прехрамбени производи Archives - Република https://republika.mk/tema/prehrambeni-proizvodi/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Mar 2024 08:02:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прехрамбени производи Archives - Република https://republika.mk/tema/prehrambeni-proizvodi/ 32 32 За да се наполни потрошувачката кошничка потребни се околу 1000 евра или три минимални плати https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-da-se-napolni-potroshuvachkata-koshnichka-potrebni-se-okolu-1000-evra-ili-tri-minimalni-plati/ Fri, 01 Mar 2024 07:51:02 +0000 https://republika.mk/?p=749834

Денеска граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок поради не продолжување на мерката загарантирани цени на прехранбените производи.Со ваквата одлука на владата на СДС и ДУИ директно се удира по џебот на граѓаните.Од денеска цените на прехранбените производи значително ќе се зголемат, а со тоа и инфлацијата која што во моментот е 50 проценти поголема од онаа во еврозоната, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДС и ДУИ од една страна додека се фали дека наводно ги зголемуваат платите, а од друга страна носи непромислени одлуки кои негативно ќе влијаат врз животниот стандард на граѓаните.

Наводното зголемување на платите со кои се фали СДС и Димитар Ковачевски е безначајно бидејќи куповната моќ на парите е намалена. Па така за да се наполни една потрошувачка кошничка потребни се околу 1000 евра, или три минимални плати.

Со СДС и ДУИ граѓаните едвај врзуваат месец за месец. Со СДС и ДУИ граѓаните едвај преживуваат.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nov-udar-za-graganite-od-deneska-nema-veke-garantirani-tseni/

Со овој ценовен шок и зголемување на цените на прехранбените производи само ќе се зголемува бројот на оние 600.000 сиромашни граѓани кои денот го поминуваат со 150 денари.

Владата на СДС и Ковачевски во заминување преку ваквите катастрофални мерки сакаат да им се одмазди на граѓаните заради нивниот слаб рејтинг.

За нивниот слаб рејтинг не се виновни граѓаните, туку самите тие кои изминатите 7 години водат политика на криминал и лично богатење.

The post За да се наполни потрошувачката кошничка потребни се околу 1000 евра или три минимални плати appeared first on Република.

]]>

Денеска граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок поради не продолжување на мерката загарантирани цени на прехранбените производи.Со ваквата одлука на владата на СДС и ДУИ директно се удира по џебот на граѓаните.Од денеска цените на прехранбените производи значително ќе се зголемат, а со тоа и инфлацијата која што во моментот е 50 проценти поголема од онаа во еврозоната, обвини ВМРО-ДПМНЕ. Владата на СДС и ДУИ од една страна додека се фали дека наводно ги зголемуваат платите, а од друга страна носи непромислени одлуки кои негативно ќе влијаат врз животниот стандард на граѓаните.
Наводното зголемување на платите со кои се фали СДС и Димитар Ковачевски е безначајно бидејќи куповната моќ на парите е намалена. Па така за да се наполни една потрошувачка кошничка потребни се околу 1000 евра, или три минимални плати.
Со СДС и ДУИ граѓаните едвај врзуваат месец за месец. Со СДС и ДУИ граѓаните едвај преживуваат. https://republika.mk/vesti/ekonomija/nov-udar-za-graganite-od-deneska-nema-veke-garantirani-tseni/ Со овој ценовен шок и зголемување на цените на прехранбените производи само ќе се зголемува бројот на оние 600.000 сиромашни граѓани кои денот го поминуваат со 150 денари.
Владата на СДС и Ковачевски во заминување преку ваквите катастрофални мерки сакаат да им се одмазди на граѓаните заради нивниот слаб рејтинг.
За нивниот слаб рејтинг не се виновни граѓаните, туку самите тие кои изминатите 7 години водат политика на криминал и лично богатење.  

The post За да се наполни потрошувачката кошничка потребни се околу 1000 евра или три минимални плати appeared first on Република.

]]>
МФ: Најниска повластена стапка на ДДВ за основните прехранбени производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/mf-najniska-povlastena-stapka-na-ddv-za-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ Thu, 28 Sep 2023 12:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=686032

Сите основни прехранбени производи што граѓаните ги користат во секојдневна употреба се дел од листата на производи што ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5 отсто. Листата што денеска ја усвои Владата содржи над 1.600 производи и се проширува со производи како што се електронските/дигитални учебници и други производи. На оваа листа на повластена стапка на оданочување остануваат и пелетите за загревање, информираат од Министерството за финансии (МФ).

