премиери Archives - Република https://republika.mk/tema/premieri/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Sep 2023 09:02:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png премиери Archives - Република https://republika.mk/tema/premieri/ 32 32 Светска премиера на „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски и „21 ден до крајот на светот“ на Теона Стругар Митевска денеска во Венеција https://republika.mk/vesti/kultura/svetska-premiera-na-domakinstvo-za-pochetnitsi-na-goran-stolevski-i-21-den-do-krajot-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-deneska-vo-venetsija/ Wed, 06 Sep 2023 09:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=679240

Новиот филм на Горан Столевски, „Домаќинство за почетници“ својата светска премиера денес ќе ја има на Филмскиот фестивал во Венеција, како дел од програмата „Хоризонти“ во конкуренција за наградите за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио, специјална награда од жирито и најдобра машка и женска улога.

Филмот, како што се вели во описот, ги истражува универзалните вредности во семејството во кое сме родени и во кое се наоѓаме.

Во филмот играат Анамариа Марника, Алина Сербан, Самсон Селим, Сара Климоска, Владимир Тинтор Миа Мустава, Ајше Усеини, Џада Селим, Розафа Целај и многу други. Кинематорграфер е Наум Доксевски, а филмот е во македонска продукција на „Лист продукција“ и копродукција со неколку други европски продукциски куќи, а ќе биде дистрибуиран од „Фокус Фичрс“ и „Универзал пикчрс“.

„Домаќинство за почетници“ ќе се прикаже денес во 17 часот, а својата прва реприза ќе ја има утре во 15:30 часот. Премиерната проекција на филмот во Македонија ќе биде на 23 септември со што ќе го отвори годинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

На денешниот репертоар во Венеција својата светската премиера ќе ја има и краткиот експериментален  филм „21 ден до крајот на светот“ на режисерката Теона Стругар Митевска како дел од програмата „Денови на авторите“.

 

The post Светска премиера на „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски и „21 ден до крајот на светот“ на Теона Стругар Митевска денеска во Венеција appeared first on Република.

]]>

Новиот филм на Горан Столевски, „Домаќинство за почетници“ својата светска премиера денес ќе ја има на Филмскиот фестивал во Венеција, како дел од програмата „Хоризонти“ во конкуренција за наградите за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио, специјална награда од жирито и најдобра машка и женска улога. Филмот, како што се вели во описот, ги истражува универзалните вредности во семејството во кое сме родени и во кое се наоѓаме. Во филмот играат Анамариа Марника, Алина Сербан, Самсон Селим, Сара Климоска, Владимир Тинтор Миа Мустава, Ајше Усеини, Џада Селим, Розафа Целај и многу други. Кинематорграфер е Наум Доксевски, а филмот е во македонска продукција на „Лист продукција“ и копродукција со неколку други европски продукциски куќи, а ќе биде дистрибуиран од „Фокус Фичрс“ и „Универзал пикчрс“. „Домаќинство за почетници“ ќе се прикаже денес во 17 часот, а својата прва реприза ќе ја има утре во 15:30 часот. Премиерната проекција на филмот во Македонија ќе биде на 23 септември со што ќе го отвори годинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. На денешниот репертоар во Венеција својата светската премиера ќе ја има и краткиот експериментален  филм „21 ден до крајот на светот“ на режисерката Теона Стругар Митевска како дел од програмата „Денови на авторите“.  

The post Светска премиера на „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски и „21 ден до крајот на светот“ на Теона Стругар Митевска денеска во Венеција appeared first on Република.

]]>
Том Круз сака да се одложат премиерите на два филма https://republika.mk/scena/film/tom-kruz-saka-da-se-odlozhat-premierite-na-dva-filma/ Sun, 04 Jun 2023 16:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=647717

Добро познат факт е во филмската заедница дека два високоочекувани филма излегуваат во ист ден: историскиот трилер на Кристофер Нолан Опенхајмер и фантастичната комедија Барби на Грета Гервиг - и двата закажани за 21 јули 2023 година. Сепак, Том Круз, наводно, има проблем со тоа.

Круз глуми во претстојниот шпионски акционен филм Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One, чија премиера е закажана за 12 јули 2023 година, што е нешто повеќе од една недела пред излегувањето на Барби и Опенхајмер.

Според Puck News, Круз им се пожалил на директорите на Paramount дека Oppenheimer ќе ги преземе сите екрани на IMAX во Северна Америка три недели по неговата премиера, што значи дека фановите кои сакаат да го видат новиот Mission: Impossible имаат само девет дена да го видат во IMAX пред екранот на овој познат премиум формат да го превземе историскиот еп на Нолан.

