работнички права Archives - Република https://republika.mk/tema/rabotnichki-prava/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Sep 2023 17:22:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работнички права Archives - Република https://republika.mk/tema/rabotnichki-prava/ 32 32 Работничките права најмногу се кршат во делот на неисплатени плати и додатоци https://republika.mk/vesti/ekonomija/rabotnichkite-prava-najmnogu-se-krshat-vo-delot-na-neisplateni-plati-i-dodatotsi/ Tue, 26 Sep 2023 17:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=685427

Најмногу прекршени работнички права се евидентирани во делот на неисплатени плати и додатоци на плати. Но, во последно време има раст и на претставките што се однесуваат на вознемирување на работното место. Во текот на изминатиот шестмесечен период, извршени биле околу 10.886 инспекциски надзори, од кои 1.555 се по претставки, иницијативи на работниците. Овие податоци беа споделени на денешната прес-конференција на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска.

Трендафилов информираше дека ССМ во изминатите 18 месеци спроведувал активност за дигитализација на синдикалните услуги, односно на обезбедувањето на бесплатна правна помош. Апликацијата „ССМ - Мои работнички права“, која е изработена со поддршка на Меѓународната организација на трудот, а потоа дополнително унапредена со поддршка на нивни колешки и колеги од Европската конфедерација на синдикатите, овозможила пред сѐ, да се доближат до младите луѓе.

- Во овие 18 месеци обучивме 300 наши синдикални активисти од 11 градови да работат активно и преку апликацијата да обезбедуваат бесплатна правна помош за работниците во Македонија. Дополнително, 90 обучувачи се обучени за начинот на функционирање на оваа апликација, посочи претседателот на ССМ.

Како што изјави Трендафилов, ССМ од 2021 година до денеска има обезбедено бесплатна правна помош и заштита за 23.283 работници, кои се обратиле преку апликацијата „ССМ - Мои работнички права“.

- Или во 2021 – 5.400 работници се обратиле преку апликацијата за обезбедување на нивните работнички права, во 2022 – 12.622 работници, но во 2022 значајно беше тоа што при генералниот штрајк во јавниот сектор, голем број работници прашуваа како ќе им се зголемуваат нивните плати за 2.806 денари, каква е процедурата за приклучување на генералниот штрајк и поради тоа тогаш е бројот поголем. Додека во 2023, за само шест месеци, 5.262 работника се обратиле до ССМ, појасни Трендафилов, нагласувајќи дека работници добиваат бесплатна правна помош и покрај тоа што не се членови на синдикатите.

Од 2021 до сега, најголем дел од прекршени работнички права, како што додаде Трендафилов, се во делот на неисплатени плати и додатоци на плати, особено „регресот за годишен одмор“.

Тој соопшти и за новината на апликацијата „ССМ - Мои работнички права“. Покрај пријавата за прекршено правило од работен однос, работниците ќе можат да се интересираат за настаните што ги организира ССМ или здружените синдикати.

- Во текот на денешниот ден ќе биде објавено за протестот на синдикатот на УПОЗ што ќе се организира во четврток со почеток од 11 часот, кажа Трендафилов.

Со меморандумот потпишан со Државниот инспекторат за труд, навистина се зајакнале „нашите позиции како синдикални претставници и нивните позиции како државни инспектори на трудот во процесот на унапредување и заштита на работничките права“.

Томовска информираше дека во текот на овој шестмесечен период, извршени се околу 10.886 инспекциски надзори, од коишто 1.555 се по претставки, иницијативи на работниците.

- Врз основа на нашите аналитички обработки на податоците, што доаѓаат од терен од страна на инспекторите, врз основа на месечните, шестмесечните и годишните извештаи, најголем број на прекршувања се во делот на неисплата на плати, додатоци од плата, во изготвување на анекси кон договорите за вработување, а во последно време и раст на претставките што се однесуваат на вознемирување на работното место. Во делот на безбедноста и здравјето при работа, можам да нагласам дека инспекторите се континуирано на терен, исто така со ССМ имаме мошне добра соработка во делот на споделувањето на информации каде и каде се прекршени работничките права на градежните објекти, каде не се преземени потребните мерки за заштита при работа од страна на работодавачите и во текот на овој шестмесечен период, се изречени седум кривични пријави од страна на инспекторите, во делот на непочитување на мерките што се однесуваат за безбедни работни места, откри Томовска.