Согласно донесената Одлука од страна на Владата, граѓаните и натаму ќе ги купуваат производите со пониска даночна стапка како што се лебот, белиот шеќер, брашното, маслото од сончоглед, млекото и павлаката, месо, јајца, сирење, урда, кашкавал, овошје и зеленчук, тестенини, супи, ајвар, природен мед, сол, кечап и слично. Листата е долга и содржи голем број производи кои граѓаните ги користат и се на трпезата во секојдневната исхрана. Станува збор за над 1.600 производи кои имаат најниска повластена стапка на оданочување, велат од МФ.

Мерката за замрзнување на цената на лебот ја предложи Министерството за економија по анализите кои покажуваат дека повеќето компании од прехранбената индустрија, иако добиле субвенционирана с

Владата, денеска, согласно донесените измени на Законот за данок на ДДВ, усвои и Одлука за примена на повластена стапка на ДДВ од 10 отсто, за производи кои имаат помала потрошувачка и имаат третман на луксузен производи и не претставуваат основни производи во исхраната.

На оваа листа се производи како месо од ирваси, лосос, сирење со сина мувла, сирење од типот toffy, јагула, семе од лен, масло од палма и кокосов орев, кавијар, школки, тропско овошје како папаја, манго и авокадо и слично. Вклучувањето на дел од производите коишто ќе се оданочуваат со оваа стапка е со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Имено, овие две листи ги содржат скоро сите прехранбени производи кои се користат од страна на граѓаните, прецизираат од МФ.

Целта на донeсените одлуки, а со тоа и оданочување на основните производи за човечка исхрана со пониска повластена стапка, а останатите производи за човечка исхрана со повисока повластена стапка, посочуваат е пред се заштита на стандардот на граѓаните, како и оданочување со праведна даночна стапка на производите кои што не претставуваат основна човечка исхрана. Дополнително целта е заштита на домашното производство на прехранбени добра и поддршка на домашните компании.

-Одлуките произлегуваат од донесените измени на Законот за данок на додадена вредност, кој беше дел од даночната реформа, која е со цел воспоставување современ даночен систем, кој ќе почива на принципите на праведност и правичност. Дополнително во насока на заштита на стандардот на граѓаните Владата донесе и одлуки за намалување на увозните давачки за свежиот зеленчук и ориз, како и свежиот домат, краставици и пиперки и укинување на увозните давачки за агруми, односно портокал, лимон, грејфрут и мандарина. Со одлуките пониски увозни давачки ќе има кромидот, празот, карфиолот, брокулата, морковот, модриот патлиџан, тиквичките и слично, истакнуваат од МФ.

