протест Archives - Република https://republika.mk/tema/protest/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 19:58:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png протест Archives - Република https://republika.mk/tema/protest/ 32 32 Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата https://republika.mk/vesti/balkan/srpskata-opozitsija-v-ponedelnik-ke-protestira-pred-zgradata-na-vladata/ Fri, 08 Nov 2024 20:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=835720

Парламентарните опозициски партии во Србија, ќе организираат в понеделник попладне протестен митинг пред зградата на Владата, соопшти Народното движење на Србија, јавија српските медиуми.
Како што се додава во соопштението, на средбата ќе бидат изнесени следните барања:

1. Оставка на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ

2. Објавување на сите тајни договори поврзани со реконструкција на Железничката станица во Нови Сад

3. Итно апсење на сите одговорни за убиството на 14 лица и ослободување на сите невини и незаконски приведени лица

4. Вонредна контрола на сите инфраструктурни проекти што се започнати или работени во изминатите 10 години.

По смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад, кога врз нив се урна бетонска настрешница, во вторникот беше организиран протест во тој град.

The post Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата appeared first on Република.

]]>

Парламентарните опозициски партии во Србија, ќе организираат в понеделник попладне протестен митинг пред зградата на Владата, соопшти Народното движење на Србија, јавија српските медиуми. Како што се додава во соопштението, на средбата ќе бидат изнесени следните барања: 1. Оставка на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ 2. Објавување на сите тајни договори поврзани со реконструкција на Железничката станица во Нови Сад 3. Итно апсење на сите одговорни за убиството на 14 лица и ослободување на сите невини и незаконски приведени лица 4. Вонредна контрола на сите инфраструктурни проекти што се започнати или работени во изминатите 10 години. По смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад, кога врз нив се урна бетонска настрешница, во вторникот беше организиран протест во тој град.

The post Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата appeared first on Република.

]]>
Го исмевала бугарскиот народ: Тензии во Софија против „антибугарската“ претстава на Џон Малкович https://republika.mk/vesti/balkan/go-ismevala-bugarskiot-narod-tenzii-vo-sofija-protiv-antibugarskata-pretstava-na-dhon-malkovich/ Thu, 07 Nov 2024 21:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=835312

Тензично е пред влезот на најголемата театарска сцена во Бугарија, Народниот театар „Иван Вазов“, кој е окупиран од стотици граѓани кои го изразуваат своето незадоволство од поставувањето на претставата „Оружје и човек“ на Бернард Шо под режисерската палка на Џон Малкович, јавува БГНЕС.

Според демонстрантите -  претставата е антибугарска, ги исмева бугарските војници и го исмева бугарскиот народ. Тие бараат оставка од директорот на театарот Васил Василев.

https://youtu.be/cfD1SHcgWgE?si=ozHhDvLZ6cE_JItm

Протестот започна како мирен, но подоцна изреволтираните граѓани се поделија во две групи. Првата остана пред фонтаната и протестираше мирно, додека другата група се судри со полицијата, пред влезот на театарот. Толпата се обиде да влезе во театарот. На влезот неуспешно се обиде да излезе директорот на театарот Васил Василев, кој викаше дека ќе ја заштити културата во Бугарија.

Органите на редот интервенираа за да спречат посериозна пресметка.

Тензиите повторно ескалираа. Во фоајето на театарот дојдоа претставници на политички партии. На влезот во скенерот реплики разменуваат Ангел Џамбазки од ВМРО и директорот на театарот Васил Василев. Поранешниот пратеник и неговите другари купиле билети за да влезат, по што тензиите повторно ескалирале. Двајцата си размениле грди реплики.

https://youtu.be/xAfFcW0vwRk?si=2uuolCSONkAyGWd-

Причина за протестот пред Народниот театар „Иван Вазов“ беше одлуката да се постави претставата на Бернард Шо „Човекот и оружјето“, која се смета за навредлива за бугарското општество, бидејќи ги претставува Бугарите за време на српско- бугарската војна (1885).

Датумот на кој требаше да се изведе претставата е вечерва на 7 ноември – годишнината од словенската епопеја, каде Бугарите ја бранеа Унијата и својата независност. Нивниот подвиг го овековечи и Иван Вазов, чие име го носи Народниот театар. Следниот датум, 8 ноември, е поврзан со окупацијата на западната периферија од Србија, каде до ден денес Белград води политика на бришење на се што е бугарско. Третиот датум е 27 ноември – годишнината од потпишувањето на Договорот од Ној, пишува  БГНЕС.

The post Го исмевала бугарскиот народ: Тензии во Софија против „антибугарската“ претстава на Џон Малкович appeared first on Република.

]]>

Тензично е пред влезот на најголемата театарска сцена во Бугарија, Народниот театар „Иван Вазов“, кој е окупиран од стотици граѓани кои го изразуваат своето незадоволство од поставувањето на претставата „Оружје и човек“ на Бернард Шо под режисерската палка на Џон Малкович, јавува БГНЕС. Според демонстрантите -  претставата е антибугарска, ги исмева бугарските војници и го исмева бугарскиот народ. Тие бараат оставка од директорот на театарот Васил Василев. https://youtu.be/cfD1SHcgWgE?si=ozHhDvLZ6cE_JItm Протестот започна како мирен, но подоцна изреволтираните граѓани се поделија во две групи. Првата остана пред фонтаната и протестираше мирно, додека другата група се судри со полицијата, пред влезот на театарот. Толпата се обиде да влезе во театарот. На влезот неуспешно се обиде да излезе директорот на театарот Васил Василев, кој викаше дека ќе ја заштити културата во Бугарија. Органите на редот интервенираа за да спречат посериозна пресметка. Тензиите повторно ескалираа. Во фоајето на театарот дојдоа претставници на политички партии. На влезот во скенерот реплики разменуваат Ангел Џамбазки од ВМРО и директорот на театарот Васил Василев. Поранешниот пратеник и неговите другари купиле билети за да влезат, по што тензиите повторно ескалирале. Двајцата си размениле грди реплики. https://youtu.be/xAfFcW0vwRk?si=2uuolCSONkAyGWd- Причина за протестот пред Народниот театар „Иван Вазов“ беше одлуката да се постави претставата на Бернард Шо „Човекот и оружјето“, која се смета за навредлива за бугарското општество, бидејќи ги претставува Бугарите за време на српско- бугарската војна (1885).
Датумот на кој требаше да се изведе претставата е вечерва на 7 ноември – годишнината од словенската епопеја, каде Бугарите ја бранеа Унијата и својата независност. Нивниот подвиг го овековечи и Иван Вазов, чие име го носи Народниот театар. Следниот датум, 8 ноември, е поврзан со окупацијата на западната периферија од Србија, каде до ден денес Белград води политика на бришење на се што е бугарско. Третиот датум е 27 ноември – годишнината од потпишувањето на Договорот од Ној, пишува  БГНЕС.

