Рамазан Archives - Република https://republika.mk/tema/ramazan/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Apr 2024 07:34:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рамазан Archives - Република https://republika.mk/tema/ramazan/ 32 32 Утре е Рамазан Бајрам, неработен ден за сите граѓани https://republika.mk/zivot/servisi/utre-e-ramazan-bajram-neraboten-den-za-site-gragani/ Tue, 09 Apr 2024 07:34:36 +0000 https://republika.mk/?p=764004

Рамазан Бајрам 10 април (среда) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Македонија им го честитаат празникот Рамазан Бајрам.

The post Утре е Рамазан Бајрам, неработен ден за сите граѓани appeared first on Република.

]]>

Рамазан Бајрам 10 април (среда) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Македонија им го честитаат празникот Рамазан Бајрам.

The post Утре е Рамазан Бајрам, неработен ден за сите граѓани appeared first on Република.

]]>
Нови жртви од израелските напади на почетокот на Месецот на мирот https://republika.mk/vesti/svet/novi-zhrtvi-od-izraelskite-napadi-na-pochetokot-na-mesetsot-na-mirot/ Sun, 10 Mar 2024 12:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=753288

Израелската армија денеска продолжи да го бомбардира Појасот Газа и десетици луѓе беа убиени пред почетокот на муслиманскиот пост Рамазан и во услови на меѓународни напори за испраќање хуманитарна помош до опколеното цивилно население кое е во опасност од глад.

Како дел од најавата на ЕУ за хуманитарен поморски коридор, првиот брод треба да исплови од Кипар за да пренесе помош на територијата уништена од повеќе од пет месеци војна меѓу Израел и палестинскиот исламистички Хамас.

Пред Рамазан, нема знаци за договор за прекин на огнот во војната, за која Хамас вели дека досега се убиени повеќе од 31.000 луѓе, главно цивили, во израелската воена офанзива.

Синоќа, според властите на Хамас, биле извршени над 60 напади и погодени куќи во централниот и јужниот дел на Газа, најмногу во градот Кан Јунис.

Најмалку 13 лица загинаа кога граната удрила врз шаторите на раселените луѓе во регионот Ал-Маваси меѓу Кан Јунис и Рафах, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Во ноќта меѓу саботата и неделата загинаа вкупно 85 Палестинци.

Израелската армија, чии војници дејствуваат на голем дел од палестинската територија, објави дека во последните 24 часа во центарот на Газа и Кан Јунис биле убиени околу 30 палестински борци. Според податоците на ОН, гладот ​​е закана за 2,2 милиони од 2,4 милиони жители, а 1,7 милиони се раселени.

Во изминатите неколку дена, неколку западни и арапски земји фрлија пакети со храна и медицинска опрема во Газа. Во петокот ЕУ и САД објавија дека подготвуваат поморски хуманитарен коридор од Кипар, кој е на околу 370 километри од Газа. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изрази надеж дека денеска ќе исплови првиот брод со 200 тони храна обезбедена од невладини организации.

Останува да се види како таа помош ќе биде испорачана на територија која секојдневно е бомбардирана од израелската армија и борбите се во тек. ОН, кои предупредуваат дека широко распространето гладување е речиси неизбежно во Газа, потврдија дека фрлањето пакети со помош од воздух и нивното испраќање по море не може да ја замени испораката на копно.

The post Нови жртви од израелските напади на почетокот на Месецот на мирот appeared first on Република.

]]>

Израелската армија денеска продолжи да го бомбардира Појасот Газа и десетици луѓе беа убиени пред почетокот на муслиманскиот пост Рамазан и во услови на меѓународни напори за испраќање хуманитарна помош до опколеното цивилно население кое е во опасност од глад. Како дел од најавата на ЕУ за хуманитарен поморски коридор, првиот брод треба да исплови од Кипар за да пренесе помош на територијата уништена од повеќе од пет месеци војна меѓу Израел и палестинскиот исламистички Хамас. Пред Рамазан, нема знаци за договор за прекин на огнот во војната, за која Хамас вели дека досега се убиени повеќе од 31.000 луѓе, главно цивили, во израелската воена офанзива. Синоќа, според властите на Хамас, биле извршени над 60 напади и погодени куќи во централниот и јужниот дел на Газа, најмногу во градот Кан Јунис. Најмалку 13 лица загинаа кога граната удрила врз шаторите на раселените луѓе во регионот Ал-Маваси меѓу Кан Јунис и Рафах, соопшти тамошното Министерство за здравство.
Во ноќта меѓу саботата и неделата загинаа вкупно 85 Палестинци. Израелската армија, чии војници дејствуваат на голем дел од палестинската територија, објави дека во последните 24 часа во центарот на Газа и Кан Јунис биле убиени околу 30 палестински борци. Според податоците на ОН, гладот ​​е закана за 2,2 милиони од 2,4 милиони жители, а 1,7 милиони се раселени. Во изминатите неколку дена, неколку западни и арапски земји фрлија пакети со храна и медицинска опрема во Газа. Во петокот ЕУ и САД објавија дека подготвуваат поморски хуманитарен коридор од Кипар, кој е на околу 370 километри од Газа. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изрази надеж дека денеска ќе исплови првиот брод со 200 тони храна обезбедена од невладини организации.
Останува да се види како таа помош ќе биде испорачана на територија која секојдневно е бомбардирана од израелската армија и борбите се во тек. ОН, кои предупредуваат дека широко распространето гладување е речиси неизбежно во Газа, потврдија дека фрлањето пакети со помош од воздух и нивното испраќање по море не може да ја замени испораката на копно.

