проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска Archives - Република https://republika.mk/tema/prof-d-r-vesna-mojsova-chepishevska/ За подобро да се разбереме Fri, 24 May 2024 13:03:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска Archives - Република https://republika.mk/tema/prof-d-r-vesna-mojsova-chepishevska/ 32 32 Мојсова-Чепишевска: Делото на сесловенските просветители нè обврзува да се бориме за македонските писмо, јазик и книжевност https://republika.mk/vesti/kultura/mojsova-chepishevska-deloto-na-seslovenskite-prosvetiteli-ne-obvrzuva-da-se-borime-za-makedonskite-pismo-jazik-i-knizhevnost/ Fri, 24 May 2024 13:03:44 +0000 https://republika.mk/?p=781412

„Нека ни е честит Денот на сесловенските просветители! И да не заборавиме на сето она на што нивното дело нè обврзува, особено нас во чијашто традиција е многу присутен култот кон нив. Светите браќа Кирил и Методиј не се случајно избрани. И не е случајно што тие за свој изворник ги избрале говорите од Солунско! Тие биле избраните и со знаење и со дипломатија да се изборат за наше, словенско писмо и на Словените да им се овозможи слободна официјална употреба на својот, мајчин јазик. И ние, денес, треба секогаш да се бориме за нашето македонско писмо, за нашиот македонски јазик и за велелепната книжевност што се создава со него. Зашто како што порача св. Кирил – сонцето подеднакво свети за сите“!

Ова преку државната телевизија го порача универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители.

Како што вели Мојсова-Чепишевска во своето соопштение, таа се осврнала и на состојбите во македонистиката, при што истакнала дека од 1946 година, Филолошкот факултет „Блаже Конески“ е бастионот на развивањето и грижата за македонскиот јазик. Како што посочи, и денес имаме студенти што ја гарантираат иднината на македонистиката.

„Неслучајно е што имињата на сесловенските просветители се во темелите на нашиот Универзитет. Но името на Универзитетот многу обврзува и треба често да си го поставуваме прашањето на Крсте Мисирков: ‘Што направивме и што треба да направиме за однапред?‘ Не само со бројки и статистики, туку со квалитетот на нашето работење, со посветеност да се вложи во знаењето на најдобрите“, вели Мојсова-Чепишевска.

Таа ги напомена и потребите од вложувања во информатиката, модернизацијата во наставата итн., но сепак, задржувајќи се на квалитетот на работењето и на кадарот што произлегува од студентките клупи.

„Не е важно дали се 5.000 студенти само како бројка, туку важно е дека се вистинските 500 студенти што навистина го сакаат она што го студираат, во нив да се вложи максимумот и потоа тие да можат професионално да се вложат во нашето општество, илустративно“, посочува Мојсова-Чепишевска во своето соопштение.

Во тој контекст таа напоменува колкава е важноста што на Катедрата за македонска книжевност и култура студираат токму оние што навистина ја сакаат книжевната македонистика и што може токму ним во наставата да им се посвети целосно внимание и да им се пренесат знаењата.

Одговарајќи на прашањата и за интересот за македонистиката во странство, меѓу другото, таа вели оти посочила дека посветеноста на странските македонисти се темели и на нивниот интерес за нашата приврзаност кон сесловенските просветители и нивните ученици.

Сите треба да се заложиме и да си го почитуваме македонскиот јазик“, вели Мојсова-Чепишевска.

Таа додава дека ја споделила честитката од својата колешка Добрила Миловска од која со децении, студентите на Катедрата за македонска книжевност и култура учеа за средновековната книжевност и култура, за светите Кирил и Методиј, за глаголицата, за светите Климент и Наум Охридски и другите нивни ученици и следбеници.

„Ова е Ден за паметење, Ден на Моравската мисија, Ден на Глаголицата со која прогледавме и излеговме од мракот на незнаењето“, вели на крајот Весна Мојсова-Чепишевска.

 

The post Мојсова-Чепишевска: Делото на сесловенските просветители нè обврзува да се бориме за македонските писмо, јазик и книжевност appeared first on Република.

]]>

„Нека ни е честит Денот на сесловенските просветители! И да не заборавиме на сето она на што нивното дело нè обврзува, особено нас во чијашто традиција е многу присутен култот кон нив. Светите браќа Кирил и Методиј не се случајно избрани. И не е случајно што тие за свој изворник ги избрале говорите од Солунско! Тие биле избраните и со знаење и со дипломатија да се изборат за наше, словенско писмо и на Словените да им се овозможи слободна официјална употреба на својот, мајчин јазик. И ние, денес, треба секогаш да се бориме за нашето македонско писмо, за нашиот македонски јазик и за велелепната книжевност што се создава со него. Зашто како што порача св. Кирил – сонцето подеднакво свети за сите“! Ова преку државната телевизија го порача универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители. Како што вели Мојсова-Чепишевска во своето соопштение, таа се осврнала и на состојбите во македонистиката, при што истакнала дека од 1946 година, Филолошкот факултет „Блаже Конески“ е бастионот на развивањето и грижата за македонскиот јазик. Како што посочи, и денес имаме студенти што ја гарантираат иднината на македонистиката.
„Неслучајно е што имињата на сесловенските просветители се во темелите на нашиот Универзитет. Но името на Универзитетот многу обврзува и треба често да си го поставуваме прашањето на Крсте Мисирков: ‘Што направивме и што треба да направиме за однапред?‘ Не само со бројки и статистики, туку со квалитетот на нашето работење, со посветеност да се вложи во знаењето на најдобрите“, вели Мојсова-Чепишевска.
Таа ги напомена и потребите од вложувања во информатиката, модернизацијата во наставата итн., но сепак, задржувајќи се на квалитетот на работењето и на кадарот што произлегува од студентките клупи.
„Не е важно дали се 5.000 студенти само како бројка, туку важно е дека се вистинските 500 студенти што навистина го сакаат она што го студираат, во нив да се вложи максимумот и потоа тие да можат професионално да се вложат во нашето општество, илустративно“, посочува Мојсова-Чепишевска во своето соопштение.
Во тој контекст таа напоменува колкава е важноста што на Катедрата за македонска книжевност и култура студираат токму оние што навистина ја сакаат книжевната македонистика и што може токму ним во наставата да им се посвети целосно внимание и да им се пренесат знаењата. Одговарајќи на прашањата и за интересот за македонистиката во странство, меѓу другото, таа вели оти посочила дека посветеноста на странските македонисти се темели и на нивниот интерес за нашата приврзаност кон сесловенските просветители и нивните ученици.
Сите треба да се заложиме и да си го почитуваме македонскиот јазик“, вели Мојсова-Чепишевска.
Таа додава дека ја споделила честитката од својата колешка Добрила Миловска од која со децении, студентите на Катедрата за македонска книжевност и култура учеа за средновековната книжевност и култура, за светите Кирил и Методиј, за глаголицата, за светите Климент и Наум Охридски и другите нивни ученици и следбеници.
„Ова е Ден за паметење, Ден на Моравската мисија, Ден на Глаголицата со која прогледавме и излеговме од мракот на незнаењето“, вели на крајот Весна Мојсова-Чепишевска.
 

The post Мојсова-Чепишевска: Делото на сесловенските просветители нè обврзува да се бориме за македонските писмо, јазик и книжевност appeared first on Република.

]]>
Мојсова-Чепишевска: Македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав https://republika.mk/vesti/kultura/mojsova-chepishevska-makedonskiot-jazik-ke-se-izuchuva-i-na-dodiplomskite-studii-na-univerzitetot-vo-vrotslav/ Sat, 03 Jun 2023 19:17:58 +0000 https://republika.mk/?p=647500

Заемната определба да се вложува во перспективите за македонистиката во Полска дава конкретни резултати. По одбележувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, од следната академска година, македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав. Определбата македонскиот јазик уште посилно да одекнува во светот не е само желба, туку секојдневно е стварност.

Ова меѓу другото го посочува директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска по завршувањето на 11. Македонско-полска конференција во Катовице и по чествувањето на јубилејот на Лекторатот по македонски јазик во Сосновјец.

– На Универзитетот на кој великиот Блаже Конески, кој е меѓу најзаслужните за воспоставувањето и развивањето на македонско-полските културни врски во минатиот век, во 1973 година бил прогласен за dokctor honoris causa, половина век потоа ќе се одвива настава по македонски јазик уште од почетно рамниште на додипломските студии. Се случува нешто на што нè обврзува историјата, затоа што на овој Универзитет, интересот за македонистиката е континуиран и потоа, особено заради успешната работа на Македонистиката работилница основана од еден од најистакнатите полски македонисти, акад. Јан Соколовски, кој и денес е постојано посветен на македонистиката што се потврди и на Конференцијата. Но, особено ни е драго што наставата во Вроцлав ќе ја изведува полската македонистка, д-р Марија Стришевска. Таа е семинаристка на школите на МСМЈЛК при УКИМ и сето она што преку лекторската настава и предавањата на школите во текот на изминатите години го вложивме во неа сега постанува влог во нови генерации полски македонисти. Ова е конкретен пример дека вложувањата во актуелните генерации странски македонисти не се само за сегашноста, туку пред сè за иднината на странската македонистика, нагласува Мојсова-Чепишевска.

