Рајко Грлиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/rajko-grlikj/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Sep 2022 09:42:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рајко Грлиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/rajko-grlikj/ 32 32 Ова е идеално време за филмови, но се плашам дека нема публика за нив https://republika.mk/vesti/kultura/ova-e-idealno-vreme-za-filmovi-no-se-plasham-deka-nema-publika-za-niv/ Mon, 19 Sep 2022 09:42:16 +0000 https://republika.mk/?p=552084

Ова е идеално време за филмови, но се плашам дека нема публика за нив. За добри филмови треба култивирана публика, а денес е тешко таа публика да се извади од бункерот во кој е скриена пред налетот на тривијалноста, вели прославениот хрватски автор и филмски режисер Рајко Грлиќ.

Грлиќ е гостин на јубилејното, 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, кој синоќа се отвори во Даут пашин амам во Скопје. На отворањето беше претставено творештвото на Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Елена Алексиева, Владислав Бајац и Томислав Османли. Годинашната добитничка на наградата за авторски придонес во балканската литература е Оливера Николова.

Во книжарницата „Буква“ вечерва во 20 часот ќе биде организирана средба и разговор со Грлиќ, што ќе го води Александар Прокопиев. Расказ од Грлиќ ќе чита актерот Петар Арсовски. Во рамките на придружната програма на ПРО-ЗА Балкан, на 21 септември, в среда во 20 часот во Кинотеката ќе биде прикажан филмот „Караула“ на Грлиќ.

Грлиќ (75) го снимил својот прв аматерски филм на 14 години, а на 27 години ја добил првата награда. Студирал во Прага од 1967 до 1971 година, нурнат во интелектуалните и политичките превирања на тогашната Прашка пролет како член на студентскиот штрајкувачки комитет на Универзитетот во Прага за време на Советската окупација. Грлиќ е автор на култните филмови: „Само еднаш се љуби“, „Браво маестро“, „За среќа се потрбни тројца“, „Чаруга“, „Караула“, „Устав на Република Хрватска“.

Кога последен пат бевте во Македонија? Што правите кога доаѓате во Скопје? Имате некој ритуал?

ГРЛИЌ: Последен пат бев во Скопје пред три години, во јуни 2019 година, кога Кинотерка на Македонија приреди ретроспектива на моите филмови. Како непоправилв груман, секогаш кога доаѓам во Скопје прво одам до Бит Пазар да видам што се нуди и да купам некои зачини.

Дали за Вас филмот сè уште е број еден, пред телевизиските серии? Тие стануваат погледани во однос на филмот. Дали значи дека луѓето немаат трпение за гледање филм или пак не можат да дозволат да уживаат 120 - 150 минути?

ГРЛИЌ: Јас сум дете кое порасна во кино и животот го поминав правејќи филмови за во кино. Магијата на големиот екран и салите кои во темницата дишат со тој екран не можат да ги заменат никакви телевизиски екрани и каучи. Сериите може да бидат одлични, вистина, има многу сјајни серии, но тоа едноставно е друг род, друга игра која тешко може да се спореди со филмот.

Каков е денес хрватскиот филм, а каков е македонскиот? Каде го гледате квалитетот?

ГРЛИЌ: Не можам да зборувам за квалитетот на хрватскиот и на македонскиот филм бидејќи имам слаб преглед во нивната кинематографија. Откако не одбирам филмови за Филмскиот фестивал во Мотовун (Хрватска) мојот увид во целокупната продукција на територијата која некогаш се викаше Југославија, е многу слаб.

Но за да не биде мојот одговор на ова прашање многу општ, можам да кажам дека од она што сум го гледал доминираат таканаречени „арт-фимови“. Но тоа не значи дека сите тие филмови се „уметнички“, туку дека новата генерација режисери и режисерки, а меѓу нив има многу талентирани, сè помалку се грижат за киното и гледачите. Ним им се важни само фестивалите. На мојата генерација фестиивалите ѝ беа важни, бидејќи беа отскочна даска за кино. Фестивалите нам ни беа средство, а не цел.

Како го поминавте овој период на коронавирусот, колку пандемијата влијаеше на Вашиот живот?

