проф. д-р Ана Павловска Данева Archives - Република https://republika.mk/tema/prof-d-r-ana-pavlovska-daneva/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Feb 2024 11:36:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проф. д-р Ана Павловска Данева Archives - Република https://republika.mk/tema/prof-d-r-ana-pavlovska-daneva/ 32 32 Пратениците в среда ќе расправаат за избор на нов државен обвинител и нов уставен судија https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenitsite-v-sreda-ke-raspravaat-za-izbor-na-nov-drzhaven-obvinitel-i-nov-ustaven-sudija/ Mon, 05 Feb 2024 11:36:40 +0000 https://republika.mk/?p=740497

Предлозите за избор на обвинителот Љупчо Коцевски за нов републички јавен обвинител, и изборот на професорката Ана Павловска Данева за судија на Уставен суд, се на дневниот ред на 140. Седница на Собранието на Република Македонија закажана за в среда.

Предлогот за обвинителот Љупчо Коцевски беше доставен од Владата, а тој беше единствениот кој доби позитивно мислење од Советот на јавните обвинители, покрај обвинителките Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ.

Коцевски е адвокат од 1995 година, а во 2008 е избран во вишото обвинителство во Гостивар. Пред две години е унапреден во републичкото обвинителство.

Претходниот државен обвинител, Љубомир Јовески, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година. Во моментов, в.д. републичка обвинителка на местото на Љубомир Јовески е обвинителката Соња Симовска.

Професорката Ана Павловска Данева доаѓа од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Таа беше предложена откако СДСМ го повлече предлогот за Љубомир Јовески кој беше предложен пред скоро две години. Уставен суд подолго време работеше по нецелосен состав, а изборот на Павлова Данева, би го пополнил последното празно место во Судот.

The post Пратениците в среда ќе расправаат за избор на нов државен обвинител и нов уставен судија appeared first on Република.

]]>

Предлозите за избор на обвинителот Љупчо Коцевски за нов републички јавен обвинител, и изборот на професорката Ана Павловска Данева за судија на Уставен суд, се на дневниот ред на 140. Седница на Собранието на Република Македонија закажана за в среда. Предлогот за обвинителот Љупчо Коцевски беше доставен од Владата, а тој беше единствениот кој доби позитивно мислење од Советот на јавните обвинители, покрај обвинителките Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ. Коцевски е адвокат од 1995 година, а во 2008 е избран во вишото обвинителство во Гостивар. Пред две години е унапреден во републичкото обвинителство. Претходниот државен обвинител, Љубомир Јовески, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година. Во моментов, в.д. републичка обвинителка на местото на Љубомир Јовески е обвинителката Соња Симовска. Професорката Ана Павловска Данева доаѓа од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Таа беше предложена откако СДСМ го повлече предлогот за Љубомир Јовески кој беше предложен пред скоро две години. Уставен суд подолго време работеше по нецелосен состав, а изборот на Павлова Данева, би го пополнил последното празно место во Судот.

The post Пратениците в среда ќе расправаат за избор на нов државен обвинител и нов уставен судија appeared first on Република.

]]>
Комисиска расправа за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка https://republika.mk/vesti/makedonija/komisiska-rasprava-za-predlogot-ana-pavlovska-daneva-da-bide-izbrana-za-ustavna-sudijka/ Tue, 30 Jan 2024 14:45:48 +0000 https://republika.mk/?p=738658

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница расправа по единствената точка на дневен ред - утврдување на предлог за избор на судија на уставен суд. За уставен судија е предложена универзитетската професорка Ана Павлова Данева.

И на денешното продолжение, како и на првата седница одржана за оваа точка на 25 јануари, не се утврди дневниот ред.

Според пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлогот професорката Ана Павлова Данева да се избере за нов уставен судија е партиски предлог. Додека, пратениците од власта потенцираа дека таа има образование и интегритет да биде избрана за уставен судија.

Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Павлова Данева е партиски предлог, оти, како што рече, претходно таа била потпретседател на СДСМ. Таа рече дека би било добро избирањето на член на уставни судии да се направи на начин каде кандидатите би присуствувале на седница и би одговарале на прашањата на пратениците.

