предвремено родени бебиња Archives - Република https://republika.mk/tema/predvremeno-rodeni-bebina/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 16:47:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png предвремено родени бебиња Archives - Република https://republika.mk/tema/predvremeno-rodeni-bebina/ 32 32 Близначињата Марија и Василиј родени со 900 и 940 грама си заминаа дома како здрави бебиња https://republika.mk/zivot/zdravje/bliznachinata-marija-i-vasilij-rodeni-so-900-i-940-grama-si-zaminaa-doma-kako-zdravi-bebina/ Sat, 24 Feb 2024 16:47:35 +0000 https://republika.mk/?p=747898

Пред неколку дена предвремено родените бебиња – близначињата Марија и Василиј си заминаа дома како здрави бебиња, информираат од скопска Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК).

Родени се во 27 гестациска недела, Василиј со родилна тежина од 900 грама, а Марија со 940 грама.

По 72 дена престој на ОИН, каде секојдневно ја добиваа медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, Василиј го испративме дома со 2000 грама, а Марија со 2250 грама. На малите борци близначиња им посакуваме многу здравје, безгрижно детство и само радости да им носат на своите родители, велат од ГАК.

 

The post Близначињата Марија и Василиј родени со 900 и 940 грама си заминаа дома како здрави бебиња appeared first on Република.

]]>

Пред неколку дена предвремено родените бебиња – близначињата Марија и Василиј си заминаа дома како здрави бебиња, информираат од скопска Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК). Родени се во 27 гестациска недела, Василиј со родилна тежина од 900 грама, а Марија со 940 грама.
По 72 дена престој на ОИН, каде секојдневно ја добиваа медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, Василиј го испративме дома со 2000 грама, а Марија со 2250 грама. На малите борци близначиња им посакуваме многу здравје, безгрижно детство и само радости да им носат на своите родители, велат од ГАК.
 

The post Близначињата Марија и Василиј родени со 900 и 940 грама си заминаа дома како здрави бебиња appeared first on Република.

]]>
„Оксфам“: Порасна бројот на предвремено родени бебиња во Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/oksfam-porasna-brojot-na-predvremeno-rodeni-bebina-vo-pojasot-gaza/ Thu, 23 Nov 2023 18:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=715626

Бројот на предвремено родени бебиња по израелската опсада на Појасот Газа се зголеми за речиси една третина во изминатиот месец, бидејќи мајките се подложени на зголемен стрес и траума, соопшти британската добротворна организација „Оксфам“.

Десетици предвремено родени бебиња се најдоа на насловните страници оваа недела откако беа спасени од болница во северниот дел на Газа и префрлени во Египет откако локацијата беше под израелско бомбардирање.

„Џузор“, партнерска организација на Оксфам што помага на стотици бремени жени во Газа, соопшти дека бројот на предвремено родени бебиња се зголемил за 25 до 30 отсто во изминатиот месец.

Предвремено родените бебиња се поподложни на болести, а „Џузор“ објави дека најмалку едно новороденче починало во секое од 13-те засолништа за раселени лица во северниот дел на Газа во изминатиот месец.

Дури и пред актуелниот конфликт, имаше високо ниво на смртност на деца во Газа. Смртните случаи на новороденчиња сочинуваат 68 проценти од вкупните смртни случаи, според Светската здравствена организација.

The post „Оксфам“: Порасна бројот на предвремено родени бебиња во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Бројот на предвремено родени бебиња по израелската опсада на Појасот Газа се зголеми за речиси една третина во изминатиот месец, бидејќи мајките се подложени на зголемен стрес и траума, соопшти британската добротворна организација „Оксфам“. Десетици предвремено родени бебиња се најдоа на насловните страници оваа недела откако беа спасени од болница во северниот дел на Газа и префрлени во Египет откако локацијата беше под израелско бомбардирање. „Џузор“, партнерска организација на Оксфам што помага на стотици бремени жени во Газа, соопшти дека бројот на предвремено родени бебиња се зголемил за 25 до 30 отсто во изминатиот месец. Предвремено родените бебиња се поподложни на болести, а „Џузор“ објави дека најмалку едно новороденче починало во секое од 13-те засолништа за раселени лица во северниот дел на Газа во изминатиот месец. Дури и пред актуелниот конфликт, имаше високо ниво на смртност на деца во Газа. Смртните случаи на новороденчиња сочинуваат 68 проценти од вкупните смртни случаи, според Светската здравствена организација.

