професори Archives - Република https://republika.mk/tema/profesori/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 06:57:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png професори Archives - Република https://republika.mk/tema/profesori/ 32 32 Професорка нападната од колега во средно училиште https://republika.mk/vesti/crna-hronika/profesorka-napadnata-od-kolega-vo-sredno-uchilishte/ Thu, 26 Sep 2024 16:07:16 +0000 https://republika.mk/?p=819934

На 25.09 во 14.10 часот во ОВР Виница, Т.А.Д.(50) од Виница пријавила дека на 24.09.2024 на работното место во средно училиште во Виница била физички нападната од колегата М.С..

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

The post Професорка нападната од колега во средно училиште appeared first on Република.

]]>

Во Шпанија ученик со нож избодел двајца врсници и двајца професори https://republika.mk/vesti/vo-shpanija-uchenik-so-nozh-izbodel-dvajtsa-vrsnitsi-i-dvajtsa-profesori/ Thu, 28 Sep 2023 08:38:23 +0000 https://republika.mk/?p=685903

Училиште во јужна Шпанија е евакуирано откако ученик избодел двајца врсници и двајца професори.

Нападот се случил рано утринава во Институтот Елена Гарсија Армада во Херез де ла Фронтера, а се сомнева дека има уште неколку повредени студенти. Еден од учениците рано утрото избодел неколку професори и соученици, а потоа бил уапсен. Според полициски извори, напаѓачот употребил нож.

Енрике Галего, новинар на ТВ Херез, изјави дека училишни извори веруваат дека ученикот дошол на час наутро и извадил голем нож од ранецот. Потоа продолжил да ги „боде сите што минувале“. Училиштето во моментов е во блокада и неколку амбулантни возила се присутни додека на настраданите им се пружа помош.

The post Во Шпанија ученик со нож избодел двајца врсници и двајца професори appeared first on Република.

]]>

Училиште во јужна Шпанија е евакуирано откако ученик избодел двајца врсници и двајца професори. Нападот се случил рано утринава во Институтот Елена Гарсија Армада во Херез де ла Фронтера, а се сомнева дека има уште неколку повредени студенти. Еден од учениците рано утрото избодел неколку професори и соученици, а потоа бил уапсен. Според полициски извори, напаѓачот употребил нож. Енрике Галего, новинар на ТВ Херез, изјави дека училишни извори веруваат дека ученикот дошол на час наутро и извадил голем нож од ранецот. Потоа продолжил да ги „боде сите што минувале“. Училиштето во моментов е во блокада и неколку амбулантни возила се присутни додека на настраданите им се пружа помош.

The post Во Шпанија ученик со нож избодел двајца врсници и двајца професори appeared first on Република.

]]>
Двајца професори во Осло прободени со нож, уапсен студент https://republika.mk/vesti/svet/dvajtsa-profesori-vo-oslo-probodeni-so-nozh-uapsen-student/ Thu, 24 Aug 2023 18:36:40 +0000 https://republika.mk/?p=675533

Двајца професори се прободени со нож денеска во зградата на Универзитетот во Осло, соопшти норвешката полиција, која уапсила студент осомничен за нападот.

Околностите и причините за нападот се уште се нејасни. „По дојавата за можен напад со ладно оружје, полицијата „ја презеде контролата над насилникот и двете жртви.

Веројатно се работи за професорите и нивните студенти“, изјави шефот на операцијата Кристијан Бјоерберг на прес-конференција. На местото на настанот се запленети два ножа.

Раководителот на Итната медицинска помош изјави дека едниот повреден е во „критична состојба“ и дека е примен во болница. Другиот е полесно повреден.

Инцидентот, кој е многу редок во Норвешка, се случил во зградата на Институтот за труд, кој е во рамки на Универзитетот во Осло.

The post Двајца професори во Осло прободени со нож, уапсен студент appeared first on Република.

]]>

Двајца професори се прободени со нож денеска во зградата на Универзитетот во Осло, соопшти норвешката полиција, која уапсила студент осомничен за нападот. Околностите и причините за нападот се уште се нејасни. „По дојавата за можен напад со ладно оружје, полицијата „ја презеде контролата над насилникот и двете жртви. Веројатно се работи за професорите и нивните студенти“, изјави шефот на операцијата Кристијан Бјоерберг на прес-конференција. На местото на настанот се запленети два ножа. Раководителот на Итната медицинска помош изјави дека едниот повреден е во „критична состојба“ и дека е примен во болница. Другиот е полесно повреден. Инцидентот, кој е многу редок во Норвешка, се случил во зградата на Институтот за труд, кој е во рамки на Универзитетот во Осло.  

