правда Archives - Република https://republika.mk/tema/pravda/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 10:36:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png правда Archives - Република https://republika.mk/tema/pravda/ 32 32 Судско обвинителскиот систем е катастрофален, решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители https://republika.mk/vesti/makedonija/sudsko-obvinitelskiot-sistem-e-katastrofalen-reshenieto-e-tselosna-reforma-tselosna-departizatsija-i-na-sudskiot-sovet-i-na-sovetot-na-javni-obviniteli/ Mon, 04 Nov 2024 09:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=833907

Решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители. Препораките од Оценската мисија треба да бидат разгледани со должно и сериозно внимание затоа што ако вака продолжиме следниот извештај на Европската комисија ќе биде негативен или полош од сите претходни, велат за МИА од Владата.

На прашањето кој е ставот на Владата за Извештајот на ЕК во кој се нотира дека најавеното распуштање на Судскиот совет и Советот на ЈО загрижува и дека е неопходно реформи во согласност со препораките на Оценската мисија, од Канцеларија на портпарол на Владата, велат дека секогаш кога ќе се отвори темата за распуштање на овие институции, тогаш „многумина се загрижени, а преку експерти кои долги години биле послушници на СДСМ и ДУИ, ги бранат позициите дека тоа не може да се направи“.

За жал судско обвинителскиот систем во Македонија е катастрофален и тоа што е пример за заробено судство е денес практично македонското судство. Во овој момент како најсоодветен пример за овие тврдења се наводите со кои се врши брутална партизација на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Затоа потврдуваме дека решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители и веднаш штом ќе се започнат било какви процедури јавноста ќе биде информирана, се вели во одговорот од Канцеларијата на портпаролот на Владата.

Исто така, истакнуваат дека, препораките од Оценската мисија треба да бидат разгледани со должно и сериозно внимание затоа што истите се изработени од експерти кои низ длабока анализа донеле такви препораки, затоа што „ако вака продолжиме следниот извештај на Европската комисија ќе биде негативен или полош од сите претходни“.

Во однос на најавените консултации за реформи на Судскиот и Јавно обвинителскиот совет, од Владата за МИА посочуваат дека реформите вo правосудниот систем од предизборно ветување станаа дел од владината програма 2024-2028 година, конкретно во глава II-Фонд против корупција.

Владата се залага за системски решенија, за трансформирање на правосудните органи во вистински, транспарентни, одговорни и ефикасни институции. Сериозно сме посветени и остануваме на идејата за носење на решенија кои ќе бидат темел на едно нормално демократско општествено. Со цел донесување на одржливо решение повикавме на расправа и побаравме инклузивност, за што до денес немаме таква состојба на повидок. Па оттука сосема логично е прашањето дали од распуштањето на овие институции има многумина загрижени субјекти? Важно е да се знае дека доаѓа време на промени и шанса за професионалните и способни кадри, велат од Канцеларијата на портпаролот на Владата.

Програмата за работа на Владата 2024-2028, доставена во Собранието од Христијан Мицкоски, е претставена во шест столба на над 60 страни. Носечка цел, како што се наведува, е обнова на довербата во институциите на државна власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на правото, како и економското заживување со цел создавање на продуктивни и добро платени работни места. Вториот столб - фронт против корупцијата, предвидува реформа на правосудниот систем и системска борба против корупцијата.

Законите ќе се применуваат еднакво за сите граѓани, без оглед на нивната етничка, верска, полова и друга припадност. Владата ќе понуди нови системски решенија за трансформација на правосудните органи во вистински независни, транспарентни, одговорни и ефикасни субјекти кои се темел за едно нормално демократско општество. Ќе се посвети на ослободување на судството од стегите на извршната власт и спроведување политики за расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизација и кронизам, се вели во програмата на Владата.

Предвидува распуштање и законска реформа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Во преоден период, Владата ќе иницира законски измени со кои ќе утврди строги и објективно мерливи критериуми кои треба да ги исполнат новите членови, избрани на предлог на Собранието и на Претседателот на државата, преку транспарентна и јавна постапка што ќе го гарантира интегритетот и квалитетот на избраните кандидати. Владата ќе иницира процес на промена на Уставот во делот на уредување на составот на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

