проф. Дејан Трајковски Archives - Република https://republika.mk/tema/prof-dejan-trajkovski/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Feb 2024 09:09:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проф. Дејан Трајковски Archives - Република https://republika.mk/tema/prof-dejan-trajkovski/ 32 32 Проф. Трајковски: Масовно гласајте против оваа ненародна и штеточинска власт, за злото да не се врати никогаш повеќе! https://republika.mk/vesti/ekonomija/prof-trajkovski-masovno-glasajte-protiv-ovaa-nenarodna-i-shtetochinska-vlast-za-zloto-da-ne-se-vrati-nikogash-poveke/ Thu, 15 Feb 2024 09:01:05 +0000 https://republika.mk/?p=744289

Конечно ја решив дилемата со цената на Те-То „Митилинеос“, вели Дејан Трајковски, споделувајќи дека во договорот помеѓу Владата и „Митилинеос“ стои дека каматите ќе ги плаќа „Митилинеос“, што значи дека централата и тие ќе ја градат на кредит, а не со готови пари.

Професорот од Техничкиот факултет во Битола неколкупати ги сподели деталните анализи околу штетноста на овој договор, а сега потенцира и дека манипулативно е тврдењето дека тие ќе инвестирале 290 милиони евра, туку дека толку ќе изнесува конечната вредност на проектот, со се камати во сметководствените книги, но така не се искажуваат капиталните издатоци (Capital Expenditure - CapEx - https://shorturl.at/mxC15 ), односно вистинската цена на централата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-trajkovski-katastrofalnata-zdelka-za-gasnata-tsentrala-na-mitilineos-niz-brojki/

Во подолната табела се прикажани пресметките, а изведувањето на формулите со помош на финансиска математика можам да го направам пред нашите пратеници, пред да направат непоправлива и долгорочна штета за државата, пишува тој.

Појдовните податоци се следните:

- вредност на проектот, со се каматите: 290 милиони евра
- почетно учество на инвеститорот: 15% од CapEx
- каматна стапка: 7,5%
- Отплата: во 18 подеднакви годишни ануитети, започнувајќи од крајот на третата година од нултата година (почетокот на проектот)
- електрична моќност на централата: 145 MW (e)

Крајните резултати покажуваат дека:

- Капиталните издатоци (CapEx), односно вистинската вредност на централата, без камати изнесува 147,08 милиони евра
- сопственото учество, за подигнување на кредитот: 22,06 мил. евра
- износ на заемот (кредитот): 125,02 мил. евра
- вкупен износ на каматите: 142,92 мил. евра
- цена по единица моќност: 1,01 мил. евра/MW

Така, вели Трајковски, работите доаѓаат на своето место. Цената е речиси иста како од кинеската компанија Шангај Електрик Груп Ко. Лтд., којашто ја градела Те-То „Панчево“ (0,95 мил. евра/MW).

Но најважно од сé е тоа што кредитот ќе го подигнат само со 22,06 милиони евра учество, а Македонија ќе им даде 50 милиони евра неповратна помош!
Второ, централата ќе генерира профит веднаш по изградбата и на тој начин ќе ги отплатува ануитетите, а на крајот ќе им остане на Грците. Со наше учество и со кредит што ние ќе им го враќаме, централата ќе биде нивна, а не наша!
Ќе бидеме принудени целото производство да го купуваме по загарантирана цена, под закана на пенали.
Ова уште покажува и дека Битиќи не разбира дека цената не е 290 милиони поради инфлацијата, туку поради каматите.
Ние пак, ако како држава не сме способни да одделиме 22 милиони евра учество за кредит (наместо за помош на Грците) и самите да инвестираме во градба според принципот „клуч на рака“, со изведувач избран на меѓународен тендер, тогаш не заслужуваме да постоиме како држава. Штетата е голема до небо, нема зборови за утеха, пишува Трајковски.

Професорот на крај порача дека изборите се ближат, затоа масовно гласајте против оваа ненародна и штеточинска власт, за злото да не се врати никогаш повеќе!

https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-trajkovski-vo-ovoj-moment-se-kolnam-deka-do-krajot-na-zhivotot-ne-sakam-da-slushnam-i-nikogash-nema-da-glasam-za-sdsm/

The post Проф. Трајковски: Масовно гласајте против оваа ненародна и штеточинска власт, за злото да не се врати никогаш повеќе! appeared first on Република.

]]>

Конечно ја решив дилемата со цената на Те-То „Митилинеос“, вели Дејан Трајковски, споделувајќи дека во договорот помеѓу Владата и „Митилинеос“ стои дека каматите ќе ги плаќа „Митилинеос“, што значи дека централата и тие ќе ја градат на кредит, а не со готови пари. Професорот од Техничкиот факултет во Битола неколкупати ги сподели деталните анализи околу штетноста на овој договор, а сега потенцира и дека манипулативно е тврдењето дека тие ќе инвестирале 290 милиони евра, туку дека толку ќе изнесува конечната вредност на проектот, со се камати во сметководствените книги, но така не се искажуваат капиталните издатоци (Capital Expenditure - CapEx - https://shorturl.at/mxC15 ), односно вистинската цена на централата. https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-trajkovski-katastrofalnata-zdelka-za-gasnata-tsentrala-na-mitilineos-niz-brojki/ Во подолната табела се прикажани пресметките, а изведувањето на формулите со помош на финансиска математика можам да го направам пред нашите пратеници, пред да направат непоправлива и долгорочна штета за државата, пишува тој. Појдовните податоци се следните:
- вредност на проектот, со се каматите: 290 милиони евра - почетно учество на инвеститорот: 15% од CapEx - каматна стапка: 7,5% - Отплата: во 18 подеднакви годишни ануитети, започнувајќи од крајот на третата година од нултата година (почетокот на проектот) - електрична моќност на централата: 145 MW (e)
Крајните резултати покажуваат дека:
- Капиталните издатоци (CapEx), односно вистинската вредност на централата, без камати изнесува 147,08 милиони евра - сопственото учество, за подигнување на кредитот: 22,06 мил. евра - износ на заемот (кредитот): 125,02 мил. евра - вкупен износ на каматите: 142,92 мил. евра - цена по единица моќност: 1,01 мил. евра/MW
Така, вели Трајковски, работите доаѓаат на своето место. Цената е речиси иста како од кинеската компанија Шангај Електрик Груп Ко. Лтд., којашто ја градела Те-То „Панчево“ (0,95 мил. евра/MW).
Но најважно од сé е тоа што кредитот ќе го подигнат само со 22,06 милиони евра учество, а Македонија ќе им даде 50 милиони евра неповратна помош! Второ, централата ќе генерира профит веднаш по изградбата и на тој начин ќе ги отплатува ануитетите, а на крајот ќе им остане на Грците. Со наше учество и со кредит што ние ќе им го враќаме, централата ќе биде нивна, а не наша! Ќе бидеме принудени целото производство да го купуваме по загарантирана цена, под закана на пенали. Ова уште покажува и дека Битиќи не разбира дека цената не е 290 милиони поради инфлацијата, туку поради каматите. Ние пак, ако како држава не сме способни да одделиме 22 милиони евра учество за кредит (наместо за помош на Грците) и самите да инвестираме во градба според принципот „клуч на рака“, со изведувач избран на меѓународен тендер, тогаш не заслужуваме да постоиме како држава. Штетата е голема до небо, нема зборови за утеха, пишува Трајковски.
Професорот на крај порача дека изборите се ближат, затоа масовно гласајте против оваа ненародна и штеточинска власт, за злото да не се врати никогаш повеќе! https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-trajkovski-vo-ovoj-moment-se-kolnam-deka-do-krajot-na-zhivotot-ne-sakam-da-slushnam-i-nikogash-nema-da-glasam-za-sdsm/

The post Проф. Трајковски: Масовно гласајте против оваа ненародна и штеточинска власт, за злото да не се врати никогаш повеќе! appeared first on Република.

]]>
Проф. Трајковски: Во овој момент се колнам дека до крајот на животот не сакам да слушнам и никогаш нема да гласам за СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-trajkovski-vo-ovoj-moment-se-kolnam-deka-do-krajot-na-zhivotot-ne-sakam-da-slushnam-i-nikogash-nema-da-glasam-za-sdsm/ Wed, 07 Feb 2024 16:13:41 +0000 https://republika.mk/?p=741578

Зомбите во парламентот штотуку со 58 глас „за“ го изгласаа законот за давање на гасната централа на Митилинеос без тендер, со сите негативни реперкусии за коишто зборувавме деновиве. Решиле да одработаат за своите наредбодавачи, а нас, граѓаните на Македонија да нé изложат на зголемени трошоци наредните најмалку 20 години, вели професорот Дејан Трајковски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-trajkovski-katastrofalnata-zdelka-za-gasnata-tsentrala-na-mitilineos-niz-brojki/

Во овој момент се колнам дека до крајот на животот не сакам да слушнам и нема никогаш да гласам за СДСМ, а им оставам аманет на идните генерации да не заборават за сите штети што ни ги направија и никогаш повеќе да не гласаат за оваа штеточинска партија.

На проклетниците најпрво им посакувам катастрофално да изгубат на наредните парламентарни избори, а потоа што побргу да престанат да постојат како политичка партија и засекогаш да исчезнат од политичката сцена на државата.

Списокот на штети што го направиле од осамостојувањето до денес кон својот народ и држава е подолг, но ова со енергетскиот криминал е капката што конечно ја прелеа чашата. Иако не сум партиски определен и колку и да се трудев да задржам избалансиран став кон сите политички партии, ова навистина е премногу и не можам да го проголтам, порача тој.

The post Проф. Трајковски: Во овој момент се колнам дека до крајот на животот не сакам да слушнам и никогаш нема да гласам за СДСМ appeared first on Република.

]]>

Зомбите во парламентот штотуку со 58 глас „за“ го изгласаа законот за давање на гасната централа на Митилинеос без тендер, со сите негативни реперкусии за коишто зборувавме деновиве. Решиле да одработаат за своите наредбодавачи, а нас, граѓаните на Македонија да нé изложат на зголемени трошоци наредните најмалку 20 години, вели професорот Дејан Трајковски. https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-trajkovski-katastrofalnata-zdelka-za-gasnata-tsentrala-na-mitilineos-niz-brojki/
Во овој момент се колнам дека до крајот на животот не сакам да слушнам и нема никогаш да гласам за СДСМ, а им оставам аманет на идните генерации да не заборават за сите штети што ни ги направија и никогаш повеќе да не гласаат за оваа штеточинска партија. На проклетниците најпрво им посакувам катастрофално да изгубат на наредните парламентарни избори, а потоа што побргу да престанат да постојат како политичка партија и засекогаш да исчезнат од политичката сцена на државата. Списокот на штети што го направиле од осамостојувањето до денес кон својот народ и држава е подолг, но ова со енергетскиот криминал е капката што конечно ја прелеа чашата. Иако не сум партиски определен и колку и да се трудев да задржам избалансиран став кон сите политички партии, ова навистина е премногу и не можам да го проголтам, порача тој.

The post Проф. Трајковски: Во овој момент се колнам дека до крајот на животот не сакам да слушнам и никогаш нема да гласам за СДСМ appeared first on Република.