 

Според неа, таквото вложување во новите, актуелни генерации странски македонисти е и само еден од патиштата кои водат до остварување на определбата на МСМЈЛК при УКИМ дека иднината треба да ја создадеме во сегашноста.

 

Веста за отпочнувањето со академска настава по македонски јазик на Универзитетот во Вроцлав, на Конференцијата и при чествувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет, беше соопштена од амбасадорот, д-р Илија Псалтиров.

 

– Значајно е што веќе се видливи и дипломатски заложби за статусот на македонистиката на странските универзитети и за поддршка на заложбите за развој на странската македонистика. Се надевам дека тоа не е привремена пројава, туку дека ќе биде постојана, секојдневна практика, затоа што странската македонистика мора да биде државен приоритет, одделно нагласува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

 

Годинава се навршуваат и точно триесет години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашата држава и Полска. Но, како што посочува Мојсова-Чепишевска, присуството на македонистиката на тамошните универзитети како и воопшто во сите други странски држави датира од пред официјалното воспоставување дипломатски релации по осамостојувањето на македонската држава и благодарение токму на лекторатите и воопшто на универзитетските центри на кои се изучува македонистиката, афирмацијата на македонистичките вистини, ставови и согледби се остварува толку силно и има традиција. Ама како што напоменува, и не треба да се запре само таму каде што веќе има традиција, туку треба да се продолжи со поставување темели за изучување на македонистиката и онаму каде што има интерес за неа, а сè уште воопшто не е присутна во високообразовната настава, за што МСМЈЛК при УКИМ постојано, меѓу другото се залага.

 

– Но, и онаму каде што веќе има традиција на интерес и посветеност за македонскиот јазик, литература и култура, потребни се вложувања и посветеност за таа да продолжи и да се случи ново поглавје на развојот на македонистиката. Затоа, во рамките на чествувањето на јубилејот на Лекторатот по македонски јазик во Сосновјец, со колегите од Полска и натаму разговаравме со конкретни предлози за унапредување на наставата по македонски јазик, литература и култура на Шлезискиот универзитет, со цел поттикнување и поголем интерес за македонистиката кај новите генерации студенти. Верувам дека и сето она за што разговаравме и го споделивме како предлог ќе се оствари, како што се оствари и сето она што го планиравме во рамките на чествувањето на јубилејот, истакнува Мојсова-Чепишевска.

 

Во однос на 11. Македонско-полска конференција која се одржа неделава, таа напоменува дека поминала одлично. Конференцијата ја остварила целта – истражувањата кои биле презентирани водат до нови заклучоци релевантни за македонистиката и полонистиката, но и отвораат нови прашања кои ќе бидат предмет на натамошни научни предизвици, кои можат да претставуваат и сегмент од натамошното продлабочување на соработката меѓу македонските и полските филолози.

 

– Оваа традиционална конференција во која има голем влог на колегите од Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ е многу важна за развивањето на македонско-полските академски и културни врски. Впрочем, тоа се согледува и ако се земат предвид постигнувањата од нејзиното прво издание наваму и се сумираат фактите. Во исто време, и оваа, и сите други конференции кои ја поврзуваат македонската филологија со друга културна и академска средина се и иклучително важни за странската македонистика. Затоа што и на нив, клучен е придонесот на странските македонисти и секако можноста за споделување на нивните ставови, согледби и нови сознанија. Имајќи го предвид сето ова, ваквите конференции секогаш треба да наидуваат на поддршка, и од академската заедница и од државата, напоменува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

 

По чествувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, како што нагласува Мојсова-Чепишевска, треба да се очекуваат и нови проекти кои ќе придонесат за натамошниот развој на македонистиката во Полска, за што изминативе денови и било разговарано во Катовице.

The post Мојсова-Чепишевска: Македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав appeared first on Република.

]]>

Заемната определба да се вложува во перспективите за македонистиката во Полска дава конкретни резултати. По одбележувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, од следната академска година, македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав. Определбата македонскиот јазик уште посилно да одекнува во светот не е само желба, туку секојдневно е стварност. Ова меѓу другото го посочува директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска по завршувањето на 11. Македонско-полска конференција во Катовице и по чествувањето на јубилејот на Лекторатот по македонски јазик во Сосновјец. – На Универзитетот на кој великиот Блаже Конески, кој е меѓу најзаслужните за воспоставувањето и развивањето на македонско-полските културни врски во минатиот век, во 1973 година бил прогласен за dokctor honoris causa, половина век потоа ќе се одвива настава по македонски јазик уште од почетно рамниште на додипломските студии. Се случува нешто на што нè обврзува историјата, затоа што на овој Универзитет, интересот за македонистиката е континуиран и потоа, особено заради успешната работа на Македонистиката работилница основана од еден од најистакнатите полски македонисти, акад. Јан Соколовски, кој и денес е постојано посветен на македонистиката што се потврди и на Конференцијата. Но, особено ни е драго што наставата во Вроцлав ќе ја изведува полската македонистка, д-р Марија Стришевска. Таа е семинаристка на школите на МСМЈЛК при УКИМ и сето она што преку лекторската настава и предавањата на школите во текот на изминатите години го вложивме во неа сега постанува влог во нови генерации полски македонисти. Ова е конкретен пример дека вложувањата во актуелните генерации странски македонисти не се само за сегашноста, туку пред сè за иднината на странската македонистика, нагласува Мојсова-Чепишевска.   Според неа, таквото вложување во новите, актуелни генерации странски македонисти е и само еден од патиштата кои водат до остварување на определбата на МСМЈЛК при УКИМ дека иднината треба да ја создадеме во сегашноста.   Веста за отпочнувањето со академска настава по македонски јазик на Универзитетот во Вроцлав, на Конференцијата и при чествувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет, беше соопштена од амбасадорот, д-р Илија Псалтиров.   – Значајно е што веќе се видливи и дипломатски заложби за статусот на македонистиката на странските универзитети и за поддршка на заложбите за развој на странската македонистика. Се надевам дека тоа не е привремена пројава, туку дека ќе биде постојана, секојдневна практика, затоа што странската македонистика мора да биде државен приоритет, одделно нагласува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.   Годинава се навршуваат и точно триесет години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашата држава и Полска. Но, како што посочува Мојсова-Чепишевска, присуството на македонистиката на тамошните универзитети како и воопшто во сите други странски држави датира од пред официјалното воспоставување дипломатски релации по осамостојувањето на македонската држава и благодарение токму на лекторатите и воопшто на универзитетските центри на кои се изучува македонистиката, афирмацијата на македонистичките вистини, ставови и согледби се остварува толку силно и има традиција. Ама како што напоменува, и не треба да се запре само таму каде што веќе има традиција, туку треба да се продолжи со поставување темели за изучување на македонистиката и онаму каде што има интерес за неа, а сè уште воопшто не е присутна во високообразовната настава, за што МСМЈЛК при УКИМ постојано, меѓу другото се залага.   – Но, и онаму каде што веќе има традиција на интерес и посветеност за македонскиот јазик, литература и култура, потребни се вложувања и посветеност за таа да продолжи и да се случи ново поглавје на развојот на македонистиката. Затоа, во рамките на чествувањето на јубилејот на Лекторатот по македонски јазик во Сосновјец, со колегите од Полска и натаму разговаравме со конкретни предлози за унапредување на наставата по македонски јазик, литература и култура на Шлезискиот универзитет, со цел поттикнување и поголем интерес за македонистиката кај новите генерации студенти. Верувам дека и сето она за што разговаравме и го споделивме како предлог ќе се оствари, како што се оствари и сето она што го планиравме во рамките на чествувањето на јубилејот, истакнува Мојсова-Чепишевска.   Во однос на 11. Македонско-полска конференција која се одржа неделава, таа напоменува дека поминала одлично. Конференцијата ја остварила целта – истражувањата кои биле презентирани водат до нови заклучоци релевантни за македонистиката и полонистиката, но и отвораат нови прашања кои ќе бидат предмет на натамошни научни предизвици, кои можат да претставуваат и сегмент од натамошното продлабочување на соработката меѓу македонските и полските филолози.   – Оваа традиционална конференција во која има голем влог на колегите од Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ е многу важна за развивањето на македонско-полските академски и културни врски. Впрочем, тоа се согледува и ако се земат предвид постигнувањата од нејзиното прво издание наваму и се сумираат фактите. Во исто време, и оваа, и сите други конференции кои ја поврзуваат македонската филологија со друга културна и академска средина се и иклучително важни за странската македонистика. Затоа што и на нив, клучен е придонесот на странските македонисти и секако можноста за споделување на нивните ставови, согледби и нови сознанија. Имајќи го предвид сето ова, ваквите конференции секогаш треба да наидуваат на поддршка, и од академската заедница и од државата, напоменува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.   По чествувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, како што нагласува Мојсова-Чепишевска, треба да се очекуваат и нови проекти кои ќе придонесат за натамошниот развој на македонистиката во Полска, за што изминативе денови и било разговарано во Катовице.

