Радев Archives - Република https://republika.mk/tema/radev/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 12:12:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Радев Archives - Република https://republika.mk/tema/radev/ 32 32 Сиљановска Давкова утре во Бугарија, предвидена е средба со Румен Радев https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-utre-vo-bugarija-predvidena-e-sredba-so-rumen-radev/ Thu, 12 Sep 2024 12:12:13 +0000 https://republika.mk/?p=815732

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утре ќе престојува во посета на Република Бугарија, соопшти прес службата на Претседателката.

Во рамки на посетата, претседателката Сиљановска Давкова во Софија ќе оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и ќе присуствува на настапот на македонската национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ќе ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди.

Во рамки на 52. Мајски оперски вечери претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на настапот на Софиската опера и балет во Скопје, при што ја потенцираше важноста и моќта на културната дипломатија, како нераскинлив дел од меѓународната дејност.

The post Сиљановска Давкова утре во Бугарија, предвидена е средба со Румен Радев appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утре ќе престојува во посета на Република Бугарија, соопшти прес службата на Претседателката.
Во рамки на посетата, претседателката Сиљановска Давкова во Софија ќе оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и ќе присуствува на настапот на македонската национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ќе ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди. Во рамки на 52. Мајски оперски вечери претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на настапот на Софиската опера и балет во Скопје, при што ја потенцираше важноста и моќта на културната дипломатија, како нераскинлив дел од меѓународната дејност.

The post Сиљановска Давкова утре во Бугарија, предвидена е средба со Румен Радев appeared first on Република.

]]>
Мицкоски се сретна со Радев, побарал трајно решение за спорот со Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-se-sretna-so-radev-pobaral-trajno-reshenie-za-sporot-so-bugarija/ Fri, 19 Jul 2024 10:38:39 +0000 https://republika.mk/?p=798410

Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев на Самитот на Европската политичка заедница во палатата Бленхајм во Оксфорд.

Румен Радев, во разговор со премиерот Христијан Мицкоски, изрази надеж дека Република Македонија ќе го забрза спроведувањето на билатералниот договор за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и договорите на земјата со Европската Унија, кои ќе ја отворат перспективата за почеток на преговори за полноправно членство со ЕУ“, соопштија од кабинетот на бугарскиот претседател.

Мицкоски пак побарал трајно решение на проблемот со Бугарија.

Главен приоритет на Македонија и на новата Влада на Македонија се добрососедските односи и евентуално изнаоѓање трајно и стабилно решение на проблемот што го имаме со нашиот источен сосед“, нагласи Мицкоски за средбата со Радев.

The post Мицкоски се сретна со Радев, побарал трајно решение за спорот со Бугарија appeared first on Република.

Радев в петок ќе разговара со службениот премиер Главчев за предложените промени во кабинетот, само една недела по изборот https://republika.mk/vesti/balkan/radev-v-petok-ke-razgovara-so-sluzhbeniot-premier-glavchev-za-predlozhenite-promeni-vo-kabinetot-samo-edna-nedela-po-izborot/ Wed, 17 Apr 2024 18:36:42 +0000 https://republika.mk/?p=767240

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека во петок ќе повика вршителот на должноста премиер Димитар Главчев на разговор за неговите предлози за промени во владиниот кабинет.

-Сакам да ги слушнам вистинските мотиви што го натераа господинот Главчев толку тврдоглаво, без да има работено со овие луѓе, без да ги познава, наеднаш да се премисли и да побара смена, истакна бугарскиот претседател.

Службениот премиер даде два предлога за кадровски промени во владата што ја предводи. Првиот, од функцијата да се ослободи привремениот шеф на дипломатијата, Стефан Димитров, на чие место предлага да дојде Даниел Митов, а Георги Тахов да го замени Кирил Ватев на функцијата министер за земјоделство и храна.

Двајца министри се ослободени само една недела по заклетвата на официјалниот кабинет, што е уште еден доказ за неуспехот на уставните реформи. Во својот обид да наметнат целосен монопол на власта, партиите кои гласаа за измените на Уставот всушност го направија статусот на официјалниот кабинет бесмислен и го направија ранлив на партиско мешање, смета Радев.

Радев потсети дека веќе кажа дека нема да се меша во одлуките на премиерот во однос на составот на официјалниот кабинет, но истакна дека ќе инсистира да се одржи ветувањето што го има дадено - да предложи кабинет подеднакво оддалечен од сите партии.

-Мојата заложба останува да се спречи административна и уставна криза и покрај несоодветните измени на Уставот, нагласи шефот на државата.