The post Го исмевала бугарскиот народ: Тензии во Софија против „антибугарската“ претстава на Џон Малкович appeared first on Република.

]]>
Протест пред зградата на Владата во Белград, се бара оставка од министерот Весиќ https://republika.mk/vesti/balkan/protest-pred-zgradata-na-vladata-vo-belgrad-se-bara-ostavka-od-ministerot-vesik/ Sun, 03 Nov 2024 15:03:00 +0000 https://republika.mk/?p=833787

Во Белград, пред зградата во која се сместени повеќе министерства, меѓу кои и она за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и републичкото обвинителство, протестираат активисти кои бараат оставка од министерот Горан Весиќ.

Пред влезот на министерството е распоредена полициска единица.

Иван Бјелиќ, активист на групата „SviĆe“ (Се разденува, но и Сите ќе), во име на насобраните побара Весиќ брзо да поднесе оставка, во спротивно владата ќе биде „одговорна за она што ќе следи во вторник во Нови Сад“, каде е планиран поголем протест.

Дел од насобраните активисти, кои претходно се собраа на протестот кај старата железничка станица поради трагедијата во Нови Сад, имаат обоени ракавици во црвено, носат транспаренти „рацете ви се крвави“- како порака до властите, а во исто време извикуваат „оставка“, пренесува Бета.

Ќе го уапсите ли министерот Весиќ? Дали некој го прашал дали дал оставка. Најверојатно се сокрил во дупка за стаорци“, ги прашал Бјелиќ полицајците читајќи ги нивните имиња од значките на униформите.

Активистите најавија дека овој протест е само почеток на граѓанската непослушност и дека ќе учествуваат и на протестот во Нови Сад, како и дека ќе бидат порадикални, доколку дотогаш не се поднесат оставки поради трагедијата во Нови Сад.

Копретседателката на „Заедно“ Билјана Стојковиќ за ТВ Н1 изјави дека власта ги довела граѓаните во очај и гнев и дека е невозможно повеќе да се разговара со властите „бидејќи тоа би значело да се согласат со нивните игри“.

Активистите беа информирани дека во меѓувреме нешто пред пладне е ослободен Никола Ристиќ од организираната група „SviĆe“, кој беше приведен пред протестот кај старата железничка станица.

The post Протест пред зградата на Владата во Белград, се бара оставка од министерот Весиќ appeared first on Република.

]]>

Во Белград, пред зградата во која се сместени повеќе министерства, меѓу кои и она за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и републичкото обвинителство, протестираат активисти кои бараат оставка од министерот Горан Весиќ. Пред влезот на министерството е распоредена полициска единица. Иван Бјелиќ, активист на групата „SviĆe“ (Се разденува, но и Сите ќе), во име на насобраните побара Весиќ брзо да поднесе оставка, во спротивно владата ќе биде „одговорна за она што ќе следи во вторник во Нови Сад“, каде е планиран поголем протест. Дел од насобраните активисти, кои претходно се собраа на протестот кај старата железничка станица поради трагедијата во Нови Сад, имаат обоени ракавици во црвено, носат транспаренти „рацете ви се крвави“- како порака до властите, а во исто време извикуваат „оставка“, пренесува Бета.
Ќе го уапсите ли министерот Весиќ? Дали некој го прашал дали дал оставка. Најверојатно се сокрил во дупка за стаорци“, ги прашал Бјелиќ полицајците читајќи ги нивните имиња од значките на униформите.
Активистите најавија дека овој протест е само почеток на граѓанската непослушност и дека ќе учествуваат и на протестот во Нови Сад, како и дека ќе бидат порадикални, доколку дотогаш не се поднесат оставки поради трагедијата во Нови Сад. Копретседателката на „Заедно“ Билјана Стојковиќ за ТВ Н1 изјави дека власта ги довела граѓаните во очај и гнев и дека е невозможно повеќе да се разговара со властите „бидејќи тоа би значело да се согласат со нивните игри“. Активистите беа информирани дека во меѓувреме нешто пред пладне е ослободен Никола Ристиќ од организираната група „SviĆe“, кој беше приведен пред протестот кај старата железничка станица.

The post Протест пред зградата на Владата во Белград, се бара оставка од министерот Весиќ appeared first on Република.

]]>
Протест во Белград со барање РТС да известува за протестите против ископувањето литиум во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/protest-vo-belgrad-so-barane-rts-da-izvestuva-za-protestite-protiv-iskopuvaneto-litium-vo-srbija/ Sun, 01 Sep 2024 20:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=812115

Пред зградата на јавниот медиумски сервис во Белград се одржува протест со барање Јавниот сервис Радио-телевизија на Србија (РТС) да ја информира јавноста за еколошките проблеми, јави дописникот на МИА од Белград.

На протестот организиран од движењето Еко стража, беше побарано РТС да им овозможи на претставниците на еколошките организации да и се обратат на јавноста во централната информативна програма - Дневник.

- РТС има седум дена да го исполни барањето. Ако не го стори тоа, ќе ги искористиме сите правни средства против одговорните лица, најави Еко стража пред протестот во неделата. Протестот се одржува под слоган „Безбедноста е во бројки“, како што најави Еко стража, како знак на поддршка за граѓанските активисти кои полицијата еден месец претходно ги приведе на протестите против ископувањето литиум во Србија.

Таа организација наведе дека се приведени пет нејзини активисти, дека полицијата им ги пребарала становите и им ги одземала мобилните телефони и компјутерите.

-Бараме да се спроведе дисциплинска постапка против обвинителите кои ги прекршиле човековите права на активистите, како и веднаш да им се вратат одземените лични помагала на приведените, истакнаа од Еко стража.

The post Протест во Белград со барање РТС да известува за протестите против ископувањето литиум во Србија appeared first on Република.

]]>

Пред зградата на јавниот медиумски сервис во Белград се одржува протест со барање Јавниот сервис Радио-телевизија на Србија (РТС) да ја информира јавноста за еколошките проблеми, јави дописникот на МИА од Белград. На протестот организиран од движењето Еко стража, беше побарано РТС да им овозможи на претставниците на еколошките организации да и се обратат на јавноста во централната информативна програма - Дневник.
- РТС има седум дена да го исполни барањето. Ако не го стори тоа, ќе ги искористиме сите правни средства против одговорните лица, најави Еко стража пред протестот во неделата. Протестот се одржува под слоган „Безбедноста е во бројки“, како што најави Еко стража, како знак на поддршка за граѓанските активисти кои полицијата еден месец претходно ги приведе на протестите против ископувањето литиум во Србија.
Таа организација наведе дека се приведени пет нејзини активисти, дека полицијата им ги пребарала становите и им ги одземала мобилните телефони и компјутерите.
-Бараме да се спроведе дисциплинска постапка против обвинителите кои ги прекршиле човековите права на активистите, како и веднаш да им се вратат одземените лични помагала на приведените, истакнаа од Еко стража.

