превоз на патници Archives - Република https://republika.mk/tema/prevoz-na-patnici/ За подобро да се разбереме Fri, 05 May 2023 16:56:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png превоз на патници Archives - Република https://republika.mk/tema/prevoz-na-patnici/ 32 32 Во „Голф“ превезувал патници без дозвола https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-golf-prevezuval-patnitsi-bez-dozvola/ Fri, 05 May 2023 16:33:36 +0000 https://republika.mk/?p=637399

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Д.(63) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

На 26.12.2022 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

The post Во „Голф“ превезувал патници без дозвола appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Д.(63) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 26.12.2022 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

The post Во „Голф“ превезувал патници без дозвола appeared first on Република.

]]>
Превозници без лиценци масовно вршат превоз на патници во странство https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prevoznici-bez-licenci-masovno-vrshat-prevoz-na-patnici-vo-stranstvo/ Mon, 20 Jun 2022 13:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=517663

Полициски службеници од полициските станици за граничните премини „Табановце“, „Долно Блаце“ и „Пелинце“ вчера и завчера извршиле контрола на две патнички возила, еден автобус и еден минибус кои вршеле меѓународен превоз на патници, при што констатирале дека сите вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

При контрола на автобус со струшки регистарски ознаки на граничниот премин „Табановце“, управуван од Ш.Т. од селото Лабуништа, струшко и на минибус со струмички регистарски ознаки, управуван од В.С. од Струмица било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Исто така, на Граничен премин „Пелинце“, при контрола во патничко возило „форд галакси“ со бугарски национални ознаки, управувано од Н.П. од Куманово и на Граничен премин „Долно Блаце“, при контрола на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(30) од Арачиново, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

The post Превозници без лиценци масовно вршат превоз на патници во странство appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од полициските станици за граничните премини „Табановце“, „Долно Блаце“ и „Пелинце“ вчера и завчера извршиле контрола на две патнички возила, еден автобус и еден минибус кои вршеле меѓународен превоз на патници, при што констатирале дека сите вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. При контрола на автобус со струшки регистарски ознаки на граничниот премин „Табановце“, управуван од Ш.Т. од селото Лабуништа, струшко и на минибус со струмички регистарски ознаки, управуван од В.С. од Струмица било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Исто така, на Граничен премин „Пелинце“, при контрола во патничко возило „форд галакси“ со бугарски национални ознаки, управувано од Н.П. од Куманово и на Граничен премин „Долно Блаце“, при контрола на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(30) од Арачиново, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

The post Превозници без лиценци масовно вршат превоз на патници во странство appeared first on Република.

]]>
Во Дебарско откриен превоз на патници без соодветна документација https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-debarsko-otkrien-prevoz-na-patnici-bez-soodvetna-dokumentacija/ Sat, 12 Feb 2022 13:34:07 +0000 https://republika.mk/?p=457563

Полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај - Дебар, продолжуваат со акциските контроли во сообраќајот со цел зголемување на степенот на сообраќајната безбедност.

Во тие рамки, според Стефан Димоски, портпаролот на Секторот за внатрешни работи, вчера е констатирано дека едно лице вршело превоз на патници без соодветна документација а шест возачи извршиле престигнување на места каде е тоа забрането.

При контрола на ул. „8 Септември“ во Дебар, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(44) од селото Новак, општина Центар Жупа. Притоа било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници на релацијата Дебар – село Новак, без соодветна документација за превоз на патници во внатрешниот сообраќај - информира Димоски.

Според него, по целосно документирање, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава.

При извршени сообраќајни контроли на подрачјето на Дебар Центар Жупа, кои се под надлежност на дебарското одделение за внатрешни работи, санкционирале шест возачи кои извршиле престигнување на места каде е тоа забрането - додава Димовски.

Тој посочува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.

