пржино Archives - Република https://republika.mk/tema/przino/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 07:56:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пржино Archives - Република https://republika.mk/tema/przino/ 32 32 Без вода делови од Пржино и Серава https://republika.mk/zivot/servisi/bez-voda-delovi-od-przhino-i-serava/ Mon, 15 Jul 2024 07:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=796871

Поради дефект на приклучна цевка од ф 1 на улица „Славејко Арсов“ 42 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од високата зона на оваа улица и населбата Пржино.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:00 часот до завршување на работните активности.

Поради менување вентил во шахта на улица „Серава“ бр. 5 без вода ќе бидат корисниците оваа улица од 09:10 часот до завршување на работните активности.

The post Без вода делови од Пржино и Серава appeared first on Република.

]]>

Поради дефект на приклучна цевка од ф 1 на улица „Славејко Арсов“ 42 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од високата зона на оваа улица и населбата Пржино. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:00 часот до завршување на работните активности. Поради менување вентил во шахта на улица „Серава“ бр. 5 без вода ќе бидат корисниците оваа улица од 09:10 часот до завршување на работните активности.

The post Без вода делови од Пржино и Серава appeared first on Република.

]]>
Без вода дел од Пржино https://republika.mk/zivot/servisi/bez-voda-del-od-przhino/ Wed, 22 Nov 2023 08:51:00 +0000 https://republika.mk/?p=714994

Поради уличен дефект ф-80 мм, без вода од 09:20 часот се корисниците од улиците ул.„Жванска“ и „Наум Охридски“ во населба Пржино.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.

The post Без вода дел од Пржино appeared first on Република.

]]>

Поради уличен дефект ф-80 мм, без вода од 09:20 часот се корисниците од улиците ул.„Жванска“ и „Наум Охридски“ во населба Пржино. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.

The post Без вода дел од Пржино appeared first on Република.

]]>
„Славија” во скопската населба Пржино ќе биде современ спортски комплекс https://republika.mk/vesti/skopje/slavija-vo-skopskata-naselba-przhino-ke-bide-sovremen-sportski-kompleks/ Tue, 06 Jun 2023 12:28:45 +0000 https://republika.mk/?p=648460

Жителите на населбата Пржино ќе добијат модерен спортски центар на местото од поранешното спортско игралиште „Славија”.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на почетните градежни зафати на оваа локација со површина од 1350 квадратни метри, каде ќе се изведуваат тениско, фудбалско и кошаркарско игралиште, по најсовремени стандарди.

Просторот кој во моментов е запуштен и неугледен, ќе биде и ограден и осветлен, а ќе се постави и урбана опрема.

Денес започнуваме со изведба на проект кој ќе има огромно значење за жителите на населбата Пржино, посебно за оние кои се љубители на спортот и рекреацијата. На ова место кое е доста запуштено и сиромашно во поглед на спортски реквизити, ќе бидат изградени и ставени во функција тениско игралиште со лиена подлога, изработено согласно високи меѓународни стандарди, кошаркарско игралиште кои исто така, согласно сите стандарди ќе биде изработено со лиан подлога, како и ново фудбалско игралиште со вештачка трева. Секако, ќе поставиме и урбана опрема, просторот кој зафаќа површина од 1350 квадрати ќе биде ограден и осветлен, па се надеваме дека истиот ќе прерасне во вистинско модерно збиралиште за сите љубители на спортот и место каде ќе се бележат спортски успеси и ќе се раѓаат нови спортски таленти. Ова е втор ваков обемен проект кој Општина Кисела Вода го работи во овој релативно кус период и кој е во насока на враќање на стариот сјај на некогашните култни спортски локалитети. Пред само еден месец, ги завршивме градежните актвности во селото Драчево, во местото викано Оксиген кое порано било популарна спортска локација оставена да прерасне во депонија, а сега е модерен спортско-рекреативен центар со бројни содржини кој доби и ново име ”Tеодор Стојановски Тоше, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Изведбата на новиот современ спортско-рекретивен центар „Славија” во населбата Пржино треба да заврши за околу 2 месеци, во согласност со временските услови.

The post „Славија” во скопската населба Пржино ќе биде современ спортски комплекс appeared first on Република.