Никој од нас нема проблем со CV-то на професорката Павлова Данева. По однос на професијата и по однос на компетенциите што треба да ги има во уставен суд, нема што да коментирам. Потпретседател на партија предлагате да биде член на Уставен суд. И сега ќе кажете дека тоа било одамна. Добро, но тоа стои во CV-то. Немам дилема по однос на нејзиниот квалитет. Но, потпретседател на СДСМ се предлага да биде уставен судија. Што е следно? Бранко Црвенковски да биде претсдеател на Уставен суд?, рече Ласовска.

Пратеникот Диме Велковски од СДСМ смета дека кандидатката Павлова Данева има и образование, култура на однесување, државотворност и интегритет за да биде избрана за нов член на Уставниот суд.

Мислам дека е добро што она е предложена за кандидат, бидејќи десет години буквално нема никаква политичка активност во смисла на членување во високи тела во партија. Била пратеничка. Ви тврдам дека нема никакво членство ниту во партијата од каде што јас доаѓам, ниту е во ниту најмалата основна органзација. Професорката има и интегритет и доблест да покаже што знае и умее. Убеден сум во тоа. Оваа кандидатка има и образование и култура на однесување и државотворност и интегритет. Со овој избор добро е да се дооформи Уставниот суд со цел да функционира онака како што е по Устав и закон. Со избирањето на професорката Данева само ќе се зајакне капацитетот, рече Велковски.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска во процедурална забелешка побара претседателката на Комисијата да ја прекине расправата по оваа точка и да биде повлечен предлогот Данева да биде избрана за устаен судија. Посочи дека неговата партија нема да гласа за овој предлог.

Д-р Ана Павловска-Данева е редовен професор на научната област Административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Родена на 22.02.1973 година во Скопје.

Студиите ги започнала на Правниот факултет при Московскиот Државен Универзитет „М.В. Ломоносов“ во Москва, а во 1993 година дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала во 1998 година на тема „Омбудсман – заштитник на правата и слободите на граѓаните“. Истата година била избрана за помлад асистент на научната област Управно право на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а веќе следната 1999 година била избрана за асистент. Во 2004 година, се стекнала со научен степен доктор на правни науки, со одбрана на докторската дисертација на тема „Управни договори“ и е избрана за доцент на научната област управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што напредува во звањата и станува вонреден професор (2009 година) и редовен професор (2013 година).

Предлогот Данева да биде нова уставна судијка дојде откако на 24 јануари во Собранието по речиси година и половина расправа беше повлечен предлогот за Љубомир Јовески да биде уставен судија. Тој тогаш изјави дека изненадувачки и вулгарно било тоа предлогот да биде повлечен без да се наведат основни причини за тоа поради што му била нанесена штета.

Уставниот суд подолг период работи во некомплетен состав, бидејќи постапката за избор на нови членови заглави во Собранието.
Седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се очекува да продолжи попладне, откако претседателката на Комисијата Марија Георгиевска даде пауза.

