работна сила Archives - Република https://republika.mk/tema/rabotna-sila/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jul 2023 07:42:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работна сила Archives - Република https://republika.mk/tema/rabotna-sila/ 32 32 Професор Стојановски: Младите сакаат европски плати, не им е привлечена ниту македонската просечна плата https://republika.mk/vesti/ekonomija/profesor-stojanovski-mladite-sakaat-evropski-plati-ne-im-e-privlechena-nitu-makedonskata-prosechna-plata/ Sun, 02 Jul 2023 07:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=657316

Македонските студенти не се толку врзани кон и за професијата, за којашто се стекнале во рамки на формалното образование, туку се многу поадаптибилни последните генерации и сакаат да работат за поголем приход, покажува истражувањето на универзитетскиот професор на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Страшко Стојановски.

Праксата покажува дека добар дел од оние кои завршуваат, сакаат да работат за странски компании и не им се привлечни ниту минималната, ниту просечната плата во земјава.

Дури и тие што се тука, добар дел би сакале да работат за странски компании. Не, компании што се странски инвестиции во Македонија, туку странски компании преку онлајн сервери, значи да работат далечински. Во ваквите компании имаат навистина прилично високи приходи. Младите повеќе не сакаат да го губат своето време. Помина времето кога можеа да работат за минимална плата, па дури и просечната плата не е веќе нивна цел, барем од она што јас можам да го согледам, вели Стојановски во видео интервјуто снимено во прес центарот на МИА во Штип.

Тој смета дека за задржување на младите во земјава, може да придонесе и децентрализацијата. и посочува дека во моментов, сите институции се во Скопје, токму поради ова младите не остануваат во своите села, градови и региони.

Ако сакаме европски пракси, ајде да видиме колку од министерствата во Германија се во Берлин, колку од министерствата се во Рим. Тоа не се прави случајно, туку со цел да имаме рамномерен економски развој на сите региони. Ако знаеме дека Струмица е земјоделски регион, зошто да ги обременуваме луѓето со административни проблеми да одат во Скопје. Тоа Министерство може да се лоцира на друго место, нагласува Стојановски.

Професорот забележува дека инфраструктурата е значително подобрена и затоа, како што вели, од аспект на комуникација може да се сервисираат ваквите дисперзии или да се тргне од децентрализација на општините.

Стојановски посочува дека не мора да значи дека децентрализацијата е клучот за решавање, меѓутоа дека сериозно треба да се размислува за овој процес.

Ние имаме сериозен одлив на квалитетно младо население, се уште внатрешно изразена миграција од помалите градови кон Скопје. Сите зборуваме за надворешната миграција и тоа е многу видливо. Немаме дилема тука. Кога зборуваме за надворешната миграција, таа се класифицира како бренд дека најумните отишле од државата, а што прават оние што останале тука, тие не спаѓаат во таа категорија, вели Стојановски.

Анализите покажуваат дека  први кои заминаа во странство не беа високообразовни, туку беа ниска и средно квалификувана работна рака.

Тоа и е најпотребно денес на Македонија. Децентрализацијата е есенцијално нужна. Значи ако сакаме да зборуваме за рамномерен развој или да ги привлечеме младите, тогаш регионите треба да може да реализираат одредени нивни идеи и политики, да имаат соодветна инфраструктура, да имаат соодветни институции. Зборуваме за тоа дали ќе имаме базен во Штип или нема да имаме, дали ќе имаме соодветна сала, училишни спортови.... За се тоа се потребни финансиски средства, а општините тоа очигледно не можат да си го дозволат, потенцира Стојановски.

Ова за него се агрументи зошто децентрализацијата е нужна, со цел, како што вели, барем делумно задржување на младите. И анализата од истражувањето реализирано во 2011/2012 година меѓу средношколците и студентите покажува дека децентрализацијата може да ги задржи младите во своите родни места.

Беа опфатени студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Уште тогаш имавме прашање што се однесуваше на нивните идни професии, но и на прашања поврзани со внатрешната и надворешната миграција. Околу 45 проценти од средношколците од овие региони, се гледаа во Скопје, над 40 проценти се гледаа надвор од државата, а околу 10 или под десет проценти се гледаа во локалното место, од каде што потекнуваат.  Кај студентите кои се веќе посозреани личности, а кои беа од Универзитетот „Гоце Делчев“, над 40 проценти се гледаа надвор од државата и тука немавме некакви поместувања. Во локалното место, од каде потекнуваа, се гледаа речиси половина од нив. И под 10 проценти се гледаа во Скопје. Што зборува ова? Имавме децентрализација на високо образование. Таа децентрализација предизвика студентите кои студираат таму, да ја гледаат својата иднина во локалните места од каде што потекнуваат, посочува Стојановски.

The post Професор Стојановски: Младите сакаат европски плати, не им е привлечена ниту македонската просечна плата appeared first on Република.

