Прохор Пчински Archives - Република https://republika.mk/tema/prohor-pchinski/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 13:33:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Прохор Пчински Archives - Република https://republika.mk/tema/prohor-pchinski/ 32 32 Односите ни се невообичаено скандинавски, се чувствува тоа, вели македонската претседателка, Вучиќ ѝ порача: Овде сте како во своја куќа https://republika.mk/vesti/makedonija/odnosite-ni-se-nevoobichaeno-skandinavski-se-chuvstvuva-toa-veli-makedonskata-pretsedatelka-vuchik-poracha-ovde-ste-kako-vo-svoja-kuka/ Fri, 02 Aug 2024 13:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=802809

Односите меѓу државите се извонредни и невообичаено скандинавски на Балканот, оцени претседателката Гордана Сиљановска Давкова по билатералната средба со нејзиниот српски колега, Александар Вучиќ, во манастирот Прохор Пчињски. Двајцата претседатели  по билатералната средба изразија задоволство од досегашните односи и уверување оти ќе продолжат да се развиваат.

Сиљановска Давкова посочи дека АСНОМ е нашиот втор Илинден, најважниот или празникот на празниците за нас, бидејќи, вели, тоа е денот на создавањето на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, рече претседателката.

Односите јас денеска ги нареков, и ќе повторам и овде, како невообичаено скандинавски на Балканот, бидејќи она што правеа Данска, Финска и Шведска за Латвија, Летонија и Естонија еве јас денеска го почувствував овде, рече претседателката.

Таа кажа дека се радува што и од едната и од другата страна видела Македонци, Србии други граѓани што покажува дека „односите се извонредни, добрососедски во вистинска смисла на зборот, односи зад кои стои желба за солидарност, за помош и за трајна соработка".

Инспиративен е амбиентот, инспиративна беше духовната храна денеска и уште еднаш благодарност и за разбирањето бидејќи навистина логично е да го славите денот онаму каде што се случил. Такви денови и Србија има, споменици и мислам дека истото треба да продолжиме да го правиме. Можеби еден ден мислам дека е најдобро да го регулираме овој однос со потпишување на еден договор, тогаш навистина ќе дадеме еден добар пример, рече претседателката.

Сиљановска Давкова во изјавата за медиумите рече дека е заговорник на регионалната соработка, и верува во меѓусебната поддршка и разбирањето.

 Затоа треба да сториме се’ да ги решаваме проблемите меѓу себе, да не дозволуваме на „зелени маси“ да се решаваат зошто не случајно живееме едни крај други, рече претседателката која меѓу другото се заблагодари и за помошта од Србија во гасењето на пожарите.

Во однос на железницата таа кажа дека е важна и е надлежност на Владата.

Претседателот Вучиќ по билатералната средба го честиташе празникот Илинден на граѓаните, а на претседателката и посака успешна работа во следните години, а во Србија да се чувствува како во своја куќа оти е декогаш е добредојдена.

Сакам да го честитам денешниот празник Свети Илија на сите во Србија и сакам на вас Македонците да ви го честитам Илинден, голем празник за македонскиот народ и да им посакам уште многу години, децении и векови да го слават својот празник и ја молам претседателската во Србија да се чувствува како во своја куќа. Секогаш е добредојдена, рече Вучиќ.

На средбата разговарале и за политички прашања како евроинтегративниот пат на двете држави, за проблемите со кои се соочуваат, како и за прашања кои се од заеднички интерес на народите и на државите, а ја спомнаа и изгрдабата на брзата пруга од Будимпешта преку Србија и нашата земја до Грција.

Сигурен сум дека Србија и Македонија ќе ги развиваат уште повеќе меѓусебните односи, дека ќе ги градиме внимателно нашите односи со меѓусебна почит и дека ќе работиме на конкретни проекти. Денеска овде е и потпретседателот на Владата г. Стојиљковиќ. Како претседател на Србија изразив волја ние да ја градиме пругата до Прешово, а вие 190 километри од Табановце до Гевгелија за да овозможиме побрзо доаѓање до Солун со брза пруга и мислам дека тоа би било од огромно значење за двете страни, кажа Вучиќ.

Во однос на трговската размена  српскиот претседател укажа дека била 1,75 милијарди евра и изрази уверување дека во наредните две години ќе достигне над две милијарди евра во размена.

Уште многу, многу заеднички да направиме, меѓусебно да се подржуваме не само со иницијативата Отворен Балкан, туку секаде и на сите меѓународни форуми, организации и институции, рече Вучиќ кој очекува Сиљановска Давкова до крајот на годината да оствари официјална посета на Белград.

Во состав на државно-црковната делегација која ја предводеше претседателката Сиљановска Давкова на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ беа потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Република Србија, Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј.

The post Односите ни се невообичаено скандинавски, се чувствува тоа, вели македонската претседателка, Вучиќ ѝ порача: Овде сте како во своја куќа appeared first on Република.

