противпожарно возило Archives - Република https://republika.mk/tema/protivpozarno-vozilo/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 09:35:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png противпожарно возило Archives - Република https://republika.mk/tema/protivpozarno-vozilo/ 32 32 Компанија од Кочани го вклучи сопственото противпожарно возило за гасење на пожарите во регионот https://republika.mk/vesti/makedonija/kompanija-od-kochani-go-vkluchi-sopstvenoto-protivpozharno-vozilo-za-gasene-na-pozharite-vo-regionot/ Fri, 02 Aug 2024 09:35:00 +0000 https://republika.mk/?p=802582

Компанијата „Техком“ од Кочани, во рамки на својата општествена одговорност, се вклучи со лица и техника во гасењето на пожарите во Источниот регион.

Со сопственото специјално опремено противпожарно возило од марката „Kronenburg mac 06“, кочанската компанија веќе им помогна на противпожарните екипи во Светиниколско, каде во изминатите денови од пожарите изгореа неколку илјади хектари со пасишта и шуми.

Возилото на компанијата „Техком“ има капацитет од 9.000 литри вода, а располага и со далечински управуван топ, чиј млаз исфрла вода во далечина до 100 метри. Исто така, има и противпожарни црева и друга опрема за гасење оган во полски и шумски услови. Со тоа се овозможува поефикасно интервенирање, намалена опасност и зголемена безбедност за лицата кои се вклучени во справувањето со огнената стихија.

Карактеристично е што ова возило има погон на сите тркала и може да се движи по т.н. офроуд терени, односно да пристапи и на терени каде што обичните противпожарни возила не можат да влезат.

The post Компанија од Кочани го вклучи сопственото противпожарно возило за гасење на пожарите во регионот appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Техком“ од Кочани, во рамки на својата општествена одговорност, се вклучи со лица и техника во гасењето на пожарите во Источниот регион. Со сопственото специјално опремено противпожарно возило од марката „Kronenburg mac 06“, кочанската компанија веќе им помогна на противпожарните екипи во Светиниколско, каде во изминатите денови од пожарите изгореа неколку илјади хектари со пасишта и шуми. Возилото на компанијата „Техком“ има капацитет од 9.000 литри вода, а располага и со далечински управуван топ, чиј млаз исфрла вода во далечина до 100 метри. Исто така, има и противпожарни црева и друга опрема за гасење оган во полски и шумски услови. Со тоа се овозможува поефикасно интервенирање, намалена опасност и зголемена безбедност за лицата кои се вклучени во справувањето со огнената стихија. Карактеристично е што ова возило има погон на сите тркала и може да се движи по т.н. офроуд терени, односно да пристапи и на терени каде што обичните противпожарни возила не можат да влезат.

The post Компанија од Кочани го вклучи сопственото противпожарно возило за гасење на пожарите во регионот appeared first on Република.

]]>
Унгарија го изработи најмоќното противпожарно возило во светот https://republika.mk/vesti/svet/ungarija-go-izraboti-najmokjnoto-protivpozarno-vozilo-vo-svetot/ Tue, 16 Aug 2022 08:08:08 +0000 https://republika.mk/?p=540770

Унгарија, во екот на сезоната на пожари, го претстави најмоќното противпожарно возило на светот, кое е базирано на руска технологија, за да се справи со бројните шумски пожари кои ја погодија земјата.

Возилото, познато како „Големиот ветер“ е хибрид кој ги користи ресурсите на две од веројатно најдолговечните воени машини во историјата. „Големиот ветер“ е развиен од страна на Русија, а произведен е со помош на „MB Drilling“ и е дел од МОЛ.

Еден од најпознатите тенкови во историјата, Т-34, е всушност основата на „Големиот ветер“. Овој руски тенк бил претставен во 1940 година, а по Втората светска војна, технологијата била усвоена од многу земји во светот.

Потрошувачката на вода на ова противпожарно возило е неверојатна, со дури 830 литри во секунда, а водениот тепих што го создава возилото е нешто досега невидено.

Инаку, „Големиот ветер“ се покажа во пракса во раните 1990-ти кога беше успешно искористен за гаснење на запалените нафтени извори во Кувајт.

https://youtu.be/0HwCg1Nx7yU

The post Унгарија го изработи најмоќното противпожарно возило во светот appeared first on Република.

]]>

Унгарија, во екот на сезоната на пожари, го претстави најмоќното противпожарно возило на светот, кое е базирано на руска технологија, за да се справи со бројните шумски пожари кои ја погодија земјата. Возилото, познато како „Големиот ветер“ е хибрид кој ги користи ресурсите на две од веројатно најдолговечните воени машини во историјата. „Големиот ветер“ е развиен од страна на Русија, а произведен е со помош на „MB Drilling“ и е дел од МОЛ. Еден од најпознатите тенкови во историјата, Т-34, е всушност основата на „Големиот ветер“. Овој руски тенк бил претставен во 1940 година, а по Втората светска војна, технологијата била усвоена од многу земји во светот. Потрошувачката на вода на ова противпожарно возило е неверојатна, со дури 830 литри во секунда, а водениот тепих што го создава возилото е нешто досега невидено. Инаку, „Големиот ветер“ се покажа во пракса во раните 1990-ти кога беше успешно искористен за гаснење на запалените нафтени извори во Кувајт. https://youtu.be/0HwCg1Nx7yU

The post Унгарија го изработи најмоќното противпожарно возило во светот appeared first on Република.

]]>