радијатори Archives - Република https://republika.mk/tema/radijatori/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Oct 2022 17:40:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png радијатори Archives - Република https://republika.mk/tema/radijatori/ 32 32 Исполнети се условите: Од утре топли радијатори во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/ispolneti-se-uslovite-od-utre-topli-radijatori-vo-skopje/ Fri, 14 Oct 2022 14:42:52 +0000 https://republika.mk/?p=561228

Исполнети се сите предуслови за нормално започнување на грејната сезона во Скопје од 15 октомври. Утре ќе бидат топли радијаторите на сите скопјани кои се приклучени на централно греење.

Тоа, како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, е овозможено со доделените три лиценци за продажба, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија во град Скопје на денешната главна седница на РКЕ.

Денеска донесовме три одлуки за вршење на енергетски дејности од делокругот на топлинската енергија. Лиценца за извршување на дејност регулирано производство на топлинска енергија до 30 април 2023 година доби ЕСМ продажба ДООЕЛ Скопје, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија во траење од 35 години доби ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје, а лиценца за снабдување со топлинска енергија во траење од 10 години доби ЕСМ снабдување со топлина - рече Бислимоски.

Тој нагласи дека РКЕ во текот на вчерашниот ден ги добила последните неопходни документи за издавање на лиценците – Дописот со кој ПУИГ ги известил дека е раскинат договорот помеѓу ПУИГ и БЕГ дистрибуција и Доказот за бројот на вработени во ЕСМ продажба кои ќе работат на регулирано производство на топлинска енергија.

Со издавањето на овие лиценци се исполнети сите предуслови кои се потребни за започнување на грејната сезона во градот Скопје на 15 октомври со што греењето ќе започне од утре. Ќе важат и понатаму сите критериуми и параметри кои важеа од претходно, односно загарантираната температура ќе биде 21 степен Целзиусов, а ист како и претходно ќе биде и периодот на започнување и завршување на греењето - прецизира Бислимоски.

Посочи дека во Белград и во Италија за една недела е одложено започнувањето на грејната сезона, а во повеќето земји максималната температура која се гарантира е 19 степени Целзиусови.

Вети дека РКЕ ќе направи се што може за да се набави соодветно гориво за да има непречено одвивање на грејната сезона. Појасни дека РКЕ дополнително побарала во наредниот период да се преземат одреден број на вработени од БЕГ, кои не биле преземени од ЕСМ и за тоа добиле ветување дека ќе биде направено. Со тоа грејната сезона, како што кажа, ќе започне со добра екипираност.

Го повикуваме ЕСМ да работат во оптимални режими на работа со цел да се намалат трошоците за гориво, а граѓаните да се придржуваат кон мерките за штедење - потенцира Бислимоски.

Нагласи дека скопјани ќе имаат парно греење без разлика дали ќе работи ТЕ-ТО или не.

До 2012 година сите потреби на Скопје ги задоволуваа топланите Исток и Запад, а и од 2012 година кога беше вклучено ТЕ-ТО имаше подолги периоди кога не работеше когенеративната електрана, бидејќи не им одговараа пазарните услови при што немаше никакви проблеми во снабдувањето со топлинска енергија во град Скопје, рече Бислимоски во одговор на прашање.

Сепак, потенцира, добро би било да работи ТЕ-ТО.

Пресметките се правени дека ТЕ-ТО ќе работи со 70 проценти во просек во текот на грејната сезона, а 30 проценти да се добиваат од топланите. Во октомври и ноември не е проблематично од тој аспект заради очекувањата дека ќе имаме нешто повисоки температури од вообичаените. Затоа работењето или не работењето на ТЕ-ТО нема да создаде никаков проблем. Како што има трошоци признати за ТЕ-ТО така има и за набавка на природен гас. Верувам дека ќе се најде природен гас по разумна цена за да може и ТЕ-ТО да работи пред се за производство на електрична енергија која ќе им помогне на македонските компании кои се на отворениот пазар, а дополнително да помогне и за порелаксирана ситуација во снабдувањето со топлинска енергија - потенцира Бислимоски.