]]>

Односите меѓу државите се извонредни и невообичаено скандинавски на Балканот, оцени претседателката Гордана Сиљановска Давкова по билатералната средба со нејзиниот српски колега, Александар Вучиќ, во манастирот Прохор Пчињски. Двајцата претседатели  по билатералната средба изразија задоволство од досегашните односи и уверување оти ќе продолжат да се развиваат. Сиљановска Давкова посочи дека АСНОМ е нашиот втор Илинден, најважниот или празникот на празниците за нас, бидејќи, вели, тоа е денот на создавањето на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, рече претседателката.    
Односите јас денеска ги нареков, и ќе повторам и овде, како невообичаено скандинавски на Балканот, бидејќи она што правеа Данска, Финска и Шведска за Латвија, Летонија и Естонија еве јас денеска го почувствував овде, рече претседателката.
Таа кажа дека се радува што и од едната и од другата страна видела Македонци, Србии други граѓани што покажува дека „односите се извонредни, добрососедски во вистинска смисла на зборот, односи зад кои стои желба за солидарност, за помош и за трајна соработка".    
Инспиративен е амбиентот, инспиративна беше духовната храна денеска и уште еднаш благодарност и за разбирањето бидејќи навистина логично е да го славите денот онаму каде што се случил. Такви денови и Србија има, споменици и мислам дека истото треба да продолжиме да го правиме. Можеби еден ден мислам дека е најдобро да го регулираме овој однос со потпишување на еден договор, тогаш навистина ќе дадеме еден добар пример, рече претседателката.
Сиљановска Давкова во изјавата за медиумите рече дека е заговорник на регионалната соработка, и верува во меѓусебната поддршка и разбирањето.  
 Затоа треба да сториме се’ да ги решаваме проблемите меѓу себе, да не дозволуваме на „зелени маси“ да се решаваат зошто не случајно живееме едни крај други, рече претседателката која меѓу другото се заблагодари и за помошта од Србија во гасењето на пожарите.
Во однос на железницата таа кажа дека е важна и е надлежност на Владата. Претседателот Вучиќ по билатералната средба го честиташе празникот Илинден на граѓаните, а на претседателката и посака успешна работа во следните години, а во Србија да се чувствува како во своја куќа оти е декогаш е добредојдена.
Сакам да го честитам денешниот празник Свети Илија на сите во Србија и сакам на вас Македонците да ви го честитам Илинден, голем празник за македонскиот народ и да им посакам уште многу години, децении и векови да го слават својот празник и ја молам претседателската во Србија да се чувствува како во своја куќа. Секогаш е добредојдена, рече Вучиќ.
  На средбата разговарале и за политички прашања како евроинтегративниот пат на двете држави, за проблемите со кои се соочуваат, како и за прашања кои се од заеднички интерес на народите и на државите, а ја спомнаа и изгрдабата на брзата пруга од Будимпешта преку Србија и нашата земја до Грција.
Сигурен сум дека Србија и Македонија ќе ги развиваат уште повеќе меѓусебните односи, дека ќе ги градиме внимателно нашите односи со меѓусебна почит и дека ќе работиме на конкретни проекти. Денеска овде е и потпретседателот на Владата г. Стојиљковиќ. Како претседател на Србија изразив волја ние да ја градиме пругата до Прешово, а вие 190 километри од Табановце до Гевгелија за да овозможиме побрзо доаѓање до Солун со брза пруга и мислам дека тоа би било од огромно значење за двете страни, кажа Вучиќ.
      Во однос на трговската размена  српскиот претседател укажа дека била 1,75 милијарди евра и изрази уверување дека во наредните две години ќе достигне над две милијарди евра во размена.
Уште многу, многу заеднички да направиме, меѓусебно да се подржуваме не само со иницијативата Отворен Балкан, туку секаде и на сите меѓународни форуми, организации и институции, рече Вучиќ кој очекува Сиљановска Давкова до крајот на годината да оствари официјална посета на Белград.
Во состав на државно-црковната делегација која ја предводеше претседателката Сиљановска Давкова на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ беа потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Република Србија, Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј.

The post Односите ни се невообичаено скандинавски, се чувствува тоа, вели македонската претседателка, Вучиќ ѝ порача: Овде сте како во своја куќа appeared first on Република.

]]>
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Илинден во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и во манастирот „Св. Прохор Пчински“ https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-gordana-silanovska-davkova-na-ilinden-vo-memorijalniot-tsentar-na-asnom-vo-pelintse-i-vo-manastirot-sv-prohor-pchinski/ Thu, 01 Aug 2024 08:38:41 +0000 https://republika.mk/?p=802203

По повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, под покровителство на претседатeлката Гордана Сиљановска Давкова, утре – 2 август 2024 година, петок, предвидени се следните активности:

Во Пелинце, со почеток во 10:00 часот, претседателката Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ, ќе има обраќање и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”.