]]>

Македонските студенти не се толку врзани кон и за професијата, за којашто се стекнале во рамки на формалното образование, туку се многу поадаптибилни последните генерации и сакаат да работат за поголем приход, покажува истражувањето на универзитетскиот професор на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Страшко Стојановски. Праксата покажува дека добар дел од оние кои завршуваат, сакаат да работат за странски компании и не им се привлечни ниту минималната, ниту просечната плата во земјава.
Дури и тие што се тука, добар дел би сакале да работат за странски компании. Не, компании што се странски инвестиции во Македонија, туку странски компании преку онлајн сервери, значи да работат далечински. Во ваквите компании имаат навистина прилично високи приходи. Младите повеќе не сакаат да го губат своето време. Помина времето кога можеа да работат за минимална плата, па дури и просечната плата не е веќе нивна цел, барем од она што јас можам да го согледам, вели Стојановски во видео интервјуто снимено во прес центарот на МИА во Штип.
Тој смета дека за задржување на младите во земјава, може да придонесе и децентрализацијата. и посочува дека во моментов, сите институции се во Скопје, токму поради ова младите не остануваат во своите села, градови и региони.
Ако сакаме европски пракси, ајде да видиме колку од министерствата во Германија се во Берлин, колку од министерствата се во Рим. Тоа не се прави случајно, туку со цел да имаме рамномерен економски развој на сите региони. Ако знаеме дека Струмица е земјоделски регион, зошто да ги обременуваме луѓето со административни проблеми да одат во Скопје. Тоа Министерство може да се лоцира на друго место, нагласува Стојановски.
Професорот забележува дека инфраструктурата е значително подобрена и затоа, како што вели, од аспект на комуникација може да се сервисираат ваквите дисперзии или да се тргне од децентрализација на општините. Стојановски посочува дека не мора да значи дека децентрализацијата е клучот за решавање, меѓутоа дека сериозно треба да се размислува за овој процес.
Ние имаме сериозен одлив на квалитетно младо население, се уште внатрешно изразена миграција од помалите градови кон Скопје. Сите зборуваме за надворешната миграција и тоа е многу видливо. Немаме дилема тука. Кога зборуваме за надворешната миграција, таа се класифицира како бренд дека најумните отишле од државата, а што прават оние што останале тука, тие не спаѓаат во таа категорија, вели Стојановски.
Анализите покажуваат дека  први кои заминаа во странство не беа високообразовни, туку беа ниска и средно квалификувана работна рака.
Тоа и е најпотребно денес на Македонија. Децентрализацијата е есенцијално нужна. Значи ако сакаме да зборуваме за рамномерен развој или да ги привлечеме младите, тогаш регионите треба да може да реализираат одредени нивни идеи и политики, да имаат соодветна инфраструктура, да имаат соодветни институции. Зборуваме за тоа дали ќе имаме базен во Штип или нема да имаме, дали ќе имаме соодветна сала, училишни спортови.... За се тоа се потребни финансиски средства, а општините тоа очигледно не можат да си го дозволат, потенцира Стојановски.
Ова за него се агрументи зошто децентрализацијата е нужна, со цел, како што вели, барем делумно задржување на младите. И анализата од истражувањето реализирано во 2011/2012 година меѓу средношколците и студентите покажува дека децентрализацијата може да ги задржи младите во своите родни места.
Беа опфатени студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Уште тогаш имавме прашање што се однесуваше на нивните идни професии, но и на прашања поврзани со внатрешната и надворешната миграција. Околу 45 проценти од средношколците од овие региони, се гледаа во Скопје, над 40 проценти се гледаа надвор од државата, а околу 10 или под десет проценти се гледаа во локалното место, од каде што потекнуваат.  Кај студентите кои се веќе посозреани личности, а кои беа од Универзитетот „Гоце Делчев“, над 40 проценти се гледаа надвор од државата и тука немавме некакви поместувања. Во локалното место, од каде потекнуваа, се гледаа речиси половина од нив. И под 10 проценти се гледаа во Скопје. Што зборува ова? Имавме децентрализација на високо образование. Таа децентрализација предизвика студентите кои студираат таму, да ја гледаат својата иднина во локалните места од каде што потекнуваат, посочува Стојановски.

The post Професор Стојановски: Младите сакаат европски плати, не им е привлечена ниту македонската просечна плата appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Дигитализацијата донесе нова ера на пазарот на труд https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-digitalizatsijata-donese-nova-era-na-pazarot-na-trud/ Mon, 19 Jun 2023 12:13:30 +0000 https://republika.mk/?p=653106

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на годишната конференција на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) на која се дискутираше на темата „Предизвиците на компаниите во Република Македонија, при обезбедување на работна сила во ерата на глобализација и дигитализација".

Во неговото обраќање, вицепремиерот Битиќи рече дека предизвиците на нашите компании при обезбедување на работна сила во ерата на глобализација и дигитализација, претставува проблем кој веќе го имаме детектирано, и дека истиот е една горчлива реалност за целиот Западен Балкан, но и за Европската Унија.