]]>
Проф. Трајковски: Катастрофалната зделка за гасната централа на Митилинеос низ бројки https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-trajkovski-katastrofalnata-zdelka-za-gasnata-tsentrala-na-mitilineos-niz-brojki/ Mon, 05 Feb 2024 10:09:56 +0000 https://republika.mk/?p=740459

Професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола низ бројки ја анализира, како што вели, катастрофалната зделка за гасната централа на Митилинеос.

Анализата ви ја пренесуваме во целост:

После првиот шок со најавата за гасна централа на грчката компанија Митилинеос, читајќи го Договорот за стратешки инвестиционен проект „Митилинеос когенеративна постројка Скопје“, можеме да ги направиме првичните пресметки за профитот на грчката компанија, односно загубите што Македонија ќе ги претрпи како резултат на штетниот договор што забрзано се форсира.

Да ги видиме основните параметри на комбинираната гасна електрана, што ќе работи во комбиниран гасно-парен циклус.

1.) Индикативна вредност на проектот: според Грците 290 милиони евра, односно 2 милиони евра/MW инсталирана електрична моќност. Реално, би требало да чини околу 123 мил. евра, односно 0,85 мил. евра/MW, колку што чинеа гасните електрани во Србија изградени од руската компанија Газпром. Инаку, самата цена единствено има влијание на времето на отплата, за кое ќе видиме дека е многу кратко.
2.) Годишно производство на електрична енергија: 1150 GWh
Инсталирана електрична моќност: 144,7 MW
3.) Годишно производство на топлинска енергија: 275 GWh
Инсталирана топлинска моќност за греење: 92,8 MW
4.) Степен на корисно дејство на електраната: 50,38% во когенеративен режим (во зима, со производство на топлинска енергија), односно 54,4% во кондензациски режим (во лето, производство само на електрична енергија).
5.) Македонија е должна да обезбедува по 9 GWh/ден топлинска енергија од гас.
6.) Македонија е должна да откупи најмалку 85% од нето достапното количество електрична енергија (1150 GWh), без разлика колку реално ќе потроши. Кај топлинската енергија, независно колку ќе се потроши, годишно ќе мора да се порамни, односно да доплати до 275 GWh.

Вкупната сума TP што ќе се плаќа месечно претставува збир од следните суми:
HP - сума за топлинска енергија
EP - сума за електрична енергија
SBP - сума за повратна продажба, за разликата од откупената до нето расположливата енергија од 1150 GWh
CC - јаглеродна такса, за емисија на јаглерод диоксид
SUC - трошоци за стартување на електраната
AP - плаќања за недостапност.

Најголеми и најважни се првите две ставки, за електрична и топлинска енергија, па нив ќе ги анализираме малку подетално., користејќи ги формулите од Договорот.

Сумата за топлинска енергија HP = H*EffHT се пресметува како производ на количеството на топлинска енергија H [MWh] и единечната цена на топлинската енергија EffHT=87 EUR/MWh (колку што моментално добива ЕСМ), односно поскапо дури и од самата електрична енергија од РЕК Битола.
Годишно само од топлинска енергија приходите на Митилинеос ќе изнесуваат 275.000*87=23,9 милиони евра. Ова им е чист подарок, бидејќи се работи за отпадна топлина, за која трошокот за гас е целосно вкалкулиран во цената на електричната енергија, како што ќе видиме подолу.

Сумата за електрична енергија EP=E*EffET претставува производ на количеството на електрична енергија Е [MWh] и единечната цена на електричната енергија EffET [EUR/MWh]. Количеството претставува поголемата вредност од вистински потрошената енергија и загарантираниот минимум од 85% нето расположлива енергија од 1150 GWh.

Цената на електричната енергија EffET се состои од три дела: EffET=RPA+FPA+HTA, каде RPA е прилагодена референтна цена, FPA е прилагодување (корекција) заради цената на горивото, а HTA е прилагодување заради тарифата за топлинска енергија.

Најважна е RPA, којашто изнесува 74 EUR/MWh, при цена на гасот од 18 EUR/MWh. Според формулите во Договорот се гледа дека од споменатите 74 EUR/MWh, 21.4%/26,2% (за когенеративен/кондензациски режим), односно 15...19 EUR/MWh се профитната маржа на Митилинеос, од каде ќе ја отплатуваат инвестицијата и ќе им останува чист профит. 13% од 74 EUR/MWh, односно 9,6 EUR/MWh (подложни на индексирање поради инфлацијата!) се трошоци за плати и останати трошоци на работењето. Преостанатите 65,6%/60,8% од 74 EUR/MWh (за когенер./конденз. режим), односно 48,5/45 EUR/MWh (корегирани за отстапување на ефикасноста од проектираната ефикасност), се трошоци за горивото, сметано со негова цена од 18 EUR/MWh.

Вториот дел од цената, FPA, во себе ја вградува разликата помеѓу берзанската цена на гасот (TTF) и референтната цена од 18 EUR/MWh, но и трошоците за транспорт на гасот, коишто изнесуваат околу 34% од цената на самиот гас. Овие трошоци се делат со споменатата ефикасност на електраната од 50...54%, за да го дадат учеството во цената на струјата. На пример, ако цената на гасот на берза изнесува 35 EUR/MWh, а транспортните трошоци изнесуваат 10 EUR/MWh, тогаш доплатата над 74 EUR/MWh изнесува FPA=(35-18+10)/0,54=50 EUR/MWh, што додадено на основните 74 EUR/MWh веќе ја покачува цената на 124 EUR/MWh, односно повеќе од двојно од цената на струјата од РЕК Битола. Овој дел од цената нема влијание на профитабилноста на Митилинеос, бидејќи во целост е на товар на потрошувачите.

Ако цената на гасот поскапи на 60 EUR/MWh (а била и поскапа за време на гасната криза пред две години), електричната енергија ќе чини вкупно 189 EUR/MWh, а ние ЌЕ МОРАМЕ ДА ЈА ОТКУПИМЕ И ПЛАТИМЕ, согласно договорот. Ако пак ние самите инвестираме во централата и цената не ни одговара (на пример во ноќните часови или дење кога произведуваат фотоволтаиците), тогаш ќе можеме едноставно да ја исклучиме централата, избегнувајќи плаќање на висока цена.

Општо земено, самоубиствено е да се гради гасна централа за производство на базична енергија, а договорените 1150 GWh можат да се добијат само со 24-часовно производство, што е многу неповолно за нас.

Третиот дел од цената на електричната енергија, HTA, претставува всушност нејзино намалување поради продажба на отпадната топлина, ако нејзината цена е поголема од референтната цена од 16,2 EUR/MWh. На пример, ако регулираната цена на топлинската енергија изнесува EffHT=87 EUR/MWh, загарантираните откупени количества на електрична и топлинска енергија изнесуваат 1150 и 275 GWh, тогаш HTA=(16,2-87)*275/1150=-16,9 EUR/MWh. Така купувачите на топлинска енергија, со подобро искористување на горивото им ја намалуваат цената на купувачите на електрична енергија. Овој дел од цената нема влијание на профитабилноста на Митилинеос, туку единствено има значење за купувачите на електрична енергија.

Особено интересно е таканареченото „плаќање за повратна енергија“ (SBP). Во случај да преземеме помалку енергија од нето распложливите 1150 GWh/год (дури и ако сме го презеле договорениот минимум од 85% од нето расположливото), разликата ќе мораме да ја платиме по тарифа SBT=38 EUR/MWh. Ова ќе претставува вистинска посластица за Митилинеос, бидејќи без да троши гориво ќе прави лесни и брзи пари од - ништо. Или уште подобро, може да произведува и да ја извезува електричната енергија, а истовремено од нас да наплатува по 38 EUR/MWh!

Во секој случај, Митилинеос нема никаков ценовен ризик, односно ризикот е наш бидејќи ние ќе ја плаќаме цената на гасот, колку и да биде висока. Тука не се земени во предвид уште и јаглеродните пенали, што купувачите ќе ги плаќаат преку цената на електричната енергија најдоцна од 2030 година.

Нема да ги анализираме останатите, помалку битни ставки (на пример за стартување и за недостапност), но ќе направиме една анализа на исплатливоста и профитабилноста од електраната за грчката компанија.

Споменатата профитна маржа од 15-19 EUR/MWh (средно 17 EUR/MWh), на загарантирана годишна продажба од 0,85*1150=978 GWh на Грците би им носела добивка (пред каматни трошоци, а од даноци секако се ослободени) во износ 978.000*17=16,6 милиони евра. Заедно со 23,9 милиони евра од топлинската енергија, тие би остварувале вкупно 40,5 милиони денешни евра годишен профит, независно од цената на гасот.

Преминуваме на пресметка на времето на отплата. Рековме дека реалната цена на електраната од 145 MW изнесува 123 милиони евра. Македонската влада би сакала да им подари 50 милиони евра неповратна помош ЗА НИШТО, не сметајќи 10-20 милиони евра за земјиште, пристапен пат и трафо станица. Реално Грците би зеле кредит само за 123-50=73 милиони евра, што при годишна добивка од 40,5 милиони евра би го отплатиле за само 1 година и 10 месеци!

Од тој момент понатаму, наредните 28 години Митилинеос би остварувал чист профит, ослободен од даноци во првите 10 години, од дури 28*41,5=1.162 милиони денешни евра, односно идни 2,3 милијарди евра. Сето тоа без никаков ризик (бидејќи ризикот го носиме ние), па дури и без почетно учество за кредитот, што ние ќе им го уплатиме во форма на помош. Значи, се работи за чист и безризичен профит за Грците без никаква инвестиција.

Сето тоа ќе го платат граѓаните.

Кога ќе се подвлече цртата, произлегува дека македонската влада на грчката компанија преку овој штетен договор на грчката Митилинеос не само што ќе и ја купи централата (најпрво преку учеството за кредитот, а потоа преку отплатата), туку ќе и овозможи преку 2 милијарди идни евра профит, не сметајќи ги 50-те милиони фрлени евра. Разликата е во тоа што наместо ние да ја поседуваме електраната, ќе ја поседуваат Грците, благодарение на нашите штетници што сакаат тоа да им го овозможат.

Доколку Македонија самата инвестира 123 милиони евра во електраната, после отплатата во првите 3 години во наредните децении би имала годишна стапка на поврат на инвестицијата ROI=40,5/123=32,9%, а најважно е што електраната ќе биде наша. Се разбира, доколку државата се задоволи со помал принос, тогаш и електричната енергија за граѓаните би била поевтина отколку од Митилинеос. Грѓаните треба веднаш да сфатат една важна работа: цената на електричната енергија од гасот ќе биде најмалку двојно поскапа отколку сега, кога ја добиваме од јаглен.

Инаку, дури цената за изградба да биде поголема од 123 милиони евра (на пример 160 милиони евра), тоа само ќе го пролонгира времето на отплата од 3 на 4 години, а годишниот принос на инвестицијата по отплатата ќе остане ист. Како е можно времето на отплата да биде толку кратко, а приносот толку висок? Одговорот лежи во максималното искористување на енергијата од горивото (отпадната топлина се искористува), но и во високата профитна маржа што е пресметана во цената на електричната енергија и високата цена на топлинската енергија.