„Имам одговорност да ја зачувам политичката пристојност во овој кабинет, додаде тој и нагласи дека во неговиот службен кабинет не бил назначен заменик претседател на политичка партија“.

-Имаме десетици прекрасни дипломати, сите со квалитети да бидат министри, така што секогаш може да се најде достоен министер за надворешни работи кој ќе го брани надворешнополитичкиот курс на Бугарија и нашиот стремеж за целосна европска интеграција, рече претседателот.

Според него, невозможно е во правна смисла да се изгласа недоверба на официјалната влада.

The post Радев в петок ќе разговара со службениот премиер Главчев за предложените промени во кабинетот, само една недела по изборот appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека во петок ќе повика вршителот на должноста премиер Димитар Главчев на разговор за неговите предлози за промени во владиниот кабинет. -Сакам да ги слушнам вистинските мотиви што го натераа господинот Главчев толку тврдоглаво, без да има работено со овие луѓе, без да ги познава, наеднаш да се премисли и да побара смена, истакна бугарскиот претседател. Службениот премиер даде два предлога за кадровски промени во владата што ја предводи. Првиот, од функцијата да се ослободи привремениот шеф на дипломатијата, Стефан Димитров, на чие место предлага да дојде Даниел Митов, а Георги Тахов да го замени Кирил Ватев на функцијата министер за земјоделство и храна. Двајца министри се ослободени само една недела по заклетвата на официјалниот кабинет, што е уште еден доказ за неуспехот на уставните реформи. Во својот обид да наметнат целосен монопол на власта, партиите кои гласаа за измените на Уставот всушност го направија статусот на официјалниот кабинет бесмислен и го направија ранлив на партиско мешање, смета Радев. Радев потсети дека веќе кажа дека нема да се меша во одлуките на премиерот во однос на составот на официјалниот кабинет, но истакна дека ќе инсистира да се одржи ветувањето што го има дадено - да предложи кабинет подеднакво оддалечен од сите партии. -Мојата заложба останува да се спречи административна и уставна криза и покрај несоодветните измени на Уставот, нагласи шефот на државата. „Имам одговорност да ја зачувам политичката пристојност во овој кабинет, додаде тој и нагласи дека во неговиот службен кабинет не бил назначен заменик претседател на политичка партија“. -Имаме десетици прекрасни дипломати, сите со квалитети да бидат министри, така што секогаш може да се најде достоен министер за надворешни работи кој ќе го брани надворешнополитичкиот курс на Бугарија и нашиот стремеж за целосна европска интеграција, рече претседателот. Според него, невозможно е во правна смисла да се изгласа недоверба на официјалната влада.

The post Радев в петок ќе разговара со службениот премиер Главчев за предложените промени во кабинетот, само една недела по изборот appeared first on Република.

]]>
Радев со честитка до Пендаровски и провокација за Македонците: „Голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато“ https://republika.mk/vesti/makedonija/radev-so-chestitka-do-pendarovski-i-provokatsija-za-makedontsite-golem-i-znachaen-nastan-od-zaednichkoto-istorisko-i-kulturno-minato/ Wed, 02 Aug 2023 15:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=667984

Претседателот на Бугарија, Румен Радев упатил честитка до македонскиот претседател Стево Пендаровски по повод државниот празник Илинден – Ден на Републиката, информираат од неговиот кабинет, а информацијата ја пренесоа бугарските медиуми.

Во честитката бугарскиот претседател посочува дека оваа година се навршуваат 120 години од Илинденско-преображенското востание – „голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Македонија“.

Целта и саможртвата на хероите на востанието е еден од мостовите низ времето кој ги поврзува двете држави и нивните граѓани, посочува Радев во текстот.

„Одразот на идеалите за слобода, еднаквост и братство на нашите предци денеска ги препознаваме во фундаменталните права на Европската Унија, кон која искрено посакуваме да се приклучите. Убеден сум дека заедно можеме и треба да ги решиме отворените прашања во билатералните односи што го очекуваат нашите граѓани и е заради нашата заедничка иднина во Европа, пишува Радев во честитката.

Во текстот тој посочува дека постигнатите договори меѓу двете земји за заедничко одбележување на празниците од заедничката историја претставуваат одлична можност за зближување.