The post Нови жртви од израелските напади на почетокот на Месецот на мирот appeared first on Република.

]]>
Порака на Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир Еф. Фетаи во пресрет на месецот Рамазан https://republika.mk/vesti/makedonija/poraka-na-reisul-ulema-h-hfz-shakir-ef-fetai-vo-presret-na-mesetsot-ramazan/ Sun, 10 Mar 2024 10:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=753238

Првиот човек на исламската заедница во Македонија, Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир Еф. Фетаи, објави порака во пресрет на месецот Рамазан.

„Во името на Алах, Милостивиот, Сомилосен

„О верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас, за да бидете богобојазливи“.  Бекаре- 183

Почитувани верници, браќа и сестри,

Имам посебна чест и задоволство по повод светиот месец Рамазан, да им се обратам на сите верници во земјата, каде и да се наоѓаат, и на сите луѓе со добра волја, со најдобрите и најсрдечни честитки да им го честитам почетокот на овој месец, месец на мирот, солидарноста, универзалното добро и божествената милост.

Во овој месец беше објавена Алаховата наредба:

„Читајте, учете во името на вашиот Господар кој создаде сè“, императив што му даде вистинска насока на спознавањето на Сторителот и неговото творење.

Но, најголемата вредност на овој месец е постот на неговите денови, со што ја почитуваме Алаховата заповед со исполнување на еден од основните столбови на исламот.

Со ова, верникот во пракса го потврдува поврзаноста со својот Створител, ја подигнува свеста за доброто, мирот, солидарноста, грижата за човекот и ја реформира неговата личност, подготвувајќи го секогаш да биде во служба на доброто.

Рамазанот и постот на неговите денови создава големо духовно задоволство за да бидеме што поблиску до милоста Божја, и ни дава можност да се обратиме кон Неговото Величество, со нашите најискрени молитви за опрост на нашите гревови и евентуални недостатоци, а истовремено во нас буди чувство на блискост, љубов, великодушност и меѓусебно помагање.

Затоа, имам особена чест, во име на Исламската Верска Заедница на Република Македонија, и во мое лично име, на сите верници во земјата каде и да живеат и работат да им ги пренесам нашите искрени честитки по повод почетокот на светиот месец Рамазан, посакувајќи ви силна верба во Бога, добра волја и висока свест за извршување на постот, молитвите и добрите дела, основајќи се на зборовите на Мухамед (с.а.в.с) кој рече:

„Кој го пости месецот Рамазан со искрена верба, верувајќи дека од Семоќниот Алах ќе добие голема награда, ќе му бидат опростени сите негови претходни гревови.“

Нека ни е честит светиот месец Рамазан. Алах да ве благослови!