The post МФ: Најниска повластена стапка на ДДВ за основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Сите основни прехранбени производи што граѓаните ги користат во секојдневна употреба се дел од листата на производи што ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5 отсто. Листата што денеска ја усвои Владата содржи над 1.600 производи и се проширува со производи како што се електронските/дигитални учебници и други производи. На оваа листа на повластена стапка на оданочување остануваат и пелетите за загревање, информираат од Министерството за финансии (МФ). Согласно донесената Одлука од страна на Владата, граѓаните и натаму ќе ги купуваат производите со пониска даночна стапка како што се лебот, белиот шеќер, брашното, маслото од сончоглед, млекото и павлаката, месо, јајца, сирење, урда, кашкавал, овошје и зеленчук, тестенини, супи, ајвар, природен мед, сол, кечап и слично. Листата е долга и содржи голем број производи кои граѓаните ги користат и се на трпезата во секојдневната исхрана. Станува збор за над 1.600 производи кои имаат најниска повластена стапка на оданочување, велат од МФ. Мерката за замрзнување на цената на лебот ја предложи Министерството за економија по анализите кои покажуваат дека повеќето компании од прехранбената индустрија, иако добиле субвенционирана с Владата, денеска, согласно донесените измени на Законот за данок на ДДВ, усвои и Одлука за примена на повластена стапка на ДДВ од 10 отсто, за производи кои имаат помала потрошувачка и имаат третман на луксузен производи и не претставуваат основни производи во исхраната. На оваа листа се производи како месо од ирваси, лосос, сирење со сина мувла, сирење од типот toffy, јагула, семе од лен, масло од палма и кокосов орев, кавијар, школки, тропско овошје како папаја, манго и авокадо и слично. Вклучувањето на дел од производите коишто ќе се оданочуваат со оваа стапка е со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Имено, овие две листи ги содржат скоро сите прехранбени производи кои се користат од страна на граѓаните, прецизираат од МФ. Целта на донeсените одлуки, а со тоа и оданочување на основните производи за човечка исхрана со пониска повластена стапка, а останатите производи за човечка исхрана со повисока повластена стапка, посочуваат е пред се заштита на стандардот на граѓаните, како и оданочување со праведна даночна стапка на производите кои што не претставуваат основна човечка исхрана. Дополнително целта е заштита на домашното производство на прехранбени добра и поддршка на домашните компании. -Одлуките произлегуваат од донесените измени на Законот за данок на додадена вредност, кој беше дел од даночната реформа, која е со цел воспоставување современ даночен систем, кој ќе почива на принципите на праведност и правичност. Дополнително во насока на заштита на стандардот на граѓаните Владата донесе и одлуки за намалување на увозните давачки за свежиот зеленчук и ориз, како и свежиот домат, краставици и пиперки и укинување на увозните давачки за агруми, односно портокал, лимон, грејфрут и мандарина. Со одлуките пониски увозни давачки ќе има кромидот, празот, карфиолот, брокулата, морковот, модриот патлиџан, тиквичките и слично, истакнуваат од МФ.

The post МФ: Најниска повластена стапка на ДДВ за основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Се разгледуваат сите опции за да се намалат цените на основните прехранбени производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-se-razgleduvaat-site-optsii-za-da-se-namalat-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ Wed, 11 Jan 2023 14:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=595842

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, одговорајќи на новинарско прашање дали Владата размислува да ја активира мерката за замрзнување на цените, рече дека се разгледуваат сите опции.

Бектеши напомена дека цените на основните прехранбени производи моментно се стабилизирани за разлика од оние во септември и октомври кога имаше нагло зголемување, а кај некои призводи има и намалување.

Уште еднаш да повторам, ние не сме кажале дека ќе се вратиме на цените од пред една или две години, туку дека ќе има намалување на цените од септември и октомври за седум до 12 – 13 отсто на одредени производи и кај некои производи такво намалување веќе има. Дали треба да има и кај другите производи – да, треба да има и затоа правиме различни мерки за да им излеземе во пресрет на компаниите за да можат тие да донесат такви одлуки и да ги намалат цените. Секогаш зборуваме за производи кои се произведуваат во земјава, а не за тие што се увезуваат зашто таму немаме никакво влијание, освен да замрзнеме маржа на дистрибутерите на трговците на трговците на големо и мало - истакна министерот.

Тој се наврати на досега преземените мерки, потсетувајќи дека лани, по замрзнувањето на цените, се отиде на друга мерка – замрзнување на маржите на трговците на мало и на големо.

Би сакал да се навратам на претходната година. Треба да ги потсетиме граѓаните дека во ова време, претходната година бевме една од единствените држави каде имаше замрзнување на цените. Кога се прават компаративни анализи мора да се има предвид дека повеќето од цените на основните прехранбени производи во ноември, декември и јануари можеби и биле замрзнати под цените на производството во тој одреден момент. И кога се вадат податоци, и од статистика и од другите релевантни институции, тие ги споредуваат со цените кои биле замрзнати, не биле пазарни цени, рече Бектеши кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, беше во посета на фабриката „Пекабеско“.

