прв случај Archives - Република https://republika.mk/tema/prv-sluchaj/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 07:14:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прв случај Archives - Република https://republika.mk/tema/prv-sluchaj/ 32 32 Во Шведска е забележан првиот случај на мајмунски сипаници во Европа https://republika.mk/vesti/svet/vo-shvedska-e-zabelezhan-prviot-sluchaj-na-majmunski-sipanitsi-vo-evropa/ Fri, 16 Aug 2024 07:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=807053

Светската здравствена организација (СЗО) во средата ги прогласи мајмунските сипаници за глобална здравствена криза по втор пат во три години, откако вирусот се прошири од Демократска Република Конго во соседните земји.

Сепак, пристигна вест за првиот случај на мајмунски сипаници надвор од Африка – Шведска потврди дека забележала еден случај.

За потсетување, СЗО алармираше во јули 2022 година, кога мајмуните се проширија во 116 земји во светот и заразија речиси 100.000 луѓе, пред се хомосексуалци и бисексуалци. Болеста тогаш однесе околу 200 животи.

Заканата овој пат е посмртоносна.

Од почетокот на оваа година, само Демократска Република Конго пријавила 15.600 случаи на инфекција и 537 смртни случаи. Најранливи се жените и децата помлади од 15 години, а досега 13 африкански земји имаат регистрирано случаи на зарази. За борба против епидемијата, СЗО издвои 1,5 милиони долари од својот фонд за вонредни ситуации и ги повикува донаторите на дополнителни инвестиции.

Откривањето и брзото ширење на мајмунски сипаници во источниот дел на Демократска Република Конго, неговото откритие во соседните земји кои претходно немаа случаи на мајмунски сипаници и можноста за понатамошно ширење во Африка и пошироко се загрижувачки, рече д-р. Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.

 

The post Во Шведска е забележан првиот случај на мајмунски сипаници во Европа appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) во средата ги прогласи мајмунските сипаници за глобална здравствена криза по втор пат во три години, откако вирусот се прошири од Демократска Република Конго во соседните земји. Сепак, пристигна вест за првиот случај на мајмунски сипаници надвор од Африка – Шведска потврди дека забележала еден случај. За потсетување, СЗО алармираше во јули 2022 година, кога мајмуните се проширија во 116 земји во светот и заразија речиси 100.000 луѓе, пред се хомосексуалци и бисексуалци. Болеста тогаш однесе околу 200 животи. Заканата овој пат е посмртоносна. Од почетокот на оваа година, само Демократска Република Конго пријавила 15.600 случаи на инфекција и 537 смртни случаи. Најранливи се жените и децата помлади од 15 години, а досега 13 африкански земји имаат регистрирано случаи на зарази. За борба против епидемијата, СЗО издвои 1,5 милиони долари од својот фонд за вонредни ситуации и ги повикува донаторите на дополнителни инвестиции.
Откривањето и брзото ширење на мајмунски сипаници во источниот дел на Демократска Република Конго, неговото откритие во соседните земји кои претходно немаа случаи на мајмунски сипаници и можноста за понатамошно ширење во Африка и пошироко се загрижувачки, рече д-р. Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.
 

The post Во Шведска е забележан првиот случај на мајмунски сипаници во Европа appeared first on Република.

]]>
Прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Македонија? https://republika.mk/vesti/makedonija/prv-somnitelen-sluchaj-na-majmunski-sipanici-vo-makedonija/ Tue, 09 Aug 2022 20:40:47 +0000 https://republika.mk/?p=538515

Според неофицијални информации на телевизија Алфа во Македонија има прв сомнителен случај на мајмунски сипаници.

Според изворите на телевизијата најавено е прием на пациент сомнителен на мајмунски сипаници во Инфективна клиника во Скопје. Пациентот е од Кичево, а го очекуваат да пристигне во секој момент на Инфективна клиника. Кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје. Алфа се обиде да стапи во контакт со директорката на Инфективната клиника, но засега не одговори на нашите повици и пораки , додека пак дежурниот доктор вечерва на клиниката ни кажа дека досега нема пријавено и регистриран таков пациент.

Но, сепак според неофицијални информации пациентот треба да пристигне на инфективната клиника во секој момент, по што ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.

 

The post Прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Македонија? appeared first on Република.