ГРЛИЌ: Сета несреќа која падемијата ја донесе со себе и од корен ни го смени начинот на живот, јас, иако можеби е непристојно тоа да се каже, од неа имав корист. Останав во истра, уживав во природата и сите нејзини богатства полни 16 месеци и притоа предавав онлајн на својот американски универзитет.

Европа и светот се разединуваат, а Балканот се обединува. Како гледата на идејата „Отворен Балкан“ и соработка со балканските држави?

ГРЛИЌ: Долго време живеевме заедно во една држава, која не беше идеална. Но денес, после многу трагичното искуство со државите кои настанаа по нејзиното крваво распаѓање, нам ни се чини дека таа држава беше многу подобра отколку што навистина била. И има причини зошто тоа било така. Овие национални држави покажаа дека се многу незрели да бидат сериозни држави. Затоа не верувам во нивното „политичко обединување“, бидејќи помалку или повеќе, во секоја од нив владее национализам кој живее од тоа да има „непријатели“, а тоа обично е првиот сосед. Политичарите живеат од таа омраза и не гледам што е она што би ги натерало да се обединат и на тој начин да се откажат од своите феуди и својата кралска круна.

Културата е нешто друго. Мали сме, секоја култура е за себе, многу сме мали и тешко преживуваме во тоа мало море. Во Југославија, како и денес, луѓето од културата и уметноста, без разлика на својата различност, имаа потреба за меѓусебен дијалог, за заедништво. Уметноста и тогаш и сега градеше или барем се трудеше да гради мостови, политиката ги рушеше. И денес се плаши од секаков отворен дијалог.

[caption id="attachment_552142" align="alignnone" width="900"] Рајко Грлиќ со Небојша Глоговац на снимањетоо на филмот „Устав на Република Хрватска“[/caption]

Какво е времето во кое живееме? Дали секое време е добро за снимање фим?

ГРЛИЌ: Ова е идеално време за филмови, но се плашам дека нема публика за нив. Минимализирањето и банализирањето на културата, нејзиното поттиснување на маргините на општеството вроди со огромен бран на примитивизам и површност. За добри филмови треба култивирана публика, а денес е тешко таа публика да се извади од бункерот во кој е сокриена пред налетот на тривијалноста.

Хрватска е мала земја, а политиката е многу голема. Истото важи и за Македонија. Во Македонија луѓето ја напуштаат државата или се сложуваат со политиката. Да се живее независен живот е многу тешко.

ГРЛИЌ: Малата Хрватска во последните 10 години изгуби 10 отсто од жителите. 99 отсто од оние кои заминаа се школувани и високообразовани луѓе кои, според анкетите, не заминале примарно од економски причини, туку, едноставно, не сакале децата да им растат во држава во која владеат крадци и корупција.

Тоа дури не е ни идеолошко прашање, или прашање за несложување со нешто, туку едноставно одвратност кон системот кој ја загуши Хрватска. ХДЗ, владејачката партија и католичката црква станаа два крлежии во телото на Хрватска кои цицаат крв од неа, а луѓето едноставно бегаат од тоа.

Јас тоа го направив во 1994 година. Кога сфатив дека поради моето гледање на нештата не само што нема да можам да снимам филмови, туку едноставно ќе останам гладен.

И покрај сите потешкотии Вие траете. За Вашите филмови се зборува, генерации учат од нив. Кој е рецептот?

ГРЛИЌ: Би било одлично да има рецепт за тоа. Можеби тоа е мешавина од верување дека тоа што го правите има некакво значење, бескрајна упорност и малку среќа. Верувам дека целата мудрост лежи во тој Бермудски триаголник.

Зошто некој филм ќе преживее, ќе се зборува за него, а некој не? Што е тоа што некој филм го прави добар?

ГРЛИЌ: Тоа е метафизичка појава за која нема рационално објаснување. Понекогаш верувам дека одговорот на тоа прашање лежи во кредибилитетот на актерите. Ако тие се „вистински“ во филмот, ако им веруваа на тие лица на екранот, тогаш и денес им верувате и ќе им верувате десет години од сега. Ако тие лица се и малку лажни, ако се обидуваат да бидат нешто што не се, односно ако те лажат, ништо не му помага на филмот, ниту фантастична приказна, ниту одлична режија, ниту бравурозна камера.

Подолго време работите на, како што најавивте, последниот филм во кариерата, симболично наречен „Сè доаѓа до крајот“. Навистина е крај? Ништо не може да Ве предомисли?

