престапна година Archives - Република https://republika.mk/tema/prestapna-godina/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Feb 2024 12:13:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png престапна година Archives - Република https://republika.mk/tema/prestapna-godina/ 32 32 Оваа година е престапна: Што не знаете за 29 февруари? https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ovaa-godina-e-prestapna-shto-ne-znaete-za-29-fevruari/ Sat, 10 Feb 2024 17:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=742608

2026 е престапна година, па февруари наместо вообичаените 28 дена ќе има 29, а со овој ден секогаш се врзуваат некои посебни верувања.

Така, веројатноста некој да се роди на 29 февруари е еден од 1.000, а во моментов во светот има околу четири милиони луѓе родени на овој ден.

Што се однесува до народните верувања, луѓето на Балканот сметаат дека не треба да се венча во престапна година бидејќи овие бракови не траат долго. Ако свадбата навистина се случи, подобро е девојката да го запроси момчето, а ако одбие, мора да и подари бакнеж и свилени ракавици.

Се верува дека овошјето засадено во престапна година дава плод секоја втора, па дури и секоја четврта година. Меѓутоа, ако навистина треба да засадите овошје оваа година, ќе жнеете повеќе плодови ако го засадите наесен.

Во Русија се верува дека престапната година носи понеповолни временски услови и поголем ризик од смрт насекаде во светот.

Во Тајван мажените ќерки се враќаат дома ако е престапна месечина, бидејќи се верува дека лунарниот месец може да им донесе лошо здравје на родителите. Ќерката на тој начин им посакува на родителите многу здравје и среќа.

The post Оваа година е престапна: Што не знаете за 29 февруари? appeared first on Република.

]]>

2026 е престапна година, па февруари наместо вообичаените 28 дена ќе има 29, а со овој ден секогаш се врзуваат некои посебни верувања. Така, веројатноста некој да се роди на 29 февруари е еден од 1.000, а во моментов во светот има околу четири милиони луѓе родени на овој ден. Што се однесува до народните верувања, луѓето на Балканот сметаат дека не треба да се венча во престапна година бидејќи овие бракови не траат долго. Ако свадбата навистина се случи, подобро е девојката да го запроси момчето, а ако одбие, мора да и подари бакнеж и свилени ракавици. Се верува дека овошјето засадено во престапна година дава плод секоја втора, па дури и секоја четврта година. Меѓутоа, ако навистина треба да засадите овошје оваа година, ќе жнеете повеќе плодови ако го засадите наесен. Во Русија се верува дека престапната година носи понеповолни временски услови и поголем ризик од смрт насекаде во светот. Во Тајван мажените ќерки се враќаат дома ако е престапна месечина, бидејќи се верува дека лунарниот месец може да им донесе лошо здравје на родителите. Ќерката на тој начин им посакува на родителите многу здравје и среќа.

The post Оваа година е престапна: Што не знаете за 29 февруари? appeared first on Република.

]]>
2024 е престапна година: Што е интересно за 29 февруари https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/2024-e-prestapna-godina-shto-e-interesno-za-29-fevruari/ Tue, 09 Jan 2024 09:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=731071

Откриваме зошто секоја четврта година е престапна и што крие 29 февруари.

Една година трае отприлика 365 дена, 5 часа, 45 минути и 46 секунди. Тие додатни 5 часа и неколку минути, за кои никој не сака да зборува, се всушност причина зошто имаме престапна година.

Годината со 366 дена се јавува на секои 4 години, поттикнувајќи ги жените да ги запросат мажите и прави родендените да бидат многу збунувачки за одреден број луѓе.

Но, тоа не се единствени чудни работи поврзани со овој датум. Во продолжение има неколку причини зошто 29 февруари е многу поинтересо отколку сте мислевте.

Зошто имаме престапна година што е тоа „престапна секунда“?

Поентата на престапната година е да помогне во прилагодувањето на грегоријанскиот календар со соларниот календар и да осигура дека на навреме ќе ги прославуваме соларните настани како што се пролетната или есенската рамноденица секоја година. Меѓутоа, дури ни дополнителниот ден во февруари на секои 4 години не може да го осигура точно вклопувањето, поради што научниците понекогаш повикуваат на „престапна секунда“.

Престапната секунда е подесување од една секунда која повремено се применува на координираното универзално време за да се намали разликата помеѓу прецизното време кое го мериме со часовниците и непрецизното воочено соларно време кое варира поради долготрајното успорување на ротацијата на Земјата.