]]>

Според неофицијални информации на телевизија Алфа во Македонија има прв сомнителен случај на мајмунски сипаници. Според изворите на телевизијата најавено е прием на пациент сомнителен на мајмунски сипаници во Инфективна клиника во Скопје. Пациентот е од Кичево, а го очекуваат да пристигне во секој момент на Инфективна клиника. Кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје. Алфа се обиде да стапи во контакт со директорката на Инфективната клиника, но засега не одговори на нашите повици и пораки , додека пак дежурниот доктор вечерва на клиниката ни кажа дека досега нема пријавено и регистриран таков пациент. Но, сепак според неофицијални информации пациентот треба да пристигне на инфективната клиника во секој момент, по што ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.  

The post Прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Македонија? appeared first on Република.

]]>
Во Србија потврден првиот случај на мајмунски сипаници https://republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-potvrden-prviot-sluchaj-na-majmunski-sipanici/ Fri, 17 Jun 2022 16:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=516447

Во Србија е регистриран првиот потврден случај на мајмунски сипаници, соопшти денеска Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Се работи за заболено лице кое влегло во Србија од странство, јави дописникот на МИА од Белград.

Случајот, како што е наведено, бил дијагностициран и се третира терапевтски.

Лабораториска дијагностика е извршена во Заводот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград.

Институтот за јавно здравје спроведе епидемиолошка истрага за случајот и спроведени се сите мерки на евидентирање, тестирање, пријавување и контрола на натамошното ширење на инфекцијата согласно стручните методолошки упатства – соопштија од Батут.

Упатството што го наведува Батут, меѓу другото, подразбира дека еден пријавен случај подразбира постоење на епидемија на оваа болест во Србија, објавија медиумите претходно.

Како што објасни за весникот „Данас“ професорот по инфектологија Драган Делиќ, причина за тоа е што оваа болест претходно ја немало во Србија.

Запрашан дали мајмунските сипаници може да доведат до пандемија слична на Ковид-19, тој рече дека се работи за неспоредлива болест, и кога се работи за начинот на пренесување, и за смртноста и за достапноста на лекови.

Во стручните методолошки упатства на Батут е наведено и дека пациентот треба да биде изолиран и да остане во изолација се додека симптомите, вклучително и осипот, не се повлечат. Исто така, неопходно е контактите на пациентот да бидат под еден вид надзор. Доколку немаат симптоми на болеста, можат да продолжат со секојдневните активности. Во случај на симптоми, контактите се изолираат седум дена. Изолацијата се прекинува доколку не се појави осип.

За првиот потврден случај во Србија се известени меѓународните здравствени институции.

Од Батут упатија апел до граѓаните за зачувување на своето здравје да ги применуваат сите превентивни мерки и да ги почитуваат препораките на здравствените установи.

The post Во Србија потврден првиот случај на мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>

Во Србија е регистриран првиот потврден случај на мајмунски сипаници, соопшти денеска Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Се работи за заболено лице кое влегло во Србија од странство, јави дописникот на МИА од Белград. Случајот, како што е наведено, бил дијагностициран и се третира терапевтски. Лабораториска дијагностика е извршена во Заводот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград.
Институтот за јавно здравје спроведе епидемиолошка истрага за случајот и спроведени се сите мерки на евидентирање, тестирање, пријавување и контрола на натамошното ширење на инфекцијата согласно стручните методолошки упатства – соопштија од Батут.
Упатството што го наведува Батут, меѓу другото, подразбира дека еден пријавен случај подразбира постоење на епидемија на оваа болест во Србија, објавија медиумите претходно. Како што објасни за весникот „Данас“ професорот по инфектологија Драган Делиќ, причина за тоа е што оваа болест претходно ја немало во Србија. Запрашан дали мајмунските сипаници може да доведат до пандемија слична на Ковид-19, тој рече дека се работи за неспоредлива болест, и кога се работи за начинот на пренесување, и за смртноста и за достапноста на лекови. Во стручните методолошки упатства на Батут е наведено и дека пациентот треба да биде изолиран и да остане во изолација се додека симптомите, вклучително и осипот, не се повлечат. Исто така, неопходно е контактите на пациентот да бидат под еден вид надзор. Доколку немаат симптоми на болеста, можат да продолжат со секојдневните активности. Во случај на симптоми, контактите се изолираат седум дена. Изолацијата се прекинува доколку не се појави осип. За првиот потврден случај во Србија се известени меѓународните здравствени институции. Од Батут упатија апел до граѓаните за зачувување на своето здравје да ги применуваат сите превентивни мерки и да ги почитуваат препораките на здравствените установи.