The post Мојсова-Чепишевска: Македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав appeared first on Република.

]]>
Мојсова-Чепишевска: Уште утре треба да започне новото поглавје на развојот на македонистиката во Риека https://republika.mk/vesti/kultura/mojsova-chepishevska-ushte-utre-treba-da-zapochne-novoto-poglavje-na-razvojot-na-makedonistikata-vo-rieka/ Sat, 13 May 2023 15:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=640479

По големиот интерес и постигнатите резултати со афирмацијата на македонистиката на Универзитетот во Риека во изминатите деценија и половина, откако заеднички го чествувавме јубилејот, уште утре треба да започне новото поглавје на нејзиниот развој. И уверена сум дека тоа ќе се случи, затоа што зад таквата определба, со цврста решеност, но и со конкретна визија сме заедно – нашите колеги од риечкиот Филозофски факултет и ние. Не само што тоа го нагласивме на свеченостите по повод 15-годишнината од отворањето на Лекторатот, туку и го конкретизиравме на работните состаноци.

 Ова меѓу другото го истакна директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, по низата активности со кои неделава, во Риека се чествуваше значајниот јубилеј – 15 години Лекторат по македонски јазик на риечкиот Филозофски факултет, а кои предизвикаа голем интерес во хрватската академска заедница.

 Изминативе денови, при чествувањето на значајниот јубилеј со низа настани, во Риека се остварија и повеќе работни состаноци меѓу колеги од УКИМ и Универзитетот во Риека. На чествувањето учествуваше и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, кој оствари работна средба и со ректорката на Универзитетот во Риека, проф. д-р Сњажана Пријиќ-Самаржија.

Откако веќе има над 2000 студенти кои минаа низ Лекторатот по македонски јазик во Риека, дел од енергијата мора да се насочи за да се развива интересот за македонистиката и кај новите генерации студенти – оние на кои им припаѓа времето пред нас. Затоа, Лекторатот, со голема посветеност на лекторката, м-р Биљана Стојановска, постојано работи на развивање на предметните програми. Но, исто толку важно е, интересот и посветеноста кон македонистиката, особено на оние кадри кои посебно се истакнуваат да се поттикнуваат постојано, со цел нивниот интерес и нивното ангажирање за изучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура да се развиваат непрекинато, во текот на студиите, но и потоа. Затоа разговаравме и за идеи кои вклучуваат научноистражувачки проекти, книжевни преводи, вмрежување со други институции итн. И секако, за натамошни учества на студенти на риечкиот Филозофски факултет на нашите школи, напомена директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

Таа и нагласи дека онака како што Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека се изгради врз темелите поставени со наставата по македонистика започната на риечкиот Педагошки факултет пред повеќе од четири децении, така и новото поглавје на неговиот развој треба да претставува континуитет на остварувањата од изминатите петнаесет години кои се многубројни.

Затоа, секоја идеја што ја инициравме деновиве е резултат и на размислување за она што треба да биде стварност на овој Лекторат и на македонистиката во Риека и воопшто во Хрватска во следните петнаесет години, децидно напоменува Мојсова-Чепишевска.

 Напоменувајќи дека покрај образовната, лекторатите по македонски јазик имаат и неформална, но клучна дипломатска функција, директорката на МСМЈЛК при УКИМ посочи и дека од клучна важност е подготвеноста и желбата на македонската заедница во Риека за натамошна соработка со Лекторатот, со заеднички иницијативи и активности, преку кои македонскиот јазик, литература и култура се афирмираат и надвор од вообичаениот академски простор. Како што нагласува, вакви активности се остваруваа и во годините наназад, но клучно е што тоа ќе продолжи со изнаоѓање и на нови форми на афирмација на македонскиот збор и мисла во хрватската културна средина, за што поконкретно е разговарано и изминативе денови.

За дел од активностите кои може и треба да се остваруваат од Лекторатот во годините пред нас, самостојно или во соработка со други субјекти, за новото поглавје на развојот на македонистиката да биде достоинствено продолжение на веќе постигнатото, секако, неретко, неопходна ќе е и поддршка од други институции, ама се надеваме дека таа нема да изостане. Но, клучно е што двата универзитета – УКИМ и Универзитетот во Риека искажуваат решеност да ги поддржуваат ваквите активности, посочува Мојсова-Чепишевска.

 Инаку, УКИМ и Универзитетот во Риека имаат одлична соработка, што беше нагласено и на состанокот на ректорите на двете високообразовни институции, при што како одделно важно беше посочено и отворањето на Центарот за напреднати студии во Скопје, кој ќе стане дел од Регионалната мрежа на центри за напреднати студии.

Мојсова-Чепишевска ја нагласува и добрата соработка на МСМЈЛК при УКИМ со македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, со чија поддршка се организираше чествувањето на јубилејот во Риека. Таа очекува соработката да продолжи и со натамошни заеднички заложби и активности, не само во Риека, туку и воопшто во Хрватска, имајќи предвид дека македонистиката била и е присутна и на други универзитетски центри, вклучително и на Универзитетот во Загреб. Но, како што напоменува, соработката може да биде насочена и воопшто кон афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во хрватската културна средина, секако со активна вклученост и на Лекторатот по македонски јазик во Риека.

Изминатите денови, чествувањето на јубилејот 15 години Лекторат по македонски јазик во Риека започна со промоција на монографијата „Со поглед кон Европа“, која содржи дваесет текста од исто толку автори – за остварувањата за македонистиката во Риека од 2008 година наваму. Оваа монографија е прва која е посветена на лекторат по македонски јазик на странски универзитет, а при нејзиното промовирање беше посочено дека дејноста на Лекторатот по македонски јазик во Риека е најпрепознатлива и со најзабрзан развој на тамошниот Филозофски факултет.

 Оној пат кон Европа што започнавме да го чекориме со браќата Миладиновци преку објавата на нивниот Зборник на народни песни во Загреб во 1861 година, а го продолживме со Рацин и неговата „Бели мугри“ објавена во Самобор во 1939 година, во нашево време го продолжуваме токму преку Риека. Преку универзитеткиот центар на кој во последните петнаесет години има огромен интерес за македонскиот јазик, литература и култура, порача Мојсова-Чепишевска на свеченоста на која се промовираше монографијата.

 Во рамките на чествувањето на јубилејот беше отворена и изложба на фотографии од Македонија и се одржа промоција на прв превод на избор од македонски авторски сказни од македонски на хрватски јазик зад која стојат студенти по македонистика во Риека под ментортво на лекторката м-р Биљана Стојановска, која и го иницираше и осмисли изданието. Но беше претставена и македонската музика, со избор песни во хорска изведба, а беше организирана и дегустација на македонски традиционални специјалитети. Јубилејот беше одбележан и на свечената седница на Наставно-научниот совет со која се чествуваше 25-годишнината од основањето на риечкиот Филозофски факултет.

Клучно е она што ќе се оствари во годините пред нас – она на што ќе се работи веќе од утре. Само така и сето она што како порака го упативме при чествувањето на овој јубилеј и вреднувањето на веќе оствареното ќе има целосна смисла – суштински, а не формално. Подготвени сме да оствариме и да работиме, заеднички со хрватските колеги – во сегашноста да ја создаваме иднината на македонистиката во Риека, истакнува Мојсова-Чепишевска.

The post Мојсова-Чепишевска: Уште утре треба да започне новото поглавје на развојот на македонистиката во Риека appeared first on Република.

]]>

По големиот интерес и постигнатите резултати со афирмацијата на македонистиката на Универзитетот во Риека во изминатите деценија и половина, откако заеднички го чествувавме јубилејот, уште утре треба да започне новото поглавје на нејзиниот развој. И уверена сум дека тоа ќе се случи, затоа што зад таквата определба, со цврста решеност, но и со конкретна визија сме заедно – нашите колеги од риечкиот Филозофски факултет и ние. Не само што тоа го нагласивме на свеченостите по повод 15-годишнината од отворањето на Лекторатот, туку и го конкретизиравме на работните состаноци.