The post Бектеши: Се разгледуваат сите опции за да се намалат цените на основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, одговорајќи на новинарско прашање дали Владата размислува да ја активира мерката за замрзнување на цените, рече дека се разгледуваат сите опции. Бектеши напомена дека цените на основните прехранбени производи моментно се стабилизирани за разлика од оние во септември и октомври кога имаше нагло зголемување, а кај некои призводи има и намалување.
Уште еднаш да повторам, ние не сме кажале дека ќе се вратиме на цените од пред една или две години, туку дека ќе има намалување на цените од септември и октомври за седум до 12 – 13 отсто на одредени производи и кај некои производи такво намалување веќе има. Дали треба да има и кај другите производи – да, треба да има и затоа правиме различни мерки за да им излеземе во пресрет на компаниите за да можат тие да донесат такви одлуки и да ги намалат цените. Секогаш зборуваме за производи кои се произведуваат во земјава, а не за тие што се увезуваат зашто таму немаме никакво влијание, освен да замрзнеме маржа на дистрибутерите на трговците на трговците на големо и мало - истакна министерот.
Тој се наврати на досега преземените мерки, потсетувајќи дека лани, по замрзнувањето на цените, се отиде на друга мерка – замрзнување на маржите на трговците на мало и на големо. Би сакал да се навратам на претходната година. Треба да ги потсетиме граѓаните дека во ова време, претходната година бевме една од единствените држави каде имаше замрзнување на цените. Кога се прават компаративни анализи мора да се има предвид дека повеќето од цените на основните прехранбени производи во ноември, декември и јануари можеби и биле замрзнати под цените на производството во тој одреден момент. И кога се вадат податоци, и од статистика и од другите релевантни институции, тие ги споредуваат со цените кои биле замрзнати, не биле пазарни цени, рече Бектеши кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, беше во посета на фабриката „Пекабеско“.

The post Бектеши: Се разгледуваат сите опции за да се намалат цените на основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Ограничените маржи на основните прехранбени производи остануваат до крај на април 2023 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-ogranichenite-marzhi-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-ostanuvaat-do-kraj-na-april-2023-godina/ Tue, 27 Dec 2022 12:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=590564

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 30 април 2023 година.

Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот на примена до 30 април 2023 година, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Дополнително на тоа, додаде, Владата овозможи од 1 декември оваа година да се користи субвенционирана електрична енергија кај домашните производители на основните прехранбени производи, се додека трае кризната состојба.

Целта е со субвенционирана електрична енергија кај домашните производители и регулирана трговска маржа, на пазарот да имаме коригирани цени, потенцира Бектеши.

Во опфат на мерката ќе продолжат да бидат следните производи: – леб бел; сечен на парчиња или цел; шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) со 5 отсто трговска маржа за трговците на големо (тука се и производителите) и трговците на мало.

Потоа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500; макарони и шпагети од тврда пченица; македонски бел ориз, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто; јајца; урда; кравјо бело сирење и мешано бело сирење; кашкавал; кисело млеко и павлака и јогурт со 10 отсто трговска маржа за трговците на големо (тука се и производителите) и трговците на мало.

The post Бектеши: Ограничените маржи на основните прехранбени производи остануваат до крај на април 2023 година appeared first on Република.

]]>

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 30 април 2023 година. Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот на примена до 30 април 2023 година, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил. Дополнително на тоа, додаде, Владата овозможи од 1 декември оваа година да се користи субвенционирана електрична енергија кај домашните производители на основните прехранбени производи, се додека трае кризната состојба. Целта е со субвенционирана електрична енергија кај домашните производители и регулирана трговска маржа, на пазарот да имаме коригирани цени, потенцира Бектеши. Во опфат на мерката ќе продолжат да бидат следните производи: – леб бел; сечен на парчиња или цел; шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) со 5 отсто трговска маржа за трговците на големо (тука се и производителите) и трговците на мало. Потоа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500; макарони и шпагети од тврда пченица; македонски бел ориз, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто; јајца; урда; кравјо бело сирење и мешано бело сирење; кашкавал; кисело млеко и павлака и јогурт со 10 отсто трговска маржа за трговците на големо (тука се и производителите) и трговците на мало.

The post Бектеши: Ограничените маржи на основните прехранбени производи остануваат до крај на април 2023 година appeared first on Република.

]]>
Со антикризните мерки се намалуваат цените на лебот и основните производи https://republika.mk/vesti/makedonija/so-antikriznite-merki-se-namaluvaat-cenite-na-lebot-i-osnovnite-proizvodi/ Sun, 13 Nov 2022 09:51:17 +0000 https://republika.mk/?p=573198

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски носи навремени и ефикасни мерки и политики за ублажување на последиците од најтешката светска економска криза, велат од СДСМ.

Последната мерка за обезбедување на струја по пониска, фискна цена за комапниите коишто произведуваат основни прехранбени производи веќе ги дава првите резултати.