The post Во Србија потврден првиот случај на мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>
Во Словенија потврден првиот случај на мајмунска сипаница https://republika.mk/vesti/balkan/vo-slovenija-potvrden-prviot-sluchaj-na-majmunska-sipanica/ Tue, 24 May 2022 07:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=506294

Во Словенија е потврден првиот случај на мајмунска сипаница, јавува N1 Словенија.

Според медиумите, станува збор за маж кој се вратил од Канарските Острови.

Пациентот не бил хоспитализиран на Инфективната клиника на Универзитетскиот медицински центар Љубљана и веројатно се работи за полесна форма на болеста.

 

The post Во Словенија потврден првиот случај на мајмунска сипаница appeared first on Република.

]]>

Во Словенија е потврден првиот случај на мајмунска сипаница, јавува N1 Словенија. Според медиумите, станува збор за маж кој се вратил од Канарските Острови. Пациентот не бил хоспитализиран на Инфективната клиника на Универзитетскиот медицински центар Љубљана и веројатно се работи за полесна форма на болеста.  

The post Во Словенија потврден првиот случај на мајмунска сипаница appeared first on Република.

]]>
Прв случај на коронавирус во Северна Кореја https://republika.mk/vesti/svet/prv-sluchaj-na-koronavirus-vo-severna-koreja/ Thu, 12 May 2022 09:01:48 +0000 https://republika.mk/?p=501356

Властите во Северна Кореја потврдија дека се појавило присуство на коронавирус за првпат од почетокот на пандемијата.

Пјонгјанг воведе карантин низ целата земја, со цел да се обиде да го контролира вирусот што циркулира на планетата веќе две години, објави АП.

Засега не е познато за колку случаи станува збор, а некои експерти сметаат дека Северна Кореја би можела да побара помош од странство.

Како одговор на избувнувањето, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди остри мерки.

The post Прв случај на коронавирус во Северна Кореја appeared first on Република.

]]>

Властите во Северна Кореја потврдија дека се појавило присуство на коронавирус за првпат од почетокот на пандемијата. Пјонгјанг воведе карантин низ целата земја, со цел да се обиде да го контролира вирусот што циркулира на планетата веќе две години, објави АП. Засега не е познато за колку случаи станува збор, а некои експерти сметаат дека Северна Кореја би можела да побара помош од странство. Како одговор на избувнувањето, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди остри мерки.

The post Прв случај на коронавирус во Северна Кореја appeared first on Република.

]]>
Потврден случај на мајмунска сипаница https://republika.mk/zivot/zdravje/potvrden-sluchaj-na-majmunska-sipanica/ Sat, 07 May 2022 18:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=499223

На едно лице во Англија му е дијагностициран вирусот на мајмунска сипаница, соопшти британската агенција за здравствена безбедност. Пациентот неодамна бил во Нигерија, каде што се верува дека се заразил пред да дојде во Велика Британија, соопшти здравствената агенција.

Тој сега се лекува на специјалистичка клиника за инфективни болести во Лондон.

Мајмунски сипаници е ретка вирусна инфекција од која повеќето луѓе се опоравуваат за неколку недели, пренесува Би-би-си.

Упатените велат дека мајмунските сипаници не се шират лесно меѓу луѓето и дека ризикот за пошироката јавност е многу мал. Првата регистрирана епидемија на вирусот во Велика Британија бил во 2018 година, а оттогаш здравствените власти потврдија неколку случаи.

Првичните симптоми на мајмунска сипаница вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите, болки во грбот, отечени лимфни јазли и исцрпеност, соопшти УКХСА.

Може да се развие осип, кој често започнува на лицето, а потоа се шири на други делови од телото. Осипот се менува и поминува низ различни фази пред конечно да се формира краста, која подоцна паѓа, велат здравствените работници.

