правда за јана Archives - Република https://republika.mk/tema/pravda-za-jana/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Jun 2023 16:22:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png правда за јана Archives - Република https://republika.mk/tema/pravda-za-jana/ 32 32 Битолчани и денес ќе бараат „Правда за Јана“ https://republika.mk/vesti/makedonija/bitolchani-i-denes-ke-baraat-pravda-za-jana/ Thu, 22 Jun 2023 16:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=654147

„Поддршка за обесправените!“.. „Правда за Јана!„.... Со вакви пораки роднини, пријатели и граѓани преку социјалните мрежи најавуваат протест пред Јавното обвинителство во Битола во 19 часот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jana-prelezhala-kovid-19-a-virus-gi-vospalil-srtsevite-muskuli-nemalo-greshki-vo-lekuvaneto-velat-od-komisijata-za-struchen-nadzor/

Денеска, точно три месеци по смртта на малата Јана, протестите ги поттикна одлуката на Јавното обвинителство кое образложи дека нема кривично дело во случајот со смртта на петгодишното девојче кое почина по примена инфузија во битолската болница.

https://republika.mk/vesti/makedonija/narodot-bara-pravda-za-jana-nemame-solzi-da-vi-gi-isplacheme-grevovite/

Родителите обвинуваат за лекарска грешка и најавија дека со странска надворешна комисија ќе бараат да се докаже што точно се случило, а сметаат дека треба да се вештачи и комјутерот за да се утврди дали се менувале податоци.

Денеска се точно три месеци од смртта на Јана, не сме воопшто задоволни од извештајот на судска медицина, кажавме дека ќе одиме и понатаму со странска експертиза. Денеска во 19 часот има и протести…“, вели Кристина Христовска, мајка на починатата Јана.

https://republika.mk/vesti/makedonija/roditelite-na-jana-vo-agonija-devojcheto-po-polovina-od-infuzijata-pochna-da-se-trese-od-bolki/

Шестгодишната Јана почина на 22 март, само неколку часа по приемот во педијатриското одделение. Родителите три месеци бараат правда.

https://republika.mk/vesti/makedonija/srtsev-udar-ama-ne-od-infuzijata-obduktsiskiot-naod-iskluchi-lekarska-greshka-za-smrtta-na-malata-jana/

Обвинитеството вчера соопшти дека нема да има постапка за случајот бидејќи немало елементи за несовесно лекување согласно Кривичниот закон. Родителите обвинуваат за лекарска грешка и најавија дека со странска надворешна комисија ќе бараат да се докаже што точно се случило, а сметаат дека треба да се вештачи и комјутерот за да се утврди дали се менувале податоци.

The post Битолчани и денес ќе бараат „Правда за Јана“ appeared first on Република.

]]>

„Поддршка за обесправените!“.. „Правда за Јана!„.... Со вакви пораки роднини, пријатели и граѓани преку социјалните мрежи најавуваат протест пред Јавното обвинителство во Битола во 19 часот. https://republika.mk/vesti/makedonija/jana-prelezhala-kovid-19-a-virus-gi-vospalil-srtsevite-muskuli-nemalo-greshki-vo-lekuvaneto-velat-od-komisijata-za-struchen-nadzor/ Денеска, точно три месеци по смртта на малата Јана, протестите ги поттикна одлуката на Јавното обвинителство кое образложи дека нема кривично дело во случајот со смртта на петгодишното девојче кое почина по примена инфузија во битолската болница. https://republika.mk/vesti/makedonija/narodot-bara-pravda-za-jana-nemame-solzi-da-vi-gi-isplacheme-grevovite/ Родителите обвинуваат за лекарска грешка и најавија дека со странска надворешна комисија ќе бараат да се докаже што точно се случило, а сметаат дека треба да се вештачи и комјутерот за да се утврди дали се менувале податоци.
Денеска се точно три месеци од смртта на Јана, не сме воопшто задоволни од извештајот на судска медицина, кажавме дека ќе одиме и понатаму со странска експертиза. Денеска во 19 часот има и протести…“, вели Кристина Христовска, мајка на починатата Јана.
https://republika.mk/vesti/makedonija/roditelite-na-jana-vo-agonija-devojcheto-po-polovina-od-infuzijata-pochna-da-se-trese-od-bolki/ Шестгодишната Јана почина на 22 март, само неколку часа по приемот во педијатриското одделение. Родителите три месеци бараат правда. https://republika.mk/vesti/makedonija/srtsev-udar-ama-ne-od-infuzijata-obduktsiskiot-naod-iskluchi-lekarska-greshka-za-smrtta-na-malata-jana/ Обвинитеството вчера соопшти дека нема да има постапка за случајот бидејќи немало елементи за несовесно лекување согласно Кривичниот закон. Родителите обвинуваат за лекарска грешка и најавија дека со странска надворешна комисија ќе бараат да се докаже што точно се случило, а сметаат дека треба да се вештачи и комјутерот за да се утврди дали се менувале податоци.