The post Радев со честитка до Пендаровски и провокација за Македонците: „Голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Бугарија, Румен Радев упатил честитка до македонскиот претседател Стево Пендаровски по повод државниот празник Илинден – Ден на Републиката, информираат од неговиот кабинет, а информацијата ја пренесоа бугарските медиуми. Во честитката бугарскиот претседател посочува дека оваа година се навршуваат 120 години од Илинденско-преображенското востание – „голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Македонија“.
Целта и саможртвата на хероите на востанието е еден од мостовите низ времето кој ги поврзува двете држави и нивните граѓани, посочува Радев во текстот. „Одразот на идеалите за слобода, еднаквост и братство на нашите предци денеска ги препознаваме во фундаменталните права на Европската Унија, кон која искрено посакуваме да се приклучите. Убеден сум дека заедно можеме и треба да ги решиме отворените прашања во билатералните односи што го очекуваат нашите граѓани и е заради нашата заедничка иднина во Европа, пишува Радев во честитката.
Во текстот тој посочува дека постигнатите договори меѓу двете земји за заедничко одбележување на празниците од заедничката историја претставуваат одлична можност за зближување.

The post Радев со честитка до Пендаровски и провокација за Македонците: „Голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато“ appeared first on Република.

]]>
Радев: Уставните измени се многу важен чекор, но не и последен https://republika.mk/vesti/balkan/radev-ustavnite-izmeni-se-mnogu-vazhen-chekor-no-ne-i-posleden/ Wed, 19 Jul 2023 09:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=663022

Ова е првиот многу важен и задолжителен чекор, но не и последен. Вака бугарскиот претседател Румен Радев пред тамошните новинари ги коментирал амандманите за измените на македонскиот Устав кои вчера ги усвои нашата Влада.

Од исклучителна важност е исполнувањето на барањата во двата потпишани протоколи, кои се составен дел од преговарачката рамка за пристапување на РСМ во Европската Унија. Конечно се придвижи прашањето за гарантирање на уставната рамноправност на Бугарите во РСМ, коментирал Радев, пренесува „БТА“.

Шефот на бугарската држава посочил дека само партијата „Има таков народ“ ја поддржала неговата идеја дека вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав ќе биде задолжителен услов за нашата земја да ги започне преговорите за ЕУ.

Радев изразил загриженост поради тоа што бугарскиот парламент и влада не реагирале на резолуцијата усвоена од германскиот Бундестаг за поддршка на европскиот пат на РСМ, па како што вели, морал да испрати писмо до европските лидери во кое инсистирал на бугарскиот став.

Според него, власта треба да вложи напори за следните чекори – јазикот на омразата, медиумите, учебниците, натписите во музеите, рехабилитацијата на репресираните итн.

The post Радев: Уставните измени се многу важен чекор, но не и последен appeared first on Република.

]]>

Ова е првиот многу важен и задолжителен чекор, но не и последен. Вака бугарскиот претседател Румен Радев пред тамошните новинари ги коментирал амандманите за измените на македонскиот Устав кои вчера ги усвои нашата Влада.
Од исклучителна важност е исполнувањето на барањата во двата потпишани протоколи, кои се составен дел од преговарачката рамка за пристапување на РСМ во Европската Унија. Конечно се придвижи прашањето за гарантирање на уставната рамноправност на Бугарите во РСМ, коментирал Радев, пренесува „БТА“.
Шефот на бугарската држава посочил дека само партијата „Има таков народ“ ја поддржала неговата идеја дека вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав ќе биде задолжителен услов за нашата земја да ги започне преговорите за ЕУ. Радев изразил загриженост поради тоа што бугарскиот парламент и влада не реагирале на резолуцијата усвоена од германскиот Бундестаг за поддршка на европскиот пат на РСМ, па како што вели, морал да испрати писмо до европските лидери во кое инсистирал на бугарскиот став. Според него, власта треба да вложи напори за следните чекори – јазикот на омразата, медиумите, учебниците, натписите во музеите, рехабилитацијата на репресираните итн.

The post Радев: Уставните измени се многу важен чекор, но не и последен appeared first on Република.

]]>
Радев врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов https://republika.mk/vesti/balkan/radev-vrachi-bugarski-lichni-dokumenti-na-lubcho-georgievski-i-blagoj-shatorov/ Fri, 19 May 2023 15:54:30 +0000 https://republika.mk/?p=642745

Претседателот Румен Радев му врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов на церемонија во претседателската резиденција. На почетокот на церемонијата беше отсвирена бугарската химна. Во салата присуствуваа и потпретседателката Илијана Јотова и техничкиот министер за надворешни работи Иван Кондов.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Љубчо Георгиевски е претседател на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, што беше затворен од властите во Република Македонија, а Благој Шаторов е негов секретар.

Потпретседателот ги потпиша указите за добивање бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло. Јотова му врачи бугарски лични документи на Христијан Пендиков во почетокот на мај.

Обвинителството во Битола покрена обвинение за ширење омраза и ксенофобија на Георгиевски во почетокот на мај.

Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид и културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола беа затворени од Централниот регистар на Република Македонија по одлуката на Министерството за правда и добиениот негативен став на комисијата за имињата.

Оваа одлука беше како резултат на промената на Законот за здруженија и фондации, изгласан едногласно во Парламентот на Македонија, којшто забрани формирање организации, кои своите имиња, програма, цели и поттикнуваат кон агресија, разгорување на национална, расна, религиозна омраза или друга нетрпеливост, геноцид, истребување, ширење и помагање и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот рајх.

The post Радев врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов appeared first on Република.

]]>

Претседателот Румен Радев му врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов на церемонија во претседателската резиденција. На почетокот на церемонијата беше отсвирена бугарската химна. Во салата присуствуваа и потпретседателката Илијана Јотова и техничкиот министер за надворешни работи Иван Кондов. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. Љубчо Георгиевски е претседател на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, што беше затворен од властите во Република Македонија, а Благој Шаторов е негов секретар. Потпретседателот ги потпиша указите за добивање бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло. Јотова му врачи бугарски лични документи на Христијан Пендиков во почетокот на мај. Обвинителството во Битола покрена обвинение за ширење омраза и ксенофобија на Георгиевски во почетокот на мај. Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид и културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола беа затворени од Централниот регистар на Република Македонија по одлуката на Министерството за правда и добиениот негативен став на комисијата за имињата. Оваа одлука беше како резултат на промената на Законот за здруженија и фондации, изгласан едногласно во Парламентот на Македонија, којшто забрани формирање организации, кои своите имиња, програма, цели и поттикнуваат кон агресија, разгорување на национална, расна, религиозна омраза или друга нетрпеливост, геноцид, истребување, ширење и помагање и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот рајх.

The post Радев врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов appeared first on Република.

]]>
Радев: Доколку не се случат уставни измени, воопшто нема да почнат преговорите за влез во ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/radev-dokolku-ne-se-sluchat-ustavni-izmeni-voopshto-nema-da-pochnat-pregovorite-za-vlez-vo-eu/ Thu, 16 Feb 2023 12:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=609754

Бугарскиот претседател, Румен Радев во интервју за грчкиот весник Катимерини говореше за состојбата на релација Бугарија-Македонија и евентуалните уставни измени во нашата земја. Како што истакна тој, доколку не се случат тие, преговорите за влез во ЕУ нема да започнат воопшто.

„Бугарија и Македонија го прифатија предлогот на француското претседателство со Советот на Европската унија, кој предвидува одредена преговарачка рамка за нашиот сосед. За целосно започнување на пристапните преговори, Македонија мора да ги заврши договорените уставни измени и да ги запише Бугарите од Македонија за тие да бидат рамноправни со другите државотворни народи наведени во нејзиниот Устав. Без овој чекор, преговорите навистина не можат да започнат“, истакнува шефот на бугарската државата.

The post Радев: Доколку не се случат уставни измени, воопшто нема да почнат преговорите за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател, Румен Радев во интервју за грчкиот весник Катимерини говореше за состојбата на релација Бугарија-Македонија и евентуалните уставни измени во нашата земја. Како што истакна тој, доколку не се случат тие, преговорите за влез во ЕУ нема да започнат воопшто. „Бугарија и Македонија го прифатија предлогот на француското претседателство со Советот на Европската унија, кој предвидува одредена преговарачка рамка за нашиот сосед. За целосно започнување на пристапните преговори, Македонија мора да ги заврши договорените уставни измени и да ги запише Бугарите од Македонија за тие да бидат рамноправни со другите државотворни народи наведени во нејзиниот Устав. Без овој чекор, преговорите навистина не можат да започнат“, истакнува шефот на бугарската државата.

The post Радев: Доколку не се случат уставни измени, воопшто нема да почнат преговорите за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Радев ги закажа парламентарните избори за 2 октомври, привремен премиер е Галаб Донев https://republika.mk/vesti/radev-gi-zakaza-parlamentarnite-izbori-za-2-oktomvri-privremen-premier-e-galab-donev/ Mon, 01 Aug 2022 11:37:13 +0000 https://republika.mk/?p=535702

Претседателот на Бугарија Румен Радев потпиша укази за распуштање на 47-то Народно собрание и за одржување предвремени парламентарни избори на 2 октомври, како и за назначување службена влада. За привремен премиер, како што јави дописникот на МИА од Софија, е назначен Галаб Донев, досегашен советник на Радев.