Од недостиг на работна сила трпи и самата Европска Унија, бидејќи во анализата објавена неодамна од „Институтот на европските синдикати“, во периодот 2019-2022 година е забележан рекорден недостиг на работна сила во Европа, а како причина се наведени ниските плати и условите за работа. Само минатата година, четвртина од бизнисите во ЕУ пријавиле проблеми со производството како резултат на недостиг на работна сила“, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи се осврна и на покачувањето на платите како механизам за задржување на работната сила, но посочи дека колку и да ги подигнеме стандардот и платите, нема да можеме да се натпреваруваме со најразвиените земји од ЕУ кои секогаш ќе понудат повисоки плати од тие што ние можеме да ги понудиме како држава.

Бројките што ќе ви ги соопштам можеби изгледаат парадоксални и контрадикторни, но тука е генезата на проблемот на нашите компании во наоѓањето работници. Во Агенцијата за вработување во моментов има неколку илјади слободни работни места, додека во истата Агенција се регистрирани над 115.000 невработени, контрадикторни бројки на прв поглед, но реалноста е дека овие невработени лица не се обучени за професиите што ги бара пазарот на трудот“, рече Битиќи.

Во неговото обраќање, вицепремиерот Битиќи рече во неговите јавни настапи последниве неколку месеци во својство на вицепремиер, ја начна дебатата за либерализација на пазарот на труд преку зголемување на квотите за странски работници кои во моментов се ограничени на 5.000, но оваа мерка не може да биде долгорочно решение, бидејќи за Владата грижата за нашите граѓани е во прв ред.

Работната сила мора да се обезбеди на прво место од домашни ресурси, од нашите сограѓани кои се невработени, но за жал нивните вештини и знаењата не соодветствуваат со потребите на пазарот на трудот, па оттука, преку оперативниот план за вработување, Владата во различни форми цели кон нивна понатамошна квалификација и преквалификација, да ги оспособи за да ги задоволат потребите на пазарот на трудот“, рече Битиќи кој додаде дека преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, Владата ги стимулира компаниите да ги зголемат платите со тоа што на компаниите им нуди враќање на 20% од платите кои изнесуваат над 4.400 евра годишно по лице.

„Младите денес бараат работа и повисоки плати за да не ја напуштат земјата, додека нивната иднина е во четвртата индустријализација која нуди квалитетни работни места, а тоа се вештачката интелигенција преку учење роботика, дигитален маркетинг, сајбер безбедност, мехатроника, роботика, како идните професии кои ќе се бараат на пазарот на труд. Неопходна е соработка ова да се вметне во формалното и во неформалното образование бидејќи дигитализацијата донесе нова ера, појава на нови технологии и алатки кои бараат специфични вештини и знаења“, рече вицепремиерот Битиќи и порача дека во дигиталната ера, компаниите мора да го надминат јазот со инвестирање во обука и развој, за да бидат во чекор со најновите трендови и технологии за привлекување и одржување на квалитетниот работник.

The post Битиќи: Дигитализацијата донесе нова ера на пазарот на труд appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на годишната конференција на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) на која се дискутираше на темата „Предизвиците на компаниите во Република Македонија, при обезбедување на работна сила во ерата на глобализација и дигитализација". Во неговото обраќање, вицепремиерот Битиќи рече дека предизвиците на нашите компании при обезбедување на работна сила во ерата на глобализација и дигитализација, претставува проблем кој веќе го имаме детектирано, и дека истиот е една горчлива реалност за целиот Западен Балкан, но и за Европската Унија.
Од недостиг на работна сила трпи и самата Европска Унија, бидејќи во анализата објавена неодамна од „Институтот на европските синдикати“, во периодот 2019-2022 година е забележан рекорден недостиг на работна сила во Европа, а како причина се наведени ниските плати и условите за работа. Само минатата година, четвртина од бизнисите во ЕУ пријавиле проблеми со производството како резултат на недостиг на работна сила“, рече Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи се осврна и на покачувањето на платите како механизам за задржување на работната сила, но посочи дека колку и да ги подигнеме стандардот и платите, нема да можеме да се натпреваруваме со најразвиените земји од ЕУ кои секогаш ќе понудат повисоки плати од тие што ние можеме да ги понудиме како држава.
Бројките што ќе ви ги соопштам можеби изгледаат парадоксални и контрадикторни, но тука е генезата на проблемот на нашите компании во наоѓањето работници. Во Агенцијата за вработување во моментов има неколку илјади слободни работни места, додека во истата Агенција се регистрирани над 115.000 невработени, контрадикторни бројки на прв поглед, но реалноста е дека овие невработени лица не се обучени за професиите што ги бара пазарот на трудот“, рече Битиќи.
Во неговото обраќање, вицепремиерот Битиќи рече во неговите јавни настапи последниве неколку месеци во својство на вицепремиер, ја начна дебатата за либерализација на пазарот на труд преку зголемување на квотите за странски работници кои во моментов се ограничени на 5.000, но оваа мерка не може да биде долгорочно решение, бидејќи за Владата грижата за нашите граѓани е во прв ред. Работната сила мора да се обезбеди на прво место од домашни ресурси, од нашите сограѓани кои се невработени, но за жал нивните вештини и знаењата не соодветствуваат со потребите на пазарот на трудот, па оттука, преку оперативниот план за вработување, Владата во различни форми цели кон нивна понатамошна квалификација и преквалификација, да ги оспособи за да ги задоволат потребите на пазарот на трудот“, рече Битиќи кој додаде дека преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, Владата ги стимулира компаниите да ги зголемат платите со тоа што на компаниите им нуди враќање на 20% од платите кои изнесуваат над 4.400 евра годишно по лице.
„Младите денес бараат работа и повисоки плати за да не ја напуштат земјата, додека нивната иднина е во четвртата индустријализација која нуди квалитетни работни места, а тоа се вештачката интелигенција преку учење роботика, дигитален маркетинг, сајбер безбедност, мехатроника, роботика, како идните професии кои ќе се бараат на пазарот на труд. Неопходна е соработка ова да се вметне во формалното и во неформалното образование бидејќи дигитализацијата донесе нова ера, појава на нови технологии и алатки кои бараат специфични вештини и знаења“, рече вицепремиерот Битиќи и порача дека во дигиталната ера, компаниите мора да го надминат јазот со инвестирање во обука и развој, за да бидат во чекор со најновите трендови и технологии за привлекување и одржување на квалитетниот работник.