The post Протест во Белград со барање РТС да известува за протестите против ископувањето литиум во Србија appeared first on Република.

]]>
Партиски наставници на СДСМ утре ќе протестираат пред Министерството за образование за поголеми плати https://republika.mk/vesti/makedonija/partiski-nastavnitsi-na-sdsm-utre-ke-protestiraat-pred-ministerstvoto-za-obrazovanie-za-pogolemi-plati/ Sat, 31 Aug 2024 10:40:25 +0000 https://republika.mk/?p=811760

Протест на наставници под партиска организација на СДСМ ќе се случи утре во 11 и 30 пред Министерството за образование.

Нема оправдување, покачете ги платите-стои во повикот.

Ова е прв протест на СДСМ откако е во опозиција.

The post Партиски наставници на СДСМ утре ќе протестираат пред Министерството за образование за поголеми плати appeared first on Република.

]]>

Протест на наставници под партиска организација на СДСМ ќе се случи утре во 11 и 30 пред Министерството за образование.
Нема оправдување, покачете ги платите-стои во повикот.
Ова е прв протест на СДСМ откако е во опозиција.

The post Партиски наставници на СДСМ утре ќе протестираат пред Министерството за образование за поголеми плати appeared first on Република.

]]>
Албанците во Бујановац бараат поголеми права https://republika.mk/vesti/balkan/albantsite-vo-bujanovats-baraat-pogolemi-prava/ Mon, 12 Aug 2024 17:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=805922

Во Бујановац денеска се одржа протест во организација на Националниот совет на Албанците (НСА), кој меѓу другото побара „запирање на пасивизацијата на адресите на живеалиштата на албанските граѓани“, како и нивно поголемо присуство во државните институции и фирми.

Претседателот на Советот, Невзад Лутфиу истакна дека албанската заедница се соочува и со проблем со нострификација на дипломите во Србија. Тој додаде дека протестите ќе продолжат.

Според него, од 24-те малцински заедници во Србија, Албанците се во најлоша позиција и побара меѓународната заедница да ги разгледа нивните барања.

На собирот била прочитана и декларација со која се бара имплементација на договорот потпишан меѓу Владата на Србија и претставниците на Албанците, особено делот поврзан со нивната интеграција, пишува порталот Бујановчке.

The post Албанците во Бујановац бараат поголеми права appeared first on Република.

]]>

Во Бујановац денеска се одржа протест во организација на Националниот совет на Албанците (НСА), кој меѓу другото побара „запирање на пасивизацијата на адресите на живеалиштата на албанските граѓани“, како и нивно поголемо присуство во државните институции и фирми. Претседателот на Советот, Невзад Лутфиу истакна дека албанската заедница се соочува и со проблем со нострификација на дипломите во Србија. Тој додаде дека протестите ќе продолжат. Според него, од 24-те малцински заедници во Србија, Албанците се во најлоша позиција и побара меѓународната заедница да ги разгледа нивните барања. На собирот била прочитана и декларација со која се бара имплементација на договорот потпишан меѓу Владата на Србија и претставниците на Албанците, особено делот поврзан со нивната интеграција, пишува порталот Бујановчке.

The post Албанците во Бујановац бараат поголеми права appeared first on Република.

]]>
Почна протест пред Владата на Србија поради изречени затворски казни на лица од вчерашните протести https://republika.mk/vesti/balkan/pochna-protest-pred-vladata-na-srbija-poradi-izrecheni-zatvorski-kazni-na-litsa-od-vcherashnite-protesti/ Sun, 11 Aug 2024 17:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=805533

Пред зградата на Владата на Србија започна граѓански протест поради затворската казна на тројца активисти ученсици во вчерашниот голем протест против ископ на литиум и бор во државата.

Активистот Иван Блејиќ е експресно осуден на 40 дена затвор за нарушување на јавниот ред и мир, а Никола Ристиќ и Јевгеније Јулијан Димитријевиќ добија по 30 дена затвор, исто така за нарушување на јавниот ред и мир.

Поради затворските казни на тројцата активисти, претставникот на организацијата „Не дамо Јадар“, Златко Кокановиќ ги повика граѓаните во 18 часот масовно да се соберат пред зградата на Владата на Србија .

The post Почна протест пред Владата на Србија поради изречени затворски казни на лица од вчерашните протести appeared first on Република.

]]>

Пред зградата на Владата на Србија започна граѓански протест поради затворската казна на тројца активисти ученсици во вчерашниот голем протест против ископ на литиум и бор во државата. Активистот Иван Блејиќ е експресно осуден на 40 дена затвор за нарушување на јавниот ред и мир, а Никола Ристиќ и Јевгеније Јулијан Димитријевиќ добија по 30 дена затвор, исто така за нарушување на јавниот ред и мир. Поради затворските казни на тројцата активисти, претставникот на организацијата „Не дамо Јадар“, Златко Кокановиќ ги повика граѓаните во 18 часот масовно да се соберат пред зградата на Владата на Србија .

The post Почна протест пред Владата на Србија поради изречени затворски казни на лица од вчерашните протести appeared first on Република.

]]>
Косовските Срби ќе протестираат денеска во Северна Митровица https://republika.mk/vesti/balkan/kosovskite-srbi-ke-protestiraat-deneska-vo-severna-mitrovitsa-2/ Wed, 07 Aug 2024 07:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=804139

Косовските Срби најавија за денеска протест во северно Косово поради, како што беше објавено во повикот на организаторите, „лошата состојба на српскит народ“ во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Протестот е свикан за во 11 часот на плоштадот „Цар Лазар“ во Северна Митровица“.

Полицијата е известена за протестот и ќе биде присутна за да се погрижи ситуацијата да не излезе од контрола, иако не се очекуваат проблеми.

Група граѓани го најави протестот за во 11:00 часот, кој е предвиден да се одржи на плоштадот „Цар Лазар“. Се очекува протестот да биде мирен, а полицијата ќе биде во доволен број за да го одржува јавниот ред и мир, иако не очекуваме никакви проблеми, изјави заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.

Овој протест во вторник го спомена и српскиот претседател Александер Вучиќ, кој рече дека Србите ќе реагираат на намерата на властите во Приштина да го отворат мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужнјуот и северниот дел на градот Митровица.

