православен празник Archives - Република https://republika.mk/tema/pravoslaven-praznik/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 08:34:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png православен празник Archives - Република https://republika.mk/tema/pravoslaven-praznik/ 32 32 Ноќта спроти Митровден се седи дома, денот ќе покаже каква зима нè чека https://republika.mk/zivot/servisi/nokta-sproti-mitrovden-se-sedi-doma-denot-ke-pokazhe-kakva-zima-ne-cheka/ Thu, 07 Nov 2024 18:12:31 +0000 https://republika.mk/?p=834414

Митровден е празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј, кој секоја година се празнува на 8 ноември.

Празникот се слави на целиот Балкански полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време (зимата). Така, на Митровден се најмувале полјаци, протуѓери, кметови итн., кои служеле до Ѓурѓовден.

Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата.

Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

Митровден е еден од празниците со кој се поврзуваат голем број народни обичаи. Еден од нив е претскажувањето според времето – ако тој ден има дожд и мраз, нè очекува долга и студена зима со многу снег!

Исто така, постои и верување дека на овој празник, исто како и на Божиќ, би требало да бидете дома, освен ако не сте поканети на слава.

Оттука старото верување дека ако ноќта на Митровден ја поминете надвор од дома, цела година ќе спиете надвор од домот и ќе се „влечете“ по туѓи куќи.

The post Ноќта спроти Митровден се седи дома, денот ќе покаже каква зима нè чека appeared first on Република.

]]>

Митровден е празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј, кој секоја година се празнува на 8 ноември. Празникот се слави на целиот Балкански полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време (зимата). Така, на Митровден се најмувале полјаци, протуѓери, кметови итн., кои служеле до Ѓурѓовден. Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра… Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти. Митровден е еден од празниците со кој се поврзуваат голем број народни обичаи. Еден од нив е претскажувањето според времето – ако тој ден има дожд и мраз, нè очекува долга и студена зима со многу снег! Исто така, постои и верување дека на овој празник, исто како и на Божиќ, би требало да бидете дома, освен ако не сте поканети на слава. Оттука старото верување дека ако ноќта на Митровден ја поминете надвор од дома, цела година ќе спиете надвор од домот и ќе се „влечете“ по туѓи куќи.

The post Ноќта спроти Митровден се седи дома, денот ќе покаже каква зима нè чека appeared first on Република.

]]>
Ги празнуваме Вера, Љубов, Надеж и мајка им Софија https://republika.mk/zivot/servisi/gi-praznuvame-vera-lubov-nadezh-i-majka-im-sofija/ Mon, 30 Sep 2024 08:10:00 +0000 https://republika.mk/?p=820885

Православние верници денеска, 30 септември, ги празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Светици кои се многу почитувани кај нашиот народ.

На овој ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.

Колку пати сте слушнале дека луѓето се колнат во вера, надеж и љубов, а можеби не сте знаеле дека тие биле личности за кои христијанството тврди дека навистина постоеле и во чија слава го одбележуваме утрешниот ден.

Светите маченици Вера, Нада и Љубов живееле во Рум во време на царот Адријан, кој наредил нивно мачење, а потоа им изрекол и смртна казна.

Тие трите уште како деца биле обвинети поради тоа што проповедале христијанство. Верата во моментот на апсење имала само 12 година, Нада 10, а Љубов 8 години. Мачителите по тој редослед најпрво ги мачеле, а потоа и убиле една по една.

По наредба на царот, Вера, Нада и Љубов најпрво се тепани, потоа фрлени во врела смола, а на крај им се сечени делови од телата пред да се фрлат во оган.

Преданијата велат дека нивната мајка Софија, три дена на гробот на нејзините ќерки го молела Бог да ја земе. Бог после третот ден ја земал и ја однел во рајската населба кај нејзините деца.

Овој празник е посветен на жените и нивните деца, првенствено на ќерките. Се верува дека утре девојчињата треба да се израдуваат со некој подарок, колку и скромен да е тој. Подарокот може да биде и нематеријален, барем посветете им го целото внимание и покажете им колку ги сакате.

The post Ги празнуваме Вера, Љубов, Надеж и мајка им Софија appeared first on Република.

]]>

Православние верници денеска, 30 септември, ги празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Светици кои се многу почитувани кај нашиот народ. На овој ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот. Колку пати сте слушнале дека луѓето се колнат во вера, надеж и љубов, а можеби не сте знаеле дека тие биле личности за кои христијанството тврди дека навистина постоеле и во чија слава го одбележуваме утрешниот ден. Светите маченици Вера, Нада и Љубов живееле во Рум во време на царот Адријан, кој наредил нивно мачење, а потоа им изрекол и смртна казна. Тие трите уште како деца биле обвинети поради тоа што проповедале христијанство. Верата во моментот на апсење имала само 12 година, Нада 10, а Љубов 8 години. Мачителите по тој редослед најпрво ги мачеле, а потоа и убиле една по една. По наредба на царот, Вера, Нада и Љубов најпрво се тепани, потоа фрлени во врела смола, а на крај им се сечени делови од телата пред да се фрлат во оган. Преданијата велат дека нивната мајка Софија, три дена на гробот на нејзините ќерки го молела Бог да ја земе. Бог после третот ден ја земал и ја однел во рајската населба кај нејзините деца. Овој празник е посветен на жените и нивните деца, првенствено на ќерките. Се верува дека утре девојчињата треба да се израдуваат со некој подарок, колку и скромен да е тој. Подарокот може да биде и нематеријален, барем посветете им го целото внимание и покажете им колку ги сакате.

The post Ги празнуваме Вера, Љубов, Надеж и мајка им Софија appeared first on Република.

]]>
Денеска е Св. великомаченица Марина https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-sv-velikomachenitsa-marina/ Tue, 30 Jul 2024 05:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=801472

Православните верници го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Иако овој празник на црквата во календарот не е означен со „црвена буква“, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот.

Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена.

Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post Денеска е Св. великомаченица Марина appeared first on Република.

]]>

Православните верници го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените. Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци. Иако овој празник на црквата во календарот не е означен со „црвена буква“, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот. Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post Денеска е Св. великомаченица Марина appeared first on Република.

]]>
Денеска е Свети Стефан, ова се обичаите за третиот ден од Божик https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-sveti-stefan-ova-se-obichaite-za-tretiot-den-od-bozhik/ Tue, 09 Jan 2024 07:54:31 +0000 https://republika.mk/?p=730985

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 декември.

Денеска е Св. архиѓакон и првомаченик Стефан.

Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…

На третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.

Народот го празнува Свети Стефан нана 9 јануари, на третиот ден од Божик и една од поголемите слави. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.

Најраспространет обичај во минатот за Свети Стефан било да се изнесе сламата од куќата поради нејзината плодотворна моќ. Претходно сламата внимателно се метела и се собирала, се оставала во шталата, во овоштарникот или меѓу пчелите за да го поттикне родот или напредокот.

Според обичаите жените требало да ја изнесат сламата надвор од куќата и тоа многу тивко за да не се слушне како заминува Божик. некои од нив метлата со која ја метеле сламата не ја користеле цела година туку ја чувале заради подобро здравје.

The post Денеска е Свети Стефан, ова се обичаите за третиот ден од Божик appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 декември. Денеска е Св. архиѓакон и првомаченик Стефан. Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко… На третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон. Народот го празнува Свети Стефан нана 9 јануари, на третиот ден од Божик и една од поголемите слави. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик. Најраспространет обичај во минатот за Свети Стефан било да се изнесе сламата од куќата поради нејзината плодотворна моќ. Претходно сламата внимателно се метела и се собирала, се оставала во шталата, во овоштарникот или меѓу пчелите за да го поттикне родот или напредокот. Според обичаите жените требало да ја изнесат сламата надвор од куќата и тоа многу тивко за да не се слушне како заминува Божик. некои од нив метлата со која ја метеле сламата не ја користеле цела година туку ја чувале заради подобро здравје.

The post Денеска е Свети Стефан, ова се обичаите за третиот ден од Божик appeared first on Република.

]]>
Вера, Љубов и Надеж: Сите кои имаат ќерки на овој убав ден треба да направат едно нешто https://republika.mk/zivot/servisi/vera-lubov-i-nadezh-site-koi-imaat-kerki-na-ovoj-ubav-den-treba-da-napravat-edno-neshto/ Sat, 30 Sep 2023 06:26:06 +0000 https://republika.mk/?p=686395

Православние верници денеска, 30 септември, ги празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Светици кои се многу почитувани кај нашиот народ.

На овој ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.

