принудно слетување Archives - Република https://republika.mk/tema/prinudno-sletuvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Jun 2024 16:00:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png принудно слетување Archives - Република https://republika.mk/tema/prinudno-sletuvanje/ 32 32 Авионот на италијанскиот министер за одбрана Крозето морал принудно да слета https://republika.mk/vesti/svet/avionot-na-italijanskiot-minister-za-odbrana-krozeto-moral-prinudno-da-sleta/ Fri, 14 Jun 2024 17:18:15 +0000 https://republika.mk/?p=787647

Авионот со кој италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето се враќаше во Италија од состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел денеска мораше принудно да слета на воениот аеродром Чампино во Рим.

Според упатени извори, слетувањето било неопходно поради чад во багажникот на авионот, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО денеска во Брисел го завршија дводневниот состанок на кој постигнаа договор за долгорочна безбедносна помош и воена обука за Украина, пред планираниот самит од 9 до 11 јули, со кој ќе претседава од американскиот претседател Џозеф Бајден, кога се очекува лидерите на НАТО да ја најават финансиската помош за Украина.

 

The post Авионот на италијанскиот министер за одбрана Крозето морал принудно да слета appeared first on Република.

]]>

Авионот со кој италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето се враќаше во Италија од состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел денеска мораше принудно да слета на воениот аеродром Чампино во Рим. Според упатени извори, слетувањето било неопходно поради чад во багажникот на авионот, пренесува италијанската новинска агенција АНСА. Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО денеска во Брисел го завршија дводневниот состанок на кој постигнаа договор за долгорочна безбедносна помош и воена обука за Украина, пред планираниот самит од 9 до 11 јули, со кој ќе претседава од американскиот претседател Џозеф Бајден, кога се очекува лидерите на НАТО да ја најават финансиската помош за Украина.  

The post Авионот на италијанскиот министер за одбрана Крозето морал принудно да слета appeared first on Република.

]]>
Хеликоптер на ОН присилно слетал во Сомалија, исламисти ги киднапирале патниците и екипажот https://republika.mk/vesti/svet/helikopter-na-on-prisilno-sletal-vo-somalija-islamisti-gi-kidnapirale-patnitsite-i-ekipazhot/ Wed, 10 Jan 2024 18:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=731700

Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб киднапирала патници и екипаж на хеликоптер на Обединетите нации (ОН), потврди висок функционер за Би-Би-Си.

Хеликоптерот слетал во област контролирана од групата во централна Сомалија. Според некои извештаи, екипажот на хеликоптерот бил принуден да изврши итно слетување, додека други тврдат дека слетувањето било грешка.

Западен функционер, кој сакал да остане анонимен, за „Вашингтон пост“ изјавил дека членовите на групата го запалиле хеликоптерот откако леталото било принудено да изврши итно слетување на пат кон градот Висил во централниот регион Галгудууд. ОН обезбедуваат логистичка и медицинска поддршка за мировниците на Африканската унија во Сомалија.

Официјален претставник на мировните сили, кој сакаше да остане анонимен, рече дека во хеликоптерот немало припадници на нивните сили.

Ал Шабаб контролира голем дел од територијата во јужна и централна Сомалија. Групата е поврзана со Ал Каеда и води брутален бунт од 2006 година.

The post Хеликоптер на ОН присилно слетал во Сомалија, исламисти ги киднапирале патниците и екипажот appeared first on Република.

]]>

Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб киднапирала патници и екипаж на хеликоптер на Обединетите нации (ОН), потврди висок функционер за Би-Би-Си. Хеликоптерот слетал во област контролирана од групата во централна Сомалија. Според некои извештаи, екипажот на хеликоптерот бил принуден да изврши итно слетување, додека други тврдат дека слетувањето било грешка. Западен функционер, кој сакал да остане анонимен, за „Вашингтон пост“ изјавил дека членовите на групата го запалиле хеликоптерот откако леталото било принудено да изврши итно слетување на пат кон градот Висил во централниот регион Галгудууд. ОН обезбедуваат логистичка и медицинска поддршка за мировниците на Африканската унија во Сомалија. Официјален претставник на мировните сили, кој сакаше да остане анонимен, рече дека во хеликоптерот немало припадници на нивните сили. Ал Шабаб контролира голем дел од територијата во јужна и централна Сомалија. Групата е поврзана со Ал Каеда и води брутален бунт од 2006 година.

The post Хеликоптер на ОН присилно слетал во Сомалија, исламисти ги киднапирале патниците и екипажот appeared first on Република.