Во манастирот „Св. Прохор Пчински“, со почеток во 12:00 часот, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ.

Во манастирот „Прохор Пчински“, претседателката Сиљановска Давкова ќе биде пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Двајцата претседатели ќе остварат билатерална средба.

Во состав на државно-црковната делегација која ја предводи претседателката Сиљановска Давкова на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Република Србија, Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и Митрополит Кумановско-осоговски Григориј.

Во Скопје, делегација од Кабинетот на претседателот, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена-борец“, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието и пред споменикот на Методија Андонов - Ченто на плоштад „Македонија“.

Во Крушево, делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, пред споменикот на хероите на месноста „Слива“ и на Мечкин Камен.

Во Смилево, делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи свежо цвеќе на Могилата на Даме Груев, пред споменикот на смилевските илинденци и на спомен-плочата на партизанскиот одред „Даме Груев“.

The post Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Илинден во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и во манастирот „Св. Прохор Пчински“ appeared first on Република.

]]>

По повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, под покровителство на претседатeлката Гордана Сиљановска Давкова, утре – 2 август 2024 година, петок, предвидени се следните активности: Во Пелинце, со почеток во 10:00 часот, претседателката Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ, ќе има обраќање и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”. Во манастирот „Св. Прохор Пчински“, со почеток во 12:00 часот, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ. Во манастирот „Прохор Пчински“, претседателката Сиљановска Давкова ќе биде пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Двајцата претседатели ќе остварат билатерална средба. Во состав на државно-црковната делегација која ја предводи претседателката Сиљановска Давкова на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Република Србија, Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и Митрополит Кумановско-осоговски Григориј. Во Скопје, делегација од Кабинетот на претседателот, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена-борец“, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието и пред споменикот на Методија Андонов - Ченто на плоштад „Македонија“. Во Крушево, делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, пред споменикот на хероите на месноста „Слива“ и на Мечкин Камен. Во Смилево, делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи свежо цвеќе на Могилата на Даме Груев, пред споменикот на смилевските илинденци и на спомен-плочата на партизанскиот одред „Даме Груев“.

The post Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Илинден во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и во манастирот „Св. Прохор Пчински“ appeared first on Република.

]]>
Српскиот хеликоптер „Супер Пума“ го гаснеше пожарот кај Прохор Пчински https://republika.mk/vesti/balkan/srpskiot-helikopter-super-puma-go-gasneshe-pozharot-kaj-prohor-pchinski/ Wed, 31 Jul 2024 19:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=802093

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, Секторот за вонредни состојби и хеликоптерската единица денеска беа употребени во гаснењето на пожарите кај Рашка и Прохор Пчински, како и во источниот дел на Македонија, кај Свети Николе, јави дописникот на МИА од Белград.

-Хеликоптерот „Супер Пума“ на Хеликоптерската единица на МВР на Србија, испратен за содејство со припадниците на Секторот за вонредни состојби во гаснењето пожар на планината Козјак, кај манастирот Прохор Пчински го заврши својот ангажман на споменатата локација. Извршени се вкупно девет налети и фрлени се 27 тони вода на опожарената површина, соопшти српското МВР.

Во него се додава дека на гаснењето пожар на исклучително непристапен терен на Козјак биле ангажирани 54 пожарникари и спасувачи со 17 возила од противпожарните и спасувачките единици на Врање, Белград, Ниш, Лесковац, Крушевац, Смедерево, Панчево, Јагодина, Крагуевац и Пирот, како и двајца припадници на Управата за противпожарна и спасувачка единица. Како помош на пожарникарите - спасувачи биле ангажирани четворица припадници на доброволните противпожарни единици со едно возило.

-Хеликоптерот на МВР на Р. Србија, „Агуста Бел 212“ со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни состојби, што врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата на Македонија, е испратен во Македонија за да пружи помош во гаснењето на пожарот, делува на подрачјето на населбата Долно Ѓуѓанци, во близина на градот Свети Николе. По извршени 12 налети при што на опожарената површина биле фрлени 12 тони вода, пожарот бил локализиран на наведената локација. Хеликоптерот на МВР на Србија утре ќе придолжи да дејствува на истата локација, се наведува во соопштенеито на српското МВР

The post Српскиот хеликоптер „Супер Пума“ го гаснеше пожарот кај Прохор Пчински appeared first on Република.