The post Исполнети се условите: Од утре топли радијатори во Скопје appeared first on Република.

]]>

Исполнети се сите предуслови за нормално започнување на грејната сезона во Скопје од 15 октомври. Утре ќе бидат топли радијаторите на сите скопјани кои се приклучени на централно греење. Тоа, како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, е овозможено со доделените три лиценци за продажба, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија во град Скопје на денешната главна седница на РКЕ.
Денеска донесовме три одлуки за вршење на енергетски дејности од делокругот на топлинската енергија. Лиценца за извршување на дејност регулирано производство на топлинска енергија до 30 април 2023 година доби ЕСМ продажба ДООЕЛ Скопје, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија во траење од 35 години доби ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје, а лиценца за снабдување со топлинска енергија во траење од 10 години доби ЕСМ снабдување со топлина - рече Бислимоски.
Тој нагласи дека РКЕ во текот на вчерашниот ден ги добила последните неопходни документи за издавање на лиценците – Дописот со кој ПУИГ ги известил дека е раскинат договорот помеѓу ПУИГ и БЕГ дистрибуција и Доказот за бројот на вработени во ЕСМ продажба кои ќе работат на регулирано производство на топлинска енергија.
Со издавањето на овие лиценци се исполнети сите предуслови кои се потребни за започнување на грејната сезона во градот Скопје на 15 октомври со што греењето ќе започне од утре. Ќе важат и понатаму сите критериуми и параметри кои важеа од претходно, односно загарантираната температура ќе биде 21 степен Целзиусов, а ист како и претходно ќе биде и периодот на започнување и завршување на греењето - прецизира Бислимоски.
Посочи дека во Белград и во Италија за една недела е одложено започнувањето на грејната сезона, а во повеќето земји максималната температура која се гарантира е 19 степени Целзиусови. Вети дека РКЕ ќе направи се што може за да се набави соодветно гориво за да има непречено одвивање на грејната сезона. Појасни дека РКЕ дополнително побарала во наредниот период да се преземат одреден број на вработени од БЕГ, кои не биле преземени од ЕСМ и за тоа добиле ветување дека ќе биде направено. Со тоа грејната сезона, како што кажа, ќе започне со добра екипираност.
Го повикуваме ЕСМ да работат во оптимални режими на работа со цел да се намалат трошоците за гориво, а граѓаните да се придржуваат кон мерките за штедење - потенцира Бислимоски.
Нагласи дека скопјани ќе имаат парно греење без разлика дали ќе работи ТЕ-ТО или не. До 2012 година сите потреби на Скопје ги задоволуваа топланите Исток и Запад, а и од 2012 година кога беше вклучено ТЕ-ТО имаше подолги периоди кога не работеше когенеративната електрана, бидејќи не им одговараа пазарните услови при што немаше никакви проблеми во снабдувањето со топлинска енергија во град Скопје, рече Бислимоски во одговор на прашање. Сепак, потенцира, добро би било да работи ТЕ-ТО.
Пресметките се правени дека ТЕ-ТО ќе работи со 70 проценти во просек во текот на грејната сезона, а 30 проценти да се добиваат од топланите. Во октомври и ноември не е проблематично од тој аспект заради очекувањата дека ќе имаме нешто повисоки температури од вообичаените. Затоа работењето или не работењето на ТЕ-ТО нема да создаде никаков проблем. Како што има трошоци признати за ТЕ-ТО така има и за набавка на природен гас. Верувам дека ќе се најде природен гас по разумна цена за да може и ТЕ-ТО да работи пред се за производство на електрична енергија која ќе им помогне на македонските компании кои се на отворениот пазар, а дополнително да помогне и за порелаксирана ситуација во снабдувањето со топлинска енергија - потенцира Бислимоски.

