На сите рудари, по повод денот на рударите – 28 август ви упатувам честитка и изразувам голема почит и признание за вашата тешка и макотрпна работа со која давате голем придонес за развој на стопанството, на целата држава, изјави Елена Стојановска – Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

„ СДСМ како одговорна партија се грижи за рударите, кои работат во над 100 активни рудници во државата и создаваат над 10 отсто од вкупното индустриско производство. Долгогодишното барање на рударите имаат бенефициран стаж е исполнето.

Од 2018 година е намалена старосната граница за пензионирање и рударите заминуваат во пензија само со остварен пензиски стаж, односно можат да се пензионираат со наполнети 50 години. Според овој Закон досега се пензионирани 105 рудари.

Се грижиме за рударите, но и за сите работници. Двојно ја зголемивме минималната плата од 9 на 18.000 денари. Го реализиравме ветувањето недела да биде неработен ден.

Го вративме достоинството на работниците и продолжуваме со мерки и политики за унапредување на условите за работа и стандардот на вработените во секој сектор, се грижиме за работниците. Нека ви е честит празникот. Рудари среќно!“ порача Стојановска – Устамитова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.