Предраг Димитровски Archives - Република https://republika.mk/tema/predrag-dimitrovski/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Dec 2023 11:15:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Предраг Димитровски Archives - Република https://republika.mk/tema/predrag-dimitrovski/ 32 32 Почина доајенот на македонското новинарство Предраг Димитровски https://republika.mk/vesti/makedonija/pochina-doajenot-na-makedonskoto-novinarstvo-predrag-dimitrovski/ Sun, 17 Dec 2023 09:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=723839

Замина еден од доајените на македонското новинарство Предраг Димитровски Пепи. Не напушти денеска по кратко боледување, оставајќи не во шок и неверување. Ќе ја паметиме неговата посветеност кон работата, неговата принципиелност, темелност, лојалност. Посветуваше внимание на секоја буква во неговата реченица, го одмеруваше секој напишан збор, внимаваше на најситниот детаљ. Го нарекувавме жива енциклопедија. Во глава ги имаше сите информации, сите датуми, сите податоци од поблиската и подалечна историја.

Пепи беше колега со кој беше задоволство да се работи. Смирен, умерен, колегијален. Никогаш не се наметнуваше, иако со себе носеше години и години искуство и знаење. Помладите колеги можеа да учат од него што значи да се биде новинар, колега, но пред сѐ човек. Смислата за хумор, шегите на своја сметка, расположението за дружење и добар муабет, посветеноста кон работата, но пред сѐ кон семејството, беа само дел од епитетите кои го красеа како личност.

Неговата лавовска борба не го напушти до самиот крај. За жал, после многу победи во животот, последната ја загуби... Замина... Но останаа неговите колумни, неговите анализи, неговите авторски дела кои ќе сведочат за она за кое Димитровски се залагаше, притоа покажувајќи што значи да се сака и да се биде посветен на сопствената земја. Неговите дела остануваат, а преку нив долго ќе се споменува неговото име.

Димитровски  е новинар со над 30 години искуство во новинарството. Долги години работеше во дневниoт весник „Вечер“ како новинар и уредник, а беше и главен уредник во весникот од 2005 до 2006 година. Беше дел од редакцијата на дневниот весник „Дневник“ .

Потоа замина во како член на Лустрациската комисија, а беше и одговорен за односи со јавност.

Последните години од работниот век ги помина во „Република“ и „Прессинг ТВ“, каде што специјалност му беа теми позврзани со односите со Бугарија. Неговите колумни предизвикуваа големо влијание и беа едни од најчитаните. Посебно беше горд на биографијата на Павел Шатев, на која активно работеше.

Димитровски е добитник на наградата за долгогодишен придонес за професионално известување во професијата од МАН.

The post Почина доајенот на македонското новинарство Предраг Димитровски appeared first on Република.

]]>

Замина еден од доајените на македонското новинарство Предраг Димитровски Пепи. Не напушти денеска по кратко боледување, оставајќи не во шок и неверување. Ќе ја паметиме неговата посветеност кон работата, неговата принципиелност, темелност, лојалност. Посветуваше внимание на секоја буква во неговата реченица, го одмеруваше секој напишан збор, внимаваше на најситниот детаљ. Го нарекувавме жива енциклопедија. Во глава ги имаше сите информации, сите датуми, сите податоци од поблиската и подалечна историја. Пепи беше колега со кој беше задоволство да се работи. Смирен, умерен, колегијален. Никогаш не се наметнуваше, иако со себе носеше години и години искуство и знаење. Помладите колеги можеа да учат од него што значи да се биде новинар, колега, но пред сѐ човек. Смислата за хумор, шегите на своја сметка, расположението за дружење и добар муабет, посветеноста кон работата, но пред сѐ кон семејството, беа само дел од епитетите кои го красеа како личност. Неговата лавовска борба не го напушти до самиот крај. За жал, после многу победи во животот, последната ја загуби... Замина... Но останаа неговите колумни, неговите анализи, неговите авторски дела кои ќе сведочат за она за кое Димитровски се залагаше, притоа покажувајќи што значи да се сака и да се биде посветен на сопствената земја. Неговите дела остануваат, а преку нив долго ќе се споменува неговото име. Димитровски  е новинар со над 30 години искуство во новинарството. Долги години работеше во дневниoт весник „Вечер“ како новинар и уредник, а беше и главен уредник во весникот од 2005 до 2006 година. Беше дел од редакцијата на дневниот весник „Дневник“ . Потоа замина во како член на Лустрациската комисија, а беше и одговорен за односи со јавност. Последните години од работниот век ги помина во „Република“ и „Прессинг ТВ“, каде што специјалност му беа теми позврзани со односите со Бугарија. Неговите колумни предизвикуваа големо влијание и беа едни од најчитаните. Посебно беше горд на биографијата на Павел Шатев, на која активно работеше. Димитровски е добитник на наградата за долгогодишен придонес за професионално известување во професијата од МАН.

The post Почина доајенот на македонското новинарство Предраг Димитровски appeared first on Република.

]]>
Новинарот на „Пресинг ТВ“ Предраг Димитровски доби признание за придонес во новинарството https://republika.mk/vesti/makedonija/novinarot-na-presing-tv-predrag-dimitrovski-dobi-priznanie-za-pridones-vo-novinarstvoto/ Tue, 05 Sep 2023 14:51:27 +0000 https://republika.mk/?p=679052

Предраг Димитровски,новинарот на „Пресинг ТВ“ на денешното редовно собрание на Македонската асоцијација на новинари доби награда за придонес во новинарството и новинарските стандарди.

Димитровски е новинар со над 30 години работно искуство во повеќе медиуми а негова специјалност се односите со Бугарија,правата на македонското малцинство во соседните земји, колумните,  како политичките случувања во Македонија.

Честитки

The post Новинарот на „Пресинг ТВ“ Предраг Димитровски доби признание за придонес во новинарството appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски,новинарот на „Пресинг ТВ“ на денешното редовно собрание на Македонската асоцијација на новинари доби награда за придонес во новинарството и новинарските стандарди. Димитровски е новинар со над 30 години работно искуство во повеќе медиуми а негова специјалност се односите со Бугарија,правата на македонското малцинство во соседните земји, колумните,  како политичките случувања во Македонија. Честитки

The post Новинарот на „Пресинг ТВ“ Предраг Димитровски доби признание за придонес во новинарството appeared first on Република.

]]>
Занесувачко друштво „Димитар Ковачевски“ https://republika.mk/kolumni/zanesuvachko-drushtvo-dimitar-kovachevski/ Sat, 19 Aug 2023 11:57:54 +0000 https://republika.mk/?p=673682

Предраг Димитровски

Алберт Ајнштајн во една прилика рекол дека дефиниција за безумие е „да го повторуваш истото одново и одново и да очекуваш различен резултат“. Навистина не знам на кого конкретно мислел, но од оваа временска дистанца може слободно да се каже дека мислата совршено одговара за денешните „пресноепци“ од владејачкиот СДС бугарски и неоврховистички.

Зашто, вчерашната неуспешна собраниска сеанса, наречена уставни измени, со цел внесување на Бугарите во државниот Устав, како услов за конечно отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, ја исфрли на површина главната карактеристика на нивното владеење, нејзиното височество-ЛАГАТА! И, што е можеби уште поважно, отсуството на политички капацитет, знаење и умеење на нивниот партиски лидер, кој повеќе од очигледно залутал во премиерската фотелја, па дури и како обичен намесник. Ова дотолку повеќе што Димитар Ковачевски-Таче се покажа како погрешна инвестиција, двојно полоша дури и од неговиот претходник Зоран Заев!

Но, за жал, последиците од ова ќе ги чувствуваат сите граѓани на Република Македонија. И вината за неспособноста на Ковачевски ниту смее, ниту може да се бара на друга адреса, најмалку во опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Левица или Демократскиот сојуз, кои на време укажуваа на погрешните чекори на власта на СДС бугарски и неоврховистички и главниот актер во владиниот кабинет ДУИ. Сега стана јасно дека власта го нема исчистено ни сопствениот двор за поддршка на уставните промени, а за самоубиствените за етничките Македонци потези бара поддршкка од сите останати!?

Двоецот без кормилар Заев-Ковачевски направи катастрофални грешки и на патот кон почнување на преговорите за членство во ЕУ, со својата неспособност, неодговорност и сервилност од анален тип, ја доведоа Република Македонија во ќорсокак од кој тешко ќе може да се излезе. Не попусто е речено дека тоа што една будала ќе погреши, илјада паметни тешко ќе можат да го поправат. А, кога две будали ќе погрешат, колку илјади паметни ќе треба да работат за да ги вратат работите на прав колосек?!

Заев лажеше дека Договорот со Бугарија е добар, дека сме имале заедничка историја, дека сме еден с,шти народ, дека царска Бугарија не била наци-фашистичка, дека сме ги почнале преговорите за членство во ЕУ, носеше планови 3+6+9 за никогаш неспроведени реформи… Ама во вистинска смисла на зборот немаше работа во која не царуваше лагата.

И наместо да смени нешто, неговиот намесник Ковачевски продолжи таму каде што тој застана. По германскиот и португалскиот, следуваше т.н. француски, односно бугарски предлог. Лажеше дека не преговара, па излезе дека преговарал, лажеше дека историјата нема да биде пречка за преговарачкиот процес, па излезе дека протоколите станаа дел од патот кон ЕУ, но притоа преземал и обврски, што ниту му припаѓаат, ниту може да ги исполни. Лажеше и дома и надвор, односно меѓународниот фактор дека има или само што не обезбедил двотретинско мнозинство за уставните измени, лажеше дека опозицијата ретерирала во ставот, лажеше дека таа е антиевропска, лажеше дека 80% од Македонците го прифаќаат менувањето на Уставот, лажеше дека не дал дозвола за отворање бугарски клубови со максимално провокативни имиња за Македонците, лажеше толку, што веќе и самиот се изгуби во сопствените лаги.

Сега лаже дека промената на Уставот е македонски предлог, а не преземена обврска. Ако е навистина така како што вели, каде по пат му се игубија „болсот“ со кои се фалеше, па многу порано да го кажеше тоа? Чисто за да му кажеме дека направил трампа исто како од познатиот оглас од времето на комунизмот/социјализмот-менувам трабант за вартбург, шифра „Го*но за го*но“.

Или за тоа дека ветото за првпат нема да дојде од надвор, туку од внатре. А, не така Таче, колку и да сакаш да бегаш од одговорноста, вината за се што се случува во државата лежи кај тебе, само кај тебе и кај никој друг. И за тоа нема бегање од одговорноста. Друштво може да ти прави само Зоран Заев. Обајцата си го носите крстот и обајцата ќе мора да им се извините пред се на Македоните, а потоа и на сите останати граѓани за неуспешните и катастрофални политики и не спроведување на реформите, бранот на кој дојдовте и на власт. Ќе дојде и тој ден, исто како што му дојде денот на вашиот пајташ Никола Димитров, кој беше одговорен за надворешни работи и за евроинтеграциите.

По вчерашната прес-конференција и изнесената невидена глупост дека Таче ќе им ги одзема пасошите од други држави на веќе иселените млади луѓе од Македонија, Владата дефинитивно веќе не може да се именува како Влада. Таа стана занесувачко друштво „Димитар Ковачевски“. Откако замина на ментален излет за враќање на економскиот стандард во државата од времето на непосточката Југославија, со кое право нашиот премиер намесник си зима таква слобода да си поигрува со чувствата на младите?! Кога веќе не знаел да ги задржи, сега уште им се заканува! Што мисли он, дека младите заминале од тука затоа што им било убаво или оти не можеле веќе да го истрпат нефункционирањето на институциите, на системот во целина, непотизмот и неподносливата партизација, корупцијата, неправдите, двојните аршини, катастрофалните состојби во здравството, образованието… Нешта што тој треба и мора да ги решава независно од преговорите за членство во ЕУ и за што зима 78% поголема плата од парите на граѓаните, даночни обврзници.

И политички „пресное*ци“ од СДС бугарски и неоврховистички, па и вие од ДУИ, по дебаклот во Собранието немојте ни да помислувате да продолжувате со убиствената политика на натамошни поделби во општеството на проевропски и антиевропски сили во државата, на проруски и прозападни ориентирани политички субјекти или да барате некакви алтернативни политики од опозицијата. За тоа ви помина времето, зашто тие прашања можеа да бидат актуелни во моментот кога сте увиделе дека не сте ни знаеле, ни умееле да постигнете од ова што сте го постигнале, а сте постигнале едно големо ништо, нула, двојно голо.

Сега е време за избори. Што побргу го сфатите тоа, толку подобро. Ни народот, односно граѓаните, ни државата не се ваша лична прчија. Времето за поистоветување на државата со партијата е одамна минато. На крајот на краиштата, можете цел народ да го лажете краток период, можете дел од народот да го лажете цело време, но не можете цел народ да го лажете цело време. А, Толстој не попусто запишал дека човечката злоба секога произлегува од немоќта.

The post Занесувачко друштво „Димитар Ковачевски“ appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски

Алберт Ајнштајн во една прилика рекол дека дефиниција за безумие е „да го повторуваш истото одново и одново и да очекуваш различен резултат“. Навистина не знам на кого конкретно мислел, но од оваа временска дистанца може слободно да се каже дека мислата совршено одговара за денешните „пресноепци“ од владејачкиот СДС бугарски и неоврховистички. Зашто, вчерашната неуспешна собраниска сеанса, наречена уставни измени, со цел внесување на Бугарите во државниот Устав, како услов за конечно отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, ја исфрли на површина главната карактеристика на нивното владеење, нејзиното височество-ЛАГАТА! И, што е можеби уште поважно, отсуството на политички капацитет, знаење и умеење на нивниот партиски лидер, кој повеќе од очигледно залутал во премиерската фотелја, па дури и како обичен намесник. Ова дотолку повеќе што Димитар Ковачевски-Таче се покажа како погрешна инвестиција, двојно полоша дури и од неговиот претходник Зоран Заев! Но, за жал, последиците од ова ќе ги чувствуваат сите граѓани на Република Македонија. И вината за неспособноста на Ковачевски ниту смее, ниту може да се бара на друга адреса, најмалку во опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Левица или Демократскиот сојуз, кои на време укажуваа на погрешните чекори на власта на СДС бугарски и неоврховистички и главниот актер во владиниот кабинет ДУИ. Сега стана јасно дека власта го нема исчистено ни сопствениот двор за поддршка на уставните промени, а за самоубиствените за етничките Македонци потези бара поддршкка од сите останати!? Двоецот без кормилар Заев-Ковачевски направи катастрофални грешки и на патот кон почнување на преговорите за членство во ЕУ, со својата неспособност, неодговорност и сервилност од анален тип, ја доведоа Република Македонија во ќорсокак од кој тешко ќе може да се излезе. Не попусто е речено дека тоа што една будала ќе погреши, илјада паметни тешко ќе можат да го поправат. А, кога две будали ќе погрешат, колку илјади паметни ќе треба да работат за да ги вратат работите на прав колосек?! Заев лажеше дека Договорот со Бугарија е добар, дека сме имале заедничка историја, дека сме еден с,шти народ, дека царска Бугарија не била наци-фашистичка, дека сме ги почнале преговорите за членство во ЕУ, носеше планови 3+6+9 за никогаш неспроведени реформи… Ама во вистинска смисла на зборот немаше работа во која не царуваше лагата. И наместо да смени нешто, неговиот намесник Ковачевски продолжи таму каде што тој застана. По германскиот и португалскиот, следуваше т.н. француски, односно бугарски предлог. Лажеше дека не преговара, па излезе дека преговарал, лажеше дека историјата нема да биде пречка за преговарачкиот процес, па излезе дека протоколите станаа дел од патот кон ЕУ, но притоа преземал и обврски, што ниту му припаѓаат, ниту може да ги исполни. Лажеше и дома и надвор, односно меѓународниот фактор дека има или само што не обезбедил двотретинско мнозинство за уставните измени, лажеше дека опозицијата ретерирала во ставот, лажеше дека таа е антиевропска, лажеше дека 80% од Македонците го прифаќаат менувањето на Уставот, лажеше дека не дал дозвола за отворање бугарски клубови со максимално провокативни имиња за Македонците, лажеше толку, што веќе и самиот се изгуби во сопствените лаги. Сега лаже дека промената на Уставот е македонски предлог, а не преземена обврска. Ако е навистина така како што вели, каде по пат му се игубија „болсот“ со кои се фалеше, па многу порано да го кажеше тоа? Чисто за да му кажеме дека направил трампа исто како од познатиот оглас од времето на комунизмот/социјализмот-менувам трабант за вартбург, шифра „Го*но за го*но“. Или за тоа дека ветото за првпат нема да дојде од надвор, туку од внатре. А, не така Таче, колку и да сакаш да бегаш од одговорноста, вината за се што се случува во државата лежи кај тебе, само кај тебе и кај никој друг. И за тоа нема бегање од одговорноста. Друштво може да ти прави само Зоран Заев. Обајцата си го носите крстот и обајцата ќе мора да им се извините пред се на Македоните, а потоа и на сите останати граѓани за неуспешните и катастрофални политики и не спроведување на реформите, бранот на кој дојдовте и на власт. Ќе дојде и тој ден, исто како што му дојде денот на вашиот пајташ Никола Димитров, кој беше одговорен за надворешни работи и за евроинтеграциите. По вчерашната прес-конференција и изнесената невидена глупост дека Таче ќе им ги одзема пасошите од други држави на веќе иселените млади луѓе од Македонија, Владата дефинитивно веќе не може да се именува како Влада. Таа стана занесувачко друштво „Димитар Ковачевски“. Откако замина на ментален излет за враќање на економскиот стандард во државата од времето на непосточката Југославија, со кое право нашиот премиер намесник си зима таква слобода да си поигрува со чувствата на младите?! Кога веќе не знаел да ги задржи, сега уште им се заканува! Што мисли он, дека младите заминале од тука затоа што им било убаво или оти не можеле веќе да го истрпат нефункционирањето на институциите, на системот во целина, непотизмот и неподносливата партизација, корупцијата, неправдите, двојните аршини, катастрофалните состојби во здравството, образованието… Нешта што тој треба и мора да ги решава независно од преговорите за членство во ЕУ и за што зима 78% поголема плата од парите на граѓаните, даночни обврзници. И политички „пресное*ци“ од СДС бугарски и неоврховистички, па и вие од ДУИ, по дебаклот во Собранието немојте ни да помислувате да продолжувате со убиствената политика на натамошни поделби во општеството на проевропски и антиевропски сили во државата, на проруски и прозападни ориентирани политички субјекти или да барате некакви алтернативни политики од опозицијата. За тоа ви помина времето, зашто тие прашања можеа да бидат актуелни во моментот кога сте увиделе дека не сте ни знаеле, ни умееле да постигнете од ова што сте го постигнале, а сте постигнале едно големо ништо, нула, двојно голо. Сега е време за избори. Што побргу го сфатите тоа, толку подобро. Ни народот, односно граѓаните, ни државата не се ваша лична прчија. Времето за поистоветување на државата со партијата е одамна минато. На крајот на краиштата, можете цел народ да го лажете краток период, можете дел од народот да го лажете цело време, но не можете цел народ да го лажете цело време. А, Толстој не попусто запишал дека човечката злоба секога произлегува од немоќта.

The post Занесувачко друштво „Димитар Ковачевски“ appeared first on Република.

]]>
„И ште го духате…“!? https://republika.mk/kolumni/i-shte-go-duhate/ Sun, 30 Jul 2023 12:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=666942

Веќе стана евидентно дека т.н. лидери на овие од СДС бугарски и неоврховистички имаат сериозен проблем со никој друг, туку со сопствениот македонски народ. И без разлика од кое крило доаѓаат, дали од струмичкото или од кумановското, се едно. Прво муртинскиот трговец Зоран Заев, а еве сега и неговиот премиер намесник Димитар Ковачевски. Како членството ги избира, само Господ знае, ама гледајќи од надвор како основен критериум да им е поседување на одредено ниво на глупост и лажење. Колку повисоко, толку подобро.

Оној муртинецот, ако сте заборавиле, некаде на врвот на својата политичка моќ, пред неколку години, сакаше да ни ја докажува потентноста со е*ење на сопствениот народ. Овој кумановецот, пак, отиде и чекор натаму. Сите оние граѓани, главно етнички Македонци, кои се против уставните измени и вметнувањето на Бугарите во највисокиот државен правен акт, ги прогласи за руски ботови, кои за својот став добивале руски пари!!! Абе, апсурдни и ненормални работи!

И внимавајте сега! Ова му доаѓа и уште како „понежна“ варијанта! Во споредба со глупоста на некој си Митре(в)ски, кој да ти бил координатор на пратеничката група на СДС бугарски и неоврховистички, зашто во најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ го пронајде најголемиот внатрешен државен непријател! УДБ-а е мртва, да живее УДБ-а, Информбирото е мртво, да живее Информбирото! Да живее Среќна Нова 49-та! Богами, на ваков мал тоталитаристички ум можат да му позавидат и еден Сталин, а зошто да не и Тито, па и Хитлер и Мусолини како пандани?! Море можат дури и вода да му носат на овој Митре(в)ски! Зашто, вакви како него мајка само еднаш раѓа. Сега уште да почне одново да ги полни казаматите на Идризово или да најде место за нови голоотоци, гргури…за политичките неистомислници и „државни непријатели“. Боже Господе со какви си имаме работа. Само на помош да ни бидат и он и Пресвета мајка Богородица!

И сето ова како обраложение за тоа зошто владејачкиот СДС бугарски и неоврховистички ја предлага декларацијата за Илинденското востание како задоцнета постапка и бледа копија на бугарските либерали од партијата на обландираниот Красимир Каракачанов, екс-премиерот Кирил Петков. Од декларацијата за Илинденското востание нема ни глас, ни абер. Важно е стигната во Собранието, а дали и кога ќе биде ставена на дневен ред за гласање, не се знае. Се знае само дека жабата видела дека коњот се потковува, па решила и таа да го стори истото.

А, патем само да прашам дали СДС бугарски и неоврховистички ќе предложи декларација и за 11 Октомври, па со еден мастраф и двете да поминат? Зашто, нели, официјална Софија не го бара само Илинденското како Илинденско-преображенско бугарско востание, туку го отфрла и Денот на востанието на македонскиот народ, со оглед дека, според нивното толкување на „заедничката историја“, на тој ден во Вардарска Македонија започнала граѓанска, а не антифашистичка, национална, народно-ослободителна борба против наци-фашистичкиот бугарски окупатор. А, Митре(в)ски, што велиш?! Или треба да го прашаш Таче? Зашто, толку ти е капацитетот за да размислуваш со сопствената глава. Само што не знам која ја користиш.

Пусти Таче. Да не знае човек дали да му се смее или да го жали поради елементарното непознавање на работите! Па, етикетирајќи го најголемиот број етнички Македонци, според анкетите над 80 отсто, за руски ботови, и тоа за пари, самиот се претвори во најголем антиевропеец! Црногорците, пак, знаат да прашаат-А ѓе су паре?

Според неговата логика, којзнае со колку руски ботови ќе се соочиме на патот кон полноправно членство во ЕУ. И тоа од самите земји членки. Ете, прв почна францускиот претседател Емануел Макрон. Зарем неговото вето за Македонија не го прави руски бот?

Па, втора беше Бугарија, утре може да биде Холандија поради настаните во Судскиот совет, па… Некој може да забележи дека ветата не можат и не треба да се поистоветат со вметнувањето на Бугарите во Уставот, ама геополитиката и геостратегијата не прашуваат дали доаѓаат од надвор или од внатре. Грешката е направена, а цената не ја плаќа никој друг, туку етничките Македонци, заедно со сите останати етнички заедници во Република Македонија.

Што е поважно, нашиот премиер намесник не е свесен колку со овој став потсетува на Иван Ванчо Михајлов, последниот лидер на историското ВМРО.

Вештачки потпалувајќи интрамакедонски судири под превезот на поделба на проевропски и проруски сили во Македонија, тој станува нов Ванчо Михајлов, кој единствениот спас за својот опстој го гледал во братоубиствената војна на Македонците и во Пиринска, и во Вардарска, и во Егејска Македонија, само што тогаш разликата се сведувала на пробугарска, просрпска, прогрчка и промакедонска ориентација. Идеолошката матрица на Ковачевски сега чисто комунистички илити необолшевички вели кој не е со нас, тој е против нас.

Во вака поставените (ко)релации, Таче не знае дека како краен резултат од активностите на Радко, по убиството на српскиот генерал Михајло Ковачевиќ, на 5 октомври 1927 година во Штип, тогашните српски кралски власти подготвиле план за иселување на целокупното население од Вардарска Македонија во Словенија или во Далмација, и од таму носење на Словенци и Далматинци тука. Бесмислениот план не бил реализиран само благодарение на здравиот разум на тогашниот ју-премиер, извесен Вукичевиќ.

А, којзнае, тогаш на Таче ќе му било многу полесно денес!? Или и тој би сакал да ги исели Македонците од нивните вековни огништа?! Барем еден дел, за другиот остануваат занданите. За да може полесно да го исполни преземеното ветување за вметнување на Бугарите во Уставот.

Навистина болно и крајно недостоинствено е денес во Македонија човек да се чувствува етнички Македонец, особено кога и секоја бугарска будала може да ти каже „И ште го духате“. Јас не сакам „да го духам“, ама овие од СДС бугарски и неоврховистички, повеќе од очигледно, одамна го практикуваат тоа.

The post „И ште го духате…“!? appeared first on Република.

]]>

Веќе стана евидентно дека т.н. лидери на овие од СДС бугарски и неоврховистички имаат сериозен проблем со никој друг, туку со сопствениот македонски народ. И без разлика од кое крило доаѓаат, дали од струмичкото или од кумановското, се едно. Прво муртинскиот трговец Зоран Заев, а еве сега и неговиот премиер намесник Димитар Ковачевски. Како членството ги избира, само Господ знае, ама гледајќи од надвор како основен критериум да им е поседување на одредено ниво на глупост и лажење. Колку повисоко, толку подобро. Оној муртинецот, ако сте заборавиле, некаде на врвот на својата политичка моќ, пред неколку години, сакаше да ни ја докажува потентноста со е*ење на сопствениот народ. Овој кумановецот, пак, отиде и чекор натаму. Сите оние граѓани, главно етнички Македонци, кои се против уставните измени и вметнувањето на Бугарите во највисокиот државен правен акт, ги прогласи за руски ботови, кои за својот став добивале руски пари!!! Абе, апсурдни и ненормални работи! И внимавајте сега! Ова му доаѓа и уште како „понежна“ варијанта! Во споредба со глупоста на некој си Митре(в)ски, кој да ти бил координатор на пратеничката група на СДС бугарски и неоврховистички, зашто во најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ го пронајде најголемиот внатрешен државен непријател! УДБ-а е мртва, да живее УДБ-а, Информбирото е мртво, да живее Информбирото! Да живее Среќна Нова 49-та! Богами, на ваков мал тоталитаристички ум можат да му позавидат и еден Сталин, а зошто да не и Тито, па и Хитлер и Мусолини како пандани?! Море можат дури и вода да му носат на овој Митре(в)ски! Зашто, вакви како него мајка само еднаш раѓа. Сега уште да почне одново да ги полни казаматите на Идризово или да најде место за нови голоотоци, гргури…за политичките неистомислници и „државни непријатели“. Боже Господе со какви си имаме работа. Само на помош да ни бидат и он и Пресвета мајка Богородица! И сето ова како обраложение за тоа зошто владејачкиот СДС бугарски и неоврховистички ја предлага декларацијата за Илинденското востание како задоцнета постапка и бледа копија на бугарските либерали од партијата на обландираниот Красимир Каракачанов, екс-премиерот Кирил Петков. Од декларацијата за Илинденското востание нема ни глас, ни абер. Важно е стигната во Собранието, а дали и кога ќе биде ставена на дневен ред за гласање, не се знае. Се знае само дека жабата видела дека коњот се потковува, па решила и таа да го стори истото. А, патем само да прашам дали СДС бугарски и неоврховистички ќе предложи декларација и за 11 Октомври, па со еден мастраф и двете да поминат? Зашто, нели, официјална Софија не го бара само Илинденското како Илинденско-преображенско бугарско востание, туку го отфрла и Денот на востанието на македонскиот народ, со оглед дека, според нивното толкување на „заедничката историја“, на тој ден во Вардарска Македонија започнала граѓанска, а не антифашистичка, национална, народно-ослободителна борба против наци-фашистичкиот бугарски окупатор. А, Митре(в)ски, што велиш?! Или треба да го прашаш Таче? Зашто, толку ти е капацитетот за да размислуваш со сопствената глава. Само што не знам која ја користиш. Пусти Таче. Да не знае човек дали да му се смее или да го жали поради елементарното непознавање на работите! Па, етикетирајќи го најголемиот број етнички Македонци, според анкетите над 80 отсто, за руски ботови, и тоа за пари, самиот се претвори во најголем антиевропеец! Црногорците, пак, знаат да прашаат-А ѓе су паре? Според неговата логика, којзнае со колку руски ботови ќе се соочиме на патот кон полноправно членство во ЕУ. И тоа од самите земји членки. Ете, прв почна францускиот претседател Емануел Макрон. Зарем неговото вето за Македонија не го прави руски бот? Па, втора беше Бугарија, утре може да биде Холандија поради настаните во Судскиот совет, па… Некој може да забележи дека ветата не можат и не треба да се поистоветат со вметнувањето на Бугарите во Уставот, ама геополитиката и геостратегијата не прашуваат дали доаѓаат од надвор или од внатре. Грешката е направена, а цената не ја плаќа никој друг, туку етничките Македонци, заедно со сите останати етнички заедници во Република Македонија. Што е поважно, нашиот премиер намесник не е свесен колку со овој став потсетува на Иван Ванчо Михајлов, последниот лидер на историското ВМРО. Вештачки потпалувајќи интрамакедонски судири под превезот на поделба на проевропски и проруски сили во Македонија, тој станува нов Ванчо Михајлов, кој единствениот спас за својот опстој го гледал во братоубиствената војна на Македонците и во Пиринска, и во Вардарска, и во Егејска Македонија, само што тогаш разликата се сведувала на пробугарска, просрпска, прогрчка и промакедонска ориентација. Идеолошката матрица на Ковачевски сега чисто комунистички илити необолшевички вели кој не е со нас, тој е против нас. Во вака поставените (ко)релации, Таче не знае дека како краен резултат од активностите на Радко, по убиството на српскиот генерал Михајло Ковачевиќ, на 5 октомври 1927 година во Штип, тогашните српски кралски власти подготвиле план за иселување на целокупното население од Вардарска Македонија во Словенија или во Далмација, и од таму носење на Словенци и Далматинци тука. Бесмислениот план не бил реализиран само благодарение на здравиот разум на тогашниот ју-премиер, извесен Вукичевиќ. А, којзнае, тогаш на Таче ќе му било многу полесно денес!? Или и тој би сакал да ги исели Македонците од нивните вековни огништа?! Барем еден дел, за другиот остануваат занданите. За да може полесно да го исполни преземеното ветување за вметнување на Бугарите во Уставот. Навистина болно и крајно недостоинствено е денес во Македонија човек да се чувствува етнички Македонец, особено кога и секоја бугарска будала може да ти каже „И ште го духате“. Јас не сакам „да го духам“, ама овие од СДС бугарски и неоврховистички, повеќе од очигледно, одамна го практикуваат тоа.