The post Исполнети се условите: Од утре топли радијатори во Скопје appeared first on Република.

]]>
Да се подготвиме навреме за тешката зима: Направете еден радијатор да грее за два https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/da-se-podgotvime-navreme-za-teshkata-zima-napravete-eden-radijator-da-gree-za-dva/ Fri, 12 Aug 2022 21:20:43 +0000 https://republika.mk/?p=539440

Ако сакате да ви биде уште потопло во овие студени денови, а за тоа да не платите повеќе, тогаш погледнете ги овие одлични совети, кои ќе ви понудат евтини, практични и ефикасни решенија. Оние кои се обиделе со овие методи тврдат дека топлината се зголемува како да вклучиле уште еден радијатор во просторијата.

Совет број 1: На ѕидот зад радијаторот залепете каков било рефлектирачки материјал, како што е на пример алуминиумската фолија за домаќинството или пак фолијата за заштита на ветробранското стакло на автомобилот од сонце. Така, радијаторот ќе престане да го загрева ѕидот, топлината нема да излегува надвор низ ѕидовите и ќе се одбива директно во собата.

Совет број 2: Залепете алуминиумска фолија на парче картон, така што сјајната страна на фолијата да биде однадвор, па ставете го картонот помеѓу ѕидот и радијаторот. Секако, страната со фолијата треба да биде свртена кон радијаторот. На овој начин топлината ќе се одбива од површината на фолијата и ќе се враќа во вашиот дом, наместо да се впива во ѕидовите.

Совет број 3: Затворете ги вратите. Затворените врати не само што ќе го спречат воздухот да се движи во останатите соби, туку тоа ќе ви помогне и да ја одржувате топлината што сте ја создале во одредена просторија (без разлика дали од оган, радијатор или од некое друго грејно тело).

Совет број 4: Постелете нешто на подот. Теписите не се само начин за додавање боја и стил во вашиот дом, туку тие играат значајна улога и во одржувањето на топлината на подот. Изберете тепих или черга кои ви одговараат, па прстите на нозете дефинитивно ќе ви бидат благодарни.

Совет број 5: Преместете го мебелот. Настојувајте вашиот мебел да не се наоѓа пред некој голем прозорец со што би се спречувало влегувањето на сончева светлина во текот на денот. Исто така, внимавајте да не поставувате големи парчиња мебел во предниот дел на радијаторите, како што се креветот или софата, кои би ја апсорбирале топлината.

The post Да се подготвиме навреме за тешката зима: Направете еден радијатор да грее за два appeared first on Република.

]]>

Ако сакате да ви биде уште потопло во овие студени денови, а за тоа да не платите повеќе, тогаш погледнете ги овие одлични совети, кои ќе ви понудат евтини, практични и ефикасни решенија. Оние кои се обиделе со овие методи тврдат дека топлината се зголемува како да вклучиле уште еден радијатор во просторијата. Совет број 1: На ѕидот зад радијаторот залепете каков било рефлектирачки материјал, како што е на пример алуминиумската фолија за домаќинството или пак фолијата за заштита на ветробранското стакло на автомобилот од сонце. Така, радијаторот ќе престане да го загрева ѕидот, топлината нема да излегува надвор низ ѕидовите и ќе се одбива директно во собата. Совет број 2: Залепете алуминиумска фолија на парче картон, така што сјајната страна на фолијата да биде однадвор, па ставете го картонот помеѓу ѕидот и радијаторот. Секако, страната со фолијата треба да биде свртена кон радијаторот. На овој начин топлината ќе се одбива од површината на фолијата и ќе се враќа во вашиот дом, наместо да се впива во ѕидовите. Совет број 3: Затворете ги вратите. Затворените врати не само што ќе го спречат воздухот да се движи во останатите соби, туку тоа ќе ви помогне и да ја одржувате топлината што сте ја создале во одредена просторија (без разлика дали од оган, радијатор или од некое друго грејно тело). Совет број 4: Постелете нешто на подот. Теписите не се само начин за додавање боја и стил во вашиот дом, туку тие играат значајна улога и во одржувањето на топлината на подот. Изберете тепих или черга кои ви одговараат, па прстите на нозете дефинитивно ќе ви бидат благодарни. Совет број 5: Преместете го мебелот. Настојувајте вашиот мебел да не се наоѓа пред некој голем прозорец со што би се спречувало влегувањето на сончева светлина во текот на денот. Исто така, внимавајте да не поставувате големи парчиња мебел во предниот дел на радијаторите, како што се креветот или софата, кои би ја апсорбирале топлината.

