поврзување Archives - Република https://republika.mk/tema/povrzuvanje/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 08:16:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поврзување Archives - Република https://republika.mk/tema/povrzuvanje/ 32 32 Рафаел Агире, еден од најбараните гитаристи ќе настапи како солист на концертот „Поврзување“ во Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/rafael-agire-eden-od-najbaranite-gitaristi-ke-nastapi-kako-solist-na-kontsertot-povrzuvane-vo-filharmonija/ Mon, 11 Mar 2024 08:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=753497

„ПОВРЗУВАЊЕ“ е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март во 20 часот. На програмата ќе бидат изведени, Интермецо од познатата опера на Џакомо Пучини, „Манон Леско“ (1892), Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“, најпознатото дело на шпанскиот композитор Хоакин Родриго (1901 – 1999) и Симфонија бр. 4, оп. 90,во А-дур, „Италијанска“ од германскиот композитор, пијанист и диригент Феликс Менделсон.

Диригент е маестра Бисера Чадловска, а како солист ќе настапи еден од најбараните гитаристи Рафаел Агире (Шпанија) на гитара.

Диригентката Бисера Чадловска (1978, Скопје), дипломира во 2001 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на oтсекот по оркестарско диригирање, во класата на проф. Фимчо Муратовски. Постдипломските студии по симфониско и оперско диригирање ги завршува на Државната музичка академија во Софија. По завршувањето на студиите почнува да работи како хор-мајстор во Македонската опера и балет. Набрзо почнува да напредува и да асистира во подготовките на сите нови премиери на сцената на МОБ. По неколку години работа како хор-мајстор и асистент диригент, ја добива својата прва премиера – операта „Таен брак“од Доменико Чимароза, за отворањето на манифестација„Скопско лето“ во 2005 година. Како резултат на работата на оваа опера, добива стипендија од фондацијата CEE Eastern Musiktheater, со што ѝ се овозможува посета на семинари и настап со оперскиот оркестар од Темишвар, Романија. Потоа се редат голем број претстави од репертоарот на МОБ. Се докажува како оперски и балетски диригент и денес го диригира скоро целокупниот репертоар на сцената на МОБ. На сцената на МНТ, како диригент го поставува првиот лиценциран мјузикл во Македонија – „Чикаго“. Добитничка е на наградата „Георги Божиков“(2015) за континуирана изведба на дела од македонски композитори.

Рафаел Агире денес е еден од најбараните гитаристи, кој има освоено 13 први награди на значајни натпревари и настапувано во над 40 земји како солист. Минатата сезона реализираше турнеја во САД, меѓудругото и во „Карнеги хол“ во Њујорк, но дебитираше и во Кина, а настапи и со Прашката филхармонија, со Филхармонијата на Монте Карло, Националниот оркестар на Шпанија, премиерно изведувајќи го Концертот за гитара од познатиот современ композитор Јоан Валент. Секако, во неговата досегашна концертна кариера се вбројуваат настапи и во „Концертгебау“ во Амстердам, Фестивалот „Вербие“, „Чајковски“ во Москва, во Филхармонијата Елб во Хамбург, Кралскиот театар во Мадрид итн., а настапувал и со музичари од Берлинската филхармонија, пијанистот Ланг Ланг, сопранот Фатма Саид..., што е доволен репер на кое ниво е овој славен уметник. Рафаел Агире е посветен на проширување на репертоарот на инструментот што го свири, па така соработува со многу живи композитори кои пишуваат специјални дела за него, вклучувајќи и фламенко, шпанска популарна, латиноамериканска, поп- и филмска музика. Неговиот прв албум е рецитал издаден за RTVE Musica, а со германската издавачка куќа KSGEХ audio издаде албум со дела од Бах, Скарлати, Менделсон, Шуман, Дебиси, Равел и Гершвин, транскрибирани за гитара. Соработува со врвната виолончелистка Надеж Роша, со која го издаде „La Vida Breve“ за Ars Produktion. Значајна е неговата изведба на светската премиера на делото „Fulgores“ од Лоренцо Паоломо, за издавачката куќа Naxos, а скоро за Warner Classics издаде албум со сопранот Фатма Саид. Агире добива фантастични критики за неговите изведби, а исто така беше и номиниран за латинското „Греми“.