Колку пати сте слушнале дека луѓето се колнат во вера, надеж и љубов, а можеби не сте знаеле дека тие биле личности за кои христијанството тврди дека навистина постоеле и во чија слава го одбележуваме утрешниот ден.

Светите маченици Вера, Нада и Љубов живееле во Рум во време на царот Адријан, кој наредил нивно мачење, а потоа им изрекол и смртна казна.

Тие трите уште како деца биле обвинети поради тоа што проповедале христијанство. Верата во моментот на апсење имала само 12 година, Нада 10, а Љубов 8 години. Мачителите по тој редослед најпрво ги мачеле, а потоа и убиле една по една.

По наредба на царот, Вера, Нада и Љубов најпрво се тепани, потоа фрлени во врела смола, а на крај им се сечени делови од телата пред да се фрлат во оган.

Преданијата велат дека нивната мајка Софија, три дена на гробот на нејзините ќерки го молела Бог да ја земе. Бог после третот ден ја земал и ја однел во рајската населба кај нејзините деца.

Овој празник е посветен на жените и нивните деца, првенствено на ќерките. Се верува дека утре девојчињата треба да се израдуваат со некој подарок, колку и скромен да е тој. Подарокот може да биде и нематеријален, барем посветете им го целото внимание и покажете им колку ги сакате.

The post Вера, Љубов и Надеж: Сите кои имаат ќерки на овој убав ден треба да направат едно нешто appeared first on Република.

]]>

Православние верници денеска, 30 септември, ги празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Светици кои се многу почитувани кај нашиот народ. На овој ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот. Колку пати сте слушнале дека луѓето се колнат во вера, надеж и љубов, а можеби не сте знаеле дека тие биле личности за кои христијанството тврди дека навистина постоеле и во чија слава го одбележуваме утрешниот ден. Светите маченици Вера, Нада и Љубов живееле во Рум во време на царот Адријан, кој наредил нивно мачење, а потоа им изрекол и смртна казна. Тие трите уште како деца биле обвинети поради тоа што проповедале христијанство. Верата во моментот на апсење имала само 12 година, Нада 10, а Љубов 8 години. Мачителите по тој редослед најпрво ги мачеле, а потоа и убиле една по една. По наредба на царот, Вера, Нада и Љубов најпрво се тепани, потоа фрлени во врела смола, а на крај им се сечени делови од телата пред да се фрлат во оган. Преданијата велат дека нивната мајка Софија, три дена на гробот на нејзините ќерки го молела Бог да ја земе. Бог после третот ден ја земал и ја однел во рајската населба кај нејзините деца. Овој празник е посветен на жените и нивните деца, првенствено на ќерките. Се верува дека утре девојчињата треба да се израдуваат со некој подарок, колку и скромен да е тој. Подарокот може да биде и нематеријален, барем посветете им го целото внимание и покажете им колку ги сакате.

The post Вера, Љубов и Надеж: Сите кои имаат ќерки на овој убав ден треба да направат едно нешто appeared first on Република.

]]>
Денеска е Мала Богородица, запалете свеќа и избегнувајте почнување на нови работи https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-mala-bogoroditsa-zapalete-sveka-i-izbegnuvajte-pochnuvane-na-novi-raboti/ Thu, 21 Sep 2023 06:45:32 +0000 https://republika.mk/?p=683635

Православните христијани во земјава денеска го слават Рождество на Пресвета Богородица, празник познат како Мала Богородица. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат литургии.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат.

Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.

На денешен ден наводно не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

The post Денеска е Мала Богородица, запалете свеќа и избегнувајте почнување на нови работи appeared first on Република.

]]>

Православните христијани во земјава денеска го слават Рождество на Пресвета Богородица, празник познат како Мала Богородица. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат литургии. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи. На денешен ден наводно не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

The post Денеска е Мала Богородица, запалете свеќа и избегнувајте почнување на нови работи appeared first on Република.

]]>
Не подготвувајте црвена храна за утрешниот ручек, пред нас е тежок празник https://republika.mk/zivot/servisi/ne-podgotvuvajte-tsrvena-hrana-za-utreshniot-ruchek-pred-nas-e-tezhok-praznik/ Sun, 10 Sep 2023 15:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=680462

Православните верници утре ќе го одбележат денот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.

Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена.

Според народните верувања, утре не треба да се јаде црвена храна, особено не децата, бидејќи потсетува на пролеаната крв на Јован Крстител.

Луѓето исто така велат дека овој ден е добар ден за берење лековити билки.

Православните верници на овој ден треба да се придржуваат до строгиот пост – се слави обезглавувањето на Свети Јован Крстител, односно денот кога овој голем светец Јован, пророк, претходник и крстител, беше убиен по наредба на императорот Ирод Агрипа, а по барање на неговата сопруга Херодја.

Како што наредил императорот, главата на светителот била отсечена или „исечена“ и донесена на чинија пред неговата ќерка, танчерката Саломе.

Сепак, учениците на Јован, тајно го зеле неговото тело преку ноќ и го погребале во Себастија.

Главата на светителот беше погребана одделно, на тајно место, а подоцна беше пренесена во Ерусалим. Во времето на византиската царица Теодора, главата на Крстителот била пренесена во Цариград.

Отсекувањето на неговата глава се одбележува на денот кога била осветена црквата, која на неговиот гроб во Себастија, беше подигната од страна на императорот Константин и царицата Јелена.

 

 

The post Не подготвувајте црвена храна за утрешниот ручек, пред нас е тежок празник appeared first on Република.

]]>

Православните верници утре ќе го одбележат денот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост. Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена. Според народните верувања, утре не треба да се јаде црвена храна, особено не децата, бидејќи потсетува на пролеаната крв на Јован Крстител. Луѓето исто така велат дека овој ден е добар ден за берење лековити билки. Православните верници на овој ден треба да се придржуваат до строгиот пост – се слави обезглавувањето на Свети Јован Крстител, односно денот кога овој голем светец Јован, пророк, претходник и крстител, беше убиен по наредба на императорот Ирод Агрипа, а по барање на неговата сопруга Херодја. Како што наредил императорот, главата на светителот била отсечена или „исечена“ и донесена на чинија пред неговата ќерка, танчерката Саломе. Сепак, учениците на Јован, тајно го зеле неговото тело преку ноќ и го погребале во Себастија. Главата на светителот беше погребана одделно, на тајно место, а подоцна беше пренесена во Ерусалим. Во времето на византиската царица Теодора, главата на Крстителот била пренесена во Цариград. Отсекувањето на неговата глава се одбележува на денот кога била осветена црквата, која на неговиот гроб во Себастија, беше подигната од страна на императорот Константин и царицата Јелена.    

The post Не подготвувајте црвена храна за утрешниот ручек, пред нас е тежок празник appeared first on Република.

]]>
Денеска е Преображение Господово, заборавете на солзите и на кафаните https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-preobrazhenie-gospodovo-zaboravete-na-solzite-i-na-kafanite/ Sat, 19 Aug 2023 06:27:58 +0000 https://republika.mk/?p=673596

Православната црква и нејзините верници денеска го одбележат големиот празник, Преображение Господово.

Преображението Господово во Православието е познато и како летно Богојавление, бидејќи тогаш небото се отвори и се слушна гласот на Отецот Бог. Се верува дека, во пресрет на празникот, „вратата Божја“ се отвора на небото, каде што самиот Господ се појавува и ги исполнува желбите.

Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата.

Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента. Некогаш на овој ден се завршувала и сезоната на капење.

Врежано е мислењето дека на Преображение и небото, во глуво време на ноќта, три пати се преобразува, и дека оној што ќе го види тоа и тоа ќе го обелодени на друг, ќе го изгуби разумот.

Како што се верува, на денешниов ден никако не треба да се бањаме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив.

Не е добро ни да се плаче, ниту пак цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници.

Но, она што е задолжително е на овој ден да пробате грозје!

The post Денеска е Преображение Господово, заборавете на солзите и на кафаните appeared first on Република.

]]>

Православната црква и нејзините верници денеска го одбележат големиот празник, Преображение Господово. Преображението Господово во Православието е познато и како летно Богојавление, бидејќи тогаш небото се отвори и се слушна гласот на Отецот Бог. Се верува дека, во пресрет на празникот, „вратата Божја“ се отвора на небото, каде што самиот Господ се појавува и ги исполнува желбите. Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата. Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента. Некогаш на овој ден се завршувала и сезоната на капење. Врежано е мислењето дека на Преображение и небото, во глуво време на ноќта, три пати се преобразува, и дека оној што ќе го види тоа и тоа ќе го обелодени на друг, ќе го изгуби разумот. Како што се верува, на денешниов ден никако не треба да се бањаме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив. Не е добро ни да се плаче, ниту пак цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници. Но, она што е задолжително е на овој ден да пробате грозје!