Заклучок: слично како за ПАХЕ „Чебрен“, Јавното обвинителство треба итно, по службена должност да започне гонење по чл. 247 и 363 од КЗ за кривични дела во обид, а судот итно да донесе времена мерка - стопирање на потпишување на Договорот. Од своја страна, пратениците во парламентот на седницата закажана за среда, 7.2.2024 да НЕ ГЛАСААТ за предложениот штетен договор.

The post Проф. Трајковски: Катастрофалната зделка за гасната централа на Митилинеос низ бројки appeared first on Република.

]]>

Професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола низ бројки ја анализира, како што вели, катастрофалната зделка за гасната централа на Митилинеос. Анализата ви ја пренесуваме во целост: После првиот шок со најавата за гасна централа на грчката компанија Митилинеос, читајќи го Договорот за стратешки инвестиционен проект „Митилинеос когенеративна постројка Скопје“, можеме да ги направиме првичните пресметки за профитот на грчката компанија, односно загубите што Македонија ќе ги претрпи како резултат на штетниот договор што забрзано се форсира. Да ги видиме основните параметри на комбинираната гасна електрана, што ќе работи во комбиниран гасно-парен циклус. 1.) Индикативна вредност на проектот: според Грците 290 милиони евра, односно 2 милиони евра/MW инсталирана електрична моќност. Реално, би требало да чини околу 123 мил. евра, односно 0,85 мил. евра/MW, колку што чинеа гасните електрани во Србија изградени од руската компанија Газпром. Инаку, самата цена единствено има влијание на времето на отплата, за кое ќе видиме дека е многу кратко. 2.) Годишно производство на електрична енергија: 1150 GWh Инсталирана електрична моќност: 144,7 MW 3.) Годишно производство на топлинска енергија: 275 GWh Инсталирана топлинска моќност за греење: 92,8 MW 4.) Степен на корисно дејство на електраната: 50,38% во когенеративен режим (во зима, со производство на топлинска енергија), односно 54,4% во кондензациски режим (во лето, производство само на електрична енергија). 5.) Македонија е должна да обезбедува по 9 GWh/ден топлинска енергија од гас. 6.) Македонија е должна да откупи најмалку 85% од нето достапното количество електрична енергија (1150 GWh), без разлика колку реално ќе потроши. Кај топлинската енергија, независно колку ќе се потроши, годишно ќе мора да се порамни, односно да доплати до 275 GWh. Вкупната сума TP што ќе се плаќа месечно претставува збир од следните суми: HP - сума за топлинска енергија EP - сума за електрична енергија SBP - сума за повратна продажба, за разликата од откупената до нето расположливата енергија од 1150 GWh CC - јаглеродна такса, за емисија на јаглерод диоксид SUC - трошоци за стартување на електраната AP - плаќања за недостапност. Најголеми и најважни се првите две ставки, за електрична и топлинска енергија, па нив ќе ги анализираме малку подетално., користејќи ги формулите од Договорот. Сумата за топлинска енергија HP = H*EffHT се пресметува како производ на количеството на топлинска енергија H [MWh] и единечната цена на топлинската енергија EffHT=87 EUR/MWh (колку што моментално добива ЕСМ), односно поскапо дури и од самата електрична енергија од РЕК Битола. Годишно само од топлинска енергија приходите на Митилинеос ќе изнесуваат 275.000*87=23,9 милиони евра. Ова им е чист подарок, бидејќи се работи за отпадна топлина, за која трошокот за гас е целосно вкалкулиран во цената на електричната енергија, како што ќе видиме подолу. Сумата за електрична енергија EP=E*EffET претставува производ на количеството на електрична енергија Е [MWh] и единечната цена на електричната енергија EffET [EUR/MWh]. Количеството претставува поголемата вредност од вистински потрошената енергија и загарантираниот минимум од 85% нето расположлива енергија од 1150 GWh. Цената на електричната енергија EffET се состои од три дела: EffET=RPA+FPA+HTA, каде RPA е прилагодена референтна цена, FPA е прилагодување (корекција) заради цената на горивото, а HTA е прилагодување заради тарифата за топлинска енергија. Најважна е RPA, којашто изнесува 74 EUR/MWh, при цена на гасот од 18 EUR/MWh. Според формулите во Договорот се гледа дека од споменатите 74 EUR/MWh, 21.4%/26,2% (за когенеративен/кондензациски режим), односно 15...19 EUR/MWh се профитната маржа на Митилинеос, од каде ќе ја отплатуваат инвестицијата и ќе им останува чист профит. 13% од 74 EUR/MWh, односно 9,6 EUR/MWh (подложни на индексирање поради инфлацијата!) се трошоци за плати и останати трошоци на работењето. Преостанатите 65,6%/60,8% од 74 EUR/MWh (за когенер./конденз. режим), односно 48,5/45 EUR/MWh (корегирани за отстапување на ефикасноста од проектираната ефикасност), се трошоци за горивото, сметано со негова цена од 18 EUR/MWh. Вториот дел од цената, FPA, во себе ја вградува разликата помеѓу берзанската цена на гасот (TTF) и референтната цена од 18 EUR/MWh, но и трошоците за транспорт на гасот, коишто изнесуваат околу 34% од цената на самиот гас. Овие трошоци се делат со споменатата ефикасност на електраната од 50...54%, за да го дадат учеството во цената на струјата. На пример, ако цената на гасот на берза изнесува 35 EUR/MWh, а транспортните трошоци изнесуваат 10 EUR/MWh, тогаш доплатата над 74 EUR/MWh изнесува FPA=(35-18+10)/0,54=50 EUR/MWh, што додадено на основните 74 EUR/MWh веќе ја покачува цената на 124 EUR/MWh, односно повеќе од двојно од цената на струјата од РЕК Битола. Овој дел од цената нема влијание на профитабилноста на Митилинеос, бидејќи во целост е на товар на потрошувачите. Ако цената на гасот поскапи на 60 EUR/MWh (а била и поскапа за време на гасната криза пред две години), електричната енергија ќе чини вкупно 189 EUR/MWh, а ние ЌЕ МОРАМЕ ДА ЈА ОТКУПИМЕ И ПЛАТИМЕ, согласно договорот. Ако пак ние самите инвестираме во централата и цената не ни одговара (на пример во ноќните часови или дење кога произведуваат фотоволтаиците), тогаш ќе можеме едноставно да ја исклучиме централата, избегнувајќи плаќање на висока цена. Општо земено, самоубиствено е да се гради гасна централа за производство на базична енергија, а договорените 1150 GWh можат да се добијат само со 24-часовно производство, што е многу неповолно за нас. Третиот дел од цената на електричната енергија, HTA, претставува всушност нејзино намалување поради продажба на отпадната топлина, ако нејзината цена е поголема од референтната цена од 16,2 EUR/MWh. На пример, ако регулираната цена на топлинската енергија изнесува EffHT=87 EUR/MWh, загарантираните откупени количества на електрична и топлинска енергија изнесуваат 1150 и 275 GWh, тогаш HTA=(16,2-87)*275/1150=-16,9 EUR/MWh. Така купувачите на топлинска енергија, со подобро искористување на горивото им ја намалуваат цената на купувачите на електрична енергија. Овој дел од цената нема влијание на профитабилноста на Митилинеос, туку единствено има значење за купувачите на електрична енергија. Особено интересно е таканареченото „плаќање за повратна енергија“ (SBP). Во случај да преземеме помалку енергија од нето распложливите 1150 GWh/год (дури и ако сме го презеле договорениот минимум од 85% од нето расположливото), разликата ќе мораме да ја платиме по тарифа SBT=38 EUR/MWh. Ова ќе претставува вистинска посластица за Митилинеос, бидејќи без да троши гориво ќе прави лесни и брзи пари од - ништо. Или уште подобро, може да произведува и да ја извезува електричната енергија, а истовремено од нас да наплатува по 38 EUR/MWh! Во секој случај, Митилинеос нема никаков ценовен ризик, односно ризикот е наш бидејќи ние ќе ја плаќаме цената на гасот, колку и да биде висока. Тука не се земени во предвид уште и јаглеродните пенали, што купувачите ќе ги плаќаат преку цената на електричната енергија најдоцна од 2030 година. Нема да ги анализираме останатите, помалку битни ставки (на пример за стартување и за недостапност), но ќе направиме една анализа на исплатливоста и профитабилноста од електраната за грчката компанија. Споменатата профитна маржа од 15-19 EUR/MWh (средно 17 EUR/MWh), на загарантирана годишна продажба од 0,85*1150=978 GWh на Грците би им носела добивка (пред каматни трошоци, а од даноци секако се ослободени) во износ 978.000*17=16,6 милиони евра. Заедно со 23,9 милиони евра од топлинската енергија, тие би остварувале вкупно 40,5 милиони денешни евра годишен профит, независно од цената на гасот. Преминуваме на пресметка на времето на отплата. Рековме дека реалната цена на електраната од 145 MW изнесува 123 милиони евра. Македонската влада би сакала да им подари 50 милиони евра неповратна помош ЗА НИШТО, не сметајќи 10-20 милиони евра за земјиште, пристапен пат и трафо станица. Реално Грците би зеле кредит само за 123-50=73 милиони евра, што при годишна добивка од 40,5 милиони евра би го отплатиле за само 1 година и 10 месеци! Од тој момент понатаму, наредните 28 години Митилинеос би остварувал чист профит, ослободен од даноци во првите 10 години, од дури 28*41,5=1.162 милиони денешни евра, односно идни 2,3 милијарди евра. Сето тоа без никаков ризик (бидејќи ризикот го носиме ние), па дури и без почетно учество за кредитот, што ние ќе им го уплатиме во форма на помош. Значи, се работи за чист и безризичен профит за Грците без никаква инвестиција. Сето тоа ќе го платат граѓаните. Кога ќе се подвлече цртата, произлегува дека македонската влада на грчката компанија преку овој штетен договор на грчката Митилинеос не само што ќе и ја купи централата (најпрво преку учеството за кредитот, а потоа преку отплатата), туку ќе и овозможи преку 2 милијарди идни евра профит, не сметајќи ги 50-те милиони фрлени евра. Разликата е во тоа што наместо ние да ја поседуваме електраната, ќе ја поседуваат Грците, благодарение на нашите штетници што сакаат тоа да им го овозможат. Доколку Македонија самата инвестира 123 милиони евра во електраната, после отплатата во првите 3 години во наредните децении би имала годишна стапка на поврат на инвестицијата ROI=40,5/123=32,9%, а најважно е што електраната ќе биде наша. Се разбира, доколку државата се задоволи со помал принос, тогаш и електричната енергија за граѓаните би била поевтина отколку од Митилинеос. Грѓаните треба веднаш да сфатат една важна работа: цената на електричната енергија од гасот ќе биде најмалку двојно поскапа отколку сега, кога ја добиваме од јаглен. Инаку, дури цената за изградба да биде поголема од 123 милиони евра (на пример 160 милиони евра), тоа само ќе го пролонгира времето на отплата од 3 на 4 години, а годишниот принос на инвестицијата по отплатата ќе остане ист. Како е можно времето на отплата да биде толку кратко, а приносот толку висок? Одговорот лежи во максималното искористување на енергијата од горивото (отпадната топлина се искористува), но и во високата профитна маржа што е пресметана во цената на електричната енергија и високата цена на топлинската енергија. Заклучок: слично како за ПАХЕ „Чебрен“, Јавното обвинителство треба итно, по службена должност да започне гонење по чл. 247 и 363 од КЗ за кривични дела во обид, а судот итно да донесе времена мерка - стопирање на потпишување на Договорот. Од своја страна, пратениците во парламентот на седницата закажана за среда, 7.2.2024 да НЕ ГЛАСААТ за предложениот штетен договор.