Како да знаеме која година е престапна?

Многу едноставно: доколку последните две цифри од годината се делат со 4 (на пример 2016, 2020, 2024…) тогаш е престапна година. Годините кои означуваат крај на век се издвоени од ова правило. Тие мора да се делат со 400 за да бидат престапна година. Значи 2000 и 2004 се престапни години, но 2100 нема да биде.

Зошто жените ги запросуваат мажите баш на 29 февруари?

Откако папата Гргур XIII со указ го прогласил грегоријанскиот календар во 1582 година, идејата за додавање на 29 февруар на секои четири години изгледала како смешна, што во британскиот театар направиле комична претстава во која се истакнувало дека жените на тој ден би требало да ги заменат здолништата за панталони и да се однесуваат како мажи. Претставата е означена како сатира, но тогашните феминстки биле испирирани, до 1700 година жените го користеле 29 февруари за да им предложат брак на мажите. Традицијата, која денес се нарекува „Bachelor’s Day“, го достигна врвот во почетокот на 1900 година и продолжува и денес да се применува во Велика Британија.

Раѓање, но и уште нешто

На светот постојат околу 4 милиони луѓе кои се родени на овој ден. Веројатноста дека некое бебе баш на 29 февруари е 1:1.500.

Луѓето кои се родени на 29 февруари имаат проблем со одбележувањето на својот роденден, но се случува и некој да умре баш на овој ден. Според Енциклопедијата на светското наследство, во 1800 – тите, Џејмс Милн Вилсон кој е по потекло Британец, а за време на животот станал и премиер на Тасманија „роден е на престапен ден и умрел токму на тој ден“. Вилсон умрел на 29 февруари 1880 година, на неговиот „17“ роденден, односно кога имал 68 години во регуларни години.

Попусти на 29 февруари

Во многу држави продавниците даваат големи попусти токму на овој ден. Затоа обрнете внимание, тоа може да се случи и кај нас, па ќе може да си го купите она што сте го сакале по многу поволни цени.

The post 2024 е престапна година: Што е интересно за 29 февруари appeared first on Република.

]]>

Откриваме зошто секоја четврта година е престапна и што крие 29 февруари. Една година трае отприлика 365 дена, 5 часа, 45 минути и 46 секунди. Тие додатни 5 часа и неколку минути, за кои никој не сака да зборува, се всушност причина зошто имаме престапна година. Годината со 366 дена се јавува на секои 4 години, поттикнувајќи ги жените да ги запросат мажите и прави родендените да бидат многу збунувачки за одреден број луѓе. Но, тоа не се единствени чудни работи поврзани со овој датум. Во продолжение има неколку причини зошто 29 февруари е многу поинтересо отколку сте мислевте. Зошто имаме престапна година што е тоа „престапна секунда“? Поентата на престапната година е да помогне во прилагодувањето на грегоријанскиот календар со соларниот календар и да осигура дека на навреме ќе ги прославуваме соларните настани како што се пролетната или есенската рамноденица секоја година. Меѓутоа, дури ни дополнителниот ден во февруари на секои 4 години не може да го осигура точно вклопувањето, поради што научниците понекогаш повикуваат на „престапна секунда“. Престапната секунда е подесување од една секунда која повремено се применува на координираното универзално време за да се намали разликата помеѓу прецизното време кое го мериме со часовниците и непрецизното воочено соларно време кое варира поради долготрајното успорување на ротацијата на Земјата. Како да знаеме која година е престапна? Многу едноставно: доколку последните две цифри од годината се делат со 4 (на пример 2016, 2020, 2024…) тогаш е престапна година. Годините кои означуваат крај на век се издвоени од ова правило. Тие мора да се делат со 400 за да бидат престапна година. Значи 2000 и 2004 се престапни години, но 2100 нема да биде. Зошто жените ги запросуваат мажите баш на 29 февруари? Откако папата Гргур XIII со указ го прогласил грегоријанскиот календар во 1582 година, идејата за додавање на 29 февруар на секои четири години изгледала како смешна, што во британскиот театар направиле комична претстава во која се истакнувало дека жените на тој ден би требало да ги заменат здолништата за панталони и да се однесуваат како мажи. Претставата е означена како сатира, но тогашните феминстки биле испирирани, до 1700 година жените го користеле 29 февруари за да им предложат брак на мажите. Традицијата, која денес се нарекува „Bachelor’s Day“, го достигна врвот во почетокот на 1900 година и продолжува и денес да се применува во Велика Британија. Раѓање, но и уште нешто На светот постојат околу 4 милиони луѓе кои се родени на овој ден. Веројатноста дека некое бебе баш на 29 февруари е 1:1.500. Луѓето кои се родени на 29 февруари имаат проблем со одбележувањето на својот роденден, но се случува и некој да умре баш на овој ден. Според Енциклопедијата на светското наследство, во 1800 – тите, Џејмс Милн Вилсон кој е по потекло Британец, а за време на животот станал и премиер на Тасманија „роден е на престапен ден и умрел токму на тој ден“. Вилсон умрел на 29 февруари 1880 година, на неговиот „17“ роденден, односно кога имал 68 години во регуларни години. Попусти на 29 февруари Во многу држави продавниците даваат големи попусти токму на овој ден. Затоа обрнете внимание, тоа може да се случи и кај нас, па ќе може да си го купите она што сте го сакале по многу поволни цени.