The post Денеска е Преображение Господово, заборавете на солзите и на кафаните appeared first on Република.

]]>
Ни доаѓа голем и тежок празник: Внимавајте што ќе правите пред и на денот на Свети Илија https://republika.mk/zivot/servisi/ni-doaga-golem-i-tezhok-praznik-vnimavajte-shto-ke-pravite-pred-i-na-denot-na-sveti-ilija/ Mon, 31 Jul 2023 18:37:46 +0000 https://republika.mk/?p=667375

На 2 Август ни доаѓа голем и тежок празник – Пророк кој пали и гаси на небото и земјата.

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повел со летните грмотевици.

Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.

Пророкот Илија живеел околу 900 години пред Исус Христос (поточно е роден во 816 година пред Христа) во местото Тесвит, поради што во Библијата се среќава како Тесвиќанин. Кога се родил Илија татко му Савах видел необичен знак, околу детето имало многу Божји ангели гои го повивале со оган и му давале пламен да јаде. Ова видение таткото го раскажал на свештениците, а еден од нив му рекол да не се плаши зашто детето ќе биде под Божја заштита, зборот ќе му биде силен како оган, животот ќе му биде посветен на Господа и ќе суди со меч и со оган. Името Илија значи крепост Господова. Целата младост Илија ја минал во молитви, често повлекувајќи се во пустина за да може во тишина да се моли и да размислува.

Во тоа време еврејските цареви се откажале од Божјите дарови и им се приближиле на идолските богови. Најдалеку во тоа отишол царот Ахав со неговата пакосна жена Језавела кои на богот Вал му изградиле храм и го терале народот да му се моли, откако ги позатвориле или истепале Божјите пророци и сите оние што му биле верни на Господа. Тогај кај царот дошол Илија којшто му соопштил дека поради неговите гревови ќе страда целиот народ. „Во овие години нема да има роса, ниту дожд, освен според мојот збор“.(3 Цар, 17/1). Наместо да се покајат, Ахав и жена му сакале да го убијат Илија, но Господ го спасил и го испратил кај потокот Хорат спроти Јордан. „…од тој поток ќе пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму“. (3 Цар, 17/4) Така и се случило, но кога настанала голема суша поради што и потокот пресушил Господ го пратил Илија во сарепта Сидонска кај една жена вдовица што живеела со својот син. Таа била многу сиромашка и кога Илија пристигнал кај неа имала само „грст брашно во ношвите и малку масло во масларникот“, но со негова молитва тоа никогаш не се завршило. Кога по извесно време починал синот на вдовицата Илија се помолил на Господа и тој воскреснал.

По Божја промисла се вратил кај царот Ахав и му предложил да ги собере сите жреци од храмот на Вал и да ги изведе на ридот да се молат за дожд. На ридот се собрал и многу народ, а Илија им рекол најпрвин да направат жртвеник и да се молат секој на својот Бог и кој ќе им даде оган да го запалат жртвеникот во него да веруваат. Жреците со часови го молеле богот Ваал, но без успех. Потоа Илија зел дванаесет камења „колку што се колената на синовите на Јакова“ и од нив направил жртвеник и убаво го потурил со вода. И уште не ја завршил молитвата кон својот Бог кога од небото паднал оган и го запалил жртвеникот. „И оган Господов падна и ја изеде сепаленицата и дрвата и камењата и земјата и ја голтна водата што беше во копот. Кога виде тоа сиот народ падна ничкум и рече: Господ е Бог, Господ е Бог“. (3 Цар. 18/38-39) Потоа биле истепани сите пророци на богот Ваал. Илија се помолил на Господа и по три години и шест месеци откако земјата испукала и многу луѓе изумреле, повторно паднал спасоносниот дожд. Но поради убиството на лажните пророци Илија пак морал да бега пред бесот на царицата Језавела и да се крие во Божјата гора Хорив. Оттаму се вратил кај царот Ахав и му прорекол лоша судбина дека кучињата ќе му ја лижат крвта и ќе ја изедат царицата. Тоа и се остварило.

Пред крајот на животот Илија за свој наследник во пророкувањето го одредил Елисеј. Кога дошло времето за тоа, Господ испратил по Илија огнена кочија што ја влечеле пламени коњи. Илија седнал во неа и таа се подигнала кон небото, а тој му ја фрлил својата горна облека на Елисеј, пренесувајќи му ја на тој начин дарбата за пророкување. И на иконите и фреските свети Илија е претставен во кочија што неколку коњи ја влечат кон небото. Тој му ја пушта од височина својата облека на Елисеј и со тоа му ја предава и моќта да пророкува. Значи пророчкиот дар се пренесува преку облеката. На други претстави во црквите св. Илија е претставен како седи, а до него стои гавран, оној што го хранел во пустината.

Кога Исус се преобразил на ридот Таор (на Преображение), за да им покаже на своите апостоли како ќе воскресне после смртта, за што ги повел и апостолите Петар, Јаков и Јован, тука се појавиле и Мојсие и Илија (кои одамна биле умрени). Тие зборувале со Исус за тоа што ќе се случи по неговата смрт. Во чест на пророкот Илија Светата христијанска црква го востановила празникот што се празнува на 2 август според новиот, односно на 20 јули според стариот календар.

Бидејќи во народното верување Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици, очигледно е дека врз св. Илија се пренесени многу елементи на врховниот пагански бог на Словените, громовникот Перун.

Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, св. Илија трчал со кочијата по облаци, за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе удрел со камчето, огон силен излегувало и кај ќе удрело ќе расипело и ќе убиело. Ламјата од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.“ И во Кумановско Свети Илија се држи како празник и не се работи од страв да не бијат громови по полето, луѓето и стоката и сл.
Ефтим Спространов меѓу другите записи на обичаи од Охрид запишал и верување дека ако грми на Свети Илија, оревите ќе бидат шупливи. Во пролет и во лето кога има грмежи свети Илија се шета по небото со златна кола и ја бара ламјата за да ја убие. Таа оди да ги пасе житата, а тој штом ќе ја забележи, фрла по неа со огнени стрели. Е. Спространов забележал дека Св. Илија е празник на кожуварите.

И Кузман Шапкарев кој објавил богати записи на многу македонски обичаи и верувања забележал дека на 20 јули (стар стил) на споменот на пророк Илија празнуваат еснафите: кожуварите, самарџиите и ѓерамидџиите како што и на чевларите празникот им е на Св. Спиридон, а пак на корабџиите Св. Никола, како претседател и покровител на речните еснафи. Од нив двата први т.е. кожуварскиот и самарџискиот за време на празникот на Св. Илија до неодамна даваа општа гозба (угостување) на своите момоци, работници во еснафот на кој ден сите заедно, мајстори и калфи се гоштеваа на една или неколку софри на некое место за веселење, надвор од градот и се веселеа. Тие два еснафи принесуваа во црква восочни свеќи – ламбада и пет леба како што се принесува и на секоја служба. Последниот тоа не го прави. За него велат за да го умилостивел светецот та да не врне преку летото, за да можат ѓерамидџиите без пречки да работат погребувал живо магаре за жртва. Но, тоа во наше време не е вистина дека го правеле, вистина е само дека вечерта спроти празникот прават тркала од неисушени ѓерамиди како симбол на колата врз која пророкот се возел по воздух и од која грмело и пуштал дожд во кого веруваат како Бог Грмник. К. Шапкарев, исто така го забележал и верувањето дека ако на Илинден загрми таа година оревите ќе бидат шупливи.

Во Гевгелиско се сметало дека Св. Илија е сред лето. Исто така овој ден се сметал за тежок празник и тогаш никој не работел зашто тој бил „аталија – може да те млʼсне и тресне“. Народот верувал дека св. Илија секогаш држи во раката некој буздоган и со него ја брка ламјата, а кога го фрла буздоганот, тогаш треска, удира гром. Народот верувал и тоа дека и св. Илија како и св. Андон може да лекува некои болести поради што многумина ги земале од црквата иконите на св. Илија и ги држеле кај болниот. Исто така и му ветувале нешто за болниот да оздрави. Во Дојран се одржувала црковна служба и панаѓур коишто траеле два дена, а болните ноќта спиеле под иконата на св. Илија.

Свети Илија го среќаваме и во македонскиот прозен фолклор, пред сè во преданијата и легендите. Не едно место тој како старец посетува еден дом и ги моли наречниците на новороденото да му одредат поубав живот, на друго место испратен од Бога ги казнува арамиите и го смирува царството, на трето место се заканува дека на денот кога ќе му биде името со рофја ќе го уништи веков, па сестри му Марија и Магда не му кажувале кога е тој ден, „еднуш му велеле оту уште не дошол, а друг пат оту поминал и така го дочувале светот нерасипан досега“.

