Протокол со Бугарија Archives - Република https://republika.mk/tema/protokol-so-bugarija/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Oct 2022 07:50:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Протокол со Бугарија Archives - Република https://republika.mk/tema/protokol-so-bugarija/ 32 32 Никој не знае каде е протоколот што го потпиша Димитров со Захариева https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoj-ne-znae-kade-e-protokolot-shto-go-potpisha-dimitrov-so-zaharieva/ Tue, 13 Sep 2022 16:04:10 +0000 https://republika.mk/?p=550464

Министерството за надворешни работи молчи и не дава одговор како е можно да исчезне од архивите првиот протокол потпишан со Бугарија. Нема информации кој ќе биде одговорен за тоа што фали толку важен државен документ на кој потписник е поранешниот министер Никола Димитров.

Дека оригиналниот меѓународен документ е изгубен од архивите призна МНР пред извесно време сакајќи да избегне одговор дали Македонија го признава 24 мај како Ден на Сесловенските просветители или – ден на Бугарската азбука, како што впрочем пишува во првиот протокол.

Екс министерот Никола Димитров, кој беше обвинет од неговиот наследник Османи, дека наводно тој го понел со себе откако го напушти Министерството за надворешни работи, вели дека приказната за наводно исчезнатиот протокол бил очаен обид за дефокус од новиот протокол чие исполнување стана услов и е дел од пристапниот процес.

Приказната за наводно исчезнатиот протокол од 2019 е очигледно очаен обид за дефокус од новиот протокол чие исполнување, за разлика од првиот, стана услов и е дел од пристапниот процес со ЕУ.Во мое време, архивата на Министерството и на кабинетот беше педантно водена. Ако навистина им се губат документи, веројатно треба да престанат со партизација на институцијата. Инаку, првиот протокол беше на одобрување и во владина процедура. Можат да го побараат и од владините служби – коментира за Алфа, поранешниот министер Никола Димитров.

Единствениот одговор кој јавноста го доби од Министерството за надворешни работи на оваа тема беше токму информацијата дека протоколот не можеле да го најдат во архивата, и поради тоа не можат да одговорат дали Македонија го признала 24 мај како ден на Ден на бугарското образование, култура и словенското писмо.

„Вашите забелешки се однесуваат на Протоколот од првиот состанок на меѓувладината комисија, потпишан на 10 јуни 2019 година кој, како што веќе сме информирале, не можевме да го најдеме во архивата на МНР и оттука не можеме да дадеме објаснување. Во вториот протокол таква формулација нема“ – претходно информираа до МНР.

Војната помеѓу поранешниот и актуелниот министер за надворешни работи почна уште летово, кога Османи се најде на удар на јавноста по потпишувањето на новиот протокол со Бугарија, а меѓу критичарите беше и неговиот претходник Димитров. Сакајќи да и покаже на јавноста дека Никола Димитров правел штетни договори, Османи дури во една прилика, објави и фотокопија на документот кој го потпиша Димитров, алудирајќи на делот за договореното на историската комисија по однос на Цар Самоил и преименувањето на Илинденското Востание.

The post Никој не знае каде е протоколот што го потпиша Димитров со Захариева appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи молчи и не дава одговор како е можно да исчезне од архивите првиот протокол потпишан со Бугарија. Нема информации кој ќе биде одговорен за тоа што фали толку важен државен документ на кој потписник е поранешниот министер Никола Димитров. Дека оригиналниот меѓународен документ е изгубен од архивите призна МНР пред извесно време сакајќи да избегне одговор дали Македонија го признава 24 мај како Ден на Сесловенските просветители или – ден на Бугарската азбука, како што впрочем пишува во првиот протокол. Екс министерот Никола Димитров, кој беше обвинет од неговиот наследник Османи, дека наводно тој го понел со себе откако го напушти Министерството за надворешни работи, вели дека приказната за наводно исчезнатиот протокол бил очаен обид за дефокус од новиот протокол чие исполнување стана услов и е дел од пристапниот процес.
Приказната за наводно исчезнатиот протокол од 2019 е очигледно очаен обид за дефокус од новиот протокол чие исполнување, за разлика од првиот, стана услов и е дел од пристапниот процес со ЕУ.Во мое време, архивата на Министерството и на кабинетот беше педантно водена. Ако навистина им се губат документи, веројатно треба да престанат со партизација на институцијата. Инаку, првиот протокол беше на одобрување и во владина процедура. Можат да го побараат и од владините служби – коментира за Алфа, поранешниот министер Никола Димитров.
Единствениот одговор кој јавноста го доби од Министерството за надворешни работи на оваа тема беше токму информацијата дека протоколот не можеле да го најдат во архивата, и поради тоа не можат да одговорат дали Македонија го признала 24 мај како ден на Ден на бугарското образование, култура и словенското писмо.
„Вашите забелешки се однесуваат на Протоколот од првиот состанок на меѓувладината комисија, потпишан на 10 јуни 2019 година кој, како што веќе сме информирале, не можевме да го најдеме во архивата на МНР и оттука не можеме да дадеме објаснување. Во вториот протокол таква формулација нема“ – претходно информираа до МНР.
Војната помеѓу поранешниот и актуелниот министер за надворешни работи почна уште летово, кога Османи се најде на удар на јавноста по потпишувањето на новиот протокол со Бугарија, а меѓу критичарите беше и неговиот претходник Димитров. Сакајќи да и покаже на јавноста дека Никола Димитров правел штетни договори, Османи дури во една прилика, објави и фотокопија на документот кој го потпиша Димитров, алудирајќи на делот за договореното на историската комисија по однос на Цар Самоил и преименувањето на Илинденското Востание.