The post „И ште го духате…“!? appeared first on Република.

]]>
Пендаровски и Kовачевски на свечена седница во Софија за прогласување на Илинденското востание за бугарско! https://republika.mk/kolumni/pendarovski-i-kovachevski-na-svechena-sednitsa-vo-sofija-za-proglasuvane-na-ilindenskoto-vostanie-za-bugarsko/ Sun, 23 Jul 2023 11:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=664421

Се сеќавате на вицот за Мујо и Хасо за интуицијата? Што е тоа интуиција и кој ја има, а кој ја нема? Ај да ве потсетам.

Шетаат Мујо и Хасо по улица и Мујо му вика на Хасо:

-Хасо, ја гледаш ли саксијана на третиот спрат од зградана?

-Ја гледам.

-Е сега ќе му падне на глава на човекот, кој поминува одоздола.

Два, три чекора прават и навистина саксијата му паѓа на глава на човекот.

-Е, од каде знаше бе Мујо, му вика Хасо?

-Интуиција Хасо, интуиција, му возвраќа Мујо.

-Е, што е тоа интуиција бе Мујо, па јас ја немам?!

-Имаш, имаш, ама не знаеш. Го гледаш она дрвото ондека?

-Го гледам.

-Е, оди фати го со раширени раце.

И оди Хасо и го прегрнува дрвото, а Мујо дофрла:

-Ај сега спушти ги панталоните.

И Хасо ги спушта, а Мујо му вика:

-И што мислиш, што ќе ти правам сега?

-Мрш ѓубре едно, возвраќа Хасо.

-Ете гледаш дека и ти имаш интуиција, само што не си знаел, му возвраќа Мујо.

Вака некако гледам на веста од Софија дека партијата на Кирил Петков поднела декларација во бугарскиот парламент, која треба да потврди дека Илинденското, односно Илинденско-преображенско востание, според бугарската терминологија, е бугарско. И тоа во пресрет на 120-годишнината од Илинденското востание.

А, образоложението е едноставно – „Илинденско-преображенското востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“.

Ете, уште еднаш се потврди дека кармата е кучка. Излезе дека и либералниот хардварец, бугарскиот поранешен премиер Кирил Петков, илити бугарскиот Нелсон Мандела, според шефот на државата Стево Пендаровски, не бил баш вистински Нелсон Мандела. Бил ист Бојко Тиквата и Каракачанов заедно, само убаво спакуван во целофан заврзан со црвена панделка.

Исто како што излезе и дека Пендаровски, па и целата Влада на чело со премиерот намесник Димитар Ковачевски не знаат дека имаат интуиција, ама ќе дознаат кога официјална Софија ќе им ги спушти панталоните и учтиво ќе ги праша дали знаат, што ќе им прави потоа?

Искрено речено, за нив ич уво не ме боли што ќе им прават. Ако јас се прашувам, топтан би им ги дал на Бугарија, па она нека крши глава со нив. Мене ми се важни Македонија, македонизмот и Македонците. Е, нив, богами, не ги давам. Ни по која цена, зашто они имаат и знаат што е интуиција и со години наназад предупредуваа на каде ги води забеганата власт под плаштот на евтин пропагандизам на патот кон членството во ЕУ.

Е, море шупелки едни! Ситни продадени души! А, со такви, нели, држава не се прави, барем така на времето викаше претседателот на некогашниот СДСМ, кој сега без никакви двојби се трансформираше во СДС бугарски или неоврховистички, како милувате. Исто пакување во два примерока е.

Навистина ќе биде интересно наредниве денови. Замислете само една слика, што може, ама и не мора да биде претпоставена, туку и реална-како целата Влада на чело со премиерот намесник Димитар Ковачевски, заедно со претседателот на државата Стево Пендаровски присуствуваат на свечената седница на бугарското Народно собрание на која се усвојува декларацијата за „Илинденско-преображенското востание“ како „венец на бугарското национално ослободително движење“!

Тоа би била незаборавна фотографија! Фотографија за историска антологија, со која ќе се валоризира бугарскиот сон за голема, Санстефанска Бугарија, и ќе се потврди дека „Македонија е најромантичниот дел на бугарската историја“. Па, меѓусебни целувки и прегратки, па повторување на зборовите на Богдан Филов за „Бугарија од Дунав до Белото Море и од Черното Море до Охрид“, па восхитени извици од трипати ура, ура, ура… Чудо невидено!!!

Да, да, задолжително ќе биде присутен и историографскиот еквилибрист и  „македонски“ државен историчар број 1, политички измеќар и бескруполозен конформист, кој се одѕива на титулата академик, в.д. директор на ИНИ и копретседавач на мешовитата македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците, Драги Ѓоргиев.

Ќе биде интересно да се види маневарскиот простор на Комисијата за Илинденското востание. За да утврди дали навистина било бугарско, се разбира со истото образложение како за светите браќа Кирил и Методиј, Климент и Наум и за Цар Самоил дека за поголемиот дел од науката било бугарско. Патем и да му врнат дневници.

Како беше тоа паролата на СДС бугарски или неоврховистички? Рамо до рамо до победа? Или беше еден за сите, сите за никаде?

The post Пендаровски и Kовачевски на свечена седница во Софија за прогласување на Илинденското востание за бугарско! appeared first on Република.

]]>

Се сеќавате на вицот за Мујо и Хасо за интуицијата? Што е тоа интуиција и кој ја има, а кој ја нема? Ај да ве потсетам. Шетаат Мујо и Хасо по улица и Мујо му вика на Хасо: -Хасо, ја гледаш ли саксијана на третиот спрат од зградана? -Ја гледам. -Е сега ќе му падне на глава на човекот, кој поминува одоздола. Два, три чекора прават и навистина саксијата му паѓа на глава на човекот. -Е, од каде знаше бе Мујо, му вика Хасо? -Интуиција Хасо, интуиција, му возвраќа Мујо. -Е, што е тоа интуиција бе Мујо, па јас ја немам?! -Имаш, имаш, ама не знаеш. Го гледаш она дрвото ондека? -Го гледам. -Е, оди фати го со раширени раце. И оди Хасо и го прегрнува дрвото, а Мујо дофрла: -Ај сега спушти ги панталоните. И Хасо ги спушта, а Мујо му вика: -И што мислиш, што ќе ти правам сега? -Мрш ѓубре едно, возвраќа Хасо. -Ете гледаш дека и ти имаш интуиција, само што не си знаел, му возвраќа Мујо. Вака некако гледам на веста од Софија дека партијата на Кирил Петков поднела декларација во бугарскиот парламент, која треба да потврди дека Илинденското, односно Илинденско-преображенско востание, според бугарската терминологија, е бугарско. И тоа во пресрет на 120-годишнината од Илинденското востание. А, образоложението е едноставно – „Илинденско-преображенското востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“. Ете, уште еднаш се потврди дека кармата е кучка. Излезе дека и либералниот хардварец, бугарскиот поранешен премиер Кирил Петков, илити бугарскиот Нелсон Мандела, според шефот на државата Стево Пендаровски, не бил баш вистински Нелсон Мандела. Бил ист Бојко Тиквата и Каракачанов заедно, само убаво спакуван во целофан заврзан со црвена панделка. Исто како што излезе и дека Пендаровски, па и целата Влада на чело со премиерот намесник Димитар Ковачевски не знаат дека имаат интуиција, ама ќе дознаат кога официјална Софија ќе им ги спушти панталоните и учтиво ќе ги праша дали знаат, што ќе им прави потоа? Искрено речено, за нив ич уво не ме боли што ќе им прават. Ако јас се прашувам, топтан би им ги дал на Бугарија, па она нека крши глава со нив. Мене ми се важни Македонија, македонизмот и Македонците. Е, нив, богами, не ги давам. Ни по која цена, зашто они имаат и знаат што е интуиција и со години наназад предупредуваа на каде ги води забеганата власт под плаштот на евтин пропагандизам на патот кон членството во ЕУ. Е, море шупелки едни! Ситни продадени души! А, со такви, нели, држава не се прави, барем така на времето викаше претседателот на некогашниот СДСМ, кој сега без никакви двојби се трансформираше во СДС бугарски или неоврховистички, како милувате. Исто пакување во два примерока е. Навистина ќе биде интересно наредниве денови. Замислете само една слика, што може, ама и не мора да биде претпоставена, туку и реална-како целата Влада на чело со премиерот намесник Димитар Ковачевски, заедно со претседателот на државата Стево Пендаровски присуствуваат на свечената седница на бугарското Народно собрание на која се усвојува декларацијата за „Илинденско-преображенското востание“ како „венец на бугарското национално ослободително движење“! Тоа би била незаборавна фотографија! Фотографија за историска антологија, со која ќе се валоризира бугарскиот сон за голема, Санстефанска Бугарија, и ќе се потврди дека „Македонија е најромантичниот дел на бугарската историја“. Па, меѓусебни целувки и прегратки, па повторување на зборовите на Богдан Филов за „Бугарија од Дунав до Белото Море и од Черното Море до Охрид“, па восхитени извици од трипати ура, ура, ура… Чудо невидено!!! Да, да, задолжително ќе биде присутен и историографскиот еквилибрист и  „македонски“ државен историчар број 1, политички измеќар и бескруполозен конформист, кој се одѕива на титулата академик, в.д. директор на ИНИ и копретседавач на мешовитата македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците, Драги Ѓоргиев. Ќе биде интересно да се види маневарскиот простор на Комисијата за Илинденското востание. За да утврди дали навистина било бугарско, се разбира со истото образложение како за светите браќа Кирил и Методиј, Климент и Наум и за Цар Самоил дека за поголемиот дел од науката било бугарско. Патем и да му врнат дневници. Како беше тоа паролата на СДС бугарски или неоврховистички? Рамо до рамо до победа? Или беше еден за сите, сите за никаде?

The post Пендаровски и Kовачевски на свечена седница во Софија за прогласување на Илинденското востание за бугарско! appeared first on Република.

]]>
Таче и Стево, сега ли ви текна за однесувањето на Бугарија кон Македонија? https://republika.mk/vesti/makedonija/tache-i-stevo-sega-li-vi-tekna-za-odnesuvaneto-na-bugarija-kon-makedonija/ Thu, 18 May 2023 10:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=642225

Во еден ист ден претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски со свои изјави станаа еклатантни примери за политичка проституција на домашната политичка сцена од најдолен вид, каква што одамна не сме виделе на нашите простори.

Не дека до сега немало слични примери, но нивното политичко проституирање станува еклатантен пример за тоа како едни исти носители на највисоките државни функции можат преку ноќ да го достигнат политичкото дно! И од ситни продадени души да се обидат да ни се претстават како големи душегрижници за македонското национално дело, иако претходно сите поинаку мислечките и критични расположени општественици кон бугарската шовинистичка и хегемонистичка политика ги прогласуваа за најголеми непријатели на државата и противници на евроатлантските аспирации на Република Македонија!, анализира новинарот Предраг Димитровски во текст на „Пресинг ТВ“.

 

Претседателот Стево Пендаровски, кој вчера учествуваше на лидерскиот состанок во организација на Белградскиот центар за безбедносна политика, насловен „Руската агресија врз Украина: Нов моментум за проширувањето на EУ?“, меѓу другото потсети дека пред две и пол години Бугарија почна да изнесува барања кои немаат никаква допирна точка со ЕУ критериумите.

-Започнаа да зборуваат за македонскиот етнички идентитет, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека во периодот од 1941 до 1944 тие биле администратори, а не окупатори и сето тоа беше во писмена форма дисеминирано до сите амбасадори. Таков тип на историски ревизионизам е апсолутно недозволив во секоја сериозна дискусија, изјави тој, додавајќи дека тоа не ѝ прилега на една земја членка на ЕУ.

И ова е само делумно точно. Зашто, целиот бугарски политички наратив е содржан во бошурата „Бугарската политика кон Република Македонија“, што е подготвен уште во 2007/2008 година, и нејзината содржина е речиси копирана во Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, што политичката елита на СДСМ и ДУИ од позиција на власт беспоговорно го прифатија и потпишаа, наспроти сите укажувања за неговата асиметричност и штетност за македонскиот идентитет, јазик и историја.

Пендаровски сега, дури шест години по потпишувањето на Договорот го гледа бугарскиот историски ревизионизам, што значи дека до сега свесно молчел за сите штетни последици. И кога му доаѓа времето за реизбор, одеднаш се става во својата професорска улога за да ни држи стари предавања! Бедно и срамно!

А, што правеше пред две и пол години, како што самиот ја одредува временската дистанца? Молчеше! Да потсетиме, тоа е време кога премиер беше Зоран Заев и кога бившиот претседател, премиер и еден од основачите на СДСМ, Бранко Црвенковски, преку отворено писмо побара партиското членство да се дистанцира од ставовите на Заев.-прашува Димитровски.

 

Што правеше Пендаровски кога на маса беше ставен т.н. француски, а во суштина бугарски предлог? Прво не лажеше дека не се преговара за него, за потоа да се курчи дека тој бил еден од директните преговарачи. А, во што се разликува т.н. француски предлог од Договорот со Бугарија? Во ништо, само што ни наметна дополнителни обврски од кои ни сега, ни во иднина нема да можеме глава да кренеме. Е, Стево, Стево, каде ќе ти оди душата?!

Премиерот Димитар Ковачевски на генералната дебата „Обединети за Европа“ на самиот на Советот на Европа во Рејкјавик како целосно неосновани ги оцени обвинувањата од страна на претставникот на Бугарија за непочитување на правата на македонските Бугари.

-Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели, особено во овој клучен период за иднината на Европа, ќе изјави меѓу другото Ковачевски.

Ваквата реторика на премиерот намесник доаѓа со задоцнување од најмалку15 месеци. Русија ја нападна Украина на 24 февруари минатата година и од тогаш поистоветувањето на постапките на Бугарија кон Македонија со оние на Русија кон Украина стана речиси секојдневие, особено во домашните медиуми. И сега не се знае од каде му произлегува овој чист плагијат, дали од медиумите или од политичарите од опозицијата.

Но, суштината не е во плагијатот

Суштината е во истите прашања, што му се поставуваат на претседателот Пендаровски, на кои треба и премиерот намесник да даде одговори. Навистина, каде беше до сега Таче во поглед на политиката кон Бугарија? И тој не лажеше за т.н. француски предлог, не убедува дека уставните промени се добри и не се страшни, ама за тоа не нуди никакви анализи, туку скапо плаќа свои попагандисти за да не се крева многу прашина.

Официјална Софија „не дупи“ во здрав разум цели шест години, шест години си поигрува со нашето основно човечко достоинство, не негира во секој поглед, ама Таче наш, како добро дресирана пудлица, само ги крева предните ноџиња и со нив се радува на слатките зборови на европските бирократи. Исто како Пендаровски, бедно и срамно! Е, Таче, Таче, и тебе каде ќе ти оди душата?!-стои во анализата на Димитровски.

И за сето ова не се виновни ниту Македонците, ниту опозицијата. Виновни се двете врвни личности, кои политичката поддршка од надвор ја сфаќаат како обични политички корисни идиоти! Притоа мислејќи исклучиво на своите, а не на националните интереси.

The post Таче и Стево, сега ли ви текна за однесувањето на Бугарија кон Македонија? appeared first on Република.

]]>

Во еден ист ден претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски со свои изјави станаа еклатантни примери за политичка проституција на домашната политичка сцена од најдолен вид, каква што одамна не сме виделе на нашите простори. Не дека до сега немало слични примери, но нивното политичко проституирање станува еклатантен пример за тоа како едни исти носители на највисоките државни функции можат преку ноќ да го достигнат политичкото дно! И од ситни продадени души да се обидат да ни се претстават како големи душегрижници за македонското национално дело, иако претходно сите поинаку мислечките и критични расположени општественици кон бугарската шовинистичка и хегемонистичка политика ги прогласуваа за најголеми непријатели на државата и противници на евроатлантските аспирации на Република Македонија!, анализира новинарот Предраг Димитровски во текст на „Пресинг ТВ“.   Претседателот Стево Пендаровски, кој вчера учествуваше на лидерскиот состанок во организација на Белградскиот центар за безбедносна политика, насловен „Руската агресија врз Украина: Нов моментум за проширувањето на EУ?“, меѓу другото потсети дека пред две и пол години Бугарија почна да изнесува барања кои немаат никаква допирна точка со ЕУ критериумите.
-Започнаа да зборуваат за македонскиот етнички идентитет, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека во периодот од 1941 до 1944 тие биле администратори, а не окупатори и сето тоа беше во писмена форма дисеминирано до сите амбасадори. Таков тип на историски ревизионизам е апсолутно недозволив во секоја сериозна дискусија, изјави тој, додавајќи дека тоа не ѝ прилега на една земја членка на ЕУ.
И ова е само делумно точно. Зашто, целиот бугарски политички наратив е содржан во бошурата „Бугарската политика кон Република Македонија“, што е подготвен уште во 2007/2008 година, и нејзината содржина е речиси копирана во Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, што политичката елита на СДСМ и ДУИ од позиција на власт беспоговорно го прифатија и потпишаа, наспроти сите укажувања за неговата асиметричност и штетност за македонскиот идентитет, јазик и историја. Пендаровски сега, дури шест години по потпишувањето на Договорот го гледа бугарскиот историски ревизионизам, што значи дека до сега свесно молчел за сите штетни последици. И кога му доаѓа времето за реизбор, одеднаш се става во својата професорска улога за да ни држи стари предавања! Бедно и срамно!
А, што правеше пред две и пол години, како што самиот ја одредува временската дистанца? Молчеше! Да потсетиме, тоа е време кога премиер беше Зоран Заев и кога бившиот претседател, премиер и еден од основачите на СДСМ, Бранко Црвенковски, преку отворено писмо побара партиското членство да се дистанцира од ставовите на Заев.-прашува Димитровски.
  Што правеше Пендаровски кога на маса беше ставен т.н. француски, а во суштина бугарски предлог? Прво не лажеше дека не се преговара за него, за потоа да се курчи дека тој бил еден од директните преговарачи. А, во што се разликува т.н. француски предлог од Договорот со Бугарија? Во ништо, само што ни наметна дополнителни обврски од кои ни сега, ни во иднина нема да можеме глава да кренеме. Е, Стево, Стево, каде ќе ти оди душата?! Премиерот Димитар Ковачевски на генералната дебата „Обединети за Европа“ на самиот на Советот на Европа во Рејкјавик како целосно неосновани ги оцени обвинувањата од страна на претставникот на Бугарија за непочитување на правата на македонските Бугари.
-Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели, особено во овој клучен период за иднината на Европа, ќе изјави меѓу другото Ковачевски.
Ваквата реторика на премиерот намесник доаѓа со задоцнување од најмалку15 месеци. Русија ја нападна Украина на 24 февруари минатата година и од тогаш поистоветувањето на постапките на Бугарија кон Македонија со оние на Русија кон Украина стана речиси секојдневие, особено во домашните медиуми. И сега не се знае од каде му произлегува овој чист плагијат, дали од медиумите или од политичарите од опозицијата.

Но, суштината не е во плагијатот

Суштината е во истите прашања, што му се поставуваат на претседателот Пендаровски, на кои треба и премиерот намесник да даде одговори. Навистина, каде беше до сега Таче во поглед на политиката кон Бугарија? И тој не лажеше за т.н. француски предлог, не убедува дека уставните промени се добри и не се страшни, ама за тоа не нуди никакви анализи, туку скапо плаќа свои попагандисти за да не се крева многу прашина.
Официјална Софија „не дупи“ во здрав разум цели шест години, шест години си поигрува со нашето основно човечко достоинство, не негира во секој поглед, ама Таче наш, како добро дресирана пудлица, само ги крева предните ноџиња и со нив се радува на слатките зборови на европските бирократи. Исто како Пендаровски, бедно и срамно! Е, Таче, Таче, и тебе каде ќе ти оди душата?!-стои во анализата на Димитровски.
И за сето ова не се виновни ниту Македонците, ниту опозицијата. Виновни се двете врвни личности, кои политичката поддршка од надвор ја сфаќаат како обични политички корисни идиоти! Притоа мислејќи исклучиво на своите, а не на националните интереси.

The post Таче и Стево, сега ли ви текна за однесувањето на Бугарија кон Македонија? appeared first on Република.

]]>
Таче нема туле, Таче нема туле… https://republika.mk/kolumni/tache-nema-tule-tache-nema-tule/ Mon, 15 May 2023 10:46:24 +0000 https://republika.mk/?p=640956

Предраг Димитровски

Премиерот намесник Димитар Ковачевски, во последното Само интервју, ни призна дека на неодамнешното предавање пред идните дипломати во Виена добро сме го чуле. Настапил професорски. Па жаргонски, наместо храброст, навистина го употребил терминот „мадиња“ или ти на англиски balls, покрај разумот, при носењето тешки политички одлуки.

И додека на новинарот водител му беше непријатно дури и да го спомене зборот на македонски јазик, заради угледот на телевизијата и почитување, пред се, на политичката култура, нашиот Таче мува не го лазеше. Ни ги сервираше неговите „мадиња“ и ни одржа кратка лекција по „професура“ и дипломатска историја, упатувајќи не на говор на последниот лидер на некогаш моќниот СССР, Михил Горбачов, под чија палка тој се распадна како кула од карти. За волја на вистината се обиде да не убеди дека и други светски лидери го користеле истиот жаргон, но, за жал, притоа не спомена ниту едно друго име. Не му текнуваше, де, а не дека немало.

А, ќе беше добро да спомене, зашто примерот со Горбачов беше исклучително лош. Не дај Боже како Република Македонија да го доживееме искуството на некогашниот СССР, иако барем спокојно го поминавме распадот на некогашната југословенска федерација. Но, за жал, „македонцките работи“ не се одвиваат во вистински правец, што се потврдува со сите можни анкети.

Големо прашање е дали Таче така безрезервно ќе ни ги нудеше своите „мадиња“, ако не беше премиер намесник и ако не беше типична марионета, гол послушник во рацете на светските моќници, и целосно анационален тип, кој по примерот на неговиот претходник го продава идентитетот на Македонците како обичен џамбаз на кумановскиот ат пазар. Зашто, тоа што сака да ни го шитне како шибицер не е храброст, туку чисто лудило од војничко ве-це.

Ах, да, за малку да заборавам дека поради здравствени проблеми премиерот намесник нема ни ден војничко искуство, па затоа и не ја знае основната порака „овдека и најхрабрите се иска..ваат“.

Таче може има „мадиња“, ама пред да влезе во војничко ве-це и да се соочи со пораката би било добро на време да си ги заврши „работите“ и да гледа да не му падне сапунот. Зашто, после ќе му биде доцна. И тогаш ќе нема Македонец, кој нема да му вика „Таче нема туле, Таче нема туле…“.

Премиерот намесник, заедно со неговите политички газди и медиумски и интелектуални платеници сакаат да убедат 80 отсто од Македонците дека црното е бело и обратно, дека белото е црно. Сакаат да ги убедат дека т.н. француски, а во суштина чисто бугарски предлог е добар и оти не задира во нивните чисто идентитетски прашања. Никако да сфатат дека нешто што не се брани, не се брани, па мајка јана нека е.

Ова дотолку повеќе по немилиот настан на ракометното куп-финале во Охрид. Полицискиот пендрек врз Филип Талевски е чист како солза пример за злоупотребата на политичката моќ и манифестирање тоталитарно политичко насилство од најдолен вид, пренесено од владин и собраниски на ракометен спортски терен, што само дополнително ги фрустрира Македонците. А, во такви околности никој не ќе може да ги спаси „мадињата“ на Таче од разумот на Македонците.

Толку за Тачета.

Сега нешто за министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тоа е чудо едно колку е лесен во паметот од аспект на непознавање на македонско-бугарските односи и меѓусебната историја. И тој по теркот на првиот вицепремиер Артан Груби, кој зимата лани не убедуваше дека работите можат да се завршат за шест месеци, сега ни продава евтина урда дека со вметнувањето на македонските Бугари во Уставот немало никому ни влакно да му фали.

Во оваа гола флоскула може да веруваат само наивните и политички неписмените. За платениците од секаков вид, пак, не сакам ни збор да трошам. Сите на купче сега се во фаза како кога Зоран Заев не молеше да ја кажуваме придавката северна пред името на државата Македонија. Разликата е во тоа што сега овие не молат да викаме дека сме Македонци само од 1944 година наваму.

Но, ова е само една страна од медалот. Втората е перфидната манипулација на Османи дека, парафразирано, имал чувство дека македонската опозиција како да имала договор со бугарските радикали и десничари во отпорот кон т.н. француски предлог, нормализирање на односите меѓу двете држави и конечно отпочнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

А, не така под појас Бујар. Ако си дозволуваш речиси секојдневно да го минимизираш и омаловажуваш нивото на политичката култура на етничките македонски Албанци од чисто клиентелистички причини, тоа не смееш ни да помислиш, а камо ли да го правиш со политичката култура на етничките Македонци!

Ваквото изедначување на бугарскиот шовинизам со македонскиот национализам е враќање назад и чисто удб-ашка матрица. Зашто, една од основните линии на работа на комунистичката/социјалистичката тајна полиција во пресметката со партиските неистомисленици била линијата именувана како „врховизам и македонски национализам“. А, тоа се две неспоиви работи, две крајности, кои немаат никакви допирни точки. Со други зборови, Бујар Османи го изедначува македонизмот со неговата негација-врховизмот и се обидува да меша масло со вода!

Не Бујар, не одат така тие работи. Таму каде што ти штепуваш, ние се протнуваме.

Ако си толку мангуп, ајде кажи барем еден актуелен бугарски политичар, кој излегол од нивната шовинистичка матрица! Нема таков, па и меѓу најлибералните претставници. Впрочем, иако либерален, дури и Кирил Петков успеа да ни го смести со т.н. француски, а во суштина бугарски предлог.

Доколку беше поинаку многу работи ќе беа поинакви, а не какви што се. И за тоа е најмалку виновна македонската опозиција. Напротив, виновна е власта, која им се нуди и на странците и на Бугарите како Ратка пиратка.

Затоа Бујар, еднаш проба, другпат не се ни обидувај да ни продаваш евтина урда на сметка на македонската опозиција.