Таа додаде и дека согласно годишните планови за вработување, во „континуитет планираме нови работни места коишто исклучиво се наменети само за инспекцискиот дел“.

The post Работничките права најмногу се кршат во делот на неисплатени плати и додатоци appeared first on Република.

]]>

Најмногу прекршени работнички права се евидентирани во делот на неисплатени плати и додатоци на плати. Но, во последно време има раст и на претставките што се однесуваат на вознемирување на работното место. Во текот на изминатиот шестмесечен период, извршени биле околу 10.886 инспекциски надзори, од кои 1.555 се по претставки, иницијативи на работниците. Овие податоци беа споделени на денешната прес-конференција на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска. Трендафилов информираше дека ССМ во изминатите 18 месеци спроведувал активност за дигитализација на синдикалните услуги, односно на обезбедувањето на бесплатна правна помош. Апликацијата „ССМ - Мои работнички права“, која е изработена со поддршка на Меѓународната организација на трудот, а потоа дополнително унапредена со поддршка на нивни колешки и колеги од Европската конфедерација на синдикатите, овозможила пред сѐ, да се доближат до младите луѓе. - Во овие 18 месеци обучивме 300 наши синдикални активисти од 11 градови да работат активно и преку апликацијата да обезбедуваат бесплатна правна помош за работниците во Македонија. Дополнително, 90 обучувачи се обучени за начинот на функционирање на оваа апликација, посочи претседателот на ССМ. Како што изјави Трендафилов, ССМ од 2021 година до денеска има обезбедено бесплатна правна помош и заштита за 23.283 работници, кои се обратиле преку апликацијата „ССМ - Мои работнички права“. - Или во 2021 – 5.400 работници се обратиле преку апликацијата за обезбедување на нивните работнички права, во 2022 – 12.622 работници, но во 2022 значајно беше тоа што при генералниот штрајк во јавниот сектор, голем број работници прашуваа како ќе им се зголемуваат нивните плати за 2.806 денари, каква е процедурата за приклучување на генералниот штрајк и поради тоа тогаш е бројот поголем. Додека во 2023, за само шест месеци, 5.262 работника се обратиле до ССМ, појасни Трендафилов, нагласувајќи дека работници добиваат бесплатна правна помош и покрај тоа што не се членови на синдикатите. Од 2021 до сега, најголем дел од прекршени работнички права, како што додаде Трендафилов, се во делот на неисплатени плати и додатоци на плати, особено „регресот за годишен одмор“. Тој соопшти и за новината на апликацијата „ССМ - Мои работнички права“. Покрај пријавата за прекршено правило од работен однос, работниците ќе можат да се интересираат за настаните што ги организира ССМ или здружените синдикати. - Во текот на денешниот ден ќе биде објавено за протестот на синдикатот на УПОЗ што ќе се организира во четврток со почеток од 11 часот, кажа Трендафилов. Со меморандумот потпишан со Државниот инспекторат за труд, навистина се зајакнале „нашите позиции како синдикални претставници и нивните позиции како државни инспектори на трудот во процесот на унапредување и заштита на работничките права“. Томовска информираше дека во текот на овој шестмесечен период, извршени се околу 10.886 инспекциски надзори, од коишто 1.555 се по претставки, иницијативи на работниците. - Врз основа на нашите аналитички обработки на податоците, што доаѓаат од терен од страна на инспекторите, врз основа на месечните, шестмесечните и годишните извештаи, најголем број на прекршувања се во делот на неисплата на плати, додатоци од плата, во изготвување на анекси кон договорите за вработување, а во последно време и раст на претставките што се однесуваат на вознемирување на работното место. Во делот на безбедноста и здравјето при работа, можам да нагласам дека инспекторите се континуирано на терен, исто така со ССМ имаме мошне добра соработка во делот на споделувањето на информации каде и каде се прекршени работничките права на градежните објекти, каде не се преземени потребните мерки за заштита при работа од страна на работодавачите и во текот на овој шестмесечен период, се изречени седум кривични пријави од страна на инспекторите, во делот на непочитување на мерките што се однесуваат за безбедни работни места, откри Томовска. Таа додаде и дека согласно годишните планови за вработување, во „континуитет планираме нови работни места коишто исклучиво се наменети само за инспекцискиот дел“.