The post Битиќи: Дигитализацијата донесе нова ера на пазарот на труд appeared first on Република.

]]>
Германија бара работници ширум светот, најмногу фалат квалификувани негуватели https://republika.mk/vesti/svet/germanija-bara-rabotnitsi-shirum-svetot-najmnogu-falat-kvalifikuvani-neguvateli/ Sun, 21 May 2023 16:18:32 +0000 https://republika.mk/?p=643308

Германија е во потрагата по работна сила има намера да се насочи и кон земјите надвор од Европа, како Бразил, Мексико и Индонезија, изјави министерот за труд Хубертус Хеил за саботното издание на дневниот весник Neue Osnabruecker Zeitung.

„Ние, заедно со претставниците на стопанството, работиме на стратегија во земјите во кои на пазарот на трудот се наоѓаат многу повеќе млади и добро квалификувани работници отколку што тамошните пазари на трудот може да апсорбираат“, вели во интервјуто министерот Хеил од Социјалдемократската партија на Германија(SPD).

Министерот вели дека притоа ќе се стави внимание на тоа на тамошните домашни пазари на трудот да не им се одземаат потребните стручњаци. Хеил тврди дека станува збор за „вин-вин“ ситуацијата.

„Ние профитираме, но профитираат и земјите на потеклото. Ние ќе вложуваме во стручното оспособување на младите и на лице местото, а луѓето коишто ќе дојдат во Германија ќе профитираат од добро платеното работно место коешто им отвора моќноста да ги финансираат семејствата дома“, вели германскиот министер за труд.

Заедно со министерката за надворешни работи Аналена Бербок во јуни Хеил треба да отпатуваат во Бразил за да ја разгледаат можноста за доаѓање на поголем број негувателки и негуватели кои се многу потребни на германскиот пазар на трудот.

Откако слични договори минатите години беа склучени со некои централно и југоисточни европски земји, такви договори Германија би требало да склучи покрај со Бразил и со Мексико и со Индонезија, а Хеил со истата цел во февруари престојуваше во Гана.

Како што известува јавниот информативен сервис ARD, германската влада разговорите за привлекување работна сила води и со Колумбија, Тунис, Мароко, Египет, Индија, Филипини и Виетнам.

Голем недостиг од квалификувани негуватели

Покрај квалификуваната работна сила во областа на негата, од споменатите земји би требало да дојат и другите работници барани на германскиот пазар на трудот.

Како што објави Институтот за германското стопанство (IW), кон крајот на минатата 2022 година во агенциите за вработување во Германија имало пријавено повеќе од 630.000 работни места коишто било невозможно да се пополнат поради недостигот од одредена работна сила.

На сто отворени работни места во секторот туѓа нега доаѓаат само 33 соодветни квалификувани работници. Но истовремено, претседателот на Фондацијата за заштита на пациентот, Еуген Бриш, го критикува масовниот увоз на негувателки и негуватели и укажува на тоа дека потенцијалот за полесно пополнување на отворените работни места во секторот нега постои и сега во Германија, но дека е потребно да се подобрат условите за работа, за тој потенција да се искористи и работните места да бидат поатрактивни.

„Неколку стотини негувателки од Бразил нема да го реши овие проблем. Потребно е подобрувањето на условите во овој сектор“, вели Бриш и предупредува дека многу досегашни негуватели и негувателки се преквалификувале за помалку стресни и подобро платени занимања.

Се проценува дека приватниот сектор на туѓа нега веќе сега колабирал без многу работници од источна Европа кои се вработени во домаќинствата. Просечната годишна бруто плата во овој сектор изнесува 40.000 евра.

The post Германија бара работници ширум светот, најмногу фалат квалификувани негуватели appeared first on Република.