ГРЛИЌ: Сè уште не знам дали ќе го снимам последниот. Полека собираме пари низ Европа. Бевме во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Турција. Двапати нè поминавме во Македонија и покрај одличната соработка во филмот „Уставот на Република Хрватска“. Сега ги чекаме резултатите во Словенија и потоа одиме во „Еуроимаж“. Подготовките треба да се одвиваат во мај и јуни, а снимањето некаде на почетокот на септември. Држете ни среќа, чукнете во дрво и напијте се една жолта за нас!

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Ова е идеално време за филмови, но се плашам дека нема публика за нив appeared first on Република.

]]>

Ова е идеално време за филмови, но се плашам дека нема публика за нив. За добри филмови треба култивирана публика, а денес е тешко таа публика да се извади од бункерот во кој е скриена пред налетот на тривијалноста, вели прославениот хрватски автор и филмски режисер Рајко Грлиќ. Грлиќ е гостин на јубилејното, 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, кој синоќа се отвори во Даут пашин амам во Скопје. На отворањето беше претставено творештвото на Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Елена Алексиева, Владислав Бајац и Томислав Османли. Годинашната добитничка на наградата за авторски придонес во балканската литература е Оливера Николова. Во книжарницата „Буква“ вечерва во 20 часот ќе биде организирана средба и разговор со Грлиќ, што ќе го води Александар Прокопиев. Расказ од Грлиќ ќе чита актерот Петар Арсовски. Во рамките на придружната програма на ПРО-ЗА Балкан, на 21 септември, в среда во 20 часот во Кинотеката ќе биде прикажан филмот „Караула“ на Грлиќ. Грлиќ (75) го снимил својот прв аматерски филм на 14 години, а на 27 години ја добил првата награда. Студирал во Прага од 1967 до 1971 година, нурнат во интелектуалните и политичките превирања на тогашната Прашка пролет како член на студентскиот штрајкувачки комитет на Универзитетот во Прага за време на Советската окупација. Грлиќ е автор на култните филмови: „Само еднаш се љуби“, „Браво маестро“, „За среќа се потрбни тројца“, „Чаруга“, „Караула“, „Устав на Република Хрватска“. Кога последен пат бевте во Македонија? Што правите кога доаѓате во Скопје? Имате некој ритуал? ГРЛИЌ: Последен пат бев во Скопје пред три години, во јуни 2019 година, кога Кинотерка на Македонија приреди ретроспектива на моите филмови. Како непоправилв груман, секогаш кога доаѓам во Скопје прво одам до Бит Пазар да видам што се нуди и да купам некои зачини. Дали за Вас филмот сè уште е број еден, пред телевизиските серии? Тие стануваат погледани во однос на филмот. Дали значи дека луѓето немаат трпение за гледање филм или пак не можат да дозволат да уживаат 120 - 150 минути? ГРЛИЌ: Јас сум дете кое порасна во кино и животот го поминав правејќи филмови за во кино. Магијата на големиот екран и салите кои во темницата дишат со тој екран не можат да ги заменат никакви телевизиски екрани и каучи. Сериите може да бидат одлични, вистина, има многу сјајни серии, но тоа едноставно е друг род, друга игра која тешко може да се спореди со филмот. Каков е денес хрватскиот филм, а каков е македонскиот? Каде го гледате квалитетот? ГРЛИЌ: Не можам да зборувам за квалитетот на хрватскиот и на македонскиот филм бидејќи имам слаб преглед во нивната кинематографија. Откако не одбирам филмови за Филмскиот фестивал во Мотовун (Хрватска) мојот увид во целокупната продукција на територијата која некогаш се викаше Југославија, е многу слаб. Но за да не биде мојот одговор на ова прашање многу општ, можам да кажам дека од она што сум го гледал доминираат таканаречени „арт-фимови“. Но тоа не значи дека сите тие филмови се „уметнички“, туку дека новата генерација режисери и режисерки, а меѓу нив има многу талентирани, сè помалку се грижат за киното и гледачите. Ним им се важни само фестивалите. На мојата генерација фестиивалите ѝ беа важни, бидејќи беа отскочна даска за кино. Фестивалите нам ни беа средство, а не цел. Како го поминавте овој период на коронавирусот, колку пандемијата влијаеше на Вашиот живот? ГРЛИЌ: Сета несреќа која падемијата ја донесе со себе и од корен ни го смени начинот на живот, јас, иако можеби е непристојно тоа да се каже, од неа имав корист. Останав во истра, уживав во природата и сите нејзини богатства полни 16 месеци и притоа предавав онлајн на својот американски универзитет. Европа и светот се разединуваат, а Балканот се обединува. Како гледата на идејата „Отворен