The post Двајца професори во Осло прободени со нож, уапсен студент appeared first on Република.

]]>
Приведен 16-годишен ученик во Скопје, упатувал закани по живот кон професори https://republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-16-godishen-uchenik-vo-skopje-upatuval-zakani-po-zhivot-kon-profesori/ Sat, 06 May 2023 15:25:23 +0000 https://republika.mk/?p=637717

Полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје вчера привеле 16-годишен ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа на содржина со закани по живот кон професори.

Од МВР за МИА информираат дека е известен јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

The post Приведен 16-годишен ученик во Скопје, упатувал закани по живот кон професори appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје вчера привеле 16-годишен ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа на содржина со закани по живот кон професори. Од МВР за МИА информираат дека е известен јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.  

The post Приведен 16-годишен ученик во Скопје, упатувал закани по живот кон професори appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Се чекаат согласности за продолжување на договорите на наставниците од МИГ https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-se-chekaat-soglasnosti-za-prodolzhuvane-na-dogovorite-na-nastavnitsite-od-mig/ Tue, 31 Jan 2023 12:25:59 +0000 https://republika.mk/?p=602968

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува до задутре да почне наставата по неколку стручни предмети во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) откако ќе се добијат согласности од Министерството за финансии за продолжување на договорите на дело на професорите, кои се истечени на 31 декември.

Во гимназијата имаат настава, но не по сите предмети. Денес се испратени последни дописи до Министерството за финансии. Има нови правила на Законот на извршување на буџет и по нив е постапено. Со Законот има промена на постапките помеѓу институциите и тоа ќе се решава денеска или утре. Очекувам позитивно мислење од Финансии - рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по потпишување Меморандум за соработка со Амбасадата на Швајцарија за 2023-2026.

Со директорката на МИГ, рече, денеска имал координација во врска со часовите и нивното надоместување.

Ако се осум стручни професори и ако е само една недела по два часа што не држеле настава, ќе се надомести во периодот кога ќе добијат согласност. Според моите информации, и претходната учебна година, кога второто полугодие почна на 1 февруари, исто така договорите на тие вработени беа продолжени од 15 февруари. Истата ситуација беше и лани, но иако немале договори, ја продолжиле наставата - рече Шаќири.

Станува збор за професори кои не се во редовен работен однос и договорите на дело им се продолжуваат со почеток на календарската, а не на учебната година.

Договорите им биле до 31 декември. До Министерството за финансии кажав дека ќе обезбедиме целосно средства од наша страна ако е потребно да се продолжат договорите на тие вработени… Ако може во текот на годината да обезбедиме и да не бидат на определено, туку на неопределено време. Но тоа е нова гимназија, тука е и работното искуство…, додаде министерот за образование и наука.

За ова денеска реагираше и Сојузот на средношколци со апел „што побрзо да се реши проблемот во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) бидејќи апсурдно е учениците од оваа гимназија да имаат по само еден до два часа дневно“.

Недозволиво е поради неможноста МОН и Министерството за финансии да најдат заедничко решение учениците да немаат настава за осум стручни предмети во МИГ. Со жалење ја констатираме состојбата во гимназијата која беше замислена како елитна образовна институција за учениците талентирани по математика и информатика, напиша Сојузот на средношколци во реакцијата.