The post Битолчани и денес ќе бараат „Правда за Јана“ appeared first on Република.

]]>
Директорката на битолската болница за смртта на малата Јана и новороденчето: До овој момент немаме ниту еден официјален извештај https://republika.mk/vesti/makedonija/direktorkata-na-bitolskata-bolnitsa-za-smrtta-na-malata-jana-i-novorodencheto-do-ovoj-moment-nemame-nitu-eden-ofitsijalen-izveshtaj/ Sun, 28 May 2023 07:27:07 +0000 https://republika.mk/?p=645353

Новата в.д. директорка на Клиничката болница во Битола, Елизабета Ивановска во интервју за МИА најавува дека нема да биде затворено ниту едно одделение во болницата и дека ќе инсистира да се вработи потребниот медицински персонал особено во оние одделенија каде има недостиг.

- Во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“-Битола нема да се затвори ниту едно одделение и ќе се борам за вработување на персонал со кој непречено би работеле сите одделенија, а таму каде што состојбата е најалармантна, очекувам поддршка од целиот персонал во Болницата и секако од министерот за здравство, вели Ивановска.

Најкритични, како што посочува, се Одделението за педијатрија каде има само три лекари, Одделението за неонатологија кое во моментов работи само со еден лекар, Инфективното одделение кое работи со еден лекар со полно работно време и еден лекар со скратено работно време, а критично е и во Одделението за урологија каде има само еден лекар.

Ивановска, која неодамна беше назначена на оваа функција, посочува дека новата професионална задача за неа е предизвик, посебно што е назначена во време кога, како што вели, здравството не само во Битола, туку и во целата држава, е во многу тешка состојба.

Интервјуто го пренесуваме во целост:

Кој е вашиот приоритет од позиција на прв човек на битолската Клиничка болница?

-На прво место за мене се новите вработувања на медицински кадар како медицински сестри, лекари и болничари, но и технички персонал и администрација. Најкритични се одделението за педијатрија каде има само три лекарки, одделението за неонатологија во моментов работи само со еден лекар, инфективното одделение работи со еден лекар кој има полно работно време и еден лекар со скратено работно време и затоа во ова одделение немаме хоспитални болни, критично е и со одделението за урологија каде има само еден лекар и на дежурства доаѓаат лекари од Прилеп, а за здравствена услуга од Скопје доаѓаат и лекари во одделението за неврохирургија. Сакаме да вработиме повеќе лекари и општи лекари, да ги испратиме на специјализација и исто така сакаме да го отвориме одделението за физикална медицина за хоспитални болни бидејќи одделението за физикална медицина во моментов работи само за терапија, а ако имаме лекари ќе може да работи и физикална медицина.

Каква е состојбата со медицински сестри и болничари?