Изминативе денови имаше јасни повици од меѓународната заедница за неотворање на овој мост. Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, се закани дека ќе реагира доколку се преземат активности за негово отворање без претходен договор со Србија. Реакции имаше и од амбасадорите на земјите од групата Квинта и од ЕУ.

Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља во вторникот го посети косовскиот север, инсистирајќи дека мостот треба да се отвори за сообраќај на возила.

The post Косовските Срби ќе протестираат денеска во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>

Косовските Срби најавија за денеска протест во северно Косово поради, како што беше објавено во повикот на организаторите, „лошата состојба на српскит народ“ во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Протестот е свикан за во 11 часот на плоштадот „Цар Лазар“ во Северна Митровица“. Полицијата е известена за протестот и ќе биде присутна за да се погрижи ситуацијата да не излезе од контрола, иако не се очекуваат проблеми. Група граѓани го најави протестот за во 11:00 часот, кој е предвиден да се одржи на плоштадот „Цар Лазар“. Се очекува протестот да биде мирен, а полицијата ќе биде во доволен број за да го одржува јавниот ред и мир, иако не очекуваме никакви проблеми, изјави заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани. Овој протест во вторник го спомена и српскиот претседател Александер Вучиќ, кој рече дека Србите ќе реагираат на намерата на властите во Приштина да го отворат мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужнјуот и северниот дел на градот Митровица. Изминативе денови имаше јасни повици од меѓународната заедница за неотворање на овој мост. Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, се закани дека ќе реагира доколку се преземат активности за негово отворање без претходен договор со Србија. Реакции имаше и од амбасадорите на земјите од групата Квинта и од ЕУ. Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља во вторникот го посети косовскиот север, инсистирајќи дека мостот треба да се отвори за сообраќај на возила.

The post Косовските Срби ќе протестираат денеска во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>
Косовските Срби ќе протестираат денеска во Северна Митровица https://republika.mk/vesti/balkan/kosovskite-srbi-ke-protestiraat-deneska-vo-severna-mitrovitsa/ Wed, 07 Aug 2024 06:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=804111

Косовските Срби најавија за денеска протест во северно Косово поради, како што беше објавено во повикот на организаторите, „лошата состојба на српскит народ“ во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Протестот е свикан за во 11 часот на плоштадот „Цар Лазар“ во Северна Митровица“.

Полицијата е известена за протестот и ќе биде присутна за да се погрижи ситуацијата да не излезе од контрола, иако не се очекуваат проблеми.

Група граѓани го најави протестот за во 11:00 часот, кој е предвиден да се одржи на плоштадот „Цар Лазар“. Се очекува протестот да биде мирен, а полицијата ќе биде во доволен број за да го одржува јавниот ред и мир, иако не очекуваме никакви проблеми, изјави заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.

Овој протест во вторник го спомена и српскиот претседател Александер Вучиќ, кој рече дека Србите ќе реагираат на намерата на властите во Приштина да го отворат мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужнјуот и северниот дел на градот Митровица.

Изминативе денови имаше јасни повици од меѓународната заедница за неотворање на овој мост. Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, се закани дека ќе реагира доколку се преземат активности за негово отворање без претходен договор со Србија. Реакции имаше и од амбасадорите на земјите од групата Квинта и од ЕУ.

Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља во вторникот го посети косовскиот север, инсистирајќи дека мостот треба да се отвори за сообраќај на возила.

The post Косовските Срби ќе протестираат денеска во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>

Косовските Срби најавија за денеска протест во северно Косово поради, како што беше објавено во повикот на организаторите, „лошата состојба на српскит народ“ во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Протестот е свикан за во 11 часот на плоштадот „Цар Лазар“ во Северна Митровица“. Полицијата е известена за протестот и ќе биде присутна за да се погрижи ситуацијата да не излезе од контрола, иако не се очекуваат проблеми.
Група граѓани го најави протестот за во 11:00 часот, кој е предвиден да се одржи на плоштадот „Цар Лазар“. Се очекува протестот да биде мирен, а полицијата ќе биде во доволен број за да го одржува јавниот ред и мир, иако не очекуваме никакви проблеми, изјави заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.
Овој протест во вторник го спомена и српскиот претседател Александер Вучиќ, кој рече дека Србите ќе реагираат на намерата на властите во Приштина да го отворат мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужнјуот и северниот дел на градот Митровица. Изминативе денови имаше јасни повици од меѓународната заедница за неотворање на овој мост. Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, се закани дека ќе реагира доколку се преземат активности за негово отворање без претходен договор со Србија. Реакции имаше и од амбасадорите на земјите од групата Квинта и од ЕУ. Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља во вторникот го посети косовскиот север, инсистирајќи дека мостот треба да се отвори за сообраќај на возила.

The post Косовските Срби ќе протестираат денеска во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ на литиум https://republika.mk/vesti/balkan/protesti-shirum-srbija-graganite-ne-sakaat-iskop-na-litium/ Mon, 05 Aug 2024 19:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=803689

Во повеќе градови ширум Србија се одржуваат протестни собири на кои граѓаните испраќаат порака дека нема да дозволат отворање рудници за литиум во Србија.

Во Смедерево околу 19 часот почна протестен собир на граѓани поради најавата за ископ на литиум во Србија, а граѓаните бараат српската влада да го исполни барањето за забрана на рударството до 10 август и најавената средба во Белград.

Иван Милосављевиќ, еколошки активист од Хомоље и еден од најавените говорници, пред почетокот на средбата изјави за Н1 дека граѓаните се свесни дека основните елементи на нивниот живот - водата, воздухот и земјата - се загрозени.

Граѓаните се противат на плановите на режимот да ја направи Србија ресурсен центар и рударска колонија, и затоа различни луѓе се обединија и нема да се откажат, рече тој.

Тој додаде дека луѓето се свесни колку Владата се грижи за животната средина и повтори дека додека не се исполнат барањата за забрана за ископ на литиум и бор, граѓаните се подготвени да започнат со блокада.

Протест почна и во Рековац, каде се собраа неколку десетици граѓани кои застанаа, како што велат, „во одбрана на регионот Левант“. Во Брешница кај Чачак граѓаните се собраа на фудбалското игралиште, а ова место беше избрано затоа што почнаа геолошки истражувања, но мештаните ги избркаа машините.

Населението сака да продолжи со земјоделството и не сака, како што велат, да им биде загрозен опстанокот.

The post Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ на литиум appeared first on Република.