Седмиот филм од популарната шпионска франшиза неколку пати беше одложуван поради Ковид и има буџет од речиси 300 милиони долари, па не е ни чудо што Том Круз сака оптимален период на прикажување за неговиот филм. Фактот дека Опенхајмер излегува толку брзо по седмиот шпионски филм за Итан Хант може да има влијание на бокс офисот, особено со неговото прикажување во IMAX.

Минатогодишниот филм на Том Круз, Top Gun: Maverick заработи 110 милиони долари, од вкупно 1,49 милијарди долари, во IMAX. Ова илустрира како фановите веројатно ќе сакаат да ги видат акробациите на Круз кои му пркосат на смртта на најголемиот можен екран, но нема да имаат многу време за тоа ова лето.

И покрај најдобрите напори на Круз, изгледите Опенхајмер да биде преместен пред премиерата не се премногу ветувачки.

The post Том Круз сака да се одложат премиерите на два филма appeared first on Република.

]]>

Добро познат факт е во филмската заедница дека два високоочекувани филма излегуваат во ист ден: историскиот трилер на Кристофер Нолан Опенхајмер и фантастичната комедија Барби на Грета Гервиг - и двата закажани за 21 јули 2023 година. Сепак, Том Круз, наводно, има проблем со тоа. Круз глуми во претстојниот шпионски акционен филм Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One, чија премиера е закажана за 12 јули 2023 година, што е нешто повеќе од една недела пред излегувањето на Барби и Опенхајмер. Според Puck News, Круз им се пожалил на директорите на Paramount дека Oppenheimer ќе ги преземе сите екрани на IMAX во Северна Америка три недели по неговата премиера, што значи дека фановите кои сакаат да го видат новиот Mission: Impossible имаат само девет дена да го видат во IMAX пред екранот на овој познат премиум формат да го превземе историскиот еп на Нолан. Седмиот филм од популарната шпионска франшиза неколку пати беше одложуван поради Ковид и има буџет од речиси 300 милиони долари, па не е ни чудо што Том Круз сака оптимален период на прикажување за неговиот филм. Фактот дека Опенхајмер излегува толку брзо по седмиот шпионски филм за Итан Хант може да има влијание на бокс офисот, особено со неговото прикажување во IMAX.
Минатогодишниот филм на Том Круз, Top Gun: Maverick заработи 110 милиони долари, од вкупно 1,49 милијарди долари, во IMAX. Ова илустрира како фановите веројатно ќе сакаат да ги видат акробациите на Круз кои му пркосат на смртта на најголемиот можен екран, но нема да имаат многу време за тоа ова лето. И покрај најдобрите напори на Круз, изгледите Опенхајмер да биде преместен пред премиерата не се премногу ветувачки.

The post Том Круз сака да се одложат премиерите на два филма appeared first on Република.

]]>
Гостиварски театар за ова лето со две премиери https://republika.mk/vesti/kultura/gostivarski-teatar-za-ova-leto-so-dve-premieri/ Thu, 16 Jun 2022 19:07:52 +0000 https://republika.mk/?p=516081

„Гостиварски театар“ ова лето пред публиката ќе изведе две премиери на албански и македонски јазик. Кон крајот на јуни ќе биде изведена претставата „Каде е пиштолот“ во режија на Ѓорѓи Ризовски, а во првата половина од јули „Тајните на мостот“ која ја подготвува Фатмир Хусеини.

Плановите за работа во оваа театарска куќа на прес-конференција ги соопшти директорот Сулејман Рушити. Тој меѓу другото на средбата со новинарите го најави и гостувањето на ансамблот на театарски фестивал во Дебар со претставата „Вес, вес“.

За првата премиера за годинава режисерот Ѓорѓи Ризовски напомена дека е универзално дело, кое се занимава со големи и вечни теми и е многу актуелна.

-Имавме многу убав процес на работа во еден театар кој се развива сè повеќе и повеќе. Како режисер сум многу задоволен од ансамблот на „Гостиварски театар“ и мислам дека ќе успееме да направиме претстава за која на сите ќе ни биде ќеф и ќе бидеме горди, рече режисерот Ризовски.

Во претставата по текст на унгарскиот автор Габор Ѓоргеј играат: Ирена Илиевска, Марко Дојоски, Береда Решит, Вулнет Исмани Ариан, Ејупи, Кујтиме Ахмети и Исмаил Омер.

Сулејман Рушити, кој од неодамна е назначен за прв човек на театарот, најави реализација на програмата која е насочена кон придобивање на побројна театарска публика.