Вучиќ од Прохор Пчински: Ги сакаме Македонците, го сакаме и македонскиот јазик и не мислиме дека не постои https://republika.mk/vesti/makedonija/vuchik-od-prohor-pchinski-gi-sakame-makedontsite-go-sakame-i-makedonskiot-jazik-i-ne-mislime-deka-ne-postoi/ Wed, 02 Aug 2023 12:43:29 +0000 https://republika.mk/?p=667911

Навистина бев воодушевен утрово кога тука видов луѓе од Македонија кои зборуваат на македонски јазик. Ние Србите, како што знаете, ги сакаме Македонците и го сакаме македонскиот јазик и не мислиме дека не постои или не знам што. Напротив, одлично го разбираме македонскиот јазик како што знам дека и вие го разбирате и го зборувате српскиот јазик. Немам никаков проблем да кажам дека ние сме не само пријатели, туку дека како народ имаме братски односи и во секој случај, верувам дека тие односи и натаму ќе се развиваат, рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по билатералната средба со својот македонски колега, претседателот Стево Пендаровски во Прохор Пчински.

Пендаровски, кој по повод државниот празник Илинден положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“, беше пречекан од својот српски колега Вучиќ.

Македонија и Србија имаат одлична соработка, негуваат исклучително добри пријателски односи и меѓу нив не постојат отворени прашања. Нашата трговска размена е 1,5 милијарди евра годишно, а верувам дека и натаму ќе расте. Заеднички работиме на олеснување на животот и на подобрување на животниот стандард на граѓаните од двете земји. Сега разговараме за спојување преку нашите железници со што ќе бидеме уште поблиску едни до други и уште подобро поврзани - изјави Вучиќ.

Српскиот претседател упати благодарност до владиката Пахомије за гостопримството, но, како што истакна, и до патријархот Порфирије „за историските одлуки што ги донесе СПЦ на добробит и во корист на двата наши народа, и српскиот и македонскиот“.

Веќе немаме никакви отворени прашања. Ние Србите ги сакаме Македонците, ја сакаме Македонија. Ништо не бараме и ништо не ни е потребно, освен уште повеќе и подобро да соработуваме. Ги немаме ние тие ситни пречки „кој што кому пред или внатре му кажал, му покажал или не“ - рече Вучиќ, упатувајќи честитки по повод Илинден на македонски јазик.

Претседателот Пендаровски му заблагодари на Вучиќ што Србија од минатата година овозможи повторно чествување на Илинден во Прохор Пчински.

Вучиќ од лани овозможи земјава повторно да го слави државниот празник каде што е формирана. Се надевам дека и натаму ќе се гледаме на ова место и ќе им оддаваме почит на нашите најголеми национални великани - истакна Пендаровски.

Тој и Вучиќ, како што најави српскиот претседател, по Прохор Пчински ќе продолжат во Врање, каде на работен ручек ќе разговараат за „натамошните чекори“.

Во состав на државно-црковната делегација што ја предводеше претседателот Пендаровски на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ беа потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, Викарен Епископ Хераклејски г. Климент и претставници од Сојузот на борците на НОБ.

The post Вучиќ од Прохор Пчински: Ги сакаме Македонците, го сакаме и македонскиот јазик и не мислиме дека не постои appeared first on Република.

]]>

Навистина бев воодушевен утрово кога тука видов луѓе од Македонија кои зборуваат на македонски јазик. Ние Србите, како што знаете, ги сакаме Македонците и го сакаме македонскиот јазик и не мислиме дека не постои или не знам што. Напротив, одлично го разбираме македонскиот јазик како што знам дека и вие го разбирате и го зборувате српскиот јазик. Немам никаков проблем да кажам дека ние сме не само пријатели, туку дека како народ имаме братски односи и во секој случај, верувам дека тие односи и натаму ќе се развиваат, рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по билатералната средба со својот македонски колега, претседателот Стево Пендаровски во Прохор Пчински. Пендаровски, кој по повод државниот празник Илинден положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“, беше пречекан од својот српски колега Вучиќ.
Македонија и Србија имаат одлична соработка, негуваат исклучително добри пријателски односи и меѓу нив не постојат отворени прашања. Нашата трговска размена е 1,5 милијарди евра годишно, а верувам дека и натаму ќе расте. Заеднички работиме на олеснување на животот и на подобрување на животниот стандард на граѓаните од двете земји. Сега разговараме за спојување преку нашите железници со што ќе бидеме уште поблиску едни до други и уште подобро поврзани - изјави Вучиќ.
Српскиот претседател упати благодарност до владиката Пахомије за гостопримството, но, како што истакна, и до патријархот Порфирије „за историските одлуки што ги донесе СПЦ на добробит и во корист на двата наши народа, и српскиот и македонскиот“.
Веќе немаме никакви отворени прашања. Ние Србите ги сакаме Македонците, ја сакаме Македонија. Ништо не бараме и ништо не ни е потребно, освен уште повеќе и подобро да соработуваме. Ги немаме ние тие ситни пречки „кој што кому пред или внатре му кажал, му покажал или не“ - рече Вучиќ, упатувајќи честитки по повод Илинден на македонски јазик.
Претседателот Пендаровски му заблагодари на Вучиќ што Србија од минатата година овозможи повторно чествување на Илинден во Прохор Пчински.
Вучиќ од лани овозможи земјава повторно да го слави државниот празник каде што е формирана. Се надевам дека и натаму ќе се гледаме на ова место и ќе им оддаваме почит на нашите најголеми национални великани - истакна Пендаровски.
Тој и Вучиќ, како што најави српскиот претседател, по Прохор Пчински ќе продолжат во Врање, каде на работен ручек ќе разговараат за „натамошните чекори“. Во состав на државно-црковната делегација што ја предводеше претседателот Пендаровски на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ беа потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, Викарен Епископ Хераклејски г. Климент и претставници од Сојузот на борците на НОБ.