]]>

Германија е во потрагата по работна сила има намера да се насочи и кон земјите надвор од Европа, како Бразил, Мексико и Индонезија, изјави министерот за труд Хубертус Хеил за саботното издание на дневниот весник Neue Osnabruecker Zeitung. „Ние, заедно со претставниците на стопанството, работиме на стратегија во земјите во кои на пазарот на трудот се наоѓаат многу повеќе млади и добро квалификувани работници отколку што тамошните пазари на трудот може да апсорбираат“, вели во интервјуто министерот Хеил од Социјалдемократската партија на Германија(SPD). Министерот вели дека притоа ќе се стави внимание на тоа на тамошните домашни пазари на трудот да не им се одземаат потребните стручњаци. Хеил тврди дека станува збор за „вин-вин“ ситуацијата. „Ние профитираме, но профитираат и земјите на потеклото. Ние ќе вложуваме во стручното оспособување на младите и на лице местото, а луѓето коишто ќе дојдат во Германија ќе профитираат од добро платеното работно место коешто им отвора моќноста да ги финансираат семејствата дома“, вели германскиот министер за труд. Заедно со министерката за надворешни работи Аналена Бербок во јуни Хеил треба да отпатуваат во Бразил за да ја разгледаат можноста за доаѓање на поголем број негувателки и негуватели кои се многу потребни на германскиот пазар на трудот. Откако слични договори минатите години беа склучени со некои централно и југоисточни европски земји, такви договори Германија би требало да склучи покрај со Бразил и со Мексико и со Индонезија, а Хеил со истата цел во февруари престојуваше во Гана. Како што известува јавниот информативен сервис ARD, германската влада разговорите за привлекување работна сила води и со Колумбија, Тунис, Мароко, Египет, Индија, Филипини и Виетнам. Голем недостиг од квалификувани негуватели Покрај квалификуваната работна сила во областа на негата, од споменатите земји би требало да дојат и другите работници барани на германскиот пазар на трудот. Како што објави Институтот за германското стопанство (IW), кон крајот на минатата 2022 година во агенциите за вработување во Германија имало пријавено повеќе од 630.000 работни места коишто било невозможно да се пополнат поради недостигот од одредена работна сила. На сто отворени работни места во секторот туѓа нега доаѓаат само 33 соодветни квалификувани работници. Но истовремено, претседателот на Фондацијата за заштита на пациентот, Еуген Бриш, го критикува масовниот увоз на негувателки и негуватели и укажува на тоа дека потенцијалот за полесно пополнување на отворените работни места во секторот нега постои и сега во Германија, но дека е потребно да се подобрат условите за работа, за тој потенција да се искористи и работните места да бидат поатрактивни. „Неколку стотини негувателки од Бразил нема да го реши овие проблем. Потребно е подобрувањето на условите во овој сектор“, вели Бриш и предупредува дека многу досегашни негуватели и негувателки се преквалификувале за помалку стресни и подобро платени занимања. Се проценува дека приватниот сектор на туѓа нега веќе сега колабирал без многу работници од источна Европа кои се вработени во домаќинствата. Просечната годишна бруто плата во овој сектор изнесува 40.000 евра.

The post Германија бара работници ширум светот, најмногу фалат квалификувани негуватели appeared first on Република.

]]>
Ампева: Во пандемијата полесно им беше да ги отпуштаат работниците, тие заминаа во странство, па сега ќе увезуваме од Непал https://republika.mk/vesti/ekonomija/ampeva-vo-pandemijata-polesno-im-beshe-da-gi-otpushtaat-rabotnitsite-tie-zaminaa-vo-stranstvo-pa-sega-ke-uvezuvame-od-nepal/ Mon, 20 Mar 2023 18:51:59 +0000 https://republika.mk/?p=621730

Нашата земја нема инфраструктура за да увезе странски работници, а работодавците не размислуваа и не ги слушаа нашите совети кога ги бркаа работниците за време на корона кризата, кои се иселија во земјите во ЕУ, вели Кристина Ампева од Гласен Текстилец-Штип, откако претседателот на собранието на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров во интервју за МИА откри дека неколку aгенции im нудат странски работници на македонските компании.

За време на пандемијата полесно им беше да ги отпуштаат колективно работниците, ова важи апсолутно за сите. Значи не само во текстилната индустрија, и во останатите, но во текстилната особено кога беа отпуштани жени кои користеа мерки или беа дома. Сега нема работници и ќе увезуваме од Непал, вели Ампева.

Таа забележува дека изминатите години македонските  работници си заминаа поради условите за работа и висината на платите, а трендот на иселување на работоспособното население продолжува.

The post Ампева: Во пандемијата полесно им беше да ги отпуштаат работниците, тие заминаа во странство, па сега ќе увезуваме од Непал appeared first on Република.