The post Проф. Трајковски: Катастрофалната зделка за гасната централа на Митилинеос низ бројки appeared first on Република.

]]>
Загрижувачка, па и опасна ситуација: Ќе ни останат да нè лекуваат хиперпродуцираните кадри од Тетово и Штип https://republika.mk/zivot/zdravje/zagrizhuvachka-pa-i-opasna-situatsija-ke-ni-ostanat-da-ne-lekuvaat-hiperprodutsiranite-kadri-od-tetovo-i-shtip/ Mon, 05 Jun 2023 18:45:25 +0000 https://republika.mk/?p=648189

Поминаа неколку дена откако, како најнормална информација, беше објавено дека во Македонија минатата година дипломирале медицина дури 879 студенти, а од тој број безмалку 600 во Тетово и Штип. Никаква реакција, никаков врисок на јавноста, на Лекарската комора или на поединци, а камоли влегување на Јавното обвинителство во придружба на полицијата на факултетите и нивно запечатување се додека не се расчисти оваа образовна измама на векот, алармираше професорот Дејан Трајковски, чија анализа ви ја пренесуваме во целост:

За момент да ги видиме бројките и да видиме што е колку-толку нормално, а што е безумие или криминал. Само до пред 6 години на Медицински факултет во Скопје се запишувале 280 студенти, сите одлични од првиот до последниот. Последниот, 280-иот запишан имал персентилен ранг 92, што значи дека бил подобар од 92% од сите државни матуранти на ниво на цела држава. Инаку ваков персентилен ранг се постигнува доколку ученикот ги има петки во сите четири години во средно училиште, со најмногу три четворки на државната матура.

Резултат вреден за восхит, недостижен за сите останати факултети, освен донекаде за Економскиот факултет во Скопје, којшто им беше најблискиот конкурент според успехот на запишаните бруцоши. Извесен број одлични имаше и на информатика, но далеку од споменатите два факултети. Техничките факултети претставуваа големо разочарување, каде понекаде и највисоко рангираниот кандидат беше послаб од последниот на медицина. Ако некој мисли дека со такви предзнаења се станува инженер, многу се лаже. Затоа индустријата ќе ни биде во нокдаун, но тоа е тема за сосема друга анализа.

Да се вратиме на Медицински факултет во Скопје, истата таа година (2017) дипломирале се на се околу 110 студенти, да претпоставиме од 280 запишани во 2010/11 година, односно исто колку во 2017 година. Ранг листата на запишаните ни кажува дека првите 110 (колку што дипломирале) од 280 запишани имале персентилен ранг од најмалку 96, што значи дека приближно сите со персентилен ранг понизок од 96 пропаднале во текот на студиите, иако сите запишани биле одлични со сите петки во средно и со најмногу две четворки на државна матура. Ова нека ни послужи како ориентир за нормалност (иако високото образование е во слободен пад од 2009 година) и нека ни покаже каков кандидат може и смее да дипломира медицина, но и друг факултет, доколку сериозно се работи.
Доаѓаме до 2022 година, кога во државата дипломирале 879 (!) студенти по медицина, а од овој број 333 „дипломирале“ на тетовскиот државен универзитет, 298 во Скопје на УКИМ и 248 во Штип, на УГД. Имало најмногу дипломирани во однос на останатите факултети, па слободно може да се каже дека лекарите се нашите нови правници, коишто ќе го преплават бирото за вработување и ќе ја урнат платата на лекар на помалку од 30.000 денари.

Нас, потенцијалните пациенти нека не не загрижува нивната плата, но што е со квалитетот? Дали некој сериозно верува дека од Тетово излегле повеќе доктори отколку во Скопје и дека биле достојни за звањето доктор? Веќе видовме дека најдобрите матуранти се запишале на скопскиот медицински факултет, а на сите останати – само она што преостанало. Јасно е каков ќе биде нивниот квалитет. Дипломираните од скопскиот факултет најверојатно ќе заминат во странство, а нам ќе ни останат да не лекуваат хиперпродуцираните од Тетово и Штип. Ова е веќе загрижувачка, па и опасна ситуација, особено што многумина од нив и ќе специјализираат, не дај Боже исто така во Тетово и Штип, а гледаме како се завршуваат и основните студии. Патем да кажеме, дури и на скопскиот медицински факултет работите започнале да забегуваат, па наместо по 110 започнале да дипломираат по 300 кандидати.

Ако матичниот доктор можеме да го бираме, не можеме да го бираме специјалистот – просто не му пишува на челото каде и како дипломитрал и специјализирал. Државата, којашто ја дозволи оваа измама, би требало да им наложи на влезот од секоја специјалистичка ординација на видно место, со големи црвени букви да стои името на факултетот, генерацијата на дипломирањето, како и предупередување дека државата не стои зад квалитетот на докторот и дека влегуваме на сопствен ризик. Навистина, кој ќе не заштити од овие дипломираните во 2022 година? Иако меѓу нив секако има и квалитетни кандидати, тие се измешани со оние што нормално би пропаднале уште во прва година. Македонија станува опасно место за живеење.

Мислев дека во Битола сме колку-толку заштитени, иако кадрите од Тетово и Штип порано или подоцна ќе се прелеат и кај нас. Но, најстрашното од се ќе биде ако останат во својата намера да отворат медицински факултет и во Битола, со дисперзирана паралелка во Ресен (?!), за што веќе наголемо се прават планови на универзитетот. Зошто популизмот е толку примамлив, па упорно се туркаат докажано штетни работи?

Што треба уште да ни се случи за да сфатат дека вака не може и не смее понатаму? Кога лекарската комора, па и министерството за образование ќе се разбудат и ќе ја притиснат сопирачката, макар и со големо задоцнување?

За жал, наместо тоа ќе продолжат да не замајуваат дека „се било согласно законот“ и дека ова се само фантазии на поединци коишто немаат попаметна работа, туку само критикуваат колку да им помине времето.

The post Загрижувачка, па и опасна ситуација: Ќе ни останат да нè лекуваат хиперпродуцираните кадри од Тетово и Штип appeared first on Република.

]]>

Поминаа неколку дена откако, како најнормална информација, беше објавено дека во Македонија минатата година дипломирале медицина дури 879 студенти, а од тој број безмалку 600 во Тетово и Штип. Никаква реакција, никаков врисок на јавноста, на Лекарската комора или на поединци, а камоли влегување на Јавното обвинителство во придружба на полицијата на факултетите и нивно запечатување се додека не се расчисти оваа образовна измама на векот, алармираше професорот Дејан Трајковски, чија анализа ви ја пренесуваме во целост: За момент да ги видиме бројките и да видиме што е колку-толку нормално, а што е безумие или криминал. Само до пред 6 години на Медицински факултет во Скопје се запишувале 280 студенти, сите одлични од првиот до последниот. Последниот, 280-иот запишан имал персентилен ранг 92, што значи дека бил подобар од 92% од сите државни матуранти на ниво на цела држава. Инаку ваков персентилен ранг се постигнува доколку ученикот ги има петки во сите четири години во средно училиште, со најмногу три четворки на државната матура. Резултат вреден за восхит, недостижен за сите останати факултети, освен донекаде за Економскиот факултет во Скопје, којшто им беше најблискиот конкурент според успехот на запишаните бруцоши. Извесен број одлични имаше и на информатика, но далеку од споменатите два факултети. Техничките факултети претставуваа големо разочарување, каде понекаде и највисоко рангираниот кандидат беше послаб од последниот на медицина. Ако некој мисли дека со такви предзнаења се станува инженер, многу се лаже. Затоа индустријата ќе ни биде во нокдаун, но тоа е тема за сосема друга анализа. Да се вратиме на Медицински факултет во Скопје, истата таа година (2017) дипломирале се на се околу 110 студенти, да претпоставиме од 280 запишани во 2010/11 година, односно исто колку во 2017 година. Ранг листата на запишаните ни кажува дека првите 110 (колку што дипломирале) од 280 запишани имале персентилен ранг од најмалку 96, што значи дека приближно сите со персентилен ранг понизок од 96 пропаднале во текот на студиите, иако сите запишани биле одлични со сите петки во средно и со најмногу две четворки на државна матура. Ова нека ни послужи како ориентир за нормалност (иако високото образование е во слободен пад од 2009 година) и нека ни покаже каков кандидат може и смее да дипломира медицина, но и друг факултет, доколку сериозно се работи. Доаѓаме до 2022 година, кога во државата дипломирале 879 (!) студенти по медицина, а од овој број 333 „дипломирале“ на тетовскиот државен универзитет, 298 во Скопје на УКИМ и 248 во Штип, на УГД. Имало најмногу дипломирани во однос на останатите факултети, па слободно може да се каже дека лекарите се нашите нови правници, коишто ќе го преплават бирото за вработување и ќе ја урнат платата на лекар на помалку од 30.000 денари. Нас, потенцијалните пациенти нека не не загрижува нивната плата, но што е со квалитетот? Дали некој сериозно верува дека од Тетово излегле повеќе доктори отколку во Скопје и дека биле достојни за звањето доктор? Веќе видовме дека најдобрите матуранти се запишале на скопскиот медицински факултет, а на сите останати – само она што преостанало. Јасно е каков ќе биде нивниот квалитет. Дипломираните од скопскиот факултет најверојатно ќе заминат во странство, а нам ќе ни останат да не лекуваат хиперпродуцираните од Тетово и Штип. Ова е веќе загрижувачка, па и опасна ситуација, особено што многумина од нив и ќе специјализираат, не дај Боже исто така во Тетово и Штип, а гледаме како се завршуваат и основните студии. Патем да кажеме, дури и на скопскиот медицински факултет работите започнале да забегуваат, па наместо по 110 започнале да дипломираат по 300 кандидати. Ако матичниот доктор можеме да го бираме, не можеме да го бираме специјалистот – просто не му пишува на челото каде и како дипломитрал и специјализирал. Државата, којашто ја дозволи оваа измама, би требало да им наложи на влезот од секоја специјалистичка ординација на видно место, со големи црвени букви да стои името на факултетот, генерацијата на дипломирањето, како и предупередување дека државата не стои зад квалитетот на докторот и дека влегуваме на сопствен ризик. Навистина, кој ќе не заштити од овие дипломираните во 2022 година? Иако меѓу нив секако има и квалитетни кандидати, тие се измешани со оние што нормално би пропаднале уште во прва година. Македонија станува опасно место за живеење. Мислев дека во Битола сме колку-толку заштитени, иако кадрите од Тетово и Штип порано или подоцна ќе се прелеат и кај нас. Но, најстрашното од се ќе биде ако останат во својата намера да отворат медицински факултет и во Битола, со дисперзирана паралелка во Ресен (?!), за што веќе наголемо се прават планови на универзитетот. Зошто популизмот е толку примамлив, па упорно се туркаат докажано штетни работи? Што треба уште да ни се случи за да сфатат дека вака не може и не смее понатаму? Кога лекарската комора, па и министерството за образование ќе се разбудат и ќе ја притиснат сопирачката, макар и со големо задоцнување? За жал, наместо тоа ќе продолжат да не замајуваат дека „се било согласно законот“ и дека ова се само фантазии на поединци коишто немаат попаметна работа, туку само критикуваат колку да им помине времето.