Цените на лебот и на основните прехранбени производи се намалуваат.

Поевтината струја за компаниите ќе овозможи стабилизирање на пазарот, и намалување на цените на основините прехранбени производи за најмалку 10 отсто.

Истовремено продолжува субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании, а околу 200.000 граѓани од ранливите категории во текот на наредните месеци ќе примаат финансиска поддршка.

СДСМ делува одговорно во време на криза. Грижата за сите продолжува.

The post Со антикризните мерки се намалуваат цените на лебот и основните производи appeared first on Република.

]]>

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски носи навремени и ефикасни мерки и политики за ублажување на последиците од најтешката светска економска криза, велат од СДСМ. Последната мерка за обезбедување на струја по пониска, фискна цена за комапниите коишто произведуваат основни прехранбени производи веќе ги дава првите резултати. Цените на лебот и на основните прехранбени производи се намалуваат. Поевтината струја за компаниите ќе овозможи стабилизирање на пазарот, и намалување на цените на основините прехранбени производи за најмалку 10 отсто. Истовремено продолжува субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании, а околу 200.000 граѓани од ранливите категории во текот на наредните месеци ќе примаат финансиска поддршка. СДСМ делува одговорно во време на криза. Грижата за сите продолжува.

The post Со антикризните мерки се намалуваат цените на лебот и основните производи appeared first on Република.

]]>
Околу 150 прехранбени компании од 1 декември ќе бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија https://republika.mk/vesti/ekonomija/okolu-150-prehranbeni-kompanii-od-1-dekemvri-kje-bidat-prefrleni-na-reguliraniot-pazar-na-elektrichna-energija/ Thu, 13 Oct 2022 20:16:31 +0000 https://republika.mk/?p=560816

Од 100 до 150 компании од прехранбената индустрија ќе бидат префрлени на регулираниот пазар како еден од начините и мерките за намалување на цените на основните прехранбени производи, а со тоа и инфлацијата, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

– Оваа мерка би важела од 1 декември 2022 година имајќи во предвид дека треба да се справуваме и со инфлацијата во делот на храната, а одредени компании кои произведуваат основни прехранбени производи имаат за три до четири, па дури и 10 пати поголеми трошоци во импутот електрична енергија. За да се намалат овие трошоци кои се директен импут во крајната цена ние ќе ги ставиме тие дејности на регулираниот пазар, по конкурентна цена на струјата, но со обврска да се намалат цените на основните прехранбени производи за процентот за кој ќе им се намали трошокот за струја, рече Бектеши во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

The post Околу 150 прехранбени компании од 1 декември ќе бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија appeared first on Република.

Бектеши: Се прави анализа на антикризните економски мерки, ако треба ќе има дополнителни https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-se-pravi-analiza-na-antikriznite-ekonomski-merki-ako-treba-kje-ima-dopolnitelni/ Mon, 21 Mar 2022 13:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=476117

Во Министерството за економија денеска ќе направиме анализа, а утре на седница на Владата ќе информираме како се спроведуваат мерките кои се во функција, а ако треба ќе донесеме и дополнителни мерки, со цел да ги намалиме ценовните шокови, посебно за производите за кои е замрзната маржата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Ги објавивме 26-те мерки за заштита на стандардот на граѓаните во глобалната економска криза. Ние имаме и други механизми во Министерството за економија, но и во другите институции, како автономните мерки со кои можеме целосно да укинеме некои царински давачки кои се предвидени, имајќи предвид дека нашата држава, главно, трговијата ја има со ЕУ, согласно со договорот за стабилизација и асоцијација и согласно договорот со ЦЕФТА - рече Бектеши во одговор на прашање при денешната посета на прехранбената индустрија „Витаминка“ од Прилеп.

Тоа, како што кажа, може да се прошири во случај ако продолжи војната во Украина.

Би требало како и другите држави да мораме дополнително да се снабдиме со суровини и финални производи. Денеска во Министерството за економија ќе направиме анализа, а утре на седница на Владата ќе информираме како се спроведуваат мерките кои се во функција, а ако треба ќе донесеме и такви мерки, се со цел да ги намалиме ценовните шокови, посебно за производите кои се утврдени во одлуката и за кои е замрзната маржата - рече Бектеши.

