признавање Archives - Република https://republika.mk/tema/priznavanje/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 10:36:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png признавање Archives - Република https://republika.mk/tema/priznavanje/ 32 32 Словенија ќе ја признае палестинската држава https://republika.mk/vesti/svet/slovenija-ke-ja-priznae-palestinskata-drzhava/ Thu, 30 May 2024 10:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=783129

Словенечкиот премиер, Роберт Голоб најави дека неговата земја денеска ќе ја признае палестинската држава.

Шпанија, Ирска и Норвешка го направија тоа во вторникот – се приклучија на групата од 140 земји кои ја признаа палестинската држава.

Словенечката влада денеска ќе го испрати предлогот за признавање до парламентот на одлука.

Поради грозоморните настани и масакрот во Рафа, словенечката влада одлучи да не чека до јули. В четврток ќе ја признаеме бидејќи сме згрозени од настаните во Рафа. Сакаме ова да биде јасна порака до целиот свет. Мора да направиме се што можеме за да најдеме трајно решение и мир на Блискиот Исток, рече Голоб.

The post Словенија ќе ја признае палестинската држава appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот премиер, Роберт Голоб најави дека неговата земја денеска ќе ја признае палестинската држава. Шпанија, Ирска и Норвешка го направија тоа во вторникот – се приклучија на групата од 140 земји кои ја признаа палестинската држава. Словенечката влада денеска ќе го испрати предлогот за признавање до парламентот на одлука. Поради грозоморните настани и масакрот во Рафа, словенечката влада одлучи да не чека до јули. В четврток ќе ја признаеме бидејќи сме згрозени од настаните во Рафа. Сакаме ова да биде јасна порака до целиот свет. Мора да направиме се што можеме за да најдеме трајно решение и мир на Блискиот Исток, рече Голоб.

The post Словенија ќе ја признае палестинската држава appeared first on Република.

]]>
Нов начин за заработка: Британци земаат големи суми за лажно да признаат мигрантски деца https://republika.mk/vesti/svet/nov-nachin-za-zarabotka-britantsi-zemaat-golemi-sumi-za-lazhno-da-priznaat-migrantski-detsa/ Tue, 16 May 2023 09:31:40 +0000 https://republika.mk/?p=641273

Британци земаат и до 10.000 фунти за лажно да го признаат татковството на децата на жените кои побегнале во Велика Британија, јави Би-би-си.

Британските граѓани се согласуваат да се запишат нивните имиња во матичната книга на родените за паричен надомест, што му овозможува на детето да добие британско државјанство и на мајката и дава право да остане во Велика Британија. Британците кои нудат такви услуги се рекламираат на Фејсбук, тврдејќи дека им помагаат на илјадници жени. Но, Мета тврди дека внатрешните правила го забрануваат овој вид рекламирање.

Адвокатката специјализирана за имиграциско право, Ана Гонзалес истакна дека измамите за татковство се „неверојатно добро развиени“.

Би-би-си наведува дека не може да го процени обемот на измамата, имајќи предвид дека Министерството за внатрешни работи не може да обезбеди податоци за бројот на случаи кои се во фаза на истрага.

The post Нов начин за заработка: Британци земаат големи суми за лажно да признаат мигрантски деца appeared first on Република.

]]>

Британци земаат и до 10.000 фунти за лажно да го признаат татковството на децата на жените кои побегнале во Велика Британија, јави Би-би-си. Британските граѓани се согласуваат да се запишат нивните имиња во матичната книга на родените за паричен надомест, што му овозможува на детето да добие британско државјанство и на мајката и дава право да остане во Велика Британија. Британците кои нудат такви услуги се рекламираат на Фејсбук, тврдејќи дека им помагаат на илјадници жени. Но, Мета тврди дека внатрешните правила го забрануваат овој вид рекламирање. Адвокатката специјализирана за имиграциско право, Ана Гонзалес истакна дека измамите за татковство се „неверојатно добро развиени“. Би-би-си наведува дека не може да го процени обемот на измамата, имајќи предвид дека Министерството за внатрешни работи не може да обезбеди податоци за бројот на случаи кои се во фаза на истрага.

The post Нов начин за заработка: Британци земаат големи суми за лажно да признаат мигрантски деца appeared first on Република.

]]>
Грција ќе биде првата од петте земји на ЕУ што ќе го признаат Косово https://republika.mk/vesti/balkan/grcija-kje-bide-prvata-od-pette-zemji-na-eu-shto-kje-go-priznaat-kosovo/ Sat, 02 Jul 2022 18:46:38 +0000 https://republika.mk/?p=522842

Шефицата на косовската дипломатија Доника Гервала Шварц кажа дека Грција би можела да биде првата земја од петте од Европската Унија која ќе го признае Косово.