The post Таче нема туле, Таче нема туле… appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски

Премиерот намесник Димитар Ковачевски, во последното Само интервју, ни призна дека на неодамнешното предавање пред идните дипломати во Виена добро сме го чуле. Настапил професорски. Па жаргонски, наместо храброст, навистина го употребил терминот „мадиња“ или ти на англиски balls, покрај разумот, при носењето тешки политички одлуки. И додека на новинарот водител му беше непријатно дури и да го спомене зборот на македонски јазик, заради угледот на телевизијата и почитување, пред се, на политичката култура, нашиот Таче мува не го лазеше. Ни ги сервираше неговите „мадиња“ и ни одржа кратка лекција по „професура“ и дипломатска историја, упатувајќи не на говор на последниот лидер на некогаш моќниот СССР, Михил Горбачов, под чија палка тој се распадна како кула од карти. За волја на вистината се обиде да не убеди дека и други светски лидери го користеле истиот жаргон, но, за жал, притоа не спомена ниту едно друго име. Не му текнуваше, де, а не дека немало. А, ќе беше добро да спомене, зашто примерот со Горбачов беше исклучително лош. Не дај Боже како Република Македонија да го доживееме искуството на некогашниот СССР, иако барем спокојно го поминавме распадот на некогашната југословенска федерација. Но, за жал, „македонцките работи“ не се одвиваат во вистински правец, што се потврдува со сите можни анкети. Големо прашање е дали Таче така безрезервно ќе ни ги нудеше своите „мадиња“, ако не беше премиер намесник и ако не беше типична марионета, гол послушник во рацете на светските моќници, и целосно анационален тип, кој по примерот на неговиот претходник го продава идентитетот на Македонците како обичен џамбаз на кумановскиот ат пазар. Зашто, тоа што сака да ни го шитне како шибицер не е храброст, туку чисто лудило од војничко ве-це. Ах, да, за малку да заборавам дека поради здравствени проблеми премиерот намесник нема ни ден војничко искуство, па затоа и не ја знае основната порака „овдека и најхрабрите се иска..ваат“. Таче може има „мадиња“, ама пред да влезе во војничко ве-це и да се соочи со пораката би било добро на време да си ги заврши „работите“ и да гледа да не му падне сапунот. Зашто, после ќе му биде доцна. И тогаш ќе нема Македонец, кој нема да му вика „Таче нема туле, Таче нема туле…“. Премиерот намесник, заедно со неговите политички газди и медиумски и интелектуални платеници сакаат да убедат 80 отсто од Македонците дека црното е бело и обратно, дека белото е црно. Сакаат да ги убедат дека т.н. француски, а во суштина чисто бугарски предлог е добар и оти не задира во нивните чисто идентитетски прашања. Никако да сфатат дека нешто што не се брани, не се брани, па мајка јана нека е. Ова дотолку повеќе по немилиот настан на ракометното куп-финале во Охрид. Полицискиот пендрек врз Филип Талевски е чист како солза пример за злоупотребата на политичката моќ и манифестирање тоталитарно политичко насилство од најдолен вид, пренесено од владин и собраниски на ракометен спортски терен, што само дополнително ги фрустрира Македонците. А, во такви околности никој не ќе може да ги спаси „мадињата“ на Таче од разумот на Македонците. Толку за Тачета. Сега нешто за министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тоа е чудо едно колку е лесен во паметот од аспект на непознавање на македонско-бугарските односи и меѓусебната историја. И тој по теркот на првиот вицепремиер Артан Груби, кој зимата лани не убедуваше дека работите можат да се завршат за шест месеци, сега ни продава евтина урда дека со вметнувањето на македонските Бугари во Уставот немало никому ни влакно да му фали. Во оваа гола флоскула може да веруваат само наивните и политички неписмените. За платениците од секаков вид, пак, не сакам ни збор да трошам. Сите на купче сега се во фаза како кога Зоран Заев не молеше да ја кажуваме придавката северна пред името на државата Македонија. Разликата е во тоа што сега овие не молат да викаме дека сме Македонци само од 1944 година наваму. Но, ова е само една страна од медалот. Втората е перфидната манипулација на Османи дека, парафразирано, имал чувство дека македонската опозиција како да имала договор со бугарските радикали и десничари во отпорот кон т.н. француски предлог, нормализирање на односите меѓу двете држави и конечно отпочнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. А, не така под појас Бујар. Ако си дозволуваш речиси секојдневно да го минимизираш и омаловажуваш нивото на политичката култура на етничките македонски Албанци од чисто клиентелистички причини, тоа не смееш ни да помислиш, а камо ли да го правиш со политичката култура на етничките Македонци! Ваквото изедначување на бугарскиот шовинизам со македонскиот национализам е враќање назад и чисто удб-ашка матрица. Зашто, една од основните линии на работа на комунистичката/социјалистичката тајна полиција во пресметката со партиските неистомисленици била линијата именувана како „врховизам и македонски национализам“. А, тоа се две неспоиви работи, две крајности, кои немаат никакви допирни точки. Со други зборови, Бујар Османи го изедначува македонизмот со неговата негација-врховизмот и се обидува да меша масло со вода! Не Бујар, не одат така тие работи. Таму каде што ти штепуваш, ние се протнуваме. Ако си толку мангуп, ајде кажи барем еден актуелен бугарски политичар, кој излегол од нивната шовинистичка матрица! Нема таков, па и меѓу најлибералните претставници. Впрочем, иако либерален, дури и Кирил Петков успеа да ни го смести со т.н. француски, а во суштина бугарски предлог. Доколку беше поинаку многу работи ќе беа поинакви, а не какви што се. И за тоа е најмалку виновна македонската опозиција. Напротив, виновна е власта, која им се нуди и на странците и на Бугарите како Ратка пиратка. Затоа Бујар, еднаш проба, другпат не се ни обидувај да ни продаваш евтина урда на сметка на македонската опозиција.

The post Таче нема туле, Таче нема туле… appeared first on Република.

]]>
Абе, ти ме донесе тука за да ме „работиш“ или да ме паркираш?! https://republika.mk/kolumni/abe-ti-me-donese-tuka-za-da-me-rabotish-ili-da-me-parkirash/ Sun, 16 Apr 2023 07:01:02 +0000 https://republika.mk/?p=631121

Христос воскресе, навистина воскресе! Да ни е честит и вековит Велигден!

Искрено, пријатно се изненадив од нашиот премиер намесник Димитар Ковачевски. Од спроведувањето на контролата на замрзнатите цени на прехранбените производи разбрав дека бил домаќин, зашто ѓоа купуваше и полнеше торбичка пред камери.

И си плаќаше од свој џеб. Ама дека знае и јајца да вапца, навистина не знаев. А, да кажеше на време, ќе го замолев да им помогне на оние граѓани за кои и јајцата и бојата претставуваат луксуз.

Не дека ги има малку. Со еден мастраф. Зашто, болук времињата одамна поминаа и илјадници, илјадници граѓани денот го минуваат со 150 денари. А, со нив не можат да купат ни едно пакување јајца и боја, зашто тоа би значело дека еден цел ден ќе требало да останат без залак в уста.

Нејсе. Од велигденската честитка ми стана јасно дека премиерот намесник не се откажува од платената пропаганда. Отидоа јабана уште 260 евра, односно уште една минимална пензија или уште една за малку помала минимална плата. Некој може да забележи дека јабана ни отиде државата, а јас, пак, „ситничарам“ за една минимална пензија или минимална плата. И ќе биде во право.

Зашто, што е една велигденска видео-порака, со силна порака во која има шмек и приватниот бизнис на сопругата на премиерот намесник. Богами, Бирото за развој на образованието треба добро да размисли таа да стане и составен дел од образовната програма на првоодделенците.

Со нивните мозочиња сунѓерчиња веднаш ќе сфатат што значи зелената боја. Зелената боја е зелена иднина, а зелена иднина е зелена енергија, зелена енергија е поевтина електрична енергија. А, поевтина електрична енергија значи пониски сметки за мама и тато и затоа тие не треба многу да се вознемируваат, што сопругата на нашиот премиер намесник добила државно земјиште, таму некаде во „пизденци“, по цена за метар квадратен колку што чини килограм компир со замрзната цена.

Ама таа цена ја утврдила бившата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од чии редови бил и актуелниот градоначалник на општината на чија територија се наоѓала парцелата. Па што?! Премиерот намесник е повеќе од една година на власт и токму во таа година инфлацијата достигна астрономски височини, ама не дека не му текнало дека цената на државното земјиште е бесмилена, туку така му одговарало.

Од сопруга, балдска и кум нема поблиски. Уште поврзани со бизнис, за мерак. Се сеќавате како пееше „Калауз бенд“ во „Грабежот на Третиот рајх“? „Само ја свирам жицата ге, „изем“ ти живот без тебе, без тебе куме е како на робија, со жолта лента не сум човек јас ...“.

Да, со жолта лента никој не е човек, а на робија оди тој што ќе заслужи.

И во оваа Страсна недела не можевме без страстна политика. Со договорот за изградба на делниците од коридорите 8 и 10д владејачката гарнитура на СДСМ и на ДУИ ни покажа две работи. Прво, како со пари на граѓаните, даночни обврзници, едноставно се прави обид да се купи власта и второ, како со еден договор бескрупулозно се краде сопствниот народ!

А, парите, што ќе треба да се дадат за делниците и само почетно се проценуваат на 1,3 милијарди евра, ќе треба да ги враќаат генерации и генерации македонски граѓани. И што попрво ќе треба да прават, да живеат или да ги враќаат долговите на Таче?!

Ако до сега бев длабоко убеден дека премиерот намесник Димитар Ковачевски е седнат во скутот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откако изби скандалот со Бехтел и Енка сум на два ума. Дали покрај во скутот на Ахмети, нашиот Таче не седи и во скутот на првиот вицепремиер и главен координатор за контрола на изградбата на коридорите 8 и 10д, Артан Груби?!

Обајцата веќе отворено си поигруваат со него. А, во добар дел нивните релации потсетуваат на еден стар виц. Тоа е вицот во кој се говореше за тоа како „запалени“ сопружници одлучиле да водат љубов во сопствниот автомобил. Арно ама автомобилот си е автомобил, тесно во него. И сопругот ја замолува сопругата да се помести де малку понапред, де малку поназад, де малку лево, де малку десно...Се додека на сопругата не и дошло преку глава и не му свикала на сопругот-Абе, ти ме донесе тука за да ме „работиш“ или за да ме паркираш?!

Однапред му се извинувам на понежниот женски пол, зашто потсетувањето на вицот нема ни случајно за цел да си поигрувам со неговите чувства. Напротив. Сакам само да ја илустрирам политичката слика и немоќта, што ја остава пред јавноста премиерот намесник.

Зашто, не може истиот тој премиер намесник еден ден да има еден, а друг ден сосема друг став, идентичен со ставот на првиот вицепремиер. А, да не говориме за другите претставници и од Владата и од партијата СДСМ околу обелоденувањето на целата содржина на договорот за изградбата на делниците од коридорите 8 и 10д. Едноставно, апсолутно неприфатливо е интерсот на странските компании да се стави пред јавниот интерес во државата.

Оттука, крајно јалови, па дури и смешни изгледаат речиси секојдневните партиски соопштенија на СДСМ поврзани со уставните измени, во кои на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на самата најголема опозициска партија им се даваат улоги на заложници на Димитар Апасиев и на Левица како анти-не знам какви ти не политички субјекти. Едноставно, пропагандистичкото „заложништво“ на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ се неспоредливи со политичкото „паркирање“ на Таче и на СДСМ во скутовите на Ахмети, на Груби и на ДУИ!

Со кој образ излегува премиерот намесник Димитар Ковачевски и во Страсната недела да се прави голем мангуп и меѓу другото да каже:

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, така да е нерелевантен за тоа прашање (вметнувањето на македонските Бугари во Уставот н.з.), а и многу често ги менува своите ставови.

Види мајката, што би рекол неговиот претходник. А, зошто мисли дека тој или уште десетици имиња, кои влегоа во т.н. работна група за промена на Уставот, се релевантни за таквите активности? Или, пак, смета дека само пратениците се одговорни за тоа?

Израз на немоќ Таче, немоќ! И ништо ниту помалку, ниту повеќе од тоа! Најмалку е некаков мангуплук смислен во твоите партиски пропагандистички лаборатории.

Напротив. Вината за тоа во каква состојба ги доведе Македонците и целосната поделност меѓу нив лежи само кај твојот ментор Зоран Заев и кај тебе лично. Зашто, обајцата презедовте обврски, што ниту еден разумен политичар не би ги презел.

Тргнувајќи од фактот, што за период од пет години, без никакви анализи, потпишавте два договора со иста држава-Република Бугарија, за иста цел-почеток на преговорите за членство во ЕУ. И сега чорба Македонче! Епа чорба!

Дали Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија го понудивте на изборите во 2016, или, пак, т.н. француски предлог на изборите во 2020 година? Не. Дали било која друга земја кандидат за членство во ЕУ имала исти критериуми за почеток на преговорите? Не. Дали билатералниот спор стана европски? Да. Дали направивте целосна анализа и истата сте им ја предочиле на граѓаните, што ќе значи практично внесувањето на македонските Бугари во Уставот? Не. Дали сте преземале обврски, без постигнат внатрешен консензус, што уставно, како извршна власт, не ви припаѓаат? Да. Дали целата европска свита, која престојуваше во Скопје пред уставните измени за промена на државното име, не не убедуваше дека тоа ќе биде последното барање за отстпки од Македонија? Да. Дали вметнувањето на Бугарите во уставот по влезот на Македонија во ЕУ не беше официјален ваш став при посредувањето на Франција? Да. Дали успеавте да се изборите за тоа? Не. Зошто? Затоа што сте неспособни да го одбраните националниот интерес. Ете затоа.

И сега вие ќе се продавате за релевантни, а сите други се нерелевантни. Море ај носете се со вашата релевантност!

The post Абе, ти ме донесе тука за да ме „работиш“ или да ме паркираш?! appeared first on Република.

]]>

Христос воскресе, навистина воскресе! Да ни е честит и вековит Велигден! Искрено, пријатно се изненадив од нашиот премиер намесник Димитар Ковачевски. Од спроведувањето на контролата на замрзнатите цени на прехранбените производи разбрав дека бил домаќин, зашто ѓоа купуваше и полнеше торбичка пред камери. И си плаќаше од свој џеб. Ама дека знае и јајца да вапца, навистина не знаев. А, да кажеше на време, ќе го замолев да им помогне на оние граѓани за кои и јајцата и бојата претставуваат луксуз. Не дека ги има малку. Со еден мастраф. Зашто, болук времињата одамна поминаа и илјадници, илјадници граѓани денот го минуваат со 150 денари. А, со нив не можат да купат ни едно пакување јајца и боја, зашто тоа би значело дека еден цел ден ќе требало да останат без залак в уста. Нејсе. Од велигденската честитка ми стана јасно дека премиерот намесник не се откажува од платената пропаганда. Отидоа јабана уште 260 евра, односно уште една минимална пензија или уште една за малку помала минимална плата. Некој може да забележи дека јабана ни отиде државата, а јас, пак, „ситничарам“ за една минимална пензија или минимална плата. И ќе биде во право. Зашто, што е една велигденска видео-порака, со силна порака во која има шмек и приватниот бизнис на сопругата на премиерот намесник. Богами, Бирото за развој на образованието треба добро да размисли таа да стане и составен дел од образовната програма на првоодделенците. Со нивните мозочиња сунѓерчиња веднаш ќе сфатат што значи зелената боја. Зелената боја е зелена иднина, а зелена иднина е зелена енергија, зелена енергија е поевтина електрична енергија. А, поевтина електрична енергија значи пониски сметки за мама и тато и затоа тие не треба многу да се вознемируваат, што сопругата на нашиот премиер намесник добила државно земјиште, таму некаде во „пизденци“, по цена за метар квадратен колку што чини килограм компир со замрзната цена. Ама таа цена ја утврдила бившата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од чии редови бил и актуелниот градоначалник на општината на чија територија се наоѓала парцелата. Па што?! Премиерот намесник е повеќе од една година на власт и токму во таа година инфлацијата достигна астрономски височини, ама не дека не му текнало дека цената на државното земјиште е бесмилена, туку така му одговарало. Од сопруга, балдска и кум нема поблиски. Уште поврзани со бизнис, за мерак. Се сеќавате како пееше „Калауз бенд“ во „Грабежот на Третиот рајх“? „Само ја свирам жицата ге, „изем“ ти живот без тебе, без тебе куме е како на робија, со жолта лента не сум човек јас ...“. Да, со жолта лента никој не е човек, а на робија оди тој што ќе заслужи. И во оваа Страсна недела не можевме без страстна политика. Со договорот за изградба на делниците од коридорите 8 и 10д владејачката гарнитура на СДСМ и на ДУИ ни покажа две работи. Прво, како со пари на граѓаните, даночни обврзници, едноставно се прави обид да се купи власта и второ, како со еден договор бескрупулозно се краде сопствниот народ! А, парите, што ќе треба да се дадат за делниците и само почетно се проценуваат на 1,3 милијарди евра, ќе треба да ги враќаат генерации и генерации македонски граѓани. И што попрво ќе треба да прават, да живеат или да ги враќаат долговите на Таче?! Ако до сега бев длабоко убеден дека премиерот намесник Димитар Ковачевски е седнат во скутот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откако изби скандалот со Бехтел и Енка сум на два ума. Дали покрај во скутот на Ахмети, нашиот Таче не седи и во скутот на првиот вицепремиер и главен координатор за контрола на изградбата на коридорите 8 и 10д, Артан Груби?! Обајцата веќе отворено си поигруваат со него. А, во добар дел нивните релации потсетуваат на еден стар виц. Тоа е вицот во кој се говореше за тоа како „запалени“ сопружници одлучиле да водат љубов во сопствниот автомобил. Арно ама автомобилот си е автомобил, тесно во него. И сопругот ја замолува сопругата да се помести де малку понапред, де малку поназад, де малку лево, де малку десно...Се додека на сопругата не и дошло преку глава и не му свикала на сопругот-Абе, ти ме донесе тука за да ме „работиш“ или за да ме паркираш?! Однапред му се извинувам на понежниот женски пол, зашто потсетувањето на вицот нема ни случајно за цел да си поигрувам со неговите чувства. Напротив. Сакам само да ја илустрирам политичката слика и немоќта, што ја остава пред јавноста премиерот намесник. Зашто, не може истиот тој премиер намесник еден ден да има еден, а друг ден сосема друг став, идентичен со ставот на првиот вицепремиер. А, да не говориме за другите претставници и од Владата и од партијата СДСМ околу обелоденувањето на целата содржина на договорот за изградбата на делниците од коридорите 8 и 10д. Едноставно, апсолутно неприфатливо е интерсот на странските компании да се стави пред јавниот интерес во државата. Оттука, крајно јалови, па дури и смешни изгледаат речиси секојдневните партиски соопштенија на СДСМ поврзани со уставните измени, во кои на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на самата најголема опозициска партија им се даваат улоги на заложници на Димитар Апасиев и на Левица како анти-не знам какви ти не политички субјекти. Едноставно, пропагандистичкото „заложништво“ на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ се неспоредливи со политичкото „паркирање“ на Таче и на СДСМ во скутовите на Ахмети, на Груби и на ДУИ! Со кој образ излегува премиерот намесник Димитар Ковачевски и во Страсната недела да се прави голем мангуп и меѓу другото да каже:
-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, така да е нерелевантен за тоа прашање (вметнувањето на македонските Бугари во Уставот н.з.), а и многу често ги менува своите ставови.
Види мајката, што би рекол неговиот претходник. А, зошто мисли дека тој или уште десетици имиња, кои влегоа во т.н. работна група за промена на Уставот, се релевантни за таквите активности? Или, пак, смета дека само пратениците се одговорни за тоа? Израз на немоќ Таче, немоќ! И ништо ниту помалку, ниту повеќе од тоа! Најмалку е некаков мангуплук смислен во твоите партиски пропагандистички лаборатории. Напротив. Вината за тоа во каква состојба ги доведе Македонците и целосната поделност меѓу нив лежи само кај твојот ментор Зоран Заев и кај тебе лично. Зашто, обајцата презедовте обврски, што ниту еден разумен политичар не би ги презел. Тргнувајќи од фактот, што за период од пет години, без никакви анализи, потпишавте два договора со иста држава-Република Бугарија, за иста цел-почеток на преговорите за членство во ЕУ. И сега чорба Македонче! Епа чорба! Дали Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија го понудивте на изборите во 2016, или, пак, т.н. француски предлог на изборите во 2020 година? Не. Дали било која друга земја кандидат за членство во ЕУ имала исти критериуми за почеток на преговорите? Не. Дали билатералниот спор стана европски? Да. Дали направивте целосна анализа и истата сте им ја предочиле на граѓаните, што ќе значи практично внесувањето на македонските Бугари во Уставот? Не. Дали сте преземале обврски, без постигнат внатрешен консензус, што уставно, како извршна власт, не ви припаѓаат? Да. Дали целата европска свита, која престојуваше во Скопје пред уставните измени за промена на државното име, не не убедуваше дека тоа ќе биде последното барање за отстпки од Македонија? Да. Дали вметнувањето на Бугарите во уставот по влезот на Македонија во ЕУ не беше официјален ваш став при посредувањето на Франција? Да. Дали успеавте да се изборите за тоа? Не. Зошто? Затоа што сте неспособни да го одбраните националниот интерес. Ете затоа. И сега вие ќе се продавате за релевантни, а сите други се нерелевантни. Море ај носете се со вашата релевантност!

The post Абе, ти ме донесе тука за да ме „работиш“ или да ме паркираш?! appeared first on Република.

]]>
Зарем Драги Ѓоргиев сака да ни ги „ослепува“ наставниците и учениците Македончиња?! https://republika.mk/kolumni/zarem-dragi-gorgiev-saka-da-ni-gi-oslepuva-nastavnitsite-i-uchenitsite-makedonchina/ Thu, 06 Apr 2023 06:29:38 +0000 https://republika.mk/?p=627736

Каква историографска еквилибристика сака јавно и заткулисно да ни прикажува и демонстрира Драги Ѓоргиев, „македонски“ историчар, политички измеќар, бескрупулозен конформист и копретсадавач на заедничаката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците, што се потпишува со титулата академик?

Ова е клучното прашање, што се наметнува по последниот настап на Ѓоргиев во „Топ тема“, во кој со невидена леснотија се обиде да не „проштепува“, особено околу последното преостанато, но клучно прашање од периодот на средниот век со бугарските колеги, Охридската архиепископија.

За него, очигледно, не важат предупредувањата да ги тргне рацете на страна и да не чепка таму каде што не треба. Не заради тоа што Македонците се протнуваат таму каде што тој „штепува“, туку поради фактот што со својот милозвучен глас сакаше, така наивно да „продаде“ еден од основните темели на македонската историја, народ и држава! Срам и блам!

-Нашето инсистирање овде е да се нагласи улогата на таа институција во развојот на христијанството, во негувањето на христијанската култура, во културното наследство, во областа на уметноста, на архитектурата, на писменоста која ја остава таа институција. И за нас тоа е многу поважно за самите деца, отколку да се навраќаме на некакви политички моменти од историјата на таа институција и мислам дека тука ги приближивме ставовите, изјави меѓу другото Ѓоргиев додавајќи дека клучните разлики со бугарската страна се во наследството што го оставила Охридската архиепископија, но и тие е можно наскоро да бидат надминати.

Според него, нашите „државни“ историчари јасно ставиле до знаење дека „за нас важноста на оваа институција е културно-историско, во сферата на уметноста, на културата, а не да бараме политички моменти од наследството на таа институција“.

Чудо! И тоа невидено! На политички формирана комисија, со политички до сега донесени одлуки на барање на политички мотивирани бугарски историски баракуди, одеднаш и станува важно да не бара политички моменти од наследството на Охридската архиепископија!

Па затоа само, така, си разговараат и „преговараат“ за тоа како да се толкуваат и како да се претставуваат текстовите за Охридската архиепископија во македонските учебници и од нив да учат македонските деца. Патем, божем Ѓоргиев го штител и со ништо не го ограничувал македонскиот национален историографски наратив!? Шупелки едни!

А, дали и како е застапено толкувањто за потеклото на Охридската архипископија во методските единици на бугарските учебници за кои Ѓоргиев јавно изрази задоволство дека ги усогласил ставовите? Таму повеќе од сигурно би стоело бугарското потекло на ОА. Може ли Ѓоргиев да им го забрани тоа?

Дали македонските членови од заедничката им Комисија, на чело со Ѓоргиев, се свесни дека на тој начин директно ги дистанцираат новите и веќе потврдени достигнувања на стручните и научните истражувања од македонските академски и научни авторитети и институции за местото и улогата на Охридската архиепископија во македонскиот духовен и културноисториски идентитет?

Дали се свесни дека преку образовниот процес и учебниците помладата македонска популација ќе треба да ги изучува само сервираните „компромиси“ со бугарската хегемонистичка црковна и културна историја?!

И што тогаш ќе им остане на македонските академски и научни експерти од таа област, кои се многу постручни со познавањата од сервилниот дилетантизам и конформизам на членовите во Комисијата? Ќе им преостане само да си пишуваат монографии и научни прилози што ќе се прогласуваат за доволно некомпромисни за од нив да учат македонските деца! Идиотизам без преседан.

Ајде да го прашаме јавно и отворено Ѓоргиев – чуму македонска историографија, македонски академски и научни истражувања и македонски национални институции ако резултатите од истражувањата не ќе смеат да допираат до образованието на младите Македончиња?

Особено е со голема доза на дилентатизам и на политичко измеќарување изјавата на копретседателот Драги Ѓоргиев дека, ете на повидок бил успехот веројатно да успеат да се усогласат со бугарската „страна“ да се испушти делот за потеклото на Охридската архиепископија. Па дали е свесен дека тоа ќе значи подмолно да се прикрива од македонските ученици како Охридската архиепископија е дел од македонскиот црковноисториски континуитет?!

Ако Василиј втори на секој стоти војник од Самоиловата војска му оставал по едно око за да може да се вратат назад на сопствената земја, сега Ѓоргиев и компанија сакаат на Македончињата и на младите Македонци да им ги „ископаат“ по двете очи и никому да не му остават ниту по едно. Сакаат целосно да ги ослепат!!!

Да се разбереме. Тука не станува збор за веронаука, или за одвоеност на црквата од државата. Едноставно не е дозволено методолошки да се лимитира педагошкото поучување на младите Македонци дека нивната христијанска духовна и културна традиција директно се напојува од континуитетот на Охридската архиепископија.

Во тој случај, како да им се разјаснат содржините од учебниците на македонските ученици кога во јавниот живот во Македонија секојдневно ќе се среќаваат со вистината дека помесната Македонска православна црква во која се крштевале нивните дедовци и татковци го има духовното наследство од Охридската архиепископија!

Зарем поради компромисите на македонските историски еквилибристи од Комисијата нема да им се скратува правото на наставниците да им ја потврдуваат историската вистина на учениците, па и дали слепо ќе треба само да ги препрочитуваат и да ги прераскажуваат „компромисните“ содржини од „европските“ учебници по кројот на еквилибристот Драги Ѓоргиев?!

Но, и актуелните подготвувани компромисни конструкции за историјата на Охридската архиепископија не треба многу да не изненадуваат, зашто многу јасно тие се само последица од трговијата со заедничките чествувања на св. Кирил и Методиј, св.Климент и Наум Охридски, како и на цар Самоил.

Директно и индиректно сите овие историски личности се двигатели на проникнувањето и на развојот на Охридската архиепископија. Патем, мора да се напомене дека Охридската архиепископија во ниту еден историски период не била помесна/титуларна црква на бугарско владетелство.

Ајде да му поставиме уште едно јавно прашање на Д. Ѓоргиев. Зарем во композитот на името на Македонската православна црква не е содржана и дополнителната  атрибуција Охридска архиепископија?

Тогаш со кое право се тврди дека политикантската бугарско-македонска Комисија не навлегувала во ингеренциите на прашањето за статусот на МПЦ-ОА кога преговарала или разговарала за „заедничката црковна историја“ на Охридската архиепископија?!

Дури и одважно се оди во само за нив конструиран противнапад, демек сите досегашни предупредувања од најкомпетентните познавачи на црковната историја во Македонија едноставно – или доволно не биле информирани за што се зборува во Комисијата, или дека биле злонамерни, деструктивни и националистички позиционирани или, пак, евентуално смета дека се ослепени?!

Ете и во оваа пригода уште еднаш ќе потсетиме на предупредувањето од проф. д-р Илија Велев, наш еминентен медиевист и византолог, дадено на 4 декември минатата година за тоа колку штетно би се одразиле врз статусот на МПЦ-ОА евентуалните компромистички договарања со бугарската страна за Охридската архиепископија.

Прво, покренувањето политички мотивиран диктат во мултидисциплинарната македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања за евентуалната „заедничка македонско-бугарска црковна историја“ на Охридската архиепископија во македонските учебници директно поттикнуваат отворање контроверзи, кои осмислено би требало да го проблематизираат духовното и црковното наслеследство на МПЦ од историскиот контекст на Охридската архиепископија.

И второ, не треба да се запостави и фактот дека хегемонистичките притисоци од страна на бугарскиот дел на Комисијата да и се надополни уште и бугарски историски контекст на Охридската архиепископија во македонските учебници и во црковноисторискиот наратив, би требало да „предизвика“ и евентуални канонски компликации во актуелните процеси за приклучувањето на МПЦ-ОА во единството на сеправославната екумена.

Велат дека умните учат од туѓи, а будалите од сопствени грешки. Во кои спаѓа еквилибристот Драги Ѓоргиев?

П.С. Драги Ѓоргиев во истото интервју потенцира дека нема сериозни поместувања во дебатата околу Гоце Делчев и оти Комисијата не е таа, што треба да го реши неговиот идентитет. Ако ова е точно, тогаш истото треба да важи и за Охридската архиепископија. За тие две работи едноставно не треба ни да се дискутира.

The post Зарем Драги Ѓоргиев сака да ни ги „ослепува“ наставниците и учениците Македончиња?! appeared first on Република.

]]>

Каква историографска еквилибристика сака јавно и заткулисно да ни прикажува и демонстрира Драги Ѓоргиев, „македонски“ историчар, политички измеќар, бескрупулозен конформист и копретсадавач на заедничаката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците, што се потпишува со титулата академик?

Ова е клучното прашање, што се наметнува по последниот настап на Ѓоргиев во „Топ тема“, во кој со невидена леснотија се обиде да не „проштепува“, особено околу последното преостанато, но клучно прашање од периодот на средниот век со бугарските колеги, Охридската архиепископија. За него, очигледно, не важат предупредувањата да ги тргне рацете на страна и да не чепка таму каде што не треба. Не заради тоа што Македонците се протнуваат таму каде што тој „штепува“, туку поради фактот што со својот милозвучен глас сакаше, така наивно да „продаде“ еден од основните темели на македонската историја, народ и држава! Срам и блам!
-Нашето инсистирање овде е да се нагласи улогата на таа институција во развојот на христијанството, во негувањето на христијанската култура, во културното наследство, во областа на уметноста, на архитектурата, на писменоста која ја остава таа институција. И за нас тоа е многу поважно за самите деца, отколку да се навраќаме на некакви политички моменти од историјата на таа институција и мислам дека тука ги приближивме ставовите, изјави меѓу другото Ѓоргиев додавајќи дека клучните разлики со бугарската страна се во наследството што го оставила Охридската архиепископија, но и тие е можно наскоро да бидат надминати.
Според него, нашите „државни“ историчари јасно ставиле до знаење дека „за нас важноста на оваа институција е културно-историско, во сферата на уметноста, на културата, а не да бараме политички моменти од наследството на таа институција“. Чудо! И тоа невидено! На политички формирана комисија, со политички до сега донесени одлуки на барање на политички мотивирани бугарски историски баракуди, одеднаш и станува важно да не бара политички моменти од наследството на Охридската архиепископија! Па затоа само, така, си разговараат и „преговараат“ за тоа како да се толкуваат и како да се претставуваат текстовите за Охридската архиепископија во македонските учебници и од нив да учат македонските деца. Патем, божем Ѓоргиев го штител и со ништо не го ограничувал македонскиот национален историографски наратив!? Шупелки едни! А, дали и како е застапено толкувањто за потеклото на Охридската архипископија во методските единици на бугарските учебници за кои Ѓоргиев јавно изрази задоволство дека ги усогласил ставовите? Таму повеќе од сигурно би стоело бугарското потекло на ОА. Може ли Ѓоргиев да им го забрани тоа?

Дали македонските членови од заедничката им Комисија, на чело со Ѓоргиев, се свесни дека на тој начин директно ги дистанцираат новите и веќе потврдени достигнувања на стручните и научните истражувања од македонските академски и научни авторитети и институции за местото и улогата на Охридската архиепископија во македонскиот духовен и културноисториски идентитет?