 Ова меѓу другото го истакна директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, по низата активности со кои неделава, во Риека се чествуваше значајниот јубилеј – 15 години Лекторат по македонски јазик на риечкиот Филозофски факултет, а кои предизвикаа голем интерес во хрватската академска заедница.  Изминативе денови, при чествувањето на значајниот јубилеј со низа настани, во Риека се остварија и повеќе работни состаноци меѓу колеги од УКИМ и Универзитетот во Риека. На чествувањето учествуваше и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, кој оствари работна средба и со ректорката на Универзитетот во Риека, проф. д-р Сњажана Пријиќ-Самаржија.
Откако веќе има над 2000 студенти кои минаа низ Лекторатот по македонски јазик во Риека, дел од енергијата мора да се насочи за да се развива интересот за македонистиката и кај новите генерации студенти – оние на кои им припаѓа времето пред нас. Затоа, Лекторатот, со голема посветеност на лекторката, м-р Биљана Стојановска, постојано работи на развивање на предметните програми. Но, исто толку важно е, интересот и посветеноста кон македонистиката, особено на оние кадри кои посебно се истакнуваат да се поттикнуваат постојано, со цел нивниот интерес и нивното ангажирање за изучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура да се развиваат непрекинато, во текот на студиите, но и потоа. Затоа разговаравме и за идеи кои вклучуваат научноистражувачки проекти, книжевни преводи, вмрежување со други институции итн. И секако, за натамошни учества на студенти на риечкиот Филозофски факултет на нашите школи, напомена директорката на МСМЈЛК при УКИМ.
Таа и нагласи дека онака како што Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека се изгради врз темелите поставени со наставата по македонистика започната на риечкиот Педагошки факултет пред повеќе од четири децении, така и новото поглавје на неговиот развој треба да претставува континуитет на остварувањата од изминатите петнаесет години кои се многубројни.
Затоа, секоја идеја што ја инициравме деновиве е резултат и на размислување за она што треба да биде стварност на овој Лекторат и на македонистиката во Риека и воопшто во Хрватска во следните петнаесет години, децидно напоменува Мојсова-Чепишевска.
 Напоменувајќи дека покрај образовната, лекторатите по македонски јазик имаат и неформална, но клучна дипломатска функција, директорката на МСМЈЛК при УКИМ посочи и дека од клучна важност е подготвеноста и желбата на македонската заедница во Риека за натамошна соработка со Лекторатот, со заеднички иницијативи и активности, преку кои македонскиот јазик, литература и култура се афирмираат и надвор од вообичаениот академски простор. Како што нагласува, вакви активности се остваруваа и во годините наназад, но клучно е што тоа ќе продолжи со изнаоѓање и на нови форми на афирмација на македонскиот збор и мисла во хрватската културна средина, за што поконкретно е разговарано и изминативе денови.
За дел од активностите кои може и треба да се остваруваат од Лекторатот во годините пред нас, самостојно или во соработка со други субјекти, за новото поглавје на развојот на македонистиката да биде достоинствено продолжение на веќе постигнатото, секако, неретко, неопходна ќе е и поддршка од други институции, ама се надеваме дека таа нема да изостане. Но, клучно е што двата универзитета – УКИМ и Универзитетот во Риека искажуваат решеност да ги поддржуваат ваквите активности, посочува Мојсова-Чепишевска.
 Инаку, УКИМ и Универзитетот во Риека имаат одлична соработка, што беше нагласено и на состанокот на ректорите на двете високообразовни институции, при што како одделно важно беше посочено и отворањето на Центарот за напреднати студии во Скопје, кој ќе стане дел од Регионалната мрежа на центри за напреднати студии. Мојсова-Чепишевска ја нагласува и добрата соработка на МСМЈЛК при УКИМ со македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, со чија поддршка се организираше чествувањето на јубилејот во Риека. Таа очекува соработката да продолжи и со натамошни заеднички заложби и активности, не само во Риека, туку и воопшто во Хрватска, имајќи предвид дека македонистиката била и е присутна и на други универзитетски центри, вклучително и на Универзитетот во Загреб. Но, како што напоменува, соработката може да биде насочена и воопшто кон афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во хрватската културна средина, секако со активна вклученост и на Лекторатот по македонски јазик во Риека. Изминатите денови, чествувањето на јубилејот 15 години Лекторат по македонски јазик во Риека започна со промоција на монографијата „Со поглед кон Европа“, која содржи дваесет текста од исто толку автори – за остварувањата за македонистиката во Риека од 2008 година наваму. Оваа монографија е прва која е посветена на лекторат по македонски јазик на странски универзитет, а при нејзиното промовирање беше посочено дека дејноста на Лекторатот по македонски јазик во Риека е најпрепознатлива и со најзабрзан развој на тамошниот Филозофски факултет.
 Оној пат кон Европа што започнавме да го чекориме со браќата Миладиновци преку објавата на нивниот Зборник на народни песни во Загреб во 1861 година, а го продолживме со Рацин и неговата „Бели мугри“ објавена во Самобор во 1939 година, во нашево време го продолжуваме токму преку Риека. Преку универзитеткиот центар на кој во последните петнаесет години има огромен интерес за македонскиот јазик, литература и култура, порача Мојсова-Чепишевска на свеченоста на која се промовираше монографијата.
 Во рамките на чествувањето на јубилејот беше отворена и изложба на фотографии од Македонија и се одржа промоција на прв превод на избор од македонски авторски сказни од македонски на хрватски јазик зад која стојат студенти по македонистика во Риека под ментортво на лекторката м-р Биљана Стојановска, која и го иницираше и осмисли изданието. Но беше претставена и македонската музика, со избор песни во хорска изведба, а беше организирана и дегустација на македонски традиционални специјалитети. Јубилејот беше одбележан и на свечената седница на Наставно-научниот совет со која се чествуваше 25-годишнината од основањето на риечкиот Филозофски факултет.
Клучно е она што ќе се оствари во годините пред нас – она на што ќе се работи веќе од утре. Само така и сето она што како порака го упативме при чествувањето на овој јубилеј и вреднувањето на веќе оствареното ќе има целосна смисла – суштински, а не формално. Подготвени сме да оствариме и да работиме, заеднички со хрватските колеги – во сегашноста да ја создаваме иднината на македонистиката во Риека, истакнува Мојсова-Чепишевска.

The post Мојсова-Чепишевска: Уште утре треба да започне новото поглавје на развојот на македонистиката во Риека appeared first on Република.

]]>
Мојсова-Чепишевска: Македонистиката во Париз се развива со забрзано темпо https://republika.mk/vesti/kultura/mojsova-chepishevska-makedonistikata-vo-pariz-se-razviva-so-zabrzano-tempo/ Fri, 24 Mar 2023 12:48:55 +0000 https://republika.mk/?p=623223

Она што се случи во Париз пред 50 години не беше случајност, туку дел од континуирана поврзаност на македонската и француската културна и академска средина. Истражувања и објавени статии на француски филолози за македонскиот јазик датираат од периодот меѓу двете светски војни, од пред неговата кодификација. Повеќе од јасно е дека во темелите на овој Лекторат е и еден претходен, исклучително значаен, непрекинат научен интерес за македонскиот јазик во француската филологија. Тоа нè обврзува на заеднички заложби и за денешниот развој на македонистиката во Франција. И по овие 50 години, веќе да мислиме и да работиме заеднички на она што ќе се случува во следните 50. А за тоа, неопходно е заеднички да вложуваме во кадри кои ќе го продолжат развојот на македонистиката на ИНАЛКО.

Меѓу другото, ова го истакна директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, на симпоиумот кој по повод половина век од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Париз се одржа вчера на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО).

Во своето излагање, таа детално се осврна и на она што претставува овој Лекторат за врските меѓу македонската и француската културна и академска средина од неговото формирање па наваму и особено за афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во Франција. Одделно ги акцентираше остварувањата и во првите години по отворањето на Лекторатот, меѓу кои се и Деновите на македонската култура одржани неколку години по отворањето на Лекторатот и значајните книжевни преводи од македонски на француски јазик остварени во тој период.

Ова е показ дека многу се остварило веќе во првите години по отворањето на Лекторатот по македонски јазик на ИНАЛКО и дека токму тој Лекторат станува средишна точка на врските меѓу француската и македонската културна и академска средина, но и почетна точка на една нова ера на присуството на македонскиот јазик, литература и култура во Франција. Ама, тоа не е така само во тие, први години по отворањето на Лекторатот, туку и во децениите потоа, нагласи Мојсова-Чепишевска по деталното осврнување на постигнувањата за афирмација на македонистиката во француската средина во периодот по отворањето на Лекторатот.

Споредено со развојот во други европски академски средини, како што посочи директорката на МСМЈЛК при УКИМ, македонистиката на ИНАЛКО се развива со забрзано темпо. Притоа, студиите по македонистика на ИНАЛКО не само што покажуваат континуитет, туку насочуваат и кон развој. За присуството на странската македонистика во Европа, особено значајно е што сега, на овој Лекторат, македонскиот јазик се изучува како главен предмет и што студентите можат да се стекнат со дипломи на сите три нивоа, до докторат. Тука е и првата професорска катедра за македонистика надвор од нашата земја, на која наставата ја изведуваат проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро и сегашниот лектор, м-р Ѓоко Здравески, кој, како што нагласи Мојсова-Чепишевска, чекори по стапеките на првиот лектор, проф. д-р Алекса Попоски и на лекторите што по него се вложуваа во развојот на француската македонистика.

Работата на овој македонистички центар е еден од вистинските примери како треба да се работи и на кој начин треба да го насочуваат својот развој и други лекторати и странски универзитетски центри каде се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура, нагласи Мојсова-Чепишевска и во своето излагање на ИНАЛКО.