The post Бектеши: Се прави анализа на антикризните економски мерки, ако треба ќе има дополнителни appeared first on Република.

Владата одобри нула ДДВ на основните прехрамбени производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-odobri-nula-ddv-na-osnovnite-prehrambeni-proizvodi/ Wed, 09 Mar 2022 13:58:58 +0000 https://republika.mk/?p=470130

Владата донесе пакет од 26 мерки и препораки за ублажување на последиците од економската криза и руско-украинскиот конфликт. Мерките се наменети за граѓаните и за компаниите со цел да се сочува животниот стандард на граѓани и ликвидноста на компаниите.

Мерките се поделени во две категории. Во првата група се мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и компаниите, а во втората група – мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка.

Дел од мерките се намалување на повластената стапка на ДДВ за основните прехранбени производи на нула проценти и тоа ќе важи за лебот, шеќерот, брашно тип 400, зејтин, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Се замрзнуваат и маржите за основните прехранбени производи. Предвидени се и ваучери во вредност од илјада денари за купување на основните прехрабени производи за ранливите категории…

Предизвиците пред нас се огромни. Во услови на постпандемија се соочуваме со најголемата економска криза која Европа и светот ја паметат во поново време. На глобално ниво растот на трошоците на храната и на енергенсите како резултат на воената агресија на Русија на Украина го чувствуваме и ние денес и сега. Дисбалансот на цените на основните продукти и енергенси не засега и нас. Ова ќе биде тешка година но со добри мерки и политики ќе ја премостиме - порача премиеро Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Владата.

The post Владата одобри нула ДДВ на основните прехрамбени производи appeared first on Република.

]]>

Владата донесе пакет од 26 мерки и препораки за ублажување на последиците од економската криза и руско-украинскиот конфликт. Мерките се наменети за граѓаните и за компаниите со цел да се сочува животниот стандард на граѓани и ликвидноста на компаниите. Мерките се поделени во две категории. Во првата група се мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и компаниите, а во втората група – мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка. Дел од мерките се намалување на повластената стапка на ДДВ за основните прехранбени производи на нула проценти и тоа ќе важи за лебот, шеќерот, брашно тип 400, зејтин, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Се замрзнуваат и маржите за основните прехранбени производи. Предвидени се и ваучери во вредност од илјада денари за купување на основните прехрабени производи за ранливите категории… Предизвиците пред нас се огромни. Во услови на постпандемија се соочуваме со најголемата економска криза која Европа и светот ја паметат во поново време. На глобално ниво растот на трошоците на храната и на енергенсите како резултат на воената агресија на Русија на Украина го чувствуваме и ние денес и сега. Дисбалансот на цените на основните продукти и енергенси не засега и нас. Ова ќе биде тешка година но со добри мерки и политики ќе ја премостиме - порача премиеро Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Владата.

The post Владата одобри нула ДДВ на основните прехрамбени производи appeared first on Република.

]]>
Владата ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-gi-ogranichi-trgovskite-marzi-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ Tue, 22 Feb 2022 13:30:08 +0000 https://republika.mk/?p=461975

Владата на предлог на Министерството за економија на денешната седница донесе Одлука за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало што ќе важат од 1 март до 31 мај годинава.

Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот.

Со оглед на информациите и анализите на терен дека трошоците на производителите на основни прехранбени производи растат, оваа одлука има за цел да се ограничат трговците да прават профит на грбот на граѓаните и на производителите. Со оваа одлука се контролира растот на цените на основните прехранбени производи да нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1 март престанува да важи одлуката за замрзнати цени на основните прехранбени производи - рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека на листата на основни прехранбени производи сега се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта.

Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици - прецизира Бектеши.

Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука, како што најави, ќе следуваат глоби.

За прекршување на овие мерки согласно член 30 од Законот за трговија предвидени се глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец - рече Бектеши.

Во наредниот период, како што кажа, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците и ги повика граѓаните кои ќе утврдат зголемување на цените на основните прехранбени производи да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на ДПИ.

Министерството за економија е во финална анализа и преку инклузивен процес ќе почне дискусија за подготовка на Закон за нефер трговски практики во синџирот за снабдување со храна кој ќе биде готов до крајот на март и ќе биде пуштен во собраниска процедура - информира Бектеши.

