Превод во движење Archives - Република https://republika.mk/tema/prevod-vo-dvizenje/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Nov 2022 08:17:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Превод во движење Archives - Република https://republika.mk/tema/prevod-vo-dvizenje/ 32 32 Вил Фирт на преведувачка резиденција во Скопје во рамки на проектот „Превод во движење“ https://republika.mk/vesti/kultura/vil-firt-na-preveduvachka-rezidencija-vo-skopje-vo-ramki-na-proektot-prevod-vo-dvizenje/ Fri, 18 Nov 2022 08:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=575227

Вил Фирт во ноември е на преведувачка резиденција во Скопје во рамки на проектот „Превод во движење“. Проектот „Превод во движење“ (Translation in motion) е финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Во текот на својот престој тој ќе работи на преводот на романот „Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски. Фирт е книжевен преведувач од македонски, српски, хрватски, германски и руски јазик. Дипломирал германски и руски јазик на Националниот универзитет во Канбера, Австралија. Бил стипендист на Универзитетот во Загреб и на Институтот „Пушкин“ во Москва. Од 1990 година Фирт живее во Германија, каде што работи како слободен преведувач на литература и дела од областа на хуманистичките науки.

Превел книги или извадоци од книги од Александар Прокопиев, Драги Михајловски, Влада Урошевиќ, Блаже Миневски, Димитар Башевски, Иван Додовски, Румена Бужаровска, Фросина Пармаковска, Ненад Јолдески и други. Резиденцијата ја организира издавачката куќа „Готен“ во рамките на меѓународниот проект „Превод во движење“ (Translation in Motion), поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

„Превод во движење“ е меѓународен проект кој опфаќа резиденции на книжевни преведувачи во Франција, Шведска, Велика Британија, Летонија, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Албанија и Србија. Целта на проектот е да се зголеми соработката меѓу книжевните преведувачи од земјите во кои се реализира и да се интензивира книжевната размена во земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Во рамки на преведувачките резиденции, преведувачите и преведувачките работат на конкретен книжевен превод, кој потоа ќе биде објавен во нивните земји.

The post Вил Фирт на преведувачка резиденција во Скопје во рамки на проектот „Превод во движење“ appeared first on Република.

]]>

Вил Фирт во ноември е на преведувачка резиденција во Скопје во рамки на проектот „Превод во движење“. Проектот „Превод во движење“ (Translation in motion) е финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Во текот на својот престој тој ќе работи на преводот на романот „Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски. Фирт е книжевен преведувач од македонски, српски, хрватски, германски и руски јазик. Дипломирал германски и руски јазик на Националниот универзитет во Канбера, Австралија. Бил стипендист на Универзитетот во Загреб и на Институтот „Пушкин“ во Москва. Од 1990 година Фирт живее во Германија, каде што работи како слободен преведувач на литература и дела од областа на хуманистичките науки.

Превел книги или извадоци од книги од Александар Прокопиев, Драги Михајловски, Влада Урошевиќ, Блаже Миневски, Димитар Башевски, Иван Додовски, Румена Бужаровска, Фросина Пармаковска, Ненад Јолдески и други. Резиденцијата ја организира издавачката куќа „Готен“ во рамките на меѓународниот проект „Превод во движење“ (Translation in Motion), поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. „Превод во движење“ е меѓународен проект кој опфаќа резиденции на книжевни преведувачи во Франција, Шведска, Велика Британија, Летонија, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Албанија и Србија. Целта на проектот е да се зголеми соработката меѓу книжевните преведувачи од земјите во кои се реализира и да се интензивира книжевната размена во земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Во рамки на преведувачките резиденции, преведувачите и преведувачките работат на конкретен книжевен превод, кој потоа ќе биде објавен во нивните земји.

The post Вил Фирт на преведувачка резиденција во Скопје во рамки на проектот „Превод во движење“ appeared first on Република.

]]>
„Готен“ го организира настанот „Патувањата на преводите; разговор со Екатерина Петрова, Румена Бужаровска и Владимир Мартиновски“ во Буква https://republika.mk/vesti/kultura/goten-go-organizira-nastanot-patuvanjata-na-prevodite-razgovor-so-ekaterina-petrova-rumena-buzarovska-i-vladimir-martinovski-vo-bukva/ Mon, 27 Jun 2022 09:04:45 +0000 https://republika.mk/?p=520148

Патувањата на преводите; разговор со Екатерина Петрова, Румена Бужаровска и Владимир Мартиновски

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) го организира настанот „Патувањата на преводите; разговор со Екатерина Петрова, Румена Бужаровска и Владимир Мартиновски“. Модератор на настанот ќе биде Владимир Јанковски.
Настанот ќе се одржи во кафе-книжарницата Буква, во вторник (28 јуни), со почеток во 20 часот.
Повод за разговорот е преведувачката резиденција на Екатерина Петрова, која во јуни престојуваше во Скопје и работеше на преводот на бугарски јазик на збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска. Досега Екатерина Петрова работела и на преводот на книгата „Ехо од бранови; хаибуни“ на Владимир Мартиновски, па настанот е можност за дијалог меѓу преведувачката и авторите на чии преводи работела.