Таа додаде дека не ја исклучува можноста одлуката за признавање на Косово да ја донесе заедно со групата други земји.

Гервала не наведе датум или време кога тоа би можело да се случи, пренесува Газета експрес.

„Се надевам дека Грција ќе биде една од првите земји од ЕУ која не нè признала, но не ја исклучувам можноста Грција да не нè признае сама, туку истовремено со уште неколку земји. Но не можам да прецизирам датум“, кажа Гервала.

Таа истакна дека односите на Косово и Грција се задоволувачки, дури и подобри отколку со некои земји кои го признале Косово.

„Имаме исклучително добри односи со Грција. Со Грција разговараме можеби поинтензивно отколку со земји кои нè признаваат. Грција бара добар момент за да го направи последниот чекор. Поради тоа што Косово се покажа како сериозен европски партнер. Мислам дека со Грција не сакам да кажам датум ни да предвидувам што ќе се случи. Но извештаите се многу добри и разговараме за многу теми“, кажа таа.

The post Грција ќе биде првата од петте земји на ЕУ што ќе го признаат Косово appeared first on Република.

]]>

Шефицата на косовската дипломатија Доника Гервала Шварц кажа дека Грција би можела да биде првата земја од петте од Европската Унија која ќе го признае Косово. Таа додаде дека не ја исклучува можноста одлуката за признавање на Косово да ја донесе заедно со групата други земји. Гервала не наведе датум или време кога тоа би можело да се случи, пренесува Газета експрес.
„Се надевам дека Грција ќе биде една од првите земји од ЕУ која не нè признала, но не ја исклучувам можноста Грција да не нè признае сама, туку истовремено со уште неколку земји. Но не можам да прецизирам датум“, кажа Гервала.
Таа истакна дека односите на Косово и Грција се задоволувачки, дури и подобри отколку со некои земји кои го признале Косово.
„Имаме исклучително добри односи со Грција. Со Грција разговараме можеби поинтензивно отколку со земји кои нè признаваат. Грција бара добар момент за да го направи последниот чекор. Поради тоа што Косово се покажа како сериозен европски партнер. Мислам дека со Грција не сакам да кажам датум ни да предвидувам што ќе се случи. Но извештаите се многу добри и разговараме за многу теми“, кажа таа.

The post Грција ќе биде првата од петте земји на ЕУ што ќе го признаат Косово appeared first on Република.

]]>
Русија не ја призна и нема да ја признае независноста на Косово, вели Петар Олегович Толстој од Државната дума на Русија https://republika.mk/vesti/svet/rusija-ne-ja-prizna-i-nema-da-ja-priznae-nezavisnosta-na-kosovo-veli-petar-olegovich-tolstoj-od-drzavnata-duma-na-rusija/ Wed, 15 Jun 2022 10:42:52 +0000 https://republika.mk/?p=515471

Русија не ја призна и нема да ја признае независноста на Косово, кое треба да остане дел од Србија. Ова го изјави заменик-претседателот на Државната дума на Русија, Петар Олегович Толстој.

Тој нагласи дека и денеска Србите на Косово се насилно оттргнати од татковината.

 

Ако се вратиме на зборовите на Владимир Путин, кој го спореди признавањето на независноста на ДНР и ЛНР со судскиот преседан во однос на Косово, беше речено дека ги покажува двојните стандарди и лицемерието на Западот“, рече Толстој во интервју за Политика.

Како што вели, Србите на Косово денеска се насилно оттргнати од татковината, а настаните од 1999 година предизвикуваат длабока тага не само кај српскиот народ, туку и кај Русите.

Насилното одвојување на државите е неприфатливо од која било гледна точка, доколку тоа не беше иницирано од самите луѓе и ако намерата не беше потврдена на мирен референдум, како што се случи во случајот со повторното обединување на Крим со Русија“, рече тој. Косово .

Посетата на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, која не беше реализирана, и тоа што Бугарија, Црна Гора и Македонија го затворија небото, е детинесто.

Жално е што ова е удар пред се за Србија, на која всушност директно и се негира суверена политика, рече правнукот на еден од најпознатите светски писатели и оцени дека тоа е нечуено и неприфатливо.

На прашањето за војната во Украина, Олегович Толстој рече дека „денес веќе е јасно дека ова е битка на колективниот Запад против Русија, која се води на територијата на Украина и на сметка на животите на Украинците“.

Тој додаде дека главната причина е денацификацијата, односно желбата да се запре ширењето на „кафеавата чума“ во Украина и да се заштити руското население.

Значи, ова не е локален конфликт, туку конфликт меѓу две различни цивилизации, различни идеологии“, рече тој, додавајќи дека Украина треба да биде првата што ќе иницира мировни преговори.