Реисул-Улема на ИВЗ

Х. Хфз. Шаќир Еф. Фетаи“

The post Порака на Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир Еф. Фетаи во пресрет на месецот Рамазан appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на исламската заедница во Македонија, Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир Еф. Фетаи, објави порака во пресрет на месецот Рамазан. „Во името на Алах, Милостивиот, Сомилосен „О верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас, за да бидете богобојазливи“.  Бекаре- 183 Почитувани верници, браќа и сестри, Имам посебна чест и задоволство по повод светиот месец Рамазан, да им се обратам на сите верници во земјата, каде и да се наоѓаат, и на сите луѓе со добра волја, со најдобрите и најсрдечни честитки да им го честитам почетокот на овој месец, месец на мирот, солидарноста, универзалното добро и божествената милост. Во овој месец беше објавена Алаховата наредба: „Читајте, учете во името на вашиот Господар кој создаде сè“, императив што му даде вистинска насока на спознавањето на Сторителот и неговото творење. Но, најголемата вредност на овој месец е постот на неговите денови, со што ја почитуваме Алаховата заповед со исполнување на еден од основните столбови на исламот. Со ова, верникот во пракса го потврдува поврзаноста со својот Створител, ја подигнува свеста за доброто, мирот, солидарноста, грижата за човекот и ја реформира неговата личност, подготвувајќи го секогаш да биде во служба на доброто. Рамазанот и постот на неговите денови создава големо духовно задоволство за да бидеме што поблиску до милоста Божја, и ни дава можност да се обратиме кон Неговото Величество, со нашите најискрени молитви за опрост на нашите гревови и евентуални недостатоци, а истовремено во нас буди чувство на блискост, љубов, великодушност и меѓусебно помагање. Затоа, имам особена чест, во име на Исламската Верска Заедница на Република Македонија, и во мое лично име, на сите верници во земјата каде и да живеат и работат да им ги пренесам нашите искрени честитки по повод почетокот на светиот месец Рамазан, посакувајќи ви силна верба во Бога, добра волја и висока свест за извршување на постот, молитвите и добрите дела, основајќи се на зборовите на Мухамед (с.а.в.с) кој рече: „Кој го пости месецот Рамазан со искрена верба, верувајќи дека од Семоќниот Алах ќе добие голема награда, ќе му бидат опростени сите негови претходни гревови.“ Нека ни е честит светиот месец Рамазан. Алах да ве благослови! Реисул-Улема на ИВЗ Х. Хфз. Шаќир Еф. Фетаи“

The post Порака на Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир Еф. Фетаи во пресрет на месецот Рамазан appeared first on Република.

]]>
За Рамазан Бајрам нема да се наплаќа на дел од јавните паркиралишта https://republika.mk/vesti/skopje/za-ramazan-bajram-nema-da-se-naplaka-na-del-od-javnite-parkiralishta/ Thu, 20 Apr 2023 08:19:06 +0000 https://republika.mk/?p=632375

Утре, 21 април 2023 година, за време на државниот празник – Рамазан Бајрам, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата.

Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, им го честита Рамазан Бајрам, на сите граѓани на Република Македонија, кои го слават овој празник.

The post За Рамазан Бајрам нема да се наплаќа на дел од јавните паркиралишта appeared first on Република.

]]>

Утре, 21 април 2023 година, за време на државниот празник – Рамазан Бајрам, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите. Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата. Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот. ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, им го честита Рамазан Бајрам, на сите граѓани на Република Македонија, кои го слават овој празник.

The post За Рамазан Бајрам нема да се наплаќа на дел од јавните паркиралишта appeared first on Република.

]]>
Совети за луѓето со дијабетес кои сакаат да постат за Рамазан https://republika.mk/zivot/zdravje/soveti-za-lugjeto-so-dijabetes-koi-sakaat-da-postat-za-ramazan/ Tue, 05 Apr 2022 08:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=483428

Рамазан, периодот во којшто муслиманските верници постат од изгрејсонце до зајдисонце, почна на 2 април. Што значи ова за луѓето кои имаат дијабетес и коишто треба да го задржат шеќерот во крвта под контрола?

Дијабетесот е доживотна здравствена состојба која предизвикува високи нивоа шеќер во крвта. Постојат два главни вида дијабетес – тип 1 и тип 2. Кај дијабетес тип 1, имунолошкиот систем на телото ги напаѓа клетките што произведуваат инсулин, а кај дијабетесот тип 2, телото самостојно не произведува доволно инсулин, што предизвикува клетките да не реагираат правилно на инсулинот.

Постот за време на Рамазан не се препорачува за луѓе со дијабетес тип 1. Ова важи и за оние со оштетување на бубрезите или земаат апчиња поради болеста -  вели стручњакот Несрин Јавуз.

Муслиманите со хронични болести како што е дијабетесот се ослободени од обврската за рамазанскиот пост, иако многумина, сепак, сакаат да учествуваат во постот.

Оние со дијабетес тип 2 може да постат, но треба да бидат особено внимателни во конкретни случаи.

Дури и за луѓето кои не си инјектираат инсулин, важно е да имаат добри долгорочни нивоа на гликоза во крвта. Оние кои земаат инсулин мора да бидат особено внимателни, бидејќи во спротивно може да западнат во тешка хипогликемија - вели Јавуз.

На сите дијабетичари им се советува да разговараат со својот лекар пред да почнат да постат, да си ја проценат општата здравствена состојба, постојната терапија, опасностите од постот и со тоа да си помогнат во креирањето на планот за исхрана. Задолжително е и редовно мерење на нивото шеќер во крвта.

