повлечени од продажба Archives - Република https://republika.mk/tema/povlecheni-od-prodazba/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Nov 2023 15:29:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png повлечени од продажба Archives - Република https://republika.mk/tema/povlecheni-od-prodazba/ 32 32 Бугарски болјери повлечени од пазарот поради опасност од струен удар https://republika.mk/vesti/balkan/bugarski-boljeri-povlecheni-od-pazarot-poradi-opasnost-od-struen-udar/ Sat, 11 Nov 2023 15:24:56 +0000 https://republika.mk/?p=700563

На веб-страницата на системот за алармирање за небезбедни производи (НЕПРО) објавено е дека електричните бојлери со емајлирани котли од брендот ТАЛАС, чија земја на потекло е Бугарија, се повлечени од пазарот во Србија поради опасност од струен удар, јави дописникот на МИА од Белград.

Станува збор за моделите E5044 и E5035 со зафатнина од 50 литри, со грејач од 1,5W, нето тежина од 17,7 килограми, кои се произведени оваа година.

Производител на повлечените бојлери е бугарската компанија TESY Shumen.

Како опис на ризикот на веб-страницата на НЕПРО, се наведува дека несовршеноста на конструкцијата во однос на основната изолација на овие електрични бојлери може да доведе до струен удар доколку не се исполнат барањата наведени во упатството за инсталација.

Поради ова стопирана е продажбата на спорните бојлери.

Во соработка со производителот, а по испораката на оригиналните исправни жици, спорниот дел ќе биде заменет од овластен сервис или производот ќе биде заменет со нов.

Увозник на бојлерите е „Елит Инокс“ доо Чачак, а дистрибутери „Реноме“ Белград, „Експерт“ Лесковац, „Водотехнс“ Чачак и „Еуроимпекс“ Ниш.

The post Бугарски болјери повлечени од пазарот поради опасност од струен удар appeared first on Република.

]]>

На веб-страницата на системот за алармирање за небезбедни производи (НЕПРО) објавено е дека електричните бојлери со емајлирани котли од брендот ТАЛАС, чија земја на потекло е Бугарија, се повлечени од пазарот во Србија поради опасност од струен удар, јави дописникот на МИА од Белград. Станува збор за моделите E5044 и E5035 со зафатнина од 50 литри, со грејач од 1,5W, нето тежина од 17,7 килограми, кои се произведени оваа година. Производител на повлечените бојлери е бугарската компанија TESY Shumen. Како опис на ризикот на веб-страницата на НЕПРО, се наведува дека несовршеноста на конструкцијата во однос на основната изолација на овие електрични бојлери може да доведе до струен удар доколку не се исполнат барањата наведени во упатството за инсталација. Поради ова стопирана е продажбата на спорните бојлери. Во соработка со производителот, а по испораката на оригиналните исправни жици, спорниот дел ќе биде заменет од овластен сервис или производот ќе биде заменет со нов. Увозник на бојлерите е „Елит Инокс“ доо Чачак, а дистрибутери „Реноме“ Белград, „Експерт“ Лесковац, „Водотехнс“ Чачак и „Еуроимпекс“ Ниш.

The post Бугарски болјери повлечени од пазарот поради опасност од струен удар appeared first on Република.

]]>
Повлечена од продажба бебешка кошула од брендот „Зара“ https://republika.mk/vesti/balkan/povlechena-od-prodazhba-bebeshka-koshula-od-brendot-zara/ Sat, 13 May 2023 08:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=640388

Бебешка кошула на брендот „Зара“ се повлекува од продажба во Србија поради опасност од задушување. Станува збор за детска кошула со долги ракави со пет копчиња напред. Според Министерството за трговија во Србија, постои опасност од задушување. Имено, утврдено е дека копчињата лесно се откопчуваат и се одвојуваат од кошулата, а децата можат да ги стават во уста и да ги голтаат.

Клиентите кои ја купиле оваа кошула можат да се жалат и да добијат рефундирање. Производителот тврди дека последните примероци од овој производ биле продадени во јануари, пренесува „Нова.рс“.

The post Повлечена од продажба бебешка кошула од брендот „Зара“ appeared first on Република.

]]>

Бебешка кошула на брендот „Зара“ се повлекува од продажба во Србија поради опасност од задушување. Станува збор за детска кошула со долги ракави со пет копчиња напред. Според Министерството за трговија во Србија, постои опасност од задушување. Имено, утврдено е дека копчињата лесно се откопчуваат и се одвојуваат од кошулата, а децата можат да ги стават во уста и да ги голтаат. Клиентите кои ја купиле оваа кошула можат да се жалат и да добијат рефундирање. Производителот тврди дека последните примероци од овој производ биле продадени во јануари, пренесува „Нова.рс“.

