поврат Archives - Република https://republika.mk/tema/povrat/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jul 2024 13:09:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поврат Archives - Република https://republika.mk/tema/povrat/ 32 32 Исплатата на Мој ДДВ ќе почека: Од идната недела ќе има поврат на ДДВ за фирмите https://republika.mk/vesti/ekonomija/isplatata-na-moj-ddv-ke-pocheka-od-idnata-nedela-ke-ima-povrat-na-ddv-za-firmite/ Wed, 24 Jul 2024 13:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=799805

Исплатата на Мој ДДВ за второто тримесечје од годинава, која граѓаните со нетпрнеие ја очекуваат, сепак нема да се случи идната недела. Од Управата за јавни приходи, прецизираат дека нивната најава за поврат на ДДВ била погрешно разбрана и дека таа не се однесува за поврат на ДДВ за граѓаните, дознава Република.

Во соопштението кои тие го објавија на страницата на УЈП стои дека се работи за поврат на ДДВ, а не за Мој ДДВ.

Управата за јавни приходи известува дека од следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ. Имено, веднаш по назначувањето на нов директор во УЈП е формирана Комисија за унапредување на процесите за ДДВ. Од причина што УЈП нема воспоставено централизирано управување со повратот на ДДВ кое ќе обезбеди конзистентност на анализите и пристапите на регионалните дирекции, исто така не користи систем за автоматско вкрстување на податоци за цели на анализа на ризици, а воедно во дел од регионалните дирекции не се пополнети работните позиции чија одговорност е одобрување на повратот на ДДВ, меѓу другите свои задачи, оваа Комисија направи детална анализа и издвои барања за поврат кои претходно биле одобрени, а за кои Комисијата процени дека има одреден степен на ризик и треба да се изврши инспекциска контрола кај даночните обврзници. За останатите износи, кои претходно биле одобрени и доставени за реализација, од следната седмица ќе се врши исплатата на повратот. Враќањето на вишокот на влезниот ДДВ е легитимно право на даночните обврзници, но ДДВ повратот е подложен на злоупотреби и измами, какви што се случуваа во изминатиот период. Со формирање на Комисијата започнуваме со редизајнирање на внатрешниот процес за управување со ДДВ во УЈП, почнувајќи од првиот чекор - регистрацијата за цели на ДДВ, со цел процесот да биде ефективен и во однос на заштита на буџетските приходи од злоупотреби и во однос на сигурноста на даночните обврзници кои точно пријавуваат и ги побаруваат средствата од вишокот влезен ДДВ. Паралелно преку Комисијата и надлежните единици во структурата во Генералната дирекција веќе отпочнуваме со централизиран мониторинг и координација на повратот на ДДВ, за да може од прв ден да обезбедиме унифицираност и конзистентност во оперативното постапување во регионалните дирекции, стои во соопштението кое минатата недела гои објави УЈП.

Оттаму нагласуваат дека се работи за погрешно толкување на јавноста на помот „поврат на ДДВ“, иако никаде во соопштението не стои дека повратот на ДДВ се однесува на Мој ДДВ.

The post Исплатата на Мој ДДВ ќе почека: Од идната недела ќе има поврат на ДДВ за фирмите appeared first on Република.