The post Загрижувачка, па и опасна ситуација: Ќе ни останат да нè лекуваат хиперпродуцираните кадри од Тетово и Штип appeared first on Република.

]]>
Проф. Трајковски: Им ги чувам празните тетратки на сите „тиквари“ кои со врски во комисијата ги положиле моите предмети https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-trajkovski-im-gi-chuvam-praznite-tetratki-na-site-tikvari-koi-so-vrski-vo-komisijata-gi-polozile-moite-predmeti/ Tue, 04 Oct 2022 08:53:23 +0000 https://republika.mk/?p=557144

Претседателот и професор Стево Пендаровски на вечерашнава „Топ тема“ на ТВ Телма изјави: „Потребно е да се изврши ревизија на сите дипломи издадени во последните десетина години“. Да се надоврзам и да му помогнам, да тргнеме со решавање на проблемот започнувајќи од мојот делокруг на работа. Од 2010 година, после отворањето факултети во сите поголеми села низ државата, моите предмети Динамика и осцилации и Јакост на конструкциите со знаење ги положиле кандидати кои можат да се избројат на прстите од едната рака, коментира професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола.

Истовремено, додава тој, комисија која нема врска од предметите и која самата би паднала на овие испити доколку би ги седнал заеднички - „конзилијарно“ да го полагаат испитот), незаслужено пуштила преку сто кандидати.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ovaa-vlada-ne-promeni-nishto-vo-obrazovanieto-zatoa-imame-95-funkcionalno-nepismeni/

Се уште ги чувам сите празни испитни тетратки од кандидатите како доказ.
Сите овие дипломираа, а голем број од нив магистрираа, можеби и докторираа. Сите работидавачи кои ги вработиле можат да бидат сигурни дека имаат примено луѓе со незаслужени дипломи. Нека дојдат да им ги покажам празните изпитни тетратки. Можат да им ги побараат и индексите и да видат чиј потпис стои покрај оценките од моите предмети. Ако не е мојот, јасно е како положиле.
Сите тие се кандидати за ревизија и поништување на дипломите. Ако Пендаровски е сериозен во намерата, нека ги донесат кандидатите да им организирам реален испит, каде ќе им потврдам дека нивното знаење е рамно на нула, па веднаш да им се одземат, т.е. поништат дипломите, заедно со магистерските и докторските. Вака имаме магистри и доктори кои не знаат математика и физика ниту на средношколско ниво, па и пониско.
Самата комисија, пак, ја повикувам на двобој во знаење. Ќе решаваме задачи и ќе изведуваме формули, со еден единствен услов: нема користење книги, белешки и било каква помош од страна. Да видиме колкави стручњаци се за механика и јакост, штом веќе се претставуваат како такви и се нафаќаат да бидат членови на комисија.
Тоа би бил мојот скромен придонес во отстранувањето на штетите што ги прават полни 12 години.
Инаку, самиот универзитет е најмногу виновен за оваа ситуација. Пред десетина години изгласаа одлука, според која секој кандидат после три неуспешни испити може да бара комисија, СО ИЗЗЕМАЊЕ на предметниот наставник од комисијата. Од што се плашат, па го изземаат наставникот? Дека ќе го види нивниот образовен криминал? Не тврдам дека примиле мито, но стојам зад тоа дека незаслужено пуштиле преку сто кандидати, што е уште поголем криминал, што лесно се докажува со проверка на знаењето.
Резултатите ги гледаме, станавме карикатура од држава и направија сé, за да му се згади работата на секој чесен професор. Отворија 24 универзитети и потоа се чудат зошто немало квалитет. Е па нема и нема ни да го има, без затворање на дваесетина универзитети и сведување на постоечките 135 факултети на триесетина. Со еден збор, враќање на состојбата од пред 1991 година. Ако не, ќе продолжиме да си се лажеме и ќе зборуваме дека образоваието не ни чини, вели Трајковски.

The post Проф. Трајковски: Им ги чувам празните тетратки на сите „тиквари“ кои со врски во комисијата ги положиле моите предмети appeared first on Република.

]]>

Претседателот и професор Стево Пендаровски на вечерашнава „Топ тема“ на ТВ Телма изјави: „Потребно е да се изврши ревизија на сите дипломи издадени во последните десетина години“. Да се надоврзам и да му помогнам, да тргнеме со решавање на проблемот започнувајќи од мојот делокруг на работа. Од 2010 година, после отворањето факултети во сите поголеми села низ државата, моите предмети Динамика и осцилации и Јакост на конструкциите со знаење ги положиле кандидати кои можат да се избројат на прстите од едната рака, коментира професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола. Истовремено, додава тој, комисија која нема врска од предметите и која самата би паднала на овие испити доколку би ги седнал заеднички - „конзилијарно“ да го полагаат испитот), незаслужено пуштила преку сто кандидати. https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ovaa-vlada-ne-promeni-nishto-vo-obrazovanieto-zatoa-imame-95-funkcionalno-nepismeni/
Се уште ги чувам сите празни испитни тетратки од кандидатите како доказ. Сите овие дипломираа, а голем број од нив магистрираа, можеби и докторираа. Сите работидавачи кои ги вработиле можат да бидат сигурни дека имаат примено луѓе со незаслужени дипломи. Нека дојдат да им ги покажам празните изпитни тетратки. Можат да им ги побараат и индексите и да видат чиј потпис стои покрај оценките од моите предмети. Ако не е мојот, јасно е како положиле. Сите тие се кандидати за ревизија и поништување на дипломите. Ако Пендаровски е сериозен во намерата, нека ги донесат кандидатите да им организирам реален испит, каде ќе им потврдам дека нивното знаење е рамно на нула, па веднаш да им се одземат, т.е. поништат дипломите, заедно со магистерските и докторските. Вака имаме магистри и доктори кои не знаат математика и физика ниту на средношколско ниво, па и пониско. Самата комисија, пак, ја повикувам на двобој во знаење. Ќе решаваме задачи и ќе изведуваме формули, со еден единствен услов: нема користење книги, белешки и било каква помош од страна. Да видиме колкави стручњаци се за механика и јакост, штом веќе се претставуваат како такви и се нафаќаат да бидат членови на комисија. Тоа би бил мојот скромен придонес во отстранувањето на штетите што ги прават полни 12 години. Инаку, самиот универзитет е најмногу виновен за оваа ситуација. Пред десетина години изгласаа одлука, според која секој кандидат после три неуспешни испити може да бара комисија, СО ИЗЗЕМАЊЕ на предметниот наставник од комисијата. Од што се плашат, па го изземаат наставникот? Дека ќе го види нивниот образовен криминал? Не тврдам дека примиле мито, но стојам зад тоа дека незаслужено пуштиле преку сто кандидати, што е уште поголем криминал, што лесно се докажува со проверка на знаењето. Резултатите ги гледаме, станавме карикатура од држава и направија сé, за да му се згади работата на секој чесен професор. Отворија 24 универзитети и потоа се чудат зошто немало квалитет. Е па нема и нема ни да го има, без затворање на дваесетина универзитети и сведување на постоечките 135 факултети на триесетина. Со еден збор, враќање на состојбата од пред 1991 година. Ако не, ќе продолжиме да си се лажеме и ќе зборуваме дека образоваието не ни чини, вели Трајковски.

The post Проф. Трајковски: Им ги чувам празните тетратки на сите „тиквари“ кои со врски во комисијата ги положиле моите предмети appeared first on Република.

]]>
Проф. Трајковски: Во септември по 100 случаи дневно, но нов сој ќе ги зголеми бројките во ноември и декември https://republika.mk/zivot/zdravje/prof-trajkovski-vo-septemvri-po-100-sluchai-dnevno-no-nov-soj-kje-gi-zgolemi-brojkite-vo-noemvri-i-dekemvri/ Sat, 20 Aug 2022 13:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=541921

Во текот на целиот месец септември може да очекуваме над 100 нови случаи дневно, а бројките може да почнат да растат во ноември и декември, прогнозира професорот Дејан Трајковски кој ги анализира бројките на ковид заразени и починати. Во овој бран на ковид имало многу помалку тестирања, но и многу помала смртност и хоспитализации.

Ова е неговата најнова анализа:

Продолжува очекуваното експоненцијално намалување на дневните броеви на нови случаи, после максимумот постигнат на преминот од јули во август (на дијаграмот на првата слика).

 Максимумот се случил за време на празникот

Всушност, неприродното вдлабнување на зелената линија (седумдневната подвижна средина) во првите денови на август, кажува дека максимумот најверојатно се случил токму за време на празникот, но малиот број на тестирања поради големата раздвиженост на населението тоа не го потврдил.

Како и кај сите бранови, намалувањето на бранот временски трае за околу 50% подолго отколку искачувањето, а црвената линија на експоненцијалната регресија на првиот дијаграм приближно ни го дава темпото на намалување на просечните дневни бројки во наредните две недели.

Дијаграмот на втората слика ги прикажува резултатите од нумеричката симулација – решенијата на диференцијалните равенки на динамиката на епидемијата според SIR моделот (Susceptible – Infected – Recovered), за следните две недели.

Формите на кривите зависат од претпоставената вредност на ефективниот репродукциски број Rt, којшто во ова сценарио е земен Rt=0,95. Всушност, никогаш не се знае кое сценарио ќе се оствари, затоа што со почетокот на учебната година можно е преносливоста да се зголеми, а со тоа да се забави намалувањето на бројот на нови и активни случаи, како и израмнувањето на кривата на вкупниот број на случаи.

Бројките може да почнат да растат пак во ноември или декември

Во секој случај, во текот на целиот месец септември можеме да очекуваме над 100 нови случаи дневно. Во подоцнежните есенски месеци можно е бројките да престанат да се намалуваат, а со доаѓањето на зимата или со пристигнувањето на подсојот BA2.75 на омикрон сојот, бројките во ноември или декември можат одново да започнат да растат. Се чини дека сме навлезени во деценија на корона вируси, па иако се очекува смртноста да се намалува, секоја година по еднаш или два пати можеби ќе гледаме помали или поголеми бранови на нови случаи.

Од интересното се истакнува стапката на позитивни тестови (на дијаграмот на третата слика), којашто во овој бран постави рекорди од почетокот на епидемијата. Седумдневниот просек извесно време се движеше околу 45%, додека во некои денови таа надмина и 60%. Ова само покажува дека се прават екстремно малку тестирања, односно дека се тестираат само лицата со јасни симптоми на ковид, заради започнување со лекување.

На полето на смртноста се забележува дека врвот се уште не е достигнат (портокаловата линија на четвртиот дијаграм). Во овој бран, на подсојот BA5 на корона вирусот, забележуваме дека е пролонгирано времетраењето од дијагностицирањето до хоспитализирањето, како и од дијагностицирањето до смртниот исход. Тоа е индикатор на побавниот и поблагиот тек на болеста. Ако порано врвот на смртните случаи настапувал околу 15 дена по врвот на новозаразувањето, сега временското поместување изнесува околу 20 дена.