Марко Цепенков бележејќи ги еснафските празници на едно место забележал дека 20 јули Свети Илија го служеле орачите, фурнаџиите и кочиџиите (пајтонџиите), а на друго место дека калфите и чираците од кожуварскиот и ќурчискиот еснаф празнувале на – Свети Елисеј, 14 јули, а мајсторите од двата еснафа заедно со калфите и чираците – на 20 јули го празнувале Свети пророк Илија.

FacebookTwitterCopy Link

The post Ни доаѓа голем и тежок празник: Внимавајте што ќе правите пред и на денот на Свети Илија appeared first on Република.

]]>

На 2 Август ни доаѓа голем и тежок празник – Пророк кој пали и гаси на небото и земјата. Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повел со летните грмотевици. Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо… Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања. Пророкот Илија живеел околу 900 години пред Исус Христос (поточно е роден во 816 година пред Христа) во местото Тесвит, поради што во Библијата се среќава како Тесвиќанин. Кога се родил Илија татко му Савах видел необичен знак, околу детето имало многу Божји ангели гои го повивале со оган и му давале пламен да јаде. Ова видение таткото го раскажал на свештениците, а еден од нив му рекол да не се плаши зашто детето ќе биде под Божја заштита, зборот ќе му биде силен како оган, животот ќе му биде посветен на Господа и ќе суди со меч и со оган. Името Илија значи крепост Господова. Целата младост Илија ја минал во молитви, често повлекувајќи се во пустина за да може во тишина да се моли и да размислува. Во тоа време еврејските цареви се откажале од Божјите дарови и им се приближиле на идолските богови. Најдалеку во тоа отишол царот Ахав со неговата пакосна жена Језавела кои на богот Вал му изградиле храм и го терале народот да му се моли, откако ги позатвориле или истепале Божјите пророци и сите оние што му биле верни на Господа. Тогај кај царот дошол Илија којшто му соопштил дека поради неговите гревови ќе страда целиот народ. „Во овие години нема да има роса, ниту дожд, освен според мојот збор“.(3 Цар, 17/1). Наместо да се покајат, Ахав и жена му сакале да го убијат Илија, но Господ го спасил и го испратил кај потокот Хорат спроти Јордан. „…од тој поток ќе пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму“. (3 Цар, 17/4) Така и се случило, но кога настанала голема суша поради што и потокот пресушил Господ го пратил Илија во сарепта Сидонска кај една жена вдовица што живеела со својот син. Таа била многу сиромашка и кога Илија пристигнал кај неа имала само „грст брашно во ношвите и малку масло во масларникот“, но со негова молитва тоа никогаш не се завршило. Кога по извесно време починал синот на вдовицата Илија се помолил на Господа и тој воскреснал. По Божја промисла се вратил кај царот Ахав и му предложил да ги собере сите жреци од храмот на Вал и да ги изведе на ридот да се молат за дожд. На ридот се собрал и многу народ, а Илија им рекол најпрвин да направат жртвеник и да се молат секој на својот Бог и кој ќе им даде оган да го запалат жртвеникот во него да веруваат. Жреците со часови го молеле богот Ваал, но без успех. Потоа Илија зел дванаесет камења „колку што се колената на синовите на Јакова“ и од нив направил жртвеник и убаво го потурил со вода. И уште не ја завршил молитвата кон својот Бог кога од небото паднал оган и го запалил жртвеникот. „И оган Господов падна и ја изеде сепаленицата и дрвата и камењата и земјата и ја голтна водата што беше во копот. Кога виде тоа сиот народ падна ничкум и рече: Господ е Бог, Господ е Бог“. (3 Цар. 18/38-39) Потоа биле истепани сите пророци на богот Ваал. Илија се помолил на Господа и по три години и шест месеци откако земјата испукала и многу луѓе изумреле, повторно паднал спасоносниот дожд. Но поради убиството на лажните пророци Илија пак морал да бега пред бесот на царицата Језавела и да се крие во Божјата гора Хорив. Оттаму се вратил кај царот Ахав и му прорекол лоша судбина дека кучињата ќе му ја лижат крвта и ќе ја изедат царицата. Тоа и се остварило. Пред крајот на животот Илија за свој наследник во пророкувањето го одредил Елисеј. Кога дошло времето за тоа, Господ испратил по Илија огнена кочија што ја влечеле пламени коњи. Илија седнал во неа и таа се подигнала кон небото, а тој му ја фрлил својата горна облека на Елисеј, пренесувајќи му ја на тој начин дарбата за пророкување. И на иконите и фреските свети Илија е претставен во кочија што неколку коњи ја влечат кон небото. Тој му ја пушта од височина својата облека на Елисеј и со тоа му ја предава и моќта да пророкува. Значи пророчкиот дар се пренесува преку облеката. На други претстави во црквите св. Илија е претставен како седи, а до него стои гавран, оној што го хранел во пустината. Кога Исус се преобразил на ридот Таор (на Преображение), за да им покаже на своите апостоли како ќе воскресне после смртта, за што ги повел и апостолите Петар, Јаков и Јован, тука се појавиле и Мојсие и Илија (кои одамна биле умрени). Тие зборувале со Исус за тоа што ќе се случи по неговата смрт. Во чест на пророкот Илија Светата христијанска црква го востановила празникот што се празнува на 2 август според новиот, односно на 20 јули според стариот календар. Бидејќи во народното верување Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици, очигледно е дека врз св. Илија се пренесени многу елементи на врховниот пагански бог на Словените, громовникот Перун. Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, св. Илија трчал со кочијата по облаци, за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе удрел со камчето, огон силен излегувало и кај ќе удрело ќе расипело и ќе убиело. Ламјата од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.“ И во Кумановско Свети Илија се држи како празник и не се работи од страв да не бијат громови по полето, луѓето и стоката и сл. Ефтим Спространов меѓу другите записи на обичаи од Охрид запишал и верување дека ако грми на Свети Илија, оревите ќе бидат шупливи. Во пролет и во лето кога има грмежи свети Илија се шета по небото со златна кола и ја бара ламјата за да ја убие. Таа оди да ги пасе житата, а тој штом ќе ја забележи, фрла по неа со огнени стрели. Е. Спространов забележал дека Св. Илија е празник на кожуварите. И Кузман Шапкарев кој објавил богати записи на многу македонски обичаи и верувања забележал дека на 20 јули (стар стил) на споменот на пророк Илија празнуваат еснафите: кожуварите, самарџиите и ѓерамидџиите како што и на чевларите празникот им е на Св. Спиридон, а пак на корабџиите Св. Никола, како претседател и покровител на речните еснафи. Од нив двата први т.е. кожуварскиот и самарџискиот за време на празникот на Св. Илија до неодамна даваа општа гозба (угостување) на своите момоци, работници во еснафот на кој ден сите заедно, мајстори и калфи се гоштеваа на една или неколку софри на некое место за веселење, надвор од градот и се веселеа. Тие два еснафи принесуваа во црква восочни свеќи – ламбада и пет леба како што се принесува и на секоја служба. Последниот тоа не го прави. За него велат за да го умилостивел светецот та да не врне преку летото, за да можат ѓерамидџиите без пречки да работат погребувал живо магаре за жртва. Но, тоа во наше време не е вистина дека го правеле, вистина е само дека вечерта спроти празникот прават тркала од неисушени ѓерамиди како симбол на колата врз која пророкот се возел по воздух и од која грмело и пуштал дожд во кого веруваат како Бог Грмник. К. Шапкарев, исто така го забележал и верувањето дека ако на Илинден загрми таа година оревите ќе бидат шупливи. Во Гевгелиско се сметало дека Св. Илија е сред лето. Исто така овој ден се сметал за тежок празник и тогаш никој не работел зашто тој бил „аталија – може да те млʼсне и тресне“. Народот верувал дека св. Илија секогаш држи во раката некој буздоган и со него ја брка ламјата, а кога го фрла буздоганот, тогаш треска, удира гром. Народот верувал и тоа дека и св. Илија како и св. Андон може да лекува некои болести поради што многумина ги земале од црквата иконите на св. Илија и ги држеле кај болниот. Исто така и му ветувале нешто за болниот да оздрави. Во Дојран се одржувала црковна служба и панаѓур коишто траеле два дена, а болните ноќта спиеле под иконата на св. Илија. Свети Илија го среќаваме и во македонскиот прозен фолклор, пред сè во преданијата и легендите. Не едно место тој како старец посетува еден дом и ги моли наречниците на новороденото да му одредат поубав живот, на друго место испратен од Бога ги казнува арамиите и го смирува царството, на трето место се заканува дека на денот кога ќе му биде името со рофја ќе го уништи веков, па сестри му Марија и Магда не му кажувале кога е тој ден, „еднуш му велеле оту уште не дошол, а друг пат оту поминал и така го дочувале светот нерасипан досега“. Марко Цепенков бележејќи ги еснафските празници на едно место забележал дека 20 јули Свети Илија го служеле орачите, фурнаџиите и кочиџиите (пајтонџиите), а на друго место дека калфите и чираците од кожуварскиот и ќурчискиот еснаф празнувале на – Свети Елисеј, 14 јули, а мајсторите од двата еснафа заедно со калфите и чираците – на 20 јули го празнувале Свети пророк Илија. FacebookTwitterCopy Link

The post Ни доаѓа голем и тежок празник: Внимавајте што ќе правите пред и на денот на Свети Илија appeared first on Република.