]]>

Во повеќе градови ширум Србија се одржуваат протестни собири на кои граѓаните испраќаат порака дека нема да дозволат отворање рудници за литиум во Србија. Во Смедерево околу 19 часот почна протестен собир на граѓани поради најавата за ископ на литиум во Србија, а граѓаните бараат српската влада да го исполни барањето за забрана на рударството до 10 август и најавената средба во Белград. Иван Милосављевиќ, еколошки активист од Хомоље и еден од најавените говорници, пред почетокот на средбата изјави за Н1 дека граѓаните се свесни дека основните елементи на нивниот живот - водата, воздухот и земјата - се загрозени.
Граѓаните се противат на плановите на режимот да ја направи Србија ресурсен центар и рударска колонија, и затоа различни луѓе се обединија и нема да се откажат, рече тој.
Тој додаде дека луѓето се свесни колку Владата се грижи за животната средина и повтори дека додека не се исполнат барањата за забрана за ископ на литиум и бор, граѓаните се подготвени да започнат со блокада. Протест почна и во Рековац, каде се собраа неколку десетици граѓани кои застанаа, како што велат, „во одбрана на регионот Левант“. Во Брешница кај Чачак граѓаните се собраа на фудбалското игралиште, а ова место беше избрано затоа што почнаа геолошки истражувања, но мештаните ги избркаа машините. Населението сака да продолжи со земјоделството и не сака, како што велат, да им биде загрозен опстанокот.

The post Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ на литиум appeared first on Република.

]]>
Во Белград на 10 август е закажан голем протест против ископот на литиум https://republika.mk/vesti/balkan/vo-belgrad-na-10-avgust-e-zakazhan-golem-protest-protiv-iskopot-na-litium/ Tue, 30 Jul 2024 17:43:21 +0000 https://republika.mk/?p=801804

Голем протест против ископувањето на литиум ќе се одржи во Белград на 10 август, најавија „Еко стража“ и организацијата „Не го даваме Јадар“, а во организација на еколошките здруженија протести против отворањето на рудниците за литиум се закажани и во повеќе од десет градови во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Големиот протест против ископувањето на литиум ќе се одржи во Белград на 10 август со почеток во 19 часот во Теразије кога ќе истечат 40-те дена што СЕОС и ги даде на Владата на Србија да го усвои законот за ископ на литиум и да спречи газење на сопствената одлука за прекин на проектот Јадар.

-Протестот го организираат еколошки организации кои со години се борат против загадувањето на животната средина и сега стојат обединети против ова зло што ја надвисна Србија и криминалниот режим кој се обидува да отвори рудник против волјата на народот, објавија на социјалната мрежа „X“, „Еко стража“.

Тие ги повикаа на протест сите граѓани на Србија кои се против ископ на литиум, без разлика на нивната политичка и идеолошка припадност.

-Ова е протест за доброто на сите граѓани. Политичарите и партиските активисти се добредојдени, но без партиски симболи. Од демонстрантите се бара да дојдат со транспаренти, еколошки пораки и без знамиња на други земји и пораки кои ја дехетерогенизираат масата. Време е да научиме да испратиме порака дека народот на Србија е обединет и секој го носи својот дел од одговорноста. Еколошките организации кои ги организираат протестите се воздржуваат од истакнување на сопствени знаци и логоа, за протестот да не се толкува како самопромоција, наведоа од „Еко стража“.

Протести вечерва ќе се одржат во Косјериќ и Младеновац, додека протестот во Панчево е закажан за 2 август. Во Осечина протестот ќе се одржи на 4 август, во Чачак на 5 август, Инџија на 6 август. Потоа во наредните денови протести се закажани во Сремска Митровица, Јагодина, Крагуевац, Горни Милановац и други градови се до 10 август кога е најавениот протест во Белград.

Изминативе денови масовни протести на граѓаните против литиумот се одржаа во: Лозница, Ваљево, Љиг, Барајево, Богатиќ, Гроцка, Краљево, Неготин, Шабац, Ариље, Аранѓеловац, Крупањ...На сите собири беше побарано Владата да донесе закон за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија.

Рокот за донесување на тој закон кој еколошките здруженија им го одредија на властите е 10 август.

The post Во Белград на 10 август е закажан голем протест против ископот на литиум appeared first on Република.

]]>

Голем протест против ископувањето на литиум ќе се одржи во Белград на 10 август, најавија „Еко стража“ и организацијата „Не го даваме Јадар“, а во организација на еколошките здруженија протести против отворањето на рудниците за литиум се закажани и во повеќе од десет градови во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Големиот протест против ископувањето на литиум ќе се одржи во Белград на 10 август со почеток во 19 часот во Теразије кога ќе истечат 40-те дена што СЕОС и ги даде на Владата на Србија да го усвои законот за ископ на литиум и да спречи газење на сопствената одлука за прекин на проектот Јадар.
-Протестот го организираат еколошки организации кои со години се борат против загадувањето на животната средина и сега стојат обединети против ова зло што ја надвисна Србија и криминалниот режим кој се обидува да отвори рудник против волјата на народот, објавија на социјалната мрежа „X“, „Еко стража“.
Тие ги повикаа на протест сите граѓани на Србија кои се против ископ на литиум, без разлика на нивната политичка и идеолошка припадност.
-Ова е протест за доброто на сите граѓани. Политичарите и партиските активисти се добредојдени, но без партиски симболи. Од демонстрантите се бара да дојдат со транспаренти, еколошки пораки и без знамиња на други земји и пораки кои ја дехетерогенизираат масата. Време е да научиме да испратиме порака дека народот на Србија е обединет и секој го носи својот дел од одговорноста. Еколошките организации кои ги организираат протестите се воздржуваат од истакнување на сопствени знаци и логоа, за протестот да не се толкува како самопромоција, наведоа од „Еко стража“.
Протести вечерва ќе се одржат во Косјериќ и Младеновац, додека протестот во Панчево е закажан за 2 август. Во Осечина протестот ќе се одржи на 4 август, во Чачак на 5 август, Инџија на 6 август. Потоа во наредните денови протести се закажани во Сремска Митровица, Јагодина, Крагуевац, Горни Милановац и други градови се до 10 август кога е најавениот протест во Белград. Изминативе денови масовни протести на граѓаните против литиумот се одржаа во: Лозница, Ваљево, Љиг, Барајево, Богатиќ, Гроцка, Краљево, Неготин, Шабац, Ариље, Аранѓеловац, Крупањ...На сите собири беше побарано Владата да донесе закон за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија. Рокот за донесување на тој закон кој еколошките здруженија им го одредија на властите е 10 август.

The post Во Белград на 10 август е закажан голем протест против ископот на литиум appeared first on Република.