Најмногу хоспитализации се очекуваат следната недела

Кај хоспитализациите доцнењето исто така е зголемено, од една на две недели. Сината линија на дијаграмот на петтата слика ни покажува дека ни хоспитализациите се уште не го достигнале својот врв, иако врвот на дневниот број на нови случаи се случил уште околу 01.08.2022. Заклучно со неделата, 14.08.2022 во сите болници имало 199 хоспитализирани, со тенденција оваа бројка да достигне максимум на почетокот од следната недела. Неколку дена подоцна би требало да помине и врвот на бројот на смртните случаи, којшто моментално изнесува просечно 4 починати дневно (портокаловата линија на четвртиот дијаграм).

Смртноста двојно пониска од јануарскиот бран

Големиот број на заразени во овој бран не беше следен со голем број на починати, односно стапката на леталитет, којашто моментално изнесува под 0,70%, е повеќе од двојно пониска отколку за време на јануарскиот бран на подсојот BA1 на омикрон сојот и речиси за 6 пати пониска отколку за време на претходните соеви (вуханскиот, алфа и делта сојот), кога починаа најмногу луѓе. Сегашниот леталитет од 0,6% – 0,7% е само двојно повисок од леталитетот на сезонскиот грип, што според нашите здравствени власти е главниот фактор за максималното релаксирање на мерките.

The post Проф. Трајковски: Во септември по 100 случаи дневно, но нов сој ќе ги зголеми бројките во ноември и декември appeared first on Република.

]]>

Во текот на целиот месец септември може да очекуваме над 100 нови случаи дневно, а бројките може да почнат да растат во ноември и декември, прогнозира професорот Дејан Трајковски кој ги анализира бројките на ковид заразени и починати. Во овој бран на ковид имало многу помалку тестирања, но и многу помала смртност и хоспитализации. Ова е неговата најнова анализа: Продолжува очекуваното експоненцијално намалување на дневните броеви на нови случаи, после максимумот постигнат на преминот од јули во август (на дијаграмот на првата слика).  Максимумот се случил за време на празникот Всушност, неприродното вдлабнување на зелената линија (седумдневната подвижна средина) во првите денови на август, кажува дека максимумот најверојатно се случил токму за време на празникот, но малиот број на тестирања поради големата раздвиженост на населението тоа не го потврдил. Како и кај сите бранови, намалувањето на бранот временски трае за околу 50% подолго отколку искачувањето, а црвената линија на експоненцијалната регресија на првиот дијаграм приближно ни го дава темпото на намалување на просечните дневни бројки во наредните две недели. Дијаграмот на втората слика ги прикажува резултатите од нумеричката симулација – решенијата на диференцијалните равенки на динамиката на епидемијата според SIR моделот (Susceptible – Infected – Recovered), за следните две недели. Формите на кривите зависат од претпоставената вредност на ефективниот репродукциски број Rt, којшто во ова сценарио е земен Rt=0,95. Всушност, никогаш не се знае кое сценарио ќе се оствари, затоа што со почетокот на учебната година можно е преносливоста да се зголеми, а со тоа да се забави намалувањето на бројот на нови и активни случаи, како и израмнувањето на кривата на вкупниот број на случаи. Бројките може да почнат да растат пак во ноември или декември Во секој случај, во текот на целиот месец септември можеме да очекуваме над 100 нови случаи дневно. Во подоцнежните есенски месеци можно е бројките да престанат да се намалуваат, а со доаѓањето на зимата или со пристигнувањето на подсојот BA2.75 на омикрон сојот, бројките во ноември или декември можат одново да започнат да растат. Се чини дека сме навлезени во деценија на корона вируси, па иако се очекува смртноста да се намалува, секоја година по еднаш или два пати можеби ќе гледаме помали или поголеми бранови на нови случаи. Од интересното се истакнува стапката на позитивни тестови (на дијаграмот на третата слика), којашто во овој бран постави рекорди од почетокот на епидемијата. Седумдневниот просек извесно време се движеше околу 45%, додека во некои денови таа надмина и 60%. Ова само покажува дека се прават екстремно малку тестирања, односно дека се тестираат само лицата со јасни симптоми на ковид, заради започнување со лекување. На полето на смртноста се забележува дека врвот се уште не е достигнат (портокаловата линија на четвртиот дијаграм). Во овој бран, на подсојот BA5 на корона вирусот, забележуваме дека е пролонгирано времетраењето од дијагностицирањето до хоспитализирањето, како и од дијагностицирањето до смртниот исход. Тоа е индикатор на побавниот и поблагиот тек на болеста. Ако порано врвот на смртните случаи настапувал околу 15 дена по врвот на новозаразувањето, сега временското поместување изнесува околу 20 дена. Најмногу хоспитализации се очекуваат следната недела Кај хоспитализациите доцнењето исто така е зголемено, од една на две недели. Сината линија на дијаграмот на петтата слика ни покажува дека ни хоспитализациите се уште не го достигнале својот врв, иако врвот на дневниот број на нови случаи се случил уште околу 01.08.2022. Заклучно со неделата, 14.08.2022 во сите болници имало 199 хоспитализирани, со тенденција оваа бројка да достигне максимум на почетокот од следната недела. Неколку дена подоцна би требало да помине и врвот на бројот на смртните случаи, којшто моментално изнесува просечно 4 починати дневно (портокаловата линија на четвртиот дијаграм). Смртноста двојно пониска од јануарскиот бран Големиот број на заразени во овој бран не беше следен со голем број на починати, односно стапката на леталитет, којашто моментално изнесува под 0,70%, е повеќе од двојно пониска отколку за време на јануарскиот бран на подсојот BA1 на омикрон сојот и речиси за 6 пати пониска отколку за време на претходните соеви (вуханскиот, алфа и делта сојот), кога починаа најмногу луѓе. Сегашниот леталитет од 0,6% – 0,7% е само двојно повисок од леталитетот на сезонскиот грип, што според нашите здравствени власти е главниот фактор за максималното релаксирање на мерките.

The post Проф. Трајковски: Во септември по 100 случаи дневно, но нов сој ќе ги зголеми бројките во ноември и декември appeared first on Република.

]]>
Проф.Трајковски: Бројот на новозаразени од околу 80-ина дневно може да продолжи уште долго време https://republika.mk/zivot/zdravje/prof-trajkovski-brojot-na-novozarazeni-od-okolu-80-ina-dnevno-moze-da-prodolzi-ushte-dolgo-vreme/ Thu, 12 May 2022 08:09:42 +0000 https://republika.mk/?p=501304

Укинувањето на мерките може да доведе константниот број на новозаразени од околу 80-ина дневно да продолжи уште долго време. Велигденско-бајрамскиот мини-врв на преносливоста е веќе зад нас и ефективниот репродукциски број Rt постепено се намалува кон единица (на првиот дијаграм). За среќа, Rt не остана долго над единица, па немаше време дневните бројки на новодијагностицирани значително да порастат, пишува во својата нова ковид анализа проф.Дејан Трајковски.

Тој посочува дека поучени од развојот на настаните од минатата година, логично е да очекува намалување на заразувањето, а дневниот број на нови случаи да се намали до ниво на спорадично заразување, односно околу 25 случаи дневно.

Но, да не испуштаме од предвид дека минатото лето имавме макар минимални мерки во сила, односно носење маски во затворени простории, освен – се разбира – во кафеаните. Сега ја немаме ни таа мерка, па можно е бројот на спорадични случаи да биде поголем од 20-25 дневно.

Ќе почекаме 2-3 недели, доволно да се оддалечиме од овој празничен скок на преносливоста, за да извлекуваме подолгорочни заклучоци. Да не заборавиме дека новите потсоеви BА4 и BA5 на омикрон сојот веќе пристигнаа во Европа и полека започнаа да се шират. Кон ова треба да се додаде уште дека имунитетот против заразување само од прележување (но и само од вакцинирање), после 4 месеци од врвот на бранот на омикрон сојот веќе бледнее. Тоа ќе предизвика многу од прележаните лица одново да станат сусцептбилни (чувствителни, подложни) на реинфекција.

Овој факт, заедно со укинувањето на мерките и отсуството на секаква грижа кај населението може да доведе сегашниот приближно константен број на новозаразени од околу 80-ина дневно (секако поднамален поради летото) и бројот на активни случаи од неколку стотици да продолжи уште долго време, можеби дури до доаѓањето на есента или до пристигнувањето на новите потсоеви BА4 и BA5. Тоа е она што се нарекува ендемија – вирусот никогаш не исчезнува, туку продолжува да циркулира без поголеми избувнувања цело време на дадена територија. Но, да почекаме уште еден месец и ќе знаеме подобро, пишува тој.

 

The post Проф.Трајковски: Бројот на новозаразени од околу 80-ина дневно може да продолжи уште долго време appeared first on Република.

]]>

Укинувањето на мерките може да доведе константниот број на новозаразени од околу 80-ина дневно да продолжи уште долго време. Велигденско-бајрамскиот мини-врв на преносливоста е веќе зад нас и ефективниот репродукциски број Rt постепено се намалува кон единица (на првиот дијаграм). За среќа, Rt не остана долго над единица, па немаше време дневните бројки на новодијагностицирани значително да порастат, пишува во својата нова ковид анализа проф.Дејан Трајковски. Тој посочува дека поучени од развојот на настаните од минатата година, логично е да очекува намалување на заразувањето, а дневниот број на нови случаи да се намали до ниво на спорадично заразување, односно околу 25 случаи дневно.
Но, да не испуштаме од предвид дека минатото лето имавме макар минимални мерки во сила, односно носење маски во затворени простории, освен – се разбира – во кафеаните. Сега ја немаме ни таа мерка, па можно е бројот на спорадични случаи да биде поголем од 20-25 дневно. Ќе почекаме 2-3 недели, доволно да се оддалечиме од овој празничен скок на преносливоста, за да извлекуваме подолгорочни заклучоци. Да не заборавиме дека новите потсоеви BА4 и BA5 на омикрон сојот веќе пристигнаа во Европа и полека започнаа да се шират. Кон ова треба да се додаде уште дека имунитетот против заразување само од прележување (но и само од вакцинирање), после 4 месеци од врвот на бранот на омикрон сојот веќе бледнее. Тоа ќе предизвика многу од прележаните лица одново да станат сусцептбилни (чувствителни, подложни) на реинфекција. Овој факт, заедно со укинувањето на мерките и отсуството на секаква грижа кај населението може да доведе сегашниот приближно константен број на новозаразени од околу 80-ина дневно (секако поднамален поради летото) и бројот на активни случаи од неколку стотици да продолжи уште долго време, можеби дури до доаѓањето на есента или до пристигнувањето на новите потсоеви BА4 и BA5. Тоа е она што се нарекува ендемија – вирусот никогаш не исчезнува, туку продолжува да циркулира без поголеми избувнувања цело време на дадена територија. Но, да почекаме уште еден месец и ќе знаеме подобро, пишува тој.
 

The post Проф.Трајковски: Бројот на новозаразени од околу 80-ина дневно може да продолжи уште долго време appeared first on Република.

