Oткако вчера беше откриен протоколот на меѓувладината комисија одржан на 10 јуни 2019 година, во делот за политичкиот дел за спроведување на Договорот за добрососедство на кој јасно се гледа дека уште тогаш било договорено дека 24 мај е „Ден на бугарското образование и словенското писмо“ се чини дека истата игра е применета и за Цар Самоил.

Најголем доказ за тоа се текстовите на Наум Кајчев од една и Огнен Вангелов и Љупчо Ристески од друга страна. Првиот е дел од бугарската а другите двајца од македонската комисија.

Ако била согласност уште пред три години за Цар Самоил тогаш на што се должи нивната меѓусебна дебата од јуни и јули 2021 година.

Прво се јави Кајчев со текст насловен како „За обединувањето околу нашата заедничка историја-Цар Самоил erga omnes“. На ова реплицираа Вангелов и Ристевски , исто така со текст насловен како „Обединување околу „историските вистини“ или околу различности“? за веднаш потоа да се јави повторно Кајчев со текст со идентичен наслов како првиот.

Од самите наслови произлегуваат и недоразбирањата што ги имале членовите на двете комисии и се потврда дека решението за Цар Самоил не било донесено во 2019 година. Инаку зошто би се водела полемика две години подоцна!?

Конечното решение пак говори дека нашите од комисијата целосно се согласиле со бугарскиот наратив за сите пет историски личности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.