прознавање Archives - Република https://republika.mk/tema/proznavane/ За подобро да се разбереме Tue, 28 May 2024 18:34:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прознавање Archives - Република https://republika.mk/tema/proznavane/ 32 32 Шпанија: Палестина и Косово не се исто https://republika.mk/vesti/svet/shpanija-palestina-i-kosovo-ne-se-isto/ Tue, 28 May 2024 18:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=782572

Министерството за надворешни работи на Шпанија денеска соопшти дека Косово и Палестина се различни случаи и затоа Шпанија не го менува ставот по прашањето за непризнавање на независноста на Косово, иако претходно денеска ја призна државата Палестина, јави дописникот на МИА од Белград.

- Ситуацијата во Палестина е поинаква. Признавањето на државата Палестина не влијае на територијалниот интегритет на Израел, бидејќи таа територија никогаш не била правен дел од државата Израел, истакна Елена Алјарила Кортезон, советник за медиуми во шпанското Министерство за надворешни работи.

Таа нагласи дека одлуката на Шпанија да ја признае државата Палестина е донесена во согласност со меѓународното право, принципите на Повелбата на Обединети нации и резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Шпанија е една од петте земји на ЕУ, заедно со Грција, Кипар, Словачка и Романија, која не ја признава независност на Косово.

Претходно денеска Шпанија, Ирска и Норвешка ја призна државата Палестина, која ги опфаќа Појасот Газа и Западниот Брег, обединети под палестинската национална управа, со источен Ерусалим како главен град.

The post Шпанија: Палестина и Косово не се исто appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Шпанија денеска соопшти дека Косово и Палестина се различни случаи и затоа Шпанија не го менува ставот по прашањето за непризнавање на независноста на Косово, иако претходно денеска ја призна државата Палестина, јави дописникот на МИА од Белград. - Ситуацијата во Палестина е поинаква. Признавањето на државата Палестина не влијае на територијалниот интегритет на Израел, бидејќи таа територија никогаш не била правен дел од државата Израел, истакна Елена Алјарила Кортезон, советник за медиуми во шпанското Министерство за надворешни работи. Таа нагласи дека одлуката на Шпанија да ја признае државата Палестина е донесена во согласност со меѓународното право, принципите на Повелбата на Обединети нации и резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Шпанија е една од петте земји на ЕУ, заедно со Грција, Кипар, Словачка и Романија, која не ја признава независност на Косово. Претходно денеска Шпанија, Ирска и Норвешка ја призна државата Палестина, која ги опфаќа Појасот Газа и Западниот Брег, обединети под палестинската национална управа, со источен Ерусалим како главен град.

The post Шпанија: Палестина и Косово не се исто appeared first on Република.

]]>
Црна Гора би можела да го повлече признавањето на Косово, но дури по влезот во ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/tsrna-gora-bi-mozhela-da-go-povleche-priznavaneto-na-kosovo-no-duri-po-vlezot-vo-eu/ Thu, 11 May 2023 11:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=639702

Црна Гора наскоро би можела да го повлече признавањето на независноста на Косово, вели Жаклин Настиќ, пратеничката на левицата во германски Бундестаг, додавајќи дека не ја исклучува можноста тоа да се случи дури откако земјата ќе стане членка на ЕУ, пренесува РТ Балкан.

Во опширно интервју за подгоричката „Адриа ТВ“, Настиќ вели дека повлекувањето на признавањето на Косово ќе ѝ создаде на Црна Гора пречки на патот кон ЕУ.

„Морам да признаам дека не верувам оти Црна Гора ќе го повлече признавањето на Косово во блиска иднина. Како членка на НАТО и кандидат за влез во ЕУ со големи шанси да стане членка на унијата, повлекувањето на признавањето би ѝ создало пречки на патот. Ова неодамна го потврди новоизбраниот претседател Јаков Милатовиќ. Можно е повлекување на признавањето, но дури по влезот во ЕУ. Сепак, и многу членки на ЕУ сè уште не го признаваат Косово, вклучувајќи ги Шпанија, Грција, Романија, Кипар и Словачка,“ вели таа.

На прашањето дали во иднина и Германија би можела да го промени ставот по прашањето за независноста на Косово и да го повлече признавањето, Настиќ не верува дека такво ешто би се случило во блиска иднина.

„Не мислам дека германската влада наскоро ќе го промени ставот за Косово. Сегашната влада на Бербокова, ја следи традицијата на претходните влади на  Герхард Шредер и Јошка Фишер, кој го поддржа нелегалното бомбардирање на Југославија од НАТО,“ вели Настиќ.

Таа посочува дека, до денес, германските политичарите од „зелените“ без никакви докази тврдат дека Србија извршила геноцид на Косово.

„За нив е многу срамно што јас, како што ми рекоа, сум првиот германски политичар што учествувал на комеморацијата на годишнината од бомбардирањето на НАТО во Сомбор минатата година. Ова покажува колку е малку веројатно актуелната влада да го смени ставот“, вели Настиќ.

The post Црна Гора би можела да го повлече признавањето на Косово, но дури по влезот во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Црна Гора наскоро би можела да го повлече признавањето на независноста на Косово, вели Жаклин Настиќ, пратеничката на левицата во германски Бундестаг, додавајќи дека не ја исклучува можноста тоа да се случи дури откако земјата ќе стане членка на ЕУ, пренесува РТ Балкан. Во опширно интервју за подгоричката „Адриа ТВ“, Настиќ вели дека повлекувањето на признавањето на Косово ќе ѝ создаде на Црна Гора пречки на патот кон ЕУ. „Морам да признаам дека не верувам оти Црна Гора ќе го повлече признавањето на Косово во блиска иднина. Како членка на НАТО и кандидат за влез во ЕУ со големи шанси да стане членка на унијата, повлекувањето на признавањето би ѝ создало пречки на патот. Ова неодамна го потврди новоизбраниот претседател Јаков Милатовиќ. Можно е повлекување на признавањето, но дури по влезот во ЕУ. Сепак, и многу членки на ЕУ сè уште не го признаваат Косово, вклучувајќи ги Шпанија, Грција, Романија, Кипар и Словачка,“ вели таа. На прашањето дали во иднина и Германија би можела да го промени ставот по прашањето за независноста на Косово и да го повлече признавањето, Настиќ не верува дека такво ешто би се случило во блиска иднина. „Не мислам дека германската влада наскоро ќе го промени ставот за Косово. Сегашната влада на Бербокова, ја следи традицијата на претходните влади на  Герхард Шредер и Јошка Фишер, кој го поддржа нелегалното бомбардирање на Југославија од НАТО,“ вели Настиќ. Таа посочува дека, до денес, германските политичарите од „зелените“ без никакви докази тврдат дека Србија извршила геноцид на Косово. „За нив е многу срамно што јас, како што ми рекоа, сум првиот германски политичар што учествувал на комеморацијата на годишнината од бомбардирањето на НАТО во Сомбор минатата година. Ова покажува колку е малку веројатно актуелната влада да го смени ставот“, вели Настиќ.

The post Црна Гора би можела да го повлече признавањето на Косово, но дури по влезот во ЕУ appeared first on Република.

]]>