– Гостиварски театар е уникатен, затоа што во него се работи на три јазици и има претстави на три јазици, македонски, албански и турски. По тоа е уникатен не само во земјава, туку и во поширокиот регион. Во иднина ќе бараме помош, не само од Министерството за култура, туку за поддршка ќе се обратиме и локалната власт, до културни работници, невладини организации за да ја прошириме програмата. Фокусот ни е публиката, сакаме да ја придобиеме во што поголем број, рече Сулејман Рушити директор на „Гостиварски театар“, на прес-конференцијата.

Тој ги обелодени и плановите за вклучување на децата и помладата публика. За таа цел ќе се обидат да обезбедат екстра буџет наменети за претстави за млади и со млади актери.

The post Гостиварски театар за ова лето со две премиери appeared first on Република.

]]>

„Гостиварски театар“ ова лето пред публиката ќе изведе две премиери на албански и македонски јазик. Кон крајот на јуни ќе биде изведена претставата „Каде е пиштолот“ во режија на Ѓорѓи Ризовски, а во првата половина од јули „Тајните на мостот“ која ја подготвува Фатмир Хусеини. Плановите за работа во оваа театарска куќа на прес-конференција ги соопшти директорот Сулејман Рушити. Тој меѓу другото на средбата со новинарите го најави и гостувањето на ансамблот на театарски фестивал во Дебар со претставата „Вес, вес“. За првата премиера за годинава режисерот Ѓорѓи Ризовски напомена дека е универзално дело, кое се занимава со големи и вечни теми и е многу актуелна. -Имавме многу убав процес на работа во еден театар кој се развива сè повеќе и повеќе. Како режисер сум многу задоволен од ансамблот на „Гостиварски театар“ и мислам дека ќе успееме да направиме претстава за која на сите ќе ни биде ќеф и ќе бидеме горди, рече режисерот Ризовски. Во претставата по текст на унгарскиот автор Габор Ѓоргеј играат: Ирена Илиевска, Марко Дојоски, Береда Решит, Вулнет Исмани Ариан, Ејупи, Кујтиме Ахмети и Исмаил Омер. Сулејман Рушити, кој од неодамна е назначен за прв човек на театарот, најави реализација на програмата која е насочена кон придобивање на побројна театарска публика. – Гостиварски театар е уникатен, затоа што во него се работи на три јазици и има претстави на три јазици, македонски, албански и турски. По тоа е уникатен не само во земјава, туку и во поширокиот регион. Во иднина ќе бараме помош, не само од Министерството за култура, туку за поддршка ќе се обратиме и локалната власт, до културни работници, невладини организации за да ја прошириме програмата. Фокусот ни е публиката, сакаме да ја придобиеме во што поголем број, рече Сулејман Рушити директор на „Гостиварски театар“, на прес-конференцијата. Тој ги обелодени и плановите за вклучување на децата и помладата публика. За таа цел ќе се обидат да обезбедат екстра буџет наменети за претстави за млади и со млади актери.

The post Гостиварски театар за ова лето со две премиери appeared first on Република.

]]>
Премиерите на Данска и на Шпанија ќе се сретнат со Зеленски https://republika.mk/vesti/svet/premierite-na-danska-i-na-shpanija-kje-se-sretnat-so-zelenski/ Thu, 21 Apr 2022 07:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=491582

Премиерите на Данска и Шпанија денеска во Киев ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Шпанскиот премиер Педро Санчез веќе пристигна во главниот град на Украина за да се сретне со лидерот на земјата, соопшти утринава неговиот кабинет.

Санчез на Твитер објави снимка на која е заедно со премиерката Мете Фредериксен по пристигнувањето во Украина.

Страните ќе разговараат за натамошна поддршка за Украинците и гонење на „воени злосторства и кршење на човековите права, се вели во соопштението на данската премиерка.

The post Премиерите на Данска и на Шпанија ќе се сретнат со Зеленски appeared first on Република.

]]>

Премиерите на Данска и Шпанија денеска во Киев ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Шпанскиот премиер Педро Санчез веќе пристигна во главниот град на Украина за да се сретне со лидерот на земјата, соопшти утринава неговиот кабинет. Санчез на Твитер објави снимка на која е заедно со премиерката Мете Фредериксен по пристигнувањето во Украина.
Страните ќе разговараат за натамошна поддршка за Украинците и гонење на „воени злосторства и кршење на човековите права, се вели во соопштението на данската премиерка.

The post Премиерите на Данска и на Шпанија ќе се сретнат со Зеленски appeared first on Република.

]]>