The post Вучиќ од Прохор Пчински: Ги сакаме Македонците, го сакаме и македонскиот јазик и не мислиме дека не постои appeared first on Република.

]]>
Не издржа ни десет дена: Tргната плочата за АСНОМ во Прохор Пчињски https://republika.mk/vesti/balkan/ne-izdrza-ni-deset-dena-trgnata-plochata-za-asnom-vo-prohor-pchinjski/ Wed, 10 Aug 2022 11:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=538726

Извадена е плочата поставена во чест на одржаното заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски.

Македонски државјани кои го посетиле манастирот за expres.mk тврдат дека плочата ја нема на местото каде што била на Илинден.

Претседателот Стево Пендаровски прв се поклони пред новопоставената спомен-плоча за Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, кога се поставени темелите на современата македонска држава по Втората светска војна. Во изјава за медиумите тогаш изрази надеж дека во иднина чествувањето на заседанието на АСНОМ ќе се одржува во манастирот.

The post Не издржа ни десет дена: Tргната плочата за АСНОМ во Прохор Пчињски appeared first on Република.

]]>

Извадена е плочата поставена во чест на одржаното заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски. Македонски државјани кои го посетиле манастирот за expres.mk тврдат дека плочата ја нема на местото каде што била на Илинден. Претседателот Стево Пендаровски прв се поклони пред новопоставената спомен-плоча за Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, кога се поставени темелите на современата македонска држава по Втората светска војна. Во изјава за медиумите тогаш изрази надеж дека во иднина чествувањето на заседанието на АСНОМ ќе се одржува во манастирот.

The post Не издржа ни десет дена: Tргната плочата за АСНОМ во Прохор Пчињски appeared first on Република.

]]>
Пендаровски не знае или така му чини: Последната македонска делегација во „Прохор Пчински“ ја предводел Вељановски во 2009 година https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ne-znae-ili-taka-mu-chini-poslednata-makedonska-delegacija-vo-prohor-pchinski-ja-predvodel-veljanovski-vo-2009-godina/ Tue, 02 Aug 2022 20:15:50 +0000 https://republika.mk/?p=536253

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски упати благодарност до пријателите од Србија за гестот делегација од Македонија предводена од претседателот Стево Пендаровски да го чествува Илинден во манастирот „Свети Прохор Пчински“, кој се наоѓа на самата македонско-српска граница.

Сепак, Вељановски забележува на информацијата што беше објавена од Кабинетот на Пендаровски, а и самиот тој ја повтори дека македонска делегација последен пат го празнувала Илинден во манастирот пред 18 години.

Исто така, вели Вељановски во својата објава, таблата која денеска беше претставена како дипломатско достигнување ниту е оригиналната табла, ниту таа е на местото на кое треба да стои.

▶️ Им благодариме на пријателите од Србија за денешниот гест со посетата на Претседателот Стево Пендаровски на манастирот Свети Прохор Пчињски.
🧭 Сепак, Претседателот на #Македонија🇲🇰 бил должен да знае дека последен пат на ова историско место бил Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски во 2009 година, а не така како што беше кажано!
🔎 Освен тоа, протоколот на нашата држава наместо да прикажува нереални дипломатски достигнувања и наводни несекојдневни успеси, требало да биде информиран дека таблата пред која денеес се поклонија преставниците на нашата држава, ниту е оригиналната табла, ниту таа е на местото на кое треба да стои!!!
▶️ Македонија поминала многу премрежија! Ќе го поминеме заедно и ова!
🥇 Честит Илинден Македонијо!