The post 2024 е престапна година: Што е интересно за 29 февруари appeared first on Република.

]]>
Што вели МПЦ за венчавките во престапна година? https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/shto-veli-mpts-za-venchavkite-vo-prestapna-godina/ Wed, 03 Jan 2024 16:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=728859

Бра­кот склу­чен во пре­стап­на го­ди­на кра­тко ќе трае – ве­ру­ва­ње што по­стои тол­ку одам­на, што ни­кој не знае зо­што и од ка­де про­из­ле­гу­ва. Ве­ро­јат­но, ста­ри­те Ма­ке­дон­ци ва­ка са­ка­ле да си ја об­јас­нат или да ѝ да­дат зна­че­ње на го­ди­на­та со еден ден по­ве­ќе.

Спо­ред ед­но пре­да­ние, пак, су­е­ве­ри­е­то што и де­нес им пра­ви шу­бе на ид­ни­те не­ве­сти, го поч­на­ла мај­ка што са­ка­ла уште ед­на го­ди­на да си ја чу­ва ќер­ка­та до­ма.

Во ми­на­то­то, за вен­ча­вки или за свад­би се че­ка­ло до след­на­та го­ди­на, а до­кол­ку мла­до­жен­ци­те не­ма­ле вре­ме за че­ка­ње, ка­ко што бил слу­ча­јот со пе­чал­ба­ри­те, за да не ги бие ма­лер на свад­ба­та при­не­су­ва­ле леб или по­га­ча ме­се­ни со браш­но од ми­на­та­та го­ди­на.

За цр­ква­та ова су­е­ве­рие отсе­ко­гаш би­ло са­мо тоа – су­е­ве­рие. Отец Бо­бан од Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква ве­ли де­ка пре­стап­на­та го­ди­на е та­ква са­мо по­ра­ди бро­јот на де­но­ви­те, ни­што по­ве­ќе и не­ма ни­ка­кви имп­ли­ка­ции врз ос­но­ва на цр­ков­ни­от или на ду­хов­ни­от жи­вот.

Си­те ра­бо­ти си се пра­ват нор­мал­но, ка­ко и во си­те дру­ги го­ди­ни. Тоа е су­е­ве­рен став, кој про­из­ле­гу­ва од су­е­ве­ри­е­то на лу­ѓе­то. Во пре­стап­на­та го­ди­на и се вен­ча­ва и се кр­шта­ва и се пра­ват си­те ра­бо­ти што ги пра­ви­ме и во го­ди­ни­те што не се пре­стап­ни. Ако оди­ме по таа ло­ги­ка, зо­што би се од­зе­ла са­мо вен­ча­вка­та и кр­штен­ка­та, зо­што не би се од­зе­ле и не­кои дру­ги све­ти тај­ни, кои ги из­вр­шу­ва­ме или не­кои дру­ги чи­но­дејс­тви­ја. На при­мер, ка­ко опе­ло­то, по­гре­бе­ни­е­то на мир­ја­ни­те, то­гаш се­то тоа би тре­ба­ло да се ско­ка и да не се пра­ви, ве­ли отец Бо­бан.