-Ние знаеме дека лекар преку ноќ неможе да се создаде. Кога лекар се вработува, најнапред се вработуваат како општи лекари, а потоа потребни се 5 до 6 години за нивна специјализација. За медицински сестри ситуацијата е поинаква. Потребни се медицински сестри и болничари за кои не е проблем веднаш да се вработат и во истиот момент да го почнат работниот процес. Но, тоа што се случува значителен број на медицински сестри да заминуваат во странство, тоа е нивна лична одлука, често мотивирана од финансиски причини. Медицински сестри со внатрешна организација, може да се обезбедат како ресурс во болницата, проблемот е што не можеме да обезбедиме болничари, тоа е хендикеп, а и кога објавуваме огласи, мал е интересот за нивно вработување.

Дали во приоритетите се и нови инвестиции за подобрување на условите за работа?

-Моите намери се да се изврши реновирање на дел од болницата таму каде што тоа е најнеопходно, да се донесе нова апаратура и смена на дотраените апарати со нови, и се разбира почнуваме со работа на веќе најавената ангиографска сала во Битола за решавање на акутните инфаркти во нашиот град, но и во околината. Ангиографската сала е нашата најголема инвестиција. Имаме нов апарат и тоа ќе ни овоможи решавање на акутните инфаркти во нашиот град. Досега решавањето на овој проблем се вршеше со транспорт до кардиологија во скопската клиника или во Охрид, за да се направи коронографија и доколку е потребно да се стави стент со цел пациентот нормално да продолжи со својот живот. Со оваа инвестиција се ќе почнува и завршува во Битола. Исто така, планираме реновирање на дел од одделенијата кои се најоштетени од земјотресот во Битола, пред се интерно одделение, нервно и психијатрија.

Функцијата директорка ја презедовте во период на два немили настани во болницата, смртта на малата Јана и на едно новороденче. Дали има институционално решение?

-Ние до овој момент немаме ниту еден официјален извештај. Обдукцијата за Јана е завршена и предадена во Обвинителството и тука неможе ништо да се прави ниту каже се додека Обвинителството не излезе со конкретен резултат, додека за вториот случај обдукцијата не е завршена и ние очекуваме службени информации. Во меѓувреме продолжуваме со сите професионални обврски. Клиничката болница пружа здравствени услуги на пациенти од цел регион, не само од Битола туку и од Крушево, Демир Хисар, Охрид, Ресен, Кичево... преоптоварена е дијагностиката, лекарите се преоптоварени. Понекогаш се случува подолго време да се читаат резултати од дијагностика, но одделението за ренгенологија каде се врши дијагностика за мамографија, декса, ехо на колкчиња кај бебиња, ехо на возрасни... има многу обврски и потребно е трпение и разбирање од пациентите. Секој лекар со најголемо внимание и грижа пристапува кон пациентите или ако сакате, нема лекар кој со умисла би направил нешто против пациентите, напротив и во вакви услови тие максимално се ангажираат. Затоа потребно е лекарите да работат без психолошки притисок, да не се случуваат, а се случуваат, вербални закани, недолични дофрлања, некои лица колнат, вулгаризираат, непристојно се однесуваат...и тоа негативно влијае врз работата на медицинскиот персонал.

Во ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“-Битола има 17 одделенија, со 640 вработени лица, а само до пред една година биле 930? 

-Бројот на вработени е намален за околу 300 професионалци, а старосната структура и натаму е висока, и за краток период по основ на пензионирање ќе има одлив на лекари, технички персонал и администрација. Тоа уште повеќе, и негативно ќе влијае врз нашите капацитети. Ова е време на смена на генерации и затоа не се сомневаме во поддршката на министерот и Министерството за здравство. Во меѓувреме, апелирам до целата јавност за поголема почит кон лекарската фела и белиот мантил во кој што спаѓаат лекарите и медицинските сестри, за да ги оставиме да работаат одговорно и совесно како што впрочем секогаш работаат, но без психички притисок, бидејќи така ќе имаат позитивни резултати, задоволни пациенти, и секако ќе нема немили настани. Прифатив да бидам директорка затоа што сакам да се подобрат состојбите во битолското здравство

The post Директорката на битолската болница за смртта на малата Јана и новороденчето: До овој момент немаме ниту еден официјален извештај appeared first on Република.