Битиќи: На Македонија ѝ е потребна дополнителна работна сила за да има економски раст и развој https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-na-makedonija-i-e-potrebna-dopolnitelna-rabotna-sila-za-da-ima-ekonomski-rast-i-razvoj/ Sun, 29 Jan 2023 16:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=602328

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во интервју на регионалната телевизија Блумберг Адрија порача дека во Македонија е дојдено време да се отвори дискусија за потребата од дополнителна работна сила на пазарот на труд, бидејќи како што кажа увозот на работна сила е неминовно решение за недостигот на работна сила со која се соочува Македонија.

Тој воедно кажа дека додека се работи на доквалификација и реквалифијација на одредени групи невработени лица, со цел да се прилагодат на потребите на пазарот, ќе мора да се најде начин и за дополнување на одливот на работници.

На пазарот на труд има недостаток на работна сила и мора да одговориме на тој предизвик ако сакаме да имаме забрзан економски раст, вели Битиќи.

Прашан за тоа дали од 14 отсто невработени во земјава не може да се најдат квалификувани кадри за пазарот, кои би работеле во потребните сектори наместо да се увезуваат работници, Битиќи вели дека примарно работната сила ја бараат кај активните баратели на работа во земјава, но факт е дека се уште имаме недосток на работна сила во некои сектори и специфична квалификувана работна сила.

The post Битиќи: На Македонија ѝ е потребна дополнителна работна сила за да има економски раст и развој appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во интервју на регионалната телевизија Блумберг Адрија порача дека во Македонија е дојдено време да се отвори дискусија за потребата од дополнителна работна сила на пазарот на труд, бидејќи како што кажа увозот на работна сила е неминовно решение за недостигот на работна сила со која се соочува Македонија. Тој воедно кажа дека додека се работи на доквалификација и реквалифијација на одредени групи невработени лица, со цел да се прилагодат на потребите на пазарот, ќе мора да се најде начин и за дополнување на одливот на работници.
На пазарот на труд има недостаток на работна сила и мора да одговориме на тој предизвик ако сакаме да имаме забрзан економски раст, вели Битиќи.
Прашан за тоа дали од 14 отсто невработени во земјава не може да се најдат квалификувани кадри за пазарот, кои би работеле во потребните сектори наместо да се увезуваат работници, Битиќи вели дека примарно работната сила ја бараат кај активните баратели на работа во земјава, но факт е дека се уште имаме недосток на работна сила во некои сектори и специфична квалификувана работна сила.

The post Битиќи: На Македонија ѝ е потребна дополнителна работна сила за да има економски раст и развој appeared first on Република.

]]>
Во Германија има недостиг од работна сила, околу два милиони слободни работни места https://republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-ima-nedostig-od-rabotna-sila-okolu-dva-milioni-slobodni-rabotni-mesta/ Thu, 12 Jan 2023 12:50:43 +0000 https://republika.mk/?p=596207

Недостигот од работна сила се повеќе се чувствува во Германија, каде има два милиони непополнети работни места, соопштија денеска тамошните работодавачи, додавајќи дека земјата се соочува со стареење на населението.
Два милиони работни места се слободни во Германија, а тоа резултира со загуба од 100 милијарди евра, објави Трговско-индустриската комора која ја спроведе студијата.
Според резултатите од истражувањето на 22.000 германски компании, половина од нив тешко ги пополнуваат работните места.
Германија со години се соочува со недостиг на работна сила поврзана со стареењето на населението во клучните сектори како што се индустријата, здравството, хотелите и рестораните и градежништвото.

The post Во Германија има недостиг од работна сила, околу два милиони слободни работни места appeared first on Република.

]]>

Недостигот од работна сила се повеќе се чувствува во Германија, каде има два милиони непополнети работни места, соопштија денеска тамошните работодавачи, додавајќи дека земјата се соочува со стареење на населението. Два милиони работни места се слободни во Германија, а тоа резултира со загуба од 100 милијарди евра, објави Трговско-индустриската комора која ја спроведе студијата. Според резултатите од истражувањето на 22.000 германски компании, половина од нив тешко ги пополнуваат работните места. Германија со години се соочува со недостиг на работна сила поврзана со стареењето на населението во клучните сектори како што се индустријата, здравството, хотелите и рестораните и градежништвото.

The post Во Германија има недостиг од работна сила, околу два милиони слободни работни места appeared first on Република.

]]>
Шолц: Мигрантите и се потребни на европската економија https://republika.mk/vesti/svet/sholc-migrantite-i-se-potrebni-na-evropskata-ekonomija/ Wed, 05 Oct 2022 21:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=557739

Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“ потврди дека Германија има проблем со работната сила и изложи каква заедничка миграциска политика би сакал да види во Европа.

Европа е посакуваната дестинација за милиони луѓе во светот. Можеме да бидеме горди на ова, бидејќи покажува дека правиме многу работи како што треба и дека европските вредности се атрактивни. Едно е јасно: ни треба имиграција. Тоа сега го гледаме на сите места каде што недостигаат квалификувани работници: на пример, на аеродромите, во болниците и во работилниците - порача германскиот канцелар.

Тој појасни дека за да функционира сето тоа се потребни обврзувачки договори со земјите на потекло и транзит и на работниците да им се понудат повеќе легални начини за да стигнат до Европа.