Таа се осврна и на влогот на Ацо Шопов за воспоставувањето и развивањето на македонско-француските културни врски на современ план, заради кој на чествувањето на јубилејот 50 години Лекторат по македонски јазик во Париз, одделно внимание се посвети и на делото на овој великан на македонската литература и култура, по повод 100-годишнината од неговото раѓање. Притоа потсети и на значајноста на неговите престои во Париз пред отворањето на Лекторатот, но и на остварувањата во годините потоа.

Шопов е оној кој даде вистински влог во поврзувањето на двете култури – македонската и француската. Треба да имаме предвид и дека по објавувањето на збирката „Гледач во пепелта“, кога Шопов е амбасадор во Сенегал (1971-1975) и се среќава со Африка, не само што ја запознава африканската култура, туку преку францискиот јазик дава свој влог во франкофонијата... ...Не треба да заборавиме и дека во неговата поетска книга „Дрво на ридот“, во која „Македонија е во светот, а светот во Македонија“, Шопов, токму со песната „Во еден од центрите на Париз“ ни го остави и аманетот за врските меѓу македонската и француската култура, посочи Мојсова-Чепишевска.

На симпозиумот по повод 50 години од отворањето на најстариот активен лекторат по македонски јазик на универзитетите во светот – Лекторатот по македонски јазик во Париз, на ИНАЛКО имаше ученици од седум држави: странски македонисти и слависти, универзитетски професори – лингвисти, книжевни истражувачи и културолози, книжевни преведувачи и поети.

Заеднички со почитувачи на македонскиот јазик, литература и култура од Франција, САД/Канада, Шпанија, Полска, Сенегал и Тунис, македонските учесници ја испратија пораката дека по оствареното во изминатите педесет години, со јасна цел и визија, вложувањата во македонистиката треба да продолжуваат во годините што следат. На Симпозиумот кој е и уште една потврда на добрата соработка меѓу МСМЈЛК при УКИМ и ИНАЛКО се поттикнаа и заеднички иницијативи и нови проекти за следните години, кои се очекува да бидат значаен придонес во развојот на интересот за македонскиот јазик, литература и култура во француската и воопшто во европската академска и културна средина.

The post Мојсова-Чепишевска: Македонистиката во Париз се развива со забрзано темпо appeared first on Република.

]]>

Она што се случи во Париз пред 50 години не беше случајност, туку дел од континуирана поврзаност на македонската и француската културна и академска средина. Истражувања и објавени статии на француски филолози за македонскиот јазик датираат од периодот меѓу двете светски војни, од пред неговата кодификација. Повеќе од јасно е дека во темелите на овој Лекторат е и еден претходен, исклучително значаен, непрекинат научен интерес за македонскиот јазик во француската филологија. Тоа нè обврзува на заеднички заложби и за денешниот развој на македонистиката во Франција. И по овие 50 години, веќе да мислиме и да работиме заеднички на она што ќе се случува во следните 50. А за тоа, неопходно е заеднички да вложуваме во кадри кои ќе го продолжат развојот на македонистиката на ИНАЛКО. Меѓу другото, ова го истакна директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, на симпоиумот кој по повод половина век од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Париз се одржа вчера на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО). Во своето излагање, таа детално се осврна и на она што претставува овој Лекторат за врските меѓу македонската и француската културна и академска средина од неговото формирање па наваму и особено за афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во Франција. Одделно ги акцентираше остварувањата и во првите години по отворањето на Лекторатот, меѓу кои се и Деновите на македонската култура одржани неколку години по отворањето на Лекторатот и значајните книжевни преводи од македонски на француски јазик остварени во тој период.
Ова е показ дека многу се остварило веќе во првите години по отворањето на Лекторатот по македонски јазик на ИНАЛКО и дека токму тој Лекторат станува средишна точка на врските меѓу француската и македонската културна и академска средина, но и почетна точка на една нова ера на присуството на македонскиот јазик, литература и култура во Франција. Ама, тоа не е така само во тие, први години по отворањето на Лекторатот, туку и во децениите потоа, нагласи Мојсова-Чепишевска по деталното осврнување на постигнувањата за афирмација на македонистиката во француската средина во периодот по отворањето на Лекторатот.
Споредено со развојот во други европски академски средини, како што посочи директорката на МСМЈЛК при УКИМ, македонистиката на ИНАЛКО се развива со забрзано темпо. Притоа, студиите по македонистика на ИНАЛКО не само што покажуваат континуитет, туку насочуваат и кон развој. За присуството на странската македонистика во Европа, особено значајно е што сега, на овој Лекторат, македонскиот јазик се изучува како главен предмет и што студентите можат да се стекнат со дипломи на сите три нивоа, до докторат. Тука е и првата професорска катедра за македонистика надвор од нашата земја, на која наставата ја изведуваат проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро и сегашниот лектор, м-р Ѓоко Здравески, кој, како што нагласи Мојсова-Чепишевска, чекори по стапеките на првиот лектор, проф. д-р Алекса Попоски и на лекторите што по него се вложуваа во развојот на француската македонистика.
Работата на овој македонистички центар е еден од вистинските примери како треба да се работи и на кој начин треба да го насочуваат својот развој и други лекторати и странски универзитетски центри каде се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура, нагласи Мојсова-Чепишевска и во своето излагање на ИНАЛКО.
Таа се осврна и на влогот на Ацо Шопов за воспоставувањето и развивањето на македонско-француските културни врски на современ план, заради кој на чествувањето на јубилејот 50 години Лекторат по македонски јазик во Париз, одделно внимание се посвети и на делото на овој великан на македонската литература и култура, по повод 100-годишнината од неговото раѓање. Притоа потсети и на значајноста на неговите престои во Париз пред отворањето на Лекторатот, но и на остварувањата во годините потоа.
Шопов е оној кој даде вистински влог во поврзувањето на двете култури – македонската и француската. Треба да имаме предвид и дека по објавувањето на збирката „Гледач во пепелта“, кога Шопов е амбасадор во Сенегал (1971-1975) и се среќава со Африка, не само што ја запознава африканската култура, туку преку францискиот јазик дава свој влог во франкофонијата... ...Не треба да заборавиме и дека во неговата поетска книга „Дрво на ридот“, во која „Македонија е во светот, а светот во Македонија“, Шопов, токму со песната „Во еден од центрите на Париз“ ни го остави и аманетот за врските меѓу македонската и француската култура, посочи Мојсова-Чепишевска.
На симпозиумот по повод 50 години од отворањето на најстариот активен лекторат по македонски јазик на универзитетите во светот – Лекторатот по македонски јазик во Париз, на ИНАЛКО имаше ученици од седум држави: странски македонисти и слависти, универзитетски професори – лингвисти, книжевни истражувачи и културолози, книжевни преведувачи и поети. Заеднички со почитувачи на македонскиот јазик, литература и култура од Франција, САД/Канада, Шпанија, Полска, Сенегал и Тунис, македонските учесници ја испратија пораката дека по оствареното во изминатите педесет години, со јасна цел и визија, вложувањата во македонистиката треба да продолжуваат во годините што следат. На Симпозиумот кој е и уште една потврда на добрата соработка меѓу МСМЈЛК при УКИМ и ИНАЛКО се поттикнаа и заеднички иницијативи и нови проекти за следните години, кои се очекува да бидат значаен придонес во развојот на интересот за македонскиот јазик, литература и култура во француската и воопшто во европската академска и културна средина.

The post Мојсова-Чепишевска: Македонистиката во Париз се развива со забрзано темпо appeared first on Република.

]]>
Мојсова-Чепишевска: Афирмацијата и развојот на македонистиката во странство треба да е државен приоритет https://republika.mk/vesti/kultura/mojsova-chepishevska-afirmacijata-i-razvojot-na-makedonistikata-vo-stranstvo-treba-da-e-drzaven-prioritet/ Sun, 27 Nov 2022 16:16:31 +0000 https://republika.mk/?p=578762

Афирмацијата и развојот на македонистиката во странство треба да е државен приоритет, истакна директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), Весна Мојсова-Чепишевска, во интервју за „Локално“.

Таа напоменува дека процесот на отворање лекторати по македонски јазик, литература и култура во странство е комплексен – не е потребно само залагање од УКИМ, туку и интерес од странските универзитети и клучно, дипломатски залагања и финансиска поддршка. Како што вели, потребна е национална стратегија во која секој ќе го заврши својот дел од обврските за афирмацијата и развојот на македонистиката во светот.

Ние, во нашите професионални релации со странските универзитети и поттикнуваме на тоа, но клучна улога треба да одиграат и нашите амбасади. Тие треба да бидат посилни и погласни за тоа каде може да се отвори лекторат по македонски јазик, литература и култура во странство и да се залагаат тоа да се случи онаму каде што се препознава можност и каде што има интерес. И во исто време да ги поддржуваат постојните лекторати, како и воопшто универзитетските центри на кои веќе има македонистика во светот. Секако, ние сме тука за она што е наша задача и за прикажување на нашите визии, со сета академска компетентност, ама во процесот, секој треба да го заврши својот дел од работата, напоменува професорката Мојсова-Чепишевска.