]]>

Исплатата на Мој ДДВ за второто тримесечје од годинава, која граѓаните со нетпрнеие ја очекуваат, сепак нема да се случи идната недела. Од Управата за јавни приходи, прецизираат дека нивната најава за поврат на ДДВ била погрешно разбрана и дека таа не се однесува за поврат на ДДВ за граѓаните, дознава Република. Во соопштението кои тие го објавија на страницата на УЈП стои дека се работи за поврат на ДДВ, а не за Мој ДДВ. Управата за јавни приходи известува дека од следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ. Имено, веднаш по назначувањето на нов директор во УЈП е формирана Комисија за унапредување на процесите за ДДВ. Од причина што УЈП нема воспоставено централизирано управување со повратот на ДДВ кое ќе обезбеди конзистентност на анализите и пристапите на регионалните дирекции, исто така не користи систем за автоматско вкрстување на податоци за цели на анализа на ризици, а воедно во дел од регионалните дирекции не се пополнети работните позиции чија одговорност е одобрување на повратот на ДДВ, меѓу другите свои задачи, оваа Комисија направи детална анализа и издвои барања за поврат кои претходно биле одобрени, а за кои Комисијата процени дека има одреден степен на ризик и треба да се изврши инспекциска контрола кај даночните обврзници. За останатите износи, кои претходно биле одобрени и доставени за реализација, од следната седмица ќе се врши исплатата на повратот. Враќањето на вишокот на влезниот ДДВ е легитимно право на даночните обврзници, но ДДВ повратот е подложен на злоупотреби и измами, какви што се случуваа во изминатиот период. Со формирање на Комисијата започнуваме со редизајнирање на внатрешниот процес за управување со ДДВ во УЈП, почнувајќи од првиот чекор - регистрацијата за цели на ДДВ, со цел процесот да биде ефективен и во однос на заштита на буџетските приходи од злоупотреби и во однос на сигурноста на даночните обврзници кои точно пријавуваат и ги побаруваат средствата од вишокот влезен ДДВ. Паралелно преку Комисијата и надлежните единици во структурата во Генералната дирекција веќе отпочнуваме со централизиран мониторинг и координација на повратот на ДДВ, за да може од прв ден да обезбедиме унифицираност и конзистентност во оперативното постапување во регионалните дирекции, стои во соопштението кое минатата недела гои објави УЈП. Оттаму нагласуваат дека се работи за погрешно толкување на јавноста на помот „поврат на ДДВ“, иако никаде во соопштението не стои дека повратот на ДДВ се однесува на Мој ДДВ.  

The post Исплатата на Мој ДДВ ќе почека: Од идната недела ќе има поврат на ДДВ за фирмите appeared first on Република.

]]>
Проверете си ги сметките: Почна исплатата на Мој ДДВ за второто тромесечје од годинава https://republika.mk/vesti/ekonomija/proverete-si-gi-smetkite-pochna-isplatata-na-moj-ddv-za-vtoroto-tromesechje-od-godinava/ Tue, 01 Aug 2023 16:08:46 +0000 https://republika.mk/?p=667716

Почна исплатата на Мој ДДВ за второто тромесечје од годинава.

Многу граѓани беа изненадени од приливот на средства на своите сметки, со оглед дека вообичаено со исплатата се почнуваше некаде од втората недела во месецот.

Висината на средствата кои ќе им „легнат“ на сметка на граѓаните секако зависи од тоа колку сметки успеале да соберат и скенираат, а максималниот износ кој може да го добијат од повратот на ДДВ е 2.100 денари.

The post Проверете си ги сметките: Почна исплатата на Мој ДДВ за второто тромесечје од годинава appeared first on Република.

]]>

Почна исплатата на Мој ДДВ за второто тромесечје од годинава. Многу граѓани беа изненадени од приливот на средства на своите сметки, со оглед дека вообичаено со исплатата се почнуваше некаде од втората недела во месецот. Висината на средствата кои ќе им „легнат“ на сметка на граѓаните секако зависи од тоа колку сметки успеале да соберат и скенираат, а максималниот износ кој може да го добијат од повратот на ДДВ е 2.100 денари.

The post Проверете си ги сметките: Почна исплатата на Мој ДДВ за второто тромесечје од годинава appeared first on Република.

]]>
Лукаревска: Зголемениот поврат на ДДВ наскоро на собраниска седница https://republika.mk/vesti/ekonomija/lukarevska-zgolemeniot-povrat-na-ddv-naskoro-na-sobraniska-sednitsa/ Mon, 27 Feb 2023 11:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=613714

Управата за јавни приходи со посредство на Министерството за финансии ги поднесе измените за мерката „Мој ДДВ“ за скенирање на фискални сметки со кои се предвидува зголемување на износот што им се дава на граѓаните за поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) и тие сега се во собраниска процедура, потврди денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

Веројатно предлогот треба да дојде на редовна седница, бидејќи сега се дискутира за реконструкција на Владата. Кога ќе заврши овој процес, би требало да биде на дневен ред и да го види светлото на денот. Штом таму се донесе таа измена ќе го адаптираме системот и врз основа на тоа ќе враќаме повеќе кај граѓаните – рече Лукаревска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Преку апликацијата „Мој ДДВ“ граѓаните имаат можност со скенирање на фискалните сметки да им се врати дел од ДДВ што го платиле за купување на производи. Досега тие на секои три месеци можеа да добијат поврат на ДДВ во максимален износ од 1.800 денари, а со измените ќе можат да добијат до 2.100 денари на три месеци.

