прекин на војната Archives - Република https://republika.mk/tema/prekin-na-vojnata/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Dec 2023 14:43:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прекин на војната Archives - Република https://republika.mk/tema/prekin-na-vojnata/ 32 32 Папата се заложи за прекин на војната во Газа и го осуди абортусот https://republika.mk/vesti/svet/papata-se-zalozhi-za-prekin-na-vojnata-vo-gaza-i-go-osudi-abortusot/ Mon, 25 Dec 2023 14:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=726557

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск денеска во божиќната порака повика на прекин на војната во Газа и изнаоѓање трајно решение на конфликтот на Блискиот Исток, истовремено остро осудувајќи го абортусот.

Се залагам за крај на воените операции со нивната ужасна жетва на невини цивилни жртви и повикувам на решение за очајната хуманитарна ситуација со обезбедување хуманитарна помош. Нека има крај на поттикнувањето насилство и омраза. И нека се реши палестинското прашање преку искрен и истраен дијалог меѓу страните, поткрепен со силна политичка волја и поддршка од меѓународната заедница, рече папата во обаќањето од централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ пред илјадници луѓе на плоштадот.

Папата повторно го осуди „одвратниот“ напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, кој ја поттикна војната и го повика палестинското движење да ги ослободи еврејските заложници, истовремено барајќи од Израел да дозволи подобра помош во опколената Газа.

Божик оваа година се слави тивко во Светата земја поради војната во Газа меѓу Израел и исламистичкиот Хамас. Речиси нема туристи во Витлеем на Западниот Брег – според традицијата родното место на Исус Христос – и Ерусалим.

Тој рече дека се моли за Украина, Сирија, Јемен, либанскиот народ и за сите земји каде се одвиваат насилни конфликти и ги повика сите да му се придружат во молитвата за прекин на сите војни во светот. Изрази жалење за моќта на индустријата за оружје.

Човечкото срце е слабо и импулсивно, ако оружјето ни дојде при рака, порано или подоцна ќе го искористиме. И како вооопшто може да зборуваме за мир, кога постојано се зголемува производството, продажбата и трговијата со оружје?, забележа папата.

Продолжувајќи ја темата за војната, папата Франциск употреби моќни зборови за да го осуди абортусот. Поглаварот на 1,3 милијарди католици направи споредба меѓу абортусот и страдањето на децата во вооружени конфликти или како бегалци.

Колку невини се убиени во нашиот свет! Во утробите на нивните мајки, во одисеи преземени од очај и во потрага по надеж, во животите на сите оние малечки чие детство е уништено од војна“, рече 87-годишниот папа.

Тој рече дека децата кои умираат во војни, вклучително и во Газа, се „денешните мали Исуси“ и дека ужасно многу невини цивили загинале во израелските напади.

 

The post Папата се заложи за прекин на војната во Газа и го осуди абортусот appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск денеска во божиќната порака повика на прекин на војната во Газа и изнаоѓање трајно решение на конфликтот на Блискиот Исток, истовремено остро осудувајќи го абортусот.
Се залагам за крај на воените операции со нивната ужасна жетва на невини цивилни жртви и повикувам на решение за очајната хуманитарна ситуација со обезбедување хуманитарна помош. Нека има крај на поттикнувањето насилство и омраза. И нека се реши палестинското прашање преку искрен и истраен дијалог меѓу страните, поткрепен со силна политичка волја и поддршка од меѓународната заедница, рече папата во обаќањето од централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ пред илјадници луѓе на плоштадот.
Папата повторно го осуди „одвратниот“ напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, кој ја поттикна војната и го повика палестинското движење да ги ослободи еврејските заложници, истовремено барајќи од Израел да дозволи подобра помош во опколената Газа. Божик оваа година се слави тивко во Светата земја поради војната во Газа меѓу Израел и исламистичкиот Хамас. Речиси нема туристи во Витлеем на Западниот Брег – според традицијата родното место на Исус Христос – и Ерусалим. Тој рече дека се моли за Украина, Сирија, Јемен, либанскиот народ и за сите земји каде се одвиваат насилни конфликти и ги повика сите да му се придружат во молитвата за прекин на сите војни во светот. Изрази жалење за моќта на индустријата за оружје.
Човечкото срце е слабо и импулсивно, ако оружјето ни дојде при рака, порано или подоцна ќе го искористиме. И како вооопшто може да зборуваме за мир, кога постојано се зголемува производството, продажбата и трговијата со оружје?, забележа папата.
Продолжувајќи ја темата за војната, папата Франциск употреби моќни зборови за да го осуди абортусот. Поглаварот на 1,3 милијарди католици направи споредба меѓу абортусот и страдањето на децата во вооружени конфликти или како бегалци.
Колку невини се убиени во нашиот свет! Во утробите на нивните мајки, во одисеи преземени од очај и во потрага по надеж, во животите на сите оние малечки чие детство е уништено од војна“, рече 87-годишниот папа.
Тој рече дека децата кои умираат во војни, вклучително и во Газа, се „денешните мали Исуси“ и дека ужасно многу невини цивили загинале во израелските напади.  