]]>

Новата в.д. директорка на Клиничката болница во Битола, Елизабета Ивановска во интервју за МИА најавува дека нема да биде затворено ниту едно одделение во болницата и дека ќе инсистира да се вработи потребниот медицински персонал особено во оние одделенија каде има недостиг. - Во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“-Битола нема да се затвори ниту едно одделение и ќе се борам за вработување на персонал со кој непречено би работеле сите одделенија, а таму каде што состојбата е најалармантна, очекувам поддршка од целиот персонал во Болницата и секако од министерот за здравство, вели Ивановска. Најкритични, како што посочува, се Одделението за педијатрија каде има само три лекари, Одделението за неонатологија кое во моментов работи само со еден лекар, Инфективното одделение кое работи со еден лекар со полно работно време и еден лекар со скратено работно време, а критично е и во Одделението за урологија каде има само еден лекар. Ивановска, која неодамна беше назначена на оваа функција, посочува дека новата професионална задача за неа е предизвик, посебно што е назначена во време кога, како што вели, здравството не само во Битола, туку и во целата држава, е во многу тешка состојба. Интервјуто го пренесуваме во целост: Кој е вашиот приоритет од позиција на прв човек на битолската Клиничка болница?
-На прво место за мене се новите вработувања на медицински кадар како медицински сестри, лекари и болничари, но и технички персонал и администрација. Најкритични се одделението за педијатрија каде има само три лекарки, одделението за неонатологија во моментов работи само со еден лекар, инфективното одделение работи со еден лекар кој има полно работно време и еден лекар со скратено работно време и затоа во ова одделение немаме хоспитални болни, критично е и со одделението за урологија каде има само еден лекар и на дежурства доаѓаат лекари од Прилеп, а за здравствена услуга од Скопје доаѓаат и лекари во одделението за неврохирургија. Сакаме да вработиме повеќе лекари и општи лекари, да ги испратиме на специјализација и исто така сакаме да го отвориме одделението за физикална медицина за хоспитални болни бидејќи одделението за физикална медицина во моментов работи само за терапија, а ако имаме лекари ќе може да работи и физикална медицина.
Каква е состојбата со медицински сестри и болничари? -Ние знаеме дека лекар преку ноќ неможе да се создаде. Кога лекар се вработува, најнапред се вработуваат како општи лекари, а потоа потребни се 5 до 6 години за нивна специјализација. За медицински сестри ситуацијата е поинаква. Потребни се медицински сестри и болничари за кои не е проблем веднаш да се вработат и во истиот момент да го почнат работниот процес. Но, тоа што се случува значителен број на медицински сестри да заминуваат во странство, тоа е нивна лична одлука, често мотивирана од финансиски причини. Медицински сестри со внатрешна организација, може да се обезбедат како ресурс во болницата, проблемот е што не можеме да обезбедиме болничари, тоа е хендикеп, а и кога објавуваме огласи, мал е интересот за нивно вработување. Дали во приоритетите се и нови инвестиции за подобрување на условите за работа?