Балкан“ и соработка со балканските држави? ГРЛИЌ: Долго време живеевме заедно во една држава, која не беше идеална. Но денес, после многу трагичното искуство со државите кои настанаа по нејзиното крваво распаѓање, нам ни се чини дека таа држава беше многу подобра отколку што навистина била. И има причини зошто тоа било така. Овие национални држави покажаа дека се многу незрели да бидат сериозни држави. Затоа не верувам во нивното „политичко обединување“, бидејќи помалку или повеќе, во секоја од нив владее национализам кој живее од тоа да има „непријатели“, а тоа обично е првиот сосед. Политичарите живеат од таа омраза и не гледам што е она што би ги натерало да се обединат и на тој начин да се откажат од своите феуди и својата кралска круна. Културата е нешто друго. Мали сме, секоја култура е за себе, многу сме мали и тешко преживуваме во тоа мало море. Во Југославија, како и денес, луѓето од културата и уметноста, без разлика на својата различност, имаа потреба за меѓусебен дијалог, за заедништво. Уметноста и тогаш и сега градеше или барем се трудеше да гради мостови, политиката ги рушеше. И денес се плаши од секаков отворен дијалог. [caption id="attachment_552142" align="alignnone" width="900"] Рајко Грлиќ со Небојша Глоговац на снимањетоо на филмот „Устав на Република Хрватска“[/caption] Какво е времето во кое живееме? Дали секое време е добро за снимање фим? ГРЛИЌ: Ова е идеално време за филмови, но се плашам дека нема публика за нив. Минимализирањето и банализирањето на културата, нејзиното поттиснување на маргините на општеството вроди со огромен бран на примитивизам и површност. За добри филмови треба култивирана публика, а денес е тешко таа публика да се извади од бункерот во кој е сокриена пред налетот на тривијалноста. Хрватска е мала земја, а политиката е многу голема. Истото важи и за Македонија. Во Македонија луѓето ја напуштаат државата или се сложуваат со политиката. Да се живее независен живот е многу тешко. ГРЛИЌ: Малата Хрватска во последните 10 години изгуби 10 отсто од жителите. 99 отсто од оние кои заминаа се школувани и високообразовани луѓе кои, според анкетите, не заминале примарно од економски причини, туку, едноставно, не сакале децата да им растат во држава во која владеат крадци и корупција. Тоа дури не е ни идеолошко прашање, или прашање за несложување со нешто, туку едноставно одвратност кон системот кој ја загуши Хрватска. ХДЗ, владејачката партија и католичката црква станаа два крлежии во телото на Хрватска кои цицаат крв од неа, а луѓето едноставно бегаат од тоа. Јас тоа го направив во 1994 година. Кога сфатив дека поради моето гледање на нештата не само што нема да можам да снимам филмови, туку едноставно ќе останам гладен. И покрај сите потешкотии Вие траете. За Вашите филмови се зборува, генерации учат од нив. Кој е рецептот? ГРЛИЌ: Би било одлично да има рецепт за тоа. Можеби тоа е мешавина од верување дека тоа што го правите има некакво значење, бескрајна упорност и малку среќа. Верувам дека целата мудрост лежи во тој Бермудски триаголник. Зошто некој филм ќе преживее, ќе се зборува за него, а некој не? Што е тоа што некој филм го прави добар? ГРЛИЌ: Тоа е метафизичка појава за која нема рационално објаснување. Понекогаш верувам дека одговорот на тоа прашање лежи во кредибилитетот на актерите. Ако тие се „вистински“ во филмот, ако им веруваа на тие лица на екранот, тогаш и денес им верувате и ќе им верувате десет години од сега. Ако тие лица се и малку лажни, ако се обидуваат да бидат нешто што не се, односно ако те лажат, ништо не му помага на филмот, ниту фантастична приказна, ниту одлична режија, ниту бравурозна камера. Подолго време работите на, како што најавивте, последниот филм во кариерата, симболично наречен „Сè доаѓа до крајот“. Навистина е крај? Ништо не може да Ве предомисли? ГРЛИЌ: Сè уште не знам дали ќе го снимам последниот. Полека собираме пари низ Европа. Бевме во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Турција. Двапати нè поминавме во Македонија и покрај одличната соработка во филмот „Уставот на Република Хрватска“. Сега ги чекаме резултатите во Словенија и потоа одиме во „Еуроимаж“. Подготовките треба да се одвиваат во мај и јуни, а снимањето некаде на почетокот на септември. Држете ни среќа, чукнете во дрво и напијте се една жолта за нас! Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Ова е идеално време за филмови, но се плашам дека нема публика за нив appeared first on Република.