Во однос на финансиската поддршка за македонистиката во странство, нагласува дека мора да е поголема.

Не може да очекуваме лекторот по македонски јазик со плата од 500 евра да да живее во Париз, Москва или Анкара. Иако има ентузијасти со верба во македонистиката, за среќа. Прво, со таа плата, тој не може да ја оствари основната егзистенција, односно да ги подмири дневните трошоци, а не и да најде сместување итн. Стандардот во голем дел од земјите во кои имаме лекторати е многу повисок од нашиот, платите се многу поголеми отколку кај нас, во Македонија. И таму, цените и севкупната економија се прилагодени на тие плати. Така што секако дека треба да се размислува на кој начин да им се овозможат подобри услови на нашите лектори во странство, нагласува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Мојсова-Чепишевска.

Според неа, сето ова упатува кон тоа дека е потребна национална стратегија за поддршка на македонистиката, со залагања и конкретни задачи на сите повикани институции, секој да го оствари својот влог за македонистиката.

Осврнувајќи се на конкретни примери каде треба да се демонстрираат визија и дипломатски вложувања, Мојсова-Чепишевска ја посочува Тирана, запрашувајќи се зошто на неодамнешната меѓувладина седница на владите на двете држави, не беше опфатено прашањето за изучување на македонскиот јазик во Тирана.

Сега имаше навистина добра прилика и требаше покрај големите разговори за многу битни работи од економската сфера и други прашања за добрососедските односи, да се отвори и „малото“ прашање за изучувањето на македонистиката во Тирана. Зашто, во Тирана воопшто не се изучува македонистика! Мора да се има свест дека во билатерлани средби кои властите ги остваруваат на највисоко ниво мора да се опфаќаат и вакви прашања, порачува Мојсова-Чепишевска.

Таа напоменува дека искрено се надева дека можеби ќе дочекаме да се отвори и лекторат по македонски јазик и во Бугарија, па и во Грција, иако засега нема некакви најави за подготвеност во соседните држави.

Сакам да верувам дека ќе дојде тоа време, ама треба малку да се ослободиме од политизирање на некои работи и да ги гледаме вистинските потреби на народите. Зашто идејата со лекторат во Тирана не се однесува на тоа тој да биде наменет само за Македонците таму, туку за да се овозможи сите студенти што студираат филологија таму да може да го изучуваат и македонскиот јазик. На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ има одделна студиска програма Преведување од албански на македонски и од македонски на албански јазик, на која се запишуваат и Македонци кои сакаат да го научат албанскиот јазик и да бидат добри преведувачи од едниот на другиот јазик. Зошто тоа да не можеме да го направиме и во Тирана, со македонскиот јазик – нагласува Мојсова-Чепишевска.

The post Мојсова-Чепишевска: Афирмацијата и развојот на македонистиката во странство треба да е државен приоритет appeared first on Република.

]]>

Афирмацијата и развојот на македонистиката во странство треба да е државен приоритет, истакна директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), Весна Мојсова-Чепишевска, во интервју за „Локално“.
Таа напоменува дека процесот на отворање лекторати по македонски јазик, литература и култура во странство е комплексен – не е потребно само залагање од УКИМ, туку и интерес од странските универзитети и клучно, дипломатски залагања и финансиска поддршка. Како што вели, потребна е национална стратегија во која секој ќе го заврши својот дел од обврските за афирмацијата и развојот на македонистиката во светот.
Ние, во нашите професионални релации со странските универзитети и поттикнуваме на тоа, но клучна улога треба да одиграат и нашите амбасади. Тие треба да бидат посилни и погласни за тоа каде може да се отвори лекторат по македонски јазик, литература и култура во странство и да се залагаат тоа да се случи онаму каде што се препознава можност и каде што има интерес. И во исто време да ги поддржуваат постојните лекторати, како и воопшто универзитетските центри на кои веќе има македонистика во светот. Секако, ние сме тука за она што е наша задача и за прикажување на нашите визии, со сета академска компетентност, ама во процесот, секој треба да го заврши својот дел од работата, напоменува професорката Мојсова-Чепишевска.
Во однос на финансиската поддршка за македонистиката во странство, нагласува дека мора да е поголема.
Не може да очекуваме лекторот по македонски јазик со плата од 500 евра да да живее во Париз, Москва или Анкара. Иако има ентузијасти со верба во македонистиката, за среќа. Прво, со таа плата, тој не може да ја оствари основната егзистенција, односно да ги подмири дневните трошоци, а не и да најде сместување итн. Стандардот во голем дел од земјите во кои имаме лекторати е многу повисок од нашиот, платите се многу поголеми отколку кај нас, во Македонија. И таму, цените и севкупната економија се прилагодени на тие плати. Така што секако дека треба да се размислува на кој начин да им се овозможат подобри услови на нашите лектори во странство, нагласува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Мојсова-Чепишевска.
Според неа, сето ова упатува кон тоа дека е потребна национална стратегија за поддршка на македонистиката, со залагања и конкретни задачи на сите повикани институции, секој да го оствари својот влог за македонистиката. Осврнувајќи се на конкретни примери каде треба да се демонстрираат визија и дипломатски вложувања, Мојсова-Чепишевска ја посочува Тирана, запрашувајќи се зошто на неодамнешната меѓувладина седница на владите на двете држави, не беше опфатено прашањето за изучување на македонскиот јазик во Тирана.
Сега имаше навистина добра прилика и требаше покрај големите разговори за многу битни работи од економската сфера и други прашања за добрососедските односи, да се отвори и „малото“ прашање за изучувањето на македонистиката во Тирана. Зашто, во Тирана воопшто не се изучува македонистика! Мора да се има свест дека во билатерлани средби кои властите ги остваруваат на највисоко ниво мора да се опфаќаат и вакви прашања, порачува Мојсова-Чепишевска.
Таа напоменува дека искрено се надева дека можеби ќе дочекаме да се отвори и лекторат по македонски јазик и во Бугарија, па и во Грција, иако засега нема некакви најави за подготвеност во соседните држави.
Сакам да верувам дека ќе дојде тоа време, ама треба малку да се ослободиме од политизирање на некои работи и да ги гледаме вистинските потреби на народите. Зашто идејата со лекторат во Тирана не се однесува на тоа тој да биде наменет само за Македонците таму, туку за да се овозможи сите студенти што студираат филологија таму да може да го изучуваат и македонскиот јазик. На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ има одделна студиска програма Преведување од албански на македонски и од македонски на албански јазик, на која се запишуваат и Македонци кои сакаат да го научат албанскиот јазик и да бидат добри преведувачи од едниот на другиот јазик. Зошто тоа да не можеме да го направиме и во Тирана, со македонскиот јазик – нагласува Мојсова-Чепишевска.

The post Мојсова-Чепишевска: Афирмацијата и развојот на македонистиката во странство треба да е државен приоритет appeared first on Република.

]]>
Македонскиот јазик вклучен во француски проект на ИНАЛКО посветен на сказните на Шарл Перо https://republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-jazik-vkluchen-vo-francuski-proekt-na-inalko-posveten-na-skaznite-na-sharl-pero/ Sun, 25 Sep 2022 09:35:25 +0000 https://republika.mk/?p=553995

Македонскиот јазик е вклучен во важен француски проект посветен на сказните на Шарл Перо, којшто се спроведува од страна на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, кој важи за еден од најреномираните филолошки образовни и научни центри во Европа, соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

По повод Меѓународниот ден на преводот, на настан во организација на ИНАЛКО, „Гласовите на сказната“, во Париз, сказната „Самовили“ на родончалникот на современата европска сказна, Шарл Перо ќе биде презентирана и во превод на македонски јазик, како и на уште неколку други  јазици.

Преводите се подготвени во рамки на проектот, со активна вклученост на Лекторатот по македонски јазик на ИНАЛКО. МСМЈЛК при УКИМ, поздравувајќи го овој значаен проект од меѓународно значење, во пресрет на големиот настан искажува увереност дека успешната соработка со ИНАЛКО на којшто македонскиот јазик се изучува веќе речиси половина век ќе се интензивира и преку вакви големи проекти што придонесуваат за взаемна промоција и афирмација на книжевните и воопшто културните вредности.

По вклучувањето на македонистиката меѓу ретките научни дисциплини во Франција со што на ИНАЛКО е гарантирана нејзината заштита и зачувување, како и нејзината самостојност, вклучувањето на македонскиот јазик во овој значаен проект посветен на една од најзначајните личности од европската книжевна историја е уште една потврда на статусот којшто македонскиот јазик го има на оваа реномирана европска високообразовна и научна институција. Како Семинар искажуваме задоволство и благодарност што преку нашиот лекторат можеме да придонесеме во успешното остварување на овој голем проект и што едно од најпознатите дела на Шарл Перо, и среде Париз ќе се слушне и доживее и на македонски. За нас е и гордост што на големата сцена, во чествувањето на Перо ќе се слушне македонскиот збор…, истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ Весна Мојсова-Чепишевска.