Кабинетот на бугарскиот претседател соопшти дека за министер за надворешни работи е именуван Николај Милков, амбасадор на Бугарија во Франција, а за министер за одбрана Димитар Стојанов, кој е шеф на претседателската администрација. Во владата се враќа Атанас Пеканов, кој ќе биде вицепремиер и одговорен за управување со европските фондови. Заедно со него во преодната влада се враќа и Велислав Минеков, кој повторно ќе раководи со Министерството за култура, како и во претходните две преодни влади. За вицепремиер и министер за внатрешни работи е именуван Иван Дерменџиев, кој во втората службена влада минатата година беше министер за правда и се залагаше за смена на главниот обвинител Иван Гешев, што е клучна точка за реформите во правосудството во Бугарија, потсетува дописникот на МИА од Софија.

Претседателот Радев ќе ги претстави задачите и приоритетите на преодната влада утре напладне на церемонија во претседателската палата.

The post Радев ги закажа парламентарните избори за 2 октомври, привремен премиер е Галаб Донев appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Бугарија Румен Радев потпиша укази за распуштање на 47-то Народно собрание и за одржување предвремени парламентарни избори на 2 октомври, како и за назначување службена влада. За привремен премиер, како што јави дописникот на МИА од Софија, е назначен Галаб Донев, досегашен советник на Радев. Кабинетот на бугарскиот претседател соопшти дека за министер за надворешни работи е именуван Николај Милков, амбасадор на Бугарија во Франција, а за министер за одбрана Димитар Стојанов, кој е шеф на претседателската администрација. Во владата се враќа Атанас Пеканов, кој ќе биде вицепремиер и одговорен за управување со европските фондови. Заедно со него во преодната влада се враќа и Велислав Минеков, кој повторно ќе раководи со Министерството за култура, како и во претходните две преодни влади. За вицепремиер и министер за внатрешни работи е именуван Иван Дерменџиев, кој во втората службена влада минатата година беше министер за правда и се залагаше за смена на главниот обвинител Иван Гешев, што е клучна точка за реформите во правосудството во Бугарија, потсетува дописникот на МИА од Софија. Претседателот Радев ќе ги претстави задачите и приоритетите на преодната влада утре напладне на церемонија во претседателската палата.

The post Радев ги закажа парламентарните избори за 2 октомври, привремен премиер е Галаб Донев appeared first on Република.

]]>
Радев одлучи да го додели третиот мандат за нова влада на Бугарија на БСП https://republika.mk/vesti/balkan/radev-odluchi-da-go-dodeli-tretiot-mandat-za-nova-vlada-na-bugarija-na-bsp/ Sun, 17 Jul 2022 16:55:28 +0000 https://republika.mk/?p=530405

Бугарскиот претседател Румен Радев утре во 17 часот по локално време ќе го врачи мандатот за предлагање кандидат за премиер од пратеничката група на „БСП за Бугарија“, соопшти прес-службата на Радев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев одржа политички консултации со парламентарните партии во 47. Народно собрание и имаше можност да избере меѓу три партии: Бугарската социјалистичка партија, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“, останатите парламентарни опозициски партии, Движењето за права и слободи, ГЕРБ-СДС и националистичката „Преродба“ побараа предвремени избори наесен во Бугарија.

Доколку пропадне и третиот мандат за формирање нова влада на Бугарија, претседателот Румен Радев мора да го распушти Националното собрание и да закаже предвремени парламентарни избори и да назначи преодна влада која ќе ги организира.

Според првичните проценки, изборите во Бугарија се очекува да се одржат на 2 октомври.

The post Радев одлучи да го додели третиот мандат за нова влада на Бугарија на БСП appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев утре во 17 часот по локално време ќе го врачи мандатот за предлагање кандидат за премиер од пратеничката група на „БСП за Бугарија“, соопшти прес-службата на Радев.   Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев одржа политички консултации со парламентарните партии во 47. Народно собрание и имаше можност да избере меѓу три партии: Бугарската социјалистичка партија, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“, останатите парламентарни опозициски партии, Движењето за права и слободи, ГЕРБ-СДС и националистичката „Преродба“ побараа предвремени избори наесен во Бугарија.   Доколку пропадне и третиот мандат за формирање нова влада на Бугарија, претседателот Румен Радев мора да го распушти Националното собрание и да закаже предвремени парламентарни избори и да назначи преодна влада која ќе ги организира.   Според првичните проценки, изборите во Бугарија се очекува да се одржат на 2 октомври.

The post Радев одлучи да го додели третиот мандат за нова влада на Бугарија на БСП appeared first on Република.