]]>
Хрватскиот режисер Рајко Грлиќ вечерва гостин на јубилејното 10. издание на литературниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ https://republika.mk/vesti/kultura/hrvatskiot-reziser-rajko-grlikj-vecherva-gostin-na-jubilejnoto-10-izdanie-na-literaturniot-festival-pro-za-balkan/ Mon, 19 Sep 2022 07:42:20 +0000 https://republika.mk/?p=552089

Музички перформанс на Пијан Славеј и промоција на неговата трета поетска книга „Полиграф“ ќе се одржи вечерва во 21 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Промоцијата се одржува во рамките на 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, кој беше отворен синоќа во Даут-пашиниот амам во Скопје.

Претходно во 13 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литература/општетство/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените прцеси)“. Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на програмата Скопје Fellowship кои ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Модератор на средбата е Владимир Јанковски.

Во 20 часот ќе се одржи разговор на Александар Прокопиев со режисерот Рајко Грлиќ. Расказ од Грлиќ ќе чита актерот Петар Арсовски.

Следува промоцијата на книгата „Полиграф“ и кус музички перформанс на Пијан Славеј (гитара и глас) и Гоце Јованоски (бас).

Пијан Славеј е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за наградата „Оскар“ – филмот „Медена земја“. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија, настапува како кантавтор и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020).

The post Хрватскиот режисер Рајко Грлиќ вечерва гостин на јубилејното 10. издание на литературниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Музички перформанс на Пијан Славеј и промоција на неговата трета поетска книга „Полиграф“ ќе се одржи вечерва во 21 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Промоцијата се одржува во рамките на 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, кој беше отворен синоќа во Даут-пашиниот амам во Скопје. Претходно во 13 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литература/општетство/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените прцеси)“. Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на програмата Скопје Fellowship кои ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Модератор на средбата е Владимир Јанковски. Во 20 часот ќе се одржи разговор на Александар Прокопиев со режисерот Рајко Грлиќ. Расказ од Грлиќ ќе чита актерот Петар Арсовски. Следува промоцијата на книгата „Полиграф“ и кус музички перформанс на Пијан Славеј (гитара и глас) и Гоце Јованоски (бас). Пијан Славеј е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за наградата „Оскар“ – филмот „Медена земја“. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија, настапува како кантавтор и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020).

The post Хрватскиот режисер Рајко Грлиќ вечерва гостин на јубилејното 10. издание на литературниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.

]]>
Каракаш, Жакељ, Алексиева, Бајац, Грлиќ, Османли – гости на 10. издание на „ПРО-ЗА Балкан“ https://republika.mk/vesti/kultura/karakash-zakelj-aleksieva-bajac-grlikj-osmanli-gosti-na-10-izdanie-na-pro-za-balkan/ Tue, 13 Sep 2022 07:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=550236

Десетина писатели, издавачи, уредници од регионот и пошироко ќе бидат гости на јубилејното 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, што ќе се одржи од 18 до 21 септември во Скопје. На годинашната добитничка на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, македонската писателка Оливера Николова, ќе ѝ се придружат писателите: Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Владислав Бајац, Елена Алексиева и Томислав Османли. Нивното творештво ќе биде промовирано на отворањето на 18 септември, во Даут-пашиниот амам од 20 часот.