Шолц додаде дека функционалната миграциска политика мора да вклучува ефективна заштита на надворешните граници што е во согласност со стандардите на владеењето на правото.

На Европа и треба систем за азил отпорен на кризи. Наша должност е да им понудиме безбеден дом на луѓето на кои им е потребна заштита - нагласи Шолц и најави реформа на заедничкиот европски систем за азил.

The post Шолц: Мигрантите и се потребни на европската економија appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“ потврди дека Германија има проблем со работната сила и изложи каква заедничка миграциска политика би сакал да види во Европа.
Европа е посакуваната дестинација за милиони луѓе во светот. Можеме да бидеме горди на ова, бидејќи покажува дека правиме многу работи како што треба и дека европските вредности се атрактивни. Едно е јасно: ни треба имиграција. Тоа сега го гледаме на сите места каде што недостигаат квалификувани работници: на пример, на аеродромите, во болниците и во работилниците - порача германскиот канцелар.
Тој појасни дека за да функционира сето тоа се потребни обврзувачки договори со земјите на потекло и транзит и на работниците да им се понудат повеќе легални начини за да стигнат до Европа. Шолц додаде дека функционалната миграциска политика мора да вклучува ефективна заштита на надворешните граници што е во согласност со стандардите на владеењето на правото. На Европа и треба систем за азил отпорен на кризи. Наша должност е да им понудиме безбеден дом на луѓето на кои им е потребна заштита - нагласи Шолц и најави реформа на заедничкиот европски систем за азил.

The post Шолц: Мигрантите и се потребни на европската економија appeared first on Република.

]]>
Странци доаѓаат да работат во Македонија, тука има работа, вели Бектеши https://republika.mk/vesti/ekonomija/stranci-doagjaat-da-rabotat-vo-makedonija-tuka-ima-rabota-veli-bekteshi/ Mon, 04 Jul 2022 19:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=523771

Странските државјани се заинтересирани да работат во Македонија. Ова го вели министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, иако сме на средина на 2022 година, искористени се 70 отсто од квотите на работници кои доаѓаат од странски земји кои сакаат да работат во Македонија. Бектеши рече дека работниците главно доаѓаат од Турција, но дека економските услови во земјава бараат да се либерализираат процедурите и за другите земји.

„Речиси над 70% се заинтересирани само за првиот дел од годината…ако е бројката 5000, 70 проценти имаат апликации од бројот 5000, од ​​работници од странски земји кои пазарот на РСМ го гледаат како можност, без разлика дали во градежништвото или во производство. Ова докажува дека во Македонија има работни места, но сигурно треба повеќе работа“, истакна Крешник Бектеши.

The post Странци доаѓаат да работат во Македонија, тука има работа, вели Бектеши appeared first on Република.

]]>

Странските државјани се заинтересирани да работат во Македонија. Ова го вели министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, иако сме на средина на 2022 година, искористени се 70 отсто од квотите на работници кои доаѓаат од странски земји кои сакаат да работат во Македонија. Бектеши рече дека работниците главно доаѓаат од Турција, но дека економските услови во земјава бараат да се либерализираат процедурите и за другите земји. „Речиси над 70% се заинтересирани само за првиот дел од годината…ако е бројката 5000, 70 проценти имаат апликации од бројот 5000, од ​​работници од странски земји кои пазарот на РСМ го гледаат како можност, без разлика дали во градежништвото или во производство. Ова докажува дека во Македонија има работни места, но сигурно треба повеќе работа“, истакна Крешник Бектеши.

The post Странци доаѓаат да работат во Македонија, тука има работа, вели Бектеши appeared first on Република.

]]>
Во Германија голем недостиг на работници од градежниот, образовниот и здравствениот сектор https://republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-golem-nedostig-na-rabotnici-od-gradezniot-obrazovniot-i-zdravstveniot-sektor/ Tue, 21 Jun 2022 10:43:23 +0000 https://republika.mk/?p=518014

Недостигот од квалификувани работници во Германија е зголемен, а посебен недостиг се чувствува во градежниот сектор, но и во образовниот и здравствениот сектор, објави денеска Институтот за германска економија (IW).

Минатата година во просек на 201.411 отворени работни места во занаетчискиот сектор на располагање беа 139.256 соодветни работни кои бараа работа, се вели во извештајот на Институтот за германска економија.

Ова го запре трендот на опаѓање на побарувачката за занаетчии, што беше забележливо за време на кризата со корона пандемијата.

Недостигот од работници е особено силен во градежниот сектор, а недостигаат и водоинсталатери и монтери на парно греење. Недостигот е забележлив и во образованието за овие занимања.

Јавниот сервис АРД известува дека постои загриженост дека недостигот од квалификувани работници може да го забави политички детерминираниот процес на преминување на обновливи извори на енергија. Многу компании не можат да ги исполнат нарачките на клиентите кои сакаат да инсталираат соларни ќелии или топлински пумпи поради недостиг на работници.