]]>
Денеска е Света Недела, направете го ова за да животот ви тргне на подобро https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-sveta-nedela-napravete-go-ova-za-da-zhivotot-vi-trgne-na-podobro/ Thu, 20 Jul 2023 06:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=663321

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јули, ден на Св. великомаченица Недела.

Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се роди во Мала Азија и живееше за време на царувањето на Диоклецијан. Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца. Кога порасна се разви во убава девојка, а телесната убавина ја дополни со убавината на душата што ја беше стекнала преку постојан внатрешен, невидлив подвиг. Нејзината убавина привлекуваше многу просители, но таа одбиваше да се врзе со некој друг освен со Христос. Еден од одбиените просители, откако во себе ги разбуди злите мисли, ги поткажа пред властите света Недела и нејзините родители како христијани. Сите беа изведени на суд, мачени и најпосле погубени. Тоа се случи во 289 година во Никомидија.

Света Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела и тој е еднаш во годината, односно на 20 јули.

Св. маченица Недела е секогаш на една иста дата, а секоја година го менува денот.

Додека пак седмичниот ден, недела е всушност денот во кој воскресна Спасителот наш Господ Исус Христос. Заради Христовото Воскресение се слави и денот недела. Оти секоја недела е всушност мал Велигден. Затоа, правете ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и Св.Недела.

Според старите обичаи, денес треба да се оди во црква. Помолете се на Светата великомаченичка Недела да ви подари сила за борба со сопствените слабости и доколку имате чисто срце, нејзината милост ќе ви помогне во животот да ви тргне на подобро.

The post Денеска е Света Недела, направете го ова за да животот ви тргне на подобро appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јули, ден на Св. великомаченица Недела. Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се роди во Мала Азија и живееше за време на царувањето на Диоклецијан. Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца. Кога порасна се разви во убава девојка, а телесната убавина ја дополни со убавината на душата што ја беше стекнала преку постојан внатрешен, невидлив подвиг. Нејзината убавина привлекуваше многу просители, но таа одбиваше да се врзе со некој друг освен со Христос. Еден од одбиените просители, откако во себе ги разбуди злите мисли, ги поткажа пред властите света Недела и нејзините родители како христијани. Сите беа изведени на суд, мачени и најпосле погубени. Тоа се случи во 289 година во Никомидија. Света Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела и тој е еднаш во годината, односно на 20 јули. Св. маченица Недела е секогаш на една иста дата, а секоја година го менува денот. Додека пак седмичниот ден, недела е всушност денот во кој воскресна Спасителот наш Господ Исус Христос. Заради Христовото Воскресение се слави и денот недела. Оти секоја недела е всушност мал Велигден. Затоа, правете ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и Св.Недела. Според старите обичаи, денес треба да се оди во црква. Помолете се на Светата великомаченичка Недела да ви подари сила за борба со сопствените слабости и доколку имате чисто срце, нејзината милост ќе ви помогне во животот да ви тргне на подобро.

The post Денеска е Света Недела, направете го ова за да животот ви тргне на подобро appeared first on Република.

]]>
За многу години Павловден, честито име на Павле и Павлина https://republika.mk/zivot/servisi/za-mnogu-godini-pavlovden-chestito-ime-na-pavle-i-pavlina/ Thu, 13 Jul 2023 06:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=660640

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јуни, Собор на 12- те апостоли - Павловден.

Вториот ден од завршувањето на постот е празник на сите 12 Апостоли. Така и се вика празникот: Собор на 12 Апостоли, и тоа е нивен главен заеднички празник, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн. Апостолите се слават како темели на црквата, што навистина се, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примија благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот. Уште повеќе затоа што истата вест ја проширија по сите краишта на вселената.

На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.

Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи за од пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и сл. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

The post За многу години Павловден, честито име на Павле и Павлина appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јуни, Собор на 12- те апостоли - Павловден. Вториот ден од завршувањето на постот е празник на сите 12 Апостоли. Така и се вика празникот: Собор на 12 Апостоли, и тоа е нивен главен заеднички празник, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн. Апостолите се слават како темели на црквата, што навистина се, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примија благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот. Уште повеќе затоа што истата вест ја проширија по сите краишта на вселената. На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли. Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи за од пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и сл. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

The post За многу години Павловден, честито име на Павле и Павлина appeared first on Република.

]]>
За многу години Иванден, цвеќето денес има волшебна моќ https://republika.mk/zivot/servisi/za-mnogu-godini-ivanden-tsveketo-denes-ima-volshebna-mok/ Fri, 07 Jul 2023 07:53:05 +0000 https://republika.mk/?p=658790

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.

Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана…

На Иванден се плетат венци од ивано-цвеќе и со нив се китат просториите. Во пресрет на овој ден овчарите палеле брезови огнови и ги посетувале трлата со овци и шталите каде ја чувале стоката, а потоа се качувале на висовите и играле секакви игри околу огновите. Ова палење се поврзува со палењето на бадникарскиот оган во пресрет на Божиќ, со што сака да се каже дека зимското, божиќно сонце не сјае толку високо како летното, ниту грее толку топло.

Со плетењето на венците се сака да се каже дека природата во својот развој дошла до највисоката точка (средина на летото) и дека со тоа природата се овенчува. Тие венци воедно ги потсетуваат младите да размислуваат за свадбени венци. Девојките во венецот ставаат црвена роза. Се смета дека Иванден е толку голем празник што Сонцето на тој ден застанува три пати.

Водата добива посебна моќ, па сите се капат во реките, потоците и езерата, билките и тревите имаат засилени лековити дејства и затоа се берат и се плетат венци од нив како лек против болести.

Не се работи во лозјата ништо, се верува дека седум дена лозјата најмногу напредуваат бидејќи ги чува Свети Јован.

Цвеќето се бере за овој празник бидејќи луѓето веруваат дека има поддршка од небото. Забележано е верување дека низ венците од сплетена јованова трева, на Иванден се провлекувале жените кои немале пород.

Се капеле во вода во река за таа да ги однесе уроците, болеста и злите намери. Ако жената неколку пати неуспешно забременила на овој ден посетувала лица со име Станка или Стана, ако тие биле повеќе одела во секоја куќа, земале снопчиња трева од венецот и правеле свој венец. Со него на глава се капеле во реката и верувале дека ќе им успее следната бременост.

Се верувало дека лошите духови ќе се разбудат оваа ноќ, па затоа во секој дом, станарите не спиеле, туку изведувале магични ритуали. Во меѓувреме, децата смислувале разни лудории: ги пуштале говедата од соседната штала, за да не заспие соседот случајно, и на тој начин да стане плен на ѓаволот.

Девојките плетеле венци од иванско цвеќе и ги фрлале во реката. Ако венецот пловел далеку – тогаш тоа значело дека девојката ќе има долг живот и среќна судбина. Ако венчето потонало – тоа значело дека ја чекаат мизерија и проблеми.

The post За многу години Иванден, цвеќето денес има волшебна моќ appeared first on Република.