Дали се свесни дека преку образовниот процес и учебниците помладата македонска популација ќе треба да ги изучува само сервираните „компромиси“ со бугарската хегемонистичка црковна и културна историја?!

И што тогаш ќе им остане на македонските академски и научни експерти од таа област, кои се многу постручни со познавањата од сервилниот дилетантизам и конформизам на членовите во Комисијата? Ќе им преостане само да си пишуваат монографии и научни прилози што ќе се прогласуваат за доволно некомпромисни за од нив да учат македонските деца! Идиотизам без преседан.

Ајде да го прашаме јавно и отворено Ѓоргиев – чуму македонска историографија, македонски академски и научни истражувања и македонски национални институции ако резултатите од истражувањата не ќе смеат да допираат до образованието на младите Македончиња?

Особено е со голема доза на дилентатизам и на политичко измеќарување изјавата на копретседателот Драги Ѓоргиев дека, ете на повидок бил успехот веројатно да успеат да се усогласат со бугарската „страна“ да се испушти делот за потеклото на Охридската архиепископија. Па дали е свесен дека тоа ќе значи подмолно да се прикрива од македонските ученици како Охридската архиепископија е дел од македонскиот црковноисториски континуитет?!

Ако Василиј втори на секој стоти војник од Самоиловата војска му оставал по едно око за да може да се вратат назад на сопствената земја, сега Ѓоргиев и компанија сакаат на Македончињата и на младите Македонци да им ги „ископаат“ по двете очи и никому да не му остават ниту по едно. Сакаат целосно да ги ослепат!!!

Да се разбереме. Тука не станува збор за веронаука, или за одвоеност на црквата од државата. Едноставно не е дозволено методолошки да се лимитира педагошкото поучување на младите Македонци дека нивната христијанска духовна и културна традиција директно се напојува од континуитетот на Охридската архиепископија.

Во тој случај, како да им се разјаснат содржините од учебниците на македонските ученици кога во јавниот живот во Македонија секојдневно ќе се среќаваат со вистината дека помесната Македонска православна црква во која се крштевале нивните дедовци и татковци го има духовното наследство од Охридската архиепископија!

Зарем поради компромисите на македонските историски еквилибристи од Комисијата нема да им се скратува правото на наставниците да им ја потврдуваат историската вистина на учениците, па и дали слепо ќе треба само да ги препрочитуваат и да ги прераскажуваат „компромисните“ содржини од „европските“ учебници по кројот на еквилибристот Драги Ѓоргиев?!

Но, и актуелните подготвувани компромисни конструкции за историјата на Охридската архиепископија не треба многу да не изненадуваат, зашто многу јасно тие се само последица од трговијата со заедничките чествувања на св. Кирил и Методиј, св.Климент и Наум Охридски, како и на цар Самоил.

Директно и индиректно сите овие историски личности се двигатели на проникнувањето и на развојот на Охридската архиепископија. Патем, мора да се напомене дека Охридската архиепископија во ниту еден историски период не била помесна/титуларна црква на бугарско владетелство.

Ајде да му поставиме уште едно јавно прашање на Д. Ѓоргиев. Зарем во композитот на името на Македонската православна црква не е содржана и дополнителната  атрибуција Охридска архиепископија?

Тогаш со кое право се тврди дека политикантската бугарско-македонска Комисија не навлегувала во ингеренциите на прашањето за статусот на МПЦ-ОА кога преговарала или разговарала за „заедничката црковна историја“ на Охридската архиепископија?!

Дури и одважно се оди во само за нив конструиран противнапад, демек сите досегашни предупредувања од најкомпетентните познавачи на црковната историја во Македонија едноставно – или доволно не биле информирани за што се зборува во Комисијата, или дека биле злонамерни, деструктивни и националистички позиционирани или, пак, евентуално смета дека се ослепени?!

Ете и во оваа пригода уште еднаш ќе потсетиме на предупредувањето од проф. д-р Илија Велев, наш еминентен медиевист и византолог, дадено на 4 декември минатата година за тоа колку штетно би се одразиле врз статусот на МПЦ-ОА евентуалните компромистички договарања со бугарската страна за Охридската архиепископија.

Прво, покренувањето политички мотивиран диктат во мултидисциплинарната македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања за евентуалната „заедничка македонско-бугарска црковна историја“ на Охридската архиепископија во македонските учебници директно поттикнуваат отворање контроверзи, кои осмислено би требало да го проблематизираат духовното и црковното наслеследство на МПЦ од историскиот контекст на Охридската архиепископија.

И второ, не треба да се запостави и фактот дека хегемонистичките притисоци од страна на бугарскиот дел на Комисијата да и се надополни уште и бугарски историски контекст на Охридската архиепископија во македонските учебници и во црковноисторискиот наратив, би требало да „предизвика“ и евентуални канонски компликации во актуелните процеси за приклучувањето на МПЦ-ОА во единството на сеправославната екумена.

Велат дека умните учат од туѓи, а будалите од сопствени грешки. Во кои спаѓа еквилибристот Драги Ѓоргиев?

П.С. Драги Ѓоргиев во истото интервју потенцира дека нема сериозни поместувања во дебатата околу Гоце Делчев и оти Комисијата не е таа, што треба да го реши неговиот идентитет. Ако ова е точно, тогаш истото треба да важи и за Охридската архиепископија. За тие две работи едноставно не треба ни да се дискутира.

The post Зарем Драги Ѓоргиев сака да ни ги „ослепува“ наставниците и учениците Македончиња?! appeared first on Република.

]]>
Не Таче, не душо, па ние само тебе те сакаме! https://republika.mk/kolumni/ne-tache-ne-dusho-pa-nie-samo-tebe-te-sakame/ Wed, 01 Mar 2023 12:25:50 +0000 https://republika.mk/?p=614675

Истражувачката репортерска лаборторија ни откри дека премиерот намесник Димитар Ковачевски во последните 100 дена потрошил 26.000 евра за спонзорирање постови на социјалните мрежи. Или, нашиот Таче, како што вели, за „комуникција со граѓаните“, дневно трошел по 260 евра, што е повеќе од минималната пензија или нешто помалку од се уште актуелната минимална плата во државата!!!

И премиерот намесник Ковачевски веднаш најде начин да се оправда. За тоа не плаќал со пари од буџетот, што ќе рече со пари од народот, туку со пари од партијата. Е јако оправдување, нема што. Како тие пари од партијата да ги извадил некој од членовите од сопствен џеб, што не може да се замисли ни во најголем кошмар.

На страна тоа што СДСМ, впрочем, како и сите партии секоја година добива буџетски средства согласно освоените гласови во изборните процеси. Колкава е таа сума не знам точно, но повеќе од сигурно не е баш занемарлива.

А, да не говориме за можностите, што како владејачка партија СДСМ ги има за играта „џандар збира“ преку институциите на системот. Дека играта и натаму се игра говори непобитниот факт дека во државата царува корупцијата и претставува главна пречка на патот кон членството во ЕУ.

Дали за овие 100 дена, како резултат на таа „комуникација со граѓаните“, што со други зборови значи гол пропагандизам и чист популизам, премиерот намесник стана поумен, поличен, похуман, подостапен, поуспешен, поречит…?!

Дали неговите политики го ресетираа тотално колабираниот систем во државата?! Дали ги наполни аптеките, дали ги исчисти болниците, училиштата, градинките, дали ја подобрија работата на правосудниот систем, дали ја намалија корупцијата или сивата економија, дали го елиминираа непотизмот, дали донесоа барем една, единствена позитивна работа?! Дали му го зголемија личниот и рејтингот на неговата партија?!

Апсолутно не. Напротив. Премиерот намесник Димитар Ковачевски останува ист. Дури, станува и полош. Полош и од тоа што беше пред една година и полош и од неговиот претходник. И тој може да седи пред неговото омилено огледалце и да го прашува огледалце, огледалце мое, кажи на светот најубав кој е?

И тоа можеби еднаш, двапати и ќе го задоволи неговото его. Ама и сиротото огледалце не ќе може цело време да го лаже. Зашто, не е се ниту во убавината, ниту во парите, ниту во пропагандата, ниту во популизмот. До умот, умеењето и знаењето е, а тука ништо не му помага. Едноставно, од авион се гледа дека царот е политички гол.

Бадијала фрлање пари, без разлика чии се, иако заради транспарентноста премиерот намесник го носи редот точно да каже како ја плаќа „комуникцијата со граѓаните, а надлежните институции тоа да го проверат и потврдат или демантираат.

За „љубовта“ на граѓаните, пак, кон него и „комуникацијата“ со нив, ич да не води грижа. Еве, како обичен граѓанин и смртник веднаш ќе му кажам-Не Таче, не душо, не злато, па ти знаеш дека ние само тебе те сакаме!!!

Морам да признаам дека оваа реплика ми е одамна влезена во глава. Ја имам запаметено од една телевизиска емисија во која гостуваше мајката на наш познат музичар, чија работа и популарност ги надминува нашите и балканските граници.

Госпоѓата евоцираше спомени од заедничкиот живот со нејзиниот сопруг, инаку познат скопски лекар. И отворено призна дека слабост му била убавината на понежниот пол. Знаел човекот, шетајќи по скопското корзо, да фрли поглед на страна. Арно ама, госпоѓата во еден момент го заблежала тоа и како секоја жена му префрлила збор, два. И тој во манир на прав господин љубезно и возвратил-Не душо, не злато, па ти знаеш дека јас само тебе те сакам!

Впрочем, така било и веројатно така и ќе остане. Убавите жени никогаш не биле само за сопрузите. Само не знам дали тоа и Таче наш го знае. Венчанието и верноста во бракот се сосема друга работа, интима во која никој нема право на мешање.

Нејсе. Нашиот премиер намесник, наспроти сите досега фрлени пари за задоволување на неговото его на самозамислен голем лидер и државник, во последно време покажува и друго лице. Лице кое се обидува да глуми луцидност, а во суштина на површина ја исфрла сета своја лошотија, безобразлук, па и простотилок, што мислевме дека завршија со неговиот претходник.

Реконструкцијата на владата ни покажа дека притоа, не се стеснува да ја злоупотреби ни собраниската сала, ни собраниската говорница, а кога ќе му поднесат тужба, тогаш се вади на имунитетот или знае молкум, молкум да се извини, со тврдење дека погрешно бил разбран. Ајде мајката, што би рекол неговиот претходник.

Ајде Таче, биди прав фраер, па излези јавно да и се извиниш на опозициската пратеничка. Господин човек знае дека за вкусовите не се ни дискутира, а камо ли на сопруга и мајка да и дофрлаш за нејзиниот изглед. Господ и во убавината и во умот некому дал, некому зел. Што мислиш Таче, ти во кои спаѓаш?!

Имаше Таче наш уште една „луцидна“ досетка повторно упатена кон пратеник од опозицијата. Веројатно како одговор на политичкото обвинување дека е пион на Али Ахмети или на Артан Груби, ќе парафразирам, дофрли дека пионот може да стане кралица, ама коњот си останува коњ.

Навистина не знам колку премиерот намесник ни е по шахот. Дома ја имам книгата „Шахот игра на милиони“ од Драгослав Андриќ, што ми е драг спомен од детството, зашто ми е подарок од училиштето во кое учев, „Браќа Миладиновци“, за постигнатите резултати на шаховскиот турнир одржан во чест на Денот на ослободувањето на Скопје. Често знаев да ја отворам и да учам од неа, а по долги, долги години еве ја отворив и сега „во чест“ на Таче.

И уште еднаш, по којзнае кој пат ја прочитав мислата на велемајсторот С.Тараш:„Секогаш по малку сум сожалувал човек, кој не знае шах, како што би сожалувал човек кому љубовта му останала непозната. Шахот, како љубовта, како музиката, има моќ да ги прави луѓето среќни“.

Таче наш е во право. Во шахот пионот може, ама може, но не мора да стане кралица. И не мора да биде само кралица, може да биде било која фигура по желба на играчот. Ама коњот, пак, има и друго име, се вика уште и скокач, зашто неговите потези практично значат прескокнување полиња во форма на буквата л од латинската азбука.

И коњот или скокачот е фигура, која во зависност од распоредот на останатите фигури на шаховската табла може да го матира противникот.

Да, од пион кралица бидува, ама татко ми Никола, нека му е лесна земјата, често знаеше да каже од г….. чоколадо не бидува.

Исто како што од секого не бидува политичар, а уште помалку премиер, лидер или државник.

The post Не Таче, не душо, па ние само тебе те сакаме! appeared first on Република.

]]>

Истражувачката репортерска лаборторија ни откри дека премиерот намесник Димитар Ковачевски во последните 100 дена потрошил 26.000 евра за спонзорирање постови на социјалните мрежи. Или, нашиот Таче, како што вели, за „комуникција со граѓаните“, дневно трошел по 260 евра, што е повеќе од минималната пензија или нешто помалку од се уште актуелната минимална плата во државата!!! И премиерот намесник Ковачевски веднаш најде начин да се оправда. За тоа не плаќал со пари од буџетот, што ќе рече со пари од народот, туку со пари од партијата. Е јако оправдување, нема што. Како тие пари од партијата да ги извадил некој од членовите од сопствен џеб, што не може да се замисли ни во најголем кошмар. На страна тоа што СДСМ, впрочем, како и сите партии секоја година добива буџетски средства согласно освоените гласови во изборните процеси. Колкава е таа сума не знам точно, но повеќе од сигурно не е баш занемарлива. А, да не говориме за можностите, што како владејачка партија СДСМ ги има за играта „џандар збира“ преку институциите на системот. Дека играта и натаму се игра говори непобитниот факт дека во државата царува корупцијата и претставува главна пречка на патот кон членството во ЕУ. Дали за овие 100 дена, како резултат на таа „комуникација со граѓаните“, што со други зборови значи гол пропагандизам и чист популизам, премиерот намесник стана поумен, поличен, похуман, подостапен, поуспешен, поречит…?! Дали неговите политики го ресетираа тотално колабираниот систем во државата?! Дали ги наполни аптеките, дали ги исчисти болниците, училиштата, градинките, дали ја подобрија работата на правосудниот систем, дали ја намалија корупцијата или сивата економија, дали го елиминираа непотизмот, дали донесоа барем една, единствена позитивна работа?! Дали му го зголемија личниот и рејтингот на неговата партија?! Апсолутно не. Напротив. Премиерот намесник Димитар Ковачевски останува ист. Дури, станува и полош. Полош и од тоа што беше пред една година и полош и од неговиот претходник. И тој може да седи пред неговото омилено огледалце и да го прашува огледалце, огледалце мое, кажи на светот најубав кој е? И тоа можеби еднаш, двапати и ќе го задоволи неговото его. Ама и сиротото огледалце не ќе може цело време да го лаже. Зашто, не е се ниту во убавината, ниту во парите, ниту во пропагандата, ниту во популизмот. До умот, умеењето и знаењето е, а тука ништо не му помага. Едноставно, од авион се гледа дека царот е политички гол. Бадијала фрлање пари, без разлика чии се, иако заради транспарентноста премиерот намесник го носи редот точно да каже како ја плаќа „комуникцијата со граѓаните, а надлежните институции тоа да го проверат и потврдат или демантираат. За „љубовта“ на граѓаните, пак, кон него и „комуникацијата“ со нив, ич да не води грижа. Еве, како обичен граѓанин и смртник веднаш ќе му кажам-Не Таче, не душо, не злато, па ти знаеш дека ние само тебе те сакаме!!! Морам да признаам дека оваа реплика ми е одамна влезена во глава. Ја имам запаметено од една телевизиска емисија во која гостуваше мајката на наш познат музичар, чија работа и популарност ги надминува нашите и балканските граници. Госпоѓата евоцираше спомени од заедничкиот живот со нејзиниот сопруг, инаку познат скопски лекар. И отворено призна дека слабост му била убавината на понежниот пол. Знаел човекот, шетајќи по скопското корзо, да фрли поглед на страна. Арно ама, госпоѓата во еден момент го заблежала тоа и како секоја жена му префрлила збор, два. И тој во манир на прав господин љубезно и возвратил-Не душо, не злато, па ти знаеш дека јас само тебе те сакам! Впрочем, така било и веројатно така и ќе остане. Убавите жени никогаш не биле само за сопрузите. Само не знам дали тоа и Таче наш го знае. Венчанието и верноста во бракот се сосема друга работа, интима во која никој нема право на мешање. Нејсе. Нашиот премиер намесник, наспроти сите досега фрлени пари за задоволување на неговото его на самозамислен голем лидер и државник, во последно време покажува и друго лице. Лице кое се обидува да глуми луцидност, а во суштина на површина ја исфрла сета своја лошотија, безобразлук, па и простотилок, што мислевме дека завршија со неговиот претходник. Реконструкцијата на владата ни покажа дека притоа, не се стеснува да ја злоупотреби ни собраниската сала, ни собраниската говорница, а кога ќе му поднесат тужба, тогаш се вади на имунитетот или знае молкум, молкум да се извини, со тврдење дека погрешно бил разбран. Ајде мајката, што би рекол неговиот претходник. Ајде Таче, биди прав фраер, па излези јавно да и се извиниш на опозициската пратеничка. Господин човек знае дека за вкусовите не се ни дискутира, а камо ли на сопруга и мајка да и дофрлаш за нејзиниот изглед. Господ и во убавината и во умот некому дал, некому зел. Што мислиш Таче, ти во кои спаѓаш?! Имаше Таче наш уште една „луцидна“ досетка повторно упатена кон пратеник од опозицијата. Веројатно како одговор на политичкото обвинување дека е пион на Али Ахмети или на Артан Груби, ќе парафразирам, дофрли дека пионот може да стане кралица, ама коњот си останува коњ. Навистина не знам колку премиерот намесник ни е по шахот. Дома ја имам книгата „Шахот игра на милиони“ од Драгослав Андриќ, што ми е драг спомен од детството, зашто ми е подарок од училиштето во кое учев, „Браќа Миладиновци“, за постигнатите резултати на шаховскиот турнир одржан во чест на Денот на ослободувањето на Скопје. Често знаев да ја отворам и да учам од неа, а по долги, долги години еве ја отворив и сега „во чест“ на Таче. И уште еднаш, по којзнае кој пат ја прочитав мислата на велемајсторот С.Тараш:„Секогаш по малку сум сожалувал човек, кој не знае шах, како што би сожалувал човек кому љубовта му останала непозната. Шахот, како љубовта, како музиката, има моќ да ги прави луѓето среќни“. Таче наш е во право. Во шахот пионот може, ама може, но не мора да стане кралица. И не мора да биде само кралица, може да биде било која фигура по желба на играчот. Ама коњот, пак, има и друго име, се вика уште и скокач, зашто неговите потези практично значат прескокнување полиња во форма на буквата л од латинската азбука. И коњот или скокачот е фигура, која во зависност од распоредот на останатите фигури на шаховската табла може да го матира противникот. Да, од пион кралица бидува, ама татко ми Никола, нека му е лесна земјата, често знаеше да каже од г….. чоколадо не бидува. Исто како што од секого не бидува политичар, а уште помалку премиер, лидер или државник.

The post Не Таче, не душо, па ние само тебе те сакаме! appeared first on Република.

]]>
Ах, Бојан, Бојан, шерет мал! https://republika.mk/kolumni/ah-bojan-bojan-sheret-mal/ Sun, 19 Feb 2023 07:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=610611

Помеѓу два оброка, од бифтек, се разбира, и тоа, нормално, на државна сметка, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ конечно дошол до оригинална идеја! Да разговара за уставните измени, со кои треба македонските Бугари да бидат вметнати во највисокиот државен акт како конститутивен народ, согласно т.н. француски, а во суштина чисто бугарски предлог за надминување на недоразбирањата и враќање на довербата меѓу двата соседа Република Македонија и Република Бугарија! И тоа ни помалку, ни повеќе, туку со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Што ќе рече дека со албанскиот премиер Еди Рама, кој, според признанието на една од пратеничките од редовите на Алтернатива, веќе ја составил и новата реконструирана Влада на ДУИ и на нејзиниот прв коалиционен партнер СДСМ, сега засилени и со Алијанса на Албанците, па останува само една мала ситница да се среди. Да се убеди ВМРО-ДПМНЕ, ако не сите, тогаш барем дел од нејзините пратеници да кренат рака за да се стигне до потребната фамозна бројка од 80 народни избраници, со што ќе го продолжиме патот кон конечен почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Притоа вицепремирот излезе со теза, што во последно време се почесто ја користат претставниците од власта, иако е крајно крефка и бара дебели дообјаснувања. Ова од една страна, а од друга, топката и се префрла на ВМРО-ДПМНЕ, која колку до вчера беше масакрирана како антиевропска и какво ти не друго „анти“ партија.

Ах, Бојан, Бојан, шерет мал! Исто како главниот лик од детската серија „Фамилија 5+“.

Со ставањето, додавањето на Бугарите како етничка заедница во Уставот се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ, Македонците, мнозински народ во Македонија и Бугарите како етничка заедница во државата и како малцинство, да кажам според конвенциите. А секако дека имаат право граѓаните слободно да се изјаснат како се чувствуваат и како што имаме ние и седум други заедници, кои што се истакнати во нашиот Устав, треба да имаме можност за Бугарите, за ние да бидеме заштитени дека никој не може да каже дека ние сме Бугари. Ние сме Македонци и самата дистинкција дека има и Бугари, кои што со последниот попис се 3.000 и стотина. Со самиот тој чин ќе ја направиме таа дистинкција. Дополнително на тоа, ние ќе додадеме и други заедници како што се Хрватите и Црногорците најмалку. Значи има интерес и од други Евреите, Египќаните, торбешите и така натака и спремни сме да разговараме, изјави Маричиќ во интервјуто за Македонското радио.

Можеби ова убаво звучи за уво, ама и Маричиќ, а и сите претставници од власта, кои ја користат оваа теза, треба да кажат една единствена работа-да ја објаснат етногенезата на Македонците како етнос и народ и кои историски личности ќе бидат главни сидра во нивната историја. Притоа, да не се вадат со работата на заедничката мешовита македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците. Ова чисто од прагматични причини, зашто навистина не бива односите меѓу двете држави и двата народа да зависат од сите избори од двете страни на границата.

Вака како што бледо ја прикажуваат тезата Маричиќ и другите претставници од власта излегува дека дистинкцијата меѓу Македонците и Бугарите почнува токму од 1944 година, ако не и од 2023-та, таман порачано за бугарската страна. За неточностите и лавирањето на Маричиќ околу статусот на етничка заедница или малцинство, според меѓународните конвенции, не вреди ни да се зборува. Тоа само покажува каков дунстер од вицепремиер имаме. И нормално, колку ни е расштиман државниот врв, зашто за претседателот Стево Пендаровски „проблемот“ беше во тоа што Бугарите бараат да бидат конститутивен народ.

Индикативно е што настапот на Маричиќ, случајно или не, се совпадна со промовирањето на „новата доктрина“ на македонските Бугари во политиката кон Македонија, кои се тесно поврзани со бугарските тајни служби. Нека отвори трибуна.мк и да го прочита текстот со наслов „Предлог за промена и нов пристап кон проблемот со РС Македонија“ и може многу работи ќе му станат појасни и за последиците од вметнувањето на Бугарите во Уставот, ако воопшто ги знае и ги разбира работите.

Мислам дека е време и со ВМРО-ДПМНЕ да разговараме дали јавно или вон очите на јавноста, се едно, секако треба да почне разговорот. На темата на суштинска содржинска расправа околу уставните измени зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот, како тоа нам на Македонците ни е проблем, како тоа може да не загрози. Бидејќи содржински треба да го промениме Уставот во преамбулата со додавањето и во додавањето на Бугарите во оној комитет за односи меѓу заедниците во Собранито, каде што ги има сите заедници, тие се двете места, Уставот каде што се спомнуваат заедниците со име. Доколку влеземе во таква дискусија верувам дека ќе дојдеме до разумни аргументи дека е навистина трагично да ја блокираме сопствената држава на патот кон ЕУ заради ова прашање, ќе рече уште меѓу другото Маричиќ.

Ах, Бојан, Бојан, шерет мал!

Пред да почнете да разговарате со ВМРО-ДПМНЕ би било подобро да почнете да разговарате со вашите избирачи токму околу ова. Зашто, според податоците од последната анкета на Евротинк, дури 81 отсто од поддржувачите на СДСМ ја сметаат Бугарија за најголема закана за Македонија! И просто е несфатливо за македонските неоврховисти во ликот и делото на првиот коалиционен партнер на власта на ДУИ, СДСМ, Бугарија да претставува опасност!? Па, основна карактеристика на врховистите, што ќе рече и на неоврховистите, е љубовта кон бугарскиот царски дворец, Врана мислам дека му е името, или сега вилата Бојана! Едноставно, двете работи не одат и не можат да одат заедно.

И тука е клучно прашањето-ако се точни податоците од анкетата, тогаш врз основа на што СДСМ ја темели целата своја политика на свиткана кичма кон Бугарија? На стравот од неа!? Срамота!!!

Маричиќ доцни со разговорот со ВМРО-ДПМНЕ како возот од Скопје за Битола. Со најголемата опозициска партија прво требаше да разговара уште пред пет години кога СДСМ го прифати асиметричниот договор со Бугарија. Потоа, требаше да разговара, откако бугарското народно собрание ги донесе спорните декларција и резолуција, требаше да разговара кога се правеа на удрени дека не преговараат за т.н. француски, а во суштина чисто бугарски предлог. Требаше да разговараат пред насилнички да гласаат за него во парламентот.

Откако сите овие можности Маричиќ и СДСМ ги пропуштија, сега за што ќе разговараат со ВМРО-ДПМНЕ? За ланскиот снег? Или за стравот од Бугарија?

Ако сепак одлучат да разговараат за вметнувањето на македонските Бугари во Уставот, тогаш би било добро заедно да размислат и да го протолкуваат значењето и последиците од ставот 4 на членот 11 од Договорот од 2017 година.

А, тој вели: „Секоја од договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани на територијата на другата договорна страна, во согласност со меѓународното право“.

Прво што треба заеднички да одговорат е дали со т.н. француски, односно бугарски предлог не се прекрши токму овој став од Договорот?

И второ, да не се занесуваат ни едните, ни другите, зашто Бугарија никогаш нема да ја прифати бројката од 3.504 македонски Бугари, колку што се изјасниле на пописот. За неа секогаш ќе биде валиден бројот на издадените бугарски пасоши од околу 120.000, колку што тврдат дека се. Оваа бројка, заедно со можноста за државна и институционална пропаганда даваат сосема друга димензија на прашањето.

Ах, Бојан, Бојан, шерет мал, па ти не си Петко за да забавуваш деца од пред и од училишна возраст, туку вицепремиер за европски прашања. И да, ако бифтекот ти е слабост, продолжи да го „делкаш“ и крв да ти се стори. Ако ти здосади, смени малку со месо од ајкула. Ние останатите, обичните смртници ќе преживееме и со ајвар, иако и тој веќе станува луксуз.

П.С. Двете стринки од владини портпароли се уште молчат и не даваат одговор на прашањето зошто како редакции Република и Пресинг ТВ, и новинари и фоторепортер Игор Чавески, Предраг Димитровски и Александар Ивановски, бевме неподобни да известуваме од чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонската револуционерна икона Гоце Делчев.

The post Ах, Бојан, Бојан, шерет мал! appeared first on Република.