]]>
Проф. Трајковски: Во следните 6 месеци ќе подзаборавиме на епидемијата https://republika.mk/zivot/zdravje/prof-trajkovski-vo-slednite-6-meseci-kje-podzaboravime-na-epidemijata/ Tue, 19 Apr 2022 10:06:12 +0000 https://republika.mk/?p=490437

Македонија премина од IV во III степен на ризик за пренесување на заразата, според критериумите на Европскиот центар за спречување на заразни болести ЕЦДЦ, вели професорот Дејан Трајковски, кој во својата ковид-анализа додава дека14-дневната инциденца опадна под 120 случаи на 100.000 жители за 14 дена (на првиот дијаграм), што претставува еден од трите критериуми.

По укинувањето на наредбата за задолжително носење заштитни маски, забележуваме мал застој во намалувањето на стапката на позитивни тестови (црвената линија на вториот дијаграм), но ефективниот репродукциски број Rt сепак останува под единица (на третиот дјаграм), што значи дека бројките сепак ќе продолжат да се намалуваат. Дневниот број на починати исто така се намалува (го заминавме мини врвот од потсојот БА2 на омикрон сојот од крајот од март), така што за 1-2 недели просечниот дневен број на починати би требало да опадне под 2 (на четвртиот дијаграм).
Како што се намалува бројот на новозаразени во светски рамки, така се намалуваат и шансите за појава на нови мутации, иако тие не се сосема исклучени. Како и кај повеќето пандемии, беа потребни повеќе од две години за да прележи (дури и по два пати) голем дел од популацијата, па на тој начин по пат на колективен имунитет ширењето на заразата спонтано да се намали.
Иако секоја зима веројтно ќе имаме увоз на нови инфекции од разни ендемични подрачја на планетава, барем во следните 6 месеци ќе подзаборавиме на епидемијата на корона вирусите. Ситуацијата дефинитивно оди на подобро, но жално е што преку 15.000 наши сограѓани, мерено според одвишната смртност над очекуваната сезонска смртност, не го преживеаја ова премрежие, пишува тој.

The post Проф. Трајковски: Во следните 6 месеци ќе подзаборавиме на епидемијата appeared first on Република.

]]>

Македонија премина од IV во III степен на ризик за пренесување на заразата, според критериумите на Европскиот центар за спречување на заразни болести ЕЦДЦ, вели професорот Дејан Трајковски, кој во својата ковид-анализа додава дека14-дневната инциденца опадна под 120 случаи на 100.000 жители за 14 дена (на првиот дијаграм), што претставува еден од трите критериуми.
По укинувањето на наредбата за задолжително носење заштитни маски, забележуваме мал застој во намалувањето на стапката на позитивни тестови (црвената линија на вториот дијаграм), но ефективниот репродукциски број Rt сепак останува под единица (на третиот дјаграм), што значи дека бројките сепак ќе продолжат да се намалуваат. Дневниот број на починати исто така се намалува (го заминавме мини врвот од потсојот БА2 на омикрон сојот од крајот од март), така што за 1-2 недели просечниот дневен број на починати би требало да опадне под 2 (на четвртиот дијаграм). Како што се намалува бројот на новозаразени во светски рамки, така се намалуваат и шансите за појава на нови мутации, иако тие не се сосема исклучени. Како и кај повеќето пандемии, беа потребни повеќе од две години за да прележи (дури и по два пати) голем дел од популацијата, па на тој начин по пат на колективен имунитет ширењето на заразата спонтано да се намали. Иако секоја зима веројтно ќе имаме увоз на нови инфекции од разни ендемични подрачја на планетава, барем во следните 6 месеци ќе подзаборавиме на епидемијата на корона вирусите. Ситуацијата дефинитивно оди на подобро, но жално е што преку 15.000 наши сограѓани, мерено според одвишната смртност над очекуваната сезонска смртност, не го преживеаја ова премрежие, пишува тој.

The post Проф. Трајковски: Во следните 6 месеци ќе подзаборавиме на епидемијата appeared first on Република.

]]>
Проф. Дејан Трајковски: Во следните шест месеци ќе заборавиме на коронавирусот https://republika.mk/zivot/zdravje/prof-dejan-trajkovski-vo-slednite-shest-meseci-kje-zaboravime-na-koronavirusot/ Tue, 19 Apr 2022 10:01:30 +0000 https://republika.mk/?p=490440

Професорот Дејан Трајковски во својата ковид-анализа констатира дека ни претстои период во кој ќе заборавиме на корона вирусот.

Како што се намалува бројот на новозаразени во светски рамки, така се намалуваат и шансите за појава на нови мутации, иако тие не се сосема исклучени. Како и кај повеќето пандемии, беа потребни повеќе од две години за да прележи (дури и по два пати) голем дел од популацијата, па на тој начин по пат на колективен имунитет ширењето на заразата спонтано да се намали, пишува професорот на својот Фејсбк профил.

Според него иако секоја зима веројтно ќе имаме увоз на нови инфекции од разни ендемични подрачја на планетава, во следните 6 месеци ќе подзаборавиме на епидемијата на корона вирусите.

Ситуацијата дефинитивно оди на подобро, но жално е што преку 15.000 наши сограѓани, мерено според одвишната смртност над очекуваната сезонска смртност, не го преживеаја ова премрежие, наведува професорот.

Неговата анализа во целост во продолжение:

The post Проф. Дејан Трајковски: Во следните шест месеци ќе заборавиме на коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Професорот Дејан Трајковски во својата ковид-анализа констатира дека ни претстои период во кој ќе заборавиме на корона вирусот.
Како што се намалува бројот на новозаразени во светски рамки, така се намалуваат и шансите за појава на нови мутации, иако тие не се сосема исклучени. Како и кај повеќето пандемии, беа потребни повеќе од две години за да прележи (дури и по два пати) голем дел од популацијата, па на тој начин по пат на колективен имунитет ширењето на заразата спонтано да се намали, пишува професорот на својот Фејсбк профил.
Според него иако секоја зима веројтно ќе имаме увоз на нови инфекции од разни ендемични подрачја на планетава, во следните 6 месеци ќе подзаборавиме на епидемијата на корона вирусите.
Ситуацијата дефинитивно оди на подобро, но жално е што преку 15.000 наши сограѓани, мерено според одвишната смртност над очекуваната сезонска смртност, не го преживеаја ова премрежие, наведува професорот.
Неговата анализа во целост во продолжение:

The post Проф. Дејан Трајковски: Во следните шест месеци ќе заборавиме на коронавирусот appeared first on Република.

]]>
Проф. Трајковски предвидува дека може да бидеме првата земја во светот која ќе достигне колективен имунитет https://republika.mk/zivot/zdravje/prof-trajkovski-predviduva-deka-moze-da-bideme-prvata-zemja-vo-svetot-koja-kje-dostigne-kolektiven-imunitet/ Mon, 21 Feb 2022 19:31:54 +0000 https://republika.mk/?p=461647

Професорот Дејан Трајковски, кој преку неговите математичко статистички анализи објавува свое видување за брановите на Ковид-19, смета дека три недели по започнувањето на второто полугодие во училиштата, апсолвиран е порастот на преносливоста на заразата и се враќаме на патот на нормализација.

Продолжуваме со експоненцијално намалување, како што предвидува експоненцијалната регресија на третиот дијаграм. Факторите на растот на дневните броеви, прикажани на четвртиот дијаграм, се на рекордно ниско ниво, така што во претстојниот период би требало да продолжиме со ова темпо, објавува тој.

Според професорот, останува проблемот со новите потсоеви и соеви, иако времето е прекратко од последниот бран за за почеток на нов, позначителен бран.

Голем дел од популацијата има скоро прележано, но што е уште поважно – има по втор пат прележано, што дава подолготраен имунитет од заразување. Нов бран не би требало да се појави порано од 5 месеци по избувнувањето на моменталниот бран, но тоа би дошло во јуни, што се совпаѓа со почетокот на летото, така што растот на бројките не би требало да биде многу голем.

Со толку голем број на заразени од Омикрон сојот во светот, шансите за појава на нови опасни соеви на вирусот се сé уште прилично високи, па сé уште не е дојдено времето за целосно релаксирање и заборавање на превентивните мерки. Додуша, кај нас речиси и не се применуваат, така што дури формално целосно да се укинат, нема да се забележи некаква голема промена. Превисоката одвишна смртност, според која сме на второто, а можеби и првото место на светот, зависно од фактичкиот број на жители во државата, кажува дека ќе бидеме можеби првата земја во светот која ќе достигне колективен имунитет – под услов во меѓувреме да не се појави некаков нов сој којшто ќе го заобиколи тој имунитет, објаснува проф. Трајковски.

The post Проф. Трајковски предвидува дека може да бидеме првата земја во светот која ќе достигне колективен имунитет appeared first on Република.

]]>

Професорот Дејан Трајковски, кој преку неговите математичко статистички анализи објавува свое видување за брановите на Ковид-19, смета дека три недели по започнувањето на второто полугодие во училиштата, апсолвиран е порастот на преносливоста на заразата и се враќаме на патот на нормализација.
Продолжуваме со експоненцијално намалување, како што предвидува експоненцијалната регресија на третиот дијаграм. Факторите на растот на дневните броеви, прикажани на четвртиот дијаграм, се на рекордно ниско ниво, така што во претстојниот период би требало да продолжиме со ова темпо, објавува тој.
Според професорот, останува проблемот со новите потсоеви и соеви, иако времето е прекратко од последниот бран за за почеток на нов, позначителен бран.
Голем дел од популацијата има скоро прележано, но што е уште поважно – има по втор пат прележано, што дава подолготраен имунитет од заразување. Нов бран не би требало да се појави порано од 5 месеци по избувнувањето на моменталниот бран, но тоа би дошло во јуни, што се совпаѓа со почетокот на летото, така што растот на бројките не би требало да биде многу голем. Со толку голем број на заразени од Омикрон сојот во светот, шансите за појава на нови опасни соеви на вирусот се сé уште прилично високи, па сé уште не е дојдено времето за целосно релаксирање и заборавање на превентивните мерки. Додуша, кај нас речиси и не се применуваат, така што дури формално целосно да се укинат, нема да се забележи некаква голема промена. Превисоката одвишна смртност, според која сме на второто, а можеби и првото место на светот, зависно од фактичкиот број на жители во државата, кажува дека ќе бидеме можеби првата земја во светот која ќе достигне колективен имунитет – под услов во меѓувреме да не се појави некаков нов сој којшто ќе го заобиколи тој имунитет, објаснува проф. Трајковски.

The post Проф. Трајковски предвидува дека може да бидеме првата земја во светот која ќе достигне колективен имунитет appeared first on Република.

]]>
Д-р Трајковски: Прележаноста е факторот што го сопира ширењето на заразата со ковид https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-trajkovski-prelezanosta-e-faktorot-shto-go-sopira-shirenjeto-na-zarazata-so-kovid/ Wed, 26 Jan 2022 13:27:29 +0000 https://republika.mk/?p=449792

И дневниот број на тестови, којшто претставува показател на изложеноста на населението на вирусот, веќе се намалува (жолтата линија на третиот дијаграм), што секако е позитивен сигнал. Единствен загрижувачки показател е стапката на позитивни тестови (сината и црвената линија на третиот дијаграм), која сé уште искачува и која не покажува знаци за скоро достигнување на максимумот, пишува во својата дневна ковид- анализа проф. Дејан Трајковски.