The post Комисиска расправа за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница расправа по единствената точка на дневен ред - утврдување на предлог за избор на судија на уставен суд. За уставен судија е предложена универзитетската професорка Ана Павлова Данева. И на денешното продолжение, како и на првата седница одржана за оваа точка на 25 јануари, не се утврди дневниот ред. Според пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлогот професорката Ана Павлова Данева да се избере за нов уставен судија е партиски предлог. Додека, пратениците од власта потенцираа дека таа има образование и интегритет да биде избрана за уставен судија. Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Павлова Данева е партиски предлог, оти, како што рече, претходно таа била потпретседател на СДСМ. Таа рече дека би било добро избирањето на член на уставни судии да се направи на начин каде кандидатите би присуствувале на седница и би одговарале на прашањата на пратениците.
Никој од нас нема проблем со CV-то на професорката Павлова Данева. По однос на професијата и по однос на компетенциите што треба да ги има во уставен суд, нема што да коментирам. Потпретседател на партија предлагате да биде член на Уставен суд. И сега ќе кажете дека тоа било одамна. Добро, но тоа стои во CV-то. Немам дилема по однос на нејзиниот квалитет. Но, потпретседател на СДСМ се предлага да биде уставен судија. Што е следно? Бранко Црвенковски да биде претсдеател на Уставен суд?, рече Ласовска.
Пратеникот Диме Велковски од СДСМ смета дека кандидатката Павлова Данева има и образование, култура на однесување, државотворност и интегритет за да биде избрана за нов член на Уставниот суд.
Мислам дека е добро што она е предложена за кандидат, бидејќи десет години буквално нема никаква политичка активност во смисла на членување во високи тела во партија. Била пратеничка. Ви тврдам дека нема никакво членство ниту во партијата од каде што јас доаѓам, ниту е во ниту најмалата основна органзација. Професорката има и интегритет и доблест да покаже што знае и умее. Убеден сум во тоа. Оваа кандидатка има и образование и култура на однесување и државотворност и интегритет. Со овој избор добро е да се дооформи Уставниот суд со цел да функционира онака како што е по Устав и закон. Со избирањето на професорката Данева само ќе се зајакне капацитетот, рече Велковски.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска во процедурална забелешка побара претседателката на Комисијата да ја прекине расправата по оваа точка и да биде повлечен предлогот Данева да биде избрана за устаен судија. Посочи дека неговата партија нема да гласа за овој предлог. Д-р Ана Павловска-Данева е редовен професор на научната област Административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Родена на 22.02.1973 година во Скопје. Студиите ги започнала на Правниот факултет при Московскиот Државен Универзитет „М.В. Ломоносов“ во Москва, а во 1993 година дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала во 1998 година на тема „Омбудсман – заштитник на правата и слободите на граѓаните“. Истата година била избрана за помлад асистент на научната област Управно право на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а веќе следната 1999 година била избрана за асистент. Во 2004 година, се стекнала со научен степен доктор на правни науки, со одбрана на докторската дисертација на тема „Управни договори“ и е избрана за доцент на научната област управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што напредува во звањата и станува вонреден професор (2009 година) и редовен професор (2013 година). Предлогот Данева да биде нова уставна судијка дојде откако на 24 јануари во Собранието по речиси година и половина расправа беше повлечен предлогот за Љубомир Јовески да биде уставен судија. Тој тогаш изјави дека изненадувачки и вулгарно било тоа предлогот да биде повлечен без да се наведат основни причини за тоа поради што му била нанесена штета. Уставниот суд подолг период работи во некомплетен состав, бидејќи постапката за избор на нови членови заглави во Собранието. Седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се очекува да продолжи попладне, откако претседателката на Комисијата Марија Георгиевска даде пауза.

The post Комисиска расправа за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка appeared first on Република.

]]>
Павловска: Ако не постои одлука, значи исто како да не се случил овој скандал https://republika.mk/vesti/makedonija/pavlovska-ako-ne-postoi-odluka-znachi-isto-kako-da-ne-se-sluchil-ovoj-skandal/ Sat, 29 Apr 2023 07:26:51 +0000 https://republika.mk/?p=635182

Може ли претседателката на Судски совет Весна Дамева да свика седница со точка на дневен ред и да се постави прашање за нејзино разрешување? На ова професорката Ана Павловска Данева во вчерашната „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека правнички гледано, таа сè уште е актуелна претседателка на Судскиот совет.

Ние никаде не видовме одлука за нејзино разрешување. Слушнавме дека министерот за правда го барал записникот, записник веројатно постои меѓутоа дали постои одлука и дали е таа одлука потпишана од неа, како легитимен претседател и преседавач на совет. Ако не постои одлука, значи исто како да не се случил овој скандал, вели Павловска Данева.

https://republika.mk/vesti/makedonija/site-molchat-shto-denes-potpretsedatelot-na-sudski-sovet-go-odzede-zborot-na-pretsedatelkata/

The post Павловска: Ако не постои одлука, значи исто како да не се случил овој скандал appeared first on Република.