The post Работничките права најмногу се кршат во делот на неисплатени плати и додатоци appeared first on Република.

]]>
Не смее да се дозволи 72 часа работно време, пратениците да не го гласаат законот сo кој се силуваат работничките права, реагира ССМ https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-smee-da-se-dozvoli-72-chasa-rabotno-vreme-pratenitsite-da-ne-go-glasaat-zakonot-so-koj-se-siluvaat-rabotnichkite-prava-reagira-ssm/ Wed, 17 May 2023 10:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=641708

Сојузот на синдикати на Македонија денеска пред почетокот на собраниската седница на чиј дневен ред се измените на Законот за работни односи ги повикаа пратениците да размислат како ќе гласаат.

– Повикуваме на разум, на почитување на човековите и работничките права, на почитување на цивилизациската придобивка, 8 часа работа, 8 часа рекреација, 8 часа одмор. Ги повикуваме пратениците да ни се приклучат на нас работниците, на нас синдикатите, на апелите на европските и светските синдикати, на апелите на Европската комисија и ЕУ амбасадорот во Македонија, на експертите, на граѓаните и да се спротистават на воведувањето на 72 часовна работна недела за огромен број на работниците и ги повикуваме на секој начин, со сите механизми да се борат против нечовечките и неевропски вредности што сака да ги наметне една група на пратеници и неколку министри, се вели во апелот од ССМ.

Од ССМ ги повикуваат и пратениците од помалите политички партии да покажат, како што велат, големина и дека и тие се важни и значајни во Парламентот и да се спротистават на предлогот на Законот за работните односи.

– Да не дозволиме сите заедно воведување на 12 часовен работен ден, 6 дена во неделата, а пратениците од сите политички партии ( големи и мали) да се охрабрат и да не прават кворум во Парламентот за гласање на Законот за работните односи со кој со злоупотреба на европско знаменце се силуваат работничките права, велат од ССМ.

Предлог-измените на Законот за работни односи се ставени како 14 точка на дневен ред на денешната пленарна седница. Измените го поминаа првиот собраниски филтер во Комисијата за европски прашања.

 

The post Не смее да се дозволи 72 часа работно време, пратениците да не го гласаат законот сo кој се силуваат работничките права, реагира ССМ appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија денеска пред почетокот на собраниската седница на чиј дневен ред се измените на Законот за работни односи ги повикаа пратениците да размислат како ќе гласаат. – Повикуваме на разум, на почитување на човековите и работничките права, на почитување на цивилизациската придобивка, 8 часа работа, 8 часа рекреација, 8 часа одмор. Ги повикуваме пратениците да ни се приклучат на нас работниците, на нас синдикатите, на апелите на европските и светските синдикати, на апелите на Европската комисија и ЕУ амбасадорот во Македонија, на експертите, на граѓаните и да се спротистават на воведувањето на 72 часовна работна недела за огромен број на работниците и ги повикуваме на секој начин, со сите механизми да се борат против нечовечките и неевропски вредности што сака да ги наметне една група на пратеници и неколку министри, се вели во апелот од ССМ. Од ССМ ги повикуваат и пратениците од помалите политички партии да покажат, како што велат, големина и дека и тие се важни и значајни во Парламентот и да се спротистават на предлогот на Законот за работните односи. – Да не дозволиме сите заедно воведување на 12 часовен работен ден, 6 дена во неделата, а пратениците од сите политички партии ( големи и мали) да се охрабрат и да не прават кворум во Парламентот за гласање на Законот за работните односи со кој со злоупотреба на европско знаменце се силуваат работничките права, велат од ССМ. Предлог-измените на Законот за работни односи се ставени како 14 точка на дневен ред на денешната пленарна седница. Измените го поминаа првиот собраниски филтер во Комисијата за европски прашања.  

The post Не смее да се дозволи 72 часа работно време, пратениците да не го гласаат законот сo кој се силуваат работничките права, реагира ССМ appeared first on Република.

]]>
ССМ: Укинувањето на колективниот договор во земјоделство е директно кршење на работничките права https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-ukinuvanjeto-na-kolektivniot-dogovor-vo-zemjodelstvo-e-direktno-krshenje-na-rabotnichkite-prava/ Fri, 18 Nov 2022 18:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=575585

Откако Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) реагираше за укинувањето на Колективниот договор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, реакција упати и Сојузот на синдикатите.