]]>
Големи протести во Албанија – се фрлаат молотови коктели и се бара оставка од Еди Рама https://republika.mk/vesti/balkan/golemi-protesti-vo-albanija-se-frlaat-molotovi-kokteli-i-se-bara-ostavka-od-edi-rama/ Fri, 12 Jul 2024 12:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=796182

Во Тирана илјадници приврзаници на опозицијата синоќа фрлаа молотови коктели врз зградата на албанската влада и канцеларијата на градоначалникот и се судрија со полицијата.

Тие го обвинија премиерот Еди Рама за корупција, побараа негова оставка и ослободување на опозицискиот лидер Сали Бериша, кој е во домашен притвор.

Бериша е под истрага за наводна корупција за време на неговиот мандат како премиер од 2005 до 2013 година. Тој ги негира наводите и го обвинува Рама за политичка одмазда.

The post Големи протести во Албанија – се фрлаат молотови коктели и се бара оставка од Еди Рама appeared first on Република.

]]>

Во Тирана илјадници приврзаници на опозицијата синоќа фрлаа молотови коктели врз зградата на албанската влада и канцеларијата на градоначалникот и се судрија со полицијата. Тие го обвинија премиерот Еди Рама за корупција, побараа негова оставка и ослободување на опозицискиот лидер Сали Бериша, кој е во домашен притвор. Бериша е под истрага за наводна корупција за време на неговиот мандат како премиер од 2005 до 2013 година. Тој ги негира наводите и го обвинува Рама за политичка одмазда.

The post Големи протести во Албанија – се фрлаат молотови коктели и се бара оставка од Еди Рама appeared first on Република.

]]>
Драстично се поскапени кириите и нема доволно станови за локалците: Жителите на Малага излегоа на протест против масовниот туризам https://republika.mk/vesti/svet/drastichno-se-poskapeni-kiriite-i-nema-dovolno-stanovi-za-lokaltsite-zhitelite-na-malaga-izlegoa-na-protest-protiv-masovniot-turizam/ Sun, 30 Jun 2024 08:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=792028

Илјадници жители на шпанскиот град Малага излегоа на протест против масовниот туризам, кој според нив е причина за високите наеми и недостигот на станови за локалните граѓани.

Многу од демонстрантите носеа плакати со натписи: „Малага не се продава“ и „Ова не е туризам, ова е инвазија“.

Според организаторите, на митингот учествувале околу 25.000 лица, иако шпанскиот весник „Паис“ објави дека демонстрантите биле околу 15.000.

Малага е само уште еден шпански град во кој се одржуваат вакви протести. Демонстрации против масовниот прилив на туристи имаше и во Мајорка, Барселона и на Канарските Острови.

Здружението на наемателите во Малага вели дека постојано растечкиот број на посетители кои изнајмуваат апартмани за одмор е причина за недостигот на станови во градот.

Градот страда, незадоволството е големо. Пред сè, проблемот со станбениот простор требаше да биде ставен на маса, вели портпаролот на демонстрантите за весникот „Паис“.

Во Малага има повеќе од 12.000 законски регистрирани станови за одмор и по овој показател, градот се наоѓа на трето место во Шпанија по Мадрид и Барселона. Освен тоа, многу приватни имоти во Малага и други градови примаат гости незаконски.

The post Драстично се поскапени кириите и нема доволно станови за локалците: Жителите на Малага излегоа на протест против масовниот туризам appeared first on Република.

]]>

Илјадници жители на шпанскиот град Малага излегоа на протест против масовниот туризам, кој според нив е причина за високите наеми и недостигот на станови за локалните граѓани. Многу од демонстрантите носеа плакати со натписи: „Малага не се продава“ и „Ова не е туризам, ова е инвазија“. Според организаторите, на митингот учествувале околу 25.000 лица, иако шпанскиот весник „Паис“ објави дека демонстрантите биле околу 15.000. Малага е само уште еден шпански град во кој се одржуваат вакви протести. Демонстрации против масовниот прилив на туристи имаше и во Мајорка, Барселона и на Канарските Острови. Здружението на наемателите во Малага вели дека постојано растечкиот број на посетители кои изнајмуваат апартмани за одмор е причина за недостигот на станови во градот.
Градот страда, незадоволството е големо. Пред сè, проблемот со станбениот простор требаше да биде ставен на маса, вели портпаролот на демонстрантите за весникот „Паис“.
Во Малага има повеќе од 12.000 законски регистрирани станови за одмор и по овој показател, градот се наоѓа на трето место во Шпанија по Мадрид и Барселона. Освен тоа, многу приватни имоти во Малага и други градови примаат гости незаконски.

The post Драстично се поскапени кириите и нема доволно станови за локалците: Жителите на Малага излегоа на протест против масовниот туризам appeared first on Република.

]]>
Демонстранти и полицијата имаа жесток судир во германскиот град Есен https://republika.mk/vesti/svet/demonstranti-i-politsijata-imaa-zhestok-sudir-vo-germanskiot-grad-esen/ Sat, 29 Jun 2024 10:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=791781

Демонстрантите и полицијата се судрија во германскиот град Есен, каде што се одржува дводневниот конгрес на десничарската германска партија „Алтернатива за Германија“, јави ДПА.

Поголема група демонстранти се обидoa да го пробиjат полицискиот кордон во просторот на салата каде што ќе се одржи партискиот настан.

Полицијата употреби палки и бибер спреј за да ги спречи демонстрантите.

На конгресот учествуваат околу 600 делегати на десничарската партија. Партиските лидери Алис Вајдел и Тино Крупала се борат за реизбор пред германските парламентарни избори следната година.

The post Демонстранти и полицијата имаа жесток судир во германскиот град Есен appeared first on Република.

]]>

Демонстрантите и полицијата се судрија во германскиот град Есен, каде што се одржува дводневниот конгрес на десничарската германска партија „Алтернатива за Германија“, јави ДПА. Поголема група демонстранти се обидoa да го пробиjат полицискиот кордон во просторот на салата каде што ќе се одржи партискиот настан. Полицијата употреби палки и бибер спреј за да ги спречи демонстрантите. На конгресот учествуваат околу 600 делегати на десничарската партија. Партиските лидери Алис Вајдел и Тино Крупала се борат за реизбор пред германските парламентарни избори следната година.

The post Демонстранти и полицијата имаа жесток судир во германскиот град Есен appeared first on Република.

]]>
Европските земјоделци повторно протестираат во Брисел https://republika.mk/vesti/svet/evropskite-zemjodeltsi-povtorno-protestiraat-vo-brisel/ Tue, 04 Jun 2024 07:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=784543

За денеска во Брисел се најавени протести на земјоделците од повеќе европски држави на кои се очекува да го изразат своето незадоволство од земјоделската политика на ЕУ, договорите за слободна трговија на Унијата и регулативите на блокот за заштита на животната средина.