The post Да се подготвиме навреме за тешката зима: Направете еден радијатор да грее за два appeared first on Република.

]]>
Денеска завршува грејната сезона за корисниците на БЕГ, но ако е студено, радијаторите треба да бидат топли https://republika.mk/vesti/skopje/deneska-zavrshuva-grejnata-sezona-za-korisnicite-na-beg-no-ako-e-studeno-radijatorite-treba-da-bidat-topli/ Fri, 15 Apr 2022 09:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=488858

Инаку, оваа година грејната сезона почна пред 15 октомври, кога согласно регулативата во одредени денови заради наглото заладување и просечни дневни температури пониски од 12 степени, РКЕ даде одобрение за испорака на топлина за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите.

Дел од корисниците изминативе неколку седмици се жалеа на услугите од БЕГ, поради ладните радијатори во врее на енергетска криза.

Од следната недела се очекува пад на температурите, но не се знае дали скопјани ќе имаат топли радијатори, но правилото на БЕК е грејната сезона да може да биде продолжена во зависност од временските услови. Но, како ќе биде овој пат, во услови на криза, останува да видиме!

The post Денеска завршува грејната сезона за корисниците на БЕГ, но ако е студено, радијаторите треба да бидат топли appeared first on Република.

]]>

Инаку, оваа година грејната сезона почна пред 15 октомври, кога согласно регулативата во одредени денови заради наглото заладување и просечни дневни температури пониски од 12 степени, РКЕ даде одобрение за испорака на топлина за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите. Дел од корисниците изминативе неколку седмици се жалеа на услугите од БЕГ, поради ладните радијатори во врее на енергетска криза. Од следната недела се очекува пад на температурите, но не се знае дали скопјани ќе имаат топли радијатори, но правилото на БЕК е грејната сезона да може да биде продолжена во зависност од временските услови. Но, како ќе биде овој пат, во услови на криза, останува да видиме!  

The post Денеска завршува грејната сезона за корисниците на БЕГ, но ако е студено, радијаторите треба да бидат топли appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Радијаторите ќе останат топли до крајот на грејната сезона https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitikji-radijatorite-kje-ostanat-topli-do-krajot-na-grejnata-sezona/ Fri, 14 Jan 2022 18:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=444719

Заменикот на претседателот на Владата, Фатмир Битиќи кажа дека почнал процесот за решавање на проблемот со парното греење. Тој рече дека радијаторите на граѓаните на градот Скопје и општините ќе останат топли до крајот на грејната сезона.

На истата прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека проблемот е решен и дека ќе има непрекината испорака на парното греење.

ТЕ-ТО ќе произведе дополнителна топлинска енергија, покрај електричната, со што ќе се обезбеди квалитетно и исплатливо снабдување“, рече Бектеши.

https://youtu.be/k0qVFcTxVqA

The post Битиќи: Радијаторите ќе останат топли до крајот на грејната сезона appeared first on Република.

]]>

Заменикот на претседателот на Владата, Фатмир Битиќи кажа дека почнал процесот за решавање на проблемот со парното греење. Тој рече дека радијаторите на граѓаните на градот Скопје и општините ќе останат топли до крајот на грејната сезона. На истата прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека проблемот е решен и дека ќе има непрекината испорака на парното греење.