The post Рафаел Агире, еден од најбараните гитаристи ќе настапи како солист на концертот „Поврзување“ во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

„ПОВРЗУВАЊЕ“ е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март во 20 часот. На програмата ќе бидат изведени, Интермецо од познатата опера на Џакомо Пучини, „Манон Леско“ (1892), Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“, најпознатото дело на шпанскиот композитор Хоакин Родриго (1901 – 1999) и Симфонија бр. 4, оп. 90,во А-дур, „Италијанска“ од германскиот композитор, пијанист и диригент Феликс Менделсон. Диригент е маестра Бисера Чадловска, а како солист ќе настапи еден од најбараните гитаристи Рафаел Агире (Шпанија) на гитара. Диригентката Бисера Чадловска (1978, Скопје), дипломира во 2001 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на oтсекот по оркестарско диригирање, во класата на проф. Фимчо Муратовски. Постдипломските студии по симфониско и оперско диригирање ги завршува на Државната музичка академија во Софија. По завршувањето на студиите почнува да работи како хор-мајстор во Македонската опера и балет. Набрзо почнува да напредува и да асистира во подготовките на сите нови премиери на сцената на МОБ. По неколку години работа како хор-мајстор и асистент диригент, ја добива својата прва премиера – операта „Таен брак“од Доменико Чимароза, за отворањето на манифестација„Скопско лето“ во 2005 година. Како резултат на работата на оваа опера, добива стипендија од фондацијата CEE Eastern Musiktheater, со што ѝ се овозможува посета на семинари и настап со оперскиот оркестар од Темишвар, Романија. Потоа се редат голем број претстави од репертоарот на МОБ. Се докажува како оперски и балетски диригент и денес го диригира скоро целокупниот репертоар на сцената на МОБ. На сцената на МНТ, како диригент го поставува првиот лиценциран мјузикл во Македонија – „Чикаго“. Добитничка е на наградата „Георги Божиков“(2015) за континуирана изведба на дела од македонски композитори. Рафаел Агире денес е еден од најбараните гитаристи, кој има освоено 13 први награди на значајни натпревари и настапувано во над 40 земји како солист. Минатата сезона реализираше турнеја во САД, меѓудругото и во „Карнеги хол“ во Њујорк, но дебитираше и во Кина, а настапи и со Прашката филхармонија, со Филхармонијата на Монте Карло, Националниот оркестар на Шпанија, премиерно изведувајќи го Концертот за гитара од познатиот современ композитор Јоан Валент. Секако, во неговата досегашна концертна кариера се вбројуваат настапи и во „Концертгебау“ во Амстердам, Фестивалот „Вербие“, „Чајковски“ во Москва, во Филхармонијата Елб во Хамбург, Кралскиот театар во Мадрид итн., а настапувал и со музичари од Берлинската филхармонија, пијанистот Ланг Ланг, сопранот Фатма Саид..., што е доволен репер на кое ниво е овој славен уметник. Рафаел Агире е посветен на проширување на репертоарот на инструментот што го свири, па така соработува со многу живи композитори кои пишуваат специјални дела за него, вклучувајќи и фламенко, шпанска популарна, латиноамериканска, поп- и филмска музика. Неговиот прв албум е рецитал издаден за RTVE Musica, а со германската издавачка куќа KSGEХ audio издаде албум со дела од Бах, Скарлати, Менделсон, Шуман, Дебиси, Равел и Гершвин, транскрибирани за гитара. Соработува со врвната виолончелистка Надеж Роша, со која го издаде „La Vida Breve“ за Ars Produktion. Значајна е неговата изведба на светската премиера на делото „Fulgores“ од Лоренцо Паоломо, за издавачката куќа Naxos, а скоро за Warner Classics издаде албум со сопранот Фатма Саид. Агире добива фантастични критики за неговите изведби, а исто така беше и номиниран за латинското „Греми“.

The post Рафаел Агире, еден од најбараните гитаристи ќе настапи како солист на концертот „Поврзување“ во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Промовирана платформа која ќе ја промени играта во македонската научна заедница https://republika.mk/vesti/kultura/promovirana-platforma-koja-ke-ja-promeni-igrata-vo-makedonskata-nauchna-zaednitsa/ Fri, 24 Feb 2023 14:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=612768

Вчера онлајн беше промовирана Researchnet.mk, веб-страница на која македонските научници во странство може да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини и области на експертиза за да се поврзат со потенцијални соработници од Македонија.