Како што соопшти бриселската полиција поради протестите можни се блокади и застои во сообраќајот во градот.

Стартот на протестите е закажан за утрово на платото Хејсел, во близина на бриселскиот саемски комплекс и стадионот „Крал Бодуен“, од каде според најавите земјоделците со своите трактори ќе се упатат кон т.н. европски кварт на Брисел, каде се сместени институциите на ЕУ, при што ќе минат преку голем дел од градот.

Се очекува протестите и блокадите во градот да траат до попладневните часови, поради што полицијата им препорачува на жителите на Брисел да користат јавен превоз, наместо да се движат со своите возила.

Протестите се закажани во неделата кога се одржуваат изборите за членови на Европскиот парламент, што се смета за обид за дополнителен притисок врз институциите на ЕУ.

Денешните демонстрации следат по протестот во Брисел во саботата во организација на групата „Добра храна, добро земјоделство“ и Мрежата за климатска акција (КАН) од кои околу стотина демонстранти побараа европска политика за борба против глобалното затоплување и зачувување на екосистемите, но „без казнување на земјоделците“.

Според организаторите на саботниот протест од суштинско значење е развивање на европска политика за фер транзиција во земјоделско-прехранбените системи во ЕУ.

– Само со здружување на социјалните и еколошките напори ќе можеме да се справиме со кризите со кои се соочуваме и да обезбедиме фер иднина за сите, изјави Миа Манчини од организацијата „Добра храна, добро земјоделство“ за белгиската новинска агенција Белга.

The post Европските земјоделци повторно протестираат во Брисел appeared first on Република.

]]>

За денеска во Брисел се најавени протести на земјоделците од повеќе европски држави на кои се очекува да го изразат своето незадоволство од земјоделската политика на ЕУ, договорите за слободна трговија на Унијата и регулативите на блокот за заштита на животната средина. Како што соопшти бриселската полиција поради протестите можни се блокади и застои во сообраќајот во градот. Стартот на протестите е закажан за утрово на платото Хејсел, во близина на бриселскиот саемски комплекс и стадионот „Крал Бодуен“, од каде според најавите земјоделците со своите трактори ќе се упатат кон т.н. европски кварт на Брисел, каде се сместени институциите на ЕУ, при што ќе минат преку голем дел од градот. Се очекува протестите и блокадите во градот да траат до попладневните часови, поради што полицијата им препорачува на жителите на Брисел да користат јавен превоз, наместо да се движат со своите возила. Протестите се закажани во неделата кога се одржуваат изборите за членови на Европскиот парламент, што се смета за обид за дополнителен притисок врз институциите на ЕУ. Денешните демонстрации следат по протестот во Брисел во саботата во организација на групата „Добра храна, добро земјоделство“ и Мрежата за климатска акција (КАН) од кои околу стотина демонстранти побараа европска политика за борба против глобалното затоплување и зачувување на екосистемите, но „без казнување на земјоделците“. Според организаторите на саботниот протест од суштинско значење е развивање на европска политика за фер транзиција во земјоделско-прехранбените системи во ЕУ. – Само со здружување на социјалните и еколошките напори ќе можеме да се справиме со кризите со кои се соочуваме и да обезбедиме фер иднина за сите, изјави Миа Манчини од организацијата „Добра храна, добро земјоделство“ за белгиската новинска агенција Белга.

The post Европските земјоделци повторно протестираат во Брисел appeared first on Република.

]]>
Протест на жителите, блокиран патот од Битола кон РЕК https://republika.mk/vesti/makedonija/protest-na-zhitelite-blokiran-patot-od-bitola-kon-rek/ Wed, 29 May 2024 09:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=782684

Сообраќајот на регионалнот пат Битола кон селото Маково, односно на патот кон РЕК Битола е блокиран во двата правца, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Блокадата е од 10 часот поради јавен собир.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vo-soobrakajna-nesreka-pri-sudir-na-kamioni-koi-nosat-uvozen-jaglen-na-omilenata-firma-na-beloruskiot-konzul-zagina-chovek/

The post Протест на жителите, блокиран патот од Битола кон РЕК appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на регионалнот пат Битола кон селото Маково, односно на патот кон РЕК Битола е блокиран во двата правца, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Блокадата е од 10 часот поради јавен собир. https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vo-soobrakajna-nesreka-pri-sudir-na-kamioni-koi-nosat-uvozen-jaglen-na-omilenata-firma-na-beloruskiot-konzul-zagina-chovek/

The post Протест на жителите, блокиран патот од Битола кон РЕК appeared first on Република.

]]>
Неколку илјади Шпанци протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“ https://republika.mk/vesti/svet/nekolku-iljadi-shpantsi-protestiraa-vo-palma-de-majorka-poradi-prekumerniot-turizam/ Sun, 26 May 2024 09:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=781778

Неколку илјади луѓе синоќа протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“, извор на приход за шпанскиот балеарски архипелаг, но и еден вид бариера за нормалниот живот на локалното население.

Марширајќи зад транспарентот „Мајорка не се продава“, демонстрантите поминаа низ центарот на градот.

Организаторите особено ги истакнуваат огромните трошоци за домување на овој медитерански остров, со помалку од милион жители, поради масовниот туризам.

Меѓу поплаките што ги искажаа жителите се зголемениот притисок врз недвижностите, зголемените туристички кирии кои принудија многу жители да ги напуштат центрите на градовите, бучавата и загадувањето на животната средина.

Шпанија, втората најголема туристичка дестинација во светот по Франција, примила 85 милиони странски посетители во 2023 година, според официјалната статистика.

Од овие 85 милиони, 14,4 милиони слетаа на Балеарските Острови, вториот по големина регион во Шпанија во однос на пристигнувањето туристи.

Архипелагот е особено популарен меѓу германските, британските и холандските туристи.

The post Неколку илјади Шпанци протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“ appeared first on Република.

]]>

Неколку илјади луѓе синоќа протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“, извор на приход за шпанскиот балеарски архипелаг, но и еден вид бариера за нормалниот живот на локалното население. Марширајќи зад транспарентот „Мајорка не се продава“, демонстрантите поминаа низ центарот на градот. Организаторите особено ги истакнуваат огромните трошоци за домување на овој медитерански остров, со помалку од милион жители, поради масовниот туризам. Меѓу поплаките што ги искажаа жителите се зголемениот притисок врз недвижностите, зголемените туристички кирии кои принудија многу жители да ги напуштат центрите на градовите, бучавата и загадувањето на животната средина. Шпанија, втората најголема туристичка дестинација во светот по Франција, примила 85 милиони странски посетители во 2023 година, според официјалната статистика. Од овие 85 милиони, 14,4 милиони слетаа на Балеарските Острови, вториот по големина регион во Шпанија во однос на пристигнувањето туристи. Архипелагот е особено популарен меѓу германските, британските и холандските туристи.