The post Владата ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Владата на предлог на Министерството за економија на денешната седница донесе Одлука за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало што ќе важат од 1 март до 31 мај годинава. Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот.
Со оглед на информациите и анализите на терен дека трошоците на производителите на основни прехранбени производи растат, оваа одлука има за цел да се ограничат трговците да прават профит на грбот на граѓаните и на производителите. Со оваа одлука се контролира растот на цените на основните прехранбени производи да нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1 март престанува да важи одлуката за замрзнати цени на основните прехранбени производи - рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.
Тој нагласи дека на листата на основни прехранбени производи сега се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта.
Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици - прецизира Бектеши.
Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука, како што најави, ќе следуваат глоби.
За прекршување на овие мерки согласно член 30 од Законот за трговија предвидени се глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец - рече Бектеши.
Во наредниот период, како што кажа, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците и ги повика граѓаните кои ќе утврдат зголемување на цените на основните прехранбени производи да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на ДПИ.
Министерството за економија е во финална анализа и преку инклузивен процес ќе почне дискусија за подготовка на Закон за нефер трговски практики во синџирот за снабдување со храна кој ќе биде готов до крајот на март и ќе биде пуштен во собраниска процедура - информира Бектеши.

The post Владата ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Ќе се направат анализи, а потоа ќе се соопштат мерките за задржување на ценовната стабилност https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-kje-se-napravat-analizi-a-potoa-kje-se-soopshtat-merkite-za-zadrzuvanje-na-cenovnata-stabilnost/ Wed, 16 Feb 2022 20:44:03 +0000 https://republika.mk/?p=459544

Регулирањето на цената на увозните производи се однесува и на цените на горивата. Најпрвин ќе бидат направени анализи, а потоа ќе се соопштат мерките и идните планови за задржување на ценовната стабилност на максимално можно ниво, но и задржување на стандардот на граѓаните, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Сител, прашан дали Владата планира одредени мерки во врска со зголемувањето на цените на горивата.

Премиерот посочи дека зголемување на цените има и во останатите држави поради актуелната ситуација со пандемијата, но потсети дека Владата ги замрзна цените на основните прехранбени продукти, со што се спречи нивното зголемување.

Доколку не беа тие мерки, тогаш зголемувањето на цените ќе беше многу поголемо. Затоа се пристапи кон замрзнување на цените на основните прехранбени продукти наведени во листата на Министерството за економија согласно одлуката на Владата. Цените можат да се регулираат на повеќе начини. Има и директно замрзнување, но во тој случај треба да се видат реакциите и мислењето и на стопанските субјекти кои работат во производство на тие продукти и во увоз со оглед на то дека дел се од домашно производство, а дел се од увоз - рече Ковачевски.

Тој напомена дека ќе се разговара и ќе се првата анализи, посочувајќи дека постојат и други методологии во однос на регулирање на цените и спречување на нивно зголемување.

Постојат и други методологии кои се на располагање во однос на регулирање на цени и спречување на нивно зголемување. Тоа може да се направи и преку интервенција на увозните маржи. Министерството за економија веќе има задача тоа да го направи, тие ќе почнат разговори и со производителите и со увозниците, за да може на крајот на февруари да имаме нови мерки кои ќе спречат големо зголемување на цените - додаде Ковачевски.

Во однос на пензиите, премиерот посочи дека Владата работи на нова методологија за покачување на пензиите, но и за дополнителна финансиска помош со цел надминување на последиците од енергетската криза.

Тој нагласи дека зголемувањето на пензиите и пакетот мерки ќе бидат донесени преку дијалог со сите засегнати страни.

Ќе се работи на анализи и на нова методологија на усогласување на пензиите така како што има одредени предлози на асоцијациите на пензионери. И дополнително со оглед на тоа што се наоаѓаме во енергетска криза која што најмногу ги погаѓа најранливите ние веќе работиме и на анализа на дополнителна финансиска помош на пензионерите во време на криза, а нивото на поддршка, ќе го дадат анализите. Оние кои се најранливи, кои имаат најниски пензии, помошта ќе биде поголема и како што се зголемува нивото на пензиите така ќе биде нивелирана на пониско ниво за да можеме да го заштитиме животниот стандард на пензионерите - порача Ковачевски.