]]>

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител. Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана… На Иванден се плетат венци од ивано-цвеќе и со нив се китат просториите. Во пресрет на овој ден овчарите палеле брезови огнови и ги посетувале трлата со овци и шталите каде ја чувале стоката, а потоа се качувале на висовите и играле секакви игри околу огновите. Ова палење се поврзува со палењето на бадникарскиот оган во пресрет на Божиќ, со што сака да се каже дека зимското, божиќно сонце не сјае толку високо како летното, ниту грее толку топло. Со плетењето на венците се сака да се каже дека природата во својот развој дошла до највисоката точка (средина на летото) и дека со тоа природата се овенчува. Тие венци воедно ги потсетуваат младите да размислуваат за свадбени венци. Девојките во венецот ставаат црвена роза. Се смета дека Иванден е толку голем празник што Сонцето на тој ден застанува три пати. Водата добива посебна моќ, па сите се капат во реките, потоците и езерата, билките и тревите имаат засилени лековити дејства и затоа се берат и се плетат венци од нив како лек против болести. Не се работи во лозјата ништо, се верува дека седум дена лозјата најмногу напредуваат бидејќи ги чува Свети Јован. Цвеќето се бере за овој празник бидејќи луѓето веруваат дека има поддршка од небото. Забележано е верување дека низ венците од сплетена јованова трева, на Иванден се провлекувале жените кои немале пород. Се капеле во вода во река за таа да ги однесе уроците, болеста и злите намери. Ако жената неколку пати неуспешно забременила на овој ден посетувала лица со име Станка или Стана, ако тие биле повеќе одела во секоја куќа, земале снопчиња трева од венецот и правеле свој венец. Со него на глава се капеле во реката и верувале дека ќе им успее следната бременост. Се верувало дека лошите духови ќе се разбудат оваа ноќ, па затоа во секој дом, станарите не спиеле, туку изведувале магични ритуали. Во меѓувреме, децата смислувале разни лудории: ги пуштале говедата од соседната штала, за да не заспие соседот случајно, и на тој начин да стане плен на ѓаволот. Девојките плетеле венци од иванско цвеќе и ги фрлале во реката. Ако венецот пловел далеку – тогаш тоа значело дека девојката ќе има долг живот и среќна судбина. Ако венчето потонало – тоа значело дека ја чекаат мизерија и проблеми.

The post За многу години Иванден, цвеќето денес има волшебна моќ appeared first on Република.

]]>
Жените не се мијат, мажите не се бричат: Ова се адетите за утрешниот празник Спасовден, најсреќниот ден во годината https://republika.mk/zivot/servisi/zhenite-ne-se-mijat-mazhite-ne-se-brichat-ova-se-adetite-za-utreshniot-praznik-spasovden-najsrekniot-den-vo-godinata/ Wed, 24 May 2023 17:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=644342

Православните верници утре, 25 мај, го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток. Вознесението Господово или „Денот на спасението“ е христијански празник за кој се врзани многу верувања и суеверија и се слави скоро исто толку слично како и Ѓурѓовден, па многу етнолози веруваат дека тоа се истите обичаи поделени на два дена Во некои краишта овие адети се уште се почитуваат.

Според христијанското верување, со воскресението, Господ покажал дека е посилен од смртта, а по Велигден поминал 40 дена со нив, учејќи ги како да ја шират верата и неговите учења. После тоа, според традицијата, тој се искачил на Маслиновата гора и се искачил во рајот. Пред тоа, тој им рече на учениците: „Поминете низ сите работи свети и проповедајте го евангелието на секое суштество. Оној што верува и се крсти, ќе биде спасен, оној што не верува ќе биде осуден“.

За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко.

Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.

На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.

И Крстот е составен дел на Спасовден. Се смета дека народот треба да направи крст и да го стави на својата куќа или во друг дел за да ги избрка лошите демони.

Во некои краеви жените и децата не се мијат на овој ден, додека мажите не се бричат.

Девојките денеска треба да зберат што повеќе цвеќиња бидејќи е ден за гатање. Потоа треба со ливчињата да прават „Ме сака не ме сака“, за да видат дали саканиот ги сака.

The post Жените не се мијат, мажите не се бричат: Ова се адетите за утрешниот празник Спасовден, најсреќниот ден во годината appeared first on Република.

]]>

Православните верници утре, 25 мај, го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток. Вознесението Господово или „Денот на спасението“ е христијански празник за кој се врзани многу верувања и суеверија и се слави скоро исто толку слично како и Ѓурѓовден, па многу етнолози веруваат дека тоа се истите обичаи поделени на два дена Во некои краишта овие адети се уште се почитуваат. Според христијанското верување, со воскресението, Господ покажал дека е посилен од смртта, а по Велигден поминал 40 дена со нив, учејќи ги како да ја шират верата и неговите учења. После тоа, според традицијата, тој се искачил на Маслиновата гора и се искачил во рајот. Пред тоа, тој им рече на учениците: „Поминете низ сите работи свети и проповедајте го евангелието на секое суштество. Оној што верува и се крсти, ќе биде спасен, оној што не верува ќе биде осуден“. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко. Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат. На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година. На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел. И Крстот е составен дел на Спасовден. Се смета дека народот треба да направи крст и да го стави на својата куќа или во друг дел за да ги избрка лошите демони. Во некои краеви жените и децата не се мијат на овој ден, додека мажите не се бричат. Девојките денеска треба да зберат што повеќе цвеќиња бидејќи е ден за гатање. Потоа треба со ливчињата да прават „Ме сака не ме сака“, за да видат дали саканиот ги сака.

The post Жените не се мијат, мажите не се бричат: Ова се адетите за утрешниот празник Спасовден, најсреќниот ден во годината appeared first on Република.

]]>
Замислете желба, Агапија, Хионија и Ирина ќе ви ја исполнат https://republika.mk/zivot/servisi/zamislete-zhelba-agapija-hionija-i-irina-ke-vi-ja-ispolnat/ Sat, 29 Apr 2023 09:55:43 +0000 https://republika.mk/?p=635215

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 април, ден на Светите маченички Агапија, Хионија и Ирина

Родени сестри од околината на Аквилеја. Кога царот Диоклецијан се бавеше во Аквилеја, нареди да го погубат прочуениот духовник Хрисогон. Во тоа време еден стар свештеник Зоил имаше видение во коешто му се откри каде се наоѓа непогребаното тело на Хрисогон. Старецот побрза, го најде телото на маченикот, го положи во ковчег и го чуваше во својот дом. Триесеттиот ден по ова му се јави Св. Хрисогон и го извести за овие маченички дека ќе пострадаат во следните девет дена, а дека и самиот ќе се престави во тоа време. Вакво известување прими во видение и Анастасија Одврзителка, која беше тргнала по својот учител Хрисогон. И навистина, по девет дена се престави и старецот Зоил, а и оние три сестри беа изведени на суд пред царот. Царот ги советуваше светите девојки да им се поклонат на идолите, но тие го одбија и ја исповедаа својата тврда вера во Христа. Света Ирина му рече на царот дека е глупаво човек да им се поклонува на предмети изработени од дрво или камен, нарачани за спогодена цена, направени од раце на смртен човек. Царот се разјари и ги фрли во затвор. Кога царот тргна за Македонија, со него ги поведоа сите негови робови и заробеници, меѓу кои и овие три светителки. Царот им ги даде на еден војвода Дулкитиј за мачење. Војводата се распали со мрачна страст и сакаше да ги оскверни девиците, но кога сакаше да влезе кај нив во затворот во времето кога беа на молитва пред Бога, тој полуде и почна да ги прегрнува и бакнува некои црни котли и лончиња што се најдоа таму и така си отиде сиот поцрнет. Кога слушна за ова, царот му нареди на еден друг војвода, Сисиниј, да го преземе судењето на трите христијанки. По тешки мачења судијата ги осуди првите две сестри на смрт во оган, а Света Ирина ја задржа уште некое време кај себе надевајќи се дека ќе може да ја оскверни. Но кога ја испрати со војници во блудилиштето, Божјите ангели ја спасија чистотата на девицата, војниците ги вратија, а нејзе ја изведоа на еден рид. Утредента војводата излезе со војниците на оној рид, но не можеа да се качат, па им нареди на војниците да ја убијат со стрели. Света Анастасија ги собра телата на едно место и чесно ги погреба. Пострадаа за Христа околу 304 година.

Се верува дека на овој ден треба да си замислите една посебна желба за која вистински мечтаете, а светите маченички ќе се обидат да ви ја исполнат.