Сите молчат што денес потпретседателот на Судски совет ѝ го одзеде зборот на претседателката https://republika.mk/vesti/makedonija/site-molchat-shto-denes-potpretsedatelot-na-sudski-sovet-go-odzede-zborot-na-pretsedatelkata/ Thu, 27 Apr 2023 07:20:40 +0000 https://republika.mk/?p=634457

Денес потпретседателот на Судски совет и го одзеде зборот на претседателката на Советот и продолжи да ја води седницата, па ја разреши спротивно на Закон и Деловник, а сите молчат!, објави револтирано професорката на Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска Данева.

Утре може да се случи првиот (или вториот, третиот…) вицепремиер да му го одземе зборот на премиерот и да продолжи да ја води Владата!
Сите пак ќе молчат! И него ќе го пуштат низ вода. Битно нивните функции, паушали, хонорари да останат нечепнати, реагира професорката.

Вчера Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судскиот совет по тензична седница на која откако таа одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред нејзиниот заменик Селим Адеми повика на гласање, пришто седум члена го поддржаа.

По што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/so-sedum-glasa-razreshena-pretsedatelkata-na-sudskiot-sovet-dameva/

The post Сите молчат што денес потпретседателот на Судски совет ѝ го одзеде зборот на претседателката appeared first on Република.

]]>

Денес потпретседателот на Судски совет и го одзеде зборот на претседателката на Советот и продолжи да ја води седницата, па ја разреши спротивно на Закон и Деловник, а сите молчат!, објави револтирано професорката на Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска Данева.
Утре може да се случи првиот (или вториот, третиот…) вицепремиер да му го одземе зборот на премиерот и да продолжи да ја води Владата! Сите пак ќе молчат! И него ќе го пуштат низ вода. Битно нивните функции, паушали, хонорари да останат нечепнати, реагира професорката.
Вчера Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судскиот совет по тензична седница на која откако таа одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред нејзиниот заменик Селим Адеми повика на гласање, пришто седум члена го поддржаа. По што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата. https://republika.mk/vesti/makedonija/so-sedum-glasa-razreshena-pretsedatelkata-na-sudskiot-sovet-dameva/

The post Сите молчат што денес потпретседателот на Судски совет ѝ го одзеде зборот на претседателката appeared first on Република.

]]>
Данева: Утврдено е дека тројца претседатели на македонски судови не можат да го докажат потеклото на имот https://republika.mk/vesti/makedonija/daneva-utvrdeno-e-deka-trojtsa-pretsedateli-na-makedonski-sudovi-ne-mozhat-da-go-dokazhat-potekloto-na-imot/ Sun, 05 Mar 2023 22:22:20 +0000 https://republika.mk/?p=616152

Неопходна е проверка на имотот на судиите и обвинителите, вели за „Детектор“ професорката на Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска Данева. Според неа, тоа е и здраво за самите судии кои не се огрешиле пред законот. Во проверките кои ги направи Антикорупциска покажале дека тројца претседатели на Судови низ Македонија немаат покритие за својот имот.

Можеби не би го исклучила ветингот особено оној како за обвинителите така и за судиите од аспект на проверка на потеклото на имот. Тоа е нужно, тоа е неопходно, тоа е здраво за самите судии, особено оние кои не се огрешиле пред законот. Ние слушнавме дека Антикорупциска го имаше тоа ставено во својата програма дека ќе ја проверат имотната состојба на 500 судии, успеаја само на претседатели на судови само. Она колку што се сеќавам, и тоа во јавноста не беше многу експонирано, мислам дека најдоа кај тројца претседатели на судовите надминување на имотот во споредба со тоа какви примања имаат. И што направи ДКСК освен една прес конференција?, праша Данева во Детектор

The post Данева: Утврдено е дека тројца претседатели на македонски судови не можат да го докажат потеклото на имот appeared first on Република.

Павловска Данева: Централниот регистар сѐ уште може да го прогласи за ништовно решението за клубот „Ванчо Михајлов“ https://republika.mk/vesti/makedonija/pavlovska-daneva-centralniot-registar-s-ushte-moze-da-go-proglasi-za-nishtovno-reshenieto-za-klubot-vancho-mihajlov/ Wed, 19 Oct 2022 19:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=563292

Професорката од Правниот факултет, Ана Павлоска Данева смета дека Централниот регистар има и сега можност да спречи упис здруженија на граѓани, чија програма ги нарушува правата и слободите на други.