Се препорачува овој преглед да се направи еден до два месеци пред Рамазан. И постарите лица и трудниците со дијабетес, исто така, се изложени на ризик.

Ако пациентот со дијабетес е изложен на опасност од хипогликемија за време на целодневен пост, треба веднаш да престане да пости и да го врати шеќерот во крвта под контрола со земање, на пример, малку гликоза - истакнува Јавуз.

The post Совети за луѓето со дијабетес кои сакаат да постат за Рамазан appeared first on Република.

]]>

Рамазан, периодот во којшто муслиманските верници постат од изгрејсонце до зајдисонце, почна на 2 април. Што значи ова за луѓето кои имаат дијабетес и коишто треба да го задржат шеќерот во крвта под контрола? Дијабетесот е доживотна здравствена состојба која предизвикува високи нивоа шеќер во крвта. Постојат два главни вида дијабетес – тип 1 и тип 2. Кај дијабетес тип 1, имунолошкиот систем на телото ги напаѓа клетките што произведуваат инсулин, а кај дијабетесот тип 2, телото самостојно не произведува доволно инсулин, што предизвикува клетките да не реагираат правилно на инсулинот.
Постот за време на Рамазан не се препорачува за луѓе со дијабетес тип 1. Ова важи и за оние со оштетување на бубрезите или земаат апчиња поради болеста -  вели стручњакот Несрин Јавуз.
Муслиманите со хронични болести како што е дијабетесот се ослободени од обврската за рамазанскиот пост, иако многумина, сепак, сакаат да учествуваат во постот. Оние со дијабетес тип 2 може да постат, но треба да бидат особено внимателни во конкретни случаи.
Дури и за луѓето кои не си инјектираат инсулин, важно е да имаат добри долгорочни нивоа на гликоза во крвта. Оние кои земаат инсулин мора да бидат особено внимателни, бидејќи во спротивно може да западнат во тешка хипогликемија - вели Јавуз.
На сите дијабетичари им се советува да разговараат со својот лекар пред да почнат да постат, да си ја проценат општата здравствена состојба, постојната терапија, опасностите од постот и со тоа да си помогнат во креирањето на планот за исхрана. Задолжително е и редовно мерење на нивото шеќер во крвта. Се препорачува овој преглед да се направи еден до два месеци пред Рамазан. И постарите лица и трудниците со дијабетес, исто така, се изложени на ризик.
Ако пациентот со дијабетес е изложен на опасност од хипогликемија за време на целодневен пост, треба веднаш да престане да пости и да го врати шеќерот во крвта под контрола со земање, на пример, малку гликоза - истакнува Јавуз.

The post Совети за луѓето со дијабетес кои сакаат да постат за Рамазан appeared first on Република.

]]>
Првпат по 88 години се одржа ноќна Рамазанска молитва во Аја Софија https://republika.mk/vesti/balkan/prvpat-po-88-godini-se-odrza-nokjna-ramazanska-molitva-vo-aja-sofija/ Sun, 03 Apr 2022 15:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=482636

За првпат по 88 години, во Aja Софија (Света Софија) во Истанбул беше извршена теравих-намаз, заедничка ноќна молитва на муслиманите карактеристична за месецот на постот. Молитвата беше одржана на првиот ден од Рамазанскиот пост, со што се најави месецот на постот.

За време на Рамазан, исламските верници се воздржуваат од храна, пиење, телесни задоволства, грди мисли и дела од утро до мрак. За муслиманите ова е месец на простување, морално прочистување, дружење и солидарност.

Рамазан почна со заедничка ноќна молитва, молитва таравих, а фотографиите од Аја Софија, која беше преименувана во џамија пред две години, го обиколија светот.

Аја Софија служела како православна црква 916 години, до освојувањето на Истанбул, додека имала статус на џамија од 1453 до 1934 година, кога добила статус на музеј.

На 10 јули 2020 година, турскиот суд ја поништи одлуката на поранешната влада на таа земја, со која на Аја Софија ѝ се додели статус на музеј, со што на објектот му беше вратен статусот на џамија.

Првата молитва од нејзиното преименување во џамија беше одржана во Аја Софија во јули 2020 година, на која присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Како една од најпосетуваните туристички дестинации во градот на Босфор, Аја Софија е вклучена на листата на светско наследство на УНЕСКО од 1985 година.

Турските власти најавија дека ќе продолжат да ги зачувуваат културните и историските вредности на Аја Софија на тој начин што Дирекцијата за верски прашања на Турција ќе биде одговорна за верските церемонии, а Министерството за култура и туризам ќе преземе грижа за реставрација, конзервација и заштита.