The post Судско обвинителскиот систем е катастрофален, решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители. Препораките од Оценската мисија треба да бидат разгледани со должно и сериозно внимание затоа што ако вака продолжиме следниот извештај на Европската комисија ќе биде негативен или полош од сите претходни, велат за МИА од Владата. На прашањето кој е ставот на Владата за Извештајот на ЕК во кој се нотира дека најавеното распуштање на Судскиот совет и Советот на ЈО загрижува и дека е неопходно реформи во согласност со препораките на Оценската мисија, од Канцеларија на портпарол на Владата, велат дека секогаш кога ќе се отвори темата за распуштање на овие институции, тогаш „многумина се загрижени, а преку експерти кои долги години биле послушници на СДСМ и ДУИ, ги бранат позициите дека тоа не може да се направи“. За жал судско обвинителскиот систем во Македонија е катастрофален и тоа што е пример за заробено судство е денес практично македонското судство. Во овој момент како најсоодветен пример за овие тврдења се наводите со кои се врши брутална партизација на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Затоа потврдуваме дека решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители и веднаш штом ќе се започнат било какви процедури јавноста ќе биде информирана, се вели во одговорот од Канцеларијата на портпаролот на Владата. Исто така, истакнуваат дека, препораките од Оценската мисија треба да бидат разгледани со должно и сериозно внимание затоа што истите се изработени од експерти кои низ длабока анализа донеле такви препораки, затоа што „ако вака продолжиме следниот извештај на Европската комисија ќе биде негативен или полош од сите претходни“. Во однос на најавените консултации за реформи на Судскиот и Јавно обвинителскиот совет, од Владата за МИА посочуваат дека реформите вo правосудниот систем од предизборно ветување станаа дел од владината програма 2024-2028 година, конкретно во глава II-Фонд против корупција. Владата се залага за системски решенија, за трансформирање на правосудните органи во вистински, транспарентни, одговорни и ефикасни институции. Сериозно сме посветени и остануваме на идејата за носење на решенија кои ќе бидат темел на едно нормално демократско општествено. Со цел донесување на одржливо решение повикавме на расправа и побаравме инклузивност, за што до денес немаме таква состојба на повидок. Па оттука сосема логично е прашањето дали од распуштањето на овие институции има многумина загрижени субјекти? Важно е да се знае дека доаѓа време на промени и шанса за професионалните и способни кадри, велат од Канцеларијата на портпаролот на Владата. Програмата за работа на Владата 2024-2028, доставена во Собранието од Христијан Мицкоски, е претставена во шест столба на над 60 страни. Носечка цел, како што се наведува, е обнова на довербата во институциите на државна власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на правото, како и економското заживување со цел создавање на продуктивни и добро платени работни места. Вториот столб - фронт против корупцијата, предвидува реформа на правосудниот систем и системска борба против корупцијата. Законите ќе се применуваат еднакво за сите граѓани, без оглед на нивната етничка, верска, полова и друга припадност. Владата ќе понуди нови системски решенија за трансформација на правосудните органи во вистински независни, транспарентни, одговорни и ефикасни субјекти кои се темел за едно нормално демократско општество. Ќе се посвети на ослободување на судството од стегите на извршната власт и спроведување политики за расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизација и кронизам, се вели во програмата на Владата. Предвидува распуштање и законска реформа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Во преоден период, Владата ќе иницира законски измени со кои ќе утврди строги и објективно мерливи критериуми кои треба да ги исполнат новите членови, избрани на предлог на Собранието и на Претседателот на државата, преку транспарентна и јавна постапка што ќе го гарантира интегритетот и квалитетот на избраните кандидати. Владата ќе иницира процес на промена на Уставот во делот на уредување на составот на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

The post Судско обвинителскиот систем е катастрофален, решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>
Само за една година пад од 20%, над 61% од граѓаните сметаат дека во Македонија нема демократија https://republika.mk/vesti/makedonija/samo-za-edna-godina-pad-od-20-nad-61-od-graganite-smetaat-deka-vo-makedonija-nema-demokratija/ Mon, 13 Feb 2023 08:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=608232

Анкетата на „Евротинк“ ја разобличи целосната неспособност на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи дека според анкетата, започнувајќи од нивото на корупција во државниот систем, недовербата во институциите, како и мислењето на граѓаните дека државата не се движи во правична насока, катастрофално поразителни се и резултатите за демократијата во државата.

Иако главниот слоган на СДС изминатите избори беше враќање на демократијата, тие не што не направија нешто повеќе, туку и те како ја уназадија демократијата во Македонија.

Дури 61% од граѓаните сметаат дека во државата нема демократија. Ова е резултат непочитувањето на човековите права, ускратувањето на правото на слободно изразување и говор, секојдневното цензурирање и закани спрема медиумите.

За само една година резултатите на прашањето „Дали во Македонија е демократска земја“ незадоволството и негативниот одговор се зголемил за 21%. Во 2021 година оцена 1 и 2 дале 40% од граѓаните, 2022 година 61% од граѓаните.

Токму заради ваквите катастрофални политики на неспособната власт на СДС и ДУИ секојдневно се иселуваат илјадници граѓани.