]]>
Авион принудно слета откако прозорец и страничен ѕид се откорнаа https://republika.mk/vesti/svet/avion-prinudno-sleta-otkako-prozorets-i-stranichen-zid-se-otkornaa/ Sat, 06 Jan 2024 09:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=730289

Американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот објави дека го истражува летот на Алјаска ерлајнс откако неговиот Боинг 737 мораше да изврши принудно слетување веднаш по полетувањето од Портланд.

Летот 1282 на Алјаска ерлајнс имаше несреќа по полетувањето, поради што принудно слета. Во авионот имало 174 луѓе и шест членови на екипажот, пренесува Ројтерс.

Објавите на социјалните мрежи покажаа дека недостасува прозорец и дел од страничниот ѕид на авионот. Засега нема коментар од производителот.

https://twitter.com/1in1indianews/status/1743482598037618896?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1743482598037618896%7Ctwgr%5Ebd7accd78f4d235667546e0b6432bdcf7cd74299%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F4news.mk%2Fvideo-avion-prinudno-sleta-otkako-prozorets-i-stranichen-zid-se-otkornaa%2F

The post Авион принудно слета откако прозорец и страничен ѕид се откорнаа appeared first on Република.

]]>

Американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот објави дека го истражува летот на Алјаска ерлајнс откако неговиот Боинг 737 мораше да изврши принудно слетување веднаш по полетувањето од Портланд. Летот 1282 на Алјаска ерлајнс имаше несреќа по полетувањето, поради што принудно слета. Во авионот имало 174 луѓе и шест членови на екипажот, пренесува Ројтерс. Објавите на социјалните мрежи покажаа дека недостасува прозорец и дел од страничниот ѕид на авионот. Засега нема коментар од производителот. https://twitter.com/1in1indianews/status/1743482598037618896?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1743482598037618896%7Ctwgr%5Ebd7accd78f4d235667546e0b6432bdcf7cd74299%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F4news.mk%2Fvideo-avion-prinudno-sleta-otkako-prozorets-i-stranichen-zid-se-otkornaa%2F

The post Авион принудно слета откако прозорец и страничен ѕид се откорнаа appeared first on Република.

]]>
Петровска: Комисија ќе го истражува случајот со принудното слетување на армискиот хеликоптер https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-komisija-ke-go-istrazhuva-sluchajot-so-prinudnoto-sletuvane-na-armiskiot-helikopter/ Thu, 14 Dec 2023 13:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=722949

Ќе се формира комисија која ќе треба во детали да го истражи случајот со хеликоптерот на АРМ, којшто вчера принудно слета во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, Скопско, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Не се работи за паднат хеликоптер, туку за принудно слетување на хеликоптер во околината на Петровец, значи не е слетан на самиот аеродром, туку на една ледина. Настанат е дефект којшто е регистриран при редовен тренажен лет на пилотите кои се дел од Армијата. Иако на почетокот пред да се започне летањето била спроведена соодветната процедура за проверка во која состојба е хеликоптерот, не се покажал каков било дефект, меѓутоа сепак во текот на летањето системите за предупредување дале сигнал дека се појавува дефект на моторот, првично како што сум известена, рече Петровска, одговарајќи на новинарско прашање пред обраќањето на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“ во организација на Центарот на истражување и креирање политики и конзорциумот СМАРТ Балкан.

Таа додаде дека иако станува збор за млад пилот, сепак тој постапил согласно стандардните оперативни процедури, ја известил контролата, пристапил кон принудно слетување на хеликоптерот и ги известил и претпоставените. Хеликоптерот, додаде министерката, се уште се наоѓа на таа локација и во текот на деноноќието е обезбеден од страна на армиските сили.

Петровска нагласи дека комисијата ќе треба во детали да истражи како дошло до тој дефект, дали можеби станало збор за некој пропуст или едноставно во текот на летањето се појавил дефект што се случувало и претходно. Според неа, проверка на леталата се прави редовно за да не дојде во ваков случај.

-Секогаш и редовно заради тоа што тоа е една од стандардните оперативни процедури кои не смеат да бидат пропуштени и без разлика дали хеликоптерот ќе биде употребен за транспорт на војници, транспорт понекогаш и на некој од раководството со кои одиме на Криволак итн. или се работи за тренажен лет како во овој случај, проверката на состојбата на хеликоптерите и на сите воздухопловни летала е стандардна оперативна процедура која не смее да биде пропуштена за да може да се спречат несреќи од поголем карактер, рече министерката за одбрана.

Хеликоптер на АРМ вчера околу 14:30 принудно слетал во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, откако за време на редовна летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, се појавило предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, информираа од Армијата. Нема никакви оштетувања на хеликоптерот и екипажот безбедно слета, наведоа од АРМ.

 

The post Петровска: Комисија ќе го истражува случајот со принудното слетување на армискиот хеликоптер appeared first on Република.