Во текот на разговорот ќе се разговара на теми поврзани со поетиката на книжевниот превод, начините на кои преводите ги надминуваат границите на националните книжевности, како и за преводот, книжевната и културната комуникацијата меѓу македонските и бугарските автори.
Екатерина Петрова е книжевна преведувачка и авторка на есеистички книги. Има завршено постдипломски студии за книжевен превод на Универзитетот во Ајова, САД. Активно се занимава со превод на дела од бугарски автори на англиски јазик и обратно, а предава превод и на Универзитетот во Софија. Во 2021 година ја објавува збирката есеи/патописи „Трагач по нешта: 44 (не)обични предмети од блиску и од далеку“.

Румена Бужаровска е македонска писателка и книжевна преведувачка. Работи како вонреден професор по американска книжевност на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Објавила четири збирки раскази: „Чкртки“, „Осмица“, „Мојот маж“ и „Не одам никаде“.

Владимир Мартиновски е поет, есеист, прозаист, книжевен преведувач и антогичар. Работи како професот на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Објавил повеќе од 20 книги поезија, проза, книжевно-теориски и есеистички книги и антологии.

„Превод во движење“ е проект чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Во рамки на резиденцијалните престои, преведувачите работат на конкретни книжевни преводи и имаат можност дополнително да се запознаат и да ја истражат македонската литературна сцена.

Проектот „Превод во движење“ (Translation in motion) е финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

The post „Готен“ го организира настанот „Патувањата на преводите; разговор со Екатерина Петрова, Румена Бужаровска и Владимир Мартиновски“ во Буква appeared first on Република.

]]>

Патувањата на преводите; разговор со Екатерина Петрова, Румена Бужаровска и Владимир Мартиновски Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) го организира настанот „Патувањата на преводите; разговор со Екатерина Петрова, Румена Бужаровска и Владимир Мартиновски“. Модератор на настанот ќе биде Владимир Јанковски. Настанот ќе се одржи во кафе-книжарницата Буква, во вторник (28 јуни), со почеток во 20 часот. Повод за разговорот е преведувачката резиденција на Екатерина Петрова, која во јуни престојуваше во Скопје и работеше на преводот на бугарски јазик на збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска. Досега Екатерина Петрова работела и на преводот на книгата „Ехо од бранови; хаибуни“ на Владимир Мартиновски, па настанот е можност за дијалог меѓу преведувачката и авторите на чии преводи работела. Во текот на разговорот ќе се разговара на теми поврзани со поетиката на книжевниот превод, начините на кои преводите ги надминуваат границите на националните книжевности, како и за преводот, книжевната и културната комуникацијата меѓу македонските и бугарските автори. Екатерина Петрова е книжевна преведувачка и авторка на есеистички книги. Има завршено постдипломски студии за книжевен превод на Универзитетот во Ајова, САД. Активно се занимава со превод на дела од бугарски автори на англиски јазик и обратно, а предава превод и на Универзитетот во Софија. Во 2021 година ја објавува збирката есеи/патописи „Трагач по нешта: 44 (не)обични предмети од блиску и од далеку“. Румена Бужаровска е македонска писателка и книжевна преведувачка. Работи како вонреден професор по американска книжевност на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Објавила четири збирки раскази: „Чкртки“, „Осмица“, „Мојот маж“ и „Не одам никаде“. Владимир Мартиновски е поет, есеист, прозаист, книжевен преведувач и антогичар. Работи како професот на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Објавил повеќе од 20 книги поезија, проза, книжевно-теориски и есеистички книги и антологии. „Превод во движење“ е проект чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Во рамки на резиденцијалните престои, преведувачите работат на конкретни книжевни преводи и имаат можност дополнително да се запознаат и да ја истражат македонската литературна сцена. Проектот „Превод во движење“ (Translation in motion) е финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

The post „Готен“ го организира настанот „Патувањата на преводите; разговор со Екатерина Петрова, Румена Бужаровска и Владимир Мартиновски“ во Буква appeared first on Република.

]]>