претседавање Archives - Република https://republika.mk/tema/pretsedavanje/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Dec 2023 16:06:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претседавање Archives - Република https://republika.mk/tema/pretsedavanje/ 32 32 Молдавија е можна земја претседавач со КОП29, за кандидатура размислува и Србија https://republika.mk/vesti/svet/moldavija-e-mozhna-zemja-pretsedavach-so-kop29-za-kandidatura-razmisluva-i-srbija/ Thu, 07 Dec 2023 16:06:26 +0000 https://republika.mk/?p=720809

Молдавија се појави како земја-кандидат да претседава со самитот на ОН за климата следната година, а Србија исто така ја разгледува позицијата, според упатени извори, пренесуваат британските медиуми.

Понудите на двете земји се обид за решавање на геополитичкиот конфликт кој го остави КОП29 без домаќин.

Земјите од источноевропскиот регион, кој треба да го произведе следниот домаќин на годишниот самит на ОН и да го преземе претседавањето од Обединетите Арапски Емирати, не успеаја да се договорат за кандидат.

Според упатствата на ОН, претседавањето со КОП ротира меѓу пет глобални региони, а на земјите во одреден регион е едногласно да одлучат кој ќе ја преземе таа улога. Земјата која претседава со КОП игра клучна улога во водењето на разговорите меѓу речиси 200 земји присутни на годишните разговори за климата на ОН и обично истата земја ја презема улогата на претседавач и домаќин на самитот.

The post Молдавија е можна земја претседавач со КОП29, за кандидатура размислува и Србија appeared first on Република.

]]>

Молдавија се појави како земја-кандидат да претседава со самитот на ОН за климата следната година, а Србија исто така ја разгледува позицијата, според упатени извори, пренесуваат британските медиуми. Понудите на двете земји се обид за решавање на геополитичкиот конфликт кој го остави КОП29 без домаќин. Земјите од источноевропскиот регион, кој треба да го произведе следниот домаќин на годишниот самит на ОН и да го преземе претседавањето од Обединетите Арапски Емирати, не успеаја да се договорат за кандидат. Според упатствата на ОН, претседавањето со КОП ротира меѓу пет глобални региони, а на земјите во одреден регион е едногласно да одлучат кој ќе ја преземе таа улога. Земјата која претседава со КОП игра клучна улога во водењето на разговорите меѓу речиси 200 земји присутни на годишните разговори за климата на ОН и обично истата земја ја презема улогата на претседавач и домаќин на самитот.

The post Молдавија е можна земја претседавач со КОП29, за кандидатура размислува и Србија appeared first on Република.

]]>
Османи жив среќен: Малта ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ за 2024 година https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-zhiv-sreken-malta-ke-go-prezeme-pretsedavaneto-so-obse-za-2024-godina/ Mon, 27 Nov 2023 14:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=716824

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи информира дека на Подготвителниот состанок и Постојаниот совет на амбасадорите на 57 земји учеснички на Организацијата во Виена постигнат е консензус Малта да биде следната земја претседавач со регионалнава безбедносна организација за 2024 година.

Одлични вести од Виена! Денес на Подготвителниот состанок и Постојаниот совет амбасадорите на 57 земји учеснички на ОБСЕ постигнаа консензус и се донесе одлука што го отвора патот за идниот претседавач на ОБСЕ 2024. Одлуката ќе бидат потврдени на 30-от Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Благодарност до Малта за подготвеноста да ја преземе оваа витална улога и на сите земји учеснички и партнери на ОБСЕ за флексибилноста и поддршката, објави Османи на неговиот официјален фејсбук профил.

Решението за Малта е постигнато, по неколку неуспешни обиди да се постигне консензус за кандидатурата на Естонија да претседава со организацијата во 2024.

Македонија го презеде претседавањето со најголемата регионална безбедносна организација од Полска на 1 јануари 2023 година. Едногодишното претседавње со ОБСЕ за 2025 година ќе биде во рацете на Финска.

The post Османи жив среќен: Малта ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи информира дека на Подготвителниот состанок и Постојаниот совет на амбасадорите на 57 земји учеснички на Организацијата во Виена постигнат е консензус Малта да биде следната земја претседавач со регионалнава безбедносна организација за 2024 година. Одлични вести од Виена! Денес на Подготвителниот состанок и Постојаниот совет амбасадорите на 57 земји учеснички на ОБСЕ постигнаа консензус и се донесе одлука што го отвора патот за идниот претседавач на ОБСЕ 2024. Одлуката ќе бидат потврдени на 30-от Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Благодарност до Малта за подготвеноста да ја преземе оваа витална улога и на сите земји учеснички и партнери на ОБСЕ за флексибилноста и поддршката, објави Османи на неговиот официјален фејсбук профил. Решението за Малта е постигнато, по неколку неуспешни обиди да се постигне консензус за кандидатурата на Естонија да претседава со организацијата во 2024. Македонија го презеде претседавањето со најголемата регионална безбедносна организација од Полска на 1 јануари 2023 година. Едногодишното претседавње со ОБСЕ за 2025 година ќе биде во рацете на Финска.

The post Османи жив среќен: Малта ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Од 1 јули Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа https://republika.mk/vesti/makedonija/od-1-juli-severna-makedonija-go-prezema-pretsedavaneto-so-protsesot-za-sorabotka-vo-jugoistochna-evropa/ Sun, 04 Jun 2023 17:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=647724

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Будва. Состанокот се случува на неполн месец пред формалното преземање на претседавањето од страна на Република Македонија, на 1 јули.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, по пленарната сесија, заедно со претставниците на Тројката претседавачи – Грција, Црна Гора и Македонија - Османи ќе одржи конференција за медиумите, додека на маргините на министерскиот состанок, ќе оствари и билатерални средби со свои хомолози, земји-членки на иницијативата.