The post „Оксфам“: Порасна бројот на предвремено родени бебиња во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Директорката на ГАК за еден месец потпишала три откази: Кадарот ни заминува, итно ни се потребни нови вработувања во Одделот за предвремено родени бебиња https://republika.mk/zivot/zdravje/direktorkata-na-gak-za-eden-mesets-potpishala-tri-otkazi-kadarot-ni-zaminuva-itno-ni-se-potrebni-novi-vrabotuvana-vo-oddelot-za-predvremeno-rodeni-bebina/ Fri, 17 Nov 2023 14:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=702554

Итно ни требаат доктори и медицински сестри на Одделот за предвремено родени бебиња на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), бидејќи секојдневно заминуваат, побара директорката на Клиниката, д-р Викторија Јовановска.

Д-р Јовановски рече дека е неопходно во најскоро време да се одобрат нови вработувања на Одделот бидејќи работат со мал број вработени.

Работата е многу тешка, тоа е 24-часовно работно време без можност за одмор. Вработените, особено докторите на тој оддел, немаа можност дури ни да го искористат правото на годишен одмор заради тоа што секогаш обврските ги тераат да бидат присутни тука. За да ги постигнеме овие бројки должиме на овие вработени кои, верувајте, макотрпно ја извојуваа оваа победа. Последниот месец потпишав три отказни решенија на сестри кои не можеа да го издржат тој предизвик. Таа работа е исклучително тешка, рече д-р Јовановска.

Денеска, на 17 ноември се одбележува Светскиот ден на предвреме роденитте бебиња. Министерот за здравство Фатмир Меџити, денеска беше во посета на ГАК и кажа дека според статистиките, од 2017 година досега, за 74 отсто е намалена смртноста на предвреме родените бебиња. Па така, таа во 2016 година, изнесувала 25 проценти, за во 2023 година да достигне 5,6 отсто.

[caption id="attachment_702579" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]

Борбата за живот на деца од 500 и 600 грама е огромна одговорност за вработените. Тие се под силен притисок и од мене и од целокупното раководство, секако и од нивната морална одговорност. Не можат да се соочат со тие предизвици и си одат, изјави д-р Јовановска.

Според Меџити, намалување на смртноста на предвремено родените бебиња е резултат на унапредување на условите, вложување во модерна опрема на Клиниката за гинекологија и акушерство како и обуки на персоналот.

Од година во година, поточно од 2017 наваму имаме одлични резултати, бидејќи постои ефикасна стратегија со која се унапредени условите за родилките и обезбедена е врвна нега за новороденчињата. Здравјето на мајките и новороденчињата е императив за секој успешен здравствен систем, а токму развојот и имплементацијата на Мастер планот за перинатална грижа е резултат на заедничките заложби со СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА, изјави Меџити.

Глобалната тема за Светскиот ден на предвремено родените 2023 година е „Мали акции, големо влијание: непосредна нега кожа на кожа за секое бебе насекаде!“

Покрај виолетовата боја која означува чувствителност и исклучителност, чорапите станаа симбол за Светскиот ден на предвремено родените деца. Малиот пар виолетови чорапи – врамени со девет пара детски чорапи со целосна големина – симболизираат дека 1 од 10 бебиња е родено предвремено во светот. Предвремено родените бебиња имаат гестациска возраст под 37-ма недела од раѓање и доенчиња со мала родилна тежина под 2,5 килограми.

Приближно 1 милион деца годишно умираат поради компликации од предвремено породување.

Предвременото раѓање е водечка причина за смрт кај децата на возраст под пет години. Секоја година, околу 15 милиони бебиња ширум светот се раѓаат предвреме.

Многу преживеани бебиња се соочуваат со доживотна попреченост, вклучително и пречки во учењето и проблеми со видот и слухот.

The post Директорката на ГАК за еден месец потпишала три откази: Кадарот ни заминува, итно ни се потребни нови вработувања во Одделот за предвремено родени бебиња appeared first on Република.