Во рамки на фестивалот ќе се одржи и разговор со хрватскиот режисер и сценарист, Рајко Грлиќ, чиј филм „Караула“ ќе биде прикажан на 21 септември во Кинотека. Разговорот со Грлиќ ќе се случи на вториот фестивалски ден од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ каде од 21 часот Пијан Славеј ќе одржи музички перфоманс како дел од промоцијата на неговата трета поетска книга, „Полиграф“. Во рамки на 10. издание ќе се одржи и тркалезна маса на тема „Литература/општество/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените процеси).
Фестивалот ќе биде затворен на 20 септември во Даут-пашиниот амам. На третата фестивалска вечер видео обраќање ќе има годинашната добитничка на наградата „Прозарт“, Оливера Николова, а писателите ќе читаат извадоци од нивните дела. Во сеќавање на Луан Старова, ќе биде прочитан и извадок од негово дело.

Дамир Каракаш, кој пред неколку дена ја доби книжевната награда „Меша Селимовиќ“ во Тузла, е еден од водечките современи автори во регионот. Тој е наградуван автор и неговите дела се преведени на арапски, француски, германски, чешки, словенечки, македонски, италијански јазик... Има објавено многу книги, од кои „Прослава“, Blue moon и „Сјајно место за несреќа“ се објавени на македонски јазик. Некои од нив се инсценирани или снимени. Режисерот Далибор Матаниќ снимил филм според книгата „Кино Лика“, кој добил повеќе награди во Хрватска и во странство.

Броња Жакељ е словенечка авторка и новинарка. Нејзината прва книга „Бело се пере на деведесет“ ја освои наградата „Кресник“ за најдобар роман на годината и од неговото објавување во 2018 година тој е препечатен безброј пати. До денес, продаден е во близу во 20.000 примероци и е преведен на бугарски, хрватски, македонски и италијански јазик, а претстои и српскиот превод.

Владимир Бајац, којшто е првиот лауреат на наградата „Прозарт“, после десет години повторно се враќа на фестивалот како писател, но и како издавач, основач на легендарната српска „Геопоетика“. Тој е познато книжевно име на Балканот, добитник на дваесетина релевантни награди и десетина номинации, меѓу кои и наградата „Балканика“ во 2008 за романот „Амамот Балканија“. Неговите дела се преведени на дваесетина светски јазици и многу од нив се адаптирани за театарски претстави. На македонски јазик се преведени повеќе негови книги, како „Книга за бамбусот“, „Друидот од Синдидун“, „Бегство од биографија“, „Европа експрес“ и други.

Елена Алексиева е авторка на 15 книги, меѓу кои и романите „Витезот, ѓаволот и смртта“, „Нобеловецот“ и „Светиот волк“, добитник на наградата „Роман на годината“ на Националниот фонд за донации „13 векови Бугарија“ и на националната награда за белетристика „Перо“ на Националниот центар за книги. Нејзините книги се преведени на француски, шпански, руски и српски јазик. Била соработник на бројни периодични публикации и антологии на англиски, француски, германски, полски итн.

Нејзината последна книга „Разбивањето на Самсара“, збирка раскази (2021 година), е добитник на националната награда за збирка раскази „Јордан Радичков“, како и на националната награда „Перо“.

Томислав Османли е македонски сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист. Османли создава во повеќе дисциплини. Автор е на 31 објавени книги: проза, драми, сценарија, теорија и есеистика. Автор е на четири романи преведени и во странство, десетина драмски текстови и повеќе сценарија за телевизиски, документарни и еден игран филм.

Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика, како и со теорија на драмски затемелените вербо-визуелни медиуми. Објавувал публицистички и теоретски текстови во речиси сите македонски и во голем број ексјугословенски списанија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на македонскиот ПЕН клуб, повеќе пати избиран во неговата Управа. Член е и на новоформираниот Аромански ПЕН центар со седиште во Белград.

Пијан Славеј е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за наградата „Оскар, филмот “Медена Земја”. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија, настапува како кантавтор и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020).

Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“
се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.