]]>

Ќе се формира комисија која ќе треба во детали да го истражи случајот со хеликоптерот на АРМ, којшто вчера принудно слета во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, Скопско, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Не се работи за паднат хеликоптер, туку за принудно слетување на хеликоптер во околината на Петровец, значи не е слетан на самиот аеродром, туку на една ледина. Настанат е дефект којшто е регистриран при редовен тренажен лет на пилотите кои се дел од Армијата. Иако на почетокот пред да се започне летањето била спроведена соодветната процедура за проверка во која состојба е хеликоптерот, не се покажал каков било дефект, меѓутоа сепак во текот на летањето системите за предупредување дале сигнал дека се појавува дефект на моторот, првично како што сум известена, рече Петровска, одговарајќи на новинарско прашање пред обраќањето на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“ во организација на Центарот на истражување и креирање политики и конзорциумот СМАРТ Балкан.
Таа додаде дека иако станува збор за млад пилот, сепак тој постапил согласно стандардните оперативни процедури, ја известил контролата, пристапил кон принудно слетување на хеликоптерот и ги известил и претпоставените. Хеликоптерот, додаде министерката, се уште се наоѓа на таа локација и во текот на деноноќието е обезбеден од страна на армиските сили. Петровска нагласи дека комисијата ќе треба во детали да истражи како дошло до тој дефект, дали можеби станало збор за некој пропуст или едноставно во текот на летањето се појавил дефект што се случувало и претходно. Според неа, проверка на леталата се прави редовно за да не дојде во ваков случај.
-Секогаш и редовно заради тоа што тоа е една од стандардните оперативни процедури кои не смеат да бидат пропуштени и без разлика дали хеликоптерот ќе биде употребен за транспорт на војници, транспорт понекогаш и на некој од раководството со кои одиме на Криволак итн. или се работи за тренажен лет како во овој случај, проверката на состојбата на хеликоптерите и на сите воздухопловни летала е стандардна оперативна процедура која не смее да биде пропуштена за да може да се спречат несреќи од поголем карактер, рече министерката за одбрана.
Хеликоптер на АРМ вчера околу 14:30 принудно слетал во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, откако за време на редовна летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, се појавило предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, информираа од Армијата. Нема никакви оштетувања на хеликоптерот и екипажот безбедно слета, наведоа од АРМ.  

The post Петровска: Комисија ќе го истражува случајот со принудното слетување на армискиот хеликоптер appeared first on Република.

]]>
„Чудо на полето“: Руски авион со технички проблеми морал принудно да слета среде нива https://republika.mk/vesti/svet/chudo-na-poleto-ruski-avion-so-tehnichki-problemi-moral-prinudno-da-sleta-srede-niva/ Wed, 13 Sep 2023 06:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=681221

Авион Ербас А320 на комапнијата „Урал ерлајнс“, кој летал од Сочи до Омск се соочил со технички проблеми. Пилотите решиле принудно да слетаат и го спуштиле авионот на поле во близина на селото Камијанка кај Новосибирск.

Ниту еден од 159-те патници и 6-те членови на екипажот во авионот не е повреден, сите се успешно евакуирани и пренесени во центри за привремено сместување. Авионот е оштетен, но за среќа, немало пожар или уништување на трупот.

https://twitter.com/nexta_tv/status/1701469270884921628?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1701469270884921628%7Ctwgr%5Ede7433e110b798c5d0a0d78c0d22da240f2d9e6c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.aviation24.be%2Fairlines%2Fural-airlines-airbus-a320-faces-hydraulic-problems-ends-up-in-wheat-field%2F

Пред само четири години, слична случка се случи кога пилотите на Ербас А321 од истата „Урал ерлајнс“ компанија итно го приземјиле авионот на плантажа во московскиот регион. И во тој случај, биле избегнати жртви, а тоа што се случило било наречено „чудо во полето со пченка“.

Посебна комисија ќе ги испита причините за инцидентот и почитувањето на безбедносните правила за управување со авионот, но, во секој случај, јасно е дека компетентните и професионални постапки на екипажот овозможиле да биде избегната катастрофа и да бидат спасени стотина животи.

The post „Чудо на полето“: Руски авион со технички проблеми морал принудно да слета среде нива appeared first on Република.