Според нив, ваквиот однос на Владата претставува директно кршење на работничките права и е спротивен на социјалдемократските начела.

Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со синдикатите здружени во ССМ Ви ја испраќаат оваа реакција поради тоа што синдикатите и членовите здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија сериозно се загрижени поради информацијата дека една социјалдемократска Влада, за прв пат во историјата, презема чекор за укинување на Колективниот договор за вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со што Владата директно посегнува и ги укинува основните човекови права како што се правото на достоинствена работа и достоинствена плата, се вели во соопштението на ССМ.

Од ССМ велат дека ова е преседан во социјалниот дијалог и колективното преговарање и е прв колективен договор кој го откажува работодавачот, односно Владата преку МЗШВ.

Владата, МЗШВ и МТСП грубо ги кршат одредбите од Конвенцијата бр 154 за колективно договарање,151 Конвенција за работни односи ( јавна служба ) и Конвенцијата 150 за администрацијата на трудот кои се ратификувани во нашата држава и на тој начин се дел од националното трудово законодавство, посочуваат од ССМ.

The post ССМ: Укинувањето на колективниот договор во земјоделство е директно кршење на работничките права appeared first on Република.

]]>

Откако Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) реагираше за укинувањето на Колективниот договор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, реакција упати и Сојузот на синдикатите. Според нив, ваквиот однос на Владата претставува директно кршење на работничките права и е спротивен на социјалдемократските начела.
Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со синдикатите здружени во ССМ Ви ја испраќаат оваа реакција поради тоа што синдикатите и членовите здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија сериозно се загрижени поради информацијата дека една социјалдемократска Влада, за прв пат во историјата, презема чекор за укинување на Колективниот договор за вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со што Владата директно посегнува и ги укинува основните човекови права како што се правото на достоинствена работа и достоинствена плата, се вели во соопштението на ССМ.
Од ССМ велат дека ова е преседан во социјалниот дијалог и колективното преговарање и е прв колективен договор кој го откажува работодавачот, односно Владата преку МЗШВ.
Владата, МЗШВ и МТСП грубо ги кршат одредбите од Конвенцијата бр 154 за колективно договарање,151 Конвенција за работни односи ( јавна служба ) и Конвенцијата 150 за администрацијата на трудот кои се ратификувани во нашата држава и на тој начин се дел од националното трудово законодавство, посочуваат од ССМ.

The post ССМ: Укинувањето на колективниот договор во земјоделство е директно кршење на работничките права appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Се грижиме за стандардот и достоинството на работнците https://republika.mk/vesti/ekonomija/sdsm-se-grizime-za-standardot-i-dostoinstvoto-na-rabotncite/ Sun, 28 Aug 2022 12:58:17 +0000 https://republika.mk/?p=544943

На сите рудари, по повод денот на рударите – 28 август ви упатувам честитка и изразувам голема почит и признание за вашата тешка и макотрпна работа со која давате голем придонес за развој на стопанството, на целата држава, изјави Елена Стојановска – Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

„ СДСМ како одговорна партија се грижи за рударите, кои работат во над 100 активни рудници во државата и создаваат над 10 отсто од вкупното индустриско производство. Долгогодишното барање на рударите имаат бенефициран стаж е исполнето.

Од 2018 година е намалена старосната граница за пензионирање и рударите заминуваат во пензија само со остварен пензиски стаж, односно можат да се пензионираат со наполнети 50 години. Според овој Закон досега се пензионирани 105 рудари.

Се грижиме за рударите, но и за сите работници. Двојно ја зголемивме минималната плата од 9 на 18.000 денари. Го реализиравме ветувањето недела да биде неработен ден.

Го вративме достоинството на работниците и продолжуваме со мерки и политики за унапредување на условите за работа и стандардот на вработените во секој сектор, се грижиме за работниците. Нека ви е честит празникот. Рудари среќно!“ порача Стојановска – Устамитова.

The post СДСМ: Се грижиме за стандардот и достоинството на работнците appeared first on Република.