]]>

Итно ни требаат доктори и медицински сестри на Одделот за предвремено родени бебиња на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), бидејќи секојдневно заминуваат, побара директорката на Клиниката, д-р Викторија Јовановска. Д-р Јовановски рече дека е неопходно во најскоро време да се одобрат нови вработувања на Одделот бидејќи работат со мал број вработени.
Работата е многу тешка, тоа е 24-часовно работно време без можност за одмор. Вработените, особено докторите на тој оддел, немаа можност дури ни да го искористат правото на годишен одмор заради тоа што секогаш обврските ги тераат да бидат присутни тука. За да ги постигнеме овие бројки должиме на овие вработени кои, верувајте, макотрпно ја извојуваа оваа победа. Последниот месец потпишав три отказни решенија на сестри кои не можеа да го издржат тој предизвик. Таа работа е исклучително тешка, рече д-р Јовановска.
Денеска, на 17 ноември се одбележува Светскиот ден на предвреме роденитте бебиња. Министерот за здравство Фатмир Меџити, денеска беше во посета на ГАК и кажа дека според статистиките, од 2017 година досега, за 74 отсто е намалена смртноста на предвреме родените бебиња. Па така, таа во 2016 година, изнесувала 25 проценти, за во 2023 година да достигне 5,6 отсто. [caption id="attachment_702579" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]
Борбата за живот на деца од 500 и 600 грама е огромна одговорност за вработените. Тие се под силен притисок и од мене и од целокупното раководство, секако и од нивната морална одговорност. Не можат да се соочат со тие предизвици и си одат, изјави д-р Јовановска.
Според Меџити, намалување на смртноста на предвремено родените бебиња е резултат на унапредување на условите, вложување во модерна опрема на Клиниката за гинекологија и акушерство како и обуки на персоналот.
Од година во година, поточно од 2017 наваму имаме одлични резултати, бидејќи постои ефикасна стратегија со која се унапредени условите за родилките и обезбедена е врвна нега за новороденчињата. Здравјето на мајките и новороденчињата е императив за секој успешен здравствен систем, а токму развојот и имплементацијата на Мастер планот за перинатална грижа е резултат на заедничките заложби со СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА, изјави Меџити.
Глобалната тема за Светскиот ден на предвремено родените 2023 година е „Мали акции, големо влијание: непосредна нега кожа на кожа за секое бебе насекаде!“ Покрај виолетовата боја која означува чувствителност и исклучителност, чорапите станаа симбол за Светскиот ден на предвремено родените деца. Малиот пар виолетови чорапи – врамени со девет пара детски чорапи со целосна големина – симболизираат дека 1 од 10 бебиња е родено предвремено во светот. Предвремено родените бебиња имаат гестациска возраст под 37-ма недела од раѓање и доенчиња со мала родилна тежина под 2,5 килограми. Приближно 1 милион деца годишно умираат поради компликации од предвремено породување. Предвременото раѓање е водечка причина за смрт кај децата на возраст под пет години. Секоја година, околу 15 милиони бебиња ширум светот се раѓаат предвреме. Многу преживеани бебиња се соочуваат со доживотна попреченост, вклучително и пречки во учењето и проблеми со видот и слухот.

The post Директорката на ГАК за еден месец потпишала три откази: Кадарот ни заминува, итно ни се потребни нови вработувања во Одделот за предвремено родени бебиња appeared first on Република.

]]>
Предвремено родените бебиња во болницата Ал-Шифа ги обвиткуваат во фолија за да ги одржат во живот https://republika.mk/vesti/predvremeno-rodenite-bebina-vo-bolnitsata-al-shifa-gi-obvitkuvaat-vo-folija-za-da-gi-odrzhat-vo-zhivot/ Mon, 13 Nov 2023 10:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=701005

Предвремено родените бебиња во болницата Ал-Шифа најголемата во градот Газа ги завиткуваме во пластична фолија и ги ставаме до топла вода во очајнички обид да ги одржиме во живот, предупреди директорот на болницата Мухамед Абу Салмија.

Абу Салмија за телевизијата Ал Арабија изјави дека бебиња биле извадени од инкубаторите бидејќи не работеле, и откако вече нема залихи на кислород и гориво и биле завиткани во фолија за да се загреат.

Вработените во болницата Ал-Шифа се борат да ги одржат во живот новороденчињата, а бебињата беа преместени од инкубаторите во неонатална единица во друг дел од болницата.
Светската здравствена организација соопшти дека болницата Ал-Шифа во градот Газа „повеќе не функционира како болница“ и дека бројот на смртни случаи во болницата „значително се зголемил“.

The post Предвремено родените бебиња во болницата Ал-Шифа ги обвиткуваат во фолија за да ги одржат во живот appeared first on Република.

]]>

Предвремено родените бебиња во болницата Ал-Шифа најголемата во градот Газа ги завиткуваме во пластична фолија и ги ставаме до топла вода во очајнички обид да ги одржиме во живот, предупреди директорот на болницата Мухамед Абу Салмија. Абу Салмија за телевизијата Ал Арабија изјави дека бебиња биле извадени од инкубаторите бидејќи не работеле, и откако вече нема залихи на кислород и гориво и биле завиткани во фолија за да се загреат. Вработените во болницата Ал-Шифа се борат да ги одржат во живот новороденчињата, а бебињата беа преместени од инкубаторите во неонатална единица во друг дел од болницата. Светската здравствена организација соопшти дека болницата Ал-Шифа во градот Газа „повеќе не функционира како болница“ и дека бројот на смртни случаи во болницата „значително се зголемил“.

The post Предвремено родените бебиња во болницата Ал-Шифа ги обвиткуваат во фолија за да ги одржат во живот appeared first on Република.

]]>