]]>

Помеѓу два оброка, од бифтек, се разбира, и тоа, нормално, на државна сметка, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ конечно дошол до оригинална идеја! Да разговара за уставните измени, со кои треба македонските Бугари да бидат вметнати во највисокиот државен акт како конститутивен народ, согласно т.н. француски, а во суштина чисто бугарски предлог за надминување на недоразбирањата и враќање на довербата меѓу двата соседа Република Македонија и Република Бугарија! И тоа ни помалку, ни повеќе, туку со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Што ќе рече дека со албанскиот премиер Еди Рама, кој, според признанието на една од пратеничките од редовите на Алтернатива, веќе ја составил и новата реконструирана Влада на ДУИ и на нејзиниот прв коалиционен партнер СДСМ, сега засилени и со Алијанса на Албанците, па останува само една мала ситница да се среди. Да се убеди ВМРО-ДПМНЕ, ако не сите, тогаш барем дел од нејзините пратеници да кренат рака за да се стигне до потребната фамозна бројка од 80 народни избраници, со што ќе го продолжиме патот кон конечен почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Притоа вицепремирот излезе со теза, што во последно време се почесто ја користат претставниците од власта, иако е крајно крефка и бара дебели дообјаснувања. Ова од една страна, а од друга, топката и се префрла на ВМРО-ДПМНЕ, која колку до вчера беше масакрирана како антиевропска и какво ти не друго „анти“ партија. Ах, Бојан, Бојан, шерет мал! Исто како главниот лик од детската серија „Фамилија 5+“.
Со ставањето, додавањето на Бугарите како етничка заедница во Уставот се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ, Македонците, мнозински народ во Македонија и Бугарите како етничка заедница во државата и како малцинство, да кажам според конвенциите. А секако дека имаат право граѓаните слободно да се изјаснат како се чувствуваат и како што имаме ние и седум други заедници, кои што се истакнати во нашиот Устав, треба да имаме можност за Бугарите, за ние да бидеме заштитени дека никој не може да каже дека ние сме Бугари. Ние сме Македонци и самата дистинкција дека има и Бугари, кои што со последниот попис се 3.000 и стотина. Со самиот тој чин ќе ја направиме таа дистинкција. Дополнително на тоа, ние ќе додадеме и други заедници како што се Хрватите и Црногорците најмалку. Значи има интерес и од други Евреите, Египќаните, торбешите и така натака и спремни сме да разговараме, изјави Маричиќ во интервјуто за Македонското радио.
Можеби ова убаво звучи за уво, ама и Маричиќ, а и сите претставници од власта, кои ја користат оваа теза, треба да кажат една единствена работа-да ја објаснат етногенезата на Македонците како етнос и народ и кои историски личности ќе бидат главни сидра во нивната историја. Притоа, да не се вадат со работата на заедничката мешовита македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците. Ова чисто од прагматични причини, зашто навистина не бива односите меѓу двете држави и двата народа да зависат од сите избори од двете страни на границата. Вака како што бледо ја прикажуваат тезата Маричиќ и другите претставници од власта излегува дека дистинкцијата меѓу Македонците и Бугарите почнува токму од 1944 година, ако не и од 2023-та, таман порачано за бугарската страна. За неточностите и лавирањето на Маричиќ околу статусот на етничка заедница или малцинство, според меѓународните конвенции, не вреди ни да се зборува. Тоа само покажува каков дунстер од вицепремиер имаме. И нормално, колку ни е расштиман државниот врв, зашто за претседателот Стево Пендаровски „проблемот“ беше во тоа што Бугарите бараат да бидат конститутивен народ. Индикативно е што настапот на Маричиќ, случајно или не, се совпадна со промовирањето на „новата доктрина“ на македонските Бугари во политиката кон Македонија, кои се тесно поврзани со бугарските тајни служби. Нека отвори трибуна.мк и да го прочита текстот со наслов „Предлог за промена и нов пристап кон проблемот со РС Македонија“ и може многу работи ќе му станат појасни и за последиците од вметнувањето на Бугарите во Уставот, ако воопшто ги знае и ги разбира работите.
Мислам дека е време и со ВМРО-ДПМНЕ да разговараме дали јавно или вон очите на јавноста, се едно, секако треба да почне разговорот. На темата на суштинска содржинска расправа околу уставните измени зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот, како тоа нам на Македонците ни е проблем, како тоа може да не загрози. Бидејќи содржински треба да го промениме Уставот во преамбулата со додавањето и во додавањето на Бугарите во оној комитет за односи меѓу заедниците во Собранито, каде што ги има сите заедници, тие се двете места, Уставот каде што се спомнуваат заедниците со име. Доколку влеземе во таква дискусија верувам дека ќе дојдеме до разумни аргументи дека е навистина трагично да ја блокираме сопствената држава на патот кон ЕУ заради ова прашање, ќе рече уште меѓу другото Маричиќ.
Ах, Бојан, Бојан, шерет мал! Пред да почнете да разговарате со ВМРО-ДПМНЕ би било подобро да почнете да разговарате со вашите избирачи токму околу ова. Зашто, според податоците од последната анкета на Евротинк, дури 81 отсто од поддржувачите на СДСМ ја сметаат Бугарија за најголема закана за Македонија! И просто е несфатливо за македонските неоврховисти во ликот и делото на првиот коалиционен партнер на власта на ДУИ, СДСМ, Бугарија да претставува опасност!? Па, основна карактеристика на врховистите, што ќе рече и на неоврховистите, е љубовта кон бугарскиот царски дворец, Врана мислам дека му е името, или сега вилата Бојана! Едноставно, двете работи не одат и не можат да одат заедно. И тука е клучно прашањето-ако се точни податоците од анкетата, тогаш врз основа на што СДСМ ја темели целата своја политика на свиткана кичма кон Бугарија? На стравот од неа!? Срамота!!! Маричиќ доцни со разговорот со ВМРО-ДПМНЕ како возот од Скопје за Битола. Со најголемата опозициска партија прво требаше да разговара уште пред пет години кога СДСМ го прифати асиметричниот договор со Бугарија. Потоа, требаше да разговара, откако бугарското народно собрание ги донесе спорните декларција и резолуција, требаше да разговара кога се правеа на удрени дека не преговараат за т.н. француски, а во суштина чисто бугарски предлог. Требаше да разговараат пред насилнички да гласаат за него во парламентот. Откако сите овие можности Маричиќ и СДСМ ги пропуштија, сега за што ќе разговараат со ВМРО-ДПМНЕ? За ланскиот снег? Или за стравот од Бугарија? Ако сепак одлучат да разговараат за вметнувањето на македонските Бугари во Уставот, тогаш би било добро заедно да размислат и да го протолкуваат значењето и последиците од ставот 4 на членот 11 од Договорот од 2017 година. А, тој вели: „Секоја од договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани на територијата на другата договорна страна, во согласност со меѓународното право“. Прво што треба заеднички да одговорат е дали со т.н. француски, односно бугарски предлог не се прекрши токму овој став од Договорот? И второ, да не се занесуваат ни едните, ни другите, зашто Бугарија никогаш нема да ја прифати бројката од 3.504 македонски Бугари, колку што се изјасниле на пописот. За неа секогаш ќе биде валиден бројот на издадените бугарски пасоши од околу 120.000, колку што тврдат дека се. Оваа бројка, заедно со можноста за државна и институционална пропаганда даваат сосема друга димензија на прашањето. Ах, Бојан, Бојан, шерет мал, па ти не си Петко за да забавуваш деца од пред и од училишна возраст, туку вицепремиер за европски прашања. И да, ако бифтекот ти е слабост, продолжи да го „делкаш“ и крв да ти се стори. Ако ти здосади, смени малку со месо од ајкула. Ние останатите, обичните смртници ќе преживееме и со ајвар, иако и тој веќе станува луксуз. П.С. Двете стринки од владини портпароли се уште молчат и не даваат одговор на прашањето зошто како редакции Република и Пресинг ТВ, и новинари и фоторепортер Игор Чавески, Предраг Димитровски и Александар Ивановски, бевме неподобни да известуваме од чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонската револуционерна икона Гоце Делчев.

The post Ах, Бојан, Бојан, шерет мал! appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Тепачите останаа зад полициските барикади, мирно го прославивме роденденот на Гоце https://republika.mk/dvogled/spasovski-tepachite-ostanaa-zad-politsiskite-barikadi-mirno-go-proslavivme-rodendenot-na-gotse/ Sat, 04 Feb 2023 11:28:26 +0000 https://republika.mk/?p=604736

Изоставањето на „Република“ и „Пресинг ТВ“ од владиниот список на медиуми на кои делумно ќе им биде дозволено да го следат чествувањето на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во најголема мера придонесе празнувањето на раѓањето на великанот Гоце Делчев да помине мирно и достоинствено.

Оваа констатација им ја изнел првиот полицаец Оливер Спасовски на колегите новинари со дебелите вратови Игор Чавески и Предраг Димитровски кои го чекаа зад барикадите, бидејќи не им беше дозволено да известуваат од поблиските барикади.

Задоволен сум како помина чествувањето на нашиот револуционер. Мирно и достоинствено откако полицијата ги презеде сите мерки пиле да не пролета околу црквата „Свети Спас“. Им покажавме на тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ каде им е местото. Зад полициските барикади, им изјави Спасовски на Чавески и Димитровски без да ги препознае по вратовите и качулките дека тие се тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“.

[caption id="attachment_604740" align="alignnone" width="640"] Државните непријатели Игор Чавески и Предраг Димитровски заслужено останаа зад барикадите на Оливер Спасовски и не го нарушија мирното и достоинствено чествување на раѓањето на Гоце Делчев (фото: селфи)[/caption]

Новинарите кои не добија црвен печат „ОДБИЕНО“ и го следеа чествувањето од втората линија на барикадите се презадоволни од организацијата на настанот. И тие велат се чувствувале достоинствено во мирното извршување на работните задачи.

Преубаво, супер организација. Планираме и догодина да дојдеме на платото да помрзнеме. Штета што колегите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ мораа да пијат кафе во чаршијата и не го доживеаја прекрасното чувство владините службеници да им кажуваат со мобилен да снимаат и како да работат. Штета, ретко искуство, еве сочувство, велат колегите од другите медиуми, Мелма, Малфа, Канал 5 и слични на М.

Владата најави дека следната година за новинарите кои ќе присуствуваат на роденденот ќе им обезбеди полуксузни услови за снимање со мобилните и извесување од подалеку: двогледи, ганц нови НОКИА 3310, топли напитоци и ќебиња.

The post Спасовски: Тепачите останаа зад полициските барикади, мирно го прославивме роденденот на Гоце appeared first on Република.

]]>

Изоставањето на „Република“ и „Пресинг ТВ“ од владиниот список на медиуми на кои делумно ќе им биде дозволено да го следат чествувањето на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во најголема мера придонесе празнувањето на раѓањето на великанот Гоце Делчев да помине мирно и достоинствено. Оваа констатација им ја изнел првиот полицаец Оливер Спасовски на колегите новинари со дебелите вратови Игор Чавески и Предраг Димитровски кои го чекаа зад барикадите, бидејќи не им беше дозволено да известуваат од поблиските барикади.
Задоволен сум како помина чествувањето на нашиот револуционер. Мирно и достоинствено откако полицијата ги презеде сите мерки пиле да не пролета околу црквата „Свети Спас“. Им покажавме на тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ каде им е местото. Зад полициските барикади, им изјави Спасовски на Чавески и Димитровски без да ги препознае по вратовите и качулките дека тие се тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“.
[caption id="attachment_604740" align="alignnone" width="640"] Државните непријатели Игор Чавески и Предраг Димитровски заслужено останаа зад барикадите на Оливер Спасовски и не го нарушија мирното и достоинствено чествување на раѓањето на Гоце Делчев (фото: селфи)[/caption] Новинарите кои не добија црвен печат „ОДБИЕНО“ и го следеа чествувањето од втората линија на барикадите се презадоволни од организацијата на настанот. И тие велат се чувствувале достоинствено во мирното извршување на работните задачи.
Преубаво, супер организација. Планираме и догодина да дојдеме на платото да помрзнеме. Штета што колегите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ мораа да пијат кафе во чаршијата и не го доживеаја прекрасното чувство владините службеници да им кажуваат со мобилен да снимаат и како да работат. Штета, ретко искуство, еве сочувство, велат колегите од другите медиуми, Мелма, Малфа, Канал 5 и слични на М.
Владата најави дека следната година за новинарите кои ќе присуствуваат на роденденот ќе им обезбеди полуксузни услови за снимање со мобилните и извесување од подалеку: двогледи, ганц нови НОКИА 3310, топли напитоци и ќебиња.

The post Спасовски: Тепачите останаа зад полициските барикади, мирно го прославивме роденденот на Гоце appeared first on Република.

]]>
Што знае Таче што е достоинство! https://republika.mk/kolumni/shto-znae-tache-shto-e-dostoinstvo/ Mon, 16 Jan 2023 11:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=597433

Во екот на почетокот на кампањата за потребата од уставни промени за внесување на македонските Бугари во највисокиот државен акт како услов за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, Македонците доживеаја уште едно национално понижување. И тоа среде Скопје!

А, што знае премиерот намесник Димитар Ковачевски што е национално достоинство?! Колку што знаат децата што се 300 килограми. Ја зимаат вреќата, ја креваат и ја носат. Според вицот, нели.

Така и Ковачевски. Не знае кој е бугарскиот европратеник и еден од лидерите на бугарското ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, и што може да направи и да каже, а за неговиот колега од бугарското народно собрание и лидер на Преродба, чие име не заслужува ни да се спомене, не заради Македонија и Македонците, туку поради неговата отворена проруска определба, ни збор да не стане.

Со своите негаторски, неонацистички ставови кон Македонија и Македонците, просторот пред спомен плочата посветена на Мара Бунева, Ангел Џамбаски го претвори во бугарска собраниска говорница од времето на наци-фашистичката влада на Богдан Филов. И поткачен на кејот крај Вардар, со мегафон во рацете, само гордо ги повтори зборовите на некогашниот бугарски премиер за „Бугарија од Дунав до Белото Море и од Црното до Јадранското Море“, како континуитет на шовинистичкиот великобугарски санстефански сон.

И кога премиерот намесник Димитар Ковачевски ќе стане „абонент“ на „убавото“ шовинистичко, неонаци-фашистичко бугарско друштво, со обидот за вадење преку министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дипломатската реакција уште неиспратена, станува обичен лист хартија за бришење задник по голема нужда. Зашто, таа, во суштина, во ништо не се разликува од реакциите, по давањето дозволи за отворање на бугарските клубови со имињата на Иван Ванчо Михајлов, Цар Борис III и Цар Фердинанд. И тоа не поминува барем кај Македонците, исто како што не поминува ни релативизацијата на политичката улога и моќ на двајцата бугарски политичари.

Напротив, благата реакција на власта само потврдува дека во премиерската фотелја имаме немоќен „дрон бајрактар“, управуван од далечина, обичен послушник, кој веќе ќе почне да се одѕива и на она познатото „Рајка, радодајка“.

И малку ќе биде внесувањето на македонските Бугари во Уставот. Како тргнал Ковачевски, излегува дека е само прашање на ден кога ќе предложи и носење на закон за заштита на бугарската национална чест во Македонија!? Спротивно од одлуката на АСНОМ!? Па што, и така од АСНОМ веќе не остана ништо! Ќе треба само да се направи инверзија, наместо македонска, да стои бугарска национална чест и во називот на законот и во самиот негов текст, што за власта на СДСМ и на ДУИ нема да претставува никаква потешкотија.

На 2 август 2014 година порталот Окно во оригинал го објави Решението на Второто заседание на АСНОМ за создавањето суд за судење на престапите извршени против македонската национална чест и еве уште еднаш да го пренесеме во целост и со напомена дека таму каде што стои македонска ќе треба да се чита како бугарска:

Решение за создаванје суд за суденје на престаплениа извршени против македонската национална чест

Во време кога Македониа беше окупурана од германците и бугарските фашисти, кога македонскиот народ изживуеше тешки моменти во своето национално соштествуванје, кога најарните народни сили со сите средства, па и со оружје во рака, се бореја за запазуенје на македонската националност, јазик и култура, за македонското име воопшто – се најдоа пораженци и изроди во нашиот народ, било от лични интереси било от општествена саможивност по севозможни начини соработуеја со окупаторите, давајки им во нивната фашистичка и денационализаторска политика реална помокј. По тој начин тие го издадоа својот народ и ја извалкаја македонската чест.

Македонскиот народ не може да ги остави без наказание извршителите на овие престаплениа.

На това основание Антифашиското Собрание на Народното ослободуенје на Македониа го донесуе следното

РЕШЕНИЕ

Чл. 1 Се создава специален суд за суденје на престаплениата против македонската национална чест, кои на териториата на Македониа ке суди на секое лице кое за време на окупацијата направило

Чл. 2 Овој суд ке суди за оние престаплениа направени против националната чест, кои не можат да се квалификујат како издајство, или како помаганје на окупаторот на престапленјата против македонската национална чест осудуе на лишуенје от национална чест, во која влегува и лишуенје от грагјанска чест; лесна или тешка присилна работа и конфискуванје на имот. Лишуенјето от националната чест може да биде времено или доживотно, а присилната работа може да трае највеке до 10 години.

Чл. 4. Во случај да се утврди по време на раследуенјето, оти е извршено престапление за кое се осудуе на смрт, судот за срденје на престапленијата против македонската национална чест ке се огласи за ненадлежен, а предметот ке го испрати на надлежниот суд.

Чл. 5. Антифашиското собрание на Народното Ослободуенје на Македониа т.е. Президиумот ке издаде нужни законски решениа во кои ке ги суди судот за суденје на престаплението против македонската национална чест, уредуенјето на судот и процедурата.

Чл. 6. Судот за суденје на престаплениата против македонската национална чест се избира од Президиумот на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободуенје на Македониа, и се состои од 30 члена кои судат во состав од 3 члена.

Чл. 7. Президиумот на АСНОМ назначује народен тужител при судовите на народната чест.

Чл. 8. Ова решение влегуе во сила от денот на објавуенјето.

*Забелешка: поради доловување на изворноста и специфичниот јазик на документот, во текстот не се вршени никакви корекции, дури ни кога има очигледни грешки како онаа во редните броеви (по 2 следува 4) или кога има недовршени реченици (Кај член 1) и сл.

Извор: Документи од создавањето и развитокот на Н.Р. Македонија (1944-1946), Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1949

Треба да се напомене дека на 16 април 1945 година Народното собрание на Македонија ќе донесе Закон за изменение и дополнение на Решението, а во Службен весник бр.11 од 11 јуни 1945 година е објавен и Закон за укинување и на Решението и на споменатиот Закон за негови измени и дополувања.

 

The post Што знае Таче што е достоинство! appeared first on Република.

]]>

Во екот на почетокот на кампањата за потребата од уставни промени за внесување на македонските Бугари во највисокиот државен акт како услов за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, Македонците доживеаја уште едно национално понижување. И тоа среде Скопје! А, што знае премиерот намесник Димитар Ковачевски што е национално достоинство?! Колку што знаат децата што се 300 килограми. Ја зимаат вреќата, ја креваат и ја носат. Според вицот, нели. Така и Ковачевски. Не знае кој е бугарскиот европратеник и еден од лидерите на бугарското ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, и што може да направи и да каже, а за неговиот колега од бугарското народно собрание и лидер на Преродба, чие име не заслужува ни да се спомене, не заради Македонија и Македонците, туку поради неговата отворена проруска определба, ни збор да не стане. Со своите негаторски, неонацистички ставови кон Македонија и Македонците, просторот пред спомен плочата посветена на Мара Бунева, Ангел Џамбаски го претвори во бугарска собраниска говорница од времето на наци-фашистичката влада на Богдан Филов. И поткачен на кејот крај Вардар, со мегафон во рацете, само гордо ги повтори зборовите на некогашниот бугарски премиер за „Бугарија од Дунав до Белото Море и од Црното до Јадранското Море“, како континуитет на шовинистичкиот великобугарски санстефански сон. И кога премиерот намесник Димитар Ковачевски ќе стане „абонент“ на „убавото“ шовинистичко, неонаци-фашистичко бугарско друштво, со обидот за вадење преку министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дипломатската реакција уште неиспратена, станува обичен лист хартија за бришење задник по голема нужда. Зашто, таа, во суштина, во ништо не се разликува од реакциите, по давањето дозволи за отворање на бугарските клубови со имињата на Иван Ванчо Михајлов, Цар Борис III и Цар Фердинанд. И тоа не поминува барем кај Македонците, исто како што не поминува ни релативизацијата на политичката улога и моќ на двајцата бугарски политичари. Напротив, благата реакција на власта само потврдува дека во премиерската фотелја имаме немоќен „дрон бајрактар“, управуван од далечина, обичен послушник, кој веќе ќе почне да се одѕива и на она познатото „Рајка, радодајка“. И малку ќе биде внесувањето на македонските Бугари во Уставот. Како тргнал Ковачевски, излегува дека е само прашање на ден кога ќе предложи и носење на закон за заштита на бугарската национална чест во Македонија!? Спротивно од одлуката на АСНОМ!? Па што, и така од АСНОМ веќе не остана ништо! Ќе треба само да се направи инверзија, наместо македонска, да стои бугарска национална чест и во називот на законот и во самиот негов текст, што за власта на СДСМ и на ДУИ нема да претставува никаква потешкотија. На 2 август 2014 година порталот Окно во оригинал го објави Решението на Второто заседание на АСНОМ за создавањето суд за судење на престапите извршени против македонската национална чест и еве уште еднаш да го пренесеме во целост и со напомена дека таму каде што стои македонска ќе треба да се чита како бугарска:

Решение за создаванје суд за суденје на престаплениа извршени против македонската национална чест

Во време кога Македониа беше окупурана од германците и бугарските фашисти, кога македонскиот народ изживуеше тешки моменти во своето национално соштествуванје, кога најарните народни сили со сите средства, па и со оружје во рака, се бореја за запазуенје на македонската националност, јазик и култура, за македонското име воопшто – се најдоа пораженци и изроди во нашиот народ, било от лични интереси било от општествена саможивност по севозможни начини соработуеја со окупаторите, давајки им во нивната фашистичка и денационализаторска политика реална помокј. По тој начин тие го издадоа својот народ и ја извалкаја македонската чест. Македонскиот народ не може да ги остави без наказание извршителите на овие престаплениа. На това основание Антифашиското Собрание на Народното ослободуенје на Македониа го донесуе следното

РЕШЕНИЕ

Чл. 1 Се создава специален суд за суденје на престаплениата против македонската национална чест, кои на териториата на Македониа ке суди на секое лице кое за време на окупацијата направило Чл. 2 Овој суд ке суди за оние престаплениа направени против националната чест, кои не можат да се квалификујат како издајство, или како помаганје на окупаторот на престапленјата против македонската национална чест осудуе на лишуенје от национална чест, во која влегува и лишуенје от грагјанска чест; лесна или тешка присилна работа и конфискуванје на имот. Лишуенјето от националната чест може да биде времено или доживотно, а присилната работа може да трае највеке до 10 години. Чл. 4. Во случај да се утврди по време на раследуенјето, оти е извршено престапление за кое се осудуе на смрт, судот за срденје на престапленијата против македонската национална чест ке се огласи за ненадлежен, а предметот ке го испрати на надлежниот суд. Чл. 5. Антифашиското собрание на Народното Ослободуенје на Македониа т.е. Президиумот ке издаде нужни законски решениа во кои ке ги суди судот за суденје на престаплението против македонската национална чест, уредуенјето на судот и процедурата. Чл. 6. Судот за суденје на престаплениата против македонската национална чест се избира од Президиумот на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободуенје на Македониа, и се состои од 30 члена кои судат во состав од 3 члена. Чл. 7. Президиумот на АСНОМ назначује народен тужител при судовите на народната чест. Чл. 8. Ова решение влегуе во сила от денот на објавуенјето. *Забелешка: поради доловување на изворноста и специфичниот јазик на документот, во текстот не се вршени никакви корекции, дури ни кога има очигледни грешки како онаа во редните броеви (по 2 следува 4) или кога има недовршени реченици (Кај член 1) и сл. Извор: Документи од создавањето и развитокот на Н.Р. Македонија (1944-1946), Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1949
Треба да се напомене дека на 16 април 1945 година Народното собрание на Македонија ќе донесе Закон за изменение и дополнение на Решението, а во Службен весник бр.11 од 11 јуни 1945 година е објавен и Закон за укинување и на Решението и на споменатиот Закон за негови измени и дополувања.  

The post Што знае Таче што е достоинство! appeared first on Република.

]]>
Таче си бара само граѓани по сопствена мерка https://republika.mk/kolumni/tache-si-bara-samo-gragani-po-sopstvena-merka/ Tue, 03 Jan 2023 11:52:01 +0000 https://republika.mk/?p=593142

Новото нормално, што почна да ни се продава со почетокот на пандемијата од Ковид-19, во Македонија полека, но сигурно се претвора во ново ненормално, пред се на политички план! За волја на вистината, новото ненормално почна со екс-премиерот Зоран Заев, а еве продолжува и со неговиот намесник на партиската и на премиерската позиција во ликот и делото на Димитар Ковачевски.

Во последното интервју за неделникот „Фокус“ и своето новогодишното обраќање, премиерот намесник Димитар Ковачевски ни покажа и докажа дека е апсолутно тотален политички дунстер, кој нема направено никаков исчекор ни напред, ни назад од својот претходник!

А, тапкањето во место значи дека Ковачевски и СДСМ продолжуваат со сељачката, пазарџиска менталната политичка матрица на отворени делби на националното ткиво, насилно манифестирање на политичка моќ, непочитување и потценување на народот и граѓаните, особено на нивната волја и расположение, воведување антидемократски правила на игра, што како држава и општество не враќаат децении наназад, враќајќи ни ги стравот и стравопочитта како нешто сосема нормално!!!

Таман човек ќе помисли дека „излетот“ на партискиот ген-сек за „прегазување на сите оние, кои ќе им застанат на патот“ кон ЕУ бил само момент на невнимание, кога од устата на партискиот и премирскиот намесник стигнува потврда! Само во некоја „поблага“ варијанта, што никако не може да биде никакво оправдување!

-Мојата порака до граѓаните е да имаат надеж, да ја задржат јасната визија за европската иднина на државата и да се вклучат во процесите. Нам ни требаат активни и ангажирани граѓани, апатијата не е решение.

Што се однесува до мене, исто како и оваа година што изминува, ќе работам неуморно за да имаме сите подобра година. Знам дека предизвиците со кои се среќаваме создаваат недоверба, но мојот мандат почна пред околу една година. За оваа година дадов се од себе, најмногу што може да се направи во вакви услови на криза. За да направиме повеќе и подобро, мене и на владата ни треба поддршка од граѓаните, ќе изјави меѓу другото Ковачевски во интервјуто.

И прво што паѓа на ум по овие неколку реда е – аман Таче не давај се од себе! Аман не давај, зашто којзнае каде ќе ни биде крајот и каков ќе ни биде дури тогаш алот! Ако денот по утрото се познава, една година е доволно за да видиме со кого си имаме работа.

Видиш ти какви граѓани му требале на Тачета наш за да може успешно да владее?! Активни и ангажирани, по сопствен терк! А, другите? Другите не му требаат! И што ќе прави со нив? Ќе ги прегази како шлепер жаба? Или само со административни мерки ќе им создаде нови голоотоци за „прекувремена работа“, метаксовски ширум ќе им ги отвори портите за масовно напуштање на државата или ќе им најде друго чаре!?

Апатијата кај граѓаните, пак, оди заедно со барањето доверба од нив за да може Таче наш и неговата влада да „направат повеќе и подобро“. Да читаш и да не ти се верува! По само една година од неговото владеење и на помалку од половина на владејачкиот мандат на неговиот СДСМ!

Премиерот намесник Димитар Ковачевски мисли дека може да се амнестира од досегашното владеење на неговиот СДСМ и континуитетот од шест години да го претвори во дисконтинуитет. А, не. Работите не одат така. Исто како што не оди така и барањето доверба од граѓаните.

Зашто, во парламентарна демократија се знае како се бара и се добива доверба од нив. На парламентарни избори и никако поинаку. Затоа, Таче ајде на избори! Немој да се плашиш од граѓаните и тоа на помалку од половина мандат.

Тие најдобро ќе ти кажат како си работел и дали можеш уште подобро или уште полошо. А, околу јасната европска визија на граѓаните ич немој да се сомневаш. Таа е јасна како бел ден. Била, е и ќе биде. Без разлика на сите нивни определби.

Единствената дилема е дали ќе успееш бугаризацијата на Македонците да им ја продадеш како нивна европеизација, што ќе значи откажување од нивната самобитност, историја, култура, традиција, обичаи, верувања, фолклор…политички да ги претвориш во новокомпонирани „северномакедонци“, кои немаат ништо заедничко не со античките, туку со Македонците до 1944 година.

И Таче како тоа одеднаш апатијата не е решение?! И за што!? Не можеш да помислиш или да се запрашаш на што е резултат таа апатија!? Заборави на политички монтираните процеси? Заборави на процесот за настаните од 27 април и вековните пресуди за непостоечко дело тероризам?

На процесот за „организаторите“? На Гордана Јанкуловска, која лежи в затвор заради набавка на мерцедесот во кој сега ги возиш сите високи гости од Европа? На пукањето со гумени куршуми, фрлањето шок-бомби и тепањето на обичниот народ, кој не се согласуваше со промената на Уставот за промена на уставното име? На еднократниот закон за аболиција?

На одлуката на скопска Апелација за „Таргет-тврдина“? Мислиш дека ова нема свој удел во апатијата? Да им ја ампутираш душата на Македонците менувајќи им го идентитетот и сега да им велиш дека апатијата не е решение, во најмала рака и најблаго речено е невкусно.

Невкусно е и граѓаните да ги обвинуваш за апатија во услови кога не живеат, туку живуркаат и едвај минуваат месец со инфлација од над 20%, кога нема никаква одговорност кај власта, кога нема владеење на правото, кога не се сите исти пред законот, кога не функционираат институциите на системот, кога тој едноставно не постои, кога не можат ни лекови да си купат, кога секоја реформа станува анти-реформа, кога им даваш пасоши на најголемите белосветски криминалци, кога полицајци стануваат криминалци заштитени со закон, кога…

Списокот на будалштини е толку долг, колку што е долг твојот функционерски стаж, што богами не е така мал.

На крајот за новогодишната честитка. Искрено, мене лично најсилен впечаток ми остави моментот кога целото прекрасно семејство Ковачевски задно седна на домашниот кауч. Да не бидам погрешно сфатен, ама за миг низ глава ми мина оправдувањето на премирот намесник за најновата инвестиција на сопругата во фирмата на кумот дека со свои пари секој може да инвестира каде што сака.

Абе, како да видов македонска верзија на Бред Пит и Анџелина Џоли со нивни предбрачен договор-што е мое е мое, што е твое си е твое, заедничко немаме ништо. И ајде сега види ти на чиј кауч седеше семејството Ковачевски!?

The post Таче си бара само граѓани по сопствена мерка appeared first on Република.

