Оваа влада во стартот нема легитимитет кој извира од граѓаните и се потврдува и губи на избори, вели професорката и пратеничка, Гордана Силјановска – Давкова на денешната расправа за избор на нова влада.

Таа забележува дека министрите кои беа носители на кандидатски листи сега ги нема. Силјановска исто така забележува дека иако и во новата програма беше споменувано НАТО, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска која е персонификација на НАТО, денеска ја нема, и вели не знае дали од лични причини или затоа што беше разрешена.

Според неа, ова не е влада на СДСМ, туку на ЗДСМ, односно влада на Зоран Заев.

На мандатарот за состав на нова влада, Димитар Ковачевски таа му порача дека неговиот легитимитет е неразделно врзан со премиерот во оставка, Зоран Заев кој лично го промовирал.

Смета дека ако Никола Димитров не е во новата влада бидејќи не сме добиле датум за преговори, тогап според неа дел од владата не треба да биде ниту министерот за надворешни работи, Бујар Османи, но и првиот вицепремиер, Артан Груби кој стоел зад речиси сите одлуки на Заев.

Пратеничката Снежана Калевска-Ванчева во контрареплика и врати дека оваа влада легитимитетот го добила на изборите во јули 2020 година.

-Легитимитетот го проширивме и извира од програмата и да направиме разлика меѓу локални и парламентарни избори, рече Калевска- Ванчева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.