Но, и по­крај тоа што све­ште­ни­ци­те на се­ко­ја ид­на брач­на двој­ка ѝ об­јас­ну­ва­ат де­ка тоа е чи­сто су­е­ве­рен став, кој не­ма ни­ка­ква вр­ска, ни­ка­ков кон­текст со пре­да­ни­е­то, уче­ње­то и ве­ру­ва­ње­то на цр­ква­та, и де­нес се гле­да пад на бро­јот на вен­ча­вки­те во пре­стап­на го­ди­на.

https://youtu.be/Tg5ytuvUODI?si=duT3ynLXvbku0MLh

The post Што вели МПЦ за венчавките во престапна година? appeared first on Република.

]]>

Бра­кот склу­чен во пре­стап­на го­ди­на кра­тко ќе трае – ве­ру­ва­ње што по­стои тол­ку одам­на, што ни­кој не знае зо­што и од ка­де про­из­ле­гу­ва. Ве­ро­јат­но, ста­ри­те Ма­ке­дон­ци ва­ка са­ка­ле да си ја об­јас­нат или да ѝ да­дат зна­че­ње на го­ди­на­та со еден ден по­ве­ќе. Спо­ред ед­но пре­да­ние, пак, су­е­ве­ри­е­то што и де­нес им пра­ви шу­бе на ид­ни­те не­ве­сти, го поч­на­ла мај­ка што са­ка­ла уште ед­на го­ди­на да си ја чу­ва ќер­ка­та до­ма. Во ми­на­то­то, за вен­ча­вки или за свад­би се че­ка­ло до след­на­та го­ди­на, а до­кол­ку мла­до­жен­ци­те не­ма­ле вре­ме за че­ка­ње, ка­ко што бил слу­ча­јот со пе­чал­ба­ри­те, за да не ги бие ма­лер на свад­ба­та при­не­су­ва­ле леб или по­га­ча ме­се­ни со браш­но од ми­на­та­та го­ди­на. За цр­ква­та ова су­е­ве­рие отсе­ко­гаш би­ло са­мо тоа – су­е­ве­рие. Отец Бо­бан од Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква ве­ли де­ка пре­стап­на­та го­ди­на е та­ква са­мо по­ра­ди бро­јот на де­но­ви­те, ни­што по­ве­ќе и не­ма ни­ка­кви имп­ли­ка­ции врз ос­но­ва на цр­ков­ни­от или на ду­хов­ни­от жи­вот.
Си­те ра­бо­ти си се пра­ват нор­мал­но, ка­ко и во си­те дру­ги го­ди­ни. Тоа е су­е­ве­рен став, кој про­из­ле­гу­ва од су­е­ве­ри­е­то на лу­ѓе­то. Во пре­стап­на­та го­ди­на и се вен­ча­ва и се кр­шта­ва и се пра­ват си­те ра­бо­ти што ги пра­ви­ме и во го­ди­ни­те што не се пре­стап­ни. Ако оди­ме по таа ло­ги­ка, зо­што би се од­зе­ла са­мо вен­ча­вка­та и кр­штен­ка­та, зо­што не би се од­зе­ле и не­кои дру­ги све­ти тај­ни, кои ги из­вр­шу­ва­ме или не­кои дру­ги чи­но­дејс­тви­ја. На при­мер, ка­ко опе­ло­то, по­гре­бе­ни­е­то на мир­ја­ни­те, то­гаш се­то тоа би тре­ба­ло да се ско­ка и да не се пра­ви, ве­ли отец Бо­бан.
Но, и по­крај тоа што све­ште­ни­ци­те на се­ко­ја ид­на брач­на двој­ка ѝ об­јас­ну­ва­ат де­ка тоа е чи­сто су­е­ве­рен став, кој не­ма ни­ка­ква вр­ска, ни­ка­ков кон­текст со пре­да­ни­е­то, уче­ње­то и ве­ру­ва­ње­то на цр­ква­та, и де­нес се гле­да пад на бро­јот на вен­ча­вки­те во пре­стап­на го­ди­на. https://youtu.be/Tg5ytuvUODI?si=duT3ynLXvbku0MLh

The post Што вели МПЦ за венчавките во престапна година? appeared first on Република.