The post Шаќири: Се чекаат согласности за продолжување на договорите на наставниците од МИГ appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува до задутре да почне наставата по неколку стручни предмети во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) откако ќе се добијат согласности од Министерството за финансии за продолжување на договорите на дело на професорите, кои се истечени на 31 декември.
Во гимназијата имаат настава, но не по сите предмети. Денес се испратени последни дописи до Министерството за финансии. Има нови правила на Законот на извршување на буџет и по нив е постапено. Со Законот има промена на постапките помеѓу институциите и тоа ќе се решава денеска или утре. Очекувам позитивно мислење од Финансии - рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по потпишување Меморандум за соработка со Амбасадата на Швајцарија за 2023-2026.
Со директорката на МИГ, рече, денеска имал координација во врска со часовите и нивното надоместување.
Ако се осум стручни професори и ако е само една недела по два часа што не држеле настава, ќе се надомести во периодот кога ќе добијат согласност. Според моите информации, и претходната учебна година, кога второто полугодие почна на 1 февруари, исто така договорите на тие вработени беа продолжени од 15 февруари. Истата ситуација беше и лани, но иако немале договори, ја продолжиле наставата - рече Шаќири.
Станува збор за професори кои не се во редовен работен однос и договорите на дело им се продолжуваат со почеток на календарската, а не на учебната година. Договорите им биле до 31 декември. До Министерството за финансии кажав дека ќе обезбедиме целосно средства од наша страна ако е потребно да се продолжат договорите на тие вработени… Ако може во текот на годината да обезбедиме и да не бидат на определено, туку на неопределено време. Но тоа е нова гимназија, тука е и работното искуство…, додаде министерот за образование и наука. За ова денеска реагираше и Сојузот на средношколци со апел „што побрзо да се реши проблемот во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) бидејќи апсурдно е учениците од оваа гимназија да имаат по само еден до два часа дневно“. Недозволиво е поради неможноста МОН и Министерството за финансии да најдат заедничко решение учениците да немаат настава за осум стручни предмети во МИГ. Со жалење ја констатираме состојбата во гимназијата која беше замислена како елитна образовна институција за учениците талентирани по математика и информатика, напиша Сојузот на средношколци во реакцијата.

The post Шаќири: Се чекаат согласности за продолжување на договорите на наставниците од МИГ appeared first on Република.

]]>
„Време е Албанија да биде како Косово, а не како Европа“: Протест на албанските универзитетски професори https://republika.mk/vesti/balkan/vreme-e-albanija-da-bide-kako-kosovo-a-ne-kako-evropa-protest-na-albanskite-univerzitetski-profesori/ Fri, 14 Oct 2022 11:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=561058

Под мотото „Квалитетно образование, достоинствени плати” албанските универзитетски професори го одржаа вториот протест барајќи повисоки плати.

Тие предупредија дека доколку не се прифатат нивните барања ќе го бојкотираат почетокот на академската 2022/2023 година на 17 месецов и ги повикува студентите да се обединат под слоганот „инвестиција за квалитетно образование“.

Првиот човек на Синдикатот на универзитетските работници, Сандер Ковачи, на протестот што се одржа пред Факултетот за уметности, порача дека премиерот ги нарекол нивните барања - ултиматуми, додавајќи дека платите на наставниците не се во согласност со пазарот на трудот.

Имајќи ги во предвид повисоките плати на нивните колеги во Косово тој порача дека е време „Албанија да биде како Косово, а не како Европа“.

Побаравме зголемување од 30 отсто оваа и 20 отсто следната година. Поради економската криза, ја намаливме побарувачката во знак на солидарност со оваа состојба. Премиерот нашите барања ги нарече ултиматум. Бараме од него да гледа на универзитетот со поинакво око. Денеска состојбата на професорската позиција е во поинаква состојба и ниту едно барање не е земено предвид и нема зголемување. Ако го споредиме со Косово, дојде време да кажеме дека Албанија треба да ја направиме како цела Европа, туку да ја направиме како Косово - порача Ковачи.

Професорот Луш Сусај ја обвини владата за ароганција.

Гледајќи го нивото на ароганција и непопустливост, не верувам дека ова ќе биде последен протест. Се бориме да се вратат студентите на факултетите и да не бегаат од земјава. Правиме се за нив. Се бориме против корупција и криминален непотизам кој ги нападна универзитетите -  рече Сусај.

Владата се согласи на зголемување на платите за седум отсто од буџетот и осум отсто од самите универзитети, што не се прифаќа.

Јас имам плата од 600 евра со 25 години стаж. Мора да се врати нашето достоинство и да се вложува многу повеќе за квалитетно високо образование - изјави друг професор.

Синдикатот на албанските универзитети предвидува дека е потребен фонд од 15 милиони евра за платите на околу 5.000 академски и административни кадри, а тоа според нив би било можно со „заштеда од јавните тендери“.