The post Папата се заложи за прекин на војната во Газа и го осуди абортусот appeared first on Република.

]]>
Вартоломеј: Веднаш да прекинат инвазијата и војната и да му се даде шанса на дијалогот https://republika.mk/vesti/svet/vartolomej-vednash-da-prekinat-invazijata-i-vojnata-i-da-mu-se-dade-shansa-na-dijalogot/ Sun, 13 Mar 2022 12:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=472098

Апел што е можно побргу да се постигне прекин на огнот и да запре војната и инвазијата, упати вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената литургија посветена на Неделата на православието и повика „инволвираните страни да седнат на масата на преговори и да му дадат шанса на дијалогот, јави дописничката на МИА од Атина.

На свечената литургија присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а вселенскиот патријарх истакна дека војната е прекршување на меѓународното право, „кое веќе е правото на мирот“.

Упатувам апел за итен прекин на огнот на сите фронтови на војната. Насилството и војната не само што не ги решаваат разликите, туку предизвикуваат болка и смрт и создаваат посложени проблеми. Треба веднаш, сега да прекине инвазијата и војната и да се даде нова шанса на дијалогот што во голема мера е средство на помирувањето и мирот, порача Вартоломеј.

Паралелно му се заблагодари на Мицотакис за позицијата што ја зазема за војната во Украина како и за испратената помош, додавајќи дека и тие како црква прават сè што можат за да помогнат.

Сите ние гледаме што се случува околу нас во срцето на Европа, како во 21 век започна и е во тек една неправедна војна, се пролева човечка крв, гинат луѓе, деца остануваат сираци, а жени вдовици, се уништуваат цели градови и села. Мислите и молитвите на сите нас се со нашите украински браќа сите овие денови, рече вселенскиот патријарх.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во еднодневна посета на Вселенската Патријаршија, каде што утрово присуствуваше на свечената литургија, а попладне ќе се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Дополнително, ќе се сретне и со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, кој во претседателска резиденција во Истанбул, ќе организира ручек во чест на Мицотакис

The post Вартоломеј: Веднаш да прекинат инвазијата и војната и да му се даде шанса на дијалогот appeared first on Република.

]]>

Апел што е можно побргу да се постигне прекин на огнот и да запре војната и инвазијата, упати вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената литургија посветена на Неделата на православието и повика „инволвираните страни да седнат на масата на преговори и да му дадат шанса на дијалогот, јави дописничката на МИА од Атина. На свечената литургија присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а вселенскиот патријарх истакна дека војната е прекршување на меѓународното право, „кое веќе е правото на мирот“.
Упатувам апел за итен прекин на огнот на сите фронтови на војната. Насилството и војната не само што не ги решаваат разликите, туку предизвикуваат болка и смрт и создаваат посложени проблеми. Треба веднаш, сега да прекине инвазијата и војната и да се даде нова шанса на дијалогот што во голема мера е средство на помирувањето и мирот, порача Вартоломеј.
Паралелно му се заблагодари на Мицотакис за позицијата што ја зазема за војната во Украина како и за испратената помош, додавајќи дека и тие како црква прават сè што можат за да помогнат.
Сите ние гледаме што се случува околу нас во срцето на Европа, како во 21 век започна и е во тек една неправедна војна, се пролева човечка крв, гинат луѓе, деца остануваат сираци, а жени вдовици, се уништуваат цели градови и села. Мислите и молитвите на сите нас се со нашите украински браќа сите овие денови, рече вселенскиот патријарх.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во еднодневна посета на Вселенската Патријаршија, каде што утрово присуствуваше на свечената литургија, а попладне ќе се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј. Дополнително, ќе се сретне и со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, кој во претседателска резиденција во Истанбул, ќе организира ручек во чест на Мицотакис

The post Вартоломеј: Веднаш да прекинат инвазијата и војната и да му се даде шанса на дијалогот appeared first on Република.

]]>