Следната година ќе се одбележат 50 години македонистика на ИНАЛКО во Париз – јубилеј којшто и обврзува, како што напоменува Мојсова-Чепишевска, и тоа не само за негово достојно одбележување, туку и за натамошни уште поголеми вложувања во македонистиката во Франција.

Ваквите значајни проекти каков што е овој за Шарл Перо, како што укажува таа, овозможуваат перспективи и натамошно продлабочување на соработката, водејќи до нови идеи.

Овој проект води и до нови идеи, од коишто еден дел можат да се иницираат и во натамошната соработка, а можат да бидат поттик и за новите генерации книжевни преведувачи. Сказните напишани или запишани од Перо не се само за деца, но се исклучително важни за постулирањето на книжевноста за деца и се вградени во темелите и на современата книжевност наменета и за најмладите читатели. Во времето пред нас може и треба да се вложува и во нови преводи на книжевноста за деца и од македонски и на македонски јазик, на што како Семинар веќе се обидуваме да поттикнеме во соработката со странските универзитети, но секако, потребни се вложувања и од други институции. Би било убаво начинот на којшто сега се чествува Шарл Перо на ИНАЛКО да се случи и на УКИМ како чествување на нашиот Марко Цепенков и тогаш запишаното или напишаното од него да го слушнеме и во нов превод на француски, како што минатата година, во организација и издание на МСМЈЛК при УКИМ, дел од творештвото на Блаже Конески слушнавме и прочитавме во нови преводи на 11 јазици и како што низ годините, на нашите школи е остварено со творештвото на низа македонски современи автори, а годинава се работи и на преводи од творештвата на Васил Иљоски и Горан Стефановски“, нагласува Мојсова-Чепишевска.

Големиот настан организиран од ИНАЛКО, ќе се одржи на 30 септември, а преводот е координиран и работен под менторство на лекторот по македонски јазик на ИНАЛКО, Ѓоко Здравески. Мото на настанот е мислата на филозофот Лудвиг Витгенштајн: „Границите на мојот јазик се поистоветуваат со границите на светот“, при што на сцената, сказната од Перо ќе се слушне на повеќе од 20 јазици. Во рамки на проектот, следната година, во Париз ќе се одржи и симпозиум посветен на творештвото на Перо.

The post Македонскиот јазик вклучен во француски проект на ИНАЛКО посветен на сказните на Шарл Перо appeared first on Република.

]]>

Македонскиот јазик е вклучен во важен француски проект посветен на сказните на Шарл Перо, којшто се спроведува од страна на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, кој важи за еден од најреномираните филолошки образовни и научни центри во Европа, соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По повод Меѓународниот ден на преводот, на настан во организација на ИНАЛКО, „Гласовите на сказната“, во Париз, сказната „Самовили“ на родончалникот на современата европска сказна, Шарл Перо ќе биде презентирана и во превод на македонски јазик, како и на уште неколку други  јазици. Преводите се подготвени во рамки на проектот, со активна вклученост на Лекторатот по македонски јазик на ИНАЛКО. МСМЈЛК при УКИМ, поздравувајќи го овој значаен проект од меѓународно значење, во пресрет на големиот настан искажува увереност дека успешната соработка со ИНАЛКО на којшто македонскиот јазик се изучува веќе речиси половина век ќе се интензивира и преку вакви големи проекти што придонесуваат за взаемна промоција и афирмација на книжевните и воопшто културните вредности.
По вклучувањето на македонистиката меѓу ретките научни дисциплини во Франција со што на ИНАЛКО е гарантирана нејзината заштита и зачувување, како и нејзината самостојност, вклучувањето на македонскиот јазик во овој значаен проект посветен на една од најзначајните личности од европската книжевна историја е уште една потврда на статусот којшто македонскиот јазик го има на оваа реномирана европска високообразовна и научна институција. Како Семинар искажуваме задоволство и благодарност што преку нашиот лекторат можеме да придонесеме во успешното остварување на овој голем проект и што едно од најпознатите дела на Шарл Перо, и среде Париз ќе се слушне и доживее и на македонски. За нас е и гордост што на големата сцена, во чествувањето на Перо ќе се слушне македонскиот збор…, истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ Весна Мојсова-Чепишевска.
Следната година ќе се одбележат 50 години македонистика на ИНАЛКО во Париз – јубилеј којшто и обврзува, како што напоменува Мојсова-Чепишевска, и тоа не само за негово достојно одбележување, туку и за натамошни уште поголеми вложувања во македонистиката во Франција. Ваквите значајни проекти каков што е овој за Шарл Перо, како што укажува таа, овозможуваат перспективи и натамошно продлабочување на соработката, водејќи до нови идеи.
Овој проект води и до нови идеи, од коишто еден дел можат да се иницираат и во натамошната соработка, а можат да бидат поттик и за новите генерации книжевни преведувачи. Сказните напишани или запишани од Перо не се само за деца, но се исклучително важни за постулирањето на книжевноста за деца и се вградени во темелите и на современата книжевност наменета и за најмладите читатели. Во времето пред нас може и треба да се вложува и во нови преводи на книжевноста за деца и од македонски и на македонски јазик, на што како Семинар веќе се обидуваме да поттикнеме во соработката со странските универзитети, но секако, потребни се вложувања и од други институции. Би било убаво начинот на којшто сега се чествува Шарл Перо на ИНАЛКО да се случи и на УКИМ како чествување на нашиот Марко Цепенков и тогаш запишаното или напишаното од него да го слушнеме и во нов превод на француски, како што минатата година, во организација и издание на МСМЈЛК при УКИМ, дел од творештвото на Блаже Конески слушнавме и прочитавме во нови преводи на 11 јазици и како што низ годините, на нашите школи е остварено со творештвото на низа македонски современи автори, а годинава се работи и на преводи од творештвата на Васил Иљоски и Горан Стефановски“, нагласува Мојсова-Чепишевска.
Големиот настан организиран од ИНАЛКО, ќе се одржи на 30 септември, а преводот е координиран и работен под менторство на лекторот по македонски јазик на ИНАЛКО, Ѓоко Здравески. Мото на настанот е мислата на филозофот Лудвиг Витгенштајн: „Границите на мојот јазик се поистоветуваат со границите на светот“, при што на сцената, сказната од Перо ќе се слушне на повеќе од 20 јазици. Во рамки на проектот, следната година, во Париз ќе се одржи и симпозиум посветен на творештвото на Перо.

The post Македонскиот јазик вклучен во француски проект на ИНАЛКО посветен на сказните на Шарл Перо appeared first on Република.

]]>
Културното наследство од македонските пари ќе им биде претставено на странски универзитети https://republika.mk/vesti/kultura/kulturnoto-nasledstvo-od-makedonskite-pari-kje-im-bide-pretstaveno-na-stranski-univerziteti/ Fri, 15 Jul 2022 09:56:50 +0000 https://republika.mk/?p=529207

Културното наследство прикажано на македонските банкноти ќе им биде претставено на странските универзитети на коишто се изучува македонистиката. Странските македонисти ќе можат да се запознаат и со најзначајните парични изданија произведувани на територијата на современата македонска држава коишто се дел од најголемата нумизматичка збирка во државата. Во сите странски образовни и научни центри коишто ќе покажат интерес ќе може да се одржат предавања и интерактивни презентации за македонските пари и за културното наследство, од почетокот на претстојната академска година.

Ова беше договорено на состанокот на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, одржан по отворањето на изложбата „В/редности и вредности“ на Музејот на Народната банка.

Покрај остварувањето на своите основни цели и задачи, Народната банка, повеќе од две децении вложува и во зачувувањето и афирмацијата на културното наследство. Наша определба е да го претставиме нумизматичкиот музејски материјал од нашата збирка и културното наследство коешто е пресликано на банкнотите и пред странската јавност. Затоа е важно што преку оваа соработка, културното наследство ќе биде претставено и пред новите генерации странски македонисти и слависти, – истакна, меѓу другото, гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска.

Директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Мојсова-Чепишевска посочи дека во странските образовни и научни центри во коишто се изучува македонистиката има зголемен интерес за македонската култура.

Затоа, наша цел во следниов период е за сите центри да обезбедиме што повеќе материјали коишто ќе овозможат повеќе културолошки проучувања и поголема запознатост со македонската култура. Со тоа би обезбедиле услови да бидат опфатени повеќе сегменти од македонската култура и во предметните програми. Драго ни е што сега, во годината кога одбележуваме 30 години монетарна самостојност, во рамките на нашата мисија за афирмација и на македонската култура ќе бидат вклучени и македонските пари и културното наследство коешто го претставува Народната банка, нагласи Мојсова-Чепишевска.

На состанокот беше договорено да се обезбедат материјали за културното наследство прикажано на македонските банкноти и за нумизматичкиот музејски материјал од територијата на нашата држава за сите странски универзитети на коишто се изучува македонистиката.