Лукаревска прецизира и дека Министерството за финансии до стопанските комори веќе достави драфт верзија на листата на луксузни производи за кои треба да се зголеми данокот на додадена вредност.

Министерството за финансии во наредниот период ќе треба да ја објави листата на нивната веб-страница. Како носители на овие промени тие ја имаат обврската да ја објават листата на која работи и УЈП – посочи Лукаревска.

The post Лукаревска: Зголемениот поврат на ДДВ наскоро на собраниска седница appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи со посредство на Министерството за финансии ги поднесе измените за мерката „Мој ДДВ“ за скенирање на фискални сметки со кои се предвидува зголемување на износот што им се дава на граѓаните за поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) и тие сега се во собраниска процедура, потврди денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.
Веројатно предлогот треба да дојде на редовна седница, бидејќи сега се дискутира за реконструкција на Владата. Кога ќе заврши овој процес, би требало да биде на дневен ред и да го види светлото на денот. Штом таму се донесе таа измена ќе го адаптираме системот и врз основа на тоа ќе враќаме повеќе кај граѓаните – рече Лукаревска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.
Преку апликацијата „Мој ДДВ“ граѓаните имаат можност со скенирање на фискалните сметки да им се врати дел од ДДВ што го платиле за купување на производи. Досега тие на секои три месеци можеа да добијат поврат на ДДВ во максимален износ од 1.800 денари, а со измените ќе можат да добијат до 2.100 денари на три месеци. Лукаревска прецизира и дека Министерството за финансии до стопанските комори веќе достави драфт верзија на листата на луксузни производи за кои треба да се зголеми данокот на додадена вредност.
Министерството за финансии во наредниот период ќе треба да ја објави листата на нивната веб-страница. Како носители на овие промени тие ја имаат обврската да ја објават листата на која работи и УЈП – посочи Лукаревска.

The post Лукаревска: Зголемениот поврат на ДДВ наскоро на собраниска седница appeared first on Република.

]]>
Конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за учебната/академската 2022/2023 година https://republika.mk/vesti/makedonija/konkurs-za-povrat-na-sredstva-za-kupen-muzichki-instrument-za-uchebnata-akademskata-2022-2023-godina/ Tue, 08 Nov 2022 08:49:12 +0000 https://republika.mk/?p=571269

Министерството за образование и наука објави конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за учебната/академската 2022/2023 година.

Министерството ќе поврати дел во висина од 75 отсто од исплатените средства за купен музички инструмент, но не повеќе од 100.000 денари. Конкурсот е за купени 25 музички инструменти од редовни ученици и за 25 музички инструменти од редовни студенти, кои треба да се запишани во државните средни училишта односно на државните високообразовни установи каде што се реализира настава од областа на музиката.

Во конкурсот објавен на веб-страницата на МОН се наведени условите што треба да бидат исполнети, потребните документи и начинот на кој треба да се аплицира за поврат на средства за купен музички инструмент.

Рокот за поднесување на пријавите е 60 дена од објавување на конкурсот.

The post Конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за учебната/академската 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука објави конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за учебната/академската 2022/2023 година. Министерството ќе поврати дел во висина од 75 отсто од исплатените средства за купен музички инструмент, но не повеќе од 100.000 денари. Конкурсот е за купени 25 музички инструменти од редовни ученици и за 25 музички инструменти од редовни студенти, кои треба да се запишани во државните средни училишта односно на државните високообразовни установи каде што се реализира настава од областа на музиката. Во конкурсот објавен на веб-страницата на МОН се наведени условите што треба да бидат исполнети, потребните документи и начинот на кој треба да се аплицира за поврат на средства за купен музички инструмент. Рокот за поднесување на пријавите е 60 дена од објавување на конкурсот.

