Еден малолетник завршил со убодни рани на грбот во гостиварската болница по тепачка со други малолетни лица. Полицијата сомничи двајца малолетници и работи на расчистување на случајот.

Според СВР – Тетово, синоќа во 22 часот и 30 минути било пријавено дека половина час пред тоа во гостиварско Форино еден малолетник бил повреден со остар предмет. На повредувањето му претходела вербална расправија, по што настанала физичка пресметка помеѓу тројца малолетници.

Еден од малолетниците со остар предмет му нанел повреди на друг малолетник, кој е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Повредениот е задржан на лекување.

На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи – Гостивар. Се очекува во текот на денот да биде извршен разговор со двајцата малолетници, во присуство на родители, претставник од Центарот за социјални работи и адвокат.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде изготвен поднесок, информираат од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.