]]>

Новото нормално, што почна да ни се продава со почетокот на пандемијата од Ковид-19, во Македонија полека, но сигурно се претвора во ново ненормално, пред се на политички план! За волја на вистината, новото ненормално почна со екс-премиерот Зоран Заев, а еве продолжува и со неговиот намесник на партиската и на премиерската позиција во ликот и делото на Димитар Ковачевски. Во последното интервју за неделникот „Фокус“ и своето новогодишното обраќање, премиерот намесник Димитар Ковачевски ни покажа и докажа дека е апсолутно тотален политички дунстер, кој нема направено никаков исчекор ни напред, ни назад од својот претходник! А, тапкањето во место значи дека Ковачевски и СДСМ продолжуваат со сељачката, пазарџиска менталната политичка матрица на отворени делби на националното ткиво, насилно манифестирање на политичка моќ, непочитување и потценување на народот и граѓаните, особено на нивната волја и расположение, воведување антидемократски правила на игра, што како држава и општество не враќаат децении наназад, враќајќи ни ги стравот и стравопочитта како нешто сосема нормално!!! Таман човек ќе помисли дека „излетот“ на партискиот ген-сек за „прегазување на сите оние, кои ќе им застанат на патот“ кон ЕУ бил само момент на невнимание, кога од устата на партискиот и премирскиот намесник стигнува потврда! Само во некоја „поблага“ варијанта, што никако не може да биде никакво оправдување!
-Мојата порака до граѓаните е да имаат надеж, да ја задржат јасната визија за европската иднина на државата и да се вклучат во процесите. Нам ни требаат активни и ангажирани граѓани, апатијата не е решение.
Што се однесува до мене, исто како и оваа година што изминува, ќе работам неуморно за да имаме сите подобра година. Знам дека предизвиците со кои се среќаваме создаваат недоверба, но мојот мандат почна пред околу една година. За оваа година дадов се од себе, најмногу што може да се направи во вакви услови на криза. За да направиме повеќе и подобро, мене и на владата ни треба поддршка од граѓаните, ќе изјави меѓу другото Ковачевски во интервјуто. И прво што паѓа на ум по овие неколку реда е – аман Таче не давај се од себе! Аман не давај, зашто којзнае каде ќе ни биде крајот и каков ќе ни биде дури тогаш алот! Ако денот по утрото се познава, една година е доволно за да видиме со кого си имаме работа. Видиш ти какви граѓани му требале на Тачета наш за да може успешно да владее?! Активни и ангажирани, по сопствен терк! А, другите? Другите не му требаат! И што ќе прави со нив? Ќе ги прегази како шлепер жаба? Или само со административни мерки ќе им создаде нови голоотоци за „прекувремена работа“, метаксовски ширум ќе им ги отвори портите за масовно напуштање на државата или ќе им најде друго чаре!? Апатијата кај граѓаните, пак, оди заедно со барањето доверба од нив за да може Таче наш и неговата влада да „направат повеќе и подобро“. Да читаш и да не ти се верува! По само една година од неговото владеење и на помалку од половина на владејачкиот мандат на неговиот СДСМ! Премиерот намесник Димитар Ковачевски мисли дека може да се амнестира од досегашното владеење на неговиот СДСМ и континуитетот од шест години да го претвори во дисконтинуитет. А, не. Работите не одат така. Исто како што не оди така и барањето доверба од граѓаните. Зашто, во парламентарна демократија се знае како се бара и се добива доверба од нив. На парламентарни избори и никако поинаку. Затоа, Таче ајде на избори! Немој да се плашиш од граѓаните и тоа на помалку од половина мандат. Тие најдобро ќе ти кажат како си работел и дали можеш уште подобро или уште полошо. А, околу јасната европска визија на граѓаните ич немој да се сомневаш. Таа е јасна како бел ден. Била, е и ќе биде. Без разлика на сите нивни определби. Единствената дилема е дали ќе успееш бугаризацијата на Македонците да им ја продадеш како нивна европеизација, што ќе значи откажување од нивната самобитност, историја, култура, традиција, обичаи, верувања, фолклор…политички да ги претвориш во новокомпонирани „северномакедонци“, кои немаат ништо заедничко не со античките, туку со Македонците до 1944 година. И Таче како тоа одеднаш апатијата не е решение?! И за што!? Не можеш да помислиш или да се запрашаш на што е резултат таа апатија!? Заборави на политички монтираните процеси? Заборави на процесот за настаните од 27 април и вековните пресуди за непостоечко дело тероризам? На процесот за „организаторите“? На Гордана Јанкуловска, која лежи в затвор заради набавка на мерцедесот во кој сега ги возиш сите високи гости од Европа? На пукањето со гумени куршуми, фрлањето шок-бомби и тепањето на обичниот народ, кој не се согласуваше со промената на Уставот за промена на уставното име? На еднократниот закон за аболиција? На одлуката на скопска Апелација за „Таргет-тврдина“? Мислиш дека ова нема свој удел во апатијата? Да им ја ампутираш душата на Македонците менувајќи им го идентитетот и сега да им велиш дека апатијата не е решение, во најмала рака и најблаго речено е невкусно. Невкусно е и граѓаните да ги обвинуваш за апатија во услови кога не живеат, туку живуркаат и едвај минуваат месец со инфлација од над 20%, кога нема никаква одговорност кај власта, кога нема владеење на правото, кога не се сите исти пред законот, кога не функционираат институциите на системот, кога тој едноставно не постои, кога не можат ни лекови да си купат, кога секоја реформа станува анти-реформа, кога им даваш пасоши на најголемите белосветски криминалци, кога полицајци стануваат криминалци заштитени со закон, кога… Списокот на будалштини е толку долг, колку што е долг твојот функционерски стаж, што богами не е така мал. На крајот за новогодишната честитка. Искрено, мене лично најсилен впечаток ми остави моментот кога целото прекрасно семејство Ковачевски задно седна на домашниот кауч. Да не бидам погрешно сфатен, ама за миг низ глава ми мина оправдувањето на премирот намесник за најновата инвестиција на сопругата во фирмата на кумот дека со свои пари секој може да инвестира каде што сака. Абе, како да видов македонска верзија на Бред Пит и Анџелина Џоли со нивни предбрачен договор-што е мое е мое, што е твое си е твое, заедничко немаме ништо. И ајде сега види ти на чиј кауч седеше семејството Ковачевски!?

The post Таче си бара само граѓани по сопствена мерка appeared first on Република.

]]>
Лажи, лажи Taче, ти нѐ лажеш најдобро https://republika.mk/kolumni/lazi-lazi-tache-ti-n-lazesh-najdobro/ Sun, 11 Dec 2022 14:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=584321

Предраг Димитровски

Општопознато правило е дека цел народ можете да го лажете краток период, дел од народот можете да го лажете цело време, но не можете цел народ да го лажете цело време. Е, ама кога за нашиот премиер намесник Димитар Ковачевски лагата станува основно средство во водењето на неговата политика, за да ја манифестира својата политичка моќ, притоа цврсто газејќи по стапките на неговиот претходник, тогаш правилата можат да се шират. Сопствениот народ станува претесна основа за ширење на лагите, па тие мораат да стигнат и до Европа! Поточно, до европските социјалисти, па и народњаци!

Нашиот Таче на лидерскиот самит на Западен Балкан на европските социјалисти и демократи во Виена меѓу другото ќе порача дека „ЕУ мора сериозно да ги сфати и разгледа опструкциите од опозицијата во Македонија и обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена да го загрозат европскиот пат на земјата. Блокадите на Собранието и на демократските процеси за напредок кон ЕУ се блокада на европските вредности“. И уште ќе додаде дека „и Европската народна партија не смее да биде само нем набљудувач на овие сценарија, бидејќи ваквите опструкции и блокади не се само за Владата, туку за европските вредности“.

Драг Таче, македонската опозиција верувала во европските вредности уште кога ти си бил млад аџамија, ама со право не верува во твоите европски вредности, кои се сведуваат на отворена распродажба на македонскиот идентитет, историја, јазик, култура, традиции, обичаи…Во твоите потписи на документи со кои на големо се отвораат врати за поништување на македонската етногенеза и целосна бугаризација на Македонците, што не сакаат или не можат да го видат само такви како тебе.

И попусти ти се обидите вината за сопствениот неуспех да ја префрлуваш на други. Тоа што не умееш самиот да ја напишеш сопствната домашна задача не е проблем на опозицијата, туку твој личен нуспех, чии последици, за жал, ги чувствуваат граѓаните на Република Македонија.

Ееее, на какво дереџе дојде нашиот премиер намесник. Јадно и бедно. Да не знае човек дали да го плаче или да му се смее! Својот валкан политички веш почна да го вади надвор! И тоа во време на кризи! Можете само да си замислите на што му мириса тој кога неговата Влада ни порачува да штедиме електрична енергија, а за поголеми ефекти туширањето да биде сведено на минимум, а машините за перење, како еден од апаратите кои важат за најголеми потрошувачи на струја, да се вклучуваат еднаш неделно?!

За волја на вистината, не знам дали и премиерот намесник се придржува на препораките, а и ни на крај памет не ми паѓа да навлегувам во неговата лична интима и хигиена. Исто така не знам зошто, ама неговото однесување во Виена веднаш ме потсети на култниот филм „Мирисот на жената“ од почетокот на 90-тите години, во режија на Мартин Брест, добитник на Оскари за најдобар главен актер и за најдобар филм. Главните улоги во филмот ги толикуваа маестралниот Ал Пачино, Крис О,Донел и Габриеле Анвар.

Пачино глуми слеп американски воен ветеран, потполковник, по име Френк Слејд, а О,Донел младо момче, Чарли Сирнмс, кое за пари ќе му биде придружник при патување во Њујорк. Но, Чарли е иден студент, кој се наоѓа на животен крстпат, па нивната урнебесна, искрена и трагикомична авантура заскогаш ќе ги промени обајцата. Зашто, Чарли, искреното и чесно момче, со своите најблиски другари, деца на добро ситуирани родители (слично, ако не и исто како нашиот Таче), треба да се соочи со наставничкиот совет, од што директно зависи и неговата иднина.

Би било добро нашиот премиер намесник да го гледа филмот, ако тоа не го сторил или го заборавил. Не заради историската филмска секвенца во која „слепиот“ Ал Пачино игра аргентинско танго со Габриеле Анвар во ресторанот на хотелот „Валдорф Асторија“ (од што произлегува и името на филмот), туку поради настапот на „слепиот“ потполковник во одбрана на младото момче пред наставничкиот совет на престижното училиште -колеџот Baird.

Еве само една реплика од тој дел:

-Што ви е мотото? Момчиња, кодошете за да ја спасите својата кожа или ќе ве запалиме на клада! Кога ќе згусне, некои бегаат, а некои остануваат. Чарли (Слејд) остана, а Џери (Вилис) се скри во татковиот џеб. А, вие? Ќе го наградите Џери, а ќе го уништите Чарли!…Ова е штакорско гнездо. Гнездо на тужибаби, што далеку ќе стигне. Но, ако така мислите од нив да направите мажи, уште еднаш размислете. Им го убивате духот за кој тврдите дека се обидувате да им го всадите. Каква лага! Што воопшто ви беше потребна оваа претстава? Во неа единствено вреди тој што седи покрај мене. Неговата душа е недопрена, непоткуплива. Знаете ли зошто го знам тоа? Зашто, некој овдека се обиде да го поткупи. Само што Чарли не е на продажба… Но, нема ништо полошо од поглед на ампутирана душа. За тоа не постои протеза… Не сум ни судија, ни поротник. Ама го знам ова-тој нема да се продаде за да си ја купи својата иднина. А, тоа, мои пријатели, се вика чесност, храброст, интегритет. Од тој и таков материјал се создаваат лидери…

Ако доблесно размислува, нашиот премиер намесник самиот ќе се препознае. Јас, на пример, не знам дали Таче е поткупен или не, дали во Виена сакаше да си ја купи својата иднина, но знам дека со својата постапка остана далеку од тоа што се вика чесност, храброст, интегритет.

Впрочем, ако беше поинаку на лидерскиот самит повеќе ќе зборуваше за институционалната корупција и немоќта на неговата влада да се бори против неа, за што во земјата веќе стигна специјален тим на нашите стратешки партнери од САД, ќе зборуваше за тоа дека седи во скутот на коалициониот партнер ДУИ и немоќно шири раце, па дури и ги оправдува очигледните криминални постапки, ќе зборуваше за катастрофалната инфлација, која секојдневно ги јаде животите на обичните граѓани, ќе зборуваше за катастрофалната состојба во здравството во кое, на пример, лекарите од Клиничкиот центар во работно време одат да работат по приватните клиники, додека пациентите беспомошно мрзнат по болничките ходници… Ќе зборуваше за недостигот на лекови по аптките, ќе зборуваше за недостапните лекарски комисии, за неможноста дете во градинка да се запише, за дивеењето на градежната мафија, за македонските пасоши, што ги добиваат најголемите светски криминалци, ќе зборуваше за непотизмот, за милионските наместени тендери во четири очи…

Ама не, за нашиот премиер намесник во Македонија изгледа опозицијата е власт, а власта е опозиција!!! Надвор од здрав разум!

Народот како народ, жив ѓавол, за вакви моменти или ситуации обично користи два термина-плачипи*ка или кодош. Плачипи*ка главно се користи за мажи на кои во емотивни моменти им се насолзуваат очите, наспроти оние „мачо мени“ на кои тоа им е сосема туѓо.

А, за кодош, пак, можеби најдобра дефиниција дала професорката Јасна Котеска, откако го видела личното досие на нејзиниот татко, писателот Јован Котески, последниот политички затвореник во комунистичка, социјалистичка Република Македонија. Според неа, „системот на контрола на кој почивало нашето општество, бил базиран на еден претпоставен субјект-носител на претпоставената „вистина“-а тоа е кодошот лично. Кодошот е оној што знае. Кодошот станува „големиот друг“, носител на интерпретацијата и на вистината. Тој станува најширокиот субјект за кој се претпоставува дека знае-тој станува Бог, мал, локален, политички, но сепак Бог…“.

Нашиот Таче самиот нека заклучи што во суштина е!

The post Лажи, лажи Taче, ти нѐ лажеш најдобро appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски

Општопознато правило е дека цел народ можете да го лажете краток период, дел од народот можете да го лажете цело време, но не можете цел народ да го лажете цело време. Е, ама кога за нашиот премиер намесник Димитар Ковачевски лагата станува основно средство во водењето на неговата политика, за да ја манифестира својата политичка моќ, притоа цврсто газејќи по стапките на неговиот претходник, тогаш правилата можат да се шират. Сопствениот народ станува претесна основа за ширење на лагите, па тие мораат да стигнат и до Европа! Поточно, до европските социјалисти, па и народњаци! Нашиот Таче на лидерскиот самит на Западен Балкан на европските социјалисти и демократи во Виена меѓу другото ќе порача дека „ЕУ мора сериозно да ги сфати и разгледа опструкциите од опозицијата во Македонија и обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена да го загрозат европскиот пат на земјата. Блокадите на Собранието и на демократските процеси за напредок кон ЕУ се блокада на европските вредности“. И уште ќе додаде дека „и Европската народна партија не смее да биде само нем набљудувач на овие сценарија, бидејќи ваквите опструкции и блокади не се само за Владата, туку за европските вредности“. Драг Таче, македонската опозиција верувала во европските вредности уште кога ти си бил млад аџамија, ама со право не верува во твоите европски вредности, кои се сведуваат на отворена распродажба на македонскиот идентитет, историја, јазик, култура, традиции, обичаи…Во твоите потписи на документи со кои на големо се отвораат врати за поништување на македонската етногенеза и целосна бугаризација на Македонците, што не сакаат или не можат да го видат само такви како тебе. И попусти ти се обидите вината за сопствениот неуспех да ја префрлуваш на други. Тоа што не умееш самиот да ја напишеш сопствната домашна задача не е проблем на опозицијата, туку твој личен нуспех, чии последици, за жал, ги чувствуваат граѓаните на Република Македонија. Ееее, на какво дереџе дојде нашиот премиер намесник. Јадно и бедно. Да не знае човек дали да го плаче или да му се смее! Својот валкан политички веш почна да го вади надвор! И тоа во време на кризи! Можете само да си замислите на што му мириса тој кога неговата Влада ни порачува да штедиме електрична енергија, а за поголеми ефекти туширањето да биде сведено на минимум, а машините за перење, како еден од апаратите кои важат за најголеми потрошувачи на струја, да се вклучуваат еднаш неделно?! За волја на вистината, не знам дали и премиерот намесник се придржува на препораките, а и ни на крај памет не ми паѓа да навлегувам во неговата лична интима и хигиена. Исто така не знам зошто, ама неговото однесување во Виена веднаш ме потсети на култниот филм „Мирисот на жената“ од почетокот на 90-тите години, во режија на Мартин Брест, добитник на Оскари за најдобар главен актер и за најдобар филм. Главните улоги во филмот ги толикуваа маестралниот Ал Пачино, Крис О,Донел и Габриеле Анвар. Пачино глуми слеп американски воен ветеран, потполковник, по име Френк Слејд, а О,Донел младо момче, Чарли Сирнмс, кое за пари ќе му биде придружник при патување во Њујорк. Но, Чарли е иден студент, кој се наоѓа на животен крстпат, па нивната урнебесна, искрена и трагикомична авантура заскогаш ќе ги промени обајцата. Зашто, Чарли, искреното и чесно момче, со своите најблиски другари, деца на добро ситуирани родители (слично, ако не и исто како нашиот Таче), треба да се соочи со наставничкиот совет, од што директно зависи и неговата иднина. Би било добро нашиот премиер намесник да го гледа филмот, ако тоа не го сторил или го заборавил. Не заради историската филмска секвенца во која „слепиот“ Ал Пачино игра аргентинско танго со Габриеле Анвар во ресторанот на хотелот „Валдорф Асторија“ (од што произлегува и името на филмот), туку поради настапот на „слепиот“ потполковник во одбрана на младото момче пред наставничкиот совет на престижното училиште -колеџот Baird. Еве само една реплика од тој дел: -Што ви е мотото? Момчиња, кодошете за да ја спасите својата кожа или ќе ве запалиме на клада! Кога ќе згусне, некои бегаат, а некои остануваат. Чарли (Слејд) остана, а Џери (Вилис) се скри во татковиот џеб. А, вие? Ќе го наградите Џери, а ќе го уништите Чарли!…Ова е штакорско гнездо. Гнездо на тужибаби, што далеку ќе стигне. Но, ако така мислите од нив да направите мажи, уште еднаш размислете. Им го убивате духот за кој тврдите дека се обидувате да им го всадите. Каква лага! Што воопшто ви беше потребна оваа претстава? Во неа единствено вреди тој што седи покрај мене. Неговата душа е недопрена, непоткуплива. Знаете ли зошто го знам тоа? Зашто, некој овдека се обиде да го поткупи. Само што Чарли не е на продажба… Но, нема ништо полошо од поглед на ампутирана душа. За тоа не постои протеза… Не сум ни судија, ни поротник. Ама го знам ова-тој нема да се продаде за да си ја купи својата иднина. А, тоа, мои пријатели, се вика чесност, храброст, интегритет. Од тој и таков материјал се создаваат лидери… Ако доблесно размислува, нашиот премиер намесник самиот ќе се препознае. Јас, на пример, не знам дали Таче е поткупен или не, дали во Виена сакаше да си ја купи својата иднина, но знам дека со својата постапка остана далеку од тоа што се вика чесност, храброст, интегритет. Впрочем, ако беше поинаку на лидерскиот самит повеќе ќе зборуваше за институционалната корупција и немоќта на неговата влада да се бори против неа, за што во земјата веќе стигна специјален тим на нашите стратешки партнери од САД, ќе зборуваше за тоа дека седи во скутот на коалициониот партнер ДУИ и немоќно шири раце, па дури и ги оправдува очигледните криминални постапки, ќе зборуваше за катастрофалната инфлација, која секојдневно ги јаде животите на обичните граѓани, ќе зборуваше за катастрофалната состојба во здравството во кое, на пример, лекарите од Клиничкиот центар во работно време одат да работат по приватните клиники, додека пациентите беспомошно мрзнат по болничките ходници… Ќе зборуваше за недостигот на лекови по аптките, ќе зборуваше за недостапните лекарски комисии, за неможноста дете во градинка да се запише, за дивеењето на градежната мафија, за македонските пасоши, што ги добиваат најголемите светски криминалци, ќе зборуваше за непотизмот, за милионските наместени тендери во четири очи… Ама не, за нашиот премиер намесник во Македонија изгледа опозицијата е власт, а власта е опозиција!!! Надвор од здрав разум! Народот како народ, жив ѓавол, за вакви моменти или ситуации обично користи два термина-плачипи*ка или кодош. Плачипи*ка главно се користи за мажи на кои во емотивни моменти им се насолзуваат очите, наспроти оние „мачо мени“ на кои тоа им е сосема туѓо. А, за кодош, пак, можеби најдобра дефиниција дала професорката Јасна Котеска, откако го видела личното досие на нејзиниот татко, писателот Јован Котески, последниот политички затвореник во комунистичка, социјалистичка Република Македонија. Според неа, „системот на контрола на кој почивало нашето општество, бил базиран на еден претпоставен субјект-носител на претпоставената „вистина“-а тоа е кодошот лично. Кодошот е оној што знае. Кодошот станува „големиот друг“, носител на интерпретацијата и на вистината. Тој станува најширокиот субјект за кој се претпоставува дека знае-тој станува Бог, мал, локален, политички, но сепак Бог…“. Нашиот Таче самиот нека заклучи што во суштина е!

The post Лажи, лажи Taче, ти нѐ лажеш најдобро appeared first on Република.

]]>
Забеганата удбашка (б)аналност на Таче и СДСМ https://republika.mk/kolumni/zabeganata-udbashka-b-analnost-na-tache-i-sdsm/ Mon, 14 Nov 2022 07:12:22 +0000 https://republika.mk/?p=573457

Предраг Димитровски

Последните партиски трибини за подигнување на моралот на владејачкиот СДСМ се претвораат во вистински празници. Што би рекле нашите постари, „со црвено запишани“. Да му ја исполнат, едноствно, душата на човека.

За жал, повеќе со глупости, кои во целост ги отсликуваат менталниот склоп и забеганата удбашка (б)аналност на намесникот и на партиската, и на премиерската позиција, Димитар Ковачевски и на целиот СДСМ, кои немаат мрднато ни милиметар напред ни од далечната 1945, ни од култниот „Среќна нова 49“ во режија на Столе Попов.

За неверување и чудење е речиси 80 години подоцна една од главните мантри на владејачкиот СДСМ и натаму да е градењето култ на личноста!!! И ни помалку, ни повеќе, туку од екс-премиерот Зоран Заев!!! Во главата се уште ми одзвонува пораката на онаа непозната (б)анална клиентелистичка струмичка несреќа.

„Градот што го даде градоначалникот, премиерот, хуманистот, миротворецот…знаете за кого зборувам, еве го овде со нас, оти душа не му дава да биде на друго место. Ама во срцево ги носам иницијалите ЗЗ, оти тоа мое срце чука во ритамот на напредната социјалдемократија…“.

Абе, чиниш, човек го слуша македонскиот евергрин на Зоран Милосављевиќ. „Во срцето носам една роза сина, но помина некој, розата ја скина“, пееше на времето тој, иако песната немаше никаква врска ни со партијата, ни со ребрендираната сина во црвена роза.

Да градиш култ на личност од ЗЗ мора да шмелцуваш во главата, да го правиш хуманист и миротворец мора да ти биде избиен бушон, во срцето да ги носиш неговите иницијали мора да ти е прегорен моторот! А, да зборуваш за напредна социјалдемократија, кога од неа нема ни „с“ од социјал, ни „д“ од демократија, веќе мора да бараш помош.

На истите социјалдемократи, малку поодамна им се случи нешто слично. Можеби се сеќавате, можеби не, но на поранешниот лидер, премиер и претседател на државата Бранко Црвенковски, во Охрид, една исто така клиентелистичка несреќа тргна да му ја бакнува раката, по што му остана прекарот „папата“.

Во СДСМ се е исто, само нив ги нема, иако меѓу двајцата постои разлика како меѓу Бог и шеширџија, барем во однос на заштитата на националните интереси. Додека едниот знаеше да ги почитува и штити, другиот ги распродаде како обичен џамбаз. А, од неговиот пат очигледно не скршнува ни Димитар Ковачевски. И по Тито, Тито, и по Заев, Заев!

На партиските струмички глупости Таче се смееше и ракоплескаше. Да не знае човек дали да го жали или да му се смее. Кутриот намесник. Ни знае каде се наоѓа, ни што прави, ни што му се случува.

Што би рекле неговите кумановци „у бандеру ќе удари“. Лебди изгубен некаде во вселената. Ама проценката на „структурите“ очигледно потврдува дека како таков им е потребен таму каде што е за да ја доврши започнатата домашна задача за бугаризација на Македонците и создавање од Република Македонија втора бугарска држава.

И кој за што, курва за чесност, а СДСМ и Таче за македонскиот идентитет, за партискиот континуитет, за Иван Ванчо Михајлов, за послушници и за ЕУ, во чија основа лежат отсуство на елементарна логика, непознавање на сопствената историја, злоупотребата на политичката моќ и ново сеење страв и раздор во македонското национално ткиво. За оние поупатените и кои знаат, веројатно ни прв, ни последен пат. Напротив.

Според добро подготвено удбашко сценарио од најмрачното поблиско и подалечно македонско минато, што партиските и медиумски пропагандисти го имаат проучено речиси до совршеност, Таче и СДСМ почнуваат кампања за нова пресметка со опозицијата, што ќе биде и основна матрица за парламентарните избори, кога и да се одржат тие, било предвремени, било редовни.

Притоа, компир гледаат, а месо вадат. Ја напаѓаат Левица, иако целта им е најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, а обете ги обвинуваат за „деструктивност“. А, во суштина, поголеми „лажови“ и деструктивци од нив ниту имало, ниту ќе има, зашто дете од мајка и пари од црковен олтар крадат.

Тоа е кога политиката ја водат обични џамбази и се сфаќа како средство за трговија со моќ, влијание, криминал, корупција, клиентелизам, непотизам… И за ова не е важно дали како основа ќе се земат говорите на Ковачевски, партиските соопштенија или настапите на партиските портпароли. Сите се исти како јајце на јајце и може, евентуално, да доаѓаат со еден ден задоцнување. Зашто, чисто гебелсовски, една лага повторена илјада пати од обичниот човек треба да биде прифатена како вистина.

Од што да почне човек? Како и секогаш, од основата. А, основата за пресметката со опозицијата следува по утврдениот факт дека владејачкото мнозинство го нема потребното мнозинство за уставните промени, со кои т.н. македонски Бугари треба да бидат внесни во Уставот како конститутивен елемент на државата, што, пак, е основен услов за конечно отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ. И кој го презема ова ветување, власта или опозицијата? Власта, и тоа извршната, иако тоа не спаѓа во нејзина надлежност.

Кој велеше дека т.н. македонски Бугари треба да влезат во Уставот, но пред самиот влез на Република Македонија во ЕУ? Власта, односно екс-премиерот ЗЗ, или опозицијата? Повторно власта, а не опозицијата. Што е најтрагично, власта на СДСМ и на ДУИ во преговорите со Бугарија и ЕУ не успеа да се избори ниту за ова прашање, туку дозволи да биде основен чекор за отпочнување на преговорите.

Замислете, Димитар Ковачевски вели дека „Левица ќе го земе Мицкоски како нивен заложник, затоа што Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски“.

Намесникот Ковачевски, кој е гола копија на ЗЗ и без избори седна во премиерската фотелја го обвинува Мицкоски дека бил обичен послушник на неговиот партиски претходник Груевски! Зини земјо, голтни ме!

Леле мајко колку е Ковачевски силен, со вештачки напумпани мускули, невиден бодибилдер, кој само заради абдоменални проблеми морал да ја избегне регрутацијата од редовите на АРМ! Згора на тоа, секој ден се жали како јатрва на селска чешма дека кога го прифаќал бугарско-францускиот предлог чувствувал како некој со нож да му го сече стомакот.

Уф, цела среќа, што тој некој не згрешил за микрон или милимикрон. Инаку, којзнае што можело да се случи, скраја да е. За визијата и ставовите на Таче ич и да не говориме. Тие се јасни како ден и исти на тие на ЗЗ-создавање нови „северномакедонци“, историски инженеринг со кој македонскиот јазик и историја почнуваат од 1944 година, исто како и досегашните Македонци, кои треба да исчезнат од земјината топка како коминтерновска творба и грешка на природата!

Ако не е така, еве нека се обиде самиот да извади било каков личен документ во кој ќе му стои дека е Македонец. Ама нема да успее, зашто најголемиот „идентитетски дострел“, и негов, и на неговиот претходник, како и на слепите партиски послушници се трите коси црти и ништо повеќе од тоа!

И сега со овие три коси црти Таче и компанија го плашат народот дека ако дошла опозицијата на власт „повторно ќе го доведуваат во прашање македонскиот идентитет“! Па, може ли, логично, повторно да се изгуби нешто, што е веќе изгубено? Може само во главите на овие шупелки, што за жал се именуваат како власт.

Ако не е така, ајде Таче на избори, а не целото идентитетско разнебитување на Македонците да го завршите без елементарна проверка на довербата и согласност на граѓаните.

Јасно и гласно кажете им на Македонците дека се согласувате дека постојат од 1944 година, дека нивните претци биле „обикновни“ Бугари, дека се коминтерновска творба, која нема своја територијална, етничка и јазична етногенеза, и поради тоа треба беспоговорно да прифатат дека Република Македонија мора да биде само втора бугарска држава и ништо ни помалку, ни повеќе од тоа. Во најлош случај може само да се подели меѓу Албанија и Бугарија. Ајде Таче собери храброст и крени ја главата, доста ја криеш во својот долен веш!

А, за да можат граѓаните да добијат што поверодостојна слика за вистината, патем можеш и да ги отвориш за јавноста стенограмите од затворената седница на собраниската Комисија за надворешна политика на која се дискутираше за Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

За да видат кој за што се залагал, односно кој предупредувал на штетноста на бугарските барања и асиметричноста во него, а кој се залетал со грло во јагоди, верувајќи во слаткоречивоста на Бојко Борисов, па како најпаметен меѓу македонските политичари ставил потпис на него, а сега цената за се треба се уште да ја плаќаат само и само етничките Македонци и никој друг. Како аморфна маса без елементарно човечко достоинство.

И на крајот за Иван Ванчо Михајлов, статутот и континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ, една типично удбашка (б)анална мантра, што е стара, па и постара и од државата Република Македонија, и од самата партија.

ВМРО-ДПМНЕ на политичката сцена постои повеќе од 30 години и до сега никој не го поставил прашањето за нејзиниот статут, во кој се презема континуитетот на историското ВМРО, што значи дека меѓу плејадата историски револуционерни имиња се наоѓа и името на Иван Ванчо Михајлов, па и на Тодор Александров.

Љупчо Георгиевски, првиот лидер на партијата, неодамна даде свое објаснување дека, парафразирано, Михајлов го прифатиле заради неговата борба против србизацијата на Вардарска Македонија. Тоа е негово објаснување, што очигледно не го задоволува СДСМ, кој се обидува Ванчо Михајлов да го претвори во жежок костен за ВМРО-ДПМНЕ, (не)свесен дека со тоа сече уште една историска гранка на државата.

Очигледно, СДСМ историјата ја сфаќа на два начина. Прво, како драгстор од кој може да се земат само подобните ликови и второ, како таа да може да биде само бела или само црна. Но, притоа го заборава основното правило дека во историјата ниту ангелите се толку бели, ниту ѓаволот е толку црн и секогаш постојат нијанси, што соодветствуваат во даден простор и време.