Зголеменото ниво на корупција и криминал, недовербата кон институциите, лошите економски политики, катастрофата во образованието, како и немањето демократија се вистинските индикатори дека ова е најнеспособната и најкриминалната власт во Македонија.

Колку подолго оваа власт е во удобните фотелји, толку повеќе ќе тоне државата. За излез од оваа состојба веднаш се потребни предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

The post Само за една година пад од 20%, над 61% од граѓаните сметаат дека во Македонија нема демократија appeared first on Република.

]]>

Анкетата на „Евротинк“ ја разобличи целосната неспособност на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи дека според анкетата, започнувајќи од нивото на корупција во државниот систем, недовербата во институциите, како и мислењето на граѓаните дека државата не се движи во правична насока, катастрофално поразителни се и резултатите за демократијата во државата.
Иако главниот слоган на СДС изминатите избори беше враќање на демократијата, тие не што не направија нешто повеќе, туку и те како ја уназадија демократијата во Македонија. Дури 61% од граѓаните сметаат дека во државата нема демократија. Ова е резултат непочитувањето на човековите права, ускратувањето на правото на слободно изразување и говор, секојдневното цензурирање и закани спрема медиумите. За само една година резултатите на прашањето „Дали во Македонија е демократска земја“ незадоволството и негативниот одговор се зголемил за 21%. Во 2021 година оцена 1 и 2 дале 40% од граѓаните, 2022 година 61% од граѓаните. Токму заради ваквите катастрофални политики на неспособната власт на СДС и ДУИ секојдневно се иселуваат илјадници граѓани. Зголеменото ниво на корупција и криминал, недовербата кон институциите, лошите економски политики, катастрофата во образованието, како и немањето демократија се вистинските индикатори дека ова е најнеспособната и најкриминалната власт во Македонија. Колку подолго оваа власт е во удобните фотелји, толку повеќе ќе тоне државата. За излез од оваа состојба веднаш се потребни предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
 

The post Само за една година пад од 20%, над 61% од граѓаните сметаат дека во Македонија нема демократија appeared first on Република.

]]>
Кој дозволил да се формира „Ванчо Михајлов“? Дескоска тврди дека Правда не дала согласност да се формира здружението https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-dozvolil-da-se-formira-vancho-mihajlov-deskoska-tvrdi-deka-pravda-ne-dala-soglasnost-da-se-formira-zdruzenieto/ Mon, 18 Apr 2022 16:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=490182

Универзитетската професорка и министерка за правда во времето кога било регистрирано здружението „Иван Михајлов“ во Битола, Рената Десковска, вели дека јавноста со право реагира, но исто така посочува дека министерството не издало такво одобрение.

Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш НЕ ДАЛО одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов, вели Десковска, која го објави документот-одговор на барањето во министерството.

„Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган! Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на Законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име“, додава професорката.

Државата не смее да се однесува како село без кучиња и треба да одговори кој дозволил да се регистрира бугарскиот културен клуб со име на контраверзна личност за македонската историја, рече историчарот Тодор Чепреганов во Студио 10 на ТВ24, кој праша и зошто клубот е отворен токму во Битола и дали пробугарската струја е најсилна во Битола.

https://republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-drzavata-da-odgovori-koj-dozvolil-registracija-na-bugarskiot-kulturen-klub-vancho-mihajlov/?fbclid=IwAR2_W0dCLqZuxBRTpSnGiM7JGzA_-zoavJcjzMD7iczf0KldhdqjLkOWMD0

 

 

The post Кој дозволил да се формира „Ванчо Михајлов“? Дескоска тврди дека Правда не дала согласност да се формира здружението appeared first on Република.

]]>

Универзитетската професорка и министерка за правда во времето кога било регистрирано здружението „Иван Михајлов“ во Битола, Рената Десковска, вели дека јавноста со право реагира, но исто така посочува дека министерството не издало такво одобрение.
Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш НЕ ДАЛО одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов, вели Десковска, која го објави документот-одговор на барањето во министерството.
„Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган! Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на Законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име“, додава професорката. Државата не смее да се однесува како село без кучиња и треба да одговори кој дозволил да се регистрира бугарскиот културен клуб со име на контраверзна личност за македонската историја, рече историчарот Тодор Чепреганов во Студио 10 на ТВ24, кој праша и зошто клубот е отворен токму во Битола и дали пробугарската струја е најсилна во Битола. https://republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-drzavata-da-odgovori-koj-dozvolil-registracija-na-bugarskiot-kulturen-klub-vancho-mihajlov/?fbclid=IwAR2_W0dCLqZuxBRTpSnGiM7JGzA_-zoavJcjzMD7iczf0KldhdqjLkOWMD0    

The post Кој дозволил да се формира „Ванчо Михајлов“? Дескоска тврди дека Правда не дала согласност да се формира здружението appeared first on Република.

]]>