The post Никој не знае каде е протоколот што го потпиша Димитров со Захариева appeared first on Република.

]]>
Веќе биле „дадени“: Власта три години глумела дека преговара за Кирил и Методиј и Цар Самоил https://republika.mk/vesti/makedonija/vekje-bile-dadeni-vlasta-tri-godini-glumela-deka-pregovara-za-kiril-i-metodij-i-car-samoil/ Tue, 06 Sep 2022 06:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=547794

Oткако вчера беше откриен протоколот на меѓувладината комисија одржан на 10 јуни 2019 година, во делот за политичкиот дел за спроведување на Договорот за добрососедство на кој јасно се гледа дека уште тогаш било договорено дека 24 мај е „Ден на бугарското образование и словенското писмо“ се чини дека истата игра е применета и за Цар Самоил.

Најголем доказ за тоа се текстовите на Наум Кајчев од една и Огнен Вангелов и Љупчо Ристески од друга страна. Првиот е дел од бугарската а другите двајца од македонската комисија.

Ако била согласност уште пред три години за Цар Самоил тогаш на што се должи нивната меѓусебна дебата од јуни и јули 2021 година.

Прво се јави Кајчев со текст насловен како „За обединувањето околу нашата заедничка историја-Цар Самоил erga omnes“. На ова реплицираа Вангелов и Ристевски , исто така со текст насловен како „Обединување околу „историските вистини“ или околу различности“? за веднаш потоа да се јави повторно Кајчев со текст со идентичен наслов како првиот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ushte-vo-2019-godina-prifatila-deka-24-maj-e-den-na-bugarskoto-obrazovanie-kultura-i-slovensko-pismo/

Од самите наслови произлегуваат и недоразбирањата што ги имале членовите на двете комисии и се потврда дека решението за Цар Самоил не било донесено во 2019 година. Инаку зошто би се водела полемика две години подоцна!?

Конечното решение пак говори дека нашите од комисијата целосно се согласиле со бугарскиот наратив за сите пет историски личности.

The post Веќе биле „дадени“: Власта три години глумела дека преговара за Кирил и Методиј и Цар Самоил appeared first on Република.

]]>

Oткако вчера беше откриен протоколот на меѓувладината комисија одржан на 10 јуни 2019 година, во делот за политичкиот дел за спроведување на Договорот за добрососедство на кој јасно се гледа дека уште тогаш било договорено дека 24 мај е „Ден на бугарското образование и словенското писмо“ се чини дека истата игра е применета и за Цар Самоил. Најголем доказ за тоа се текстовите на Наум Кајчев од една и Огнен Вангелов и Љупчо Ристески од друга страна. Првиот е дел од бугарската а другите двајца од македонската комисија. Ако била согласност уште пред три години за Цар Самоил тогаш на што се должи нивната меѓусебна дебата од јуни и јули 2021 година. Прво се јави Кајчев со текст насловен како „За обединувањето околу нашата заедничка историја-Цар Самоил erga omnes“. На ова реплицираа Вангелов и Ристевски , исто така со текст насловен како „Обединување околу „историските вистини“ или околу различности“? за веднаш потоа да се јави повторно Кајчев со текст со идентичен наслов како првиот. https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ushte-vo-2019-godina-prifatila-deka-24-maj-e-den-na-bugarskoto-obrazovanie-kultura-i-slovensko-pismo/ Од самите наслови произлегуваат и недоразбирањата што ги имале членовите на двете комисии и се потврда дека решението за Цар Самоил не било донесено во 2019 година. Инаку зошто би се водела полемика две години подоцна!? Конечното решение пак говори дека нашите од комисијата целосно се согласиле со бугарскиот наратив за сите пет историски личности.

The post Веќе биле „дадени“: Власта три години глумела дека преговара за Кирил и Методиј и Цар Самоил appeared first on Република.

]]>
Власта уште во 2019 година прифатила дека 24 Мај е Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ushte-vo-2019-godina-prifatila-deka-24-maj-e-den-na-bugarskoto-obrazovanie-kultura-i-slovensko-pismo/ Mon, 05 Sep 2022 13:24:50 +0000 https://republika.mk/?p=547647

Заедничкото Македонско-бугарско чествување на светите браќа Кирил и Методиј во Рим се претвара во гротеска. Ова не само затоа што чинот де се одржува де не се одржува туку пред се заради содржината на образложението и значењето на светите браќа за двете земји и двата народа.