]]>
Радев: Парламентарни избори во Бугарија пред 15 септември не се целисходни https://republika.mk/vesti/balkan/radev-parlamentarni-izbori-vo-bugarija-pred-15-septemvri-ne-se-celishodni/ Thu, 30 Jun 2022 15:53:54 +0000 https://republika.mk/?p=521700

Бугарскиот претседател Румен Радев утре ќе и го додели првиот мандат за формирање нова влада на најголемата парламентарна партија во земјата „Продолжуваме со промените“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според претседателот на Бугарија Румен Радев, не се исцрпени можностите за формирање нова влада во овој парламент. Доколку воопшто се одржат предвремени парламентарни избори, тие не би биле целисходни пред 15 септември.

Според него, важно е да има што поголема изборна активност. – Можете да процените, враќајќи се два месеци наназад, кога најрано може да заврши враќањето на мандатите“, рече Радев. Тој нагласи дека е важно мислењето на партиите да се слушне и да се земе предвид.

Румен Радев одби да ги коментира неуспешните консултации во понеделникот со бугарската владејачка партија Продолжуваме со промените и нејзиниот партнер, Бугарската социјалистичка партија, во врска со состанокот на парламентарната комисија за буџет и разгледувањето на неговата ревизија.

The post Радев: Парламентарни избори во Бугарија пред 15 септември не се целисходни appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев утре ќе и го додели првиот мандат за формирање нова влада на најголемата парламентарна партија во земјата „Продолжуваме со промените“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според претседателот на Бугарија Румен Радев, не се исцрпени можностите за формирање нова влада во овој парламент. Доколку воопшто се одржат предвремени парламентарни избори, тие не би биле целисходни пред 15 септември. Според него, важно е да има што поголема изборна активност. – Можете да процените, враќајќи се два месеци наназад, кога најрано може да заврши враќањето на мандатите“, рече Радев. Тој нагласи дека е важно мислењето на партиите да се слушне и да се земе предвид. Румен Радев одби да ги коментира неуспешните консултации во понеделникот со бугарската владејачка партија Продолжуваме со промените и нејзиниот партнер, Бугарската социјалистичка партија, во врска со состанокот на парламентарната комисија за буџет и разгледувањето на неговата ревизија.

The post Радев: Парламентарни избори во Бугарија пред 15 септември не се целисходни appeared first on Република.

]]>
Радев дава зелено светло за Албанија, за Македонија ќе требало уште време https://republika.mk/vesti/balkan/radev-dava-zeleno-svetlo-za-albanija-za-makedonija-kje-trebalo-ushte-vreme/ Wed, 13 Apr 2022 13:41:27 +0000 https://republika.mk/?p=487996

„Да“ за Албанија, „не“за Македонија. Бугарскиот претседател Радев уште еднаш го потврди ставот дека засега нема промена во нивната позиција околу евроинтеграциите на двете земји.

Тој дава целосна поддршка за Албанија што поскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ, а од друга страна, и по средбата со неговиот португалски колега остана на оценката дека Македонија не ги исполнила барањата од пакетот 4+1 и треба уште да работи за Софија да даде зелено светло.

- Беше изгубено значајно време да се бараат други начини за да се отвори вратата за почетни преговори за членство. Така што ќе ни треба повеќе време, а на Македонија посебно да ги исполни барањата на тој пакет, изјави Радев.

Ако до јуни не се тргне ветото за земјава, Албанијаќе го зголемува притисокот кај клучните европски играчи за самата да продолжи по европскиот пат, оценува професорот на Универзитетот во Грац, Марко Кмезиќ, кој беше во Скопје за дебата организирана од Институтот за европска политика..

- Мораме да ја гледаме и геополитичката ситуација, кризата во Украина и што се не. Такви сигнали пристигнуваат особено од Германија кадешто има нова влада, дека би можело да дојде до тоа раздвојување на претпристапните преговори на Македонија и Албанија, изјави проф. Кмезиќ.

Иван Новосел од хрватскиот институт за човекови права, пак е дециден дека ЕУ не смее да прифати билатераалните прашања да станат услов за интеграцијата на земјите од Западен Балкан..

- Јас мислам дека е ужасно голем проблем билатералните прашања да го оптеретуваат процесот на пристапни преговори. Хратска го имаше тоа искуство со Словенија поврзано со Пиранскиот Залив со границата на море и на копно, што со политички притисок успеа да се надмине. Понатаму ние не успеавме да го решиме тоа билатерално прашање. Мислам дека треба политички да се инсистира дека тие работи не треба да се носат во процесот на преговарање., вели Новосел.

