прободен Archives - Република https://republika.mk/tema/proboden/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 11:59:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прободен Archives - Република https://republika.mk/tema/proboden/ 32 32 Тинејџер со убодни рани итно примен на Клиники, го нападнале врсници во близина на училиште https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tinejdher-so-ubodni-rani-itno-primen-na-kliniki-go-napadnale-vrsnitsi-vo-blizina-na-uchilishte/ Wed, 18 Sep 2024 06:22:05 +0000 https://republika.mk/?p=817285

Малолетник вчеравечер заврши во Клиничкиот центар во Скопје со тешки повреди здобиени од нож. Тој бил нападнат во близина на скопско училиште од толпа врсници. Полицијата работи на случајот.

Вчера пријавено е дека во близина на училиште во Скопје малолетник од Скопје бил нападнат со остар предмет од неколку лица, најверојатно малолетници. Лицето е пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Тинејџер со убодни рани итно примен на Клиники, го нападнале врсници во близина на училиште appeared first on Република.

]]>

Ноќва 20-годишник прободен со нож https://republika.mk/vesti/makedonija/nokva-20-godishnik-proboden-so-nozh/ Mon, 01 Jan 2024 11:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=728635

На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ биле извршени 103 прегледи, а на Клиниката за токсикологија 23.

Освен повредени во три сообраќајни незгоди, на Ургентен бил донесен и 20-годишен пациент кој при физички напад бил прободен со нож. Тој е примен на Клиниката за торако-васкулара хирургија и е во стабилна состојба. Еден пациент, пак, е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и, исто така, е во стабилна состојба.

На Клиниката за токсикологија сите случаи биле акутни интоксикации и ниту еден пациент не е задржан. По прегледите пациентите се пуштени дома. Притоа, повеќето биле жени.

На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ беа извршени 103 прегледи од кои три беа од сообраќајни незгоди. Еден пациент е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и е во стабилна состојба. Имаше и три физички напади, еден пациент е примен на Клиниката за торако-васкулара хиругија. Се работи за убод со нож, но пациентот е во стабилна состојба. Сите останати случаи се со лесни телесни повреди и се пуштени на домашно лекување, изјави д-р Ерен Сејфула, ортопед.

Според д-р Кирил Наумовски од Клиниката за токсикологија, бројот на актуните интоксикации поврзани со психоактивни супстанци расте секоја година.

Ноќта помина во најдобар ред. Го држиме порсекот од изминатите години со 23 прегледи заради акутни интоксикации од кои 12 со 11 се полнолетни и малолетни. Најмладите пациенти годинава беа над 14 години, а најстариот 63 години. Сите прегледани во изминатите 24 часа се испратени на домашно лекување, ниту еден не е задржан, информира Наумовски, додавајќи дека многу често дел од пациентите не ја кажуваат вистината и велат дека пиеле само алкохол.

The post Ноќва 20-годишник прободен со нож appeared first on Република.

]]>

На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ биле извршени 103 прегледи, а на Клиниката за токсикологија 23. Освен повредени во три сообраќајни незгоди, на Ургентен бил донесен и 20-годишен пациент кој при физички напад бил прободен со нож. Тој е примен на Клиниката за торако-васкулара хирургија и е во стабилна состојба. Еден пациент, пак, е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и, исто така, е во стабилна состојба. На Клиниката за токсикологија сите случаи биле акутни интоксикации и ниту еден пациент не е задржан. По прегледите пациентите се пуштени дома. Притоа, повеќето биле жени.
На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ беа извршени 103 прегледи од кои три беа од сообраќајни незгоди. Еден пациент е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и е во стабилна состојба. Имаше и три физички напади, еден пациент е примен на Клиниката за торако-васкулара хиругија. Се работи за убод со нож, но пациентот е во стабилна состојба. Сите останати случаи се со лесни телесни повреди и се пуштени на домашно лекување, изјави д-р Ерен Сејфула, ортопед.
Според д-р Кирил Наумовски од Клиниката за токсикологија, бројот на актуните интоксикации поврзани со психоактивни супстанци расте секоја година.
Ноќта помина во најдобар ред. Го држиме порсекот од изминатите години со 23 прегледи заради акутни интоксикации од кои 12 со 11 се полнолетни и малолетни. Најмладите пациенти годинава беа над 14 години, а најстариот 63 години. Сите прегледани во изминатите 24 часа се испратени на домашно лекување, ниту еден не е задржан, информира Наумовски, додавајќи дека многу често дел од пациентите не ја кажуваат вистината и велат дека пиеле само алкохол.