]]>

Жителите на населбата Пржино ќе добијат модерен спортски центар на местото од поранешното спортско игралиште „Славија”. Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на почетните градежни зафати на оваа локација со површина од 1350 квадратни метри, каде ќе се изведуваат тениско, фудбалско и кошаркарско игралиште, по најсовремени стандарди. Просторот кој во моментов е запуштен и неугледен, ќе биде и ограден и осветлен, а ќе се постави и урбана опрема.
Денес започнуваме со изведба на проект кој ќе има огромно значење за жителите на населбата Пржино, посебно за оние кои се љубители на спортот и рекреацијата. На ова место кое е доста запуштено и сиромашно во поглед на спортски реквизити, ќе бидат изградени и ставени во функција тениско игралиште со лиена подлога, изработено согласно високи меѓународни стандарди, кошаркарско игралиште кои исто така, согласно сите стандарди ќе биде изработено со лиан подлога, како и ново фудбалско игралиште со вештачка трева. Секако, ќе поставиме и урбана опрема, просторот кој зафаќа површина од 1350 квадрати ќе биде ограден и осветлен, па се надеваме дека истиот ќе прерасне во вистинско модерно збиралиште за сите љубители на спортот и место каде ќе се бележат спортски успеси и ќе се раѓаат нови спортски таленти. Ова е втор ваков обемен проект кој Општина Кисела Вода го работи во овој релативно кус период и кој е во насока на враќање на стариот сјај на некогашните култни спортски локалитети. Пред само еден месец, ги завршивме градежните актвности во селото Драчево, во местото викано Оксиген кое порано било популарна спортска локација оставена да прерасне во депонија, а сега е модерен спортско-рекреативен центар со бројни содржини кој доби и ново име ”Tеодор Стојановски Тоше, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Изведбата на новиот современ спортско-рекретивен центар „Славија” во населбата Пржино треба да заврши за околу 2 месеци, во согласност со временските услови.  

The post „Славија” во скопската населба Пржино ќе биде современ спортски комплекс appeared first on Република.

]]>
Пржино и Тафталиџе во понеделник без вода https://republika.mk/zivot/servisi/przino-i-taftalidze-vo-ponedelnik-bez-voda/ Fri, 23 Sep 2022 16:53:05 +0000 https://republika.mk/?p=553588

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека во понеделник (26.09.2022) поради изведување на водоводен приклучок на Ф-150мм на ул.Востаничка бр.88 во населба Пржино, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Востаничка. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со приклучокот.

Исто така, во понеделник поради дислокација на шахта на Дамаска 11, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и дел од Прашка.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

The post Пржино и Тафталиџе во понеделник без вода appeared first on Република.

]]>

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека во понеделник (26.09.2022) поради изведување на водоводен приклучок на Ф-150мм на ул.Востаничка бр.88 во населба Пржино, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Востаничка. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со приклучокот. Исто така, во понеделник поради дислокација на шахта на Дамаска 11, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и дел од Прашка. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

The post Пржино и Тафталиџе во понеделник без вода appeared first on Република.

]]>
Ѓорѓиевски ќе ги реконструира сите улици во Пржино https://republika.mk/vesti/skopje/gjorgjievski-kje-gi-rekonstruira-site-ulici-vo-przino/ Thu, 28 Apr 2022 16:15:00 +0000 https://republika.mk/?p=494909

Започнуваме со реконструкција на СИТЕ улици во Пржино!Денес потпишавме Договор со изведувачите ДПГТТУ „Филип Инженеринг“ и ДЗЗГ ,,Изолација”, со што следната недела започнува капиталниот проект за реконструкција на сите улици во населбата Пржино,oбјави градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски

Се работи за Договор во износ од околу 14 милиони денари кои општина Кисела Вода ги обезбеди од Светска Банка, преку проектот МСИП2 овозможен преку Министерството за финансии.

Овој проект за целосна реконструкција на сите улици им го ветив на жителите на Пржино.
Се работи за површина од преку 12 000 квадратни метри кои ќе бидат опфатени со градежни зафати за подобри и побезбедни услови за одвивање на сообраќајот.
Ова има уште поголемо значење ако се земе предвид дека во своето секојдневие, овие улици ги користи преку 30 проценти од населението од општина Кисела Вода.

Дополнително, ќе се подобри и естетиката на просторот, бидејќи се работи за улици на кои со децении не се вршени никакви градежни интервенции и се во многу лоша состојба.

Сакам да се заблагодарам на поддршката на Светска Банка која, преку проектот МСИП2 овозможен преку Министерството за финансии, одговори позитивно на нашите барања и овозможи да им обезбедиме на нашите жители достојни и пристојни услови какви што заслужуват.

Како што најавив, низ улиците на општина Кисела Вода започнува вистински градежен бум и за многу кусо време граѓаните ќе ги почувствуваат ефектот во подобрување на квалитетот на живеење.

Во наредните неколку месеци интензивно ќе се работи на рехабилитација на коловозот и тротоарите на улиците „Пандо Кљашев“, „Караџица“, „Кара Трифун“, „Малина Поп Иванова“, „Пеју Јаворов“, „Пржино“ со краци, „Стрмешево“, „Зеленгора“, „Кочанска“ и „Полог“.

Паралелно, градежни активности за подобрување на инфраструктурата ќе течат во сите останати месни и урбани заедници, што ќе обезбеди рамномерен регионален развој и поквалитетни услови за живот за сите жители на општина Кисела Вода

The post Ѓорѓиевски ќе ги реконструира сите улици во Пржино appeared first on Република.