The post Пендаровски не знае или така му чини: Последната македонска делегација во „Прохор Пчински“ ја предводел Вељановски во 2009 година appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски упати благодарност до пријателите од Србија за гестот делегација од Македонија предводена од претседателот Стево Пендаровски да го чествува Илинден во манастирот „Свети Прохор Пчински“, кој се наоѓа на самата македонско-српска граница. Сепак, Вељановски забележува на информацијата што беше објавена од Кабинетот на Пендаровски, а и самиот тој ја повтори дека македонска делегација последен пат го празнувала Илинден во манастирот пред 18 години. Исто така, вели Вељановски во својата објава, таблата која денеска беше претставена како дипломатско достигнување ниту е оригиналната табла, ниту таа е на местото на кое треба да стои. ▶️ Им благодариме на пријателите од Србија за денешниот гест со посетата на Претседателот Стево Пендаровски на манастирот Свети Прохор Пчињски. 🧭 Сепак, Претседателот на #Македонија🇲🇰 бил должен да знае дека последен пат на ова историско место бил Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски во 2009 година, а не така како што беше кажано! 🔎 Освен тоа, протоколот на нашата држава наместо да прикажува нереални дипломатски достигнувања и наводни несекојдневни успеси, требало да биде информиран дека таблата пред која денеес се поклонија преставниците на нашата држава, ниту е оригиналната табла, ниту таа е на местото на кое треба да стои!!! ▶️ Македонија поминала многу премрежија! Ќе го поминеме заедно и ова! 🥇 Честит Илинден Македонијо!

The post Пендаровски не знае или така му чини: Последната македонска делегација во „Прохор Пчински“ ја предводел Вељановски во 2009 година appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Се надевам дека 2 Август во иднина ќе го прославуваме во Прохор Пчински https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-se-nadevam-deka-2-avgust-vo-idnina-kje-go-proslavuvame-vo-prohor-pchinski/ Tue, 02 Aug 2022 12:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=536112

Претседателот Стево Пендаровски, кој со македонска државно-црковна делегација, по пауза од 18 години денеска на Илинден беше во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“ изјави дека е договорено во најскоро време да се формира работна група на ниво на министерства за надворешни работи со Србија која ќе треба да ги договори идните прослави на 2 Август во манастирот.

По посетата на манастирот, каде положи цвеќе, Пендаровски им се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ и на поглаварот на СПЦ Порфириј затоа што, како што рече, ни овозможиле после 18 години пауза да дојдеме на ова свето место и да го одбележиме најголемиот македонски државен празник.

Ова е местото каде што е формирана современата македонска држава и знаете од различни причини не можевме да дојдеме тука и на ова место тука да го прославиме тој празник, па знаете, правевме некои алтернативни паралелни прослави во близина, меѓутоа не и овде каде што навистина е одржано историското заседание на АСНОМ. Јас се надевам дека ова е почеток на една добра традиција во која 2 Август, тоа е нашиот втор Илинден, ќе го прославуваме тука и оттука натаму се разбира дека, како велат старите, со сите нишани ќе доаѓаме да оддадеме почит на оние кои ја формирале македонската држава во 1944 година, изјави Пендаровски.

Тој дополни дека со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ договориле во најскоро време да се формира работна група на ниво на министерства за надворешни работи, која ќе треба да ги договори сите детали за идните прослави.

– Со министерот Селаковиќ кој беше морам да кажам исклучително од помош во изминатите неколку недели за сите детали на оваа посета, договоривме во најскоро време да се формира работна група на ниво на министерства за надворешни работи која ќе треба да ги договори сите детали за идните прослави, рече шефот на државата.

Потсети дека Скопје и Белград имаат стар договор од 2000 година околу одбележување на културно-споменични обележја во двете земји.

Мислам дека тоа можеби послужи како правна основа брзо да ја направиме таа работна група и за следниот пат да ги имаме сите оние обележја кои ги имало ова место во времето кога било одржано историското заседание. Меѓутоа, морам уште еднаш да ги пофалам и да им оддадам почит на српските домаќини затоа што успеаја за рекордно кратко време оригиналната плоча која не можеа да ја најдат да направат нова со оригиналниот текст и пред која денеска се поклонивме, рече Пендаровски.

Прашан дали е разговарано да се обнови Спомен собата, рече дека би можело и оти е во таа насока, како и дека добиле уверување и од домаќинот на манастирот. Идејата, како што рече, е постојано да се слави празникот на ова место.

Јас мислам дека идејата е не да дојдеме само оваа година, туку од оваа година натаму постојано тука да го славиме. Знаете, има нов контекст во политичките односи, ние никогаш не сме имале проблеми, меѓутоа меѓу црквите постоеја одредени проблеми кои се разрешени од мај оваа година и мислам дека тоа треба да го искористиме дополнително да го зацврстиме тоа и црковно и државно пријателство меѓу двете држави и двата народа. Не верувам, такво уверување добив од моите домаќини, дека ова се случува само сега и дека е ПР-настан – сакаат само да се пофалат. Не, ова треба да биде еден камен-темелик, значи да положиме темелник на новите односи и во оваа смисла, оти ако не ги почитуваме светињите, ако не ги почитуваме светите места наши и нивни од нашето минато мислам дека немаме никаква иднина во билатералните односи, изјави Пендаровски.