Ангеловска-Бежоска и Мојсова-Чепишевска изразија заемно задоволство од ваквата форма на соработка, напоменувајќи дека со неа се постигнува долгорочен ефект во афирмацијата на македонската култура.

 

The post Културното наследство од македонските пари ќе им биде претставено на странски универзитети appeared first on Република.

]]>

Културното наследство прикажано на македонските банкноти ќе им биде претставено на странските универзитети на коишто се изучува македонистиката. Странските македонисти ќе можат да се запознаат и со најзначајните парични изданија произведувани на територијата на современата македонска држава коишто се дел од најголемата нумизматичка збирка во државата. Во сите странски образовни и научни центри коишто ќе покажат интерес ќе може да се одржат предавања и интерактивни презентации за македонските пари и за културното наследство, од почетокот на претстојната академска година. Ова беше договорено на состанокот на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, одржан по отворањето на изложбата „В/редности и вредности“ на Музејот на Народната банка.
Покрај остварувањето на своите основни цели и задачи, Народната банка, повеќе од две децении вложува и во зачувувањето и афирмацијата на културното наследство. Наша определба е да го претставиме нумизматичкиот музејски материјал од нашата збирка и културното наследство коешто е пресликано на банкнотите и пред странската јавност. Затоа е важно што преку оваа соработка, културното наследство ќе биде претставено и пред новите генерации странски македонисти и слависти, – истакна, меѓу другото, гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска.
Директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Мојсова-Чепишевска посочи дека во странските образовни и научни центри во коишто се изучува македонистиката има зголемен интерес за македонската култура.
Затоа, наша цел во следниов период е за сите центри да обезбедиме што повеќе материјали коишто ќе овозможат повеќе културолошки проучувања и поголема запознатост со македонската култура. Со тоа би обезбедиле услови да бидат опфатени повеќе сегменти од македонската култура и во предметните програми. Драго ни е што сега, во годината кога одбележуваме 30 години монетарна самостојност, во рамките на нашата мисија за афирмација и на македонската култура ќе бидат вклучени и македонските пари и културното наследство коешто го претставува Народната банка, нагласи Мојсова-Чепишевска.
На состанокот беше договорено да се обезбедат материјали за културното наследство прикажано на македонските банкноти и за нумизматичкиот музејски материјал од територијата на нашата држава за сите странски универзитети на коишто се изучува македонистиката. Ангеловска-Бежоска и Мојсова-Чепишевска изразија заемно задоволство од ваквата форма на соработка, напоменувајќи дека со неа се постигнува долгорочен ефект во афирмацијата на македонската култура.  

The post Културното наследство од македонските пари ќе им биде претставено на странски универзитети appeared first on Република.

]]>
Студентите на Истанбулскиот универзитет ќе може да го изучуваат македонскиот јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/studentite-na-istanbulskiot-univerzitet-kje-moze-da-go-izuchuvaat-makedonskiot-jazik/ Sat, 25 Jun 2022 09:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=519546

Со заложби на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) од следната академска година, македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет, коишто се заинтересирани за македонистиката. До сега, македонскиот јазик можеа да го изучуваат само студентите на Факултетот за литература, а од есен, преку нови предмети во четири семестри, македонистиката ќе можат да ја изучуваат студентите од сите факултети.

Минатата година, кога одбележавме 35 години од отворањето на лекторатот по македонски јазик во Истанбул, сè обврзавме дека соработката ќе ја продлабочиме и дека ќе продолжат вложувањата во зајакнувањето и афирмацијата на македонистиката на Истанбулскиот универзитет. Драго ми е што годинава, она на што се обврзавме следејќи го и заветот на Блаже Конески, веќе се остварува. Со можноста македонистиката да ја изучуваат студентите од сите факултети на Истанбулскиот универзитет, се покажува дека искажаната взаемна решеност не е само формална, туку суштинска, втемелена на одличната повеќедецениска соработка помеѓу двата универзитета, пред сè во сферата на македонистиката - истакна директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, по повод новите перспективи за македонистиката на Истанбулскиот универзитет.

Таа упати благодарност до своите колеги од Истанбул.

Од името на МСМЈЛК при УКИМ, искажувам благодарност до раководителката на Одделот за словенски јазици, проф. д-р Емине Инанир и до раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Туркан Олџај, затоа што застанаа зад иницијативата, со тоа потврдувајќи дека поддршката за афирмација на македонскиот јазик, литература и култура е непрекината и се зголемува. Но, морам да го истакнам и влогот на новата лекторка, д-р Габриела Ивановска, којашто и ги подготви предметните програми за новите предмети. Радува фактот што за неколку месеци, преку новите предмети, на Истанбулскиот универзитет, заинтересираните студенти од сите факултети не само што ќе можат да го изучуваат и надрадуваат знаењето на македонскиот јазик, туку на соодветно академско ниво потемелно да се запознаат и со севкупната македонска култура. Уверена сум дека нема да запреме тука - нагласува Мојсова-Чепишевска.

Програмите по новите предмети од областа на македонистиката се осмислени во насока на промоција и популаризација на македонистиката, при што сите заинтересирани студенти ќе можат потемелито да се запознаат и со македонската книжевност, филм, музика итн., во еден поширок културолошки контекст. Истовремено, на Факултетот за литература ќе продолжи наставата и по предметите коишто се изучуваа и досега, при што како учебници се користат изданија подготвени од МСМЈЛК при УКИМ.

Инаку, годинава, во текот на летниот семестар, повеќе од 50 студенти на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет следеа предмети од областа на македонистиката. Имајќи ги предвид новите можности од следната академска година, се очекува бројот да биде поголем. Но, клучно, радува што интересот за македонистиката не запира само во рамките на студиите, туку продолжува и понатаму, што се потврдува и преку интересот на студентите на Истанбулскиот универзитет и за учество на претстојната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ.

Активностите на МСМЈЛК при УКИМ за зајакнување и афирмација на македонистиката на големите универзитетски центри продолжуваат.

The post Студентите на Истанбулскиот универзитет ќе може да го изучуваат македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Со заложби на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) од следната академска година, македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет, коишто се заинтересирани за македонистиката. До сега, македонскиот јазик можеа да го изучуваат само студентите на Факултетот за литература, а од есен, преку нови предмети во четири семестри, македонистиката ќе можат да ја изучуваат студентите од сите факултети.
Минатата година, кога одбележавме 35 години од отворањето на лекторатот по македонски јазик во Истанбул, сè обврзавме дека соработката ќе ја продлабочиме и дека ќе продолжат вложувањата во зајакнувањето и афирмацијата на македонистиката на Истанбулскиот универзитет. Драго ми е што годинава, она на што се обврзавме следејќи го и заветот на Блаже Конески, веќе се остварува. Со можноста македонистиката да ја изучуваат студентите од сите факултети на Истанбулскиот универзитет, се покажува дека искажаната взаемна решеност не е само формална, туку суштинска, втемелена на одличната повеќедецениска соработка помеѓу двата универзитета, пред сè во сферата на македонистиката - истакна директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, по повод новите перспективи за македонистиката на Истанбулскиот универзитет.
Таа упати благодарност до своите колеги од Истанбул.
Од името на МСМЈЛК при УКИМ, искажувам благодарност до раководителката на Одделот за словенски јазици, проф. д-р Емине Инанир и до раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Туркан Олџај, затоа што застанаа зад иницијативата, со тоа потврдувајќи дека поддршката за афирмација на македонскиот јазик, литература и култура е непрекината и се зголемува. Но, морам да го истакнам и влогот на новата лекторка, д-р Габриела Ивановска, којашто и ги подготви предметните програми за новите предмети. Радува фактот што за неколку месеци, преку новите предмети, на Истанбулскиот универзитет, заинтересираните студенти од сите факултети не само што ќе можат да го изучуваат и надрадуваат знаењето на македонскиот јазик, туку на соодветно академско ниво потемелно да се запознаат и со севкупната македонска култура. Уверена сум дека нема да запреме тука - нагласува Мојсова-Чепишевска.
Програмите по новите предмети од областа на македонистиката се осмислени во насока на промоција и популаризација на македонистиката, при што сите заинтересирани студенти ќе можат потемелито да се запознаат и со македонската книжевност, филм, музика итн., во еден поширок културолошки контекст. Истовремено, на Факултетот за литература ќе продолжи наставата и по предметите коишто се изучуваа и досега, при што како учебници се користат изданија подготвени од МСМЈЛК при УКИМ. Инаку, годинава, во текот на летниот семестар, повеќе од 50 студенти на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет следеа предмети од областа на македонистиката. Имајќи ги предвид новите можности од следната академска година, се очекува бројот да биде поголем. Но, клучно, радува што интересот за македонистиката не запира само во рамките на студиите, туку продолжува и понатаму, што се потврдува и преку интересот на студентите на Истанбулскиот универзитет и за учество на претстојната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. Активностите на МСМЈЛК при УКИМ за зајакнување и афирмација на македонистиката на големите универзитетски центри продолжуваат.

The post Студентите на Истанбулскиот универзитет ќе може да го изучуваат македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>