The post Повлечена од продажба бебешка кошула од брендот „Зара“ appeared first on Република.

]]>
Ако пазарувате во Пепко во Врање – внимавајте! Играчка повлечена од продажба поради опасност за задушување https://republika.mk/vesti/balkan/ako-pazaruvate-vo-pepko-vo-vrane-vnimavajte-igrachka-povlechena-od-prodazhba-poradi-opasnost-za-zadushuvane/ Mon, 20 Feb 2023 17:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=611186

Како што е објавено на српските медиуми, денеска од српскиот пазар се повлечени две играчки поради опасност од задушување.

Како што стои на веб-страницата, станува збор за „музичка играчка од брендот Пепко – слон и зајаче; модел SKU 331533“.

Во предупредувањето се наведува дека „влакнестиот материјал што ја полни играчката е лесно достапен поради слабоста на одредени шевови, а детето може да ја стави во уста и да се задуши“.

The post Ако пазарувате во Пепко во Врање – внимавајте! Играчка повлечена од продажба поради опасност за задушување appeared first on Република.

]]>

Како што е објавено на српските медиуми, денеска од српскиот пазар се повлечени две играчки поради опасност од задушување. Како што стои на веб-страницата, станува збор за „музичка играчка од брендот Пепко – слон и зајаче; модел SKU 331533“. Во предупредувањето се наведува дека „влакнестиот материјал што ја полни играчката е лесно достапен поради слабоста на одредени шевови, а детето може да ја стави во уста и да се задуши“.

The post Ако пазарувате во Пепко во Врање – внимавајте! Играчка повлечена од продажба поради опасност за задушување appeared first on Република.

]]>
„Аро чипс“ повлечен од хрватските маркети поради присуство на канцерогена материја https://republika.mk/vesti/balkan/aro-chips-povlechen-od-hrvatskite-marketi-poradi-prisustvo-na-kantserogena-materija/ Tue, 10 Jan 2023 20:48:23 +0000 https://republika.mk/?p=595585

Серија на „Аро чипс“ со вкус на пиперка во пакување од 300 грама, со рок на користење до 30 април 2023 година, се повлекува од хрватскиот пазар поради зголемено количество на штетната и канцерогена супстанца акриламид, известија хрватските власти.

Производител на чипсовите е Kanaan d.o.o. од Доњи Михољац, а на пазарот е пуштен од познатиот дистрибутивен синџир за храна „МЕТРО“, пишуваат хрватските медиуми. Чипсовите се LOT број 5745 и EAN код: 3856024703703.

Производот не е во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 178/2002 за воспоставување на општите принципи и услови на законот за храна, основање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областите на безбедноста на храната и Регулатива на Комисијата (ЕУ) 2017/2158 за воспоставување мерки за ублажување на ефектите и нивоата на референца вредности за намалување на присуството на акриламид во добиточната храна.

The post „Аро чипс“ повлечен од хрватските маркети поради присуство на канцерогена материја appeared first on Република.

]]>

Серија на „Аро чипс“ со вкус на пиперка во пакување од 300 грама, со рок на користење до 30 април 2023 година, се повлекува од хрватскиот пазар поради зголемено количество на штетната и канцерогена супстанца акриламид, известија хрватските власти. Производител на чипсовите е Kanaan d.o.o. од Доњи Михољац, а на пазарот е пуштен од познатиот дистрибутивен синџир за храна „МЕТРО“, пишуваат хрватските медиуми. Чипсовите се LOT број 5745 и EAN код: 3856024703703. Производот не е во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 178/2002 за воспоставување на општите принципи и услови на законот за храна, основање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областите на безбедноста на храната и Регулатива на Комисијата (ЕУ) 2017/2158 за воспоставување мерки за ублажување на ефектите и нивоата на референца вредности за намалување на присуството на акриламид во добиточната храна.

The post „Аро чипс“ повлечен од хрватските маркети поради присуство на канцерогена материја appeared first on Република.