]]>
К’смет да се родиш, таксират ако се венчаш: Верувања за престапната 2024 година https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/k-smet-da-se-rodish-taksirat-ako-se-venchash-veruvana-za-prestapnata-2024-godina/ Mon, 01 Jan 2024 10:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=728502

2024 година е престапна, односно Земјата прави целосна обиколка околу Сонцето за 365 дена и 6 часа, а не само за 365 дена, па имаме ден повеќе - 29 февруари. Но, ако кога станува збор за народните верувања, престапната година со себе носи различни пораки. Во неа не се прават венчавки и свадба, ниту се гради куќа. Среќлии се само децата што се родени во годината. Народот верувал дека сè што се прави во престапна година има кус рок, иако годината има ден повеќе.

Порано, многу се внимавало на ваквите непишани правила. Во народот се верува дека бракот склучен во престапна година ќе трае кратко иако годината има ден повеќе. Оние што планирале венчавки или свадби чекале цела година. Но, ако се случело младоженците да немаат време за чекање (ако биле печалбари или пак пред време очекувале принова), за да не ги бие малер на свадбата принесувале леб или погача месени со брашно од минатата година. Во дамнина вообичаено во секоја куќа се чувало старо брашно, „за не дај Боже“. Според некои народни верувања есента била најдобро време за брак, се избегнувал периодот за божикните и велигденските пости, а не се склучувале бракови во престапните години

Касмет е да се родиш на 29 февруари

Можноста да се родите на 29 февруари е 1 спрема 1.461, математички пресметано значи да имате 0,068 отсто среќа.

Дамите запросуваат

Во многу западни земји постои обичај на 29 февруари дамите да можат да го запросат својот партнер. Според последната анкета, дури 25 отсто од жените се изјасниле дека не би им било срам да клекнат на колена и да ја побараат раката на оној што го сакаат. Дури 50 отсто од мажите не би се бунеле кога тоа навистина би се случило, а речиси 16 отсто мислат дека со тоа ќе им падне огромен товар од срцето зашто до сега не ја запросиле својата партнерка од страв да не бидат одбиени.

Потпишете го договорот, на 29 февруари!

Според народните верувања, целата престапна година не е добра за започнување нови бизниси. Но астрологијата пак вели дека 29 февруари е идеален за нова работа. Имено, среќната поставеност на Сонцето и Јупитер треба да се искористи за потпишување договори, зашто ќе „паѓаат“ исклучително добри деловни понуди.

Брак и развод

Според верувањата, во престапните години не треба да се венчаваме на 29 февруари, ни во текот на месец мај. Не смее ни да се разведуваме. Ако постои и најмала можност да го сочуваме своето семејство, подобро е да го направиме тоа. Старите луѓе забележале дека оние кои се разведуваат во Престапна година, потоа потешко си создаваат ново семејство.

Црквата не се согласува

Избегнувањето на венчавка во престапна година според Црквата е неправилно верување. Според црковните верувања секоја година е благословена од Господ, а верувањето дека венчавка не се прави во престапна година е суеверие.

Дожд

Кога падне првиот дожд во Престапна година, е добро човек да се прошета под капките дожд за среќа и успех.

Планови

Не треба да ги споделуваме плановите за иднината, бидејќи нема да имаме среќа;

Зошто постои престапна година?!

Секоја четврта година е престапна, а на идејата да се синхронизираат календарската со сончевата година први дошле старите Египѓани (иако и старите Бабилонци знаеле дека календарот е компромис), во 238 година пред новата ера. Подоцна оваа идеја ја презеле Римјаните, кога Јулиј Цезар одлучил ден плус да биде 29 февруари, и тоа секоја четврта година.

Сепак, и таа модернизација имала свој недостаток. Календарската година повторно била подолга од сончевата точно за 11 минути. До 16 век, токму поради тоа, се собрале 10 дена вишок. За календарот повторно да се приспособи, во 1582 папата Грегориј 13-ти едноставно ги испуштил тие десет дена модернизирајќи го уште еднаш календарот. Според тој нов календар, еден век има точно 36.524,25 дена, што е многу блиску до природните временски мерења. Но остануваат уште мали разлики во однос на сончевата година.

По Грегоријанскиот каленендар, престапна е секоја година во која последните две цифри може да се поделат со 4 без остаток. И тука постои еден строг исклучок. Имено, годините што се деливи со 100, а не со 400, не се престапни. Затоа во 1700, 1800, 1900 година немаше 29 февруари, а нема да го има ниту во 2100 година. Спротивно на тоа, 2000 година беше престапна.

 

The post К’смет да се родиш, таксират ако се венчаш: Верувања за престапната 2024 година appeared first on Република.