До каде се преговорите меѓу Скопје и Софија околу спорните политичките прашања, информација нема, но во Бугарија се појавија сомнежи кај дел од владините коалицони партнери и кај опозиицјата, дека премиерот Петков дал ветување во ЕУ дека во јуни ќе го крене ветото. Тие особено се подгреаа по средбата на германската шефица на дипломатијата Бербок со бугарската колешка Генчовска, па ГЕРБ во петок ја повика во собранието да реферира за состанокот и позициите..

https://www.youtube.com/watch?v=CQc_whXnsUI

The post Радев дава зелено светло за Албанија, за Македонија ќе требало уште време appeared first on Република.

]]>

„Да“ за Албанија, „не“за Македонија. Бугарскиот претседател Радев уште еднаш го потврди ставот дека засега нема промена во нивната позиција околу евроинтеграциите на двете земји.

Тој дава целосна поддршка за Албанија што поскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ, а од друга страна, и по средбата со неговиот португалски колега остана на оценката дека Македонија не ги исполнила барањата од пакетот 4+1 и треба уште да работи за Софија да даде зелено светло.
- Беше изгубено значајно време да се бараат други начини за да се отвори вратата за почетни преговори за членство. Така што ќе ни треба повеќе време, а на Македонија посебно да ги исполни барањата на тој пакет, изјави Радев.
Ако до јуни не се тргне ветото за земјава, Албанијаќе го зголемува притисокот кај клучните европски играчи за самата да продолжи по европскиот пат, оценува професорот на Универзитетот во Грац, Марко Кмезиќ, кој беше во Скопје за дебата организирана од Институтот за европска политика..
- Мораме да ја гледаме и геополитичката ситуација, кризата во Украина и што се не. Такви сигнали пристигнуваат особено од Германија кадешто има нова влада, дека би можело да дојде до тоа раздвојување на претпристапните преговори на Македонија и Албанија, изјави проф. Кмезиќ.
Иван Новосел од хрватскиот институт за човекови права, пак е дециден дека ЕУ не смее да прифати билатераалните прашања да станат услов за интеграцијата на земјите од Западен Балкан..
- Јас мислам дека е ужасно голем проблем билатералните прашања да го оптеретуваат процесот на пристапни преговори. Хратска го имаше тоа искуство со Словенија поврзано со Пиранскиот Залив со границата на море и на копно, што со политички притисок успеа да се надмине. Понатаму ние не успеавме да го решиме тоа билатерално прашање. Мислам дека треба политички да се инсистира дека тие работи не треба да се носат во процесот на преговарање., вели Новосел.
До каде се преговорите меѓу Скопје и Софија околу спорните политичките прашања, информација нема, но во Бугарија се појавија сомнежи кај дел од владините коалицони партнери и кај опозиицјата, дека премиерот Петков дал ветување во ЕУ дека во јуни ќе го крене ветото. Тие особено се подгреаа по средбата на германската шефица на дипломатијата Бербок со бугарската колешка Генчовска, па ГЕРБ во петок ја повика во собранието да реферира за состанокот и позициите.. https://www.youtube.com/watch?v=CQc_whXnsUI

The post Радев дава зелено светло за Албанија, за Македонија ќе требало уште време appeared first on Република.

]]>
Радев:Владата на Петков да не отстапува од бугарскиот национален интерес во однос на Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/radev-vladata-na-petkov-da-ne-otstapuva-od-bugarskiot-nacionalen-interes-vo-odnos-na-makedonija/ Sat, 09 Apr 2022 12:20:40 +0000 https://republika.mk/?p=485814

Очекувам бугарската Владата строго да се придржува до Декларацијата на Националното собрание на Бугарија, консензусот постигнат на Консултативниот совет за национална безбедност и на волјата на Бугарите за решавање на отворените прашања со Скопје пред почетокот на преговорите за членство на Македонија во Европската унија, изјави денеска бугарскиот претседателот Румен Радев.

Ставот на Бугарија за евроинтеграцијата на Македонија се базира на резултати, а не на рокови и услови наметнати од странство. Секое отстапување на Владата од бугарскиот национален интерес ќе предизвика нова владина криза, нагласи Радев при промоцијата на иницијативата „Да засадиме дрво, да ја оживееме бугарската шума",

Според Радев, советниците на бугарскиот премиер Кирил Петков никогаш не треба да ги оквалификуваат „македонските Бугари како малцинство", бидејќи тоа може да го уништи целиот процес на европската интеграција на Македонија.

The post Радев:Владата на Петков да не отстапува од бугарскиот национален интерес во однос на Македонија appeared first on Република.

Радев: Нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во конфликтот во Украина https://republika.mk/vesti/balkan/radev-nema-da-dozvolam-bugarija-da-bide-vovlechena-vo-konfliktot-vo-ukraina/ Sat, 26 Mar 2022 19:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=479032

Нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во конфликтот во Украина, беше одговорот на бугарскиот претседател Румен Радев на новинарската констатација дека само Унгарија и Бугарија не дале оружје за Украина.