Процесот за соработка во Југоисточна Европа е формиран во јуни 1996, со цел продлабочување на односите и соработката меѓу земјите од регионот. Иницијативата стреми кон создавање на регион темелен на демократија и економски просперитет и целосна интеграција на овој дел од континентот во европските и евро-атлантските структури.

Македонија е вклучена во иницијативата од самиот почеток, а претседаваше со неа во два наврати, 2000-2001 и 2012-2013 година. Покрај Македонија, членки се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Молдова, Романија, Србија, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора.

The post Од 1 јули Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Будва. Состанокот се случува на неполн месец пред формалното преземање на претседавањето од страна на Република Македонија, на 1 јули. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, по пленарната сесија, заедно со претставниците на Тројката претседавачи – Грција, Црна Гора и Македонија - Османи ќе одржи конференција за медиумите, додека на маргините на министерскиот состанок, ќе оствари и билатерални средби со свои хомолози, земји-членки на иницијативата. Процесот за соработка во Југоисточна Европа е формиран во јуни 1996, со цел продлабочување на односите и соработката меѓу земјите од регионот. Иницијативата стреми кон создавање на регион темелен на демократија и економски просперитет и целосна интеграција на овој дел од континентот во европските и евро-атлантските структури. Македонија е вклучена во иницијативата од самиот почеток, а претседаваше со неа во два наврати, 2000-2001 и 2012-2013 година. Покрај Македонија, членки се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Молдова, Романија, Србија, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора.

The post Од 1 јули Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>
Франција го презема претседателството со ЕУ, проширувањето на периферијата на приоритетите на Макрон https://republika.mk/vesti/svet/francija-go-prezema-pretsedatelstvoto-so-eu-proshiruvanjeto-na-periferijata-na-prioritetite-na-makron/ Sat, 01 Jan 2022 14:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=439333

Од денеска во следните шест месеци Франција ќе претседава со Европската унија.

Приоритетите на Франција беа презентирани пред помалку од еден месец од страна на францускиот претседател, Емануел Макрон, на прес конференција во Париз. Зборот „проширување“ не беше споменат, но шефот на државата го смести Западниот Балкан заедно со Африка во неговите приоритети.

Нема да можеме да изградиме Европа на мирот во следните 50 години ако го оставиме Западниот Балкан како што е денеска“, изјави на 9 декември Макрон и истакна дека во јуни ќе организира Конференција за регионот.

Претходно по барање на Франција ЕУ освои нова методологија за проширување.

Во говорот за преставување на приоритетите Макрон повика на силна, суверена и обединета Европа. Меѓу предлозите на Франција е да се зголеми „стратешкиот суверенитет“ на блокот, дозволувајќи ѝ да дејствува со поголема независност од САД кога тоа одговара на интересите на блокот.

Макрон, исто така, сака напредок и во заедничката одбранбена способност на ЕУ, така што ЕУ повеќе да не се потпира само на Америка. Франција, исто така, сака да го искористи претседавањето за да ја зголеми координацијата меѓу земјите-членки за миграцијата, вклучително и создавање сили за брза реакција за одговор на кризите на надворешните граници на блокот.

Меѓу приоритетите се и минимална плата во целата Унија, поголема регулатива за дигиталните гиганти, заштита на животната средина и промени во строгите правила за буџетскиот дефицит на ЕУ во време кога земјите-членки се обидуваат да ги спасат своите економии по пандемијата на коронавирус.

Франција во април ја очекуваат избори, што значи дека голем дел од енергијата на земјата ќе биде насочена кон политичката кампања, а проширувањето е посебно чувствителна тема која би можела да им служи како оружје на ривалите на Емануел Макрон.

The post Франција го презема претседателството со ЕУ, проширувањето на периферијата на приоритетите на Макрон appeared first on Република.

]]>

Од денеска во следните шест месеци Франција ќе претседава со Европската унија. Приоритетите на Франција беа презентирани пред помалку од еден месец од страна на францускиот претседател, Емануел Макрон, на прес конференција во Париз. Зборот „проширување“ не беше споменат, но шефот на државата го смести Западниот Балкан заедно со Африка во неговите приоритети.
Нема да можеме да изградиме Европа на мирот во следните 50 години ако го оставиме Западниот Балкан како што е денеска“, изјави на 9 декември Макрон и истакна дека во јуни ќе организира Конференција за регионот.
Претходно по барање на Франција ЕУ освои нова методологија за проширување. Во говорот за преставување на приоритетите Макрон повика на силна, суверена и обединета Европа. Меѓу предлозите на Франција е да се зголеми „стратешкиот суверенитет“ на блокот, дозволувајќи ѝ да дејствува со поголема независност од САД кога тоа одговара на интересите на блокот. Макрон, исто така, сака напредок и во заедничката одбранбена способност на ЕУ, така што ЕУ повеќе да не се потпира само на Америка. Франција, исто така, сака да го искористи претседавањето за да ја зголеми координацијата меѓу земјите-членки за миграцијата, вклучително и создавање сили за брза реакција за одговор на кризите на надворешните граници на блокот. Меѓу приоритетите се и минимална плата во целата Унија, поголема регулатива за дигиталните гиганти, заштита на животната средина и промени во строгите правила за буџетскиот дефицит на ЕУ во време кога земјите-членки се обидуваат да ги спасат своите економии по пандемијата на коронавирус. Франција во април ја очекуваат избори, што значи дека голем дел од енергијата на земјата ќе биде насочена кон политичката кампања, а проширувањето е посебно чувствителна тема која би можела да им служи како оружје на ривалите на Емануел Макрон.

The post Франција го презема претседателството со ЕУ, проширувањето на периферијата на приоритетите на Макрон appeared first on Република.

]]>