Само за илустрација, „архивата на Ванчо не смее да заврши во бугарски раце“ е изјава произлезена од уста на член на ВМРО-ДПМНЕ или од устата на некогашниот прв човек на УДБ-а, што ќе рече од редовите на СДСМ, Добри Величковски?

Црните страници на УДБ-а велат дека тие се изречени од Величковски, а не од било кој член на ВМРО-ДПМНЕ. Ако Михајлов важи за најголем фашист и негатор на македонскиот народ, зошто УДБ-а настојувала да дојде до неговата архива? За да сади цвеќиња со неа или да може да продолжи со конструкциите за создавање внатрешни непријатели на државата?!

Архивата на Ванчо, благодарние на Вида Боева, неговата доживотна секретарка, сепак заврши во бугарски раце. И ајде СДСМ нека наведе еден, само еден пример за научно истражување на истата таа архива од страна на македонски историчар, што го финансира било кое министерство, кое има допирни точки со науката. Нема такво нешто, ниту пак ќе има.

А, континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со историското ВМРО е истовремено и континуитет со македонската револуционерна организација и со Илинденското востание. Било какво раскинување на тој континуитет ќе значи и прекинување на континуитетот на Илинденското востание со антифашистичката борба од Втората светска војна, што нели е основата на македонската државност.

Тоа ли го сака СДСМ?! И тоа во време кога историското ВМРО треба да биде тема задничката македонско-бугарска комисија за историски и за прашања за учебниците!

Удбашката конструкција за некаква поврзаност на современата ВМРО-ДПМНЕ со фашизмот на Михајлов е само обична магла зад која треба да се затскријат новите планирани отстапки на владејачкиот СДСМ кон Бугарија. Зашто, илузорно е ВМРО-ДПМНЕ да се обвинува за бугарските клубови „Иван Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“. Виза за нивното отворање даде власта на СДСМ, исто како што власта го потпиша антимакедонскиот Договор за добрососедство, соработка и пријателство.

И од овие факти нема бегање ни од македонскиот народ, ни од судот на историјата. Да биде иронијата поголема, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го отвори предметот за клубот во Битола по интервенција на битолските борци од НОБ, на чиј континуитет се повикува владјачкиот СДСМ!

Притоа, ништо не помага фразата, што во последно време многу често ја користи премиерот Ковачевски дека Република Македонија била Европа во мало. Не, Република Македонија не е Европа во мало, туку европски дел на Отоманската империја, а таква ја направи никој друг, туку власта на СДСМ.

The post Забеганата удбашка (б)аналност на Таче и СДСМ appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски

Последните партиски трибини за подигнување на моралот на владејачкиот СДСМ се претвораат во вистински празници. Што би рекле нашите постари, „со црвено запишани“. Да му ја исполнат, едноствно, душата на човека. За жал, повеќе со глупости, кои во целост ги отсликуваат менталниот склоп и забеганата удбашка (б)аналност на намесникот и на партиската, и на премиерската позиција, Димитар Ковачевски и на целиот СДСМ, кои немаат мрднато ни милиметар напред ни од далечната 1945, ни од култниот „Среќна нова 49“ во режија на Столе Попов. За неверување и чудење е речиси 80 години подоцна една од главните мантри на владејачкиот СДСМ и натаму да е градењето култ на личноста!!! И ни помалку, ни повеќе, туку од екс-премиерот Зоран Заев!!! Во главата се уште ми одзвонува пораката на онаа непозната (б)анална клиентелистичка струмичка несреќа. „Градот што го даде градоначалникот, премиерот, хуманистот, миротворецот…знаете за кого зборувам, еве го овде со нас, оти душа не му дава да биде на друго место. Ама во срцево ги носам иницијалите ЗЗ, оти тоа мое срце чука во ритамот на напредната социјалдемократија…“. Абе, чиниш, човек го слуша македонскиот евергрин на Зоран Милосављевиќ. „Во срцето носам една роза сина, но помина некој, розата ја скина“, пееше на времето тој, иако песната немаше никаква врска ни со партијата, ни со ребрендираната сина во црвена роза. Да градиш култ на личност од ЗЗ мора да шмелцуваш во главата, да го правиш хуманист и миротворец мора да ти биде избиен бушон, во срцето да ги носиш неговите иницијали мора да ти е прегорен моторот! А, да зборуваш за напредна социјалдемократија, кога од неа нема ни „с“ од социјал, ни „д“ од демократија, веќе мора да бараш помош. На истите социјалдемократи, малку поодамна им се случи нешто слично. Можеби се сеќавате, можеби не, но на поранешниот лидер, премиер и претседател на државата Бранко Црвенковски, во Охрид, една исто така клиентелистичка несреќа тргна да му ја бакнува раката, по што му остана прекарот „папата“. Во СДСМ се е исто, само нив ги нема, иако меѓу двајцата постои разлика како меѓу Бог и шеширџија, барем во однос на заштитата на националните интереси. Додека едниот знаеше да ги почитува и штити, другиот ги распродаде како обичен џамбаз. А, од неговиот пат очигледно не скршнува ни Димитар Ковачевски. И по Тито, Тито, и по Заев, Заев! На партиските струмички глупости Таче се смееше и ракоплескаше. Да не знае човек дали да го жали или да му се смее. Кутриот намесник. Ни знае каде се наоѓа, ни што прави, ни што му се случува. Што би рекле неговите кумановци „у бандеру ќе удари“. Лебди изгубен некаде во вселената. Ама проценката на „структурите“ очигледно потврдува дека како таков им е потребен таму каде што е за да ја доврши започнатата домашна задача за бугаризација на Македонците и создавање од Република Македонија втора бугарска држава. И кој за што, курва за чесност, а СДСМ и Таче за македонскиот идентитет, за партискиот континуитет, за Иван Ванчо Михајлов, за послушници и за ЕУ, во чија основа лежат отсуство на елементарна логика, непознавање на сопствената историја, злоупотребата на политичката моќ и ново сеење страв и раздор во македонското национално ткиво. За оние поупатените и кои знаат, веројатно ни прв, ни последен пат. Напротив. Според добро подготвено удбашко сценарио од најмрачното поблиско и подалечно македонско минато, што партиските и медиумски пропагандисти го имаат проучено речиси до совршеност, Таче и СДСМ почнуваат кампања за нова пресметка со опозицијата, што ќе биде и основна матрица за парламентарните избори, кога и да се одржат тие, било предвремени, било редовни. Притоа, компир гледаат, а месо вадат. Ја напаѓаат Левица, иако целта им е најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, а обете ги обвинуваат за „деструктивност“. А, во суштина, поголеми „лажови“ и деструктивци од нив ниту имало, ниту ќе има, зашто дете од мајка и пари од црковен олтар крадат. Тоа е кога политиката ја водат обични џамбази и се сфаќа како средство за трговија со моќ, влијание, криминал, корупција, клиентелизам, непотизам… И за ова не е важно дали како основа ќе се земат говорите на Ковачевски, партиските соопштенија или настапите на партиските портпароли. Сите се исти како јајце на јајце и може, евентуално, да доаѓаат со еден ден задоцнување. Зашто, чисто гебелсовски, една лага повторена илјада пати од обичниот човек треба да биде прифатена како вистина. Од што да почне човек? Како и секогаш, од основата. А, основата за пресметката со опозицијата следува по утврдениот факт дека владејачкото мнозинство го нема потребното мнозинство за уставните промени, со кои т.н. македонски Бугари треба да бидат внесни во Уставот како конститутивен елемент на државата, што, пак, е основен услов за конечно отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ. И кој го презема ова ветување, власта или опозицијата? Власта, и тоа извршната, иако тоа не спаѓа во нејзина надлежност. Кој велеше дека т.н. македонски Бугари треба да влезат во Уставот, но пред самиот влез на Република Македонија во ЕУ? Власта, односно екс-премиерот ЗЗ, или опозицијата? Повторно власта, а не опозицијата. Што е најтрагично, власта на СДСМ и на ДУИ во преговорите со Бугарија и ЕУ не успеа да се избори ниту за ова прашање, туку дозволи да биде основен чекор за отпочнување на преговорите. Замислете, Димитар Ковачевски вели дека „Левица ќе го земе Мицкоски како нивен заложник, затоа што Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски“. Намесникот Ковачевски, кој е гола копија на ЗЗ и без избори седна во премиерската фотелја го обвинува Мицкоски дека бил обичен послушник на неговиот партиски претходник Груевски! Зини земјо, голтни ме! Леле мајко колку е Ковачевски силен, со вештачки напумпани мускули, невиден бодибилдер, кој само заради абдоменални проблеми морал да ја избегне регрутацијата од редовите на АРМ! Згора на тоа, секој ден се жали како јатрва на селска чешма дека кога го прифаќал бугарско-францускиот предлог чувствувал како некој со нож да му го сече стомакот. Уф, цела среќа, што тој некој не згрешил за микрон или милимикрон. Инаку, којзнае што можело да се случи, скраја да е. За визијата и ставовите на Таче ич и да не говориме. Тие се јасни како ден и исти на тие на ЗЗ-создавање нови „северномакедонци“, историски инженеринг со кој македонскиот јазик и историја почнуваат од 1944 година, исто како и досегашните Македонци, кои треба да исчезнат од земјината топка како коминтерновска творба и грешка на природата! Ако не е така, еве нека се обиде самиот да извади било каков личен документ во кој ќе му стои дека е Македонец. Ама нема да успее, зашто најголемиот „идентитетски дострел“, и негов, и на неговиот претходник, како и на слепите партиски послушници се трите коси црти и ништо повеќе од тоа! И сега со овие три коси црти Таче и компанија го плашат народот дека ако дошла опозицијата на власт „повторно ќе го доведуваат во прашање македонскиот идентитет“! Па, може ли, логично, повторно да се изгуби нешто, што е веќе изгубено? Може само во главите на овие шупелки, што за жал се именуваат како власт. Ако не е така, ајде Таче на избори, а не целото идентитетско разнебитување на Македонците да го завршите без елементарна проверка на довербата и согласност на граѓаните. Јасно и гласно кажете им на Македонците дека се согласувате дека постојат од 1944 година, дека нивните претци биле „обикновни“ Бугари, дека се коминтерновска творба, која нема своја територијална, етничка и јазична етногенеза, и поради тоа треба беспоговорно да прифатат дека Република Македонија мора да биде само втора бугарска држава и ништо ни помалку, ни повеќе од тоа. Во најлош случај може само да се подели меѓу Албанија и Бугарија. Ајде Таче собери храброст и крени ја главата, доста ја криеш во својот долен веш! А, за да можат граѓаните да добијат што поверодостојна слика за вистината, патем можеш и да ги отвориш за јавноста стенограмите од затворената седница на собраниската Комисија за надворешна политика на која се дискутираше за Договорот за добрососедство, пријателство и соработка. За да видат кој за што се залагал, односно кој предупредувал на штетноста на бугарските барања и асиметричноста во него, а кој се залетал со грло во јагоди, верувајќи во слаткоречивоста на Бојко Борисов, па како најпаметен меѓу македонските политичари ставил потпис на него, а сега цената за се треба се уште да ја плаќаат само и само етничките Македонци и никој друг. Како аморфна маса без елементарно човечко достоинство. И на крајот за Иван Ванчо Михајлов, статутот и континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ, една типично удбашка (б)анална мантра, што е стара, па и постара и од државата Република Македонија, и од самата партија. ВМРО-ДПМНЕ на политичката сцена постои повеќе од 30 години и до сега никој не го поставил прашањето за нејзиниот статут, во кој се презема континуитетот на историското ВМРО, што значи дека меѓу плејадата историски револуционерни имиња се наоѓа и името на Иван Ванчо Михајлов, па и на Тодор Александров. Љупчо Георгиевски, првиот лидер на партијата, неодамна даде свое објаснување дека, парафразирано, Михајлов го прифатиле заради неговата борба против србизацијата на Вардарска Македонија. Тоа е негово објаснување, што очигледно не го задоволува СДСМ, кој се обидува Ванчо Михајлов да го претвори во жежок костен за ВМРО-ДПМНЕ, (не)свесен дека со тоа сече уште една историска гранка на државата. Очигледно, СДСМ историјата ја сфаќа на два начина. Прво, како драгстор од кој може да се земат само подобните ликови и второ, како таа да може да биде само бела или само црна. Но, притоа го заборава основното правило дека во историјата ниту ангелите се толку бели, ниту ѓаволот е толку црн и секогаш постојат нијанси, што соодветствуваат во даден простор и време. Само за илустрација, „архивата на Ванчо не смее да заврши во бугарски раце“ е изјава произлезена од уста на член на ВМРО-ДПМНЕ или од устата на некогашниот прв човек на УДБ-а, што ќе рече од редовите на СДСМ, Добри Величковски? Црните страници на УДБ-а велат дека тие се изречени од Величковски, а не од било кој член на ВМРО-ДПМНЕ. Ако Михајлов важи за најголем фашист и негатор на македонскиот народ, зошто УДБ-а настојувала да дојде до неговата архива? За да сади цвеќиња со неа или да може да продолжи со конструкциите за создавање внатрешни непријатели на државата?! Архивата на Ванчо, благодарние на Вида Боева, неговата доживотна секретарка, сепак заврши во бугарски раце. И ајде СДСМ нека наведе еден, само еден пример за научно истражување на истата таа архива од страна на македонски историчар, што го финансира било кое министерство, кое има допирни точки со науката. Нема такво нешто, ниту пак ќе има. А, континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со историското ВМРО е истовремено и континуитет со македонската револуционерна организација и со Илинденското востание. Било какво раскинување на тој континуитет ќе значи и прекинување на континуитетот на Илинденското востание со антифашистичката борба од Втората светска војна, што нели е основата на македонската државност. Тоа ли го сака СДСМ?! И тоа во време кога историското ВМРО треба да биде тема задничката македонско-бугарска комисија за историски и за прашања за учебниците! Удбашката конструкција за некаква поврзаност на современата ВМРО-ДПМНЕ со фашизмот на Михајлов е само обична магла зад која треба да се затскријат новите планирани отстапки на владејачкиот СДСМ кон Бугарија. Зашто, илузорно е ВМРО-ДПМНЕ да се обвинува за бугарските клубови „Иван Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“. Виза за нивното отворање даде власта на СДСМ, исто како што власта го потпиша антимакедонскиот Договор за добрососедство, соработка и пријателство. И од овие факти нема бегање ни од македонскиот народ, ни од судот на историјата. Да биде иронијата поголема, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го отвори предметот за клубот во Битола по интервенција на битолските борци од НОБ, на чиј континуитет се повикува владјачкиот СДСМ! Притоа, ништо не помага фразата, што во последно време многу често ја користи премиерот Ковачевски дека Република Македонија била Европа во мало. Не, Република Македонија не е Европа во мало, туку европски дел на Отоманската империја, а таква ја направи никој друг, туку власта на СДСМ.

The post Забеганата удбашка (б)аналност на Таче и СДСМ appeared first on Република.

]]>
А, камо бугарски ордени за нашите државници и мисионери?! https://republika.mk/kolumni/a-kamo-bugarski-ordeni-za-nashite-drzavnici-i-misioneri/ Mon, 17 Oct 2022 07:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=561872

Предраг Димитровски

„Б’лгарио, Б’лгарио, шчаслива си сега, во теб се, во теб се всичките…“.

Е, што сега, очекувате да прочитате една вулгарност, што се римува со песната, па оние Жаре и Петрит и целата булумента бугарски здруженија да ме черечат за говор на омраза!? Ааа, не, тоа нема да им го дозволам. Чисто за да не се изживуваат со мене и редакцијата или да ме/не етикетираат како некаков антиевропски, антибугарски, или државен непријател кому му „нема спас“. Или, скраја да е, во ова време невреме да ме/не прогласат за проруски елемент.

Во „Б’лгариа се всичките блага“.

Да, Бугарија е стара држава со историја, традиција, култура и богата дипломатија, која знае како да им се одолжи на своите пријатели. Па, така, претседателот Румен Радев неодамна одлучи да ја одликува француската амбасадорка во Софија, Флоренс Робин, со орденот Медарски коњаник од прв ред, како награда за нејзините големи заслуги за зајакнување и развој на бугарско-француските односи, но и за нејзиниот придонес во заштитата на бугарската историја. Се разбира, ова последното како составен дел од францускиот предлог, што нашите политички кленови го лапнаа како слатка дудинка.

Ама, тоа не е фер. Зашто, прифаќајќи ги целосно бугарските барања, ордени од Радев заслужуваат и премиерот Димитар Ковачевски, и претседателот Стево Пендаровски, и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кои себе си се сметаат за државници или мисионери. За останатата ситна боранија од пратеници-партиски послушници на партиите од власта, СДСМ и ДУИ, и не мора. Тие можат да уживаат во својата ароганција на лажен елитизам со сина аристократска крв или со давање дијагнози за Демир Хисар на опозициските колеги и нивните избирачи.

Навистина не ги знам имињата на бугарските одликувања, ама сигурно може да се најдат соодветни. На пример, Радев може на Таче да му додели орден за заслуги за придонес во формирањето втора бугарска држава, на Стево орден за придонес за остварување на територијалниот сон за Санстефанска Бугарија, а на Османи орден посебен придонес за конечна победа над македонизмот.

И така среќни и задоволни сите тројца заеднички да му испратат покана на последниот бугарски цар Симеон Саксобурготски и поранешен премиер на Република Бугарија да ја посети Република Македонија.

А, за тоа има и повод и причина. Зашто, неговиот потпис стои зад иницијативите за отворање на два културни клуба на т.н. македонски Бугари во Охрид и во Богданци. Едниот со назив „Цар Борис Трети“, а вториот „Цар Фердинанд“. Првиот негов татко, а другиот дедо.

Нормално, на ова се надоврзува и соодветен пречек. Ист како на татко му Цар Борис Трети обединителот при неговите посети за време на Втората светска војна. Та, нели, сега Симеон Саксобурготски ќе има улога на нов бугарски обединител.

Мојата војска е прогерманска, мојата сопруга е Италијанка, мојот народ е проруски. Јас сум единствениот пробугарин во оваа земја“, е само една од антологиските изјави на Цар Борис Трети од времето кога бил поделена личност и повеќе прикриено, отколку отворено го прифаќал германскиот нацизам и италијански фашизам. Втората негова длабока мисла е „Секогаш со Германија, никогаш против Русија“. И за неа, неговиот син Симон Саксобурготски во интервју за полскиот дневен весник „Жечпосполита“ од март годинава, што го пренесе Факти.бг (22 март 2022 година) ќе рече:„Никој не ја видел напишана, но сите велат дека било така. Има смисла!“.

Навистина има смисла. Зашто, Симеон Саксобурготски во интервјуто прави нејзина реминисценција, па ја прилагодува на новонастанатата политичка ситуација-„Секогаш со Европската Унија, никогаш против Русија“. Која целосно се отсликува во актуелната политика на претседателот Румен Радев, кој во бугарските, па и во странските медиуми го добива епитетот на „мало Путинче“.

Крајно индикативно е што токму во времето кога Симеон Саксобурготски ја извршуваше премиерската функција во Бугарија се случија две значајни работи за Република Македонија. Првата е што тогаш се формира ГЕРБ на Бојко Борисов, кој го создаде „проблемот“ со Македонија и втората, што БАН, политичарите и невладиниот бугарски сектор ја подготвија доктрината за „Бугарската политика кон Република Македонија“.

Премиерот Димитар Ковачевски застана на чело на тимот за спроведување на образовните реформи. Во духот на „добрососедството и пријателството“ со Бугарија може да отиде и чекор понатаму. Па, во недостаток на поранешната пионерска организација кај основците да покрене иницијатива за формирање на нова, веќе позната на овие простори како „Браник“. „Браник“, младинска патриотска организација, била формирана на 29 декември 1940 година и постои до 10 октомври 1944. Нејзина главна парола била „Борис, Б,лгарија, Бог“.

Истата организација суштествувала и во Македонија. Ако се погледнат личните досиеја водени од поранешната УДБ-а, членството во неа било неизбежно евидентирано, па дури било е претекст за припадност на фашистичка организација. А, има сведочења дека оние млади момчиња, кои за време на војната повикувале да не се членува во неа, биле изложувани на малтретирање од страна на бугарските учители. Некои од нив за казна биле принудувани со часови да стојат на коленици врз ситни камчиња!

Имајќи ја предвид интенцијата и злата намера на т.н. македонски Бугари за формирање клубови и здруженија со имиња на наци-фашистички соработници, „добро би им легнал“ и еден со парола „Борис, Б,лгарија, Бог“, нели?!

И додека кај нас се спроведува бугарска политичка реокупација, а власта глуми немоќ, во европските земји се преземаат конкретни чекори за спречување на повампирувањто на наци-фашизмот. Австрија, на пример, планира да направи промени во своето законодавство за да избегне идни спорови, откако на почетокот на годинава нејзин војник, кој облекол нацистичка униформа и отпоздравил со нацистичкиот поздрав, со крената десна рака свртена малку кон десно, бил казнет, но не и отстранет од службата.

Подофицерот (36 години) бил условно казнет на 10 месеци и му била наложена глоба. Австриската влада вчера соопшти дека во иднина секоја слична осуда за изразување симпатии кон нцизмот, треба автоматски да значи и отстранување од државната служба.

-Секоја форма на величење на националсоцијализмот е недозволив напад против нашето демократско општество. Треба да има нулта толерантност, напиша на Твитер австриската министерка за правосудство, Алма Задич.

Така е во една Австрија. А, кај нас? Добро, додуша тука не станува збор за војник, кој носел нацистичка униформа и поздравувал со карактеристичниот нацистички поздрав. Ама, зарем треба да чекаме да дојдеме до тоа?!

The post А, камо бугарски ордени за нашите државници и мисионери?! appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски

„Б’лгарио, Б’лгарио, шчаслива си сега, во теб се, во теб се всичките…“. Е, што сега, очекувате да прочитате една вулгарност, што се римува со песната, па оние Жаре и Петрит и целата булумента бугарски здруженија да ме черечат за говор на омраза!? Ааа, не, тоа нема да им го дозволам. Чисто за да не се изживуваат со мене и редакцијата или да ме/не етикетираат како некаков антиевропски, антибугарски, или државен непријател кому му „нема спас“. Или, скраја да е, во ова време невреме да ме/не прогласат за проруски елемент. Во „Б’лгариа се всичките блага“. Да, Бугарија е стара држава со историја, традиција, култура и богата дипломатија, која знае како да им се одолжи на своите пријатели. Па, така, претседателот Румен Радев неодамна одлучи да ја одликува француската амбасадорка во Софија, Флоренс Робин, со орденот Медарски коњаник од прв ред, како награда за нејзините големи заслуги за зајакнување и развој на бугарско-француските односи, но и за нејзиниот придонес во заштитата на бугарската историја. Се разбира, ова последното како составен дел од францускиот предлог, што нашите политички кленови го лапнаа како слатка дудинка. Ама, тоа не е фер. Зашто, прифаќајќи ги целосно бугарските барања, ордени од Радев заслужуваат и премиерот Димитар Ковачевски, и претседателот Стево Пендаровски, и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кои себе си се сметаат за државници или мисионери. За останатата ситна боранија од пратеници-партиски послушници на партиите од власта, СДСМ и ДУИ, и не мора. Тие можат да уживаат во својата ароганција на лажен елитизам со сина аристократска крв или со давање дијагнози за Демир Хисар на опозициските колеги и нивните избирачи. Навистина не ги знам имињата на бугарските одликувања, ама сигурно може да се најдат соодветни. На пример, Радев може на Таче да му додели орден за заслуги за придонес во формирањето втора бугарска држава, на Стево орден за придонес за остварување на територијалниот сон за Санстефанска Бугарија, а на Османи орден посебен придонес за конечна победа над македонизмот. И така среќни и задоволни сите тројца заеднички да му испратат покана на последниот бугарски цар Симеон Саксобурготски и поранешен премиер на Република Бугарија да ја посети Република Македонија. А, за тоа има и повод и причина. Зашто, неговиот потпис стои зад иницијативите за отворање на два културни клуба на т.н. македонски Бугари во Охрид и во Богданци. Едниот со назив „Цар Борис Трети“, а вториот „Цар Фердинанд“. Првиот негов татко, а другиот дедо. Нормално, на ова се надоврзува и соодветен пречек. Ист како на татко му Цар Борис Трети обединителот при неговите посети за време на Втората светска војна. Та, нели, сега Симеон Саксобурготски ќе има улога на нов бугарски обединител. „Мојата војска е прогерманска, мојата сопруга е Италијанка, мојот народ е проруски. Јас сум единствениот пробугарин во оваа земја“, е само една од антологиските изјави на Цар Борис Трети од времето кога бил поделена личност и повеќе прикриено, отколку отворено го прифаќал германскиот нацизам и италијански фашизам. Втората негова длабока мисла е „Секогаш со Германија, никогаш против Русија“. И за неа, неговиот син Симон Саксобурготски во интервју за полскиот дневен весник „Жечпосполита“ од март годинава, што го пренесе Факти.бг (22 март 2022 година) ќе рече:„Никој не ја видел напишана, но сите велат дека било така. Има смисла!“. Навистина има смисла. Зашто, Симеон Саксобурготски во интервјуто прави нејзина реминисценција, па ја прилагодува на новонастанатата политичка ситуација-„Секогаш со Европската Унија, никогаш против Русија“. Која целосно се отсликува во актуелната политика на претседателот Румен Радев, кој во бугарските, па и во странските медиуми го добива епитетот на „мало Путинче“. Крајно индикативно е што токму во времето кога Симеон Саксобурготски ја извршуваше премиерската функција во Бугарија се случија две значајни работи за Република Македонија. Првата е што тогаш се формира ГЕРБ на Бојко Борисов, кој го создаде „проблемот“ со Македонија и втората, што БАН, политичарите и невладиниот бугарски сектор ја подготвија доктрината за „Бугарската политика кон Република Македонија“. Премиерот Димитар Ковачевски застана на чело на тимот за спроведување на образовните реформи. Во духот на „добрососедството и пријателството“ со Бугарија може да отиде и чекор понатаму. Па, во недостаток на поранешната пионерска организација кај основците да покрене иницијатива за формирање на нова, веќе позната на овие простори како „Браник“. „Браник“, младинска патриотска организација, била формирана на 29 декември 1940 година и постои до 10 октомври 1944. Нејзина главна парола била „Борис, Б,лгарија, Бог“. Истата организација суштествувала и во Македонија. Ако се погледнат личните досиеја водени од поранешната УДБ-а, членството во неа било неизбежно евидентирано, па дури било е претекст за припадност на фашистичка организација. А, има сведочења дека оние млади момчиња, кои за време на војната повикувале да не се членува во неа, биле изложувани на малтретирање од страна на бугарските учители. Некои од нив за казна биле принудувани со часови да стојат на коленици врз ситни камчиња! Имајќи ја предвид интенцијата и злата намера на т.н. македонски Бугари за формирање клубови и здруженија со имиња на наци-фашистички соработници, „добро би им легнал“ и еден со парола „Борис, Б,лгарија, Бог“, нели?! И додека кај нас се спроведува бугарска политичка реокупација, а власта глуми немоќ, во европските земји се преземаат конкретни чекори за спречување на повампирувањто на наци-фашизмот. Австрија, на пример, планира да направи промени во своето законодавство за да избегне идни спорови, откако на почетокот на годинава нејзин војник, кој облекол нацистичка униформа и отпоздравил со нацистичкиот поздрав, со крената десна рака свртена малку кон десно, бил казнет, но не и отстранет од службата. Подофицерот (36 години) бил условно казнет на 10 месеци и му била наложена глоба. Австриската влада вчера соопшти дека во иднина секоја слична осуда за изразување симпатии кон нцизмот, треба автоматски да значи и отстранување од државната служба. -Секоја форма на величење на националсоцијализмот е недозволив напад против нашето демократско општество. Треба да има нулта толерантност, напиша на Твитер австриската министерка за правосудство, Алма Задич. Така е во една Австрија. А, кај нас? Добро, додуша тука не станува збор за војник, кој носел нацистичка униформа и поздравувал со карактеристичниот нацистички поздрав. Ама, зарем треба да чекаме да дојдеме до тоа?!

The post А, камо бугарски ордени за нашите државници и мисионери?! appeared first on Република.

]]>
Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче https://republika.mk/kolumni/vo-makedonija-zenite-se-mazi-vesna-bendevska-so-tri-rala-pogolemi-m-od-tache-stevo-i-bujar-na-kupche/ Sat, 15 Oct 2022 17:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=561539

Предраг Димитровски

Комисијата за спречувње и заштита од дискриминација е првата и засега единствена институција во Република Македонија која директно одговори на антимакедонските провокации од страна на т.н. македонски Бугари со отворањето клубови и здруженија, чии имиња предизвикуваат револт и незадоволство меѓу македонските граѓани. Со одлуката и насоките, што ги одреди за културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Комисијата покажа дека постои начин соодветно да се одговори на политичката распродажба на се што е македонско од страна на власта на СДСМ, да се спречи дискриминацијата на Македонците и Евреите и да се одбрани нивното основно човечко достоинство.

Дефинитивно, во Македонија жените се мажи, а мажите се во здолништа. Поранешната шефица, а сега само член на Комисијата, Весна Бендевска, која го работеше предметот, покажа и докажа дека има три рала поголеми м….. од премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски и шефот на дипломатијата Бујар Османи на купче заедно!

Зашто, нивната сервилност, послушност, молчење и затворање очи пред тоа што, очигледно, било политички договорено пред неколку години со бугарската страна, ја замени со професионалност, дигнитет, храброст и достоинствено извршување на работните задачи и обврски. Но, пред се, со почитување на законските и уставните регулативи и првенствено на праксата на Европскиот суд за човекови права, што, пак, од друга страна целосно ги фрла во вода досегашните тврдења на власта дека се неопходни законски измени за да се спречи употребата на историски спорни, најблаго речено контроверзни имиња, имиња зад кои стои повампирувањето на бугарскиот наци-фашизам како политичка идеологија.