The post „Време е Албанија да биде како Косово, а не како Европа“: Протест на албанските универзитетски професори appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Квалитетно образование, достоинствени плати” албанските универзитетски професори го одржаа вториот протест барајќи повисоки плати. Тие предупредија дека доколку не се прифатат нивните барања ќе го бојкотираат почетокот на академската 2022/2023 година на 17 месецов и ги повикува студентите да се обединат под слоганот „инвестиција за квалитетно образование“. Првиот човек на Синдикатот на универзитетските работници, Сандер Ковачи, на протестот што се одржа пред Факултетот за уметности, порача дека премиерот ги нарекол нивните барања - ултиматуми, додавајќи дека платите на наставниците не се во согласност со пазарот на трудот. Имајќи ги во предвид повисоките плати на нивните колеги во Косово тој порача дека е време „Албанија да биде како Косово, а не како Европа“.
Побаравме зголемување од 30 отсто оваа и 20 отсто следната година. Поради економската криза, ја намаливме побарувачката во знак на солидарност со оваа состојба. Премиерот нашите барања ги нарече ултиматум. Бараме од него да гледа на универзитетот со поинакво око. Денеска состојбата на професорската позиција е во поинаква состојба и ниту едно барање не е земено предвид и нема зголемување. Ако го споредиме со Косово, дојде време да кажеме дека Албанија треба да ја направиме како цела Европа, туку да ја направиме како Косово - порача Ковачи.
Професорот Луш Сусај ја обвини владата за ароганција.
Гледајќи го нивото на ароганција и непопустливост, не верувам дека ова ќе биде последен протест. Се бориме да се вратат студентите на факултетите и да не бегаат од земјава. Правиме се за нив. Се бориме против корупција и криминален непотизам кој ги нападна универзитетите -  рече Сусај.
Владата се согласи на зголемување на платите за седум отсто од буџетот и осум отсто од самите универзитети, што не се прифаќа.
Јас имам плата од 600 евра со 25 години стаж. Мора да се врати нашето достоинство и да се вложува многу повеќе за квалитетно високо образование - изјави друг професор.
Синдикатот на албанските универзитети предвидува дека е потребен фонд од 15 милиони евра за платите на околу 5.000 академски и административни кадри, а тоа според нив би било можно со „заштеда од јавните тендери“.

The post „Време е Албанија да биде како Косово, а не како Европа“: Протест на албанските универзитетски професори appeared first on Република.

]]>
Професорите од УКИМ в четврток на протест https://republika.mk/vesti/makedonija/profesorite-od-ukim-vo-chetvrtok-na-protest/ Tue, 31 May 2022 13:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=509297

Сојузот на синдикати на Универзитетот Свети Кирил и Методиј (УКИМ) го повика наставниот и ненаставниот кадар, в четврток на 2 јуни во 10 часот пред платото на Ректоратот преку мирен протест да го изразат револтот и незадоволството од игнорантскиот однос на надлежните органи кон вработените на скопскиот Универзитет, а во врска со непотпишување на колективниот договор и барањето за поголеми плати.

Одлуката за излегување на протест, велат оттаму, била донесена на седницата одржана на 27 мај.

Се повикуваат сите вработени, од наставниот и ненаставниот кадар, на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје да излезат на мирен протест пред платото на Ректоратот на 2 јуни во 10 часот. Заеднички да го изразиме револтот и незадоволството од игнорантскиот однос на надлежните органи кон Универзитетот и непотпишување на Колективниот договор на УКИМ за остварување на нашите барања за покачување на платите. За сите присутни на протестот Синдикатот ќе обезбеди бесплатен паркинг во склоп на факултетите, наведено е во повикот.

Протестот, како што велат од Синдикатот на УКИМ, е предупредувачки, но ако не им се исполнат барањата, не ја исклучуваат можноста за штрајк во време на јунската сесија со што во неизвесност може да дојде полагањето на студентите на скопскиот Универзитет.