-Моите намери се да се изврши реновирање на дел од болницата таму каде што тоа е најнеопходно, да се донесе нова апаратура и смена на дотраените апарати со нови, и се разбира почнуваме со работа на веќе најавената ангиографска сала во Битола за решавање на акутните инфаркти во нашиот град, но и во околината. Ангиографската сала е нашата најголема инвестиција. Имаме нов апарат и тоа ќе ни овоможи решавање на акутните инфаркти во нашиот град. Досега решавањето на овој проблем се вршеше со транспорт до кардиологија во скопската клиника или во Охрид, за да се направи коронографија и доколку е потребно да се стави стент со цел пациентот нормално да продолжи со својот живот. Со оваа инвестиција се ќе почнува и завршува во Битола. Исто така, планираме реновирање на дел од одделенијата кои се најоштетени од земјотресот во Битола, пред се интерно одделение, нервно и психијатрија.
Функцијата директорка ја презедовте во период на два немили настани во болницата, смртта на малата Јана и на едно новороденче. Дали има институционално решение?
-Ние до овој момент немаме ниту еден официјален извештај. Обдукцијата за Јана е завршена и предадена во Обвинителството и тука неможе ништо да се прави ниту каже се додека Обвинителството не излезе со конкретен резултат, додека за вториот случај обдукцијата не е завршена и ние очекуваме службени информации. Во меѓувреме продолжуваме со сите професионални обврски. Клиничката болница пружа здравствени услуги на пациенти од цел регион, не само од Битола туку и од Крушево, Демир Хисар, Охрид, Ресен, Кичево... преоптоварена е дијагностиката, лекарите се преоптоварени. Понекогаш се случува подолго време да се читаат резултати од дијагностика, но одделението за ренгенологија каде се врши дијагностика за мамографија, декса, ехо на колкчиња кај бебиња, ехо на возрасни... има многу обврски и потребно е трпение и разбирање од пациентите. Секој лекар со најголемо внимание и грижа пристапува кон пациентите или ако сакате, нема лекар кој со умисла би направил нешто против пациентите, напротив и во вакви услови тие максимално се ангажираат. Затоа потребно е лекарите да работат без психолошки притисок, да не се случуваат, а се случуваат, вербални закани, недолични дофрлања, некои лица колнат, вулгаризираат, непристојно се однесуваат...и тоа негативно влијае врз работата на медицинскиот персонал.
Во ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“-Битола има 17 одделенија, со 640 вработени лица, а само до пред една година биле 930?  -Бројот на вработени е намален за околу 300 професионалци, а старосната структура и натаму е висока, и за краток период по основ на пензионирање ќе има одлив на лекари, технички персонал и администрација. Тоа уште повеќе, и негативно ќе влијае врз нашите капацитети. Ова е време на смена на генерации и затоа не се сомневаме во поддршката на министерот и Министерството за здравство. Во меѓувреме, апелирам до целата јавност за поголема почит кон лекарската фела и белиот мантил во кој што спаѓаат лекарите и медицинските сестри, за да ги оставиме да работаат одговорно и совесно како што впрочем секогаш работаат, но без психички притисок, бидејќи така ќе имаат позитивни резултати, задоволни пациенти, и секако ќе нема немили настани. Прифатив да бидам директорка затоа што сакам да се подобрат состојбите во битолското здравство