]]>

Започнуваме со реконструкција на СИТЕ улици во Пржино!Денес потпишавме Договор со изведувачите ДПГТТУ „Филип Инженеринг“ и ДЗЗГ ,,Изолација”, со што следната недела започнува капиталниот проект за реконструкција на сите улици во населбата Пржино,oбјави градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски
Се работи за Договор во износ од околу 14 милиони денари кои општина Кисела Вода ги обезбеди од Светска Банка, преку проектот МСИП2 овозможен преку Министерството за финансии.
Овој проект за целосна реконструкција на сите улици им го ветив на жителите на Пржино. Се работи за површина од преку 12 000 квадратни метри кои ќе бидат опфатени со градежни зафати за подобри и побезбедни услови за одвивање на сообраќајот. Ова има уште поголемо значење ако се земе предвид дека во своето секојдневие, овие улици ги користи преку 30 проценти од населението од општина Кисела Вода. Дополнително, ќе се подобри и естетиката на просторот, бидејќи се работи за улици на кои со децении не се вршени никакви градежни интервенции и се во многу лоша состојба.
Сакам да се заблагодарам на поддршката на Светска Банка која, преку проектот МСИП2 овозможен преку Министерството за финансии, одговори позитивно на нашите барања и овозможи да им обезбедиме на нашите жители достојни и пристојни услови какви што заслужуват.
Како што најавив, низ улиците на општина Кисела Вода започнува вистински градежен бум и за многу кусо време граѓаните ќе ги почувствуваат ефектот во подобрување на квалитетот на живеење. Во наредните неколку месеци интензивно ќе се работи на рехабилитација на коловозот и тротоарите на улиците „Пандо Кљашев“, „Караџица“, „Кара Трифун“, „Малина Поп Иванова“, „Пеју Јаворов“, „Пржино“ со краци, „Стрмешево“, „Зеленгора“, „Кочанска“ и „Полог“. Паралелно, градежни активности за подобрување на инфраструктурата ќе течат во сите останати месни и урбани заедници, што ќе обезбеди рамномерен регионален развој и поквалитетни услови за живот за сите жители на општина Кисела Вода

The post Ѓорѓиевски ќе ги реконструира сите улици во Пржино appeared first on Република.

]]>
Пожарот во Пржино е локализиран, нема жртви, а можеби е подметнат https://republika.mk/vesti/skopje/pozarot-vo-przino-e-lokaliziran-nema-zrtvi-a-mozebi-e-podmetnat/ Fri, 01 Apr 2022 18:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=482081

Изјава на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој веднаш по добиената информација за опожарен објект во населбата Пржино, излезе на терен заедно со општинските служби, со цел да помогне во справување со пожарот.

-Во попладневните часови изби голем пожар во населба Пржино. По добиената информација дека гори објект, веднаш со службите излеговме на терен да им помогнеме на пожарникарите и од она што тука го дознавме е дека се работи за објект на старо училиште кое во моментов е во приватна сопственост.

Сакам да се заблагодарам на екипите на Противпожарната бригада и МВР кои и покрај отежнатите временски услови беа на висината на задачата и пожарот е локализиран и што е најважно нема човечки жртви, ниту повредени. Нема зафатени ниту други домаќинства наоколу.

Исто така сакам да изразам благодарност и на соседите кои излегоа во пресрет и ги ставија на располагање хидрантите од своите објекти. Ние како Општина, исто така на располагање го ставивме и хидрантот од градинката што е во непосредна близниа.

Апелирам до МВР сериозно и до крај да го истражи овој случај бидејќи како што добив информација овде, не станува збор за постоечка инсталација која била под напон, туку претпоставувам дека се работи за човечки фактор кој влијаел да дојде до сето ова, а доколку сето тоа се потврди – да одговара пред лицето на правдата-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски

The post Пожарот во Пржино е локализиран, нема жртви, а можеби е подметнат appeared first on Република.

]]>

Изјава на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој веднаш по добиената информација за опожарен објект во населбата Пржино, излезе на терен заедно со општинските служби, со цел да помогне во справување со пожарот.
-Во попладневните часови изби голем пожар во населба Пржино. По добиената информација дека гори објект, веднаш со службите излеговме на терен да им помогнеме на пожарникарите и од она што тука го дознавме е дека се работи за објект на старо училиште кое во моментов е во приватна сопственост.
Сакам да се заблагодарам на екипите на Противпожарната бригада и МВР кои и покрај отежнатите временски услови беа на висината на задачата и пожарот е локализиран и што е најважно нема човечки жртви, ниту повредени. Нема зафатени ниту други домаќинства наоколу. Исто така сакам да изразам благодарност и на соседите кои излегоа во пресрет и ги ставија на располагање хидрантите од своите објекти. Ние како Општина, исто така на располагање го ставивме и хидрантот од градинката што е во непосредна близниа.