The post Ноќва 20-годишник прободен со нож appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Идентификувани напаѓачите кои прободеа навивач на „Левски“ со нож https://republika.mk/vesti/crna-hronika/spasovski-identifikuvani-napagachite-koi-probodea-navivach-na-levski-so-nozh/ Fri, 28 Jul 2023 09:08:17 +0000 https://republika.mk/?p=666202

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се идентификувани напаѓачите кои со нож прободеле навивач на „Левски“ вчера во Чаир и дека се работи на нивно пронаоѓање.

Министерот рече дека возилата со бугарските регистарски таблички кои отишле во Чаир да провоцираат влегле во Македонија во приватна режија, односно без да го користат организираниот превоз за мечот со „Шкупи“ во Скопје.

Од болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје синоќа соопштија дека бугарски државјанин повреден е прободен со ладно оружје во Чаир и се врши операција. Повредени се уште тројца навивачи на Левски. Сите повредени моментално се во стабилна состојба. Избодениот со нож веднаш по инцидентот го посетил и бугарскиот конзул во Скопје, а уште тогаш било потврдено дека животот на 29-годишниот бугарски државјанин е надвор од животна опасност.

Таму се идентификувани веќе напаѓачите, таму моментално работат колегите, јас очекувам во скоро време да ги имаме детално сите информации - рече Спасовски.

Неговото лично мислење е дека бугарските навивачи се тие кои отишле да направат намерна провокација и да дојде до немири.

The post Спасовски: Идентификувани напаѓачите кои прободеа навивач на „Левски“ со нож appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се идентификувани напаѓачите кои со нож прободеле навивач на „Левски“ вчера во Чаир и дека се работи на нивно пронаоѓање. Министерот рече дека возилата со бугарските регистарски таблички кои отишле во Чаир да провоцираат влегле во Македонија во приватна режија, односно без да го користат организираниот превоз за мечот со „Шкупи“ во Скопје. Од болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје синоќа соопштија дека бугарски државјанин повреден е прободен со ладно оружје во Чаир и се врши операција. Повредени се уште тројца навивачи на Левски. Сите повредени моментално се во стабилна состојба. Избодениот со нож веднаш по инцидентот го посетил и бугарскиот конзул во Скопје, а уште тогаш било потврдено дека животот на 29-годишниот бугарски државјанин е надвор од животна опасност.
Таму се идентификувани веќе напаѓачите, таму моментално работат колегите, јас очекувам во скоро време да ги имаме детално сите информации - рече Спасовски.
Неговото лично мислење е дека бугарските навивачи се тие кои отишле да направат намерна провокација и да дојде до немири.

The post Спасовски: Идентификувани напаѓачите кои прободеа навивач на „Левски“ со нож appeared first on Република.

]]>
Бугарите се симнале кај „Чаирчанка“ и почнале да провоцираат и навредуваат случајни минувачи, па им излегла група граѓани https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bugarite-se-simnale-kaj-chairchanka-i-pochnale-da-provotsiraat-i-navreduvaat-sluchajni-minuvachi-pa-im-izlegla-grupa-gragani/ Fri, 28 Jul 2023 07:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=666143

Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настанот и ги издава сите потребни наредби и насоки за идентификација на лицата кои учествувале во инцидентот во кој вчера беше повреден еден навивач на фудбалскиот клуб „Левски” од Софија, се вели во соопштението на ОЈО.

Според првичните сознанија, до настанот дошло додека навивачи на ФК „Левски” со две возила со бугарски регистарски ознаки се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани.

Бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во физичка пресметка со група граѓани кои излегле од околните објекти. При враќање во автомобилот, 29-годишен бугарски државјанин бил повреден со остар предмет во абдоменот. Кај него е констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран. По извршена хируршка интервенција, тој е во стабилна состојба. Со цел утврдување на идентитетот на граѓаните кои учествувале во настанот и кои според првичните сознанија не биле дел од локална навивачка група, како и целосно расчистување на настанот, подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Освен тоа, обезбедени се видео записи од околните објекти и од камерите на системот „Безбеден град”, а се преземаат и други дејствија. Што се однесува до останатите инциденти поврзани со навивачи на ФК Левски во текот на вчерашниот ден, обвинителството е известено дека се процесуирани прекршoчно, велат денес од ОЈО.

The post Бугарите се симнале кај „Чаирчанка“ и почнале да провоцираат и навредуваат случајни минувачи, па им излегла група граѓани appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настанот и ги издава сите потребни наредби и насоки за идентификација на лицата кои учествувале во инцидентот во кој вчера беше повреден еден навивач на фудбалскиот клуб „Левски” од Софија, се вели во соопштението на ОЈО. Според првичните сознанија, до настанот дошло додека навивачи на ФК „Левски” со две возила со бугарски регистарски ознаки се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани.
Бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во физичка пресметка со група граѓани кои излегле од околните објекти. При враќање во автомобилот, 29-годишен бугарски државјанин бил повреден со остар предмет во абдоменот. Кај него е констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран. По извршена хируршка интервенција, тој е во стабилна состојба. Со цел утврдување на идентитетот на граѓаните кои учествувале во настанот и кои според првичните сознанија не биле дел од локална навивачка група, како и целосно расчистување на настанот, подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Освен тоа, обезбедени се видео записи од околните објекти и од камерите на системот „Безбеден град”, а се преземаат и други дејствија. Што се однесува до останатите инциденти поврзани со навивачи на ФК Левски во текот на вчерашниот ден, обвинителството е известено дека се процесуирани прекршoчно, велат денес од ОЈО.