The post Пендаровски: Се надевам дека 2 Август во иднина ќе го прославуваме во Прохор Пчински appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, кој со македонска државно-црковна делегација, по пауза од 18 години денеска на Илинден беше во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“ изјави дека е договорено во најскоро време да се формира работна група на ниво на министерства за надворешни работи со Србија која ќе треба да ги договори идните прослави на 2 Август во манастирот. По посетата на манастирот, каде положи цвеќе, Пендаровски им се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ и на поглаварот на СПЦ Порфириј затоа што, како што рече, ни овозможиле после 18 години пауза да дојдеме на ова свето место и да го одбележиме најголемиот македонски државен празник.
Ова е местото каде што е формирана современата македонска држава и знаете од различни причини не можевме да дојдеме тука и на ова место тука да го прославиме тој празник, па знаете, правевме некои алтернативни паралелни прослави во близина, меѓутоа не и овде каде што навистина е одржано историското заседание на АСНОМ. Јас се надевам дека ова е почеток на една добра традиција во која 2 Август, тоа е нашиот втор Илинден, ќе го прославуваме тука и оттука натаму се разбира дека, како велат старите, со сите нишани ќе доаѓаме да оддадеме почит на оние кои ја формирале македонската држава во 1944 година, изјави Пендаровски.
Тој дополни дека со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ договориле во најскоро време да се формира работна група на ниво на министерства за надворешни работи, која ќе треба да ги договори сите детали за идните прослави. – Со министерот Селаковиќ кој беше морам да кажам исклучително од помош во изминатите неколку недели за сите детали на оваа посета, договоривме во најскоро време да се формира работна група на ниво на министерства за надворешни работи која ќе треба да ги договори сите детали за идните прослави, рече шефот на државата. Потсети дека Скопје и Белград имаат стар договор од 2000 година околу одбележување на културно-споменични обележја во двете земји.
Мислам дека тоа можеби послужи како правна основа брзо да ја направиме таа работна група и за следниот пат да ги имаме сите оние обележја кои ги имало ова место во времето кога било одржано историското заседание. Меѓутоа, морам уште еднаш да ги пофалам и да им оддадам почит на српските домаќини затоа што успеаја за рекордно кратко време оригиналната плоча која не можеа да ја најдат да направат нова со оригиналниот текст и пред која денеска се поклонивме, рече Пендаровски.
Прашан дали е разговарано да се обнови Спомен собата, рече дека би можело и оти е во таа насока, како и дека добиле уверување и од домаќинот на манастирот. Идејата, како што рече, е постојано да се слави празникот на ова место.
Јас мислам дека идејата е не да дојдеме само оваа година, туку од оваа година натаму постојано тука да го славиме. Знаете, има нов контекст во политичките односи, ние никогаш не сме имале проблеми, меѓутоа меѓу црквите постоеја одредени проблеми кои се разрешени од мај оваа година и мислам дека тоа треба да го искористиме дополнително да го зацврстиме тоа и црковно и државно пријателство меѓу двете држави и двата народа. Не верувам, такво уверување добив од моите домаќини, дека ова се случува само сега и дека е ПР-настан – сакаат само да се пофалат. Не, ова треба да биде еден камен-темелик, значи да положиме темелник на новите односи и во оваа смисла, оти ако не ги почитуваме светињите, ако не ги почитуваме светите места наши и нивни од нашето минато мислам дека немаме никаква иднина во билатералните односи, изјави Пендаровски.

The post Пендаровски: Се надевам дека 2 Август во иднина ќе го прославуваме во Прохор Пчински appeared first on Република.

]]>
Поставено спомен обележјето за АСНОМ во манастирот Прохор Пчински https://republika.mk/vesti/makedonija/postaveno-spomen-obelezjeto-za-asnom-vo-manastirot-prohor-pchinski/ Tue, 02 Aug 2022 08:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=535969

Во параклисот на манастирот Прохор Пчински во Република Србија денеска е поставена спомен плочата за одржувањето на ова место на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Двојазично, на македонски и на српски јазик, пишува „На 2 август 1944 година на ова место е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, каде народните избраници донесоа историски одлуки со кои се воспостави државност и самобитност на македонскиот народ изразувајќи ја својата определба да живеат заедно со народите на Југославија“.

На ова место денеска државнo-црковна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков, како претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ ќе постават венци.

Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и Епископот врањски г. Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква.

The post Поставено спомен обележјето за АСНОМ во манастирот Прохор Пчински appeared first on Република.

]]>

Во параклисот на манастирот Прохор Пчински во Република Србија денеска е поставена спомен плочата за одржувањето на ова место на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, јави дописникот на МИА од Белград. Двојазично, на македонски и на српски јазик, пишува „На 2 август 1944 година на ова место е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, каде народните избраници донесоа историски одлуки со кои се воспостави државност и самобитност на македонскиот народ изразувајќи ја својата определба да живеат заедно со народите на Југославија“. На ова место денеска државнo-црковна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков, како претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ ќе постават венци. Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и Епископот врањски г. Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква.