The post Неколку илјади Шпанци протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“ appeared first on Република.

]]>
Илјадници Израелци протестираа во Тел Авив барајќи враќање на заложниците од Газа https://republika.mk/vesti/svet/iljadnitsi-izraeltsi-protestiraa-vo-tel-aviv-barajki-vrakane-na-zalozhnitsite-od-gaza/ Sun, 26 May 2024 06:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=781735

Неколку илјади Израелци синоќа се собраа во Тел Авив за да побараат итна владина акција за да се обезбеди ослободување на заложниците во Газа, откако армијата ги пронајде телата на три лица киднапирани од палестинското движење Хамас на 7 октомври.

Демонстрантите им оддадоа почит на загинатите заложници со едноминутно молчење на плоштадот во Тел Авив.

Израелската армија во петокот објави дека нејзините сили пронашле безживотни тела на тројца заложници за време на операција во Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа.

Војната во Појасот Газа започна на 7 октомври по нападот на Хамас, кога загинаа повеќе од 1.170 луѓе, од кои повеќето цивили. Тој ден од палестинска територија како заложници беа земени 252 лица.

По прекинот на огнот во ноември, кој овозможи ослободување на дел од нив, сè уште има 121 заложник во Газа, од кои 37 се верува дека се мртви, според израелската војска.

The post Илјадници Израелци протестираа во Тел Авив барајќи враќање на заложниците од Газа appeared first on Република.

]]>

Неколку илјади Израелци синоќа се собраа во Тел Авив за да побараат итна владина акција за да се обезбеди ослободување на заложниците во Газа, откако армијата ги пронајде телата на три лица киднапирани од палестинското движење Хамас на 7 октомври. Демонстрантите им оддадоа почит на загинатите заложници со едноминутно молчење на плоштадот во Тел Авив. Израелската армија во петокот објави дека нејзините сили пронашле безживотни тела на тројца заложници за време на операција во Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа. Војната во Појасот Газа започна на 7 октомври по нападот на Хамас, кога загинаа повеќе од 1.170 луѓе, од кои повеќето цивили. Тој ден од палестинска територија како заложници беа земени 252 лица. По прекинот на огнот во ноември, кој овозможи ослободување на дел од нив, сè уште има 121 заложник во Газа, од кои 37 се верува дека се мртви, според израелската војска.

The post Илјадници Израелци протестираа во Тел Авив барајќи враќање на заложниците од Газа appeared first on Република.

]]>
Германскиот министер за правда побара одговорност по протестите на студентите https://republika.mk/vesti/svet/germanskiot-minister-za-pravda-pobara-odgovornost-po-protestite-na-studentite/ Fri, 24 May 2024 08:29:18 +0000 https://republika.mk/?p=781333

Германскиот министер за правда Марко Бушман ги критикуваше професорите за нивната улога во неодамнешните пропалестински протести на германските универзитети и повика тие да одговараат, јави ДПА.

„Лично, би сакал професорите да ги охрабрат своите студенти да презентираат аргументи. Конкретно на универзитетите треба да е важен посилниот аргумент, а не погласниот крик“, изјави министерот за медиумската група „Функе“.

„Не треба да има закани, навреди, одобрување кривични дела“, додаде министерот Бушман.

На германските универзитети продолжуваат протестите поради акциите на Израел во конфликтот во Газа, а студентите изразија солидарност со Палестинците.

Во четвртокот, полицијата растера делови од берлинскиот универзитет Хумболт кои беа окупирани од околу 150 пропалестински активисти.

Управата на универзитетот првично ги толерираше протестите и избра да стапи во дијалог со студентите и професорите, иако наиде на широки критики од политичарите.

The post Германскиот министер за правда побара одговорност по протестите на студентите appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за правда Марко Бушман ги критикуваше професорите за нивната улога во неодамнешните пропалестински протести на германските универзитети и повика тие да одговараат, јави ДПА. „Лично, би сакал професорите да ги охрабрат своите студенти да презентираат аргументи. Конкретно на универзитетите треба да е важен посилниот аргумент, а не погласниот крик“, изјави министерот за медиумската група „Функе“. „Не треба да има закани, навреди, одобрување кривични дела“, додаде министерот Бушман. На германските универзитети продолжуваат протестите поради акциите на Израел во конфликтот во Газа, а студентите изразија солидарност со Палестинците. Во четвртокот, полицијата растера делови од берлинскиот универзитет Хумболт кои беа окупирани од околу 150 пропалестински активисти. Управата на универзитетот првично ги толерираше протестите и избра да стапи во дијалог со студентите и професорите, иако наиде на широки критики од политичарите.

The post Германскиот министер за правда побара одговорност по протестите на студентите appeared first on Република.

]]>
Протест на вработените во Пошта низ цела Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/protest-na-vrabotenite-vo-poshta-niz-tsela-makedonija/ Wed, 22 May 2024 05:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=780656

Вработените на АД Пошта денеска во сите подружници во земјава ќе одржат протест барајќи исплата на платата за април и итно отпочнување на реформи за реорганизација и оптимизација во работењето.

Поради сериозноста на состојбите во која е доведено опстојувањето на АД Пошта на РСМ, зачувувањето на работните места на вработените и егзистенцијаta на нивните семејства, синдикалните организации и вработените на ден 22.05.2024 год (среда) со почеток на работното време од 08.00 чaсот ќе одржат протест во сите подружници во Македонија, велат од синдикатот на АД Пошта.

Вработените, како што наведуваат од синдикатот, со протестот ја отпочнуваат постапката за штрајк.

The post Протест на вработените во Пошта низ цела Македонија appeared first on Република.

]]>

Вработените на АД Пошта денеска во сите подружници во земјава ќе одржат протест барајќи исплата на платата за април и итно отпочнување на реформи за реорганизација и оптимизација во работењето.
Поради сериозноста на состојбите во која е доведено опстојувањето на АД Пошта на РСМ, зачувувањето на работните места на вработените и егзистенцијаta на нивните семејства, синдикалните организации и вработените на ден 22.05.2024 год (среда) со почеток на работното време од 08.00 чaсот ќе одржат протест во сите подружници во Македонија, велат од синдикатот на АД Пошта.
Вработените, како што наведуваат од синдикатот, со протестот ја отпочнуваат постапката за штрајк.

The post Протест на вработените во Пошта низ цела Македонија appeared first on Република.

]]>