The post Директорката на битолската болница за смртта на малата Јана и новороденчето: До овој момент немаме ниту еден официјален извештај appeared first on Република.

]]>
Јовески: Работиме на обезбедување докази за случајот со шестгодишното девојче, се уште го немаме добиено извештајот од обдукцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/joveski-rabotime-na-obezbeduvane-dokazi-za-sluchajot-so-shestgodishnoto-devojche-se-ushte-go-nemame-dobieno-izveshtajot-od-obduktsijata/ Thu, 30 Mar 2023 10:12:18 +0000 https://republika.mk/?p=625395

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека Обвинителството работи на обезбедување на докази за смртта на шестгодишното девојче кое почина во битолската Болница.

Одговарајќи на новинарски прашања, Јовески посочи дека сеуште ги немаат добиено резултатите од обдукцијата, но дека се сослушани повеќе лица за кои Обвинителството смета дека имаат сознанија да помогнат во расветлување на овој случај.

Јавниот обвинител од надлежното Обвинителство во Битола ги презема неопходните мерки и обезбедува докази во врска со смртта на девојчето. Се уште протоколот од извршената обдукција Обвинителството не го добило. Во исто време Обвинителството работи на обезбедување и на други докази, рече Јовески по потпишувањето на меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи.

На протест пред Министерството за здравство вчеравечер беа побарани одговори за смртта на шестогодишната Јана Христовска која почина минатата недела во Клиничката болница во Битола.

[caption id="attachment_625404" align="aligncenter" width="1080"] (фото: МИА)[/caption]

Учесниците на мирниот протест побараа, како што наведоа „Правда за Јана“ и „одговорно Министерството за здравство“.Порачаа дека е „доста од нефункционалноста, партизацијата, лошите услови во здравствениот систем и префрлањето вината кај пациентите“.

Тука сме затоа што бараме правда за секој обичен граѓанин. Мораме да бидеме слушнати. Смртта не доаѓа според закон, прописи и протоколи. Јана е од нешто отидена. Бараме да откриеме зошто е тоа така. Ако родителите велат дека детето било здраво, право, ако има некоја индикација дека имало претходни проблеми информирајте ја јавноста. Вака само се потресуваат луѓе. Тука доаѓаат и мајки коишто имаат и други здравствени проблеми и коишто шетаат низ истите лавиринти и не знаат што уште ќе им се случи, изјави Татјана Стојановска, граѓански активист.

Потребна е, додаде, здравствена сигурност и правда.

Се чувствувам многу излажана во однос на сите реформи коишто беа ветени, за коишто сме се бореле, а не сме добиле ништо. Искрено ова место ме потсеќа токму на Тамара и знам како заврши сето тоа и не сакам да се случи истото со Јана. Затоа и ги поддржуваме битолчани. Се надевам дека ќе направат навистина добар протест, односно ќе дигнат глас да добијат одговор зошто и како ова се случува, порача Стојановска.

[caption id="attachment_625405" align="aligncenter" width="1080"] (фото: МИА)[/caption]

Според учесниците на протетсот, има многу неодговорени прашања.

Јас сум мајка на девојка со ретка болест која во државата една деценија е лечена и дијагностицирана со грешна дијагноза. Тука дојдов да дадам поддршка за родителите на Јана, не да ги обвиниме лекарите, туку да ја дознаеме вистината. Како настанала смрттта на ова девојче за само четири часа кое на нозе одело до болницата. Мене не ми е јасно јас имам неколку неодговорени прашања кои ме мачат неколку дена и сум крајно вознемирена и исплашена да однесам сега дете во државно здравство, рече во изјава за медиумите учесничка на протестот.

Организаторите претходно преку објава на социјалните мрежи ги повикаа граѓаните да се приклучат на протестот кој освен во Скопје се одржа и на плоштадот „Манголија" во Битола.

Таму во траорна атмосфера, со многу солзи и тага, битолчани протестираа за поддршка на родителите на малата Јана и побараа целосно да се открие вистината за смртта на девојчето мое минатата недела почина по примена инфузија во битолската болница.

[caption id="attachment_625411" align="aligncenter" width="1170"] (фото: фејсбук-група Правда за Јана)[/caption]

Граѓаните носеа транспаренти: „битолска болница селска амбуланта“ ; „Ако немаш пријател умри си“, како и маички со ликот на Јана. Порачаа никогаш и никому да не се повтори.

Шестгодишната Јана почина на 22 март во битолската клиничка болница само неколку часа откако била примена со оток на очите, болки во грлото и нозете и повраќање. Нејзините родители се сомневаат дека девојчето не било соодветно третирано и велат дека и покрај покачениот шеќер во крвта, примало инфузија со гликоза по што шеќерот се покачил на 19.

The post Јовески: Работиме на обезбедување докази за случајот со шестгодишното девојче, се уште го немаме добиено извештајот од обдукцијата appeared first on Република.