]]>
Д-р Пановски: Нема голема опасност од афлатоксинот во млечните производи https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-panovski-nema-golema-opasnost-od-aflatoksinot-vo-mlechnite-proizvodi/ Tue, 22 Nov 2022 07:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=576753

Нема опасност од поголемата концентрација на афлатоксинот во млекото. Тој токсин секогаш го има во мали концентрации, но треба многу, многу да се конзумира, за да се појави реакција кај човекот, смирува проф. д-р Никола Пановски, микробиолог и претседател на Мултисекторката комисија за контрола на антимикробна резистенција по последните информации за повлечени од продажба на млечни производи со повисока концентрација на афлатоксини.

https://republika.mk/zivot/zdravje/ushte-eden-proizvod-so-aflatoksini-jogurtot-balans-se-povlekuva-od-pazarot-vratete-go-vednash-dokolku-ste-go-kupile/

Афлатоксинот го произведеува мувлата, која се вика аспрегилус флавус (Aspergillus flavus). Од тука доаѓа името афла. Таа се наоѓа во предели со влажни услови, а често знае да се најде во силосите каде што се чува житото. Потоа, ако го дадат тоа жито на кравите, најчесто пченка, се случува во млекото на кравите да се јави тој токсин во поголеми концентрации. Тој токсин секогаш го има во мали концентрации, но треба многу, многу да се конзумира, па за да се појави реакција кај човекот. Граѓаните нека не се плашат, да си речат: леле, испив една чаша, сега што ќе ми стане. Ништо нема да им стане. Треба години, години да го пијат, па да се покаже некаков симптом, вели Пановски за МКД.мк.

The post Д-р Пановски: Нема голема опасност од афлатоксинот во млечните производи appeared first on Република.

]]>

Нема опасност од поголемата концентрација на афлатоксинот во млекото. Тој токсин секогаш го има во мали концентрации, но треба многу, многу да се конзумира, за да се појави реакција кај човекот, смирува проф. д-р Никола Пановски, микробиолог и претседател на Мултисекторката комисија за контрола на антимикробна резистенција по последните информации за повлечени од продажба на млечни производи со повисока концентрација на афлатоксини. https://republika.mk/zivot/zdravje/ushte-eden-proizvod-so-aflatoksini-jogurtot-balans-se-povlekuva-od-pazarot-vratete-go-vednash-dokolku-ste-go-kupile/
Афлатоксинот го произведеува мувлата, која се вика аспрегилус флавус (Aspergillus flavus). Од тука доаѓа името афла. Таа се наоѓа во предели со влажни услови, а често знае да се најде во силосите каде што се чува житото. Потоа, ако го дадат тоа жито на кравите, најчесто пченка, се случува во млекото на кравите да се јави тој токсин во поголеми концентрации. Тој токсин секогаш го има во мали концентрации, но треба многу, многу да се конзумира, па за да се појави реакција кај човекот. Граѓаните нека не се плашат, да си речат: леле, испив една чаша, сега што ќе ми стане. Ништо нема да им стане. Треба години, години да го пијат, па да се покаже некаков симптом, вели Пановски за МКД.мк.

The post Д-р Пановски: Нема голема опасност од афлатоксинот во млечните производи appeared first on Република.

]]>
Од пазарот се повлекуваат 20 тони небезбедно млеко „МИЛКАНО“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-pazarot-se-povlekuvaat-20-toni-nebezbedno-mleko-milkano/ Mon, 07 Nov 2022 15:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=571013

Од малопродажба се повлекуваат 20 тони УХТ трајно млеко „МИЛКАНО“ 3,2 отсто, увезено од БиХ, поради утврдено присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените количини од 0,05 микрограми на килограм, согласно македонските прописи.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) сооошти дека сите останати производи од овој бренд се безбедни, со исклучок на млекото со наведениот лот и рок на употреба.

Небезбедното млеко ќе се врати кај производителот доколку надлежните ветеринарни власти од БиХ го прифатат тоа. Во спротивно, ќе биде уништено на депонијата Дрисла.

Наредба за повлекување на небезбедниот производ од полиците е издадена и на операторот со храна, кој веќе ја информира јавноста за ова постапување.

Потрошувачите кои имаат купено УХТ млеко од брендот „МИЛКАНО“ со наведениот лот и рок на употреба, апелираме да не го употребуваат, туку да го вратат на местото каде што е купен. Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот „МИЛКАНО“ увезено од Босна и Херцеговина, Агенцијата за храна и ветеринарство почна постапка за повлекување небезбеден производ од пазарот. Станува збор за резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на храната, која покрај редовните и вонредните контроли, Агенцијата ја спроведува секоја година, наведува АХВ

АХВ потсетува и дека секоја недоследност во однос на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].