Туристите, како што тогаш беше најавено, сепак ќе можат бесплатно да ја посетат Аја Софија, а фреските на ѕидовите ќе бидат покриени со завеси само за време на молитвата.

The post Првпат по 88 години се одржа ноќна Рамазанска молитва во Аја Софија appeared first on Република.

]]>

За првпат по 88 години, во Aja Софија (Света Софија) во Истанбул беше извршена теравих-намаз, заедничка ноќна молитва на муслиманите карактеристична за месецот на постот. Молитвата беше одржана на првиот ден од Рамазанскиот пост, со што се најави месецот на постот. За време на Рамазан, исламските верници се воздржуваат од храна, пиење, телесни задоволства, грди мисли и дела од утро до мрак. За муслиманите ова е месец на простување, морално прочистување, дружење и солидарност. Рамазан почна со заедничка ноќна молитва, молитва таравих, а фотографиите од Аја Софија, која беше преименувана во џамија пред две години, го обиколија светот. Аја Софија служела како православна црква 916 години, до освојувањето на Истанбул, додека имала статус на џамија од 1453 до 1934 година, кога добила статус на музеј. На 10 јули 2020 година, турскиот суд ја поништи одлуката на поранешната влада на таа земја, со која на Аја Софија ѝ се додели статус на музеј, со што на објектот му беше вратен статусот на џамија. Првата молитва од нејзиното преименување во џамија беше одржана во Аја Софија во јули 2020 година, на која присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Како една од најпосетуваните туристички дестинации во градот на Босфор, Аја Софија е вклучена на листата на светско наследство на УНЕСКО од 1985 година. Турските власти најавија дека ќе продолжат да ги зачувуваат културните и историските вредности на Аја Софија на тој начин што Дирекцијата за верски прашања на Турција ќе биде одговорна за верските церемонии, а Министерството за култура и туризам ќе преземе грижа за реставрација, конзервација и заштита. Туристите, како што тогаш беше најавено, сепак ќе можат бесплатно да ја посетат Аја Софија, а фреските на ѕидовите ќе бидат покриени со завеси само за време на молитвата.

The post Првпат по 88 години се одржа ноќна Рамазанска молитва во Аја Софија appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод почеток на светиот месец Рамазан https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-so-chestitka-po-povod-pochetok-na-svetiot-mesec-ramazan/ Sat, 02 Apr 2022 07:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=482221

ВМРО-ДПМНЕ на сите членови на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед на Република Македонија, им посакува лесен и благословен пост, а деновите на овој свет месец Рамазан заедно со семејствата да го поминат во мир и спокој.

Овој празник нека биде поттик за граѓаните да продолжат да ги почитуваат и негуваат универзалните вредности, меѓусебно да си помагаат се со цел преку взаемно почитување, добрина, толеранција, солидарност и хуманост да се придонесе за подобра иднина на сите граѓани. Со работа и труд на сите граѓани заедно сплотени ќе се успее да се излезе од оваа исклучително тешка состојба во која се наоѓа нашата држава и нашите сограѓани. Обезбедување на подобра иднина, зголемување на животниот стандард на граѓаните и решавање на нивните проблеми е основна цел на ВМРО-ДПМНЕ за која се стреми и на која одговорно и посветено работи. ВМРО-ДПМНЕ посакува духовна исполнетост, среќа, радост и во добро здравје да Ви минат рамазанските пости, велат во честитката.

The post ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод почеток на светиот месец Рамазан appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ на сите членови на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед на Република Македонија, им посакува лесен и благословен пост, а деновите на овој свет месец Рамазан заедно со семејствата да го поминат во мир и спокој.
Овој празник нека биде поттик за граѓаните да продолжат да ги почитуваат и негуваат универзалните вредности, меѓусебно да си помагаат се со цел преку взаемно почитување, добрина, толеранција, солидарност и хуманост да се придонесе за подобра иднина на сите граѓани. Со работа и труд на сите граѓани заедно сплотени ќе се успее да се излезе од оваа исклучително тешка состојба во која се наоѓа нашата држава и нашите сограѓани. Обезбедување на подобра иднина, зголемување на животниот стандард на граѓаните и решавање на нивните проблеми е основна цел на ВМРО-ДПМНЕ за која се стреми и на која одговорно и посветено работи. ВМРО-ДПМНЕ посакува духовна исполнетост, среќа, радост и во добро здравје да Ви минат рамазанските пости, велат во честитката.

The post ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод почеток на светиот месец Рамазан appeared first on Република.

]]>