The post Замислете желба, Агапија, Хионија и Ирина ќе ви ја исполнат appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 април, ден на Светите маченички Агапија, Хионија и Ирина Родени сестри од околината на Аквилеја. Кога царот Диоклецијан се бавеше во Аквилеја, нареди да го погубат прочуениот духовник Хрисогон. Во тоа време еден стар свештеник Зоил имаше видение во коешто му се откри каде се наоѓа непогребаното тело на Хрисогон. Старецот побрза, го најде телото на маченикот, го положи во ковчег и го чуваше во својот дом. Триесеттиот ден по ова му се јави Св. Хрисогон и го извести за овие маченички дека ќе пострадаат во следните девет дена, а дека и самиот ќе се престави во тоа време. Вакво известување прими во видение и Анастасија Одврзителка, која беше тргнала по својот учител Хрисогон. И навистина, по девет дена се престави и старецот Зоил, а и оние три сестри беа изведени на суд пред царот. Царот ги советуваше светите девојки да им се поклонат на идолите, но тие го одбија и ја исповедаа својата тврда вера во Христа. Света Ирина му рече на царот дека е глупаво човек да им се поклонува на предмети изработени од дрво или камен, нарачани за спогодена цена, направени од раце на смртен човек. Царот се разјари и ги фрли во затвор. Кога царот тргна за Македонија, со него ги поведоа сите негови робови и заробеници, меѓу кои и овие три светителки. Царот им ги даде на еден војвода Дулкитиј за мачење. Војводата се распали со мрачна страст и сакаше да ги оскверни девиците, но кога сакаше да влезе кај нив во затворот во времето кога беа на молитва пред Бога, тој полуде и почна да ги прегрнува и бакнува некои црни котли и лончиња што се најдоа таму и така си отиде сиот поцрнет. Кога слушна за ова, царот му нареди на еден друг војвода, Сисиниј, да го преземе судењето на трите христијанки. По тешки мачења судијата ги осуди првите две сестри на смрт во оган, а Света Ирина ја задржа уште некое време кај себе надевајќи се дека ќе може да ја оскверни. Но кога ја испрати со војници во блудилиштето, Божјите ангели ја спасија чистотата на девицата, војниците ги вратија, а нејзе ја изведоа на еден рид. Утредента војводата излезе со војниците на оној рид, но не можеа да се качат, па им нареди на војниците да ја убијат со стрели. Света Анастасија ги собра телата на едно место и чесно ги погреба. Пострадаа за Христа околу 304 година. Се верува дека на овој ден треба да си замислите една посебна желба за која вистински мечтаете, а светите маченички ќе се обидат да ви ја исполнат.

The post Замислете желба, Агапија, Хионија и Ирина ќе ви ја исполнат appeared first on Република.

]]>
Денеска е Велика Среда, забранети се веселби, пијанство, па дури и односи меѓу сопружниците https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-velika-sreda-zabraneti-se-veselbi-pijanstvo-pa-duri-i-odnosi-megu-sopruzhnitsite/ Wed, 12 Apr 2023 07:31:36 +0000 https://republika.mk/?p=630027

Православната црква и верниците денеска ја одбележуваат Велика Среда, еден од најзначајните денови од Страдната недела.

На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го убијат и Јудиното предавство на Христа за триесет сребреници. Во тек е Страсната недела, а порано овие налози на црквата ригорозно се применувале.

Со Велика Среда се поврзани повеќе верувања и обичаи. На Велика Среда се подготвува бојата за вапцување, а во некои краеви почнуваат да ги фарбаат велигденските јајца. Првите велигденски јајца, три на број, се бојадисуваат пред изгрејсонце на Велики Четврток.

Не треба да се работат тешки работи по дома. Во текот на оваа недела се пости, забрането е перење, веселби, пијанство, па дури и односи меѓу сопружниците. Се верувало дека децата зачнати во овој период ќе добијат „фрас“ (уплав).

https://republika.mk/zivot/servisi/decata-zachnati-deneska-kje-dobijat-uplav-veruvale-starite/

На Велика Среда, навечер, се зачадувала стоката. Начадената стока се верувало е заштитена од болести и разни други несреќи.

Според обичајот треба да се бере здравец, претежно од децата, а на Велики петок треба да се раздава за здравје.

И на Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената:Јован 12,17-50; на Литургијата: Матеј 26,6-16). Последното претсмртно помазание на Господа Христос е помазан со миро во Витанија (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9; Лука 7,37-50; Јован 12,1-8).

 

The post Денеска е Велика Среда, забранети се веселби, пијанство, па дури и односи меѓу сопружниците appeared first on Република.

]]>

Православната црква и верниците денеска ја одбележуваат Велика Среда, еден од најзначајните денови од Страдната недела. На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го убијат и Јудиното предавство на Христа за триесет сребреници. Во тек е Страсната недела, а порано овие налози на црквата ригорозно се применувале. Со Велика Среда се поврзани повеќе верувања и обичаи. На Велика Среда се подготвува бојата за вапцување, а во некои краеви почнуваат да ги фарбаат велигденските јајца. Првите велигденски јајца, три на број, се бојадисуваат пред изгрејсонце на Велики Четврток. Не треба да се работат тешки работи по дома. Во текот на оваа недела се пости, забрането е перење, веселби, пијанство, па дури и односи меѓу сопружниците. Се верувало дека децата зачнати во овој период ќе добијат „фрас“ (уплав). https://republika.mk/zivot/servisi/decata-zachnati-deneska-kje-dobijat-uplav-veruvale-starite/ На Велика Среда, навечер, се зачадувала стоката. Начадената стока се верувало е заштитена од болести и разни други несреќи. Според обичајот треба да се бере здравец, претежно од децата, а на Велики петок треба да се раздава за здравје. И на Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената:Јован 12,17-50; на Литургијата: Матеј 26,6-16). Последното претсмртно помазание на Господа Христос е помазан со миро во Витанија (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9; Лука 7,37-50; Јован 12,1-8).  

The post Денеска е Велика Среда, забранети се веселби, пијанство, па дури и односи меѓу сопружниците appeared first on Република.

]]>
Бакнете ја мајка ви, исчистете, но не се чешлајте – адети за денешниот убав празник Благовец https://republika.mk/zivot/servisi/baknete-ja-majka-vi-ischistete-no-ne-se-cheshlajte-adeti-za-deneshniot-ubav-praznik-blagovets/ Fri, 07 Apr 2023 07:30:30 +0000 https://republika.mk/?p=628204

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 март – Благовештение.

Празникот Благовештение е еден од најголемите празници на Христовата Црква. Тоа е момент кога се слави веста за повторното воспоставување на единството на Бога и човекот. Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот. Празникот е конкретно поврзан со оној настан кога архангелот Гаврил и ја соопшти веста на девојката Марија дека ќе зачне со силата на Светиот Дух и ќе го роди Христос, исцелителот и спасителот на човештвото, кој повторно ќе ја отвори можноста за вечен живот во постојана заедница со Бога, можност што човекот ја изгуби кога наместо Бога го одбра гревот и наместо животот – смртта.

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Исто така ова е добар ден за чистење на куќата. Новиот почеток е симбол на денешниот празник, па чистењето на куќата е пожелно. Исфрлете се она што е непотребно и поради што се чувствувате лошо.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

The post Бакнете ја мајка ви, исчистете, но не се чешлајте – адети за денешниот убав празник Благовец appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 март – Благовештение. Празникот Благовештение е еден од најголемите празници на Христовата Црква. Тоа е момент кога се слави веста за повторното воспоставување на единството на Бога и човекот. Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот. Празникот е конкретно поврзан со оној настан кога архангелот Гаврил и ја соопшти веста на девојката Марија дека ќе зачне со силата на Светиот Дух и ќе го роди Христос, исцелителот и спасителот на човештвото, кој повторно ќе ја отвори можноста за вечен живот во постојана заедница со Бога, можност што човекот ја изгуби кога наместо Бога го одбра гревот и наместо животот – смртта. Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица… Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости. Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви! На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените. Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат. Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат. Исто така ова е добар ден за чистење на куќата. Новиот почеток е симбол на денешниот празник, па чистењето на куќата е пожелно. Исфрлете се она што е непотребно и поради што се чувствувате лошо. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

The post Бакнете ја мајка ви, исчистете, но не се чешлајте – адети за денешниот убав празник Благовец appeared first on Република.

]]>
Денеска е тежок празник: Aдет е да не се јадат јадења во оваа боја https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-tezhok-praznik-adet-e-da-ne-se-jadat-jadena-vo-ovaa-boja/ Thu, 09 Mar 2023 10:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=617635

Денеска се одбележува празник посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.

Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена.

Значењето на Свети Јован Крстител неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.

Последниот старозаветен пророк Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети”, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот. Многумина Јудејци доаѓале кај него за да бидат крстени, а многумина го почитувале како вистинскиот Спасител.

Јован сведочел дека Исус е синот Божји. „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е”. (Јован, 3/30-31)

Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7.VII/24.VI) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога Св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7.I.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на Св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн. Така во христијанската вера Св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници. Празникот Отсечение главата на Св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на Св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост.

The post Денеска е тежок празник: Aдет е да не се јадат јадења во оваа боја appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележува празник посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост. Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена. Значењето на Свети Јован Крстител неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот. Последниот старозаветен пророк Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети”, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот. Многумина Јудејци доаѓале кај него за да бидат крстени, а многумина го почитувале како вистинскиот Спасител. Јован сведочел дека Исус е синот Божји. „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е”. (Јован, 3/30-31) Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7.VII/24.VI) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога Св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7.I.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на Св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн. Така во христијанската вера Св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници. Празникот Отсечение главата на Св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на Св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост.