The post Професорите од УКИМ в четврток на протест appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Универзитетот Свети Кирил и Методиј (УКИМ) го повика наставниот и ненаставниот кадар, в четврток на 2 јуни во 10 часот пред платото на Ректоратот преку мирен протест да го изразат револтот и незадоволството од игнорантскиот однос на надлежните органи кон вработените на скопскиот Универзитет, а во врска со непотпишување на колективниот договор и барањето за поголеми плати. Одлуката за излегување на протест, велат оттаму, била донесена на седницата одржана на 27 мај.
Се повикуваат сите вработени, од наставниот и ненаставниот кадар, на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје да излезат на мирен протест пред платото на Ректоратот на 2 јуни во 10 часот. Заеднички да го изразиме револтот и незадоволството од игнорантскиот однос на надлежните органи кон Универзитетот и непотпишување на Колективниот договор на УКИМ за остварување на нашите барања за покачување на платите. За сите присутни на протестот Синдикатот ќе обезбеди бесплатен паркинг во склоп на факултетите, наведено е во повикот.
Протестот, како што велат од Синдикатот на УКИМ, е предупредувачки, но ако не им се исполнат барањата, не ја исклучуваат можноста за штрајк во време на јунската сесија со што во неизвесност може да дојде полагањето на студентите на скопскиот Универзитет.

The post Професорите од УКИМ в четврток на протест appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Покачувањето на платите на универзитетските професори е планирано во Буџетот https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-pokachuvanjeto-na-platite-na-univerzitetskite-profesori-e-planirano-vo-budzetot/ Fri, 27 May 2022 13:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=507672

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, на новинарско прашање одговори дека покачувањето на платите на универзитетските професори е веќе планирано во буџетот и тоа од месец септември.

Го видов писмото од универзитетските професори и контактирав со нив и ги информирав дека покачувањето на платите е предвидено во Буџетот од септември. Точно е дека во целиот образовен сектор треба да се покачат платите и доколку го погледнете буџетот во тој дел ќе видите дека од година во година се зголемува износот во однос на платите во високото образование“, истакна премиерот Ковачевски.

Ковачевски уште додаде дека, освен за платите, има раст и за инвестициите во образованието и науката.

The post Ковачевски: Покачувањето на платите на универзитетските професори е планирано во Буџетот appeared first on Република.

Селф тестови откриле над 8.000 позитивни ученици и наставници во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/self-testovi-otkrile-nad-8-000-pozitivni-uchenici-i-nastavnici-vo-grcija/ Tue, 18 Jan 2022 12:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=446360

До доцна синоќа биле пријавени 8.278 позитивни резултати од направените селф тестови, односно тестови за домашна употреба, кои беа задолжителни за учениците и просветните работници во Грција.

Селф тестовите се задолжителни двапати седмично, а негативен резултат е предуслов за посетување настава за учениците од основните и средните училишта во Грција, а истото важи и за нивните наставници и професори.

Според информациите од Министерството за образование, од тестирањето на 1,6 милиони ученици и просветни работници, до синоќа имало 8.278 позитивни резултати.

Минатата седмица, со почетокот на второто полугодие, задолжителни беа три тестирања и откриени 31.000 позитивни случаи кај ученици и просветни работници.

Тестовите се подигнуваат бесплатно од аптеките со матичниот број на учениците и професорите и наставниците, задолжително е тестирање 24 часа пред почетокот на наставата секој вторник и петок, а резултатите се внесуваат на специјална платформа од каде што се добива потврдата со негативен резултат, задолжителна за сите ученици од четири до 18 години.

The post Селф тестови откриле над 8.000 позитивни ученици и наставници во Грција appeared first on Република.

]]>

До доцна синоќа биле пријавени 8.278 позитивни резултати од направените селф тестови, односно тестови за домашна употреба, кои беа задолжителни за учениците и просветните работници во Грција. Селф тестовите се задолжителни двапати седмично, а негативен резултат е предуслов за посетување настава за учениците од основните и средните училишта во Грција, а истото важи и за нивните наставници и професори. Според информациите од Министерството за образование, од тестирањето на 1,6 милиони ученици и просветни работници, до синоќа имало 8.278 позитивни резултати. Минатата седмица, со почетокот на второто полугодие, задолжителни беа три тестирања и откриени 31.000 позитивни случаи кај ученици и просветни работници. Тестовите се подигнуваат бесплатно од аптеките со матичниот број на учениците и професорите и наставниците, задолжително е тестирање 24 часа пред почетокот на наставата секој вторник и петок, а резултатите се внесуваат на специјална платформа од каде што се добива потврдата со негативен резултат, задолжителна за сите ученици од четири до 18 години.

The post Селф тестови откриле над 8.000 позитивни ученици и наставници во Грција appeared first on Република.

]]>