Како шеф на државата нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во овој конфликт. Бев избран за да ја бранам безбедноста на Бугарите и мирот во Бугарија. Цената на војната ја плаќаат граѓаните, а не телевизиските проповедници, рече Радев, пренесува БГНЕС.

Бугарскиот претседател ја коментираше и одлуката на ЕУ заеднички да купува гас од трети земји, вклучително и Русија.

Ова прашање беше покренато како предлог од Шпанија минатото лето, но војната дефинитивно ќе ја принуди ЕУ да дејствува многу посолидарно. И ако тоа се случи, тоа ќе биде успех и за бугарската влада, рече тој.

The post Радев: Нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во конфликтот во Украина appeared first on Република.

Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на коронавирус по средбата со Радев и Петков https://republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelot-na-bugarskoto-narodno-sobranie-nikola-minchev-e-pozitiven-na-koronavirus-po-sredbata-so-radev-i-petkov/ Mon, 10 Jan 2022 21:06:09 +0000 https://republika.mk/?p=442833

Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на коронавирус. Од парламентот појаснуваат дека тој се почувствувал лошо по состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот на државата, што траел речиси шест часа, јави Нова ТВ.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, откако се почуствувал лошо Минчев направил тест. Во следните денови тој ќе учествува на седниците на 47. Народно собрание на Бугарија од далечина, по електронски пат, со почитување на правилата усвоени од Собранието.

Бугарските медиуми јавија дека Минчев и другите учесници на Консултативниот совет за национална безбедност ќе бидат во карантин 10 дена, што, според нив, ја доведува во прашање посетата на премиерот Кирил Петков на 18 јануари на Скопје.

The post Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на коронавирус по средбата со Радев и Петков appeared first on Република.

]]>

Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на коронавирус. Од парламентот појаснуваат дека тој се почувствувал лошо по состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот на државата, што траел речиси шест часа, јави Нова ТВ. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, откако се почуствувал лошо Минчев направил тест. Во следните денови тој ќе учествува на седниците на 47. Народно собрание на Бугарија од далечина, по електронски пат, со почитување на правилата усвоени од Собранието. Бугарските медиуми јавија дека Минчев и другите учесници на Консултативниот совет за национална безбедност ќе бидат во карантин 10 дена, што, според нив, ја доведува во прашање посетата на премиерот Кирил Петков на 18 јануари на Скопје.

The post Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на коронавирус по средбата со Радев и Петков appeared first on Република.

]]>
Радев: Треба да се исполнат одредени критериуми од страна на Скопје за евентуалната деблокада https://republika.mk/vesti/balkan/radev-treba-da-se-ispolnat-odredeni-kriteriumi-od-strana-na-skopje-za-eventualnata-deblokada/ Mon, 10 Jan 2022 18:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=442792

Заврши заседанието на Консултативниот совет за национална сигурност на Бугарија.

Претседателот Румен Радев потврди дека македонските евроинтеграции се во застој, но додаде дека треба да се исполнат одредени критериуми од страна на Скопје за евентуалната деблокада.

Тој додава дека процесот не треба да се обврзува со рокови, туку со реализација на задачите предвидени во Договорот за добрососедство. Сепак, Радев рече дека во одредени сфери е можен напредок, кој би бил импулс за враќање на довербата и можно решение.

Бугарскиот претседател повтори дека во однос на Македонија Владата во Софија треба да ја запазува националната политика, за Албанија истакна дека треба да го започне преговарачкиот процес со Брисел.

The post Радев: Треба да се исполнат одредени критериуми од страна на Скопје за евентуалната деблокада appeared first on Република.

]]>

Заврши заседанието на Консултативниот совет за национална сигурност на Бугарија. Претседателот Румен Радев потврди дека македонските евроинтеграции се во застој, но додаде дека треба да се исполнат одредени критериуми од страна на Скопје за евентуалната деблокада. Тој додава дека процесот не треба да се обврзува со рокови, туку со реализација на задачите предвидени во Договорот за добрососедство. Сепак, Радев рече дека во одредени сфери е можен напредок, кој би бил импулс за враќање на довербата и можно решение. Бугарскиот претседател повтори дека во однос на Македонија Владата во Софија треба да ја запазува националната политика, за Албанија истакна дека треба да го започне преговарачкиот процес со Брисел.  

The post Радев: Треба да се исполнат одредени критериуми од страна на Скопје за евентуалната деблокада appeared first on Република.

]]>