The post Денеска е тежок празник: Aдет е да не се јадат јадења во оваа боја appeared first on Република.

]]>
Денеска е Св. маченица Јулијана: Кажете ја оваа молитва и таа ќе ви ја исполни желбата https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-sv-machenitsa-julijana-kazhete-ja-ovaa-molitva-i-taa-ke-vi-ja-ispolni-zhelbata/ Tue, 03 Jan 2023 10:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=593091

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 декември. Денеска е Св. маченица Јулијана и шестотини и триесетте маченици со неа.

Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабожци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј.

За да го одврати од себе Јулијанија му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне таквиот висок чин. Но Елевсиј се потруди, па со ласкање и мито го придоби чинот никомидиски епарх.
Тогаш Јулијанија му откри дека е христијанка и дека не може со него да стапи во брак додека и тој не ја прими христијанската вера, велејќи му: „Што ни вреди да бидеме телесно соединети, кога духовно би биле разединети?“ На ова Елевсиј се огорчи и ја обвини кај татко ѝ . Јаросен татко ѝ ја исмеа и ја изнатепа, а потоа му ја предаде на мачење на епархот. Епархот нареди и многу ја тепаа, па потоа ранета и искрвавена ја фрлија во затвор. Но Господ во затворот ја исцели и таа се јави пред епархот сосема здрава. Овој потоа ја врза и ја фрли во вжарена печка, но огнот не ја докосна. Кога го видоа тоа чудо мнозина поверуваа во Господ Исус Христос.

Такви обратени имаше петстотини од машкиот и сто и триесет од женскиот пол. Сите нив епархот ги осуди на смрт и нив ги убија со меч. Нивните души се преселија во Рајот. Тогаш злобниот судија ја осуди на убиство со меч и Света Јулијана. Таа излезе на губилиштето радосна со духот. Му се помоли на Бога и ја положи главата за отсекување. На денот на тоа убиство душата на светителката отиде во Царството на вечната Христова светлина, во 304 година.
Набрзо Елевсиј го постигна Божја казна. Кога пловеше по морето му се разби коработ, а тој падна во водата. Но не најде смрт во водата туку доплива до некој остров, каде што го растргнаа и го изедоа кучиња.

Светата маченичка Јулијана се смета за заштитничка на жените и девојките, но и насите кои неправедно страдаат и се мачат. Народното верување вели дека на жените денеска ќе им се исполни желбата која ќе ја посакаат ако го спомнат името на Света Јулијана и ја изговорат оваа молитва:

Тебе Жено те љубам и барајќи Те страдам, и се распнувам и се погребувам во крштението Твое, И страдам поради Тебе, за да царствувам со Тебе, и умирам за Тебе за да живеам со Тебе. Прими ме како чиста жртва, со љубов за жртвувањето за Тебе. Со нејзините молитви, како Милостив, спаси ги душите наши.

The post Денеска е Св. маченица Јулијана: Кажете ја оваа молитва и таа ќе ви ја исполни желбата appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 декември. Денеска е Св. маченица Јулијана и шестотини и триесетте маченици со неа. Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабожци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијанија му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне таквиот висок чин. Но Елевсиј се потруди, па со ласкање и мито го придоби чинот никомидиски епарх. Тогаш Јулијанија му откри дека е христијанка и дека не може со него да стапи во брак додека и тој не ја прими христијанската вера, велејќи му: „Што ни вреди да бидеме телесно соединети, кога духовно би биле разединети?“ На ова Елевсиј се огорчи и ја обвини кај татко ѝ . Јаросен татко ѝ ја исмеа и ја изнатепа, а потоа му ја предаде на мачење на епархот. Епархот нареди и многу ја тепаа, па потоа ранета и искрвавена ја фрлија во затвор. Но Господ во затворот ја исцели и таа се јави пред епархот сосема здрава. Овој потоа ја врза и ја фрли во вжарена печка, но огнот не ја докосна. Кога го видоа тоа чудо мнозина поверуваа во Господ Исус Христос. Такви обратени имаше петстотини од машкиот и сто и триесет од женскиот пол. Сите нив епархот ги осуди на смрт и нив ги убија со меч. Нивните души се преселија во Рајот. Тогаш злобниот судија ја осуди на убиство со меч и Света Јулијана. Таа излезе на губилиштето радосна со духот. Му се помоли на Бога и ја положи главата за отсекување. На денот на тоа убиство душата на светителката отиде во Царството на вечната Христова светлина, во 304 година. Набрзо Елевсиј го постигна Божја казна. Кога пловеше по морето му се разби коработ, а тој падна во водата. Но не најде смрт во водата туку доплива до некој остров, каде што го растргнаа и го изедоа кучиња. Светата маченичка Јулијана се смета за заштитничка на жените и девојките, но и насите кои неправедно страдаат и се мачат. Народното верување вели дека на жените денеска ќе им се исполни желбата која ќе ја посакаат ако го спомнат името на Света Јулијана и ја изговорат оваа молитва:
Тебе Жено те љубам и барајќи Те страдам, и се распнувам и се погребувам во крштението Твое, И страдам поради Тебе, за да царствувам со Тебе, и умирам за Тебе за да живеам со Тебе. Прими ме како чиста жртва, со љубов за жртвувањето за Тебе. Со нејзините молитви, како Милостив, спаси ги душите наши.

The post Денеска е Св. маченица Јулијана: Кажете ја оваа молитва и таа ќе ви ја исполни желбата appeared first on Република.

]]>
Го празнуваме Св. Архангел Михаил, денот ќе ни покаже каква зима нè чека https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/go-praznuvame-sv-arhangel-mihail-denot-kje-ni-pokaze-kakva-zima-ne-cheka/ Mon, 21 Nov 2022 07:50:00 +0000 https://republika.mk/?p=576297

Православните христијани денеска го празнуваат Соборпт на св. архангел Михаил, празник во чест на сите ангелски чинови и еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.

Именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата. Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.

На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.

Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.

Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе – не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.

Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.

Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.

На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.

Инаку, Св. Архангел Михаил е најголемата куќна слава која христијаните ја празнуваат во месец ноември.

Славата оваа година е мрсна бидејќи 21 ноември се паѓа во понеделник. Со оглед на тоа дека датумот е фиксен, дали славата ќе биде мрсна или посна се одредува според денот од неделата. Па така, ако е среда или петок, славата ќе биде посна, додека во останатите денови може да се прославува и со мрсна храна.

The post Го празнуваме Св. Архангел Михаил, денот ќе ни покаже каква зима нè чека appeared first on Република.

]]>

Православните христијани денеска го празнуваат Соборпт на св. архангел Михаил, празник во чест на сите ангелски чинови и еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави. Именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка… Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата. Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог. На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел. Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот. Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе – не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави. Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја. Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците. Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога. На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите. Инаку, Св. Архангел Михаил е најголемата куќна слава која христијаните ја празнуваат во месец ноември. Славата оваа година е мрсна бидејќи 21 ноември се паѓа во понеделник. Со оглед на тоа дека датумот е фиксен, дали славата ќе биде мрсна или посна се одредува според денот од неделата. Па така, ако е среда или петок, славата ќе биде посна, додека во останатите денови може да се прославува и со мрсна храна.

The post Го празнуваме Св. Архангел Михаил, денот ќе ни покаже каква зима нè чека appeared first on Република.

]]>
Ако сте верник, на овој голем ден помолете се и ќе им помогнете на болните https://republika.mk/zivot/servisi/ako-ste-vernik-na-ovoj-golem-den-pomolete-se-i-kje-im-pomognete-na-bolnite/ Mon, 14 Nov 2022 08:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=573534

Православните верници денеска ги празнуваат Св. бесребреници Козма и Дамјан.

Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Биле родум од Мала Азија. Мајка им била христијанка и ги воспитала во Христовиот дух. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.

По народното верување утре не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина.

Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните за да им помогнат полесно и побрзо да оздрават.

The post Ако сте верник, на овој голем ден помолете се и ќе им помогнете на болните appeared first on Република.

]]>

Православните верници денеска ги празнуваат Св. бесребреници Козма и Дамјан. Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Биле родум од Мала Азија. Мајка им била христијанка и ги воспитала во Христовиот дух. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите. По народното верување утре не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина. Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните за да им помогнат полесно и побрзо да оздрават.

The post Ако сте верник, на овој голем ден помолете се и ќе им помогнете на болните appeared first on Република.

]]>