]]>

Авион Ербас А320 на комапнијата „Урал ерлајнс“, кој летал од Сочи до Омск се соочил со технички проблеми. Пилотите решиле принудно да слетаат и го спуштиле авионот на поле во близина на селото Камијанка кај Новосибирск. Ниту еден од 159-те патници и 6-те членови на екипажот во авионот не е повреден, сите се успешно евакуирани и пренесени во центри за привремено сместување. Авионот е оштетен, но за среќа, немало пожар или уништување на трупот. https://twitter.com/nexta_tv/status/1701469270884921628?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1701469270884921628%7Ctwgr%5Ede7433e110b798c5d0a0d78c0d22da240f2d9e6c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.aviation24.be%2Fairlines%2Fural-airlines-airbus-a320-faces-hydraulic-problems-ends-up-in-wheat-field%2F Пред само четири години, слична случка се случи кога пилотите на Ербас А321 од истата „Урал ерлајнс“ компанија итно го приземјиле авионот на плантажа во московскиот регион. И во тој случај, биле избегнати жртви, а тоа што се случило било наречено „чудо во полето со пченка“. Посебна комисија ќе ги испита причините за инцидентот и почитувањето на безбедносните правила за управување со авионот, но, во секој случај, јасно е дека компетентните и професионални постапки на екипажот овозможиле да биде избегната катастрофа и да бидат спасени стотина животи.

The post „Чудо на полето“: Руски авион со технички проблеми морал принудно да слета среде нива appeared first on Република.

]]>
Авион принудно слета откако агресивен патник повредил двајца членови на екипаж https://republika.mk/vesti/svet/avion-prinudno-sleta-otkako-agresiven-patnik-povredil-dvajtsa-chlenovi-na-ekipazh/ Mon, 10 Apr 2023 14:41:15 +0000 https://republika.mk/?p=629533

Авион на „Ер Индија“ веднаш по полетувањето за Лондон се вратил во Њу Делхи веднаш по полетувањето поради „агресивното однесување“ на еден патник.

Во соопштението на „Ер Индија“ се наведува дека патникот ги игнорирал вербалните и писмените предупредувања и се однесувал агресивно за време на летот. Тој и повредил двајца членови на екипажот.

По инцидентот пилотот одлучил да се да се врати во Њу Делхи веднаш по полетувањето, а патникот по слетувањето бил предаден на безбедносните сили.

The post Авион принудно слета откако агресивен патник повредил двајца членови на екипаж appeared first on Република.

]]>

Авион на „Ер Индија“ веднаш по полетувањето за Лондон се вратил во Њу Делхи веднаш по полетувањето поради „агресивното однесување“ на еден патник. Во соопштението на „Ер Индија“ се наведува дека патникот ги игнорирал вербалните и писмените предупредувања и се однесувал агресивно за време на летот. Тој и повредил двајца членови на екипажот. По инцидентот пилотот одлучил да се да се врати во Њу Делхи веднаш по полетувањето, а патникот по слетувањето бил предаден на безбедносните сили.

The post Авион принудно слета откако агресивен патник повредил двајца членови на екипаж appeared first on Република.

]]>
Принудно слетал авионот на полскиот претседател https://republika.mk/vesti/svet/prinudno-sletal-avionot-na-polskiot-pretsedatel/ Fri, 25 Mar 2022 15:54:39 +0000 https://republika.mk/?p=478510

Авионот во кој беше полскиот претседател Анджеј Дуда, кој леташе кон градот Жешов, каде што требаше да се сретне со американскиот колега Џо Бајден, принудно се вратил во Варшава.

Авионот принудно слета, но полскиот претседател Дуда не е во опасност. Состанокот со американскиот претседател ќе доцни малку - соопштија од кабинетот на Дуда.

Бајден веќе слета во Жешов, град што се наоѓа на околу 70 километри од границата со Украина.

https://twitter.com/BBCParham/status/1507347156285407238?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507347156285407238%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fworld%2Fvideo-prinudno-sleta-avionot-so-polskiot-pretsedatel%2F

https://republika.mk/vesti/svet/bajden-vo-poseta-na-amerikanskite-vojnici-vo-polska-vi-se-borite-za-demokratijata-protiv-oligarsite/

The post Принудно слетал авионот на полскиот претседател appeared first on Република.

]]>

Авионот во кој беше полскиот претседател Анджеј Дуда, кој леташе кон градот Жешов, каде што требаше да се сретне со американскиот колега Џо Бајден, принудно се вратил во Варшава.
Авионот принудно слета, но полскиот претседател Дуда не е во опасност. Состанокот со американскиот претседател ќе доцни малку - соопштија од кабинетот на Дуда.
Бајден веќе слета во Жешов, град што се наоѓа на околу 70 километри од границата со Украина. https://twitter.com/BBCParham/status/1507347156285407238?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507347156285407238%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fworld%2Fvideo-prinudno-sleta-avionot-so-polskiot-pretsedatel%2F https://republika.mk/vesti/svet/bajden-vo-poseta-na-amerikanskite-vojnici-vo-polska-vi-se-borite-za-demokratijata-protiv-oligarsite/

The post Принудно слетал авионот на полскиот претседател appeared first on Република.

]]>