Во првиот протокол на меѓувладината комисија одржан на 10 јуни 2019 година, во делот за политичкиот дел за спроведување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, што беше потпишан на 1 август 2017 од тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов, е наведена и заедничкото чествување на претседателите на двата паралементи Талат Џафери и Цвета Карајанчева. Делува фрапантно како содржината на ова заедничко чествување го поминал филтерот и на владината комисија и на историската комисија па и на Парламентот кој го прифати францускиот предлог.

Во протоколот буквално стои: 23-25 мај 2019 година средба на претседателот на Народното собрание на Бугарија Цвета Карајанчева со претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери во Ваткикан по повод 24 мај Ден на бугарското образование, култура и словенското писмо.

Оваа информација стои на следниот линк на сајтот на Минитерството за надворешни работи.

Домашната јавност досега не беше запознаена со овој детал кој, очигледно одиграл и решавачка улога во ставот на македонскиот дел од комисијата за историја и за учебниците.

Друг многу важен момент е несовпаѓањето на датумите околу постигнатата согласност на комисијата за заедничко чествување на Кирил и Методиј, на светите Климент и Наум и на Цар Самоил. Наспроти тврдењата на власта дека за овие пет личности е постигната согласност уште пред три години,сепак фактите говорат нешт друго.

Иста игра и за Цар Самоил

А најголем доказ за тоа се текстовите на Наум Кајчев од една и Огнен Вангелов и Љупчо Ристески од друга страна. Првиот е дел од бугарската а другите двајца од македонската комисија.

Ако била согласност уште пред три години за Цар Самоил тогаш на што се должи нивната меѓусебна дебата од јуни и јули 2021 година.

Прво се јави Кајчев со текст насловен како „За обединувањето околу нашата заедничка историја-Цар Самоил erga omnes“. На ова реплицираа Вангелов и Ристевски , исто така со текст насловен како „Обединување околу „историските вистини“ или околу различности“? за веднаш потоа да се јави повторно Кајчев со текст со идентичен наслов како првиот.

Од самите наслови произлегуваат и недоразбирањата што ги имале членовите на двете комисии и се потврда дека решението за Цар Самоил не било донесено во 2019 година. Инаку зошто би се водела полемика две години подоцна!?

Конечното решение пак говори дека нашите од комисијата целосно се согласиле со бугарскиот наратив за сите пет историски личности.

The post Власта уште во 2019 година прифатила дека 24 Мај е Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо appeared first on Република.

]]>

Заедничкото Македонско-бугарско чествување на светите браќа Кирил и Методиј во Рим се претвара во гротеска. Ова не само затоа што чинот де се одржува де не се одржува туку пред се заради содржината на образложението и значењето на светите браќа за двете земји и двата народа. Во првиот протокол на меѓувладината комисија одржан на 10 јуни 2019 година, во делот за политичкиот дел за спроведување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, што беше потпишан на 1 август 2017 од тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов, е наведена и заедничкото чествување на претседателите на двата паралементи Талат Џафери и Цвета Карајанчева. Делува фрапантно како содржината на ова заедничко чествување го поминал филтерот и на владината комисија и на историската комисија па и на Парламентот кој го прифати францускиот предлог. Во протоколот буквално стои: 23-25 мај 2019 година средба на претседателот на Народното собрание на Бугарија Цвета Карајанчева со претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери во Ваткикан по повод 24 мај Ден на бугарското образование, култура и словенското писмо. Оваа информација стои на следниот линк на сајтот на Минитерството за надворешни работи. Домашната јавност досега не беше запознаена со овој детал кој, очигледно одиграл и решавачка улога во ставот на македонскиот дел од комисијата за историја и за учебниците. Друг многу важен момент е несовпаѓањето на датумите околу постигнатата согласност на комисијата за заедничко чествување на Кирил и Методиј, на светите Климент и Наум и на Цар Самоил. Наспроти тврдењата на власта дека за овие пет личности е постигната согласност уште пред три години,сепак фактите говорат нешт друго.

Иста игра и за Цар Самоил

А најголем доказ за тоа се текстовите на Наум Кајчев од една и Огнен Вангелов и Љупчо Ристески од друга страна. Првиот е дел од бугарската а другите двајца од македонската комисија. Ако била согласност уште пред три години за Цар Самоил тогаш на што се должи нивната меѓусебна дебата од јуни и јули 2021 година. Прво се јави Кајчев со текст насловен како „За обединувањето околу нашата заедничка историја-Цар Самоил erga omnes“. На ова реплицираа Вангелов и Ристевски , исто така со текст насловен како „Обединување околу „историските вистини“ или околу различности“? за веднаш потоа да се јави повторно Кајчев со текст со идентичен наслов како првиот. Од самите наслови произлегуваат и недоразбирањата што ги имале членовите на двете комисии и се потврда дека решението за Цар Самоил не било донесено во 2019 година. Инаку зошто би се водела полемика две години подоцна!? Конечното решение пак говори дека нашите од комисијата целосно се согласиле со бугарскиот наратив за сите пет историски личности.

The post Власта уште во 2019 година прифатила дека 24 Мај е Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо appeared first on Република.

]]>