рајнметал Archives - Република https://republika.mk/tema/rajnmetal/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jun 2024 10:24:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рајнметал Archives - Република https://republika.mk/tema/rajnmetal/ 32 32 Ќе прави муниција и оружје за Украина: Германската воена компанија „Рајнметал“ доби најголема нарачка досега https://republika.mk/vesti/svet/ke-pravi-munitsija-i-oruzhje-za-ukraina-germanskata-voena-kompanija-rajnmetal-dobi-najgolema-narachka-dosega/ Fri, 21 Jun 2024 10:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=789519

Германската компанија „Рајнметал“ доби рамковен договор од Бундесверот, што вклучува испорака на артилериска муниција од 155 милиметри со бруто вредност 8,5 милијарди евра.

Постојниот рамковен договор е значително проширен, а наредбата првенствено е наменета за зголемување на залихите на Бундесверот и неговите сојузници, како и за поддршка на Украина во војната против Русија.

Од компанијата соопштија дека испораките се планирани да почнат на почетокот на 2025 година.

The post Ќе прави муниција и оружје за Украина: Германската воена компанија „Рајнметал“ доби најголема нарачка досега appeared first on Република.

]]>

Германската компанија „Рајнметал“ доби рамковен договор од Бундесверот, што вклучува испорака на артилериска муниција од 155 милиметри со бруто вредност 8,5 милијарди евра. Постојниот рамковен договор е значително проширен, а наредбата првенствено е наменета за зголемување на залихите на Бундесверот и неговите сојузници, како и за поддршка на Украина во војната против Русија. Од компанијата соопштија дека испораките се планирани да почнат на почетокот на 2025 година.

The post Ќе прави муниција и оружје за Украина: Германската воена компанија „Рајнметал“ доби најголема нарачка досега appeared first on Република.

]]>
Германски „Рајнметал“ остварува рекорден профит од војната во Украина https://republika.mk/vesti/svet/germanski-rajnmetal-ostvaruva-rekorden-profit-od-vojnata-vo-ukraina/ Tue, 19 Mar 2024 20:35:46 +0000 https://republika.mk/?p=756431

Германскиот производител на оружје „Рајнметал АГ“ објави дека планира да постави најмалку четири производствени капацитети во Украина.

Овој потег доаѓа во време кога профитот на „Рајнметал“ се зголемува во услови на војната во Украина и зфголемената милитаризација на НАТО, при што цената на акциите на компанијата скокна за повеќе од 400% во последните три години. Се очекува оваа година „Рајнметал“ да генерира рекордна добивка од 10,9 милијарди долари од продажбата на оружје.

Новите фабрики на „Рајнметал“ во Украина се очекува да произведуваат оклопни возила, оружје за противвоздушна одбрана и гранати, при што целата шема очигледно е насочена кон заживување на практично непостоечкиот воено-индустриски комплекс на Украина.

https://republika.mk/vesti/svet/germanija-i-ukraina-zaednichki-ke-gradat-fabrika-za-munitsija-na-ukrainska-teritorija/

Основана во 1889 година како „Рајанише Металварен унд Машиненфабрик АГ“, „Рајнметал“ произведуваше оружје и муниција за германската воена машинерија уште пред Првата светска војна, а потоа и за нацистичкиот режим до избувнувањето на Втората светска војна.

The post Германски „Рајнметал“ остварува рекорден профит од војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Германскиот производител на оружје „Рајнметал АГ“ објави дека планира да постави најмалку четири производствени капацитети во Украина. Овој потег доаѓа во време кога профитот на „Рајнметал“ се зголемува во услови на војната во Украина и зфголемената милитаризација на НАТО, при што цената на акциите на компанијата скокна за повеќе од 400% во последните три години. Се очекува оваа година „Рајнметал“ да генерира рекордна добивка од 10,9 милијарди долари од продажбата на оружје. Новите фабрики на „Рајнметал“ во Украина се очекува да произведуваат оклопни возила, оружје за противвоздушна одбрана и гранати, при што целата шема очигледно е насочена кон заживување на практично непостоечкиот воено-индустриски комплекс на Украина. https://republika.mk/vesti/svet/germanija-i-ukraina-zaednichki-ke-gradat-fabrika-za-munitsija-na-ukrainska-teritorija/ Основана во 1889 година како „Рајанише Металварен унд Машиненфабрик АГ“, „Рајнметал“ произведуваше оружје и муниција за германската воена машинерија уште пред Првата светска војна, а потоа и за нацистичкиот режим до избувнувањето на Втората светска војна.

