Радмила Шекерниска Archives - Република https://republika.mk/tema/radmila-shekerniska/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Oct 2022 14:49:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Радмила Шекерниска Archives - Република https://republika.mk/tema/radmila-shekerniska/ 32 32 Ковачевски и Заев ѝ честитаат на Шекеринска: Заслужено, вистински избор! https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-zaev-chestitaat-na-shekerinska-zasluzeno-vistinski-izbor/ Sat, 15 Oct 2022 14:49:17 +0000 https://republika.mk/?p=561491

На конгресот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска е избрана за потпретседателка на ПЕС.

Меѓу првите, новата функција ѝ ја честитаа поранешниот и сегашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев и Димитар Ковачевски.

Европските социјалдемократи и социјалисти добиваат квалитетно засилување во раководната структура. Нашата другарка Радмила Шекеринска е избрана за потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (Party of European Socialists), за што треба да сме горди сите ние како социјалдемократи 🚩, но и сите македонски граѓани 🇲🇰.
Ова е голема чест за СДСМ и за Македонија бидејќи претставува потврда на квалитетите на Радмила и потврда на сите успеси кои заедно со СДСМ и со граѓаните и ги донесовме на нашата држава.
Radmila Sekerinska, честитки, заслужено, напиша Заев.

Честитки Радмила! Изборот за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) е голем успех и убава вест за земјата и за сите македонски социјалдемократи! Особено што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција - потпретседател, личност која доаѓа од земја која се уште не е полноправна членка на ЕУ! Благодарност до ПЕС за поддршката и за одлуката! Радмила Шекеринска е вистинскиот избор, стои во честитаката на Ковачевски.

The post Ковачевски и Заев ѝ честитаат на Шекеринска: Заслужено, вистински избор! appeared first on Република.

]]>

На конгресот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска е избрана за потпретседателка на ПЕС. Меѓу првите, новата функција ѝ ја честитаа поранешниот и сегашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Европските социјалдемократи и социјалисти добиваат квалитетно засилување во раководната структура. Нашата другарка Радмила Шекеринска е избрана за потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (Party of European Socialists), за што треба да сме горди сите ние како социјалдемократи 🚩, но и сите македонски граѓани 🇲🇰. Ова е голема чест за СДСМ и за Македонија бидејќи претставува потврда на квалитетите на Радмила и потврда на сите успеси кои заедно со СДСМ и со граѓаните и ги донесовме на нашата држава. Radmila Sekerinska, честитки, заслужено, напиша Заев. Честитки Радмила! Изборот за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) е голем успех и убава вест за земјата и за сите македонски социјалдемократи! Особено што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција - потпретседател, личност која доаѓа од земја која се уште не е полноправна членка на ЕУ! Благодарност до ПЕС за поддршката и за одлуката! Радмила Шекеринска е вистинскиот избор, стои во честитаката на Ковачевски.

The post Ковачевски и Заев ѝ честитаат на Шекеринска: Заслужено, вистински избор! appeared first on Република.

]]>
Силјановска: Шекеринска беше персонификација за НАТО, а сега ја нема https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-shekerinska-beshe-personifikacija-za-nato-a-sega-ja-nema/ Sat, 15 Jan 2022 15:46:19 +0000 https://republika.mk/?p=445018

Оваа влада во стартот нема легитимитет кој извира од граѓаните и се потврдува и губи на избори, вели професорката и пратеничка, Гордана Силјановска – Давкова на денешната расправа за избор на нова влада.

Таа забележува дека министрите кои беа носители на кандидатски листи сега ги нема. Силјановска исто така забележува дека иако и во новата програма беше споменувано НАТО, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска која е персонификација на НАТО, денеска ја нема, и вели не знае дали од лични причини или затоа што беше разрешена.

Според неа, ова не е влада на СДСМ, туку на ЗДСМ, односно влада на Зоран Заев.

На мандатарот за состав на нова влада, Димитар Ковачевски таа му порача дека неговиот легитимитет е неразделно врзан со премиерот во оставка, Зоран Заев кој лично го промовирал.

Смета дека ако Никола Димитров не е во новата влада бидејќи не сме добиле датум за преговори, тогап според неа дел од владата не треба да биде ниту министерот за надворешни работи, Бујар Османи, но и првиот вицепремиер, Артан Груби кој стоел зад речиси сите одлуки на Заев.

Пратеничката Снежана Калевска-Ванчева во контрареплика и врати дека оваа влада легитимитетот го добила на изборите во јули 2020 година.

-Легитимитетот го проширивме и извира од програмата и да направиме разлика меѓу локални и парламентарни избори, рече Калевска- Ванчева.

The post Силјановска: Шекеринска беше персонификација за НАТО, а сега ја нема appeared first on Република.

]]>

Оваа влада во стартот нема легитимитет кој извира од граѓаните и се потврдува и губи на избори, вели професорката и пратеничка, Гордана Силјановска – Давкова на денешната расправа за избор на нова влада. Таа забележува дека министрите кои беа носители на кандидатски листи сега ги нема. Силјановска исто така забележува дека иако и во новата програма беше споменувано НАТО, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска која е персонификација на НАТО, денеска ја нема, и вели не знае дали од лични причини или затоа што беше разрешена. Според неа, ова не е влада на СДСМ, туку на ЗДСМ, односно влада на Зоран Заев. На мандатарот за состав на нова влада, Димитар Ковачевски таа му порача дека неговиот легитимитет е неразделно врзан со премиерот во оставка, Зоран Заев кој лично го промовирал. Смета дека ако Никола Димитров не е во новата влада бидејќи не сме добиле датум за преговори, тогап според неа дел од владата не треба да биде ниту министерот за надворешни работи, Бујар Османи, но и првиот вицепремиер, Артан Груби кој стоел зад речиси сите одлуки на Заев. Пратеничката Снежана Калевска-Ванчева во контрареплика и врати дека оваа влада легитимитетот го добила на изборите во јули 2020 година.
-Легитимитетот го проширивме и извира од програмата и да направиме разлика меѓу локални и парламентарни избори, рече Калевска- Ванчева.