The post Ковачевски: Ќе се направат анализи, а потоа ќе се соопштат мерките за задржување на ценовната стабилност appeared first on Република.

]]>

Регулирањето на цената на увозните производи се однесува и на цените на горивата. Најпрвин ќе бидат направени анализи, а потоа ќе се соопштат мерките и идните планови за задржување на ценовната стабилност на максимално можно ниво, но и задржување на стандардот на граѓаните, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Сител, прашан дали Владата планира одредени мерки во врска со зголемувањето на цените на горивата. Премиерот посочи дека зголемување на цените има и во останатите држави поради актуелната ситуација со пандемијата, но потсети дека Владата ги замрзна цените на основните прехранбени продукти, со што се спречи нивното зголемување.
Доколку не беа тие мерки, тогаш зголемувањето на цените ќе беше многу поголемо. Затоа се пристапи кон замрзнување на цените на основните прехранбени продукти наведени во листата на Министерството за економија согласно одлуката на Владата. Цените можат да се регулираат на повеќе начини. Има и директно замрзнување, но во тој случај треба да се видат реакциите и мислењето и на стопанските субјекти кои работат во производство на тие продукти и во увоз со оглед на то дека дел се од домашно производство, а дел се од увоз - рече Ковачевски.
Тој напомена дека ќе се разговара и ќе се првата анализи, посочувајќи дека постојат и други методологии во однос на регулирање на цените и спречување на нивно зголемување.
Постојат и други методологии кои се на располагање во однос на регулирање на цени и спречување на нивно зголемување. Тоа може да се направи и преку интервенција на увозните маржи. Министерството за економија веќе има задача тоа да го направи, тие ќе почнат разговори и со производителите и со увозниците, за да може на крајот на февруари да имаме нови мерки кои ќе спречат големо зголемување на цените - додаде Ковачевски.
Во однос на пензиите, премиерот посочи дека Владата работи на нова методологија за покачување на пензиите, но и за дополнителна финансиска помош со цел надминување на последиците од енергетската криза. Тој нагласи дека зголемувањето на пензиите и пакетот мерки ќе бидат донесени преку дијалог со сите засегнати страни.
Ќе се работи на анализи и на нова методологија на усогласување на пензиите така како што има одредени предлози на асоцијациите на пензионери. И дополнително со оглед на тоа што се наоаѓаме во енергетска криза која што најмногу ги погаѓа најранливите ние веќе работиме и на анализа на дополнителна финансиска помош на пензионерите во време на криза, а нивото на поддршка, ќе го дадат анализите. Оние кои се најранливи, кои имаат најниски пензии, помошта ќе биде поголема и како што се зголемува нивото на пензиите така ќе биде нивелирана на пониско ниво за да можеме да го заштитиме животниот стандард на пензионерите - порача Ковачевски.
 
The post Ковачевски: Ќе се направат анализи, а потоа ќе се соопштат мерките за задржување на ценовната стабилност appeared first on Република.

]]>
Од понеделник Турција го намалува данокот на основните прехранбени производи https://republika.mk/vesti/svet/od-ponedelnik-turcija-go-namaluva-danokot-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ Sat, 12 Feb 2022 22:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=457724

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави намалување од седум отсто на данокот на основните прехранбени производи, бидејќи Турција се соочува со висока стапка на инфлација, јави вечерва Радио Слободна Европа.

Неговата одлука ќе стапи на сила во понеделник. Ердоган рече дека властите очекуваат прехранбените компании да ги намалат цените за седум отсто.

Според него, цените на храната сочинуваат значителен дел од инфлацијата.

Според официјалните податоци за последниот месец, инфлацијата се искачи на 48,69 отсто на годишно ниво.

The post Од понеделник Турција го намалува данокот на основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави намалување од седум отсто на данокот на основните прехранбени производи, бидејќи Турција се соочува со висока стапка на инфлација, јави вечерва Радио Слободна Европа. Неговата одлука ќе стапи на сила во понеделник. Ердоган рече дека властите очекуваат прехранбените компании да ги намалат цените за седум отсто. Според него, цените на храната сочинуваат значителен дел од инфлацијата. Според официјалните податоци за последниот месец, инфлацијата се искачи на 48,69 отсто на годишно ниво.

The post Од понеделник Турција го намалува данокот на основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>