The post Во Дебарско откриен превоз на патници без соодветна документација appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај - Дебар, продолжуваат со акциските контроли во сообраќајот со цел зголемување на степенот на сообраќајната безбедност. Во тие рамки, според Стефан Димоски, портпаролот на Секторот за внатрешни работи, вчера е констатирано дека едно лице вршело превоз на патници без соодветна документација а шест возачи извршиле престигнување на места каде е тоа забрането.
При контрола на ул. „8 Септември“ во Дебар, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(44) од селото Новак, општина Центар Жупа. Притоа било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници на релацијата Дебар – село Новак, без соодветна документација за превоз на патници во внатрешниот сообраќај - информира Димоски.
Според него, по целосно документирање, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава.
При извршени сообраќајни контроли на подрачјето на Дебар Центар Жупа, кои се под надлежност на дебарското одделение за внатрешни работи, санкционирале шест возачи кои извршиле престигнување на места каде е тоа забрането - додава Димовски.
Тој посочува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.

The post Во Дебарско откриен превоз на патници без соодветна документација appeared first on Република.

]]>
34 возила кои вршат превоз на деца исклучени од сообраќај, откриени 44 кривични дела и 121 прекршок https://republika.mk/vesti/crna-hronika/34-vozila-koi-vrshat-prevoz-na-deca-isklucheni-od-soobrakjaj-otkrieni-44-krivichni-dela-i-121-prekrshok/ Mon, 07 Feb 2022 10:28:56 +0000 https://republika.mk/?p=455052

Исконтролирани се 719 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 212 локации, во рамки на оперативната акција започната изминатата недела од страна на МВР, врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, особено помеѓу учениците во училиштата и во јавниот превоз, како и почитување и доследно спроведување на законите, на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи.

При тоа се констатирани 44 кривични дела по член 284-а за вршење на јавен превоз без соодветна документација,

Констатирани биле и 121 прекршок кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести и слично.

Од сообраќај биле исклучени 34 возила поради техничка неисправност и други констатирани недоследности. За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 835 полнолетни средношколци, а извршени се 4.386 прегледи кај ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик, стои во денешното соопштение од МВР.

По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок.

The post 34 возила кои вршат превоз на деца исклучени од сообраќај, откриени 44 кривични дела и 121 прекршок appeared first on Република.

]]>

Исконтролирани се 719 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 212 локации, во рамки на оперативната акција започната изминатата недела од страна на МВР, врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, особено помеѓу учениците во училиштата и во јавниот превоз, како и почитување и доследно спроведување на законите, на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи. При тоа се констатирани 44 кривични дела по член 284-а за вршење на јавен превоз без соодветна документација, Констатирани биле и 121 прекршок кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести и слично.
Од сообраќај биле исклучени 34 возила поради техничка неисправност и други констатирани недоследности. За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 835 полнолетни средношколци, а извршени се 4.386 прегледи кај ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик, стои во денешното соопштение од МВР.
По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок.

The post 34 возила кои вршат превоз на деца исклучени од сообраќај, откриени 44 кривични дела и 121 прекршок appeared first on Република.

]]>
Откриени две возила што вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација https://republika.mk/vesti/crna-hronika/otkrieni-dve-vozila-shto-vrshele-megjunaroden-prevoz-na-patnici-bez-soodvetna-dokumentacija/ Sun, 30 Jan 2022 20:58:01 +0000 https://republika.mk/?p=451687

Службеници од Полициската станица „Табановце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север при извршена контрола констатирале дека две возила не поседуваат соодветна документација за меѓународен превоз на патници.

Како што информираат од МВР, едното патничко возило комби „Форд Транзит“, со бугарска национална ознака, било управувано од Т.Т. (35) од Струмица. Другото возило, со скопски регистарски ознаки, било управувано од П.И. (31) од Скопје, кој не поседувал комплетна документација за меѓународен превоз на патници и стока.

За двата случаи од страна на Државниот инспекторат за транспорт се изречени соодветни санкции.

The post Откриени две возила што вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација appeared first on Република.

]]>

Службеници од Полициската станица „Табановце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север при извршена контрола констатирале дека две возила не поседуваат соодветна документација за меѓународен превоз на патници. Како што информираат од МВР, едното патничко возило комби „Форд Транзит“, со бугарска национална ознака, било управувано од Т.Т. (35) од Струмица. Другото возило, со скопски регистарски ознаки, било управувано од П.И. (31) од Скопје, кој не поседувал комплетна документација за меѓународен превоз на патници и стока. За двата случаи од страна на Државниот инспекторат за транспорт се изречени соодветни санкции.

The post Откриени две возила што вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација appeared first on Република.

]]>