Целта е да имаме листа каде што ќе се објавуваат сите овие позиции. Главниот дел е можностите за соработка. На платформата секој научник или истражувач има можност да креира свој профил каде во неколку реченици опишува каде и што работи во моментот, кажа д-р Никола Стиков, професор по биомедицинско инженерство на Политехникиот факултет при Униерзитетот на Монтреал, најголемиот франкофонски Универзитет во Канада, промовирајќи ја платформата.

Платформата е дел од иницијатива на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава.

Проектот го претставија членовите на тимот на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања.

Денеска пуштаме во употреба нова веб-страница која ги содржи можностите за соработка со македонските научници во странство, нешто што веруваме дека вистински ќе ја промени играта во нашата научна заедница. Оваа страница нуди простор каде што македонските научници може да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини, области на експертиза. Ова е простор каде што ќе може да најдат и да се поврзат со потенцијални соработници од целиот свет. Оваа иницијатива е мошне важна за македонската наука. Ни помага да ги срушиме бариерите кои ги одвојуваат различните научни дисциплини и да изградиме интердисциплинирани соработки кои може да поттикнат нови откритија и иновации, рече проф. д- Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Според проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука на УКИМ, со оваа страница се отвора можност помладите кадри, асистентите, да имаат поголема веројатност да реализираат престои надвор, се отвораат поголеми шанси за вмрежување.

Центарот веќе има десет научници родум од Македонија кои се постојани членови на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава. Таа листа ќе се проширува. Главен извор е групата „С(ц)иеста“. Ни се споија целите и идеите, да работиме на интернационализација на академската заедница на кадрите на Универзитетот и да помогнаме помладите кадри, асистентите за вмрежување, рече проф. д-р Гечевска.

Проф. Д-р Ордан Чукалиев, проректор за меѓународна соработка на УКИМ се заблагодари на сите членови на  „С(ц)иеста, на Центарот за ангажманост.

Ви благодарам што се ангажирате да ѝ помогнете на научно-истражувачката заедница, давајќи дел од себе, дел од своето време, дел од вашите финансии, рече проф. д-р Чукалиев.

На вчерашната промиција присустуваа и Борјана Арсова, биохемичарка која живее и работи во Јулих, Германија, Илија Дуковски од Универзитетот во Бостон, Александар Шулевски кој работи на Институтот за радиоастрономија АСТРОН во Холандија, Андреј Ристески од Универзитетот „Карнеги Мелон“ во САД, Моника Ѓоргиева која работи на Универзитетот во Женева.

The post Промовирана платформа која ќе ја промени играта во македонската научна заедница appeared first on Република.

]]>

Вчера онлајн беше промовирана Researchnet.mk, веб-страница на која македонските научници во странство може да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини и области на експертиза за да се поврзат со потенцијални соработници од Македонија.
Целта е да имаме листа каде што ќе се објавуваат сите овие позиции. Главниот дел е можностите за соработка. На платформата секој научник или истражувач има можност да креира свој профил каде во неколку реченици опишува каде и што работи во моментот, кажа д-р Никола Стиков, професор по биомедицинско инженерство на Политехникиот факултет при Униерзитетот на Монтреал, најголемиот франкофонски Универзитет во Канада, промовирајќи ја платформата.
Платформата е дел од иницијатива на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава. Проектот го претставија членовите на тимот на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања.
Денеска пуштаме во употреба нова веб-страница која ги содржи можностите за соработка со македонските научници во странство, нешто што веруваме дека вистински ќе ја промени играта во нашата научна заедница. Оваа страница нуди простор каде што македонските научници може да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини, области на експертиза. Ова е простор каде што ќе може да најдат и да се поврзат со потенцијални соработници од целиот свет. Оваа иницијатива е мошне важна за македонската наука. Ни помага да ги срушиме бариерите кои ги одвојуваат различните научни дисциплини и да изградиме интердисциплинирани соработки кои може да поттикнат нови откритија и иновации, рече проф. д- Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Според проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука на УКИМ, со оваа страница се отвора можност помладите кадри, асистентите, да имаат поголема веројатност да реализираат престои надвор, се отвораат поголеми шанси за вмрежување.
Центарот веќе има десет научници родум од Македонија кои се постојани членови на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава. Таа листа ќе се проширува. Главен извор е групата „С(ц)иеста“. Ни се споија целите и идеите, да работиме на интернационализација на академската заедница на кадрите на Универзитетот и да помогнаме помладите кадри, асистентите за вмрежување, рече проф. д-р Гечевска.
Проф. Д-р Ордан Чукалиев, проректор за меѓународна соработка на УКИМ се заблагодари на сите членови на  „С(ц)иеста, на Центарот за ангажманост.
Ви благодарам што се ангажирате да ѝ помогнете на научно-истражувачката заедница, давајќи дел од себе, дел од своето време, дел од вашите финансии, рече проф. д-р Чукалиев.
На вчерашната промиција присустуваа и Борјана Арсова, биохемичарка која живее и работи во Јулих, Германија, Илија Дуковски од Универзитетот во Бостон, Александар Шулевски кој работи на Институтот за радиоастрономија АСТРОН во Холандија, Андреј Ристески од Универзитетот „Карнеги Мелон“ во САД, Моника Ѓоргиева која работи на Универзитетот во Женева.