The post Русија не ја призна и нема да ја признае независноста на Косово, вели Петар Олегович Толстој од Државната дума на Русија appeared first on Република.

]]>

Русија не ја призна и нема да ја признае независноста на Косово, кое треба да остане дел од Србија. Ова го изјави заменик-претседателот на Државната дума на Русија, Петар Олегович Толстој. Тој нагласи дека и денеска Србите на Косово се насилно оттргнати од татковината.  
Ако се вратиме на зборовите на Владимир Путин, кој го спореди признавањето на независноста на ДНР и ЛНР со судскиот преседан во однос на Косово, беше речено дека ги покажува двојните стандарди и лицемерието на Западот“, рече Толстој во интервју за Политика.
Како што вели, Србите на Косово денеска се насилно оттргнати од татковината, а настаните од 1999 година предизвикуваат длабока тага не само кај српскиот народ, туку и кај Русите.
Насилното одвојување на државите е неприфатливо од која било гледна точка, доколку тоа не беше иницирано од самите луѓе и ако намерата не беше потврдена на мирен референдум, како што се случи во случајот со повторното обединување на Крим со Русија“, рече тој. Косово .
Посетата на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, која не беше реализирана, и тоа што Бугарија, Црна Гора и Македонија го затворија небото, е детинесто. Жално е што ова е удар пред се за Србија, на која всушност директно и се негира суверена политика, рече правнукот на еден од најпознатите светски писатели и оцени дека тоа е нечуено и неприфатливо. На прашањето за војната во Украина, Олегович Толстој рече дека „денес веќе е јасно дека ова е битка на колективниот Запад против Русија, која се води на територијата на Украина и на сметка на животите на Украинците“. Тој додаде дека главната причина е денацификацијата, односно желбата да се запре ширењето на „кафеавата чума“ во Украина и да се заштити руското население.
Значи, ова не е локален конфликт, туку конфликт меѓу две различни цивилизации, различни идеологии“, рече тој, додавајќи дека Украина треба да биде првата што ќе иницира мировни преговори.

The post Русија не ја призна и нема да ја признае независноста на Косово, вели Петар Олегович Толстој од Државната дума на Русија appeared first on Република.

]]>
Одлуката за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА била ветена уште во декември https://republika.mk/vesti/makedonija/odlukata-za-priznavanje-na-kanonskiot-status-na-mpc-oa-bila-vetena-ushte-vo-dekemvri/ Sun, 15 May 2022 11:06:26 +0000 https://republika.mk/?p=502490

Вселенскиот патријарх Вартоломеј уште во декември минатат година и ветил на МПЦ-ОА дека ќе донесе одлука за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА, како прв чекор до признавање на Автокефалноста, објавува ексклузивно Религија.мк.

Тоа може да се забележи од неговото обраќање кон монасите од Бигорскиот манастир, кои тогаш беа во посета на Вселенската Патријаршија.

– Сите знаеме дека постои проблем со вашата помесна Црква, еден проблем што ве држи веќе неколку децении надвор од заедничарењето со останатите помесни православни автокефални цркви. За среќа, тој проблем не се должи на догматски, верски причини. Имаме иста вера, исти догми, исто крштевање, исти икони, исти светители. Проблемот е административен, канонски, па затоа се благонадеваме дека ќе се најде конечно решение. Мајката Црква во Константинопол не престанува ни за момент да се интересира за решавање на тој проблем и мислиме дека првиот стадиум ќе биде вашето повторно влегување во канонски поредок и во канонско општење со останатите православни цркви и дека другото ќе си дојде со добро настроение и со дијалог, изјавил во декември Вартоломеј пред монасите од Бигорски.

Веста досега не беше позната за јавноста. Во обраќањето Веленскиот патријарх вели дека една од должностите на Константинополскиот патријарх, согласно со свештените канони од Вселенските собори, е да биде чувар на канонскиот поредок во целата Православна Црква…

Денес – утре ќе си заминете, ќе се вратите во вашите манастири. Сакам да заминете со уверување дека ве следи молитвата и благословот на Мајката Црква во Константинопол. И сега, додека постои познатиот проблем, но и понатаму, а и вечно, секогаш ќе бидете деца на оваа Црква маченица – прославена, но многу пострадана. Доколку ги изземеме старите цркви на Исток, сите православни народи, сите сте чеда на оваа Црква. Ве прегрнуваме со љубов, со срдечност, со молитва секогаш!, изјавил Вартоломеј.