Предупредуваат дека вирусот може да се шири кога некој е во близок контакт со заразено лице. Вирусот може да влезе во телото преку оштетената кожа, респираторниот тракт или преку очите, носот или устата.

Може да се пренесе и преку контакт со заразени животни како што се мајмуни, стаорци и верверички или преку предмети контаминирани со вируси како постелнина и облека.

The post Потврден случај на мајмунска сипаница appeared first on Република.

]]>

На едно лице во Англија му е дијагностициран вирусот на мајмунска сипаница, соопшти британската агенција за здравствена безбедност. Пациентот неодамна бил во Нигерија, каде што се верува дека се заразил пред да дојде во Велика Британија, соопшти здравствената агенција. Тој сега се лекува на специјалистичка клиника за инфективни болести во Лондон.
Мајмунски сипаници е ретка вирусна инфекција од која повеќето луѓе се опоравуваат за неколку недели, пренесува Би-би-си.
Упатените велат дека мајмунските сипаници не се шират лесно меѓу луѓето и дека ризикот за пошироката јавност е многу мал. Првата регистрирана епидемија на вирусот во Велика Британија бил во 2018 година, а оттогаш здравствените власти потврдија неколку случаи. Првичните симптоми на мајмунска сипаница вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите, болки во грбот, отечени лимфни јазли и исцрпеност, соопшти УКХСА. Може да се развие осип, кој често започнува на лицето, а потоа се шири на други делови од телото. Осипот се менува и поминува низ различни фази пред конечно да се формира краста, која подоцна паѓа, велат здравствените работници. Предупредуваат дека вирусот може да се шири кога некој е во близок контакт со заразено лице. Вирусот може да влезе во телото преку оштетената кожа, респираторниот тракт или преку очите, носот или устата. Може да се пренесе и преку контакт со заразени животни како што се мајмуни, стаорци и верверички или преку предмети контаминирани со вируси како постелнина и облека.

The post Потврден случај на мајмунска сипаница appeared first on Република.

]]>
Во Израел пријавен првиот случај на истовремена зараза со корона и грип https://republika.mk/vesti/svet/vo-izrael-prijaven-prviot-sluchaj-na-istovremena-zaraza-so-korona-i-grip/ Sat, 01 Jan 2022 18:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=439396

Првиот случај на „флурон“, односно истовремена инфекција на коронавирус и грип е забележан во Израел. Според „Њузвик“, првиот случај на „флурон“ е забележан кај жена во израелскиот град Петах Тикви.

Професорот Арнон Вижницер, директор на гинеколошкиот оддел во градската болница, изјави за израелските весници дека мајката била позитивна на коронавирус и грип веднаш штом била примена. За да бидат сигурни, тие го повториле тестот уште еднаш.

Вижницер додаде дека мајката не била вакцинирана противкоронавирус или грип, но немала особено силни симптоми. Таа се чувствува добро и се очекува да биде пуштена од болница во четврток.

Ова е прв документиран случај на коронавирус и грип во исто време, но здравствените експерти веруваат дека имало и други кои не се документирани.

Израелското Министерство за здравство го истражува случајот и се обидува да утврди дали може да предизвика посериозно заболување, објавија израелските медиуми.

The post Во Израел пријавен првиот случај на истовремена зараза со корона и грип appeared first on Република.

]]>

Првиот случај на „флурон“, односно истовремена инфекција на коронавирус и грип е забележан во Израел. Според „Њузвик“, првиот случај на „флурон“ е забележан кај жена во израелскиот град Петах Тикви. Професорот Арнон Вижницер, директор на гинеколошкиот оддел во градската болница, изјави за израелските весници дека мајката била позитивна на коронавирус и грип веднаш штом била примена. За да бидат сигурни, тие го повториле тестот уште еднаш. Вижницер додаде дека мајката не била вакцинирана противкоронавирус или грип, но немала особено силни симптоми. Таа се чувствува добро и се очекува да биде пуштена од болница во четврток. Ова е прв документиран случај на коронавирус и грип во исто време, но здравствените експерти веруваат дека имало и други кои не се документирани. Израелското Министерство за здравство го истражува случајот и се обидува да утврди дали може да предизвика посериозно заболување, објавија израелските медиуми.

The post Во Израел пријавен првиот случај на истовремена зараза со корона и грип appeared first on Република.

]]>