The post Бугарите се симнале кај „Чаирчанка“ и почнале да провоцираат и навредуваат случајни минувачи, па им излегла група граѓани appeared first on Република.

]]>
Прободен затвореник од КПУ Идризово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/proboden-zatvorenik-od-kpu-idrizovo/ Sat, 20 Aug 2022 15:40:27 +0000 https://republika.mk/?p=542359

Затвореник од КПУ Идризово е прободен со остар предмет од страна на друг затвореник, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје од КПУ Идризово било пријавено дека околу 17:45 часот затвореникот И.И.(35) бил прободен со остар предмет од страна на друг затвореник И.К. Повредениот бил пренесен во амбулантата при КПУ Идризово за укажување на лекарска помош, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, наведуваат од МВР.

Од МВР посочуваат дека се работи на расчистување на случајот.

The post Прободен затвореник од КПУ Идризово appeared first on Република.

Малолетник прободен во грб по тепачка во гостиварско Форино https://republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnik-proboden-vo-grb-po-tepachka-vo-gostivarsko-forino/ Wed, 20 Apr 2022 11:48:11 +0000 https://republika.mk/?p=491136

Еден малолетник завршил со убодни рани на грбот во гостиварската болница по тепачка со други малолетни лица. Полицијата сомничи двајца малолетници и работи на расчистување на случајот.

Според СВР – Тетово, синоќа во 22 часот и 30 минути било пријавено дека половина час пред тоа во гостиварско Форино еден малолетник бил повреден со остар предмет. На повредувањето му претходела вербална расправија, по што настанала физичка пресметка помеѓу тројца малолетници.

Еден од малолетниците со остар предмет му нанел повреди на друг малолетник, кој е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Повредениот е задржан на лекување.

На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи – Гостивар. Се очекува во текот на денот да биде извршен разговор со двајцата малолетници, во присуство на родители, претставник од Центарот за социјални работи и адвокат.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде изготвен поднесок, информираат од СВР Тетово.

The post Малолетник прободен во грб по тепачка во гостиварско Форино appeared first on Република.

]]>

Еден малолетник завршил со убодни рани на грбот во гостиварската болница по тепачка со други малолетни лица. Полицијата сомничи двајца малолетници и работи на расчистување на случајот. Според СВР – Тетово, синоќа во 22 часот и 30 минути било пријавено дека половина час пред тоа во гостиварско Форино еден малолетник бил повреден со остар предмет. На повредувањето му претходела вербална расправија, по што настанала физичка пресметка помеѓу тројца малолетници. Еден од малолетниците со остар предмет му нанел повреди на друг малолетник, кој е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Повредениот е задржан на лекување. На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи – Гостивар. Се очекува во текот на денот да биде извршен разговор со двајцата малолетници, во присуство на родители, претставник од Центарот за социјални работи и адвокат. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде изготвен поднесок, информираат од СВР Тетово.

The post Малолетник прободен во грб по тепачка во гостиварско Форино appeared first on Република.

]]>
18-годишник од Охрид го пробол татко си со нож https://republika.mk/vesti/crna-hronika/18-godishnik-od-ohrid-go-probol-tatko-si-so-noz/ Thu, 27 Jan 2022 08:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=450082

Синоќа во 19.15 часот во дом во Охрид на улица „Железничка“ дошло до семејна расправија помеѓу татко и син. Според неофицијалните информации на „Нова“, прво таткото го удрил синот, а потоа 18-годишникот му возвратил повредувајќи го со нож во пределот на телото.

Екипа на СВР-Охрид извршила увид на настанот и момчето било повикано на информативен разговор во полициската станица. Полицијата работи на расчистување на случајот.

The post 18-годишник од Охрид го пробол татко си со нож appeared first on Република.

]]>

Синоќа во 19.15 часот во дом во Охрид на улица „Железничка“ дошло до семејна расправија помеѓу татко и син. Според неофицијалните информации на „Нова“, прво таткото го удрил синот, а потоа 18-годишникот му возвратил повредувајќи го со нож во пределот на телото. Екипа на СВР-Охрид извршила увид на настанот и момчето било повикано на информативен разговор во полициската станица. Полицијата работи на расчистување на случајот.

The post 18-годишник од Охрид го пробол татко си со нож appeared first on Република.

]]>