Ова покажува дека токму Вселенскиот патријарх подолго време работел на решавање на статусот на МПЦ-ОА и му било јасно каде е клучниот проблем, а не како што вечерва пишуваат српските медиуми дека тој ја претркал СПЦ која имала иста намера. Впрочем Вартоломеј и на погребот на Српскиот патријарх Павле во Белград ја повика СПЦ да го реши канонското прашање на МПЦ-ОА, но иако од тогаш се сменија двајца поглавари, решение немаше ниту на повидок.

The post Одлуката за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА била ветена уште во декември appeared first on Република.

]]>

Вселенскиот патријарх Вартоломеј уште во декември минатат година и ветил на МПЦ-ОА дека ќе донесе одлука за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА, како прв чекор до признавање на Автокефалноста, објавува ексклузивно Религија.мк. Тоа може да се забележи од неговото обраќање кон монасите од Бигорскиот манастир, кои тогаш беа во посета на Вселенската Патријаршија.
– Сите знаеме дека постои проблем со вашата помесна Црква, еден проблем што ве држи веќе неколку децении надвор од заедничарењето со останатите помесни православни автокефални цркви. За среќа, тој проблем не се должи на догматски, верски причини. Имаме иста вера, исти догми, исто крштевање, исти икони, исти светители. Проблемот е административен, канонски, па затоа се благонадеваме дека ќе се најде конечно решение. Мајката Црква во Константинопол не престанува ни за момент да се интересира за решавање на тој проблем и мислиме дека првиот стадиум ќе биде вашето повторно влегување во канонски поредок и во канонско општење со останатите православни цркви и дека другото ќе си дојде со добро настроение и со дијалог, изјавил во декември Вартоломеј пред монасите од Бигорски.
Веста досега не беше позната за јавноста. Во обраќањето Веленскиот патријарх вели дека една од должностите на Константинополскиот патријарх, согласно со свештените канони од Вселенските собори, е да биде чувар на канонскиот поредок во целата Православна Црква…
Денес – утре ќе си заминете, ќе се вратите во вашите манастири. Сакам да заминете со уверување дека ве следи молитвата и благословот на Мајката Црква во Константинопол. И сега, додека постои познатиот проблем, но и понатаму, а и вечно, секогаш ќе бидете деца на оваа Црква маченица – прославена, но многу пострадана. Доколку ги изземеме старите цркви на Исток, сите православни народи, сите сте чеда на оваа Црква. Ве прегрнуваме со љубов, со срдечност, со молитва секогаш!, изјавил Вартоломеј.
Ова покажува дека токму Вселенскиот патријарх подолго време работел на решавање на статусот на МПЦ-ОА и му било јасно каде е клучниот проблем, а не како што вечерва пишуваат српските медиуми дека тој ја претркал СПЦ која имала иста намера. Впрочем Вартоломеј и на погребот на Српскиот патријарх Павле во Белград ја повика СПЦ да го реши канонското прашање на МПЦ-ОА, но иако од тогаш се сменија двајца поглавари, решение немаше ниту на повидок.

The post Одлуката за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА била ветена уште во декември appeared first on Република.

]]>
Грчко МНР: Признавањето на Доњецк и Луганск е прекршување на меѓународното право https://republika.mk/vesti/svet/grchko-mnr-priznavanjeto-na-donjeck-i-lugansk-e-prekrshuvanje-na-megjunarodnoto-pravo/ Tue, 22 Feb 2022 11:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=461896

Признавањето од Русија на незаконското и еднострано прогласување „независност“ на сепаратистичките територии Доњецк и Луганск во Украина претставува очигледно кршење на основните принципи на меѓународното право, на територијалниот интегритет на Украина и договорите од Минск, соопштија утрово од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР потсетуваат дека Грција се залага за почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на сите држави и „ја осудува секоја одлука што е спротивна на овие основни принципи на меѓународното право“.

Во рамки на обврските во Европската Унија и НАТО, Грција ќе се консултира и ќе се координира со своите европски партнери и сојузници во однос на одговорот на оваа одлука, соопшти грчкото МНР.

The post Грчко МНР: Признавањето на Доњецк и Луганск е прекршување на меѓународното право appeared first on Република.

]]>

Признавањето од Русија на незаконското и еднострано прогласување „независност“ на сепаратистичките територии Доњецк и Луганск во Украина претставува очигледно кршење на основните принципи на меѓународното право, на територијалниот интегритет на Украина и договорите од Минск, соопштија утрово од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР потсетуваат дека Грција се залага за почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на сите држави и „ја осудува секоја одлука што е спротивна на овие основни принципи на меѓународното право“. Во рамки на обврските во Европската Унија и НАТО, Грција ќе се консултира и ќе се координира со своите европски партнери и сојузници во однос на одговорот на оваа одлука, соопшти грчкото МНР.

The post Грчко МНР: Признавањето на Доњецк и Луганск е прекршување на меѓународното право appeared first on Република.

]]>