]]>

На сите рудари, по повод денот на рударите – 28 август ви упатувам честитка и изразувам голема почит и признание за вашата тешка и макотрпна работа со која давате голем придонес за развој на стопанството, на целата држава, изјави Елена Стојановска – Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.
„ СДСМ како одговорна партија се грижи за рударите, кои работат во над 100 активни рудници во државата и создаваат над 10 отсто од вкупното индустриско производство. Долгогодишното барање на рударите имаат бенефициран стаж е исполнето. Од 2018 година е намалена старосната граница за пензионирање и рударите заминуваат во пензија само со остварен пензиски стаж, односно можат да се пензионираат со наполнети 50 години. Според овој Закон досега се пензионирани 105 рудари. Се грижиме за рударите, но и за сите работници. Двојно ја зголемивме минималната плата од 9 на 18.000 денари. Го реализиравме ветувањето недела да биде неработен ден. Го вративме достоинството на работниците и продолжуваме со мерки и политики за унапредување на условите за работа и стандардот на вработените во секој сектор, се грижиме за работниците. Нека ви е честит празникот. Рудари среќно!“ порача Стојановска – Устамитова.

The post СДСМ: Се грижиме за стандардот и достоинството на работнците appeared first on Република.

]]>
КСС бара усвojување амандманот за покачување на платите: Оној кој ќе гласа против ќе биде запаметен како кршач на работничките права https://republika.mk/vesti/ekonomija/kss-bara-da-se-usvoi-amandmanot-za-pokachuvanje-na-platite-onoj-koj-kje-glasa-protiv-kje-bide-zapameten-kako-krshach-na-rabotnichkite-prava/ Fri, 01 Jul 2022 12:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=522151

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија уште еднаш јавно се обраќа до сите пратеници и членови на Комисијата за финансирање и буџет на денешната седница да се охрабрат и да ги усвојат амандманите на синдикатите и оној за линеарно покачување на платите на вработените во јавниот сектор како и амандманот на КСС за парична помош на сите вработени во приватниот сектор, велат од КСС во свое соопштение.

Ги повикуваме да ја согледаат состојбата во која што се наоѓа работникот во моментот неможејќи да ги сервисира своите основни животни трошоци кои поради двоцифрената инфлација, драстично поскапените нафтени деривати и од денес големото поскапување на електричната енергија нивните плати се обезвреднија.

Иако премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања експлицитно одби да се прифтат амандманите на синдикатите, а од друга страна при носењето на минимална плата и нашето барање низ годините за усогласување на платите ветуваше дека пари ќе има за работниците, па затоа тргајќи од суштинската потреба на работникот што поспремно да ја пречека тешката зима што следи ги повикуваме сите пратеници во комисијата денес да размислат и одлучат со чиста совест и рационално да му помогнат на осиромашениот работник, се вели во соопштението и се додава: Во спротивно оној пратеник кој ќе гласа за отфрлање на овие амандмани КСС ќе го прогласи за непријател на работниците и ќе бидат запаметен во историјата како човек кој не се грижи и ги урнисува работничките права.

The post КСС бара усвojување амандманот за покачување на платите: Оној кој ќе гласа против ќе биде запаметен како кршач на работничките права appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија уште еднаш јавно се обраќа до сите пратеници и членови на Комисијата за финансирање и буџет на денешната седница да се охрабрат и да ги усвојат амандманите на синдикатите и оној за линеарно покачување на платите на вработените во јавниот сектор како и амандманот на КСС за парична помош на сите вработени во приватниот сектор, велат од КСС во свое соопштение. Ги повикуваме да ја согледаат состојбата во која што се наоѓа работникот во моментот неможејќи да ги сервисира своите основни животни трошоци кои поради двоцифрената инфлација, драстично поскапените нафтени деривати и од денес големото поскапување на електричната енергија нивните плати се обезвреднија. Иако премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања експлицитно одби да се прифтат амандманите на синдикатите, а од друга страна при носењето на минимална плата и нашето барање низ годините за усогласување на платите ветуваше дека пари ќе има за работниците, па затоа тргајќи од суштинската потреба на работникот што поспремно да ја пречека тешката зима што следи ги повикуваме сите пратеници во комисијата денес да размислат и одлучат со чиста совест и рационално да му помогнат на осиромашениот работник, се вели во соопштението и се додава: Во спротивно оној пратеник кој ќе гласа за отфрлање на овие амандмани КСС ќе го прогласи за непријател на работниците и ќе бидат запаметен во историјата како човек кој не се грижи и ги урнисува работничките права.

The post КСС бара усвojување амандманот за покачување на платите: Оној кој ќе гласа против ќе биде запаметен како кршач на работничките права appeared first on Република.

]]>