The post Конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за учебната/академската 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>
Се зголемува МојДДВ: Од почетокот на идната година расте сумата за поврат на данок https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-zgolemuva-mojddv-od-pochetokot-na-idnata-godina-raste-sumata-za-povrat-na-danok/ Sat, 05 Nov 2022 08:36:37 +0000 https://republika.mk/?p=569800

Од почетокот на 2023 година можноста за поврат на данок, преку проектот мој ДДВ не само што ќе остане во функција, туку и ќе се модифицира.

Како што најави директорката на УЈП, Сања Лукаревска, во гостување во Дневникот на Сител, тоа ќе значи дека граѓаните наместо досегашните максимални 1.800 денари за едно тромесечие ќе може да добијат до 2.100 денари.

The post Се зголемува МојДДВ: Од почетокот на идната година расте сумата за поврат на данок appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на 2023 година можноста за поврат на данок, преку проектот мој ДДВ не само што ќе остане во функција, туку и ќе се модифицира. Како што најави директорката на УЈП, Сања Лукаревска, во гостување во Дневникот на Сител, тоа ќе значи дека граѓаните наместо досегашните максимални 1.800 денари за едно тромесечие ќе може да добијат до 2.100 денари.

The post Се зголемува МојДДВ: Од почетокот на идната година расте сумата за поврат на данок appeared first on Република.

]]>
Преку „МојДДВ“ вратени 4,2 милијарди денари, најголем број корисници се жени https://republika.mk/vesti/ekonomija/preku-aplikacijata-mojddv-vrateni-4-2-milijardi-denari-najgolem-broj-korisnici-se-zeni/ Fri, 01 Jul 2022 11:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=522098

Преку мерката мој ДДВ во изминатите три години се вратени 4,2 милијарди денари, или близу 68,3 милиони евра, информира директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес-конференција на тема „Три години мојДДВ“ .

Според Лукаревска, мерката Мој ДДВ има сериозно директно влијание врз подобрување на семејните буџети, зголемување на бројот на издадени сметки, наламување на сивата економија и нелојалната конкуренција.

Информира дека апликацијата стартувала со 212 776 корисници, а денеска брои близу 460 000, како и дека гледано по региони најмногу скенирани фискални сметки има во Скопје и тоа 259 милиони.

Соопшти дека најмногу скенирање сметки има од бензиските пумпи, мали и големи маркети, аптеки, продавници за облека и бела техника, а најголем број од корисниците се жени.

Жените повеќе ја користат Мој ДДВ апликацијата. До крајот на мај годинава имало 245 924 корисници жени, додека 212 598 се машки. Задоволство е што граѓаните ја прифатија апликацијата од сите возрасти од 15 до 98 години - истакна Лукаревска.

Додаде дека највозрасниот корисник на апликацијата е од радовишанец и има 98 години.

Поделено по старосна структра, 1 808 граѓани кои скенирале 1,4 милиони сметки се до 18 годишна возраст, додека 90 829 граѓани се на возраст од 19 до 30 години и тие скенирале 113, 2 милиони фискални сметки, 118 085 граѓани на возраст од 31 до 40 години скенирале 177,3 милиони сметки, а 176,9 милиони фискални сметки скенирале 104 695 граѓани на возраст од 41 до 50 години. Граѓаните од 51 до 60 години скенирале 121,4 милиони фискални сметки, додека 75 527 граѓани над 61 година старост скенирале 98,7 милиони фискални сметки во текот на изминатите три години - појасни Лукаревска.

Информира дека во нареден период во координација со Министерството за финасии ќе поднесат предлог измена на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1 800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2 100 денари.

Ова според Лукаревска ќе претставува стимул и кај граѓаните и кај компаниите, едните да бараат, а другите да издаваат фискални сметки.

Апелира редовно да се ажурираат промените на податоците.

На овој начин само со точни и валидни податоци ќе се овозможи навремено исплаќање на дел од данокот на ДДВ. Ги потикнувам граѓаните кои сè уште не ја користат оваа апликација да се приклучат кон семејството корисници со што ќе си создадат можност за за дополнителни средства во нивните буџети - порача директорката на УЈП.

Рече дека за мај 6 250 работодавачи за 16 722 работници имаат поднесено МП пресметки, а немаат исплатено плата на своите вработени, додека 5 211 работодавачи за 10 390 вработени немаат поднесено пресметки во законски предвидениот рок.