Тој вели дека во околните земји оваа стапка достигната е дури до 50%, а кај нас сé уште е под 40%, што може да нé загрижи.

-Додуша, таа последна започна и да искачува, дури откако броевите на нови случаи започнаа да растат, па можеме да се надеваме дека се работи за некаков задоцнет индикатор, иако не е јасно зошто би се појавило доцнењето.

На четвртиот дијаграм гледаме дека инциденците на заразување кај непрележаните и прележаните оваа недела се изедначија, што значи дека ефективноста на прележувањето во заштитата од заразување опадна на 0%. Тоа се добива сметајќи со вкупно население од 1,7 милион жители, инаку со 1,8 милиони жители би добиле негативна ефективност (т.е. би испаднало прележаните да се разболуваат повеќе од непрележаните), што е малку веројатно и поради што е направена корекција во бројот на жители. Ќе ги почекаме резултатите од пописот на населението, меѓутоа речиси сигурно е дека во земјава живеат најмногу 1,7 милиони жители, а можеби и помалку.

Податокот за ефективноста на прележувањето ќе ни послужи за уште една анализа. Иако ефективноста опаднала на 0%, односно прележаните се разболуваат еднакво како непрележаните, сепак епидемијата на омикрон сојот не започнува од почеток, што се гледа од достигнувањето на врвот на бранот при релативно мал број на дијагностицирани, сé на сé околу 35.000 од почетокот на бранот за Нова година. Тоа значи дека има некаков фактор којшто го сопира бранот иако прележаноста сама по себе не е доволна. Тој фактор може да биде вакцинираноста, како кај непрележаните, така и прележаните.

Истото резонирање ќе го примениме и кај вакцинираните и невакцинираните. Веќе видовме дека ефективноста на вакцините против заразување со Омикрон сојот исто така опадна практично до 0%, т.е. вакцинираните се заразуваат подеднакво како невакцинираните. Сепак, врвот на бранот кажува дека постои фактор што го сопира ширењето на заразата независно од вакцините – а тоа е прележаноста, пишува Трајковски.

 

The post Д-р Трајковски: Прележаноста е факторот што го сопира ширењето на заразата со ковид appeared first on Република.

]]>

И дневниот број на тестови, којшто претставува показател на изложеноста на населението на вирусот, веќе се намалува (жолтата линија на третиот дијаграм), што секако е позитивен сигнал. Единствен загрижувачки показател е стапката на позитивни тестови (сината и црвената линија на третиот дијаграм), која сé уште искачува и која не покажува знаци за скоро достигнување на максимумот, пишува во својата дневна ковид- анализа проф. Дејан Трајковски. Тој вели дека во околните земји оваа стапка достигната е дури до 50%, а кај нас сé уште е под 40%, што може да нé загрижи.
-Додуша, таа последна започна и да искачува, дури откако броевите на нови случаи започнаа да растат, па можеме да се надеваме дека се работи за некаков задоцнет индикатор, иако не е јасно зошто би се појавило доцнењето. На четвртиот дијаграм гледаме дека инциденците на заразување кај непрележаните и прележаните оваа недела се изедначија, што значи дека ефективноста на прележувањето во заштитата од заразување опадна на 0%. Тоа се добива сметајќи со вкупно население од 1,7 милион жители, инаку со 1,8 милиони жители би добиле негативна ефективност (т.е. би испаднало прележаните да се разболуваат повеќе од непрележаните), што е малку веројатно и поради што е направена корекција во бројот на жители. Ќе ги почекаме резултатите од пописот на населението, меѓутоа речиси сигурно е дека во земјава живеат најмногу 1,7 милиони жители, а можеби и помалку. Податокот за ефективноста на прележувањето ќе ни послужи за уште една анализа. Иако ефективноста опаднала на 0%, односно прележаните се разболуваат еднакво како непрележаните, сепак епидемијата на омикрон сојот не започнува од почеток, што се гледа од достигнувањето на врвот на бранот при релативно мал број на дијагностицирани, сé на сé околу 35.000 од почетокот на бранот за Нова година. Тоа значи дека има некаков фактор којшто го сопира бранот иако прележаноста сама по себе не е доволна. Тој фактор може да биде вакцинираноста, како кај непрележаните, така и прележаните. Истото резонирање ќе го примениме и кај вакцинираните и невакцинираните. Веќе видовме дека ефективноста на вакцините против заразување со Омикрон сојот исто така опадна практично до 0%, т.е. вакцинираните се заразуваат подеднакво како невакцинираните. Сепак, врвот на бранот кажува дека постои фактор што го сопира ширењето на заразата независно од вакцините – а тоа е прележаноста, пишува Трајковски.
 

The post Д-р Трајковски: Прележаноста е факторот што го сопира ширењето на заразата со ковид appeared first on Република.

]]>
Проф. Трајковски: Реално ќе бидат многу повеќе, но нè чекаат бројки од 3.000 случаи дневно https://republika.mk/zivot/zdravje/prof-trajkovski-realno-kje-bidat-mnogu-povekje-no-ne-chekaat-brojki-od-3-000-sluchai-dnevno/ Tue, 04 Jan 2022 20:51:11 +0000 https://republika.mk/?p=440661

Бројката од близу 1 200 нови случаи на ковид-19 е сосема очекувана, со оглед на метежот за Нова година и намалениот број на тестирања поради празникот и викендот. Денеска практично ги надокнадивме испуштените броеви и се вративме на линијата на експоненцијалниот тренд на раст, вели професорот од Техничкиот факултет во Битола Дејан Трајковски, кој ги следи статистиките поврзани со епидемијата.

Со растот на бројките ќе се занимаваме и во наредните денови, а сега ќе го разгледаме зголеменото учество на омикрон сојот. Уште вчера беше изнесена претпоставка дека омикрон сојот веќе доминира или е на пат да доминира, поаѓајќи од анализата на опаднувачката ефективност на вакцините против заразување (портокаловата линија на првиот дијаграм), вели Трајковски во денешната објава на Фејсбук.

Тој вели дека денеска имаме четири нови докази за доминацијата на сојот омикрон.

Прво, стапката на хоспитализираност измината недела нагло опадна од 6-7% на 4-5%. Како што знаеме, во Јужноафриканската Република, но и во Велика Британија и Данска уште пред неколку недели утврдиле дека омикрон сојот дава полесна клиничка слика, со процентуално помалку хоспитализации и помалку смртни случаи. Како што ќе расте доминацијата на омикрон сојот, не би требало да се изненадиме ако стапката на хоспитализираност опадне на само 2-3%. Второ, стапката на позитивни тестови започна да се зголемува. Ова е јасен показател за зголемената преносливост на омикрон сојот, којашто за време на доминацијата на сојот делта беше во постојано намалување (како што растеше прележаноста) и таа не зависеше многу од бројот на тестирањата. Оваа стапка не беше многу зголемена ни во предновогодишниот период за прослави, вели професорот.

Трето, според Трајковски, се тестирањата на клиниките кои покажаа дека заразените од омикрон сојот веќе претставуваат значителен дел од популацијата новозаразени.

Од 24 брисеви утврдени се девет случаи на сојот омикрон. Тоа претставува учество од 37,5%. Поради малиот примерок од само 24 брисеви, интервалот на доверба е прилично широк, од 21% до 57%, за ниво на доверба од 95%. Четврто, според неделниот извештај на ИВЗ Скопје стапката на реинфекции е поголема за три пати во однос на претходната недела – уште еден доказ дека омикрон сојот е меѓу нас, односно дека успешно го заобиколува стекнатиот имунитет од прележување, вели Трајковски.

Тој додава дека иако сојот омикрон се шири со молскавична брзина, сепак за да стигне до оваа распространетост, симулациите кажуваат дека му требале најмалку дваесетина дена, односно тој влегол во државата десетина дена пред првиот лабораториски потврден случај во Битола. Со заобиколување на стекнатиот имунитет, но и со отпорност кон постоечките вакцини, омикрон не само што му ги презема жртвите на сојот делта, туку инфицира и веќе прележани и вакцнирани, коишто нормално се имуни на делта.

The post Проф. Трајковски: Реално ќе бидат многу повеќе, но нè чекаат бројки од 3.000 случаи дневно appeared first on Република.

]]>

Бројката од близу 1 200 нови случаи на ковид-19 е сосема очекувана, со оглед на метежот за Нова година и намалениот број на тестирања поради празникот и викендот. Денеска практично ги надокнадивме испуштените броеви и се вративме на линијата на експоненцијалниот тренд на раст, вели професорот од Техничкиот факултет во Битола Дејан Трајковски, кој ги следи статистиките поврзани со епидемијата.
Со растот на бројките ќе се занимаваме и во наредните денови, а сега ќе го разгледаме зголеменото учество на омикрон сојот. Уште вчера беше изнесена претпоставка дека омикрон сојот веќе доминира или е на пат да доминира, поаѓајќи од анализата на опаднувачката ефективност на вакцините против заразување (портокаловата линија на првиот дијаграм), вели Трајковски во денешната објава на Фејсбук.
Тој вели дека денеска имаме четири нови докази за доминацијата на сојот омикрон.
Прво, стапката на хоспитализираност измината недела нагло опадна од 6-7% на 4-5%. Како што знаеме, во Јужноафриканската Република, но и во Велика Британија и Данска уште пред неколку недели утврдиле дека омикрон сојот дава полесна клиничка слика, со процентуално помалку хоспитализации и помалку смртни случаи. Како што ќе расте доминацијата на омикрон сојот, не би требало да се изненадиме ако стапката на хоспитализираност опадне на само 2-3%. Второ, стапката на позитивни тестови започна да се зголемува. Ова е јасен показател за зголемената преносливост на омикрон сојот, којашто за време на доминацијата на сојот делта беше во постојано намалување (како што растеше прележаноста) и таа не зависеше многу од бројот на тестирањата. Оваа стапка не беше многу зголемена ни во предновогодишниот период за прослави, вели професорот.
Трето, според Трајковски, се тестирањата на клиниките кои покажаа дека заразените од омикрон сојот веќе претставуваат значителен дел од популацијата новозаразени.
Од 24 брисеви утврдени се девет случаи на сојот омикрон. Тоа претставува учество од 37,5%. Поради малиот примерок од само 24 брисеви, интервалот на доверба е прилично широк, од 21% до 57%, за ниво на доверба од 95%. Четврто, според неделниот извештај на ИВЗ Скопје стапката на реинфекции е поголема за три пати во однос на претходната недела – уште еден доказ дека омикрон сојот е меѓу нас, односно дека успешно го заобиколува стекнатиот имунитет од прележување, вели Трајковски.
Тој додава дека иако сојот омикрон се шири со молскавична брзина, сепак за да стигне до оваа распространетост, симулациите кажуваат дека му требале најмалку дваесетина дена, односно тој влегол во државата десетина дена пред првиот лабораториски потврден случај во Битола. Со заобиколување на стекнатиот имунитет, но и со отпорност кон постоечките вакцини, омикрон не само што му ги презема жртвите на сојот делта, туку инфицира и веќе прележани и вакцнирани, коишто нормално се имуни на делта.

The post Проф. Трајковски: Реално ќе бидат многу повеќе, но нè чекаат бројки од 3.000 случаи дневно appeared first on Република.

]]>