Владината Зелена партија проценува дека 440.000 работници би можеле да недостигаат во 2030 година во секторите клучни за транзицијата кон обновлива енергија.

Според извештајот на IW, недостигот на работна сила се чувствува не само во занаетчиството, туку и во образовниот и здравствениот сектор.

Синдикатот на вработените во образованието (ГЕВ) проценува дека може да има недостиг од 200.000 во предучилишниот сектор во следните пет години и до 250.000 во училишниот сектор.

The post Во Германија голем недостиг на работници од градежниот, образовниот и здравствениот сектор appeared first on Република.

]]>

Недостигот од квалификувани работници во Германија е зголемен, а посебен недостиг се чувствува во градежниот сектор, но и во образовниот и здравствениот сектор, објави денеска Институтот за германска економија (IW). Минатата година во просек на 201.411 отворени работни места во занаетчискиот сектор на располагање беа 139.256 соодветни работни кои бараа работа, се вели во извештајот на Институтот за германска економија. Ова го запре трендот на опаѓање на побарувачката за занаетчии, што беше забележливо за време на кризата со корона пандемијата. Недостигот од работници е особено силен во градежниот сектор, а недостигаат и водоинсталатери и монтери на парно греење. Недостигот е забележлив и во образованието за овие занимања. Јавниот сервис АРД известува дека постои загриженост дека недостигот од квалификувани работници може да го забави политички детерминираниот процес на преминување на обновливи извори на енергија. Многу компании не можат да ги исполнат нарачките на клиентите кои сакаат да инсталираат соларни ќелии или топлински пумпи поради недостиг на работници. Владината Зелена партија проценува дека 440.000 работници би можеле да недостигаат во 2030 година во секторите клучни за транзицијата кон обновлива енергија. Според извештајот на IW, недостигот на работна сила се чувствува не само во занаетчиството, туку и во образовниот и здравствениот сектор. Синдикатот на вработените во образованието (ГЕВ) проценува дека може да има недостиг од 200.000 во предучилишниот сектор во следните пет години и до 250.000 во училишниот сектор.

The post Во Германија голем недостиг на работници од градежниот, образовниот и здравствениот сектор appeared first on Република.

]]>
За над 80% од бизнисмените во Австрија недостигот на работна сила е најголема закана за фирмите https://republika.mk/vesti/svet/za-nad-80-od-biznismenite-vo-avstrija-nedostigot-na-rabotna-sila-e-najgolema-zakana-za-firmite/ Tue, 01 Feb 2022 13:49:17 +0000 https://republika.mk/?p=452505

Австриските претприемачи се борат со недостигот на работна сила, а 83 отсто од нив сметаат дека недостигот на квалификувана работна сила е најголемата закана за опстанокот на компаниите, се вели во студија објавена во Виена.

Проблемот со недостиг на работна сила се влоши за време на пандемијата - вели Ерих Ленер од компанијата „EY Österreich“, која спровела истражување на повеќе од 600 австриски компании.

Студијата заклучува дека сите австриски сојузни држави се погодени од недостиг на работна сила.

Недостигот на работна сила го попречува закрепнувањето од економскиот пад за време на пандемијата - се вели во студијата.

Анкетираните претприемачи за студијата се жалат на тешкотии кога станува збор за наоѓање квалификувани работници. Само два отсто од анкетираните изјавиле дека „нема проблеми“ во пополнувањето на слободните работни места за квалификувани работници. Дури 83 отсто рекле дека се соочуваат со „големи тешкотии“ во пронаоѓањето на квалификувана работна сила.

Најтешко се наоѓаат квалификувани работници во туризмот, логистиката, градежништвото и енергетскиот сектор.

Со оглед на демографските трендови, обезбедувањето квалификувана работна сила е еден од најголемите предизвици во наредните децении, како за политиката така и за економијата и науката - вели Ленер.

The post За над 80% од бизнисмените во Австрија недостигот на работна сила е најголема закана за фирмите appeared first on Република.

]]>

Австриските претприемачи се борат со недостигот на работна сила, а 83 отсто од нив сметаат дека недостигот на квалификувана работна сила е најголемата закана за опстанокот на компаниите, се вели во студија објавена во Виена.
Проблемот со недостиг на работна сила се влоши за време на пандемијата - вели Ерих Ленер од компанијата „EY Österreich“, која спровела истражување на повеќе од 600 австриски компании.
Студијата заклучува дека сите австриски сојузни држави се погодени од недостиг на работна сила.
Недостигот на работна сила го попречува закрепнувањето од економскиот пад за време на пандемијата - се вели во студијата.
Анкетираните претприемачи за студијата се жалат на тешкотии кога станува збор за наоѓање квалификувани работници. Само два отсто од анкетираните изјавиле дека „нема проблеми“ во пополнувањето на слободните работни места за квалификувани работници. Дури 83 отсто рекле дека се соочуваат со „големи тешкотии“ во пронаоѓањето на квалификувана работна сила. Најтешко се наоѓаат квалификувани работници во туризмот, логистиката, градежништвото и енергетскиот сектор.