The post Од пазарот се повлекуваат 20 тони небезбедно млеко „МИЛКАНО“ appeared first on Република.

]]>

Од малопродажба се повлекуваат 20 тони УХТ трајно млеко „МИЛКАНО“ 3,2 отсто, увезено од БиХ, поради утврдено присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените количини од 0,05 микрограми на килограм, согласно македонските прописи. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) сооошти дека сите останати производи од овој бренд се безбедни, со исклучок на млекото со наведениот лот и рок на употреба. Небезбедното млеко ќе се врати кај производителот доколку надлежните ветеринарни власти од БиХ го прифатат тоа. Во спротивно, ќе биде уништено на депонијата Дрисла. Наредба за повлекување на небезбедниот производ од полиците е издадена и на операторот со храна, кој веќе ја информира јавноста за ова постапување.
Потрошувачите кои имаат купено УХТ млеко од брендот „МИЛКАНО“ со наведениот лот и рок на употреба, апелираме да не го употребуваат, туку да го вратат на местото каде што е купен. Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот „МИЛКАНО“ увезено од Босна и Херцеговина, Агенцијата за храна и ветеринарство почна постапка за повлекување небезбеден производ од пазарот. Станува збор за резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на храната, која покрај редовните и вонредните контроли, Агенцијата ја спроведува секоја година, наведува АХВ
АХВ потсетува и дека секоја недоследност во однос на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].

The post Од пазарот се повлекуваат 20 тони небезбедно млеко „МИЛКАНО“ appeared first on Република.

]]>
Повлечен од продажба HiPP 100% органски сок од јаболко 200 ml https://republika.mk/vesti/ekonomija/povlechen-od-prodazba-hipp-100-organski-sok-od-jabolko-200-ml/ Fri, 26 Aug 2022 19:07:31 +0000 https://republika.mk/?p=544572

Дистрибутерот на производите HiPP на македонскиот пазар ја известува јавноста дека го повлекува од продажба HiPP 100% органски сок од јаболко 200 ml во шише, од производна серија А98967 со рок на траење од 31.10.2023 година. Овие информации се испечатени на работ на капачето.

Мерката важи само за овој производ. Повлекувањето не се однесува на други серии HiPP 100% органски сок од јаболко (200 ml).

Производителот како причина за повлекувањето го наведува присуството на несакани честички во поединечни шишиња од производната серија (LA 98967) наменети за пазарот во Република Полска. Истрагата покажа дека се работи само за поединечни шишиња од серијата кои беа испратени исклучиво на полскиот пазар. Другите производи од истата производна серија испратени на други пазари се исправни.

И покрај тоа, производителот HiPP веднаш реши да го повлече производот од македонскиот пазар поради грижа за безбедноста на потрошувачите. Потрошувачите можат да ги вратат  производите од споменатата серија на продажното место од каде се купени каде ќе им бидат вратени пари или ќе биде направена замена. ( оваа можност се однесува исклучиво на горе наведениот производ од конкретната производна серија со наведениот рок на траење).

 

The post Повлечен од продажба HiPP 100% органски сок од јаболко 200 ml appeared first on Република.

]]>

Дистрибутерот на производите HiPP на македонскиот пазар ја известува јавноста дека го повлекува од продажба HiPP 100% органски сок од јаболко 200 ml во шише, од производна серија А98967 со рок на траење од 31.10.2023 година. Овие информации се испечатени на работ на капачето. Мерката важи само за овој производ. Повлекувањето не се однесува на други серии HiPP 100% органски сок од јаболко (200 ml). Производителот како причина за повлекувањето го наведува присуството на несакани честички во поединечни шишиња од производната серија (LA 98967) наменети за пазарот во Република Полска. Истрагата покажа дека се работи само за поединечни шишиња од серијата кои беа испратени исклучиво на полскиот пазар. Другите производи од истата производна серија испратени на други пазари се исправни. И покрај тоа, производителот HiPP веднаш реши да го повлече производот од македонскиот пазар поради грижа за безбедноста на потрошувачите. Потрошувачите можат да ги вратат  производите од споменатата серија на продажното место од каде се купени каде ќе им бидат вратени пари или ќе биде направена замена. ( оваа можност се однесува исклучиво на горе наведениот производ од конкретната производна серија со наведениот рок на траење).  

The post Повлечен од продажба HiPP 100% органски сок од јаболко 200 ml appeared first on Република.

]]>