– Ако со нивното здружување предизвикуваат верска, расна или национална нетрпеливост и омраза, регистарот може тоа да го блокира и да не дозволи такво регистрирање. Исто така ако го содржи името Македонија, тогаш е потребна согласност од Министерството за правда. Слушнавме дека Правда при регистрацијата на „Ванчо Михајлов“ не дало согласност. Кога како здружение ги поднесувате документите, меѓу другото треба да поднесе и согласност. Ако еден документ ви фали, ваш органот не ви го дава решението. Се уште може Централниот регистар да го прогласи сопственото решение за ништовно, рече Данева во емисијата „24 анализа“.

The post Павловска Данева: Централниот регистар сѐ уште може да го прогласи за ништовно решението за клубот „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

Данева за аферата Русковска/Муареми: Малку несоодветен начин за спроведување на идејата „Нема правда, нема мир”! https://republika.mk/vesti/makedonija/daneva-za-aferata-ruskovska-muaremi-malku-nesoodveten-nachin-za-sproveduvanje-na-idejata-nema-pravda-nema-mir/ Wed, 17 Aug 2022 18:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=541494

Формирано Специјално јавно обвинителство чија шефица е осудена за корупција, а обвинителството укинато. Обвинителство за организиран криминал времено го раководи обвинителка од растуреното и укинато СЈО зашто нејзината нова шефица од организиран криминал е суспендирана заради грешки во постапка против висок владин функционер.

Малку несоодветен начин за спроведување на идејата „Нема правда, нема мир”!, коментира професорката Ана Павловска Данева околу последните случувања со шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, републичкиот обвинител, Љубомир Јовески и директорот на финансиската полиција Арафат Муареми.

The post Данева за аферата Русковска/Муареми: Малку несоодветен начин за спроведување на идејата „Нема правда, нема мир”! appeared first on Република.

Проф. Павловска – Данева: Дел од јавните органи буквално се непотребни, има институции кои функционираат со неколку луѓе https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-pavlovska-daneva-del-od-javnite-organi-bukvalno-se-nepotrebni-ima-institucii-koi-funkcioniraat-so-nekolku-lugje/ Fri, 01 Apr 2022 13:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=481987

Се иселија голем број на луѓе, а тоа треба да биде еден од главните показатели како треба да ја реформираме администрацијата. Што помалку граѓани имаме во државата на таа бројка треба да ги конципираме услугите. Колку помалку услуги толку помалку административци. Нема посебен научен заклучок. Коментарот е дека со менување на секоја власт расте и администрацијата за да се потпира на гласовите на јавната администрација, вели професорката Ана Павловска Данева во Утрински Брифинг во врска со резултатите од пописот.

Таа потенцира дека во земјата се спроведува дигитализацијата и дека оваа промена носи потреба од намалување на човечки кадар.

Најверојатно треба да се размислува да се направи една анализа врз бројот на јавни органи. Дел од нив буквално се непотребни. Има десетици институции кои функционираат со по неколку луѓе. Имаме над 1.300 институции и над 130.000 административци, но тука не се влезени административците и тие не се опфатени од оваа бројка. Доколку и тие се пресметани бројката е над 150 илјади. Од ова се покажува дека имаме повеќе од 20 институции во државата кои се тотално беззначајни кои во себе имаат вработено помалку од пет луѓе, вели професорката.

The post Проф. Павловска – Данева: Дел од јавните органи буквално се непотребни, има институции кои функционираат со неколку луѓе appeared first on Република.

]]>

Се иселија голем број на луѓе, а тоа треба да биде еден од главните показатели како треба да ја реформираме администрацијата. Што помалку граѓани имаме во државата на таа бројка треба да ги конципираме услугите. Колку помалку услуги толку помалку административци. Нема посебен научен заклучок. Коментарот е дека со менување на секоја власт расте и администрацијата за да се потпира на гласовите на јавната администрација, вели професорката Ана Павловска Данева во Утрински Брифинг во врска со резултатите од пописот. Таа потенцира дека во земјата се спроведува дигитализацијата и дека оваа промена носи потреба од намалување на човечки кадар.