The post Германски „Рајнметал“ остварува рекорден профит од војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Германија и Украина заеднички ќе градат фабрика за муниција на украинска територија https://republika.mk/vesti/svet/germanija-i-ukraina-zaednichki-ke-gradat-fabrika-za-munitsija-na-ukrainska-teritorija/ Sun, 18 Feb 2024 16:12:58 +0000 https://republika.mk/?p=745368

Германскиот концерн за производсво оружје и воена техника „Рајнметал“ ќе отвори нова фабрика за производство на муниција во Украина.

Соодветниот меморандум за новата фабрика е потпишан на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Ова ќе биде заедничка фабрика со украинска компанија, која ќе биде партнер во овој проект.

The post Германија и Украина заеднички ќе градат фабрика за муниција на украинска територија appeared first on Република.

]]>

Германскиот концерн за производсво оружје и воена техника „Рајнметал“ ќе отвори нова фабрика за производство на муниција во Украина. Соодветниот меморандум за новата фабрика е потпишан на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Ова ќе биде заедничка фабрика со украинска компанија, која ќе биде партнер во овој проект.

The post Германија и Украина заеднички ќе градат фабрика за муниција на украинска територија appeared first on Република.

]]>
Германски медиуми: „Рајнметал“ очекува двоцифрен раст на прометот оваа година https://republika.mk/vesti/svet/germanski-mediumi-rajnmetal-ochekuva-dvotsifren-rast-na-prometot-ovaa-godina/ Sat, 01 Jul 2023 18:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=657236

Германскиот индустриски концерн „Рајнметал“ очекува двоцифрен раст на прометот, пишува весникот „Ди велт“ (Die Welt).

Според изданието, германскиот концерн за оружје во 2022 година добил 18 отсто повеќе нарачки отколку една година порано.

Сега илјадници луѓе работат во три смени за да ја снабдуваат Украина со оружје, пишува весникот.

Станува збор за поправка и подготовка за работа на пешадиски борбени возила „Мардер“, тенкови „Леопард 2“, самоодни хаубици „Панцерхаубице 2000“ и производство на муниција.

Концернот очекува дека и Германија ќе набави муниција во вредност од 40 милијарди евра до 2031 година.

The post Германски медиуми: „Рајнметал“ очекува двоцифрен раст на прометот оваа година appeared first on Република.

]]>

Германскиот индустриски концерн „Рајнметал“ очекува двоцифрен раст на прометот, пишува весникот „Ди велт“ (Die Welt). Според изданието, германскиот концерн за оружје во 2022 година добил 18 отсто повеќе нарачки отколку една година порано.
Сега илјадници луѓе работат во три смени за да ја снабдуваат Украина со оружје, пишува весникот.
Станува збор за поправка и подготовка за работа на пешадиски борбени возила „Мардер“, тенкови „Леопард 2“, самоодни хаубици „Панцерхаубице 2000“ и производство на муниција. Концернот очекува дека и Германија ќе набави муниција во вредност од 40 милијарди евра до 2031 година.

The post Германски медиуми: „Рајнметал“ очекува двоцифрен раст на прометот оваа година appeared first on Република.

]]>
Германија ќе испорача уште 14 „Леопарди“ на Украина во име на Холандија https://republika.mk/vesti/svet/germanija-ke-isporacha-ushte-14-leopardi-na-ukraina-vo-ime-na-holandija/ Tue, 27 Jun 2023 17:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=655198

Германскиот медиум „Тагешау“ објавува дека германскиот индустриски концерн „Рајнметал“ ќе испорача уште 14 тенкови Леопард 2А4 во Украина во име на холандската влада.

Договорот го постигнале претставници на Данска, Холандија и Германија. Во рамки на договорот се предвидува првиот од тенковите Леопард 2А4 купени од други земји да биде испорачан во Украина во јануари 2024 година.

Сите други тенкови постепено ќе бидат предадени во текот на 2024 година, за што Украина веќе го дала својот потпис.

 

The post Германија ќе испорача уште 14 „Леопарди“ на Украина во име на Холандија appeared first on Република.