 

The post Каракаш, Жакељ, Алексиева, Бајац, Грлиќ, Османли – гости на 10. издание на „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Десетина писатели, издавачи, уредници од регионот и пошироко ќе бидат гости на јубилејното 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, што ќе се одржи од 18 до 21 септември во Скопје. На годинашната добитничка на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, македонската писателка Оливера Николова, ќе ѝ се придружат писателите: Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Владислав Бајац, Елена Алексиева и Томислав Османли. Нивното творештво ќе биде промовирано на отворањето на 18 септември, во Даут-пашиниот амам од 20 часот. Во рамки на фестивалот ќе се одржи и разговор со хрватскиот режисер и сценарист, Рајко Грлиќ, чиј филм „Караула“ ќе биде прикажан на 21 септември во Кинотека. Разговорот со Грлиќ ќе се случи на вториот фестивалски ден од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ каде од 21 часот Пијан Славеј ќе одржи музички перфоманс како дел од промоцијата на неговата трета поетска книга, „Полиграф“. Во рамки на 10. издание ќе се одржи и тркалезна маса на тема „Литература/општество/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените процеси). Фестивалот ќе биде затворен на 20 септември во Даут-пашиниот амам. На третата фестивалска вечер видео обраќање ќе има годинашната добитничка на наградата „Прозарт“, Оливера Николова, а писателите ќе читаат извадоци од нивните дела. Во сеќавање на Луан Старова, ќе биде прочитан и извадок од негово дело. Дамир Каракаш, кој пред неколку дена ја доби книжевната награда „Меша Селимовиќ“ во Тузла, е еден од водечките современи автори во регионот. Тој е наградуван автор и неговите дела се преведени на арапски, француски, германски, чешки, словенечки, македонски, италијански јазик... Има објавено многу книги, од кои „Прослава“, Blue moon и „Сјајно место за несреќа“ се објавени на македонски јазик. Некои од нив се инсценирани или снимени. Режисерот Далибор Матаниќ снимил филм според книгата „Кино Лика“, кој добил повеќе награди во Хрватска и во странство. Броња Жакељ е словенечка авторка и новинарка. Нејзината прва книга „Бело се пере на деведесет“ ја освои наградата „Кресник“ за најдобар роман на годината и од неговото објавување во 2018 година тој е препечатен безброј пати. До денес, продаден е во близу во 20.000 примероци и е преведен на бугарски, хрватски, македонски и италијански јазик, а претстои и српскиот превод. Владимир Бајац, којшто е првиот лауреат на наградата „Прозарт“, после десет години повторно се враќа на фестивалот како писател, но и како издавач, основач на легендарната српска „Геопоетика“. Тој е познато книжевно име на Балканот, добитник на дваесетина релевантни награди и десетина номинации, меѓу кои и наградата „Балканика“ во 2008 за романот „Амамот Балканија“. Неговите дела се преведени на дваесетина светски јазици и многу од нив се адаптирани за театарски претстави. На македонски јазик се преведени повеќе негови книги, како „Книга за бамбусот“, „Друидот од Синдидун“, „Бегство од биографија“, „Европа експрес“ и други. Елена Алексиева е авторка на 15 книги, меѓу кои и романите „Витезот, ѓаволот и смртта“, „Нобеловецот“ и „Светиот волк“, добитник на наградата „Роман на годината“ на Националниот фонд за донации „13 векови Бугарија“ и на националната награда за белетристика „Перо“ на Националниот центар за книги. Нејзините книги се преведени на француски, шпански, руски и српски јазик. Била соработник на бројни периодични публикации и антологии на англиски, француски, германски, полски итн. Нејзината последна книга „Разбивањето на Самсара“, збирка раскази (2021 година), е добитник на националната награда за збирка раскази „Јордан Радичков“, како и на националната награда „Перо“. Томислав Османли е македонски сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист. Османли создава во повеќе дисциплини. Автор е на 31 објавени книги: проза, драми, сценарија, теорија и есеистика. Автор е на четири романи преведени и во странство, десетина драмски текстови и повеќе сценарија за телевизиски, документарни и еден игран филм. Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика, како и со теорија на драмски затемелените вербо-визуелни медиуми. Објавувал публицистички и теоретски текстови во речиси сите македонски и во голем број ексјугословенски списанија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на македонскиот ПЕН клуб, повеќе пати избиран во неговата Управа. Член е и на новоформираниот Аромански ПЕН центар со седиште во Белград. Пијан Славеј е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за наградата „Оскар, филмот “Медена Земја”. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија, настапува како кантавтор и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020). Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.  

The post Каракаш, Жакељ, Алексиева, Бајац, Грлиќ, Османли – гости на 10. издание на „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.

]]>