]]>

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека Обвинителството работи на обезбедување на докази за смртта на шестгодишното девојче кое почина во битолската Болница. Одговарајќи на новинарски прашања, Јовески посочи дека сеуште ги немаат добиено резултатите од обдукцијата, но дека се сослушани повеќе лица за кои Обвинителството смета дека имаат сознанија да помогнат во расветлување на овој случај.
Јавниот обвинител од надлежното Обвинителство во Битола ги презема неопходните мерки и обезбедува докази во врска со смртта на девојчето. Се уште протоколот од извршената обдукција Обвинителството не го добило. Во исто време Обвинителството работи на обезбедување и на други докази, рече Јовески по потпишувањето на меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи.
На протест пред Министерството за здравство вчеравечер беа побарани одговори за смртта на шестогодишната Јана Христовска која почина минатата недела во Клиничката болница во Битола. [caption id="attachment_625404" align="aligncenter" width="1080"] (фото: МИА)[/caption] Учесниците на мирниот протест побараа, како што наведоа „Правда за Јана“ и „одговорно Министерството за здравство“.Порачаа дека е „доста од нефункционалноста, партизацијата, лошите услови во здравствениот систем и префрлањето вината кај пациентите“.
Тука сме затоа што бараме правда за секој обичен граѓанин. Мораме да бидеме слушнати. Смртта не доаѓа според закон, прописи и протоколи. Јана е од нешто отидена. Бараме да откриеме зошто е тоа така. Ако родителите велат дека детето било здраво, право, ако има некоја индикација дека имало претходни проблеми информирајте ја јавноста. Вака само се потресуваат луѓе. Тука доаѓаат и мајки коишто имаат и други здравствени проблеми и коишто шетаат низ истите лавиринти и не знаат што уште ќе им се случи, изјави Татјана Стојановска, граѓански активист.
Потребна е, додаде, здравствена сигурност и правда.
Се чувствувам многу излажана во однос на сите реформи коишто беа ветени, за коишто сме се бореле, а не сме добиле ништо. Искрено ова место ме потсеќа токму на Тамара и знам како заврши сето тоа и не сакам да се случи истото со Јана. Затоа и ги поддржуваме битолчани. Се надевам дека ќе направат навистина добар протест, односно ќе дигнат глас да добијат одговор зошто и како ова се случува, порача Стојановска.
[caption id="attachment_625405" align="aligncenter" width="1080"] (фото: МИА)[/caption] Според учесниците на протетсот, има многу неодговорени прашања.
Јас сум мајка на девојка со ретка болест која во државата една деценија е лечена и дијагностицирана со грешна дијагноза. Тука дојдов да дадам поддршка за родителите на Јана, не да ги обвиниме лекарите, туку да ја дознаеме вистината. Како настанала смрттта на ова девојче за само четири часа кое на нозе одело до болницата. Мене не ми е јасно јас имам неколку неодговорени прашања кои ме мачат неколку дена и сум крајно вознемирена и исплашена да однесам сега дете во државно здравство, рече во изјава за медиумите учесничка на протестот.
Организаторите претходно преку објава на социјалните мрежи ги повикаа граѓаните да се приклучат на протестот кој освен во Скопје се одржа и на плоштадот „Манголија" во Битола. Таму во траорна атмосфера, со многу солзи и тага, битолчани протестираа за поддршка на родителите на малата Јана и побараа целосно да се открие вистината за смртта на девојчето мое минатата недела почина по примена инфузија во битолската болница. [caption id="attachment_625411" align="aligncenter" width="1170"] (фото: фејсбук-група Правда за Јана)[/caption] Граѓаните носеа транспаренти: „битолска болница селска амбуланта“ ; „Ако немаш пријател умри си“, како и маички со ликот на Јана. Порачаа никогаш и никому да не се повтори. Шестгодишната Јана почина на 22 март во битолската клиничка болница само неколку часа откако била примена со оток на очите, болки во грлото и нозете и повраќање. Нејзините родители се сомневаат дека девојчето не било соодветно третирано и велат дека и покрај покачениот шеќер во крвта, примало инфузија со гликоза по што шеќерот се покачил на 19.

The post Јовески: Работиме на обезбедување докази за случајот со шестгодишното девојче, се уште го немаме добиено извештајот од обдукцијата appeared first on Република.

]]>