The post Силјановска: Шекеринска беше персонификација за НАТО, а сега ја нема appeared first on Република.

]]>
Шекеринска нема да биде амбасадор во НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-nema-da-bide-ambasador-vo-nato/ Wed, 05 Jan 2022 13:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=441016

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека нема амбиции да биде идниот амбасадор на НАТО. Таа додаде дека во моментов се фокусира на нејзината работа како министерка за одбрана, а за тоа што ќе се случува во иднина, како што напомена ќе биде познато, бидејќи ништо не останало тајна во нашата држава.

– Не верувам дека човек треба да си прави планови пред да си ја заврши работата, изјави Шекеринска по посетата на армискиот полигон „Криволак“, каде направи увид во градежните работи кои се извршуваат на повеќе објекти и на активностите на обиколницата на полигонот.

Според неа, Македонија има одличен амбасадор во НАТО, кој е таму повеќе од една година и смета дека тоа е една од позициите каде гладаме колку е важно добри луѓе да бидат на вистински места, особено заради тоа што допрва го создаваме впечатокот за нова членка. Важно е, истакна таа, да имаме многу посилен тим во НАТО, што секој ден, како што рече, го засилуваме.

Прашана од новинарите дали и со кои предизвици се соочува Македонија во 2022 година и дали може да има влијание од политичко-безбедносен аспект она што се случува меѓу Косово и Србија и во Босна и Херцеговина, Шекеринска оцени дека и и натаму ќе имаме предизвици типични за нашиот регион и ќе страдаме од ризиците и предизвиците со кои се соочува светот.

– Геополитичката ситуација во последниот период е прилично непредвидлива и затоа како членка на НАТО ги поздравивме некои позитивни први сигнали на почетокот на годината како резултат на директните разговори помеѓу САД и Русија, како резултат на штотуку закажаната средба помеѓу НАТО и Русија и се надеваме и ќе работиме на намалување на тензиите и решавање на некои од отворените прашања, изјави министерката за одбрана.

Додаде дека целта на Алијансата е стабилна, безбедна и просперитетна евроатлантска област.

Потсети меѓу другото дека изминатата година првпат испративме наши армиски структури како дел од КФОР во Косово, со цел да испратиме порака дека сме заинтересирани за постабилен регион. Шекеринска информира дека од Собранието е добиено зелено светло за да се зголеми нашето учество во ЕУ мисијата Алтеа во БиХ, како наш влог во безбедноста на нашиот регион.

– Македонија е лекција за многу држави во регионот дека со политичка волја можат да се решаваат и најтешките проблеми, изјави Шекеринска

The post Шекеринска нема да биде амбасадор во НАТО appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека нема амбиции да биде идниот амбасадор на НАТО. Таа додаде дека во моментов се фокусира на нејзината работа како министерка за одбрана, а за тоа што ќе се случува во иднина, како што напомена ќе биде познато, бидејќи ништо не останало тајна во нашата држава. – Не верувам дека човек треба да си прави планови пред да си ја заврши работата, изјави Шекеринска по посетата на армискиот полигон „Криволак“, каде направи увид во градежните работи кои се извршуваат на повеќе објекти и на активностите на обиколницата на полигонот. Според неа, Македонија има одличен амбасадор во НАТО, кој е таму повеќе од една година и смета дека тоа е една од позициите каде гладаме колку е важно добри луѓе да бидат на вистински места, особено заради тоа што допрва го создаваме впечатокот за нова членка. Важно е, истакна таа, да имаме многу посилен тим во НАТО, што секој ден, како што рече, го засилуваме. Прашана од новинарите дали и со кои предизвици се соочува Македонија во 2022 година и дали може да има влијание од политичко-безбедносен аспект она што се случува меѓу Косово и Србија и во Босна и Херцеговина, Шекеринска оцени дека и и натаму ќе имаме предизвици типични за нашиот регион и ќе страдаме од ризиците и предизвиците со кои се соочува светот.

– Геополитичката ситуација во последниот период е прилично непредвидлива и затоа како членка на НАТО ги поздравивме некои позитивни први сигнали на почетокот на годината како резултат на директните разговори помеѓу САД и Русија, како резултат на штотуку закажаната средба помеѓу НАТО и Русија и се надеваме и ќе работиме на намалување на тензиите и решавање на некои од отворените прашања, изјави министерката за одбрана.

Додаде дека целта на Алијансата е стабилна, безбедна и просперитетна евроатлантска област. Потсети меѓу другото дека изминатата година првпат испративме наши армиски структури како дел од КФОР во Косово, со цел да испратиме порака дека сме заинтересирани за постабилен регион. Шекеринска информира дека од Собранието е добиено зелено светло за да се зголеми нашето учество во ЕУ мисијата Алтеа во БиХ, како наш влог во безбедноста на нашиот регион. – Македонија е лекција за многу држави во регионот дека со политичка волја можат да се решаваат и најтешките проблеми, изјави Шекеринска

The post Шекеринска нема да биде амбасадор во НАТО appeared first on Република.

]]>