The post Поставено спомен обележјето за АСНОМ во манастирот Прохор Пчински appeared first on Република.

]]>
Министерката за одбрана, пратеници и претставници на МПЦ-ОА во илинденската делегација на Пендаровски https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerkata-za-odbrana-pratenici-i-pretstavnici-na-mpc-oa-vo-ilindenskata-delegacija-na-pendarovski/ Mon, 01 Aug 2022 17:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=535841

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, утре - 2 август 2022 година, вторник, ќе предводи државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.

Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија ТасевскаКумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и eпископот стобиски г. Јаков, како претставници на МПЦ – ОА, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ.

Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и епископот врањски г. Пахомије, како претставник на СПЦ.

Одбележувањето на 
државниот празник 2 Август, Илинден - Денот на Републиката во манастирот „Св. Прохор Пчински“ ќе започне во 12:30 часот.

The post Министерката за одбрана, пратеници и претставници на МПЦ-ОА во илинденската делегација на Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, утре - 2 август 2022 година, вторник, ќе предводи државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година. Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија ТасевскаКумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и eпископот стобиски г. Јаков, како претставници на МПЦ – ОА, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ. Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и епископот врањски г. Пахомије, како претставник на СПЦ. Одбележувањето на државниот празник 2 Август, Илинден - Денот на Републиката во манастирот „Св. Прохор Пчински“ ќе започне во 12:30 часот.

The post Министерката за одбрана, пратеници и претставници на МПЦ-ОА во илинденската делегација на Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ќе слезе меѓу народот на Илинден, но отаде македонско-српската граница https://republika.mk/vesti/makedonija/sepak-pendarovski-kje-sleze-megju-narodot-na-ilinden-no-otade-makedonsko-srpskata-granica/ Sun, 31 Jul 2022 11:41:25 +0000 https://republika.mk/?p=535316

По осумнаесет години, претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, на 2 август 2022 година, вторник, ќе предводи државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.

По тој повод, претседателот Пендаровски оствари телефонски разговори со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј.

Двајцата претседатели во разговорот се согласија дека релациите меѓу двете држави бележат одличен развој во повеќе области. Посетата на манастирот „Св. Прохор Пчински“, која се случува по речиси две децении е позитивен импулс за отворање на нови поглавја во меѓусебните релации.

Во разговорот со г.г. Порфириј, претседателот Пендаровски се заблагодари на патријархот за одлуката да биде овозможена посетата на манастирот која следува со прифаќањето на автокефалноста на МПЦ – ОА од страна на СПЦ.

Во состав на делегацијата што ќе ја предводи претседателот Пендаровски ќе бидат членови на Собранието и на Владата на Република Македонија и претставници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Првично, според ротацијата, претседателот Сптево Пендаровски беше предвидено да присуствува на прославата во Скопје. Но, наместо да се поклони пред Асномците во Жена-парк и пред првиот претседател на Презедиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“, Пендаровски одлучи да остане во вилата „Водно“, што беше силно осудено до јавноста.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatel-pomal-i-od-makovo-zrno-za-ilinden-pendarovski-nema-da-se-simne-od-vilata-vodno-megju-narodot/

The post Пендаровски ќе слезе меѓу народот на Илинден, но отаде македонско-српската граница appeared first on Република.

]]>

По осумнаесет години, претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, на 2 август 2022 година, вторник, ќе предводи државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година. По тој повод, претседателот Пендаровски оствари телефонски разговори со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј. Двајцата претседатели во разговорот се согласија дека релациите меѓу двете држави бележат одличен развој во повеќе области. Посетата на манастирот „Св. Прохор Пчински“, која се случува по речиси две децении е позитивен импулс за отворање на нови поглавја во меѓусебните релации. Во разговорот со г.г. Порфириј, претседателот Пендаровски се заблагодари на патријархот за одлуката да биде овозможена посетата на манастирот која следува со прифаќањето на автокефалноста на МПЦ – ОА од страна на СПЦ. Во состав на делегацијата што ќе ја предводи претседателот Пендаровски ќе бидат членови на Собранието и на Владата на Република Македонија и претставници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Првично, според ротацијата, претседателот Сптево Пендаровски беше предвидено да присуствува на прославата во Скопје. Но, наместо да се поклони пред Асномците во Жена-парк и пред првиот претседател на Презедиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“, Пендаровски одлучи да остане во вилата „Водно“, што беше силно осудено до јавноста. https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatel-pomal-i-od-makovo-zrno-za-ilinden-pendarovski-nema-da-se-simne-od-vilata-vodno-megju-narodot/

The post Пендаровски ќе слезе меѓу народот на Илинден, но отаде македонско-српската граница appeared first on Република.

]]>