Властите во Северна Кореја потврдија дека се појавило присуство на коронавирус за првпат од почетокот на пандемијата.

Пјонгјанг воведе карантин низ целата земја, со цел да се обиде да го контролира вирусот што циркулира на планетата веќе две години, објави АП.

Засега не е познато за колку случаи станува збор, а некои експерти сметаат дека Северна Кореја би можела да побара помош од странство.

Како одговор на избувнувањето, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди остри мерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.