The post Промовирана платформа која ќе ја промени играта во македонската научна заедница appeared first on Република.

]]>
Работната група за железничко поврзување со Бугарија ќе се состанува најмалку четири пати годишно https://republika.mk/vesti/ekonomija/rabotnata-grupa-za-zeleznichko-povrzuvanje-so-bugarija-kje-se-sostanuva-najmalku-chetiri-pati-godishno/ Mon, 24 Jan 2022 11:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=448715

Владата денеска на седница го разгледа и прифати усогласениот текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“, што се очекува да биде потпишан за време на заедничката седница на двете влади која ќе се одржи утре во Софија.

Со документот се изразува согласност за формирање заедничка Работна група составена од експерти со соодветен професионален капацитет и експертиза во области како што се управување со проекти, европско и меѓународно право, инженерство и управување со финансии, со цел да се забрза процесот на подготвителните и имплементациските активности за проектот, соопшти владината прес-служба.

Меморандумот, стои во информацијата, е подготвен имајќи го предвид развојот на добрососедските односи меѓу двете земји, како и потребата од зајакнување на економските и трговските активности и ја истакнува заедничката цел за развој на „Проектот за железничко поврзување Скопје-Софија“, кој е од заеднички и регионален интерес и има значително стратешко и економско значење за граѓаните и економиите на двете држави.

Согласно Меморандумот, Работната група ќе се состанува најмалку четири пати годишно на експертско ниво за да работи на напредокот на спроведувањето на проектот.

За железничкото поврзување со Бугарија од наша страна во финална фаза е евалуацијата на понудите од тендерот за првите две делници, Куманово-Белјаковце и Белјаковце – Крива Паланка, а градежните работи се очекува да продолжат напролет, како и да биде објавен тендер за третата делница Крива Паланка-граница со Бугарија. Финализација на севкупниот проект, според најавите, се очекува во текот на 2027 година.

The post Работната група за железничко поврзување со Бугарија ќе се состанува најмалку четири пати годишно appeared first on Република.

]]>

Владата денеска на седница го разгледа и прифати усогласениот текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“, што се очекува да биде потпишан за време на заедничката седница на двете влади која ќе се одржи утре во Софија. Со документот се изразува согласност за формирање заедничка Работна група составена од експерти со соодветен професионален капацитет и експертиза во области како што се управување со проекти, европско и меѓународно право, инженерство и управување со финансии, со цел да се забрза процесот на подготвителните и имплементациските активности за проектот, соопшти владината прес-служба. Меморандумот, стои во информацијата, е подготвен имајќи го предвид развојот на добрососедските односи меѓу двете земји, како и потребата од зајакнување на економските и трговските активности и ја истакнува заедничката цел за развој на „Проектот за железничко поврзување Скопје-Софија“, кој е од заеднички и регионален интерес и има значително стратешко и економско значење за граѓаните и економиите на двете држави. Согласно Меморандумот, Работната група ќе се состанува најмалку четири пати годишно на експертско ниво за да работи на напредокот на спроведувањето на проектот. За железничкото поврзување со Бугарија од наша страна во финална фаза е евалуацијата на понудите од тендерот за првите две делници, Куманово-Белјаковце и Белјаковце – Крива Паланка, а градежните работи се очекува да продолжат напролет, како и да биде објавен тендер за третата делница Крива Паланка-граница со Бугарија. Финализација на севкупниот проект, според најавите, се очекува во текот на 2027 година.

The post Работната група за железничко поврзување со Бугарија ќе се состанува најмалку четири пати годишно appeared first on Република.

]]>