk/?p=496143

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ e рангиран на 1.964 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за академската 2022/2023 година според новото рангирање кое го објави Центарот за рангирање на светски универзитети, пишува Радио МОФ.

Најголемиот македонски универзитет во споредба со минатата година забележа пад од 20 места на оваа листа која ги оценува академските перформанси на универзитетите ширум светот, пренесуваат од Радио МОФ.

УКИМ е единствениот македонски универзитет на листата со 65,9 бодови од вкупно 100. Во споредба со рангирањето за академската 2019-2020 година, каде УКИМ имаше најдобар резултат последниве години и беше 1.816-ти на листата, Универзитетот има назадувано за 148 позиции, додаваат од радиото.

The post Беше меѓу најдобрите универзитети во светот, УКИМ сега рангиран на дното appeared first on Република.

]]>

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ e рангиран на 1.964 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за академската 2022/2023 година според новото рангирање кое го објави Центарот за рангирање на светски универзитети, пишува Радио МОФ. Најголемиот македонски универзитет во споредба со минатата година забележа пад од 20 места на оваа листа која ги оценува академските перформанси на универзитетите ширум светот, пренесуваат од Радио МОФ. УКИМ е единствениот македонски универзитет на листата со 65,9 бодови од вкупно 100. Во споредба со рангирањето за академската 2019-2020 година, каде УКИМ имаше најдобар резултат последниве години и беше 1.816-ти на листата, Универзитетот има назадувано за 148 позиции, додаваат од радиото.

The post Беше меѓу најдобрите универзитети во светот, УКИМ сега рангиран на дното appeared first on Република.

]]>
Македонија падна во извештајот на економски слободи на Херитиџ, веќе не е „главно слободна економија“ https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-padna-vo-izveshtajot-na-ekonomski-slobodi-na-heritidz-vekje-ne-e-glavno-slobodna-ekonomija/ Wed, 16 Feb 2022 19:38:20 +0000 https://republika.mk/?p=459522

Македонија падна осум места на извештајот на економски слободи што го подготвува американската фондација Херитиџ.
Македонија успеа да се искачи до 33-тото место во 2017 година, како резултат на спроведените пазарни реформи, но под мандатот на СДСМ дојде до значителен пад. Извештајот на Херитиџ оценува дали економијата на една држава е поставена на здрава основа и е отворена за странски инвестиции.

Македонија е на 32ро место од 45 земји во Европа и е под просекот на регионот, но е над просекот во светот. Економијата на Македонија растеше од 2017 до 2019 година, потоа падна во 2020, и заздраве во 2021 година. Нејзиниот резултат во индексот го влечат надолу недостатоците во слободата во трговијата и во владеењето на правото (непочитување на правото на сопственост, неефикасност на судството и слабости со интегритетот на власта). Македонија загуби 5 поени во извештајот од 2017 година и падна во групата „умерено слободни“ држави, откако неколку години беше оценета како „главно слободна“ економија, оценува американската фондација.

Единствената висока оценка што македонската економија ја добива од оваа конзервативна фондација е во областа „даночен товар“, каде даноците остануваат релативно ниски уште од времето на реформите спроведени од Никола Груевски. Тука оценката е 95. Исклучително лоша оценка - 38.7,  Македонија добива во областа „интегритет на власта“ каде се мери корупцијата на владејачките функционери. Во извештајот се оценува дека „неказнивоста на корумпираните функционери останува сериозен проблем“ и дека „има многу пријави за несоодветно влијание на власта, бизнисите и политичарите врз судството“.

 

The post Македонија падна во извештајот на економски слободи на Херитиџ, веќе не е „главно слободна економија“ appeared first on Република.

]]>

Македонија падна осум места на извештајот на економски слободи што го подготвува американската фондација Херитиџ. Македонија успеа да се искачи до 33-тото место во 2017 година, како резултат на спроведените пазарни реформи, но под мандатот на СДСМ дојде до значителен пад. Извештајот на Херитиџ оценува дали економијата на една држава е поставена на здрава основа и е отворена за странски инвестиции. Македонија е на 32ро место од 45 земји во Европа и е под просекот на регионот, но е над просекот во светот. Економијата на Македонија растеше од 2017 до 2019 година, потоа падна во 2020, и заздраве во 2021 година. Нејзиниот резултат во индексот го влечат надолу недостатоците во слободата во трговијата и во владеењето на правото (непочитување на правото на сопственост, неефикасност на судството и слабости со интегритетот на власта). Македонија загуби 5 поени во извештајот од 2017 година и падна во групата „умерено слободни“ држави, откако неколку години беше оценета како „главно слободна“ економија, оценува американската фондација. Единствената висока оценка што македонската економија ја добива од оваа конзервативна фондација е во областа „даночен товар“, каде даноците остануваат релативно ниски уште од времето на реформите спроведени од Никола Груевски. Тука оценката е 95. Исклучително лоша оценка - 38.7,  Македонија добива во областа „интегритет на власта“ каде се мери корупцијата на владејачките функционери. Во извештајот се оценува дека „неказнивоста на корумпираните функционери останува сериозен проблем“ и дека „има многу пријави за несоодветно влијание на власта, бизнисите и политичарите врз судството“.  

The post Македонија падна во извештајот на економски слободи на Херитиџ, веќе не е „главно слободна економија“ appeared first on Република.

]]>
Македонија на 6 место на најсиромашни држави во Европа https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-na-6-mesto-na-najsiromashni-drzavi-vo-evropa/ Wed, 09 Feb 2022 13:05:59 +0000 https://republika.mk/?p=456241

Реномираната независна организација World Population Review според извештајот кој го објавија за 2022 година ја рангираше Македонија на 6 место најсиромашни држави во Европа.

Во 2021 според Business Standard бевме рангирани на 3 место во прегледот на најсиромашните земји во Европа, мерено согласно БДП по глава на жител.

Согласно приложеното може да се види дека користена е сосема логична метода на мерење, односно бруто домашниот производ (БДП) како еден од најважните параметри што се користат за мерење на економската стабилност на цела држава и тој често се надополнува со бруто националниот производ (БНП) по глава на жител, што дава добар показател за тоа како граѓаните просперираат или напредуваат во државата. Повторувам, согласно овие анализи Македонија е високо на листата во групата 10 најсиромашни држави во Европа последниве две години.

The post Македонија на 6 место на најсиромашни држави во Европа appeared first on Република.

]]>

Реномираната независна организација World Population Review според извештајот кој го објавија за 2022 година ја рангираше Македонија на 6 место најсиромашни држави во Европа. Во 2021 според Business Standard бевме рангирани на 3 место во прегледот на најсиромашните земји во Европа, мерено согласно БДП по глава на жител. Согласно приложеното може да се види дека користена е сосема логична метода на мерење, односно бруто домашниот производ (БДП) како еден од најважните параметри што се користат за мерење на економската стабилност на цела држава и тој често се надополнува со бруто националниот производ (БНП) по глава на жител, што дава добар показател за тоа како граѓаните просперираат или напредуваат во државата. Повторувам, согласно овие анализи Македонија е високо на листата во групата 10 најсиромашни држави во Европа последниве две години.

The post Македонија на 6 место на најсиромашни држави во Европа appeared first on Република.

]]>