]]>

Германскиот медиум „Тагешау“ објавува дека германскиот индустриски концерн „Рајнметал“ ќе испорача уште 14 тенкови Леопард 2А4 во Украина во име на холандската влада. Договорот го постигнале претставници на Данска, Холандија и Германија. Во рамки на договорот се предвидува првиот од тенковите Леопард 2А4 купени од други земји да биде испорачан во Украина во јануари 2024 година. Сите други тенкови постепено ќе бидат предадени во текот на 2024 година, за што Украина веќе го дала својот потпис.  

The post Германија ќе испорача уште 14 „Леопарди“ на Украина во име на Холандија appeared first on Република.

]]>
Додека трае војната во Украина германскиот производител на оружје очекува рекорден профит и четирикратно поголема побараувачка https://republika.mk/vesti/svet/dodeka-trae-vojnata-vo-ukraina-germanskiot-proizvoditel-na-oruzje-ochekuva-rekorden-profit-i-chetirikratno-pogolema-pobarauvachka/ Sat, 07 May 2022 13:34:15 +0000 https://republika.mk/?p=499047

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ потврди дека поради војната во Украина и најавените инвестиции во Бундесверот, годинава очекува силен раст на приходите, по стагнацијата во првиот квартал.

Нивните приходи биле на ниво на истиот период лани и изнесувале 1,3 милијарди евра. Консолидираната оперативна добивка пораснала за 10 отсто на 92 милиони евра. Нето добивката пораснала за 52 отсто на 61 милион евра. Побарувачката расте и четирикратно се зголемува во одделот за артилерија и муниција, достигнувајќи 1,1 милијарда евра, пред се благодарение на големата нарачка муниција од Унгарија, „тешка“ неколку стотици милиони евра.

Според извршниот директор, Армин Пејпергер, компанијата сè уште очекува приходите да скокнат од 15 до 20 отсто оваа година, под услов Владата да ги стави на располагање најавените 100 милијарди евра за модернизирање на Бундесверот, заедно со програма за вооружување која треба да трае неколку години.

Набргу по руската инвазија на Украина, „Рајнметал“ објави список на воена опрема, вклучувајќи тенкови, камиони и муниција, кои ќе бидат достапни релативно брзо, надевајќи се дека германската влада ќе купи барем дел од овие производи.

Со оглед на заканата од Русија, „Рајнметал“ очекува повеќе нарачки од странство. Како што наведуваат од германскиот производител на оружје, компанијата се надева дека ќе испорача оклопни транспортери „Мардер“ и борбени тенкови „Леопард“ во Украина, кои се стари, но можат да се модернизираат.

The post Додека трае војната во Украина германскиот производител на оружје очекува рекорден профит и четирикратно поголема побараувачка appeared first on Република.

]]>

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ потврди дека поради војната во Украина и најавените инвестиции во Бундесверот, годинава очекува силен раст на приходите, по стагнацијата во првиот квартал. Нивните приходи биле на ниво на истиот период лани и изнесувале 1,3 милијарди евра. Консолидираната оперативна добивка пораснала за 10 отсто на 92 милиони евра. Нето добивката пораснала за 52 отсто на 61 милион евра. Побарувачката расте и четирикратно се зголемува во одделот за артилерија и муниција, достигнувајќи 1,1 милијарда евра, пред се благодарение на големата нарачка муниција од Унгарија, „тешка“ неколку стотици милиони евра. Според извршниот директор, Армин Пејпергер, компанијата сè уште очекува приходите да скокнат од 15 до 20 отсто оваа година, под услов Владата да ги стави на располагање најавените 100 милијарди евра за модернизирање на Бундесверот, заедно со програма за вооружување која треба да трае неколку години. Набргу по руската инвазија на Украина, „Рајнметал“ објави список на воена опрема, вклучувајќи тенкови, камиони и муниција, кои ќе бидат достапни релативно брзо, надевајќи се дека германската влада ќе купи барем дел од овие производи. Со оглед на заканата од Русија, „Рајнметал“ очекува повеќе нарачки од странство. Како што наведуваат од германскиот производител на оружје, компанијата се надева дека ќе испорача оклопни транспортери „Мардер“ и борбени тенкови „Леопард“ во Украина, кои се стари, но можат да се модернизираат.

The post Додека трае војната во Украина германскиот производител на оружје очекува рекорден профит и четирикратно поголема побараувачка appeared first on Република.

]]>