Како и досега преземаме она што е во наша надлжност, доставуваме опомени по истекот на тој рок пуштаме блокади во банките, исто така, навремено информираме и до Државниот инспекторат за труд за координирани контроли, ја доставивме веќе таа листа на компании и имаме доставени решенија за службено утврдување на долг заради неподнесена МП пресметка - изјави Лукаревска.

Оцени дека е жално што секој месец мора да се објавуваат вакви податоци, наместо да се има почиста слика.

The post Преку „МојДДВ“ вратени 4,2 милијарди денари, најголем број корисници се жени appeared first on Република.

]]>

Преку мерката мој ДДВ во изминатите три години се вратени 4,2 милијарди денари, или близу 68,3 милиони евра, информира директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес-конференција на тема „Три години мојДДВ“ . Според Лукаревска, мерката Мој ДДВ има сериозно директно влијание врз подобрување на семејните буџети, зголемување на бројот на издадени сметки, наламување на сивата економија и нелојалната конкуренција. Информира дека апликацијата стартувала со 212 776 корисници, а денеска брои близу 460 000, како и дека гледано по региони најмногу скенирани фискални сметки има во Скопје и тоа 259 милиони. Соопшти дека најмногу скенирање сметки има од бензиските пумпи, мали и големи маркети, аптеки, продавници за облека и бела техника, а најголем број од корисниците се жени.
Жените повеќе ја користат Мој ДДВ апликацијата. До крајот на мај годинава имало 245 924 корисници жени, додека 212 598 се машки. Задоволство е што граѓаните ја прифатија апликацијата од сите возрасти од 15 до 98 години - истакна Лукаревска.
Додаде дека највозрасниот корисник на апликацијата е од радовишанец и има 98 години.
Поделено по старосна структра, 1 808 граѓани кои скенирале 1,4 милиони сметки се до 18 годишна возраст, додека 90 829 граѓани се на возраст од 19 до 30 години и тие скенирале 113, 2 милиони фискални сметки, 118 085 граѓани на возраст од 31 до 40 години скенирале 177,3 милиони сметки, а 176,9 милиони фискални сметки скенирале 104 695 граѓани на возраст од 41 до 50 години. Граѓаните од 51 до 60 години скенирале 121,4 милиони фискални сметки, додека 75 527 граѓани над 61 година старост скенирале 98,7 милиони фискални сметки во текот на изминатите три години - појасни Лукаревска.
Информира дека во нареден период во координација со Министерството за финасии ќе поднесат предлог измена на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1 800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2 100 денари. Ова според Лукаревска ќе претставува стимул и кај граѓаните и кај компаниите, едните да бараат, а другите да издаваат фискални сметки. Апелира редовно да се ажурираат промените на податоците.
На овој начин само со точни и валидни податоци ќе се овозможи навремено исплаќање на дел од данокот на ДДВ. Ги потикнувам граѓаните кои сè уште не ја користат оваа апликација да се приклучат кон семејството корисници со што ќе си создадат можност за за дополнителни средства во нивните буџети - порача директорката на УЈП.
Рече дека за мај 6 250 работодавачи за 16 722 работници имаат поднесено МП пресметки, а немаат исплатено плата на своите вработени, додека 5 211 работодавачи за 10 390 вработени немаат поднесено пресметки во законски предвидениот рок.
Како и досега преземаме она што е во наша надлжност, доставуваме опомени по истекот на тој рок пуштаме блокади во банките, исто така, навремено информираме и до Државниот инспекторат за труд за координирани контроли, ја доставивме веќе таа листа на компании и имаме доставени решенија за службено утврдување на долг заради неподнесена МП пресметка - изјави Лукаревска.
Оцени дека е жално што секој месец мора да се објавуваат вакви податоци, наместо да се има почиста слика.

The post Преку „МојДДВ“ вратени 4,2 милијарди денари, најголем број корисници се жени appeared first on Република.

]]>
Ќе се зголеми лимитот за поврат на ДДВ преку скенираните сметки https://republika.mk/vesti/ekonomija/kje-se-zgolemi-limitot-za-povrat-na-ddv-preku-skeniranite-smetki/ Fri, 01 Jul 2022 09:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=522033

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска денеска информира дека во наредниот период координирано со министерот за финансии, ќе поднесат предлог-измена на Законот за враќање на дел од ДДВ-то за физичките лица.