]]>

2024 година е престапна, односно Земјата прави целосна обиколка околу Сонцето за 365 дена и 6 часа, а не само за 365 дена, па имаме ден повеќе - 29 февруари. Но, ако кога станува збор за народните верувања, престапната година со себе носи различни пораки. Во неа не се прават венчавки и свадба, ниту се гради куќа. Среќлии се само децата што се родени во годината. Народот верувал дека сè што се прави во престапна година има кус рок, иако годината има ден повеќе.

Порано, многу се внимавало на ваквите непишани правила. Во народот се верува дека бракот склучен во престапна година ќе трае кратко иако годината има ден повеќе. Оние што планирале венчавки или свадби чекале цела година. Но, ако се случело младоженците да немаат време за чекање (ако биле печалбари или пак пред време очекувале принова), за да не ги бие малер на свадбата принесувале леб или погача месени со брашно од минатата година. Во дамнина вообичаено во секоја куќа се чувало старо брашно, „за не дај Боже“. Според некои народни верувања есента била најдобро време за брак, се избегнувал периодот за божикните и велигденските пости, а не се склучувале бракови во престапните години

Касмет е да се родиш на 29 февруари

Можноста да се родите на 29 февруари е 1 спрема 1.461, математички пресметано значи да имате 0,068 отсто среќа.

Дамите запросуваат

Во многу западни земји постои обичај на 29 февруари дамите да можат да го запросат својот партнер. Според последната анкета, дури 25 отсто од жените се изјасниле дека не би им било срам да клекнат на колена и да ја побараат раката на оној што го сакаат. Дури 50 отсто од мажите не би се бунеле кога тоа навистина би се случило, а речиси 16 отсто мислат дека со тоа ќе им падне огромен товар од срцето зашто до сега не ја запросиле својата партнерка од страв да не бидат одбиени.

Потпишете го договорот, на 29 февруари!

Според народните верувања, целата престапна година не е добра за започнување нови бизниси. Но астрологијата пак вели дека 29 февруари е идеален за нова работа. Имено, среќната поставеност на Сонцето и Јупитер треба да се искористи за потпишување договори, зашто ќе „паѓаат“ исклучително добри деловни понуди.

Брак и развод

Според верувањата, во престапните години не треба да се венчаваме на 29 февруари, ни во текот на месец мај. Не смее ни да се разведуваме. Ако постои и најмала можност да го сочуваме своето семејство, подобро е да го направиме тоа. Старите луѓе забележале дека оние кои се разведуваат во Престапна година, потоа потешко си создаваат ново семејство.

Црквата не се согласува

Избегнувањето на венчавка во престапна година според Црквата е неправилно верување. Според црковните верувања секоја година е благословена од Господ, а верувањето дека венчавка не се прави во престапна година е суеверие.

Дожд

Кога падне првиот дожд во Престапна година, е добро човек да се прошета под капките дожд за среќа и успех.

Планови

Не треба да ги споделуваме плановите за иднината, бидејќи нема да имаме среќа;

Зошто постои престапна година?!

Секоја четврта година е престапна, а на идејата да се синхронизираат календарската со сончевата година први дошле старите Египѓани (иако и старите Бабилонци знаеле дека календарот е компромис), во 238 година пред новата ера. Подоцна оваа идеја ја презеле Римјаните, кога Јулиј Цезар одлучил ден плус да биде 29 февруари, и тоа секоја четврта година. Сепак, и таа модернизација имала свој недостаток. Календарската година повторно била подолга од сончевата точно за 11 минути. До 16 век, токму поради тоа, се собрале 10 дена вишок. За календарот повторно да се приспособи, во 1582 папата Грегориј 13-ти едноставно ги испуштил тие десет дена модернизирајќи го уште еднаш календарот. Според тој нов календар, еден век има точно 36.524,25 дена, што е многу блиску до природните временски мерења. Но остануваат уште мали разлики во однос на сончевата година. По Грегоријанскиот каленендар, престапна е секоја година во која последните две цифри може да се поделат со 4 без остаток. И тука постои еден строг исклучок. Имено, годините што се деливи со 100, а не со 400, не се престапни. Затоа во 1700, 1800, 1900 година немаше 29 февруари, а нема да го има ниту во 2100 година. Спротивно на тоа, 2000 година беше престапна.
 

The post К’смет да се родиш, таксират ако се венчаш: Верувања за престапната 2024 година appeared first on Република.

]]>