И првите медиумски реакции од страна на т.н. македонски Бугари само потврдуваат дека целта на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола ни најмалку не било добрососедството или заштитата на човековите права и слободи. Напротив, нападите врз Бендевска и одлуката на Комисијата директно говорат дека целта е елиминирање на антибугарскиот македонизам и отворање широки врати за бугаризација на општеството.

Ова од една страна, а од друга, прикажувањето на антикомунизмот во Македонија единствено како бугарско дело! Зашто, ако комунизмот бил во основа антибугарски, тогаш декомунизацијата на општеството мора да биде пробугарски! Според бугарската политичка мисла, ни комунизмот, ни антикомунизмот не биле и не можат да бидат чисто македонски! Зашто, нели, во царска Бугарија немало фашизам, како антипод на комунистичкиот тоталитарен систем, па судирот меѓу фашистите и комунистите за време на Втората светска војна, практично бил чисто идеолошки, а не меѓунационален судир.

Во вакви околности, одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација отвора и друга дилема, што се сведува на натамошниот меѓуинституционален однос во државата. Владата формира ад хок тело кое во иднина ќе треба да дава согласност за имињата, што т.н. македонски Бугари или било кој друг ќе сака да ги одбере за своите здрушенија или фондации. Член на тоа тело е и неизбжниот, „органски“ историчар, академикот и директор на Институтот за национална историја и копретседател на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и прашања за учебниците, Драги Ѓоргиев.

Истиот тој Драги Ѓоргиев, како добар „партиски измеќар“ во два наврати досега, бранејќи ги глупостите и ветувањата на неговиот патрон, екс-премиерот Зоран Заев, изјави, парафразирано, дека Бугарите за време на Втората светска војна биле окупатори, но не и фашисти. И сега, како тој Ѓоргиев ќе носи одлуки, на пример, и за Иван Ванчо Михајлов, и за Царот Борис Трети, и за Царот Фердинанд?! Или, како ќе ја применува одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација!? Како ќе одлучува за заедничко чествување на некоја од овие личности или за менување на учебниците!? Па, чудо од историчар да е, а не е, нему не му е местото таму.

The post Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски

Комисијата за спречувње и заштита од дискриминација е првата и засега единствена институција во Република Македонија која директно одговори на антимакедонските провокации од страна на т.н. македонски Бугари со отворањето клубови и здруженија, чии имиња предизвикуваат револт и незадоволство меѓу македонските граѓани. Со одлуката и насоките, што ги одреди за културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Комисијата покажа дека постои начин соодветно да се одговори на политичката распродажба на се што е македонско од страна на власта на СДСМ, да се спречи дискриминацијата на Македонците и Евреите и да се одбрани нивното основно човечко достоинство. Дефинитивно, во Македонија жените се мажи, а мажите се во здолништа. Поранешната шефица, а сега само член на Комисијата, Весна Бендевска, која го работеше предметот, покажа и докажа дека има три рала поголеми м….. од премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски и шефот на дипломатијата Бујар Османи на купче заедно! Зашто, нивната сервилност, послушност, молчење и затворање очи пред тоа што, очигледно, било политички договорено пред неколку години со бугарската страна, ја замени со професионалност, дигнитет, храброст и достоинствено извршување на работните задачи и обврски. Но, пред се, со почитување на законските и уставните регулативи и првенствено на праксата на Европскиот суд за човекови права, што, пак, од друга страна целосно ги фрла во вода досегашните тврдења на власта дека се неопходни законски измени за да се спречи употребата на историски спорни, најблаго речено контроверзни имиња, имиња зад кои стои повампирувањето на бугарскиот наци-фашизам како политичка идеологија. И првите медиумски реакции од страна на т.н. македонски Бугари само потврдуваат дека целта на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола ни најмалку не било добрососедството или заштитата на човековите права и слободи. Напротив, нападите врз Бендевска и одлуката на Комисијата директно говорат дека целта е елиминирање на антибугарскиот македонизам и отворање широки врати за бугаризација на општеството. Ова од една страна, а од друга, прикажувањето на антикомунизмот во Македонија единствено како бугарско дело! Зашто, ако комунизмот бил во основа антибугарски, тогаш декомунизацијата на општеството мора да биде пробугарски! Според бугарската политичка мисла, ни комунизмот, ни антикомунизмот не биле и не можат да бидат чисто македонски! Зашто, нели, во царска Бугарија немало фашизам, како антипод на комунистичкиот тоталитарен систем, па судирот меѓу фашистите и комунистите за време на Втората светска војна, практично бил чисто идеолошки, а не меѓунационален судир. Во вакви околности, одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација отвора и друга дилема, што се сведува на натамошниот меѓуинституционален однос во државата. Владата формира ад хок тело кое во иднина ќе треба да дава согласност за имињата, што т.н. македонски Бугари или било кој друг ќе сака да ги одбере за своите здрушенија или фондации. Член на тоа тело е и неизбжниот, „органски“ историчар, академикот и директор на Институтот за национална историја и копретседател на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и прашања за учебниците, Драги Ѓоргиев. Истиот тој Драги Ѓоргиев, како добар „партиски измеќар“ во два наврати досега, бранејќи ги глупостите и ветувањата на неговиот патрон, екс-премиерот Зоран Заев, изјави, парафразирано, дека Бугарите за време на Втората светска војна биле окупатори, но не и фашисти. И сега, како тој Ѓоргиев ќе носи одлуки, на пример, и за Иван Ванчо Михајлов, и за Царот Борис Трети, и за Царот Фердинанд?! Или, како ќе ја применува одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација!? Како ќе одлучува за заедничко чествување на некоја од овие личности или за менување на учебниците!? Па, чудо од историчар да е, а не е, нему не му е местото таму.

The post Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче appeared first on Република.

]]>
Додека има „ќурани“ ќе има и подварок https://republika.mk/kolumni/dodeka-ima-kjurani-kje-ima-i-podvarok/ Tue, 13 Sep 2022 12:12:23 +0000 https://republika.mk/?p=550402

Не го уривај тоа што го имаш мечтаејќи за тоа што го немаш, туку сети се дека тоа што го имаш денес е нешто за кое што до вчера си имал само надеж дека ќе го имаш.

Овие зборови на грчкиот филозоф Епикур од почетокот на 4 век пред нашата ера до ден денес не изгубиле ништо од својата актуелност и секој може да ги користи во секоја пригода во зависност од темата и аголот од кој се гледа на нештата. Во актуелниот дневно-политички миг, пак, се налагаат од аспект на новата цена, што ќе треба да ја плати Република Македонија за официјален почеток на преговорите за членство во Европската унија, покрај онаа што ја плати за членството во НАТО. А, таа е директно поврзана со идентитетот на етничките Македонци, со нивниот јазик, култура, историја, традиција, со нивното постоење.

Република Македонија е веројатно една од ретките, ако не и единствена држава во светот во која од архивите на најважните државни институции на чудесен начин исчезнуваат документи значајни за нејзината државност!!!

Кога се отвораше Музејот на македонската револуционерна борба излезе дека во претседателската и во собраниската архива недостасуваше Декларацијата за независност на државата. Долгогодишниот пратеник и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, во неколку интервјуа за различни медиуми обелоденува дека никој не знае и не може да го најде договорот меѓу првиот претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров, и генералот Аџиќ за мирното повлекување на некогашната ЈНА од македонска територија. Најнов документ, што излезе дека недостасува, е тој поврзан со петте личности, што Македонија и Бугарија ќе треба заеднички да ги чествуваат, согласно Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, кој е составен дел од Првиот меѓувладин протокол.

За тоа што се недостасува од предадените лични досиеја на поранешните тајни служби во Државниот архив нема ни да спомнам, иако и оваа тема е актуелна, во согласност со „францускиот предлог“.

Исчезнувањето на документот од првиот меѓувладин Протокол потпишан со Бугарија не е бесзначајно. Тука најмал проблем е што тој послужи за меѓусебна пресметка меѓу актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, и екс-вицепремиерот за евро-интеграции и исто така екс-министер за надворешни работи, Никола Димитров. Проблемот е во тоа што тој отвора редица прашања, а меѓу нив и суштинското, на кое ни самото надлежно Министерство за надворешни работи не може или не сака да даде одговор!!!

Министерството што го раководи Бујар Османи не може или не сака да даде одговор дали македонските и бугарските водечки политичари заеднички ќе го чествуваат 24 Мај како Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо или како ден на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј! Зашто, според содржината на Протоколот, претседателот на Собранието, Талат Џафери, уште во 2019 година, 24 Мај го чествувал токму како Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо и на тоа никој, апсолутно никој, ни од МНР, ни од Владата, ниту, пак, шефот на државата Стево Пендаровски реагирал соодветно. Напротив, прифатено е како нешто сосема нормално! Што значи дека во иднина заедничкото чествување на 24 Мај ќе биде или според бугарски терк или ќе зависи од тоа дали Република Македонија ќе ја претставува политичар од македонскиот или од албанскиот политички корпус!?

Само во ненормална држава, ненормалните работи можат да се продаваат како нормални! Никаде на друго место.

А, на ненормалните работи како да им нема крај. Уште со објавувањето на Протоколот и на препораките на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања стана јасно дека власта на СДСМ и ДУИ и македонските историчари прифаќаат работи со кои се враќаат назад во историјата и се однесуваат и изедначуваат со султанот Абдул Хамид Втори! Токму зад името на Абдул Хамид Втори стои поимот „Забранетото име“  за Македонија и обидот за менување на Библијата!

Ај што бугарските историчари им се изнасмеаја в лице на македонските околу нивните забелешки, туку нашиве во препораките за учебниците како велелепен дострел го сметаа третиот став во кој се вели:„Сугестиите за институционален континуитет меѓу мисијата на апостол Павле и средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна Република Македонија се неосновани“.

Во учебниците нашите учебникари можат да стават, што ќе им препорачаат нашите избрани историчари, ама не можат да ја сменат Библијата! Или и тоа можат? Во името на Бугарија и на Бугарите! Па, ќе излезе дека апостол Павле за да го шири христијанството не дошол во Македонија, туку во Бугарија!?

„Забранетото име“ е наслов на трудот на проф.д-р Ванчо Ѓоргиев, кој го напушти членството во Комисијата поради политички притисоци и не придржување кон протоколот за нејзината работа, што е подготвен по повод 70-годишнината од основањето на Институтот за национална историја. И во него меѓу другото е наведено:

„…На 16 јуни 1903 година, американскиот весник „The  Sun“ објавува текст со наслов „Турчинот како критичар на библијата“ со поднаслов „Зборот Македонија после многу години го предизвика цензорот. Тој сака името на територијата да биде заменето со независно име“. Притоа весникот цитира дел од писмото на свештеникот Марселус Боувен (главен агент на Американското библиско друштво во Истанбул) каде се вели:„Имаме сериозни тешкотии во Турција со Одделението за јавно образование. Цензорите се побунија за зборот Македонија во Новиот завет…Во однос на античкиот географски термин Македонија, кој се појавува во првото послание на Павле до Солуњаните, Турците сега инсистирааат овој збор да биде заменет со модерниот термин „Вилаетите Слоника и Монастир“. Според написот, агентот на библиското друштво во Истанбул не добил образложение за таквата постапка на цензорите, но друштвото во САД претпоставува дека одлуката била последица на сложената ситуација на Балканот поради македонското прашање. Покрај тоа, весникот истакнува дека американскиот и англискиот претставник во Истанбул биле замолени да му објаснат на големиот везир дека безбедноста на Турција не зависи од ревизијата на посланијата на Павле…“.

Абдул Хамид Втори реагирал во одбрана на Османлиската империја, а нашата власт на СДСМ и ДУИ и шефот на државата Пендаровски не реагираат за да ја одбранат Република Македонија и Македонците во неа, туку прават се за да не им се спомене ниту името! Се разбира со помош на избраните историчари на чело со „органскиот“ академик Драги Ѓоргиев. На добар пат се да ја сменат и Библијата.

Има една српска поговорка која на македонски би била-Додека има „ќурани“, ќе има и подварок.

The post Додека има „ќурани“ ќе има и подварок appeared first on Република.

]]>

Не го уривај тоа што го имаш мечтаејќи за тоа што го немаш, туку сети се дека тоа што го имаш денес е нешто за кое што до вчера си имал само надеж дека ќе го имаш. Овие зборови на грчкиот филозоф Епикур од почетокот на 4 век пред нашата ера до ден денес не изгубиле ништо од својата актуелност и секој може да ги користи во секоја пригода во зависност од темата и аголот од кој се гледа на нештата. Во актуелниот дневно-политички миг, пак, се налагаат од аспект на новата цена, што ќе треба да ја плати Република Македонија за официјален почеток на преговорите за членство во Европската унија, покрај онаа што ја плати за членството во НАТО. А, таа е директно поврзана со идентитетот на етничките Македонци, со нивниот јазик, култура, историја, традиција, со нивното постоење. Република Македонија е веројатно една од ретките, ако не и единствена држава во светот во која од архивите на најважните државни институции на чудесен начин исчезнуваат документи значајни за нејзината државност!!! Кога се отвораше Музејот на македонската револуционерна борба излезе дека во претседателската и во собраниската архива недостасуваше Декларацијата за независност на државата. Долгогодишниот пратеник и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, во неколку интервјуа за различни медиуми обелоденува дека никој не знае и не може да го најде договорот меѓу првиот претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров, и генералот Аџиќ за мирното повлекување на некогашната ЈНА од македонска територија. Најнов документ, што излезе дека недостасува, е тој поврзан со петте личности, што Македонија и Бугарија ќе треба заеднички да ги чествуваат, согласно Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, кој е составен дел од Првиот меѓувладин протокол. За тоа што се недостасува од предадените лични досиеја на поранешните тајни служби во Државниот архив нема ни да спомнам, иако и оваа тема е актуелна, во согласност со „францускиот предлог“. Исчезнувањето на документот од првиот меѓувладин Протокол потпишан со Бугарија не е бесзначајно. Тука најмал проблем е што тој послужи за меѓусебна пресметка меѓу актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, и екс-вицепремиерот за евро-интеграции и исто така екс-министер за надворешни работи, Никола Димитров. Проблемот е во тоа што тој отвора редица прашања, а меѓу нив и суштинското, на кое ни самото надлежно Министерство за надворешни работи не може или не сака да даде одговор!!! Министерството што го раководи Бујар Османи не може или не сака да даде одговор дали македонските и бугарските водечки политичари заеднички ќе го чествуваат 24 Мај како Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо или како ден на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј! Зашто, според содржината на Протоколот, претседателот на Собранието, Талат Џафери, уште во 2019 година, 24 Мај го чествувал токму како Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо и на тоа никој, апсолутно никој, ни од МНР, ни од Владата, ниту, пак, шефот на државата Стево Пендаровски реагирал соодветно. Напротив, прифатено е како нешто сосема нормално! Што значи дека во иднина заедничкото чествување на 24 Мај ќе биде или според бугарски терк или ќе зависи од тоа дали Република Македонија ќе ја претставува политичар од македонскиот или од албанскиот политички корпус!? Само во ненормална држава, ненормалните работи можат да се продаваат како нормални! Никаде на друго место. А, на ненормалните работи како да им нема крај. Уште со објавувањето на Протоколот и на препораките на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања стана јасно дека власта на СДСМ и ДУИ и македонските историчари прифаќаат работи со кои се враќаат назад во историјата и се однесуваат и изедначуваат со султанот Абдул Хамид Втори! Токму зад името на Абдул Хамид Втори стои поимот „Забранетото име“  за Македонија и обидот за менување на Библијата! Ај што бугарските историчари им се изнасмеаја в лице на македонските околу нивните забелешки, туку нашиве во препораките за учебниците како велелепен дострел го сметаа третиот став во кој се вели:„Сугестиите за институционален континуитет меѓу мисијата на апостол Павле и средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна Република Македонија се неосновани“. Во учебниците нашите учебникари можат да стават, што ќе им препорачаат нашите избрани историчари, ама не можат да ја сменат Библијата! Или и тоа можат? Во името на Бугарија и на Бугарите! Па, ќе излезе дека апостол Павле за да го шири христијанството не дошол во Македонија, туку во Бугарија!? „Забранетото име“ е наслов на трудот на проф.д-р Ванчо Ѓоргиев, кој го напушти членството во Комисијата поради политички притисоци и не придржување кон протоколот за нејзината работа, што е подготвен по повод 70-годишнината од основањето на Институтот за национална историја. И во него меѓу другото е наведено: „…На 16 јуни 1903 година, американскиот весник „The  Sun“ објавува текст со наслов „Турчинот како критичар на библијата“ со поднаслов „Зборот Македонија после многу години го предизвика цензорот. Тој сака името на територијата да биде заменето со независно име“. Притоа весникот цитира дел од писмото на свештеникот Марселус Боувен (главен агент на Американското библиско друштво во Истанбул) каде се вели:„Имаме сериозни тешкотии во Турција со Одделението за јавно образование. Цензорите се побунија за зборот Македонија во Новиот завет…Во однос на античкиот географски термин Македонија, кој се појавува во првото послание на Павле до Солуњаните, Турците сега инсистирааат овој збор да биде заменет со модерниот термин „Вилаетите Слоника и Монастир“. Според написот, агентот на библиското друштво во Истанбул не добил образложение за таквата постапка на цензорите, но друштвото во САД претпоставува дека одлуката била последица на сложената ситуација на Балканот поради македонското прашање. Покрај тоа, весникот истакнува дека американскиот и англискиот претставник во Истанбул биле замолени да му објаснат на големиот везир дека безбедноста на Турција не зависи од ревизијата на посланијата на Павле…“. Абдул Хамид Втори реагирал во одбрана на Османлиската империја, а нашата власт на СДСМ и ДУИ и шефот на државата Пендаровски не реагираат за да ја одбранат Република Македонија и Македонците во неа, туку прават се за да не им се спомене ниту името! Се разбира со помош на избраните историчари на чело со „органскиот“ академик Драги Ѓоргиев. На добар пат се да ја сменат и Библијата. Има една српска поговорка која на македонски би била-Додека има „ќурани“, ќе има и подварок.

The post Додека има „ќурани“ ќе има и подварок appeared first on Република.

]]>
Дали за Пендаровски бугарските власти биле фашистички или профашистички окупатор? https://republika.mk/kolumni/dali-za-pendarovski-bugarskite-vlasti-bile-fashistichki-ili-profashistichki-okupator/ Wed, 03 Aug 2022 12:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=536434

Предраг Димитровски

Во своето последно телевизиско интервју пред 2 Август, Денот на Републиката, претседателот Стево Пендаровски, меѓу другото, испрати две пораки. Првата, дека и годинава Илинден ќе се празнува како и секогаш порано и втората, дека пред секоја своја одлука, парафразирано, го слуша гласот на народот.

Веројатно слушајќи го гласот на народот, шефот на државата и годинава одлучи да не се соочи директно со него, па илинденските пораки ни ги испрати од Вилата „Водно“. Колку неговата резиденција може да го замени споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје, од каде годинава, според ротациониот распоред, требаше да говори, е една работа. Но, сосема друга е потсетувањето дека падот на Љупчо Георгиевски, како премиер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на деведесетите и почетокот на новиот милениум, фактички почна со неговото обраќање, дали токму за Илинден или за 11 Октомври, што не е ни толку важно, од скопското Кале. Тогашната слика за политичката елита или аристократија горе, а обичниот народ, односно плебсот долу, остана во длабоко сеќавање.

Пендаровски ќе беше во право и дека и годинава Илинден ќе се чествува како и порано, ако вчера не дојдеше до целосен израз интраетничката подлба на Македонците, ако не беа силните полициски сили на Оливер и параполициските гавази на Спасовски и на владејачките СДСМ и ДУИ, ако му се дозволеше на обичниот народ да биде на Мечкин камен, ако не беа пропагандистичките пропусти од телевизискиот пренос, ако уште еднаш не се потврдеше дека секкоја идеја почнува како револуција, преминува во рекет и завршува како диктатура, и ако кај огромното мнозинство Македонци не беше присутно чувството дека македонскиот Илинден ги брои последните мигови во исчекување на додавање на бугарската додавка од “заедничката историја“ како Илинденско-Преображенско востание.

Иако вчерашниот настап на шефот на државата може да се протолкува и како „Застава филм Пендаровски прикажува“ или како „Пендаровскитурс“, сепак неизбежен е впечатокот дека на годинешната негова улога претходеле сериозни подготовки и длабоки анализи низ кои, за жал, може да се почувствува и „мирисот“ на безбедносните структури. Зашто, во настапот на шефот на државата беше повеќе од очигледен обидот за ревизија на поновата македонска историја во кој, на извесен начин, се расчистува со ортодоксниот комунизам на Лазар Колишевски и во центарот на вниманието се става либералното крило на КПМ/СКМ. Ова од една страна, а од друга, пак, се воспоставува нов политички „новоговор“ во кој бугарскиот фашистички окупатор се промовира во профашистичка власт на царска Бугарија.

А, како основа за се служат признанијата за Крсте Црвенковски и Невена Николова Георгиева-Дуња. Внимателното следење, пак, видео-материјалот укажува на извесни недоследности, колизии во улогите што ги имале личностите како Лазар Колишевски и Киро Глигоров, па и различната терминологија во претседателскиот политички „новоговор“.

Останува прашањето зошто Пендаровски не најде за сходно постхумно да одликува и некој од Илинденците, а изборот можеше да го направи отворајќи ја едицијата за носителите на илинденски пензии?! И тие имаат живи наследници, кои можеа да ги примат признанијата.

За да нема никакви дилеми, ордените за Крсте Црвенковски и Невена Николова Георгиева-Дуња се повеќе од заслужени и никој, ама апсолутно никој не може и не смее да ги спори.

Наспроти сите партиски и државни функции, што ќе ги извршува до средината на 70-тите години на сега веќе минатиот век, Крсте Црвенковски ќе биде жртва на пресметката на Јосип Броз Тито и неговите најблиски соработници со новите, либерални ветришта, што ќе се појават во сите поранешни југословенски републики, па и во Македонија. Но, либералите ќе бидат етикетирани како националисти! Значи, се користела истата терминологија, што сега во апсолутно негативен контекст им се прилепува и на неистомислениците на актуелната власт!

Во Македонија, носител на борбата против македонските либерали, односно националисти ќе биде вечниот македонски комунистички лидер Лазар Колишевски. А, десна рака, пак, при неговото „враќање“ ќе биде Киро Глигоров, првиот претседател на независна, самостојна и суверена Република Македонија, кој како иронија на судбината и ќе го рехабилитира Црвенковски.

Македонските либерали ќе бидат следени од репресивниот апарат во оперативна акција насловена како „Плави 9“, а кодното име на Црвенковски е „Врховни“. И сигурно не случајно сите тие на Википедија веќе се водат како македонски дисиденти.

Ова е само уште една потврда дека и поблиската македонска историја, исто како и подалечната, изобилува со низа контроверзи, што мораат да бидат внимателно читани и проучувани, без двојни стандарди и аршини.

Приказната со Невена Николова Георгиева-Дуња има сосема друга, би се рекло двојна димензија, едната исто така за расчистување со Колишевизмот, а другата за односите со Бугарија. Крајно дискутабилно е дека кон Дуња бил направен случаен „пропуст“, со тоа што не била прогласена за народен херој. Таа припаѓала на Скопскиот партизански одред, формиран на 22 август 1941 година, кој поради присуството на Методија Шаторов-Шарло во него ќе биде под ембарго се до почетокот на 70-тите години.

Причината за тоа лежела во негативниот однос на маршалот Тито и неговиот главен експонент во Македонија, Колишевски, наводно поради пробугарскиот однос на Шаторов. Активностите и диверзантските акции на одредот ќе бидат во сенка и речиси чисто табу тема се до реакциите на Ќамуран Тахир и Вера Ацева.

Грозоморното убиство на Дуња од страна на, како што рече Пендаровски, „фашистичкиот окупатор и нивните контрачети“, притоа не наведувајќи кој „фашистички окупатор“, му послужи на шефот на државата да испрати силна порака до Софија. Но, притоа ќе се послужи со мала разлика од само три букви! Тоа „фашистичка“ ќе премине во „профашистичка власт на царска Бугарија“. И тие само три букви, всушност, прават длабока разлика, наспроти првичните негативни реакции во Бугарија.

The post Дали за Пендаровски бугарските власти биле фашистички или профашистички окупатор? appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски

Во своето последно телевизиско интервју пред 2 Август, Денот на Републиката, претседателот Стево Пендаровски, меѓу другото, испрати две пораки. Првата, дека и годинава Илинден ќе се празнува како и секогаш порано и втората, дека пред секоја своја одлука, парафразирано, го слуша гласот на народот. Веројатно слушајќи го гласот на народот, шефот на државата и годинава одлучи да не се соочи директно со него, па илинденските пораки ни ги испрати од Вилата „Водно“. Колку неговата резиденција може да го замени споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје, од каде годинава, според ротациониот распоред, требаше да говори, е една работа. Но, сосема друга е потсетувањето дека падот на Љупчо Георгиевски, како премиер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на деведесетите и почетокот на новиот милениум, фактички почна со неговото обраќање, дали токму за Илинден или за 11 Октомври, што не е ни толку важно, од скопското Кале. Тогашната слика за политичката елита или аристократија горе, а обичниот народ, односно плебсот долу, остана во длабоко сеќавање. Пендаровски ќе беше во право и дека и годинава Илинден ќе се чествува како и порано, ако вчера не дојдеше до целосен израз интраетничката подлба на Македонците, ако не беа силните полициски сили на Оливер и параполициските гавази на Спасовски и на владејачките СДСМ и ДУИ, ако му се дозволеше на обичниот народ да биде на Мечкин камен, ако не беа пропагандистичките пропусти од телевизискиот пренос, ако уште еднаш не се потврдеше дека секкоја идеја почнува како револуција, преминува во рекет и завршува како диктатура, и ако кај огромното мнозинство Македонци не беше присутно чувството дека македонскиот Илинден ги брои последните мигови во исчекување на додавање на бугарската додавка од “заедничката историја“ како Илинденско-Преображенско востание. Иако вчерашниот настап на шефот на државата може да се протолкува и како „Застава филм Пендаровски прикажува“ или како „Пендаровскитурс“, сепак неизбежен е впечатокот дека на годинешната негова улога претходеле сериозни подготовки и длабоки анализи низ кои, за жал, може да се почувствува и „мирисот“ на безбедносните структури. Зашто, во настапот на шефот на државата беше повеќе од очигледен обидот за ревизија на поновата македонска историја во кој, на извесен начин, се расчистува со ортодоксниот комунизам на Лазар Колишевски и во центарот на вниманието се става либералното крило на КПМ/СКМ. Ова од една страна, а од друга, пак, се воспоставува нов политички „новоговор“ во кој бугарскиот фашистички окупатор се промовира во профашистичка власт на царска Бугарија. А, како основа за се служат признанијата за Крсте Црвенковски и Невена Николова Георгиева-Дуња. Внимателното следење, пак, видео-материјалот укажува на извесни недоследности, колизии во улогите што ги имале личностите како Лазар Колишевски и Киро Глигоров, па и различната терминологија во претседателскиот политички „новоговор“. Останува прашањето зошто Пендаровски не најде за сходно постхумно да одликува и некој од Илинденците, а изборот можеше да го направи отворајќи ја едицијата за носителите на илинденски пензии?! И тие имаат живи наследници, кои можеа да ги примат признанијата. За да нема никакви дилеми, ордените за Крсте Црвенковски и Невена Николова Георгиева-Дуња се повеќе од заслужени и никој, ама апсолутно никој не може и не смее да ги спори. Наспроти сите партиски и државни функции, што ќе ги извршува до средината на 70-тите години на сега веќе минатиот век, Крсте Црвенковски ќе биде жртва на пресметката на Јосип Броз Тито и неговите најблиски соработници со новите, либерални ветришта, што ќе се појават во сите поранешни југословенски републики, па и во Македонија. Но, либералите ќе бидат етикетирани како националисти! Значи, се користела истата терминологија, што сега во апсолутно негативен контекст им се прилепува и на неистомислениците на актуелната власт! Во Македонија, носител на борбата против македонските либерали, односно националисти ќе биде вечниот македонски комунистички лидер Лазар Колишевски. А, десна рака, пак, при неговото „враќање“ ќе биде Киро Глигоров, првиот претседател на независна, самостојна и суверена Република Македонија, кој како иронија на судбината и ќе го рехабилитира Црвенковски. Македонските либерали ќе бидат следени од репресивниот апарат во оперативна акција насловена како „Плави 9“, а кодното име на Црвенковски е „Врховни“. И сигурно не случајно сите тие на Википедија веќе се водат како македонски дисиденти. Ова е само уште една потврда дека и поблиската македонска историја, исто како и подалечната, изобилува со низа контроверзи, што мораат да бидат внимателно читани и проучувани, без двојни стандарди и аршини. Приказната со Невена Николова Георгиева-Дуња има сосема друга, би се рекло двојна димензија, едната исто така за расчистување со Колишевизмот, а другата за односите со Бугарија. Крајно дискутабилно е дека кон Дуња бил направен случаен „пропуст“, со тоа што не била прогласена за народен херој. Таа припаѓала на Скопскиот партизански одред, формиран на 22 август 1941 година, кој поради присуството на Методија Шаторов-Шарло во него ќе биде под ембарго се до почетокот на 70-тите години. Причината за тоа лежела во негативниот однос на маршалот Тито и неговиот главен експонент во Македонија, Колишевски, наводно поради пробугарскиот однос на Шаторов. Активностите и диверзантските акции на одредот ќе бидат во сенка и речиси чисто табу тема се до реакциите на Ќамуран Тахир и Вера Ацева. Грозоморното убиство на Дуња од страна на, како што рече Пендаровски, „фашистичкиот окупатор и нивните контрачети“, притоа не наведувајќи кој „фашистички окупатор“, му послужи на шефот на државата да испрати силна порака до Софија. Но, притоа ќе се послужи со мала разлика од само три букви! Тоа „фашистичка“ ќе премине во „профашистичка власт на царска Бугарија“. И тие само три букви, всушност, прават длабока разлика, наспроти првичните негативни реакции во Бугарија.

The post Дали за Пендаровски бугарските власти биле фашистички или профашистички окупатор? appeared first on Република.

]]>