Мерката „Мој ДДВ“ слави трет роденден. Со повратокот на дел од данокот на додадена вредност кај граѓаните вративме 4,2 милијарди денари. Измената на Законот е со цел од наредната година од 1-ви јануари 2023 година, да се зголеми лимитот на повратот на ДДВ. Граѓаните наместо 1800 денари за тримесечје, да можат да добијат максимални 2100 денари за скенираните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Со ова даваме дополнителен стимул и кај граѓаните и кај компаниите, објасни Лукаревска.

The post Ќе се зголеми лимитот за поврат на ДДВ преку скенираните сметки appeared first on Република.

Ковачевски: Во 2021-ва рекорден поврат на ДДВ во стопанството https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-vo-2021-va-rekorden-povrat-na-ddv-vo-stopanstvoto/ Wed, 05 Jan 2022 16:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=441113

Во минатата 2021 година има рекорден поврат на ДДВ во стопанството од 488 милиони евра и покачување од 22,8 отсто во споредба со претходната 2020 година, порача денеска лидерот на СДСМ и заменик министер за финансии Димитар Ковачевски.

Споредено со 2016 година повратот на ДДВ е речиси удвоен кога изнесувал 280 милиони евра, напиша Ковачевски на својот фејсбук профил.

Лидерот на СДСМ вчера порача дека имаме добри економски показатели и релизации остварени во изминатата 2021 година.

Зголемени се приходите, имаат раст на ниво на реализација од 15,3 отсто, што значи повеќе пари за граѓаните. Растот на економијата во 2021 година е над 4 проценти, што значи економските мерки кои ги реализиравме како Влада дале резултат. Имаме највисоко ниво на реализирани капитални расходи досега, повисока реализација за 45отсто во споредба со минатата година, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Дефицитот, како што истакна, е понизок од планираниот, изнесува 5,4 отсто од БДП, што според него значи дека задолжувањето на економијата било помало.

Ова е уште една потврда дека економијата е стабилизирана и очекувам во 2022 година проекциите да се реализираат, да го забрзаме растот на економијата, во интерес на граѓаните и стопанството. Во годината во која ни доаѓаат нови предизвици со енергетската криза, економијата и државата се подготвени да помогнат на граѓаните и компаниите, порача Ковачевски на Фејсбук.

The post Ковачевски: Во 2021-ва рекорден поврат на ДДВ во стопанството appeared first on Република.

]]>

Во минатата 2021 година има рекорден поврат на ДДВ во стопанството од 488 милиони евра и покачување од 22,8 отсто во споредба со претходната 2020 година, порача денеска лидерот на СДСМ и заменик министер за финансии Димитар Ковачевски. Споредено со 2016 година повратот на ДДВ е речиси удвоен кога изнесувал 280 милиони евра, напиша Ковачевски на својот фејсбук профил. Лидерот на СДСМ вчера порача дека имаме добри економски показатели и релизации остварени во изминатата 2021 година. Зголемени се приходите, имаат раст на ниво на реализација од 15,3 отсто, што значи повеќе пари за граѓаните. Растот на економијата во 2021 година е над 4 проценти, што значи економските мерки кои ги реализиравме како Влада дале резултат. Имаме највисоко ниво на реализирани капитални расходи досега, повисока реализација за 45отсто во споредба со минатата година, напиша Ковачевски на Фејсбук. Дефицитот, како што истакна, е понизок од планираниот, изнесува 5,4 отсто од БДП, што според него значи дека задолжувањето на економијата било помало. Ова е уште една потврда дека економијата е стабилизирана и очекувам во 2022 година проекциите да се реализираат, да го забрзаме растот на економијата, во интерес на граѓаните и стопанството. Во годината во која ни доаѓаат нови предизвици со енергетската криза, економијата и државата се подготвени да помогнат на граѓаните и компаниите, порача Ковачевски на Фејсбук.

The post Ковачевски: Во 2021-ва рекорден поврат на ДДВ во стопанството appeared first on Република.

]]>